Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 3.1 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
TRADICIONALNI LEKOVI
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#1

Традиционален лек за миом на матка и кај цисти



Еликсирот е многу едноставен, практичен и ефикасен. Треба децидно да се придржувате на рецептот. 2 супени пластични лажици лен, 2 супени пластични лажици мед (немеленото ленено семе и медот се земаат со пластична лажица и се ставаат во пластичен сад), 200 милилитри вода. Сите состојки се ставаат во поголема пластична чаша и се мешаат. Се става одвечер и стои 36 часа (да не е на многу топло место). Употреба: На пример, ако лекот сте го ставиле во понеделник навечер, во среда наутро процедувате низ пластична цедалка или газа и процедената течност ја пиете на гладно. Во вторникот навечер ставате нова пластична чаша со состојките и неа ја пиете во четврток наутро. Така со ред 7 дена. Наредните 7 дена исто го подготвувате рецептот, со таа разлика што сега наместо супени лажици, користите мали (кафени) пластични лажици. На пр. 2 мали пластични лажици ленено семе, 2 мали пластични лажици мед, 200 милилитри вода. Така од 8-от до 14-от ден на користење на лекот. Третманот трае исклучиво 14 дена. Можете да направите пауза од најмалку 7 дена и повторно да ја повторите целата процедура, пак пауза од 7 дена. Кај миоми на матката ленот се користи по 5-6 циклуси од по 14 дена, додека кај цистите доволни се и 2-3 третмани од по 14 дена. Паралелно со употреба на еликсирот со лен, треба да пиете и чај од ајдучка треба, овчарска торбичка, иванско цвеќе, невен, коприва, коњско опавче, жалфија и руса.
27-02-2011, 12:37 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#2

Мелем за проширени вени со рани



Земете 4 супени лажици ситно исецкан сув лист од орев, 3 супени лажици ситно исецкан лист од коприва (најдобро е да ги ставите во блендер и да станат како прав) и 6 супени лажици мед. Сето тоа добро измешајте го и мачкајте ги раните предпладне и попладне. Преку мелемот ставете газа, памук и фиксирајте. Држете 3 часа.
27-02-2011, 12:40 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#3

Традиционален хербален лек за ревматски болки



Кај ревматските болки помага и тинктурата од кантарион. Наполнете едно шише домашна ракија со сув цвет од кантарион (100-150 грама кантарион на 1 литар ракија) и оставете да стои 2 недели на темно место, со повремено протресување на шишето. Процедете и користете за масажа кај реума, костоболка и др. Паралелно со оваа масажа, секој ден пијте по ½ литар чај од лист или корен од целер. Ако правите од листовите, ставете 4-5 гранчиња од целер и само попарете ги со врела вода. Ако правите од корен, исецкајте го на ситни коцки и ставете 2-3 супени лажици од него да вријат 5 минути во 500 милилитри врела вода. За време на интензивните ревматични болки не конзумирајте млечни производи, особено сирење и кашкавал; никако не земајте сувомесни производи и пијте диуретични и чаеви за прочистување на организмот – коњско опавче, лист од бреза, артичока, корен од зајачки трн, коприва, чичок. За намалување на болките, секое утро земајте по една чаша вода и една лажичка ѓумбир во прав. Ги намалува болките за кратко време.
27-02-2011, 12:41 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#4

Убав бронхијален сируп



50 грама лист и цвет од црн слез (или корен од бел слез); 50 грама камилица и 50 грама нане се ставаат во 1,5 литар ладна вода да отстојат 6 часа. Потоа течноста се процедува и полека се загрева до пред вриење. Паралелно во посебно тенџере се шпинува (згорува) 600-700 грама шеќер и во него се додава врелата течност. Врие додека се растопи шеќерот, по што се става во стаклено шише. Сирупот е со пријатен вкус и се користи како превентива во зимските денови и кај настинки, бронхити и други бронхијални заболувања кај децата и возрасните. Децата можат да пијат 4-5 лажички дневно, а возрасните до 6 супени лажици дневно. Сирупот е со пријатен вкус и се користи како превентива во зимските денови и кај настинки, бронхити и други бронхијални заболувања кај децата и возрасните. Децата можат да пијат 4-5 лажички дневно, а возрасните до 6 супени лажици дневно. Во сирупот наместо шпинуван шеќер, може да се стави 1 тегла мед, со потсетување дека медот не се меша со течност која има повисока температура од 60 степени целзиусови.
27-02-2011, 12:43 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#5

Рецепт „МОРСКА ВОДА“ за синуси



Во една чаша (200 мл), малку топол чај од рефус камилица се става една мала (кафена) лажичка мед, две капки јод и на врв на нож – сода бикарбона. Се меша и од добиената течност 3-4 пати дневно се прават гаргари во траење од 1-2 минури; Освен гаргари, 3 пати дневно чајот се става во носот – 2-3 лажички од чајот се става во раката и се вшмркува низ носот (или се вбризгува со тенок млаз со пипета или шишенце со капкомер). Паралелно со гаргарата и вшмркувањето, се пие чај од ајдучка трева, црн слез, лист од капина, бозел, нане и тегавец, а добро за синусите е повремено да се капнуваат во носот по неколку капки масло од жолт кантарион. Кај силни воспаленија на синусите се прават и инхалации со босилок.
27-02-2011, 12:45 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#6

На граница на чудесност се традиционалните лекови, откаде знаеле што и во кој однос да измешаат и се` тоа без никаква модерна опрема...
Чаре за чир на желудник: чаша ладна вода на празен стомак наутро и лажичка слатко од цели немелени и неисечени смокви пред појадок. Така едно месец до месец и пол и симптомите драстично ќе се намалат...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
28-02-2011, 07:13 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#7

Chaj protiv vospaleni jajnici


[Image: 223349_337754534959_226722159959_1301773_1072758_a.jpg]


Se meshaat 6 supeni lazhici pchenkarna svila i po 4 isti lazhici

mechkino grozje, neven i majchina dushica.Se zemaat 4 supeni lazhici

od ovaa smesha i se varat vo 1/2l voda 10-15 minuti.Koga chajot ke se

izladi se pie tri pati dnevno pred jadenje po edna sholja.
06-05-2011, 11:42 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#8

HAHETO ги ублажува болката, воспалението и инфекцијата


[Image: nane.jpg]


Нането е една од најпознатите билки која одамна се користи во народната медицина. Денес е лек против многу болки, тегоби, воспаленија и инфекции, се користи за правење чај, за етерични масла, лекови и козметички производи. Нането е долгогодишно тревно растение. Расте на височина од 70 сантиметри и има исправено, разгрането стебло...

Како се бере

Се бере додека е младо, а се суши на топло и темно место. Сушеното нане треба се издроби и да се чува во јутена кеса. За неговата лековитост најзаслужни се активните состојки на ментолот.

Што лекува...

Чајот од нане помага кај воспаление на жолчниот меур. Заборавете на чајот доколку страдате од чир на желудникот, бидејќи ја иритира слузокожата и предизвикува зголемување на киселоста на желудочниот сок. Иако чајот од нане често се користи за лекување на настинка и опуштање на мускулите, ментолот од нането може да биде премногу силен и да ја иритира слузокожата. Во секој случај, шолја чај од нане помага во варењето на масна храна, го зголемува апетитот, ги олеснува менструалните болки и мачнината. Како средство за надворешна употреба, маслото од нане може да се користи за лекување на главоболки и напнатост. Маслото од нане, не треба да го ставате на лице, врат или тил, на доенчињата и на мали деца. Концентрацијата на ментолот може да биде толку силна што може да предизвика проблеми со дишењето.

Проверени рецепти

Масло против главоболка

Истурете половина шолја ракија во пет лажички нане и оставете да стои две недели на топло место кое не е директно изложено на сончева светлина. Откако ќе отстои, исцедете го и чувајте го во добро затворено обоено стаклено шише. Кога ќе имате главоболка, измасирајте ги слепочниците со маслото.

Инхалација

Три лажички суво нане (или неколку капки масло од нане) се истура во чинија и се прелива со зовриена вода. Дишете над чинијата десет минути, а притоа главата одозгора да ви биде покриена со пешкир.
10-03-2012, 02:02 PM
Reply
Accipiter82
Unregistered

 
#9

Цвеклото сојузник на Вашето здравје

Цвеклото е двогодишно растени со темноцрвен вретенест корен и темнозелени листови и спаѓа во најкорисни и најлековити градинарски култури. Се користи целото растение и може да се употребува во текот на целата година. Богата е со витамини и минерали и може да се јаде без ограничувања.
Цвеклото изобилува со хранливи материи и ги содржи речиси сите минерални состојки калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум, бром …и уште многу корисни состојки кои го подобруваат здравјето.

Повеќе за цвеклото
29-09-2013, 05:07 PM
Reply