Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 3.6 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#1

Quote:На народот му е ускратено правото да владее

Нихилизмот од филозофска гледна точка претставува поглед на светот, човековата егзистенција, теорија што промовира состојба во која не се верува во ништо и се нема одредена цел

Или од аспект на денешно време, живот во една стендбај-позиција, постојано чекајќи да се случи нешто, состојба во која материјалното го убива духовното. Судејќи според парадоксот на македонските граѓани во однос на политиките во изминатите две децении, Македонија се наоѓа на високо нихилистичко скалило, или поинаку кажано, процентот на гласачи што не поддржуваат ниту една од понудените политички опции перманентно расте и ја надминува половината. Остатокот од јадрото гласачи, селектиран како сепарација од фрагменти инсталирани по разни политички здруженија, се главните чинители што ја хранат и устоличуваат ветената политика.

Анализирајќи го профилот на актуелното избирачко тело, најлојални агрегати им се пензионерите, земјоделците и недоволно образованите, профили што ги има во најголем број и се високоподложни на манипулација, предводени од инстант-поддржувачите на политичките опции, кои, пак, по дифолт се разочарани луѓе што целиот свој потенцијал го вложуваат и типуваат за некое административно работно место (како награда за минатиот труд), кое ќе им значи животна егзистенција. Голем дел од нив се во постојана миграција, во потрага по добитната комбинација, што заради лошо типуваната прогноза, што заради неисплатена премија од претходното камелеонско коло. Следејќи ја статистиката, трн во око ни е заклучокот дека за победничкото политичко аминување пресудно е гласачкото влијание на едвај петнаесетина проценти од избирачкото тело. Голем дел од нив со скромно или никакво познавање на статутите на партиите, законите, изборните програми и модели. Всушност, моделот е главниот индикатор, виновник и иницијатор за недоследноста во државната лотарија (изборите), имплементираниот во Изборниот законик во Македонија (секако станува збор за пропорционалниот). Безмалку тој претставува бенефит за големите политички здруженија, но во исто време и главен виновник за ампутирање на краците и рушење на темелите на граѓанското владеење. Тој, со таквата поставеност, едноставно ги лишува од право на партиципирање самостојните поддржани политички субјекти, како и помалите политички партии, а гласовите од електоратот приложени на нивното конто ги отуѓува и присвојува.
Неинформираноста кај електоратот за моделот, како и последиците од него се главната причина за нивната анемичност и немоќ, додека оние што се запознаени, нелогичноста ја преточуваат во апстиненција, која тежи да ја прелее чашата. Ако не друго, барем во едно се сигурни, дека во ниеден случај нема да погрешат. Желбата на народот за избор на свој пратеник, човек што ќе ги застапува нивните интереси, ќе ги решава проблемите и потребите на локалната самоуправа во колизија со централната власт, иако за него гласале сите до еден (пример со помалите локални заедници) не е испочитувана, туку како заштитник на нивните интереси се назначува селектиран човек од партијата. Апсурд, лицемерие или кражба!? Нека ми простат, ама и прасињата на комшијата да беа на листа, и тие ќе станеа пратеници (се разбира од листата на победниците). Токму затоа ни се случуваат бајати, безобразни и корумпирани продукти на самоволието, башка што половина од нив се глувонеми, кои го исполнуваат просторот и земаат плата!

Но уште посимптоматично е тоа што изборниот модел го поддржува и опозицијата, која бурно се надева во гласовите на апстинентите. За каква демократија тогаш станува збор кога во секој поглед на народот му е ускратено правото да владее. Простете господо политиканти, но ако сакате народот да владее, а вие да бидете негови поданици, ако барем малку го сакате ова мало парче земја, не кратете им ги крилјата на тие заради кои постоите, не удирајте нож во грбот на кревката демократија, не барајте гласачите да бидат машина за перење, која ќе ги обелува вашите валкани гревови, дрзнете се и против ваша волја дозволете му мнозински изборен модел, според кој пратениците ќе бидат избирани од конкретни избирачи и ќе преземат одговорност кон нив, а не пред својата партиска елита. Впрочем, францускиот и германскиот електорат не се наивни што го практикуваат токму овој модел, кој нуди и овозможува непрекинат линк. Овозможете отповикување на пратеникот во текот на мандатот со поднесување иницијатива од група граѓани незадоволни од залагањата на нивниот претставник, бланко оставка депонирана токму кај тие што го назначиле, можност за штитење на интересите на избирачите, наспроти оние на власта. Практикувајте референдумско изјаснување на народот во врска со законите што се однесуваат на пратениците, нивните права и обврски, како и во врска со пратеничкиот имунитет. Редефинирајте ги месечните примања во граници на просечните во државава, но и можност со реизбор да добиваат голема парична награда, иницирана од искажаната доверба на граѓаните. Непартиски локални и претседателски избори, предлагање кандидати од име на народот, а не од партиите. Ниту е претешко ниту е премногу, или сепак чадот од бугарските возови ви го поматил сеќавањето дека постои народ. Тунелот е предолг, темно е, светла точка и чаре не гледам, додека интелектуалната елита хибернира, ќе нé прегази возот и ќе нé изеде темнината, која одамна како мезе нé грицка и ни се насладува. Сеген длабоко бил во право, физички тие не можат, со разумот не знаат, психички не сакаат, а би можеле и би знаеле само кога би сакале, но голема неволја е што тие не сакаат. На Курто и Мурто не сум им лут, на гласачите исто така, толку им е чергата, туку вам владетелите на умот, кои себично ја чувате стуткана силата на разумот и моќта на вистината.



Автор: Драган Арсовски

Извор
An inch today is tomorrow’s mile.
13-04-2011, 09:17 PM
Reply