Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 1 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИЗБОРИ И СЕ ОКОЛУ ИЗБОРИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

SmajlitoSmajlitoSmajlitoSmajlitoSmajlito
06-06-2011, 01:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Јован Манасиевски си поднесе оставка

Македонија | 6. јуни 2011

По изборниот пораз, Јован Манасиевски денеска соопшти дека ја превзема одговорноста и се повлекува од лидерската позиција во ЛДП

[Image: manasievskiostavka.jpg]

„Постигнавме лоши резултати. За нив јас ја превземам одговорноста. До септември треба да биде избран нов претседател на ЛДП. Тоа што нема да имаме пратеник во Собранието е за загуба за нас, но и загуба за народот“, рече Јован манасиевски на прес-конференцијата на која соопшти дека ја превзема одговорноста за изборниот пораз.

ЛДП на вчерашните избори не успеа да добие ниту едно пратеничко место. Манасиевски е првиот партиски лидер кој ја превзема одговорноста за поразоит на овие парламентарни избори.

Се надевам дека и другите партиски лидери, оние кои доживеааа дебакал на избориве ке го следат примерот на Манасиевски. Ова не се однесува на ДОСТОИНСТВО, ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА, ОМ тие треба да згаснат. Да се расформираат. Нивното формирање беше стого наменско.
06-06-2011, 01:49 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Јован Манасиевски е достоен политичар, сакаше да наметне некои европски вредности... и ова оставка е дел од намерата да се наметне поинакво размислување во мак. политика...

06-06-2011, 02:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ЗАПИСИ ОД ПОД ЗЕМЈАТА

Катастрофа

[Image: 987340FB1AB1754CBEE4AAE02C821B69.jpg]

Конечно, и јас ќе си поднесам оставка. Да се исчисти просторот. За да се создаде можност за промена. Скапо н` чинеа овие 5 години на Никола, а уште поскапо ќе н` чинат наредните 4. Меѓутоа, треба да се почитува волјата на народот. Ќе размислам и дали ќе пишувам. Единствено е тоа оправдано за потребите на хрониките. За да не се избрише секаква трага дека има и поинакво размислување.
Филип ПЕТРОВСКИ
09-06-2011, 04:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Имер Селмани поднесе оставка

Наим Вренези

07.06.2011 16:32

[Image: 7b5f51b0-7af5-42bc-bae5-cb13b3da16f0.jpgx?w=270&h=203]

Имер Селмани даде оставка од функцијата претседател на Нова Демократија. Селмани рече дека резултатите на неговата партија во изборите биле под сите очекувања, но дека најважна му е волјата на граѓаните и истата ќе ја почитува.

Народот секогаш е во право, рече Селмани и им ја честиташе победата на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Како чин на морална одговорност и како одговорност на нискиот резултат, добиен на овие избори, од денеска ги известувам и симпатизерите и членовите и целата јавност, дека поднесувам до органите на партијата оставка од позицијата претседател на Нова Демократија“, изјави Имер Селмани.
09-06-2011, 04:08 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(06-06-2011, 01:49 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Јован Манасиевски си поднесе оставка

Македонија | 6. јуни 2011

По изборниот пораз, Јован Манасиевски денеска соопшти дека ја превзема одговорноста и се повлекува од лидерската позиција во ЛДП

[Image: manasievskiostavka.jpg]

„Постигнавме лоши резултати. За нив јас ја превземам одговорноста. До септември треба да биде избран нов претседател на ЛДП. Тоа што нема да имаме пратеник во Собранието е за загуба за нас, но и загуба за народот“, рече Јован манасиевски на прес-конференцијата на која соопшти дека ја превзема одговорноста за изборниот пораз.

ЛДП на вчерашните избори не успеа да добие ниту едно пратеничко место. Манасиевски е првиот партиски лидер кој ја превзема одговорноста за поразоит на овие парламентарни избори.

Се надевам дека и другите партиски лидери, оние кои доживеааа дебакал на избориве ке го следат примерот на Манасиевски. Ова не се однесува на ДОСТОИНСТВО, ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА, ОМ тие треба да згаснат. Да се расформираат. Нивното формирање беше стого наменско.

Добро е. Не ја спомна ВМРО-НП. Целиот се презноив.

09-06-2011, 07:13 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(06-06-2011, 02:51 PM)acko Wrote: Јован Манасиевски е достоен политичар, сакаше да наметне некои европски вредности... и ова оставка е дел од намерата да се наметне поинакво размислување во мак. политика...

BravoBravoBravo

09-06-2011, 07:15 AM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11

(09-06-2011, 07:15 AM)hristo Wrote:
(06-06-2011, 02:51 PM)acko Wrote: Јован Манасиевски е достоен политичар, сакаше да наметне некои европски вредности... и ова оставка е дел од намерата да се наметне поинакво размислување во мак. политика...

BravoBravoBravo

A kadee ROSAVIOT da si podnese ostavka???

(This post was last modified: 10-06-2011, 03:24 AM by NACIONALIST.)
10-06-2011, 03:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(10-06-2011, 03:23 AM)NACIONALIST Wrote:
(09-06-2011, 07:15 AM)hristo Wrote:
(06-06-2011, 02:51 PM)acko Wrote: Јован Манасиевски е достоен политичар, сакаше да наметне некои европски вредности... и ова оставка е дел од намерата да се наметне поинакво размислување во мак. политика...

BravoBravoBravo

A kadee ROSAVIOT da si podnese ostavka???

Тој во Идризово сака да оди како председател, затоа не поднесува оставка. Таму има дваица председатели Велија Рамковски председател на Партијата за економска обнова ПЕО и Љубе Бошковски председател на Обединети за Македонија ОМ. Зар тој да биде без титула. PosPosPosPosPosVozbudVozbudVozbudVozbudVozbudPosPosPosPos
10-06-2011, 03:35 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(10-06-2011, 03:23 AM)NACIONALIST Wrote:
(09-06-2011, 07:15 AM)hristo Wrote:
(06-06-2011, 02:51 PM)acko Wrote: Јован Манасиевски е достоен политичар, сакаше да наметне некои европски вредности... и ова оставка е дел од намерата да се наметне поинакво размислување во мак. политика...

BravoBravoBravo

A kadee ROSAVIOT da si podnese ostavka???

Наци, македонска убавино кај си? Се пресели во Воденица тотал. Тука доаѓаш само кога Ченто ке ти даде слободни минутиSmajlito А, зошто бе Наци, Бране да се даде оставка...кога од 18 пратеника направи 42!?
10-06-2011, 03:04 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Еве како би изгледло Собранието да бевме една изборна единица... ако добро пресметав... резултатите се без гласовите на иселениците... Албанците би имале исто број на пратеници само различно распоредени.

ДПМНЕ 49

СДСМ 41

ДУИ 13

ДПА 7

Османи 3

НП 3

Селмани 2

Ом 1

ЛДП 1

10-06-2011, 04:12 PM
Reply
Guest
Unregistered

интересни податоци, од еден од дискутантите на Васко Ефтов ФБ фан клубот:

"Losa matematika kaj pojdoja 29103 glasovi????

prezemeno od dik
Вкупен број на гласачи кои гласале 1156085/ 63,48%
Број на важечки гласачки ливчиња 1094999
Број на неважечки гласачки ливчиња 31983"

од нив дури околу 28000 се само од ИЕ3
11-06-2011, 02:33 PM
Reply
Guest
Unregistered

^^^

печатна грешка направиле ДИК за податоците во Велес, неврмајнд :Р
11-06-2011, 07:42 PM
Reply
Guest
Unregistered

(10-06-2011, 04:12 PM)acko Wrote: Еве како би изгледло Собранието да бевме една изборна единица... ако добро пресметав... резултатите се без гласовите на иселениците... Албанците би имале исто број на пратеници само различно распоредени.

ДПМНЕ 49

СДСМ 41

ДУИ 13

ДПА 7

Османи 3

НП 3

Селмани 2

Ом 1

ЛДП 1

Ацко не знам која е поентата на овие пресметки. Толку ли е тешко да се прифати дека ДПМНЕ освои 56 пратеника, а СДСМ 43. Малите партии се збришани и тоа е тоа. Што сега мудруваме. Од сега Груевски и Црвенковски нека му ја мислат што ќе прават пнатаму. Но најмногу нека му ја мислат граѓаните кои со над 65% излезнот има дадоа легитимите и потврдија дека она што од 91 година па наваму се случува е невиден развој на државата. Само клетите Грци во сојуз со ЕУ и НАТО не мразат па не ни дозволуваат да влеземе во нивното семејство, затоа што едноставно ќе се чуствуваат во подредена положба во однос на демократскиот, политичкиот и економскиот развој на Македонија.

Јас си ветив дека по неделата ќе си ја бркам мојата работа гледам сеир. Се што ќе се случи граѓаните го заслужуваат или со други зборови какви граѓани таква власт.
11-06-2011, 09:43 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(11-06-2011, 09:43 PM)Guest Wrote:

Гуест, не дефетизирај. Не го шири тој опасен вирус по земја Македонија. Гледам и читам дека имаш акл. А и логиката ( по Соленик) не ти недостасува. Не може грст луѓе да ебаваат 2.000.000 луѓе. Јордан, Соленик, КОТЛЕ го турнаа првото парче лавина од врвот на македонската небиднина. Дај, сега, секој по можности и спсобности од тоа парче да направиме голема лавина, која тој грст неранимајковци ке ги отера во...историја.Биди егзистенцијалист, како јас, и справувај се секојдневно со проблемите кои ти ги наметнува твојата егзистенција ( постоење). Живото е постојана борба. Нема божја правда или милост. Човекот сам таа борба мора да ја избори. Ниту свеќи, ниту молитви не помагаат. Ако, станеш само сеирџија, ти твоеето постоење си го згазил.
12-06-2011, 09:51 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(12-06-2011, 09:51 AM)hristo Wrote: Биди егзистенцијалист, како јас, и справувај се секојдневно со проблемите кои ти ги наметнува твојата егзистенција ( постоење). Живото е постојана борба. Нема божја правда или милост. Човекот сам таа борба мора да ја избори. Ниту свеќи, ниту молитви не помагаат. Ако, станеш само сеирџија, ти твоеето постоење си го згазил.

Ех бе hristo бе.....па зар не знаеш дека 99% од македонското население се егзистенцијалисти???

Ако се прашуваш како е тоа можно...епа еве ќе ти кажам :

Секој гледа само да може да го преживее месецот/годината што е можно поудобно и што е можно со подебел стомак.

Епа тоа ако не се егзистенцијалисти,тогаш изгледа си го згрешил терминот. Icon_surprised
12-06-2011, 03:20 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Quote:Пишува Шакале

Created on Friday, 10 June 2011 00:12

Анализа на „Реизбори ’11“

Се надевавме анализата на минатонеделните реизбори да ја имаме подготвено најдоцна до 7. јуни, но пост-реизборните случувања во Македонија беа причина за ова одолговлекување. 5. јуни дојде и мина, а навидум ништо не се промени. Вистински избор помеѓу различни идеологии, визии или пак карактери не постоеше, и оттука надежта за било каква суштинска промена воопшто и ја немаше.

Наменските партии

Од големо значење е фактот што ниту една од таканаречените помали партии (ВМРО-НП, ОМ, ПП Достоинство и ДД) не успеа да освои ниту едно еднинствено пратеничко место. И покрај тоа што овие партии го извршија главниот дел од нивната намена—одземање на гласови од владеачката коалиција претводена од ВМРО-ДПМНЕ—сите заедно собраа околу 50.000 гласови, што претставува за три пати помала поддршка одошто онаа што само Љубе Бошкоски ја доби на последните Претседателски избори—и еднакво помала поддршка од онаа што се очекуваше да ја добие оваа групација на партии. Според нас ова е значителен момент, кој ние ќе си земеме за слобода да го протолкуваме како своевидно освестување на гласачкото тело. Имено, Тројанскиот коњ, кој во 1994. год. беше Демократска партија на Гошев, а во 1998. год. Демократска алтернатива на Тупурковски, овој пат беше прочитан за тоа што е!

Дали написите на http://www.kotle.ca имаа удел во ваквото расположние на гласачите на 5. јуни, не можеме со сигурност да кажеме; наше е да сме оптимисти и да веруваме дека токму нашите напори за демаскирање на лидерите на овие партии одиграа клучна улога во одлучувачкиот процес кај македонските граѓани.

Според нас, ефективното распаѓање на овие наменски партии има потенцијал да стане клучен момент во зародишот на ново движење кое ќе е чисто од политичко-полициските познати лица.

ВМРО-ДПМНЕ

Големиот губитник. Во изминатите пет години владеење на Никола Груевски, тој го одржуваше во политички живот Бранко Црвенковски. Со реизборните резултати од 5. јуни, Груевски му даде и комплетен легитимитет на Црвенковски да отпочне нов политички живот. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ го намали бројот на свои претставници во Парламентот од 63 на 55. Доколку се одземат новите три пратеници од „дијаспората“, тогаш нето загубата на ВМРО-ДПМНЕ во Република Македонија на овие реизбори е 11 пратенички места! Бројките не лажат, популарноста на Груевски и неговата Влада опаѓа. Тоа им беше јасно на врвот на оваа партија кога тие повикаа на предвремени избори, но се чини дека, како што предвидовме, овој заклучок е направен предоцна за да може да се извојува чиста победа и сигурни четиригодишен мандат.

Сега, ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во позиција на исчекување на условите кои ќе им се стават на маса од ДУИ и ДПА, и сѐ уште постои реалната можност и покрај реизборната победа оваа партија да не учествува во новата Влада. Кои ќе бидат тие услови ќе биде интересно да научиме во деновите што следат. Еднакво интересно ќе биде да се види и тоа колкава цена Груевски и неговата гарнитура се подготвени да платат за да останат на власт—што самото по себе може да биде добра индикација за квалитативноста и квантитативноста на валканата природа на оваа Влада. Доколку ВМРО-ДПМНЕ ја прескокне ДУИ, тогаш може да се очекуваат нови протести, овој пат од Македонците-албанци кои недвосмислено ја ставија својата поддршка зад партијата на Ахмети.

Очигледно дека врвот на ВМРО-ДПМНЕ не ја научи главната животна лекција сиве овие години, затоа ќе им пренесеме една анегдота:

„Си биле Бик и Мисир. Мисирот му се поплакал на Бикот:

‘Ех, што ќе ми е мерак да летнам до врвот на оваа топола!’

Бикот го посоветувал Мисирот дека ако касне малку од неговиот измет, Мисирот ќе добие сила за да може да полета. Видел, невидел, Мисирот клукнал малку од Биковиот измет, и што да види: добил сила да летне до најниската гранка на тополата! Утредента, Мисирот пак му дошол на гости кај Бикот, и овој пат клукнал две голтки од изметот. Што ќе види: добил сила да летне до втората гранка на тополата. И така, Мисирот си доаѓал кај Бикот ден-по-ден, и секој ден јадел повеќе измет, и летал повисоко. Конечно, Мисирот изел доволно измет и добил сила да летне до врвот на тополата!! Така убавно напрчен, на високо и на широко, го видел ловџијата и го отепал!

Лекција: Јадењето гомна може да те однесе до врвот, ама и ќе те отепа.

Така и партијата на Груевски, продолжува да јаде од истиот волски измет со кој се докрепи до власта, без да научи дека е време за вистински дела! Јадејќи измет за БеЦе целава кампања, наместо да ги исправи неправдите направени од истиот, Груевски може да се најде себе си не само во опозиција, туку и зад решетки.

Апсењето на Бошкоски, како и терминирањето на кираџиството на Исмаил со држвен стан, безсомнено беа наменети да влеат доза на страв во коските на другите „Фамилии“. Се чини повторно, Груевски стори премалку, предоцна. Како и да се обидуваат да ја спинуваат работава, ВМРО-ДПМНЕ ја почнаа 2011. год. со апсолутно мнозинство и опозиција пред банкрот и мандат за уште година и пол владеење, а пред да заврши првото полугодие, можат да се најдат со празни раце. Затоа, големиот губитник на овие реизбори е токму победникот.

СДСМ

За големиот победник на овој настан мора да го прогласиме сега веќе дефинитивно и официјално повампирениот Бранко Црвенковски. Неделниот резултат е совршен за него, оти од една страна СДСМ без Црвенковски како кандидат за мандатар повторно изгуби на избори, додека од друга странаСДСМ со Бранко Црвенковски на чело освои повеќе од двојно повеќе пратенички места одошто СДСМ без БеЦе на чело! Жално, но вистинито. Меѓутоа настаните од понеделникот наваму сугерираат дека можеби БеЦе нема време за чекање уште четири години во опозиција. Обидите протестите против полициската бруталност кои се реакција на убиството на Мартин Нешковски, да се превземат од огранизации и групации блиски на СДСМ се знак на очај кај оваа партија по секоја цена да ја превземе власта час поскоро. Нашиот добро упатен човек од Македонија, Владимир Костовски во колумна од 22. мај 2011. напиша:

Quote:„Секнувањето на славините од кои се финансира и тој [Црвенковски] и партијата. Имено, ставањето под хипотека на имотот на ‘Бихаќка бб’ (зградата на штабот на СДСМ, со сѐ дворното место и ресторанот, за да се земе кредит од неговото другарче Хари од Комерцијална банка, наменети за изборнава кампања), покажува дека БЦ и СДСМ имаат проблем со ликвидноста, односно со кешарица за намирување на тековните потреби. Иако, предизборните спотови на А1 ТВ не ги чинат ништо, зашто беше направен еден фин трик со продажбата на телевизиското време на заинтересираните субјекти за овие избори, СДСМ сепак треба да плаќа за рекламите на другите медиуми, кои речиси сите се под контрола на лидерот на десната банда Никола Груевски.“

Легитимитетот да остане во политичкиот живот што му го овозможија новите пратенички мандати, не е доволен за Црвенковски—поради финансиското осиромашување на партијата. Оттука се чини дека СДСМ ќе продожи со истата стратегија која ја вработи минатата есен, а која беше обзнанета низ обајвувањата на деталите од „Надеж“.

Едниственото решение кое Владата на Груевски го има пред себе е конечно да почне да ги санира прекршоците на гарнитурата на Црвенковски за време на „транзицијата“ и да почне да гради вистинска правна држава, еднаква за сите нејзини граѓани! Доколку оние од ВМРО-ДПМНЕ продолжат со стратегијата на јадење бикови гомна, ширејќи страв преку медиумите за „Баба Рогата“ Бранко, нема да ја дочекаат есента ниту на власт, ниту на слобода—оти, БеЦе нема да има потреба нив да ги користи како страшило.

Авторот е член на Групацијата на Ветерани Дисиденти при Комитетот за демократизација на Република Македонија
12-06-2011, 03:46 PM
Reply
Guest
Unregistered

(12-06-2011, 09:51 AM)hristo Wrote:
(11-06-2011, 09:43 PM)Guest Wrote:
(10-06-2011, 04:12 PM)acko Wrote: Еве како би изгледло Собранието да бевме една изборна единица... ако добро пресметав... резултатите се без гласовите на иселениците... Албанците би имале исто број на пратеници само различно распоредени.

ДПМНЕ 49

СДСМ 41

ДУИ 13

ДПА 7

Османи 3

НП 3

Селмани 2

Ом 1

ЛДП 1

Ацко не знам која е поентата на овие пресметки. Толку ли е тешко да се прифати дека ДПМНЕ освои 56 пратеника, а СДСМ 43. Малите партии се збришани и тоа е тоа. Што сега мудруваме. Од сега Груевски и Црвенковски нека му ја мислат што ќе прават пнатаму. Но најмногу нека му ја мислат граѓаните кои со над 65% излезнот има дадоа легитимите и потврдија дека она што од 91 година па наваму се случува е невиден развој на државата. Само клетите Грци во сојуз со ЕУ и НАТО не мразат па не ни дозволуваат да влеземе во нивното семејство, затоа што едноставно ќе се чуствуваат во подредена положба во однос на демократскиот, политичкиот и економскиот развој на Македонија.

Јас си ветив дека по неделата ќе си ја бркам мојата работа гледам сеир. Се што ќе се случи граѓаните го заслужуваат или со други зборови какви граѓани таква власт.

Гуест, не дефетизирај. Не го шири тој опасен вирус по земја Македонија. Гледам и читам дека имаш акл. А и логиката ( по Соленик) не ти недостасува. Не може грст луѓе да ебаваат 2.000.000 луѓе. Јордан, Соленик, КОТЛЕ го турнаа првото парче лавина од врвот на македонската небиднина. Дај, сега, секој по можности и спсобности од тоа парче да направиме голема лавина, која тој грст неранимајковци ке ги отера во...историја.Биди егзистенцијалист, како јас, и справувај се секојдневно со проблемите кои ти ги наметнува твојата егзистенција ( постоење). Живото е постојана борба. Нема божја правда или милост. Човекот сам таа борба мора да ја избори. Ниту свеќи, ниту молитви не помагаат. Ако, станеш само сеирџија, ти твоеето постоење си го згазил.

Христо јас кажав дека ќе си ја бркам мојата работа, што значи дека и понатаму ќе се борам да ги реализирам моите замисли и цели. Но никогаш во животот нема да газам по живи трупово со цел да реализирам некои мои лични интереси како што тоа во моентов го прават политичарите.

Кога се работи за индината на државата еве повторно ќе кажам дека сум целосно песимист иако по природа сум оптимистичка личност. Ако ти навистина веруваш дека дека со Јордан, Соленик, Котле и сите вклучени во овој проект(секоја чест на нивната активност, на сето она што од далеку го прават за државата со цел на подигање на свеста кај граѓаните) ќе успеат да направат радикални промени кажи ми некој аргумен за да и јас поверувам во тоа. Она што јас го гледам во моментов е дека имаме колапс на сите општествени вредности во државата. Нема морал, чест, углед, солидарност, а ова ќе се согласиш со мене дека се темелни вредности за успешен опстанок на секоја заедница.

Еве сега јас ќе ти кажам на што јас го заснивам моето мислење.

- 20 години државата се управува од ист центар, исти луѓе кои личните интереси и интересите на некои соседни држави ги реализираат на штета на националните интереси на Република Македонија и нејзините граѓани.

- Во државата целокупното богатсво по пат на организирана пљачка е концентрирано во рацете на неколкумина од кои сега треба да очекуваме дека тоа богатсво ќе го насочат кон рушење на системот кој им овозможи да го стекнат тоа богатсво. Верувам дека ќе се согласиш со мене дека да направиш позначајни промени во општество во кои еден глас (граѓанин) вреди 500 денраи, врќа брашно или кубик дрва, без средства е еднако како да веруваш дека земјата е плоча која ја носат три слона.

- Во држава во која постои целосна контрола на сите медиуми (се согласувам дека форумов е независен медиум но премногу ограничен за да има масовно влијание) и во која новинарството се подразбира како професија која е иста со угостителството (се што ќе нарачаш келенрот е тука да те услужи), јас не верувам дека може луѓе кои размислуваат и кои имаат интегритет да добијат медиумски простор да ги презентираат своите размислувања на пошироката јавност.

- Во држава во која сите универзитетски професори произлегуваат од еден општествено-економски и политички систем кој е целосна спротивност на она кон што тежнееме, а кои сепак успеаа да ги зачуваат па дури и да ги надградат своите позиции, а својата работна средина да ја направат семејна или партиска фирма, не можеш да очеукваш да произлезе кадар кој ќе може да се соочи со новите предизвици. Често го користам примерот од мојот факултет каде што студирав, а од кој професор кој докторирал на тема организации на здружен труд ја имаше таа чест да биде творец на Законот за трговските друштва. Е сега јас ли треба да ти објаснувам зошто трговските друштва ни функционираат така како што функционираат. Или професори кои врз основа на партиската книшка на СКМ или СКЈ дошле на позиција на која се и добија чест да бидат творци на нашиот Устав.

- Држава во која децата уште од својата 10 година се втурнуваат во политиканство благодарение на своите родители, со што остануваат осакатени за цел живот, поради неможноста с војот биолошки равој да ја развијат и својата свест за општественото битисување нема и нема да има прогресивна интелигенција. Деца кои од мали се учат дека најважно од се е да ја изберат партијата кој ќе биде добитна со цел да добијат некое службеничко местенце на кое ќе имаат редовна плата и осигурување многу тешко ќе се ослободат од стегите о прангите кои им се ставени не по нивна вина и во период кога воопшто не биле способни самостојно да расудуваат.

- Држава во која средствата кои што доаѓаат од надвор а се наменети за цивилното општество, за развој и подигање на демократската и граѓанската свест и свеста за човековите слободи и права, а кои средства завршуваат кај луѓе кои со сите свои сили се бореле за зачувување на комунистичките придобивки од пред две децении, а кои се сушта спротивност и на демократијата и на човековите слободи и права, не може да очекува развој ниту на демократијата, ниту на правната држава ниту гаранција на основните човекови слободи и права.

И на крај Христо ако граѓаните со 65% им дадат легитимитет на луѓето кои во последните две децении ги опљачкаа, ги оставиа без работа, ги оставија без здравствена заштита, ги оставија без иднина нив и нивните деца тогаш Христо јас за жал не верувам дека нешто воопшто ќе се промени на подобро. Додека граѓаните не разберат дека државата се тие, дека вистинската моќ е во нив, дотогаш можеме да очекуваме дека сеуште ќе живееме во темница. Оние кои што ја држат запалката никогаш нема да ни пуштат светло се додека сами не се избориме и не им ја одземеме таа запалка и не ја чуваме истата кај нас.

12-06-2011, 04:16 PM
Reply