Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 2.9 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
"ДОСТОИНСТВО" ФОРМИРА ПАРТИЈА
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(10-05-2011, 05:03 PM)Достоинство Wrote: Соленик, ќе ве замолам демагогиите од таков тип, со Alex Jones или со други кои обожуваат теории на заговор.

Очигледно е дека ве интересира исклучиво тоа што вам лично ве засега додека јас објаснувам на генерален план за визијата на Достоинство. Можете да инсинуирате и понатаму, јас не можам да си дозволам времето да го трошам да се убедувам со вас тука кој бил удбаш или кој бил фил или ман. Од тоа не се живее, мене ме интересира напредокот на Македонија на економски план, односно, се што е во корист на сите нас како граѓани. За жал вие не спаѓате во таа категорија и понатамошна дискусија за економските придобивки од програмата на Достоинство е бесцелна.

Можеби во некое идно време, кога ќе си го решите вашиот проблем.

Поздрав.

До толку кратковидост не верував дека си.
Вие кои сте оштетени од судскиот систем не гледате дека предметот на Јордан Петровски се влече и ќе се влече и нема да се реши во полза на правдата.
А тука велите решете си го вашиот проблем.
Колку си самобендисан, да ништо друго сем себе си не гледате.
Добро, вие сега пробувате да си го решите “вашиот“ проблем.
Нема да го решите, само ќе бидете уште еден “приврзок“.
Само, чиј? Знаете ли самите?
Само правите трговија со својата и иднината на своите деца.

(This post was last modified: 10-05-2011, 06:22 PM by montehristo.)
10-05-2011, 06:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(10-05-2011, 05:03 PM)Достоинство Wrote: Соленик, ќе ве замолам демагогиите од таков тип, со Alex Jones или со други кои обожуваат теории на заговор.

Очигледно е дека ве интересира исклучиво тоа што вам лично ве засега додека јас објаснувам на генерален план за визијата на Достоинство. Можете да инсинуирате и понатаму, јас не можам да си дозволам времето да го трошам да се убедувам со вас тука кој бил удбаш или кој бил фил или ман. Од тоа не се живее, мене ме интересира напредокот на Македонија на економски план, односно, се што е во корист на сите нас како граѓани. За жал вие не спаѓате во таа категорија и понатамошна дискусија за економските придобивки од програмата на Достоинство е бесцелна.

Можеби во некое идно време, кога ќе си го решите вашиот проблем.

Поздрав.



Достоинство, Стојанче го интересира нешто друго, економскиот напредок е само формално посочен. Но вистинските "управувачи на партијата" ги интересира нешто соема трето. Го болдирав за да го видиш онаа што го интересира Стојанчe Ангелов а имаш и линк да го слушнеш:



(07-04-2011, 10:31 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Формирана партијата Достоинство


На основачко собрание, вечерва едногласно беше формирана новата политичка партија Достоинство (ППД) на чие чело застана генерал Стојанче Ангелов.
Според претседателот на партијата Ангелов, „Достоинство“ ќе стане релевантна политичка партија која ќе го најде своето место во власта. Во своето обраќање тој нагласи дека партијата има искрена, чесна и патриотска намера да ги зачува македонските богатства и да го издигне македонскиот народ.

Мотив за формирање на партијата, како што истакна Ангелов е немоќта како, сега веќе поранешно здружение „Достоинство“ да се изборат за правата на бранителите.

-Достоинство не создава партија само за наредните избори, туку создава партија за 101 година. Наша целна група се сите гласачи кои се патриоти и како партија ќе се обраќаме на оние кои ја сакаат земјата, посочи генерал Ангелов.

Како дел од партиската програма беа издвоени обезбедувањето на правата на бранителите од воениот конфликт во 2001-ва година, квалитетен пристап кон евроатланските интеграции, непроменливост на уставното име на државата, барање до Обединетите нации за признавање на Македонија под нејзиното уставно име, развој на економијата, стабилно и современо здравство...

За генерален секретар на партијата е избран Драган Василевски. На основачкото собрание на партијата присуствуваа претставници од останатите политички партии, професори, бизнисмени.

ВИДЕО: http://www.makedonija24.mk/?ContentId=3602



Војната ја предизвикаа структурите на УДБа. Структурите на УДБа со лошото командување доведоа до пораз на Македонската страна. Структурите на УДБа во единицата ЛАВОВИ свесно уфрлаа криминалци за да ја девалвираат МАКДЕОСКАТА ПОЛИЦИЈА и МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ. Ти реков гледајки дел од луѓето кои ги кандидирате јасно ми е колку е навлезена УДБа во вашата партија.
(This post was last modified: 10-05-2011, 07:46 PM by ЈорданПетровски.)
10-05-2011, 07:44 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(10-05-2011, 05:03 PM)Достоинство Wrote: Соленик, ќе ве замолам демагогиите од таков тип, со Alex Jones или со други кои обожуваат теории на заговор.

Очигледно е дека ве интересира исклучиво тоа што вам лично ве засега додека јас објаснувам на генерален план за визијата на Достоинство. Можете да инсинуирате и понатаму, јас не можам да си дозволам времето да го трошам да се убедувам со вас тука кој бил удбаш или кој бил фил или ман. Од тоа не се живее, мене ме интересира напредокот на Македонија на економски план, односно, се што е во корист на сите нас како граѓани. За жал вие не спаѓате во таа категорија и понатамошна дискусија за економските придобивки од програмата на Достоинство е бесцелна.

Можеби во некое идно време, кога ќе си го решите вашиот проблем.

Поздрав.

"Мојот" проблем со УДБа е всушност твој. Јас живеам на страна, ти живееш таму. За мене борбата со УДБа борба за морална правда, за тебе, што живееш таму и животот ти зависи од нејзнините потези--разликата е помеѓу слобода и заточеништов. Зошто нема економски прогрес 20 години? Зарем случајно се одбра модел на приватизација од кој немерен корист имаа само грст луѓе, додека остатокот живее на работ на егзистенција. Го читаш ли фељтонот "Македонска демократија"? Прочита ли во најновото продолжение како УДБа влегува во партиите--во 1994!? Какви докази повеќе барате за континуитетот на УДБа? Кај вас сега е главниот "орач" на партии--Александар Диневски. Моите укажувања воопошто не се со намера тебе лично да те дискредитирам, туку да ти обрнам внимание во какво ѕверско гнездо си влетал.
10-05-2011, 08:18 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3

(09-05-2011, 07:58 PM)Достоинство Wrote: Душан, татко ти го почитувам и имам воспоставено пријателски односи преку интернетов уште одамна. Но, јас не зборам за започнување на семејни бизниси и претприемништво. Јас зборувам за истрошени вагони, автопати кои се стари над 30 години, за тесни коловози и непристапни терени, за сторнирани рудници и фабрики кои се оставени на забот на времето. За фабрики кои се со стари технолошки линии на производство.

Не зборам јас за можноста за основање сопствен бизнис и тежината која се стига до пристоен живот. Јас зборам за капиталните инвестиции кои се обврска на државата, а кои ги игнорира.

Зборам за илјадниците хектари првокласно земјоделско земјиште кое се трансформира во градежно и за земјоделските парцели кои се оставени да вегетираат плевели на нив. За капитал кој не се искористува и кој лошо се менаџира.

Ама ред по редум.

Секој што е пријател на татко ми е и мој пријател. Тоа ми е мило.

Јас преку мојот пост се обидов да ти дадам аналогија. Државната економија е само збир на поеднинечните семејни економии. Имај наум дека рециклирањето палети е „совршено компетитивна индустрија”, односно конкуренцијата е неверојатно жестока. Но, еве, ако сметаш дека нашиот пример во Канада е премногу мал ќе ти речам дека „Снежана и Синови”, нашето претпријатие од Македонија имаше уште поскормни почетоци. Во тој случај фирмата започна со стара машина за рачно плетење која мајка ми ја поседувала од нејзините момински денови, а „погонот” беше една празна соба во нашата куќа. Таа фирма 4-5 подоцна имаше околу сто вработени. Предноста на „Снежана и Синови” беше што постоеше незаситен пазар за она што фирмата го нудеше.

Се обидувам да уакажам дека за да заживее македонската економија, тоа може да се стори со она што го има на располагање—па дури и да се напреварува во совршено компетитивни индустрии, каде што пазарот ја одредува цената. Странските инвестиции се од сосема мала важност и потреба тука. Секако дека патишта и инфраструктура се потребни, но, таа инфраструктура се гради со растот. Пред сѐ на РМ ѝ е потребна промена на менталитетот, односно оттргување на Владата од економијата, тука се согласувам со тебе. Но тоа значи и дека Владата не треба да е таа што брка странски инвестиции. Инвеститорите се многу поумни и поинформирани одошто луѓето се свесни. Во моментот кога Македонија ќе стане поволна за инвестирање, тие самите ќе почнат да доаѓаат.
11-05-2011, 01:19 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Очекувам дека Достоинство ке ни објасни чиј став е доминатен во партијата ДОСТОИНСТВО.



Quote:При првиот Ваш настап како перјаница на партијата на бранителите, веднаш се истакнавте со драстично поинаков пристап во врска со прашањето за нашето име, во однос на лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов. Тој порача дека партијата ќе се бори за неменување на уставното име, а Вие рековте дека мораме час поскоро да го решиме спорот со соседот Грција!

- Ставовите кај политичарите и политичките партии не треба да бидат зацементирани. Па, дури и Библијата трпела промени низ историјата и секој ја толкувал онака како што мислел и како што му одговарало. Па, така и ставовите на политичките партии и на политичарите треба да еволуираат согласно со состојбите што владеат во една држава. Интересот на Македонија, денеска, ако сака економски развој е зачувување на унитарноста на државата, ако сака да оди напред, да користи европски фонд, да бидеме прифатени како партнер на меѓународната заедница е што побрзо да се договориме со нашиот јужен сосед. Мора да го решиме овој спор до крајот на годината, со што првиот чекор би бил обезбедување на полноправно членство во НАТО. Потоа, ќе треба да ги завршиме задачите што ни се зададени од Европската Унија, проблемите во правниот систем, економијата, здравството и во образованието. Откако сето тоа ќе го направиме, а сметам дека една нова влада може тој проект да го изведе некаде до средината на следната година, потоа би требало да ни биде даден конкретен датум за преговори за членство во ЕУ. Со компетентни луѓе што ќе знаат што сакаат од НАТО и ЕУ, со таков развој на настаните, во 2015 година би требало да станеме полноправна членка на Унијата. Можеби сето ова звучи преоптимистички, но треба да сфатиме дека се загубени 20 години и мислам дека треба да ~ се стави крај на оваа летаргична ситуација и социо-економска криза во Македонија.

Кое, според Вас, е решението на проблемот? Име со географска одредница плус ‘ерга омнес’?

- Под покровителство на Обединети нации, односно Советот за безбедност, ние имаме потпишано спогодба со Република Грција за одржување добри меѓусоседски односи, каде што нашиот сосед има преземено и обврска да не го спречува нашиот прием во меѓународните организации. И двете резолуции на Советот за безбедност на ОН се кристално јасни, односно ние со нашиот јужен сосед треба да преговараме и да најдеме заеднички прифатливо решение само за името, со посредство на преговарачот Метју Нимиц. Никако не смееме да го ставиме на маса прашањето околу националниот идентитет и јазикот. Мора да преговараме само за името! А такво решение има. Дали тоа ќе биде географска одредница или ние ќе се викаме Државата Македонија каде што ќе се прави чиста дистинкција на провинцијата Македонија во Грција со нашата држава, како што е вечно прашањето со Израел, Авганистан или некои други земји, тоа е прашање на преговори.
19-05-2011, 12:44 AM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3

Кандидатурата на Драги Стојковски, неговиот "опис", како стасал до кандидат на "ДOСТОИНСТВО" најубаво го отсликува македончето. Битно е да се докопа до пратенички мандат. Дали има блискос до политичките програми на партијата за која се кандидира воопшто не е важно. Драги колку што ме држи сеќавањето беше и кандидат за пратеник на Ѕинго дали 1990 или 1994 година не сум сигурен.



Quote:Драги Стојковски, кандидат на "ДOСТОИНСТВО" за Америка.

"Како прво, сакав да се пријавам за кандидат на изборите како независен, што и беше желба на мнозинството нашинци на континентов. Меѓутоа, тоа постана невозможно откако според законот бараа 1000 потписи. Според пријавените за гласање се докажа дека бев во право. Затоа се пријавив на повикот на ВМРО-ДПМНЕ за можни кандидати. Бев еден од многу кои се пријавија и имаа интервјуа во Торонто и сега знам дека на сите различно ни кажувале. Мене ми рекоа дека сум избран како еден од тројцата кои ќе треба да одат пред Груевски за да се изборат за местото. Меѓутоа, во Скопје се најдовме не три туку 7 мина, вклучително веќе одбраниот пулен, Саздов. Гледајќи дека сето тоа беше најобична фарса за да се прикаже некоја демократичност, јас се вклучив на листата на партијата Достоинство, и тоа буквално 2 минути пред затварање"



Драги има и различен став по прашање на името од Гуштеров а и од Ангелов ...


Quote:Обединети Македонци“ во Канада: Да се прекинат преговорите за името со ГрцијаСкопје, 3 септември (МИА) - Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада упати апел до секој Македонец да покаже поголема почит кон националното име Македонци, а ги повикува претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски да ги прекинат сите разговори за употребата на уставното име на Република Македонија со Грција.

- Ние никогаш не сме имале проблем со нашето национално име, тоа е наметнат спор од страна на Грција, нагласи претседателот на организацијата Драги Стојковски на денешната прес - конференција. Тој посочи дека проф. др. Игор Јанев е еден од повеќето експерти, кои имаат разработено целосна стратегија за решавање на прашањето со името и тоа во рамките на ОН. Според Стојковски, жалосно е кога државното раководство, како што рече, ги става проблемите во однос на името во однос „или - или“ - „или ќе попуштиме и ќе опстоиме, или нема да опстоиме. - Македонија постоела и без НАТО и без ЕУ многу години и може да постои уште многу години додека конечно не се реши овој проблем, оцени тој, потсетувајќи дека Македонија има пријатели и лобисти, како што се САД.

Според него, не треба да се организира референдум во однос на прашањето за името, затоа што најголем дел од граѓаните немаат проблем со нашето име, но и затоа што со референдум, како што рече, може лесно да се манипулира за, под притисок, да се добие посакуваниот резултат.
21-05-2011, 06:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36





23-05-2011, 02:04 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Каде е целото видео?
23-05-2011, 02:05 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Еве го целото малку е подолго две минути



23-05-2011, 02:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(23-05-2011, 02:05 PM)Nikola Wrote: Каде е целото видео?


Јас толку најдов. Верзијата која јас ја најдов е кратена за партиска употреба

23-05-2011, 03:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(21-05-2011, 06:07 AM)poprushev Wrote:
Quote:Драги Стојковски, кандидат на "ДOСТОИНСТВО" за Америка.

"Како прво, сакав да се пријавам за кандидат на изборите како независен, што и беше желба на мнозинството нашинци на континентов. Меѓутоа, тоа постана невозможно откако според законот бараа 1000 потписи.



Кога се лаже се нема мерка. Не сметаат за ретардирани. По Драги Стојковски излегува дека мнозинството нашинци се под илјада. Само во Торонто еријата се смета дека има преку 150 илјади Македонци . Ако тој неможел да собере 1000 потписи тогаш срамно е што се кандидирал. Кого ке преставува , освен себеси и личните интереси. Да не бидам разбран погрешно дека останатите кандидати имаат поголем углед. Не тие се како Драги или бетер од него.
23-05-2011, 09:34 PM
Reply
Достоинство Offline
Junior Member
**

Posts: 39
Joined: Apr 2011
Reputation: 3

(23-05-2011, 09:34 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Кога се лаже се нема мерка. Не сметаат за ретардирани. По Драги Стојковски излегува дека мнозинството нашинци се под илјада. Само во Торонто еријата се смета дека има преку 150 илјади Македонци . Ако тој неможел да собере 1000 потписи тогаш срамно е што се кандидирал. Кого ке преставува , освен себеси и личните интереси. Да не бидам разбран погрешно дека останатите кандидати имаат поголем углед. Не тие се како Драги или бетер од него.

Не е прашање колку Македонци има само во Торонто, за плус на тоа низ цела Канада. Прашањето е колку од тие Македонци се пријавиле за гласање на изборите...За жал, минорен.

Не знам која структура на партија е најповолна...Дали еден пратеник утре треба да ги брани интересите на граѓаните кои гласале за него, или треба да биде послушна партиска марионета? Драги Стојковски каков сака нека е, знам дека колку толку Македонците од Канада ќе имаат влијание врз него преку „Обединети Македонци“, не знам дали таков случај ќе биде и со Саздов кој се на се е едвај половина година во Канада...што би се рекло, ви го увезоа во Канада, за ДПМНЕ да си добие плус уште еден пратеник од „дијаспората“. Не сакам да спорам за исправноста на случувањата, ниту пак сакам нешто да го бранам Драги Стојковски. Но, впрочем уверен сум дека кој и да бил избран како кандидат за пратеник, ќе му се нашло некаква „фалинка“.

Што се однесува до Горан Стојков....Треба навистина човек да се запраша како од една плата од МВР се отвараат над 50 кладилници низ Македонија, се шпедитира со шлепери и се купуваат два стана и дуќан во прометен трговски центар во Скопје.

Или селективно ќе „одбираме херои“ и „злоупотребувачи на бранители“??

П.С.
ЛАТАС СЕ ЗАГРИЖИ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ?!?!?

ЛАТАС?!?! АМАН!?

Ќе го искоментирам само делот кај што вика дека „од позиција на новинар, не го гледал Ангелов по репортажите, а Стојков реферирал во секоја прилика“...

ПА НОРМАЛНО! ГЕНЕРАЛОТ АНГЕЛОВ БЕШЕ ВО ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ! ТАМУ КАДЕ ШТО ТРЕБА ДА БИДЕ ЕДЕН ДОСТОЕН ВОИН! ГЕНЕРАЛОТ АНГЕЛОВ НЕ БЕШЕ ВОЕН ПРОФИТЕР ТУКУ БРАНИТЕЛ! ГЕНЕРАЛОТ НЕ ГИ ЕБЕШЕ СВОИТЕ СЕКРЕТАРКИ ТУКУ ВОЈУВАШЕ! ЈА БРАНЕШЕ МАКЕДОНИЈА!

Колку за информација, „ЛАВОВИ“-те се официјализираа како единица ПОСЛЕ ПОТПИШУВАЊЕТО НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР!! ВО КОЈА БИТКА ИМА УЧЕСТВУВАНО ГОРАН СТОЈКОВ?!?!

Генералот Ангелов за малку не погина во битката за Арачиново. Него му е извадена третина од белодробното крило за оваа Македонија и слободата на Македонците! На кој грчка плажа тогаш Латас се сончаше!?

За тоа ли бранителите ги заложија своите животи?? ЗА ОВИЕ ОЛОШИ ДА СЕ ЗАЕБАВААТ ДЕНЕС НА НИВНА СМЕТКА?!?
(This post was last modified: 25-05-2011, 01:05 AM by Достоинство.)
25-05-2011, 01:02 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(25-05-2011, 01:02 AM)Достоинство Wrote: П.С.
ЛАТАС СЕ ЗАГРИЖИ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ?!?!?

ЛАТАС?!?! АМАН!?

Ќе го искоментирам само делот кај што вика дека „од позиција на новинар, не го гледал Ангелов по репортажите, а Стојков реферирал во секоја прилика“...

ПА НОРМАЛНО! ГЕНЕРАЛОТ АНГЕЛОВ БЕШЕ ВО ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ! ТАМУ КАДЕ ШТО ТРЕБА ДА БИДЕ ЕДЕН ДОСТОЕН ВОИН! ГЕНЕРАЛОТ АНГЕЛОВ НЕ БЕШЕ ВОЕН ПРОФИТЕР ТУКУ БРАНИТЕЛ! ГЕНЕРАЛОТ НЕ ГИ ЕБЕШЕ СВОИТЕ СЕКРЕТАРКИ ТУКУ ВОЈУВАШЕ! ЈА БРАНЕШЕ МАКЕДОНИЈА!

Генералот Ангелов за малку не погина во битката за Арачиново. Него му е извадена третина од белодробното крило за оваа Македонија и слободата на Македонците! На кој грчка плажа тогаш Латас се сончаше!?

За тоа ли бранителите ги заложија своите животи?? ЗА ОВИЕ ОЛОШИ ДА СЕ ЗАЕБАВААТ ДЕНЕС НА НИВНА СМЕТКА?!?


За ова те подржувам. Може политички ние да се расправаме колку сакаме, ама вакви ниски удари не е дозволено.

25-05-2011, 01:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(25-05-2011, 01:02 AM)Достоинство Wrote:
(23-05-2011, 09:34 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Кога се лаже се нема мерка. Не сметаат за ретардирани. По Драги Стојковски излегува дека мнозинството нашинци се под илјада. Само во Торонто еријата се смета дека има преку 150 илјади Македонци . Ако тој неможел да собере 1000 потписи тогаш срамно е што се кандидирал. Кого ке преставува , освен себеси и личните интереси. Да не бидам разбран погрешно дека останатите кандидати имаат поголем углед. Не тие се како Драги или бетер од него.

Не е прашање колку Македонци има само во Торонто, за плус на тоа низ цела Канада. Прашањето е колку од тие Македонци се пријавиле за гласање на изборите...За жал, минорен.

Не знам која структура на партија е најповолна...Дали еден пратеник утре треба да ги брани интересите на граѓаните кои гласале за него, или треба да биде послушна партиска марионета? Драги Стојковски каков сака нека е, знам дека колку толку Македонците од Канада ќе имаат влијание врз него преку „Обединети Македонци“, не знам дали таков случај ќе биде и со Саздов кој се на се е едвај половина година во Канада...што би се рекло, ви го увезоа во Канада, за ДПМНЕ да си добие плус уште еден пратеник од „дијаспората“. Не сакам да спорам за исправноста на случувањата, ниту пак сакам нешто да го бранам Драги Стојковски. Но, впрочем уверен сум дека кој и да бил избран како кандидат за пратеник, ќе му се нашло некаква „фалинка“.



Првин треба да ја разбереш вистинските причини зошто се пријавил токлу мал број на гласачи. Јас и моето семејство не се запишавме да гласаме.

1. Ваквиот избор на пратеник од диаспората е фарса. Луѓево тука не се овци, знаат што е демократија, за да Грујо ги манипулира. Неговата кампања е немоќна тука.

2. Влијанието на Македонците од диаспората ке биде исто било кој да победи. Објасни ми ја техниката на комуникација на пратеникот со "базата". Предвидени се 6 доаѓања во "базата". Кого ке види во тие 6 доаѓања ??,со кого ке размени мислење?? Во колку града на Американскиот континент има големи македонски заедници???

3. Оваа е најважнот, тие ке бидат партиски луѓе. Додуша вашите кандидати и кандидатон на ОМ да им се понудил и Амди Бајрам кандидатура би прифатиле. Погледнете им го политичкото минато.
Несериозно е за Драги бил кандидат во тесниот круг на избор на Грујо , не поминал, и одел од партија до парија во Скопје да бара да биде кандидиран.
Дека се работи исклучиво за лична амбиција зборува фактот што бил на времето и кандидат на Ѕинго. Можеш ли да ми кажеш која е неговата идеолошка платформа.

Да не бројам повеке.
Колку ли пари ке ја чини оваа глупст Македонија Господ знае. Досега веке две делегацви на Грујо , министри, пратеници заменици беа во Канад и САД да агитираат, на чиј трошок доаѓаат, ако е на партиски нема проблем ама неверувам.

Јас реков ке имаме вистински пратеник само кога ние од диаспората ке го финасираме неговиот пратенички мандат. Тогаш тој ке не представува вистински а и ние ке сме заинтересирани да го избереме вистинскиот.



25-05-2011, 02:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Најновиот бисер на Драги Стојковcки мора да го споделам:

Денеска Драги Стојковcки во црквата во Чикаго се декларирал како НЕЗАВИСЕН ПРАТЕНИК. Кого лаже? дали само луѓето во Чикаго или и луѓето во Чикаго и Стојанче Ангелов и дел од "ДОСТОИНСТВО"
(This post was last modified: 30-05-2011, 12:53 AM by ЈорданПетровски.)
30-05-2011, 12:52 AM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8





ај ако можи тој со профилот Достоинство да го објасни ставот на Гуштеров за името што е на видеото инаку за митингот односно покажување на програмата во Битола сте избрале најлош можен теремин за време на финале на лига на шампиони па за тоа имавте малку луѓе во салата
Pishtoldzija
30-05-2011, 02:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Владата ќе падне ако им додели пензии на борците на ОНА
Дата на објава: пред 12 часа


[Image: stojance_angelov.JPG]

Кон крајот на минaтата недела соопштивте дека автентичното толкување на Законот за амнестија, со кое се ослободија од кривична одговорност чинителите на злосторствата против цивили во кобната 2001 година, е срам и грев за македонскиот народ. Зошто тоа за Вас е неприфатливо?

- Кога се зборува за хашките случаи со текот на времето називите на самите злосторства ги омекнаа, па кога зборуваме за еден од најсуровите - денес во јавноста е познат само како Мавровски работници, иако порано беше нарекуван Малтретирани мавровски работници. Се работи за исклучително суров случај, кога луѓе без никаква вина биле собрани од улица, потоа врз нив ,,борците за човекови права,, се изживувале на најразлични начини. Резбарењето со нож врз нивните грбови и не е толку страшно, колку стаповите што им биле ставани во анусите како и сексуалното изживување врз нив. Тоа е нешто што не се простува, нешто за што порано или подоцна мора да се одговара. Јас сум убеден дека вистинските борци на УЧК, ако воопшто има такви, не се согласувааат со ваквите постапки на нивните тогашни соборци. Киднапирањето на цивили само по себе е тешко дело но едно е да се зароби човек, а друго е некој да се изживува врз него.

Што се однесува на другиот случај кој сега го викаме само Непроштено (порано гробница Непроштено), станува збор за 12 лица кои биле собрани од дома и од улица, истите убеден сум дека биле малтретирани, гледајќи што им се случувало на мавровските работници, а постои и можност нивните органи да биле предмет на трговија. Симптоматично е тоа што нивните тела не се пронајдени, односно најдени се остатоци од само 4 тела. Каде се другите тела, зошто некој толку упорно ја крие гробницата или гробниците каде што се закопани овие невини цивили?

Државата мораше да собере сила овие два случаи досега да ги процесуира. Додека беше на власт СДСМ само го одолговлекуваше процесуирањето, но не се осуди да оди докрај, да ги повлече обвиненијата и да ги прекине постапките. Она што го направија овие лажни патриоти од ВМРО-ДПМНЕ е без преседан. Вакво нешто е недозволиво! Оние кои што градат споменици и поставуваат знамиња за развивање на чувството на патриотизмот, ги ослободија злосторниците кои се изживуваа со нашите сограѓани Македонци.

Дали истиот став го делите и за другите два хашки случаи - Водство на ОНА и Липковска брана, кои инкриминираат дел од раководството на тогашната ОНА, а сегашна ДУИ?

- Мојот личен став е дека требаше да се процесуираат сите 4 случаи, односно судот е тој кој што треба да одлучи дали има или нема вина. Како што знаеме, за таа цел се опреми посебна судница и се направи посебни затворско одделение, а судии и обвинители беа испраќани на посебна обука. Хашкиот суд кога ги врати овие предмети не кажа дека осомничените се невини. Во оваа прилика би пренел еден цитат од поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, од 19 фебруари 2007 година: „Четирите хашки случаи може да бидат своевиден тест за судството во Македонија. Всушност, реформите треба да обезбедат политиката да биде надвор од судството, а судовите да ги спроведуваат законите…“. Бидејќи, како што гледаме, политиката ги реши овие случаи, спротивно на залагањата на Маневски, значи дека или реформите не успеале или погрешно се спровеле. Во тој контекст, би додал уште една изјава на Маневски од 17 септември истата година во која тој вели дека вратените хашки предмети „нема да ги нарушат меѓуетничките односи и за нив ќе решаваат надлежните судски органи, бидејќи тука нема место за политика“. Имено, Маневски тврди дека согласно Законот за соработка со хашкиот трибунал, постапката ќе продолжи. А, како продолжи постапката - со автентично толкување на Законот за амнестија!

Кои ќе бидат, според Вас, реперкусиите од политичкото решавање на хашките случаи?

- Тоа зборува за слабоста на ВМРО-ДПМНЕ да ги менаџира односите со ДУИ. Македонската владејачка партија треба да има црвена линија, како онаа со која премиерот Никола Груевски се фали дека го брани името на државата. Вака испаѓа дека Груевски силниот им се спротивставува на Грците и на меѓународната заедница, а нема сила да му се спротивстави на Али Ахмети. Ако тие настапеја цврсто во конкретниов случај, верувам дека и на Ахмети ќе му беше јасно дека овие се злосторници кои не смеат да се амнестираат. А не се работи за многу луѓе, туку само за дваесетина-триесетина луѓе. Сите припадници на ОНА не учествувале во овие злосторства.

Инаку, да потсетам дека во Белата книга издадена од МВР се наброени низа кривични дела во врска со ОНА. Самото формирање на паравоена организација е казниво. Самото потпишување на Охридскиот договор значеше давање на легитимитет на насилни средства. Ако утре одредена социјална категорија на граѓани или некоја друга група граѓани на национална или верска основа се незадоволни, треба ли да земат калашњикови и да отидат пред зградата на владата да пукаат, очекувајќи дека подоцна ќе бидат амнестирани, зашто ќе речат, карикирам - што значат 50-ина пушки споредено со оние кои што сексуално се изживувале врз невини цивили или со оние кои киднапирале, убиле и најверојатно тргувале со органите на убиените цивили!

НАРОДОТ ЌЕ СЕ КРЕНЕ!

Следно што се најавува е доделување на пензии на семејствата на поранешните борци на ОНА. Ако се случи тоа, кој ќе биде вашиот одговор? Како ќе спречите, ако решат како со хашките случаи, таков договор да постигнат коалициските партнери во власта?

- Вакво нешто ќе биде врв на иронијата и на безобразието на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку дојде до тоа, ќе има проблем во Македонија. Тоа нема да помине така! Достоинство нема да дозволи никакви бенефиции за оние кои ја нападнаа државата, за оние кои убиваа, палеа, силуваа… Ќе најдеме начин да го спречиме тоа! Имено, токму благодарение на нас, како здружение, не како политичка партија, пропаднаа неколку обиди на Владата да го реши статусот на ветераните на ОНА. Ќе ве потсетам на т.н. мартовски и мајски договор со ДПА односно ДУИ. Во октомври 2010 година, во Министерството за труд и социјална политика беше формирана работна група која работеше на изнаоѓање решение за ветераните на ОНА. Кога ние жестоко се спротивставивме Владата се огради дека таа работна група ја формирала само ДУИ, за на крај да кажат дека групата била формирана во рамки на ДУИ, а не во министерството. Ако ветераните на ОНА добијат права, ќе падне Владата со демократски средства. Оваа Влада веќе изгуби дел од подршката меѓу граѓаните со она што го направи со хашките случаи. Да не заборавиме дека меѓунационалните односи се на најниско ниво од 2001 година до денес. Да не заборавиме дека македонскиот народ е многу сензитивен на албанските екстремисти, притоа не мислам на сите Албанци. Покрај тоа што ги ослободија, ако дополнително ги наградат воените злосторници, народот ќе се крене! ВМРО-ДПМНЕ не смее да си го дозволи тој луксуз, особено во ситуација во која вкупниот број на опозициски е поголем од позициските гласови.

Оваа година навршија 10 години од потпишувањето на Рамковниот договор. Како гледате на него од оваа временска дистанца?

- Колку и да не ни се допаѓа, тој е наша реалност 10 години. Ние само бараме да не се шири рамката на овој договор, но како што гледаме, таа станува се поширока и поширока. Јас сметам дека сите барања од договорот се реализирани, па дури мислам дека Албанците имаат добиено и многу повеќе од тоа. Иако, секоја албанска партија кога е во опозиција, обвинува дека договорот не се реализира доволно.

НЕМА ДА ЗАВРШАМ КАКО ЉУБЕ

Како лидер на опозициска политичка партија, како ги коментирате настаните што се случија во првите бурни 100 дена по јунските предвремени парламентарни избори? Меѓу другото, се апсат опозиционери. Се плашите ли и вие да не ве снајде истото?


- Сите работи што се случија се добро однапред подготвени. ВМРО-ДПМНЕ имаше подготвено две сценарија во случај да изгуби и во случај да победи. Во вториот случај, сценариото е сите оние скокотливи работи кои можат да донесат негативни поени во јавноста да се реализираат веднаш по изборите пред да биде формирана новата Влада, за да се подзаборават до наредните избори. Затоа, уште првиот ден по изборите го уапсија лидерот на Обединети за Македонија (ОМ), Љубе Бошкоски и реализираа многу други чувствителни работи.

Инаку, имаше неколку обиди и јас да бидам наместен, во неколку наврати ми беа нудени и пари, но јас сум дипломиран криминалист кој 15 години работел во полиција, па тешко дека мене ќе ме наместат со некоја ефтина финта. Исто така, тешко дека ќе направат и нешто посложено бидејќи и ние имаме одбранбени механизми. Јадрото на Достоинство е составено од припадници на полицијата и на армијата, така што информациите кои се однесуваат на нас, можеби со задоцнување од неколку часови или денови, ги добиваме и ние. Имаме една мала, но сега за сега доволна контраразузнувачка заштита во партијата, меѓутоа вулгарно местење како што му направија на Бошкоски секогаш може да се обидат да направат. Прашањето е дали тоа ќе помине во јавноста? Затоа, можноста да завршам како Љубе ја отфрлам. Постојат и други начини да не дозволам такво нешто. Доколку бидам уредно повикан во полиција или во суд нормално дека ќе се јавам, но ако се обидат да ми направат циркуско апсење како на Љубе, кое сосем случајно ќе го регистрираат сите провладини медиуми, ќе реагирам на соодветен начин, така што обидот ќе пропадне или ќе предизвика такви последици кои нема да им се допаднат дури и на креаторите на ваквите местенки.


Каде ги лоцирате причините за изборниот резултат на Достоинство? Дали дел од причините за условно кажано - негативниот изборен резултат е во тоа што имавте прилично тивка изборна кампања? Граѓаните очекуваа да бидете поприсутни во јавноста, особено поради тоа што бизнисменот Ристо Гуштеров беше во тимот на Достоинство.


- Силниот притисок од страна на владеачката коалиција врз нашите целни групи - полиција и армија, кои што се податливи на притисок, поради тоа што работат во буџетски установи, како и поткупувањето на гласачите. Се зборува дека се потрошени многу пари за купување на гласови. Со Гуштеров имавме многу коректна соработка. Кога договаравме тој да биде носител на пратеничката листа во првата изборна единица, пред се тргнавме од неговиот авторитет. Тој е еден од нашите најуспешни бизнисмени, заслужен за доаѓањето на првата инвестиција во Бунарџик на Џонсон Контролс, а сега ја донесе и втората инвестиција на оваа компанија во Штип. Значи, ние малку сметавме на неговата финансиска подршка, а многу повеќе на неговиот бизнис бекграунд. Да нагласам дека во ниту еден момент немавме ветување дека тој ќе ја финансира целата наша предизборна кампања, иако финансираше еден дел.

Какви ви се плановите за во иднина? Како што е информирана јавноста, се реафирмира идејата за формирање на обединета десница. Поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, во минатонеделното интервју за Плусинфо рече дека во однос на оваа тема не се случува ништо конкретно, но постојат изгледи овој план да се реализира.

- Јас имав неколку средби со претседателот на ВМРО-НП, Марјан Додовски, со кој што разговаравме за соработка помеѓу Достоинство и НП. Во овој момент ние како партии имаме одредена соработката, која понатаму може да резултира и со коалиција, но се уште е рано да се зборува за конкретни работи. Исто така, соработуваме и со ОМ, односно со нивното колективно претседателство. И со нив имавме неколку средби на кои разговаравме за соработка која подоцна би прераснала во коалиција. Така што, можна е коалиција помеѓу ВМРО-НП, ОМ и Достоинство како 3 посебни политички субјекти, без губење на политичкиот идентитет.

Дали коалицијата ја замислувате како друштво на неколку пaртии во рамноправен сооднос или ќе има една стожерна партија, како што е случајот со двете големи коалиции на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ?

- Има значајна разлика меѓу нас и тие две коалиции. На пример, разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на вторите по силина партии во нивните коалиции е голема, ако претпоставиме дека Демократски сојуз и НСДП сами на избори би земале од 8.000 до 10.000 гласови, и доколку знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сами би земале најмалку 300.000 гласови. Во нашиот случај, ние имаме 9.000, ОМ околу 17.000 а НП има околу 28.000 гласови. Нашиот сооднос е еден спрема два т.е. еден спрема три.

За крај, дали присуствувавте на скопскиот плоштад на 8 Септември, кога се прославуваше 20 години од независноста на Македонија?

- Сметам дека прослава беше партизирана, но не ја оправдувам постапката на опозицијата која ги повика своите приврзаници да ја бојкотираат. СДСМ со прославата во Драчево покажа многу голема слабост. Јас лично не бев на прославата бидејки преку телевизискиот пренос можев поаналитички да го проследам настанот. Од него можам да го издвојам моментот кога Трајко Вељановски ги спомена илинденците и партизаните, како и некои од лицата кои во деведесетите години учествуваа во осамостојувањето на Македонија. Притоа, намерно или ненамерно, заборави да спомене кој ја бранеше државата во 2001 година. Да не бевме ние - бранителите од 2001 година Македонија денес немаше да постои ваква каква што е, мислам од територијален аспект. Не не спомна Вељановски, не не спомна Груевски, ниту Ѓорге Иванов, како да не постоиме.

Влатко СТОЈАНОВСКИ

(This post was last modified: 20-09-2011, 12:26 AM by ЈорданПетровски.)
20-09-2011, 12:24 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Како дипломиран криминолог со 15-годишно искуство, господинов би требало да знае подобро од дружење со Лијобчо и ОМ.
Народот ќе се кренел, ова како на брат Љубе предизборната кампања “Слобода или смрт“ и “дигаме бунт“.
Жалосно ако навистина коалицира со ВМРО-Лијобчовистичка...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
20-09-2011, 04:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



[Image: 417571_229009620524638_100002468041642_4...9388_n.jpg]


[Image: 429346_229009553857978_100002468041642_4...3348_n.jpg]
18-02-2012, 06:38 PM
Reply