Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 2.2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонија – несакана од нејзиниот народ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1


Quote:Македонија – несакана од нејзиниот народ


А како и да не биде? Ваква каква што е најголемиот дел од над 95% од нејзиниот народ воопшто не би жалел ако престане да постои воопшто. Не мал е бројот на оние кој јавно дале изјави во некои контактни емисии дека не би ја бранеле од некој надворешен непријател а предходно учествувале во нејзина одбрана. Многумина веќе изјавиле дека на наредниот попис ќе се запишат во било која нација само не како Македонци. Народот е премногу разочаран, очаен, дезорјентиран, изманипулиран и паднат во апатија.
Јас ова што го пишувам е со цел кај тој народ да предизвикам пренасочување на неговиот бес кон оние кој ја направиле а и сеуште Македонија ја прават неподносливо место за живеење. Толку многу луѓе умреа од ваквото конспиративно владеење во Македонија. За народот и за мене е доста барем да се дочека времето кога ќе има вистинска а не виртуелна демократија и кога ќе престане заштитата на криминалот од страна на владите и институциите во Македонија. Јас лично сум осудуван во потполно монтирани политички процеси во време на владеењето на последните три влади само заради тоа да бидам исплашен и да не ја откривам вистината за конспиративното владеење во Македонија а за цел тој период судиите и обвинителите останаа заштитени од конспиративните влади и надлежните институции заради тоа што го штитеа криминалот што во овој мој случај се работеше за АД фабрика за кабли Неготино. Фабрика со криминална приватизација и продолжен криминал, фабрика која е табу тема за што ниеден медиум и ниедна политичка партија не сака да прозбори збор во јавноста, голема фабрика која како и другите големи фабрики го потврдува грабежот од конспиративното владеење на моќниците од ОРГАНИЗАЦИЈАТА на политичарите и олигарсите.
Народот треба да ја знае вистината. Македонија треба да се сака и да се ослободи од оној толку мал број на конспиратори и нивните полтрони кој Јас лично не верував дека како нив може да се изнедрат тука во Македонија, земја која важи во светот за земја со добродушен народ но за жал и премногу плашлив народ. Досега храбар е само во старите народни но и во новокомпонираните песни кој ако некој ги слуша ќе помисли дека овие луѓе тука никогаш не би поднеле ропство. За несреќата да е поголема тоа ропство овој македонски народ го трпи од своите конспиратори кој ги изнедрила оваа наша заедничка Македонија.
Голема штета е а и големо разочарување за мене е што само Јас се обидувам да ја опишувам правата вистина за Македонија во овие т.н. години на независност и слобода. Како прво не постои ниеден новинар од ниеден медиум да се покаже како храбар па да изусти нешто за вистината или барем одстапи од таа професија која е апарат во рацете на конспираторите кој владеат во Македонија притоа уништувајќи ја заедно со целиот нејзин народ. Ниту блогерите ( кој премногу мудруваат при своето пишување на најразлични теми кој во овој момент не треба да му јго одземаат вниманието на народот и е штета што многу од нив се партијски обоени па непотребно пишуваат нешта што веќе тоа го прават секојдневно ама баш сите новинари од сите медиуми кој се во служба на конспираторите ) кај нас не се покажаа како оние во светот кој некаде го потикнаа народот да се крене против режимот за што сме сведоци баш во ова време. Некаде во некои земји можеби и постои квалитетна опозиција која го предводи својот народ во тие праведни процеси против тоталитарните режими иако Јас кој трезвено гледам на нештата морам да укажам пак на постоењето на светската контрола која во 21 век функционира за неа најдобро до сега. Во светот ништо не се случува туку така само од себе.
За разлика од многу други во Македонија, Јас имам еден ред во сваќањата и размислувањата за ситуацијата во светот и во Македонија и никогаш не се заборавам на тој ред, никогаш не ја заборавам вистината и логиката.
Ако светската контрола постои, за што постојат толку многу напишани книги и снимени филмови тогаш би требало сите во Македонија да сватат дека таа не би била светска контрола ако земјите како Македонија не се под неа. Ако е така тогаш никако не треба да се залажува народот дека нашите властодршци или поточно сите политичари од сите политички партии што се на сцената во Македонија се послушни кон таа светска контрола што и самите го имаат јавно признато во одредени моменти од поблиското минато. Значи тие наши извикани политичари не идат туку така одеднаш на позиција на власт а со самото тоа и се несамостојни. Сепак без разлика што ни се наметна новиот светски поредок а сега сме и длабоко навлезени во новиот политички систем – капитализам кој би требало да биде пропратен со вистинска демократиа Ние во најголем процент сме го прифатиле со надеж дека ќе се оди кон прогрес. Тоа е така во поголемиот број на земји во цела Европа но кај нас во Македонија нашите конспиратори се опија од моќта на власта која им дојде како поклон.
Нешто слично е и во другите земји кој произлегоа од распадот на Југославија но еве сведоци сме сега дека во Хрватска народот се крева и тоа со специфичното барање да си одат првенствено нивните две големи партии а кој се менуваа до сега на власт а тоа верувам дека ќе предизвика домино ефект и кај другите само не и кај нас барем за сега. Во Хрватска тие протести стануваат се помасовни додека кај нас народот сеуште е збунет и се занимава со наметнатите настани од страна на конспираторите. Ова го имам објаснето во моите блогови а тука ќе потсетам на стравот кој постои од искона кај овој македонски народ но и на успешно воспоставената сеопшта контрола на конспираторите врз сите сегменти од нашето мало општество. Тоа е така во сите овие скоро 20 години. Кој треба да му ја каже вистината на македонскиот народ? Каде се нашите т.н. интелектуалци? На нив не само што не им пречи овој наметнат мрак, идиотизам, слободно ропство и неморал туку и активно учествуват во тоа наметнување. Сведоци сме посебно во овие последни години како скоро сите наши интелектуалци кој нешто и постигнале со тоа што имаат признати успешни кариери во разни области како учествуваат активно во сеењето ум врз овој изманипулиран македонски народ.
Можеби не без своја воља но сепак за нас тоа е без нивни срам кога се појавуваат во некакви глупи рекламни спотови финансирани од конспираторите кој владеат сите овие 20 години. Еден ден кога и кај нас ќе се крене народот и кога ќе спроведе вистинска демократија Тие такви наши интелектуалци ќе сватат дека требало во овие сегашни времиња да покажеле барем малку храброст и ако веќе не се противат јавно против конспираторите тогаш барем да се дистанцирале од нив и умешно да ги одбиле нивните наредби. Без разлика дали Тие одобриле некој нормален и ситен – небитен проект на овие кој владеат сепак со нивната појава во тие глупи рекламни појавувања си го рушат самите својот кредибилитет на авангардна личност која ја стекнале со нивните професионални кариери па Јас секогаш се згрозувам кога ги гледам како скоро сите еден по еден продефилираа на малите екрани. А треба да бидат свесни дека со тоа го продолжуваат страдањето на својот народ од страна на конспираторите. Попусто станале славни дури и во светот со нивните успешни кариери во филмската, театарската, музичката и другите уметности. Да не ги спомнувам по име поради почитта кон нивниот успех но во исто време се згрозувам од нивниот морал. Тие треба да бидат надеж на овој преплашен и крајно збунет народ кој и понатаму ќе биде мета на безмилосна манипулација и експлоатација која го доведе до очај. Деновиве гледаме бројни професори од универзитетите во Македонија како без срам учествуваат во подршка на закон за образование со што се бламираат и пред јавноста претставени со име и презиме но и пред некои нивни колеги кој се беа побуниле колку толку ( недоволно ) со што практично ги прават глупи сите оние на кој така издиктирано му објаснуваат на народот што е добро, паметно и т.н. Срамота. Во такви спотови не би требало ни обичните луѓе да се поавуваат односно да си го задржат достоинството на морален човек.
Спомнав дека вистинска демократија е можна во Македонија и покрај свесноста за постоењето на светската контрола баш поради фактот дека народот нема да го смени политичкиот систем, нема да се враќа на предходниот систем од едноставна причина што нема да му биде дозволено баш од таа светска контрола но ќе му биде дозволено да живее во многу подобро општество од ова кое му е наметнато од домашните конспиратори. Значи можно е народот да му стави крај на ова ропство. Сигурен сум дека начинот како до тоа да се дојде ќе го ископираме од други земји со похрабар народ но сепак тука ќе повторам нешто што веќе сум го пишувал и е во моите блогови.
Ако се земе фактот дека со Македонија владее во овие 20 години еден ист режим – режимот на ОРГАНИЗАЦИЈАТА на моќниците составена од политичките партии и олигарсите кој се всушност и конспираторите врз овој напатен македонски народ тогаш, треба да ја отфрлиме наметнатата лага дека постојат две т.н. големи партии кој ги предводат двата политички блока. Пишував а и лесно се докажува дека сите заедно немаат кредибилитет кај народот баш поради фактот што како прво имаат занемарлива бројка на активно членство а ако се додаде на тоа дека ама баш сите избори досега се сомнителни поради фактот што постои неточен Избирачки список а избирачкиот процес поминува без контрола од страна на вистински преставници на народот. Попусто постојат т.н. невладини набљудувачи како оние од т.н. НВО Мост кога и Таа заедно со сите медиуми и политички партии, кога беше известена од мене за бројките кој даваа оправдано сомневање, поточно покажуваа дека изборите се практично редовно фалсификувани што се однесува на бројот на излезени гласачи се одлучи да молчи како другите. За манипулацијата со Избирачкиот список единствено Јас прв напишав во мојот блог за време на изборите од 2008 а покасно една година за тоа прозборија официјалните претставници на ОБСЕ во Македонија и побараа списокот да се прочисти што не е сторено како што треба а тоа пак ќе го искористуваат конспираторите како до сега. За конспираторите само тоа е важно да избраната влада добие легитимитет со минималниот баран процент на излезност на изборите а и онака партиите кој влегуваат во неа се нивни. Оваа тема никој не сака да ја отвори. Никој не сака да му каже на народот дека вистината е со Македонија владее еден ист режим. Народот тоа го осеќа, гледа во сиромаштијата и очајот но, сепак му е потребна потврда од храбри луѓе кој сеуште ги нема во Македонија а ниту во Дијаспората со која исто така сум контактирал. Таа потврда нема да ја добие од ниедна т.н. НВО кој по правило би требало да се формираат заради народот за да му помогнат да стигне до вистинска демократија. Ете ја спомнав НВО Мост. Таа потврда нема да ја добие ниту од т.н. Институти за демократија а ниту од новопечените политички аналитичари кој се далеку од самостојни иако тоа гледаме дека баш се млади луѓе кој би требало да придонесат за разбудувањето на народот но Тие избрале погрешна страна, онаа посигурната како што Тие си мислат. Верувам дека Тие во своите глави знаат за тоа каква е вистината но по инерција си останале сервилни кон конспираторите а на штета на својот народ. Тие упорно зборат за наводната спротивставеност на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и со тоа придонесуваат за поделбата на народот кој би требало да излева на избори а како политички аналитичари немаат слобода да ја кажат правата вистина и со тоа да му помогнат на својот народ но и на себе си. Таа потврда нема да ја добие народот од ниеден храбар новинар бидејќи храбри новинари нема или поточно нема новинари. Од сите сум побарал да ја обзнанат оваа вистина а Тие самите знаат дека сум стапил во контакт со најголемиот број од нив за што имам пишани докази ( некои се поставени во моите блогови ).
Значи најголемата манипулација во сите овие 20 години е да му се наметне на збунетиот народ дека постојат двете т.н. најголеми партии кој се менуваат на местото опозиција и позиција. Познато е дека кај нас од Тие исти играчи на конспираторите не може да се направи некоја трета голема партија кој би го залажила народот да излезе помасовно и да гласа баш за нив тогаш,Тие – конспираторите и сега сме сведоци дека упорно играат на картата како народот да се подели на гласачи на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ а за тоа да им биде поуспешно одат директно на поделување на народот на оние кој треба да го сакаат Никола Груевски и оние кој треба да го сакаат Бранко Црвенковски и обратно односно подеднакво да се поделат во омразата кон едниот и другиот. Тоа го прават бидејќи јавно ги обелоденуваат гревовите на едниот и другиот кој се изразени во ограбени пари најчесто но и во уништени човечки животи на својот народ. Тие знаат дека послаб ефект би имало кај народот ако тие спомнати гревови им се препишуваат на спомнатите партии. Таа задача им ја дале посебно на овие двајцата да толку недоветно, невкусно, неинтелегентно и глупо да се напаѓаат јавно во своите јавни говори еден со друг надевајќи се при тоа дека тоа ќе има некаков ефект кај народот за да го натера да излезе помасовно на избори и да се исполни барем минимумот на излезност со што ќе си добијат на легитимитет барем на 2 ако не на 4 години владеење. За да го заинтересираат народот да излезе на избори Тие двајцата ќе истресат и такви нешта ( со што ќе се откријат самите дека и не се баш најголемите фигури меѓу конспираторите штом прифатиле такво нешто да излева од нивните усти – оние во позадината нивна се поголемите конспиратори ), како дека ќе се случат крвопролевања помеѓу како што Тие наивно мислат меѓу поделениот македонски народ но такво нешто и ако изрежираат тоа сепак може да биде само помеѓу нивните партијски војници од нивните два блока кој се сосема мал процент од целиот македонски народ. Како и да е уште на располагање ќе им стои неточниот Избирачки список како главно оружје со кое ќе си ја постигнат целта а тоа е и наредната Влада ( Влада на конспираторите ) да има барем на хартија легитимитет од изманипулираниот народ. Конспираторите увидоа дека осиромашениот народ им свртува грб со тоа што не излегува на избори свесен за наметнатата сиромаштија од секоја досегашна влада па преминаа од редовни избори во првата декада на самостојна Македонија до вонредни избори во втората декада се со цел да си дадат време за понатамошно манипулирање и безмилосно експлоатирање на својот сопствен нсрод. Тоа го прават и со една цел која им е одобрена и од погореспомнатата светска контрола а тоа е правењето на тој капиталистички систем со изедначување на законите но, се заборавија во својата алчност и иако подолго сепак го продолжуваат и ден денес грабежот и безмилосната експлоатација со една нивна специфична цел а тоа е сето богатство да премине од народот ( од предходниот систем ) во рацете на многу мал број на нивни проверени играчи.
Затоа народот треба оваа вистина да ја знае но, поради мракот во известувањето и манипулацијата од страна на сите контролирани медиуми оваа вистина не доаѓа до него. Се плашам дека конспираторите се успешни со измислената афера со А1 а која е со цел народот да биде поделен намерно наведен да биде фокусиран на наводната загрозеност на медиумот. Тој ист медиум кој се нарекува медиум кој се бори за вистината и демократијата не сака да прозбори за вистината која е во овој мој текст и во моите блогови поткрепена со докази. Т.н. новинари на А1 не сакаат во овој момент да ја искористат шансата директно да го дискредитираат Премиерот Груевски за кого имам поставено пишан доказ во мојот блог за подржување, односно затварање на очите пред криминалот уште кога беше Министер за финансии и Претседател на Комисијата за хартии од вредност но и во овие години кога е и Премиер кога упорно молчи и ги затвараше очите пред моите Претставки кој му ги имам доставено нему и на неговите предходници – премиери.. Друштво во оваа афера му прави и претседателот Иванов кој отвара т.н. народни канцеларии за да ги види проблемите на својот народ но еве откако ќе ги види како на пример моите Претставки и Барања за прием кај него, бега од нив, во овој случај од мене. Ниеден од нив т.н. новинари кој сум го контактирал неможе да каже сега дека не е контактиран бидејќи имам пишани докази за тоа. Со тоа Тие, т.н. новинари од А1 како да го потврдуваат ова што го пишувам и дека им служат на конспираторите да во овој момент народот се подели на два блока и иако живее во толку голем очај и сиромаштија сепак помасовно да излезе на вонредните избори кој сега веќе станаа пракса да се случуваат после само две години од владеењето на владата. На тој начин конспираторите добиваат во време за нивната погореспомнатата цел а од познатиот факт дека времето сметано од пред распишувањето на вакви вонредни ( планирани ) избори до барањето од страна на народот на некакви првични резултати од работењето на новата ( исто така нивна – на конспираторите ) Влада е најмалку една година. Провидно е и е прочитано од многу други како мене и тоа треба да му се пренесе на изманипулираниот народ.
Време е да се пишува на Интернет исклучиво на темата за конспиративното владеење а тоа треба да го прават што е можно повеќе блогери и тоа без страв. Време е и некој од т.н. новинари конечно да се побунат и да се придружат кон ова пишување со што ќе придонесат за да му се пренесе вистината на македонскиот народ. Време е народот да ги отфрли сите постоечки политички партии и да побара да постави свои вистински преставници во македонскиот Парламент. Конспираторите сакаат да го изитрат народот и сега со тоа што преку нивната партија која е во опозиција бараат некакви козметички измени во изборниот закон. Не, народот треба да побара коренити измени во изборниот закон со што ќе им овозможи влез на своите вистински преставници во Парламентот кој ќе ги избере на некои избори кој тој ист народ ќе ги предизвика ако се освести па прво да не излезе воопшто на овие избори а веднаш потоа излезе масовно на народни протести ( после кој ќе се вмеша и ЕУ ) да си ја земе судбината во своите раце. Јас имам пишувано на оваа тема но тука ќе спомнам само накратко дека за да ја оствари оваа своја цел народот треба да побара:
- Македонија да биде една изборна единица
- Да го врати мнозинскиот изборен модел и
- Народните кандидати сами да си ги собираат своите потписи кај својот народ а не тој народ како досега да биде приморан да оди во некакви одредени простории на министерството за правда и таму да биде заплашуван и одвраќан од намерата некому да го даде својот потпис за подршка на кандидатурата за народен пратеник.
Ако ова го постигне македонскиот народ сигурен сум дека во еден таков иден Парламент народот би имал повеќе од двотретинско мнозинство во однос на сите други претставници на сите политички партии. Во тој случај неговите вистински народни претставници во Парламентот ќе изгласаат закони какви му се потребни на народот односно на бројните стечајци, лозари, тутунари, сточари, останатите земјоделци, обесправени работници и за сите други страдалници во овие изминати 20 години па народот дури тогаш ќе осети дека е среќен што живее во своја земја.
Ова е минималното што треба да го направи македонскиот народ ако сака да не умира бедно како до сега во овие 20 години.
Се за конспирацијата прочитајте во моите блогови: http://konspiracija.blog.mk, http://konspiracija.blog.com.mk, i http://i.1asphost.com/AtanasovSande


Авторот на текстот ни го понуди да го објавиме, ние тоа го чиниме во обид да допре до што поголем број на читатели.
13-03-2011, 02:25 PM
Reply