Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 2.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШТО КЕ ИЗБЕРЕМЕ ИЛИ ШТО ДА ИЗБЕРЕМЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Колумнава на Шакале нуди три можности на избор. Да продискутираме за која сме подготвени а во истовреме да кажеме и која е најдобра .



Quote:За трите избори на македонскиот граѓанин


Гласот за воспоставените банди, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и сите нивни сателити (ВМРО-НП, ОМ, ЛДП, ЛП, ДД, НСДП, НД, ТМОРО-ВЕП, ВМРО-ДП) е глас за задржување на денешната реалност. Игнорирањето на изборите е еднакво на глас за претходно наведените ороспии

[Image: images?q=tbn:ANd9GcSe97DKPBM8oZ4DNZYt6X3...L-ZoXgbH5e]

Идеологијата на социјализнмот најпросто може да се дефинира како надеж дека некој друг ќе ја заврши нашата работа. Додека младите Петровски пишуваат за оваа најопасна чума на интелектот, а неосоцијалистите во Македонија прогласуваат избори за кои планираат да ја извршат функцијата на општествен рингишпил—многу вртење во исто место—потребно е да се направи една чесна анализа зошто Република Македонија сѐ уште тапка во место сиве овие години. Имено, за овој голем проблем веќе имаме пишувано кога го именувавме како незнаење на народот за што бараше од промената на државно уредување во прогласувањето на Независноста. Тоа го опишавме како воглавно имитаторски потег на многу народи, вклучувајќи го и Македонскиот, за време на паѓањето на Берлинскиот Ѕид. За жал, евидентно е дека кај многумина самопрогласени борци за демократија, всушност потрагата била за подобро спроведување на комунизмот.

Затоа, на пример, не беше возможно да се организира критична маса која ќе ја попречи криминалната транзиција на општественото богатство—процес кој всушност резултираше во нула нето промена. Самото македонско граѓанство тогаш не беше подготвено за предизвикот на пазарната екомонија која што беше на понуда низ предлогод за ваучесрки модел на приватизација. Последователно, граѓаните останаа во својата зона на удобност, на она што им е познато: во прегратките на комунистичките управители, прекрстени во менаџери и неокапиталисти. Слично и со јавната тајна дека Слободан Милошевиќ ги финансира своите војни злоупотребувајќи ја Република Македонија. Дваесет години подоцна, македонската јавност сѐ уште се прави будала при ум, критикувајќи ги пропустите на “новиот државен поредок”, сосема свесна дека од “новиот” поредок нема ни “н”.

Од лустрацијата нема ни абер; тајната полиција, во сите нејзини шминки, во ниту еден момент за овие дваесет години не престана да делува, ниту пак значително го промени начинот на делување: се сузбива секоја мисла, секое движење кое не е директно контролирано од “подземните” центри на МВР; се врши свирепа дезинформативна кампања “24/7”; финансиски се уништуваат сите воочливи противници на системот, но се промовираат секакви лажни опозиционери. Со доза на сигурност може да се каже дека во ниту еден момент од последните 67 години македонското население како целина не било комплетно незапознаено со дејствијата на овие полу-невидливи организации. Изреката дека Македонија е мала земја, и дека последователно сите се познаваме директно или индиректно, односно дека нема тајна, не е празнословие, туку голема вистина. Така што теророт на Тајната полиција во Македонија отсекогаш му бил во одредена доза познат на граѓанството—одлуката на граѓанството била да ја остави реалноста непроменета.

Доколку во Република Македонија денес е активно само околу 40% од гласачкото тело, а во државата постојат околу 150.000-200.000 директни работни места во администацијата, тогаш се налага заклучокот дека активното гласачко тело е исклучиво оној дел од граѓанството кое претендира за тие работни места. (150.000-200.000 помножено со 3 гласачи во семејството, плус дел од оние кои се индиректно вработени од Владата преку тендерски договори, го дава вкупниот број на активни гласачи.) Во деновите на “стариот државен поредок” кадровските одлуки се носеа во Комитетите на Сојузот на комунисти, каде што учествуваше горе-долу истиот процент на населението. И во тој поглед, “новиот” државен поредок е безмалку индиго копија на “стариот”.

“За успехот на било која ‘револуција’, односно темелита промена во општественото уредување потребни се две работи: просветлување на потчинетите маси и просветлување на потчинувачите на масите. Колку и да сакаат да бегаат од вистината, и едните и другите се дел од општеството. Кога на поттиснувачите ќе им стане јасно дека со прогресот на целото општество нивната благосостојба се подобрува, тогаш тие ќе ги пуштат уздите на државата. Додека истакнатите поттиснувачи се Премиерот, Владата и Транзициските бандити, вистинските поттиснувачи се самите маси кои им дозволуваат владеење на овие фунцкионери. Во Македонија околу 600.000-1.000.000 гласачи се пасивни. Тие се поттиснувачите, оти кај нив е моќта да се направи суштинска промена на политичката реалност во државата. Математиката е проста, 500.000 гласови даваат власт. Оваа маса мора да застане зад партија која е чиста од УДБомафијата, од транзициските курви и истрошените вејки на ветерот; да застане зад партија која што ќе вети намалување на ингренциите на држвата, односно помало мешање во животите на граѓаните. Ќе нѐ прашате која е таа партија. Во догледно време Групацијата и Комитетот ќе се изјаснат. Но, доколку ние кажеме гласајте за овој или за оној, тогаш ‘ви даваме риба, наместо да ве научиме да ловите риба’ (простете на вулгарноста). ‘Револуцијата’ ќе е зрела кога самите Македонци ќе почнат да ги препознаваат чесните луѓе, кога самите тие ќе им пристапат, и самите тие ќе речат ‘што можеме да сториме да ја подобриме состојбата за нас самите.’

Време е за Македонија да погледне напред, затоа, баталете ги истрошените веќе видени политички ѓубриња.” (Душан Петровски)

Во изминатава година сѐ повеќе, погласно и послободно се зборува за некаква нова југословенска федерација, кон која што Република Македонија сигурно ќе се приклучи доколку политичкиот статус кво остане непроменет т.е. влада на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Надежта на политичките владетели, е секако дека ваквата групировка ќе ги врати славните добри стари времињана “стариот државен поредок”. Нема. Оти тие никогаш не постоеле. Oти навистина сѐ да беше баш така блескаво и прекрасно во таа федерација, тогаш немаше да има потреба од нејзиното растурање. Како најдобра споредба може да ни послужи пар кој раскинува поради меѓусебна некомпатибилност, за после одредено време, откако времето ќе избрише некои немили сеќавања, повторно да се обидат да се спојат. Неминовно, овие реанимирани врски на селективно сенилни љубовници секогаш се пократки и далеку понесреќни од оригиналните. Југославија пропадна поради социјалистичкото уредување на државата, и секоја нова Југославија, поставена на истите неокомунистички темели ја чека истата комунистичка небиднина.

Ниту пак ќе се отворат пословичните чепови на ватовите со мед и млеко доколку Македонија обезбеди инстант влез во ЕУ и НАТО, за кои наводно единствениот услов е промена на името (што не е вистината на случајот, но овде ќа ја занемариме таа реалност). Копнежот на владеачките структури е дека при влезот во ваквите сојузи магично ќе паднат пари од небесата. Нема. Секоја трошка леб мора да се заработи—а социјализмот, кој го нудат воспоставените политички елити продава приказни за деца дека житото само ќе се посее, самото ќе се жнее, самото ќе се смеле во брашно, брашното само ќе се замеси, и дека тестото само ќе се испече. Во случајов со ЕУ и НАТО, оваа метафора се сведува на пристап до кредитни и социјани фондови кои ги полнат некои будали, кои имаат пари ама немаат ум.

Вистинската вина за македонскиот лет во место не е само во неменувањето на политичките кадри кои ја водат државата, туку и во немањето на суштинска промена во идеологијата за управувањето на истата. За претстојниве избори се наметнуваат три опции за Македонецот:

1. Да се зарджи политичкиот статус кво преку 40-50 настотен одзив на гласачи кои кои ќе го поделат пленот помеѓу старите апаши.


2. Втората опција е бојкот на изборите. Ова е веќе испробан, но за жал неуспешен метод на остварување на суштинска промена. Оние кои се доволно возрасни ќе се присетат на 1994. година кога ВМРО-ДПМНЕ и ДП ги бојкотираа изборите, но тоа не ја спречи старата струкура да си продолжи со спроведувањето на своите желби.


3. Третата опција е акција: суштинска промена преку анимирање на заспиениот дел од гласачкото тело и гласање за единствената чиста опција на овие избори. За оние кои се заинтересирани за промена, еве еден предлог како да се обидете да ги активирате вашите пасивни сограѓани: гласот за воспоставените банди, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и сите нивни сателити (ВМРО-НП, ОМ, ЛДП, ЛП, ДД, НСДП, НД, ТМОРО-ВЕП, ВМРО-ДП) е глас за задржување на денешната реалност. Игнорирањето на изборите е еднакво на глас за претходно наведените ороспии. Најлошото нешто што може да се случи преку глас за новата опција е ништо да не се промени. Ретко во животот се добива прилика нешто да се добие, а суштински ништо да не се изгуби.

Прашањето за македонскиот граѓанин, е дали е подготвен да си ја превземе својата судбина во свои раце.

Во име на Групацијата на Ветерани Дисиденти при Комитетот за демократизација на Република Македонија
01-04-2011, 12:36 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#2

(01-04-2011, 12:36 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Колумнава на Шакале нуди три можности на избор. Да продискутираме за која сме подготвени а во истовреме да кажеме и која е најдобра .



Quote:[Време е за Македонија да погледне напред, затоа, баталете ги истрошените веќе видени политички ѓубриња.” (Душан Петровски)

Во изминатава година сѐ повеќе, погласно и послободно се зборува за некаква нова југословенска федерација, кон која што Република Македонија сигурно ќе се приклучи доколку политичкиот статус кво остане непроменет т.е. влада на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Јас незнам од каде тоа сознание дека некаде е спомнато а камоли јавно форсирана таа теза.....

Така да не ја пумпајте работата...бидејќи за југословенска федерација само на котле се зборува никаде на друго место.
01-04-2011, 12:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(01-04-2011, 12:58 AM)Makedonec Wrote:
(01-04-2011, 12:36 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Колумнава на Шакале нуди три можности на избор. Да продискутираме за која сме подготвени а во истовреме да кажеме и која е најдобра .



Quote:[Време е за Македонија да погледне напред, затоа, баталете ги истрошените веќе видени политички ѓубриња.” (Душан Петровски)

Во изминатава година сѐ повеќе, погласно и послободно се зборува за некаква нова југословенска федерација, кон која што Република Македонија сигурно ќе се приклучи доколку политичкиот статус кво остане непроменет т.е. влада на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Јас незнам од каде тоа сознание дека некаде е спомнато а камоли јавно форсирана таа теза.....

Така да не ја пумпајте работата...бидејќи за југословенска федерација само на котле се зборува никаде на друго место.


Работата е во поодмината фаза но по обичај граѓаните на Македонија последни дознаваат.


http://www.forum.kotle.ca/showthread.php...8#pid34588
01-04-2011, 01:05 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#4

Quote:За трите избори на македонскиот граѓанин


Гласот за воспоставените банди, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и сите нивни сателити (ВМРО-НП, ОМ, ЛДП, ЛП, ДД, НСДП, НД, ТМОРО-ВЕП, ВМРО-ДП) е глас за задржување на денешната реалност. Игнорирањето на изборите е еднакво на глас за претходно наведените ороспии


Идеологијата на социјализнмот најпросто може да се дефинира како надеж дека некој друг ќе ја заврши нашата работа.
...

Изреката дека Македонија е мала земја, и дека последователно сите се познаваме директно или индиректно, односно дека нема тајна, не е празнословие, туку голема вистина. Така што теророт на Тајната полиција во Македонија отсекогаш му бил во одредена доза познат на граѓанството—одлуката на граѓанството била да ја остави реалноста непроменета.

....

Прашањето за македонскиот граѓанин, е дали е подготвен да си ја превземе својата судбина во свои раце.

Во име на Групацијата на Ветерани Дисиденти при Комитетот за демократизација на Република Македонија


01-04-2011, 03:46 PM
Reply