Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 11 Vote(s) - 3.82 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЕВСКИ ПОНУДИ ИЗБОРИ-ШТО КЕ ОДГОВОРИ БРАНКО?????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Црвенковски: Ако има и едно фалсификувано ливче и Тунис и Египет ќе му бидат тесни на Груевски

Младен Чадиковски 30.03.2011



Гостин во вестите на А1 Телевизија е Бранко Црвенковски, лидерот на опозицијата. Македонија се наоѓа пред клучни избори по многу параметри. Повеќе не се работи за идеолошки или партиски разлики туку за политики пресудни за тоа каде оди оваа држава.

Затоа се очекува валкана кампања. Излегувате на избори во време кога владејачката партија користејќи ги полугите на државата е веќе во кампања. Со каква изборна програма ќе одговори СДСМ?

- Власта никогаш не излегла од валкана кампања. Од првиот ден кога ја преземаа власта, тоа е нивниот главен механизам. Злоупотреба на медиумите, шпекулации, измислици, дискредитации на луѓето. Тоа е нивното клучно и најважно оружје. Оружје кое што го користат без било какви предрасуди. СДСМ веќе подолг временски период ја изработува својата изборна програма.

- Таа ќе биде во целост заокружена за неколку дена и ќе биде промовирана пред македонската јавност. Накусо, централната тема ќе биде економијата. Како да се привлечат повеќе инвестиции, да се отвораат нови работни места, да се зголеми стандардот на граѓаните, да се намали невработеноста, да се намали сиромаштијата во оваа земја. Ќе ги промениме приоритетите.

- За нас ќе биде поважно да ги нахраниме гладните, отколку да правиме скулптури, да ги излечиме болните, отколку да поставуваме споменици, да ги школуваме и вработиме младите, отколку да градиме музеи и многу клучно прашање, да ја отвориме и зацврстиме, да стане јасна и недвосмислена европската иднина и перспектива на оваа земја.

- Овој народ мора да знае каде се движи, каде оди оваа земја, да знае дека таму ќе стигне.

Груевски ве обвини дека повеќе од еден месец, ја завлечкувавте јавноста, со тоа што не прифаќате избори. Зошто се откажавте од позицијата на бојкот, ако не верувате во демократскиот капацитет на Груевски?

- Во капацитетот на Груевски дефинитивно не верувам и тоа не само јас, туку и најголем дел на граѓаните во оваа земја. Има бројни докази за тоа и тука во земјата, меѓутоа оценките доаѓаат од надвор, доаѓаат од нашите стратешки пријатели, од оние кон кои што сакаме да се придружиме.

- Ако во Вашингтон и во Брисел оценуваат дека во Македонија има проблем со владеење на правото, проблем со слободата на медиумите, проблем со положбата на цивилниот сектор. Тоа е јасно дека оваа власт е недемократска и во Македонија нема демократија.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото. : http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Vid...tID=136169
(This post was last modified: 31-03-2011, 01:53 AM by ЈорданПетровски.)
31-03-2011, 01:52 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

5 јуни е дефинитивниот ден на избори.

http://www.time.mk/read/9d75e0a0de/20305...index.html
31-03-2011, 02:27 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(30-03-2011, 08:59 PM)hristo Wrote:
(30-03-2011, 03:23 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(30-03-2011, 02:36 PM)hristo Wrote:
(30-03-2011, 02:33 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Македонската диаспора е пресилкана состојба во Македонија.
Во Македонија нема НАЦИОНАЛНО единство околу МАКЕДОНСКИОТ ПАТ. Неможе да има ни во диаспората. Пак доаѓаме на основното: ДОДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА ГРАЃАНИТЕ НЕ ПОЧНАТ ДА ПРЕПОЗНАВААТ ШТО Е ВИСТИСКОТО И БИТНОТО РЕШЕНИЕ ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ, ДИАСПОРАТА НЕМА ДА МОЖЕ ДА ИЗВРШИ ВЛИЈАНИЕ.

Точна констатација. А, си се прашал ли Јордане, зошто е тоа така? Кој ке го даде одговор на ова најважното прашање, го дава решението на македонскиот проблем.



Ние ја даваме ТОЧНА КОНСТАТАЦИЈА Христо но вие во Македонија неската да ја слушнете. Несакате да ја слушнете бидејки бара од вас да се борите. Да ја победите УДБа и КОС. Бара да се спротивставите вистински на лажните "опозиционери" во: партиите, телевизиите, весниците, политичките аналитичраи, интелегенцијата ..... Друг пат Христо биди уверен дека нема.

Јордан, си се праша ли некогаш зошто КОС/УДБА не помина кај Словенците, Хрватите, конечно и кај Црногорците. Да, и кај Бошњаците и Албанците. Сите живеевме во иста земја, секаде владееја исти правила . “ ...од исте болести сви смо биле пелцовани...“. И таму УДБА/КОС врешела терор, и таму убивала и репресирала. Но, кога дојде одлучувачко време тие народи најдоа сила , спремност и волја да се изборат за својата слобода. Затоа прашав: “
Quote:А, си се прашал ли Јордане, зошто е тоа така? Кој ке го даде одговор на ова најважното прашање, го дава решението на македонскиот проблем.
Не е проблем во УДБА/КОС! Секој тоталитарен режим сака да владее над луѓето. Но,како можеа другите народи да се изборат за својата реална самостојност, а ние таа да ја глумиме за потреба на режимот на Милошевиќ ( Србија). Да не е друго во прашање. Не сакам да си ја отварам душата, можеби грешам, па ке дадам можност другите да дадат попрецизен, пологичен и пообјективен одговор.

(17-03-2011, 02:34 PM)Solenik Wrote: Се согласувам дека мора да се дејствува, но луѓето, кои се целта на нашето делување, не можеме на сила да ги освестиме. Она што можеме да направиме е до ги споделиме нашите искуства, мисли и знаења со светот. Како рибари да фрлиме мамка, а дали некој ќе гризне повеќе зависи од самите "рипки". Нашите пораки треба да бидат поделени на различни начини, затоа што сите луѓе се различни, па за секој човек нема еден ист лек да фати.

За ослободувањето да се случи мора да има созревање не само кај потчинетите, туку и кај потчинителот. Она што го користам како пример со Црнците и Индија. Во овие два случаи, просветувањето се случило кај потчинителите, но не кај доволно голема маса од потчинетите. Земи го Гадафи за пример: можеби дел од неговиот народ веќе е свестен, ама џабе им е, оти тој и тие околу него не се свестени. Дури и да успее превратот, таму ќе осатнат Гадафиеви лојалисти кои ќе продолжат да пакостат.

За контраст, Американската револуција е пример за рамномерна свестеност кај потчинетиот и потчинителот, па дури и да го земеме примерот од есејот што ми го прати со класната борба со САД од 19-20 век. Англиската власт и како и крадците-барони се свестиле дека за самите нив има повеќе ќар од подобри услови за нивните потчинети. Во Југосавија, СССР, а денес во републиките оф тие драви, суеште ниту едните, ниту другите се свестени.

Mенувањето на Милошевиќ докажа дека не е само до промена, туку народот мора да знае што промената мора да донесе: сите нудат "подобар живот", "достоинство", "работа и богатство за работничките класи" итн. Пак е до народот да ги разбере понудите, да ги проучи и да донесе суд за онаа понуда која е реална и која ќе може да ги даде ветуваните резултати.

Затоа, впрочем крадат и Грујовисти и Бранковисти: оти народот не знае што значат нивните ветувања. Народот не сваќа дека кога Грујо вели дека "гради триумфални порти со цел да го зацврсти достоинството и да го одбрани идентитетот на македонскиот народ" (парафразирам); всушност тој отвара прилики за негови блиски да крадат државни пари преку тендери. Kога Бранко вели дека ќе ја "стави Македонија на патот кон евроинтеграции", тој впрочем вели дека ќе продолжи да ја проституира државата додека неговите загари се богатат, за него да го слават како бог.

Патем, можеби некои од осатнатите бивши Ју-републики во одредена мера со во подобра состојба од Македонија, но само Словенија е велезена во НАТО и ЕУ. Во останататите сеуште ровари УДБОмафијата.

Сепак, да не се лажеме, овие тенденции кон Југосвера, или било каква нова Ју-алијанса не се случајни. Факт е дека во голема мера граѓаните од никоја од бившите републики (со голем исклучок на Словенија) не си ги исполнија своите соништа кога тргнаа во барањето отцепување од Југославија. Оти, главниот дел од населението не разбра дека семето на проблемот не е во постоењето на Југославија како федерална држава, туку во системот со кој беше уредена. Ние, ВМРО СДРМА (Слободна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка), подоцна ПРАВДА, знаевме зошто сакаме надвор од Југославија: оти баравме пазарна економија, а пазарната економија носи вистинска слобода. За жал остатокот, кој се палеше на "светињата" на буквите, или на "великите" држави, сеуште бара социјализам. Оти, дури се бара нешто-за-ништо, до тогаш ќе има корумпирана држава, скапани политичари и криминал од секаков вид. Прочитајте ги следните неколку колумни на децата на Јордан, и ќе ви се разјаснат некои од овие тези.

(26-03-2011, 07:22 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote: За успехот на било која "револуција", односно темелита промена во општественото уредување подребни се две работи: просветлување на потчинетите маси и просветлување на потчинувачите на масите. Колку и да сакаат да бегаат од вистината, и едните и другите се дел од општеството. Кога на поттиснувачите ќе им стане јасно дека со прогрес на целото општество нивната благосостојба се подобрува, тогаш тие ќе ги пуштат уздите на државата. Поттиснувачите не се Премиерот, Владата, Транзициските бандити. Поттиснувачите се самите маси кои им дозволуваат владеење на овие фунцкионери. Во Македонија околу 600.000-1.000.000 гласачи се пасивни. Тие се поттиснувачите, оти кај нив е моќта да се направи суштинска промена на политичката реалност во државата. Математиката е проста, 500.000 гласови даваат власт. Оваа маса мора да застане зад партија која е чиста од УДБомафијата, од транзициски курви и истрошените вејки на ветерот, да се застане зад партија која што ќе вети намалување на ингренциите на држвата, односно помало мешање во животите на граѓаните. Ќе не' прашате која е таа партија. Во догледно време Групацијата и Комитетот ќе се изјаснат. Но, доколку ние кажеме гласајте за овој или за оној, тогаш "ви даваме риба, наместо да ве научиме да ловите риба" (простете на вулгарноста). "Револуцијата" ќе е зрела кога самите Македонци ќе почнат да ги препознаваат чесните луѓе, самите тие ќе им пристапат, и самите тие ќе речат "што можеме да сториме да ја подобриме состојбата за нас самите".

Време е за Македонија да погледне напред, затоа, баталете ги истрошените политички ѓубриња кои ја маткаат државата сиве овие години. Од нив аир нема, си се покажаа колку вредат сите тие.

Вистинското прашање е дали Македонското граѓанство е подготвено да престане да ги брка виножитата на комунизмот, и да се зафати за работа.
31-03-2011, 02:56 AM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 

We <3 izbori.

Do 5 juni se ke bide prekrasno, prolet na pobedata nad komunizmot.
Nova renesansa na makedonskata kultura, ekonomija, sport.
Grujo ke pobedi 4:1 i zasekogas ke gi otstrani predavnicite, kodoshite, i kako bonus za ogromnata pobeda ke dobie pratenicki mesta vo evropskiot parlament.
Grcija ke se pokori, ke ni go vrati delot i taka Nikolce ke dobie status na marshal kako onoj na Tito. Makedonskiot narod srekjen i bogat, ke ja obedini bivsa Jugoslavija.

Dobra bajka neli.
31-03-2011, 10:57 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,469
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(31-03-2011, 02:56 AM)Solenik Wrote: Вистинското прашање е дали Македонското граѓанство е подготвено да престане да ги брка виножитата на комунизмот, и да се зафати за работа.

Quote:Растурање на политичките машинерии

[Image: 9AA149F65B5B3C47AE61A95E3410D6F1.jpg]

„Во овој период Старата Гарда беше заинтересирана единствено за градење на партиската машинерија, утврдување на партиската лојалност, како и со здобивање и делење политичка патронажа - вработување и други услуги - за себе и за своите следбеници“. Ова не е опис на актуелната политичка сцена во Македонија, туку на политичката сцена во САД кон крајот на 19 век. Според Џејмс К. Вилсон, во тој период еден од осум избирачи во Њујорк имал вработување во администрацијата - федерална, државна или локална, а токму федералната администрација била значаен извор на работни места. Се зборува дека само во тамошната царинарница работеле илјадници луѓе, кои буквално сите до еден биле менувани при промената на владејачката партија. Другиот значаен вработувач биле американските пошти. Овој феномен на политичкиот живот во демократски услови се нарекува „политичка машинерија“ и се дефинира како модел на партиско организирање каде што членството се регрутира со ветување за опипливи придобивки - пари, работни места, или други можности за давање услуги од избраните власти. Политичките машинерии се одликуваат со висок степен на контрола од партиското раководство врз партиските членови.

Нормално, Американците рано забележале дека ваквиот тип партиско организирање е рак-рана која метастазира низ крвните садови на демократијата. Самите политички машинерии, пак, се еден таков вечно гладен ѕвер кој постојано треба да се одржува со нови вработувања, нови услуги и купишта пари. Во американски услови, средствата се обезбедувале со злоупотреба на јавните финансии, како и со партиско рекетирање на успешните бизниси. Некои политичари, а и некои политички династии стекнале огромни богатства и длабоко се вкорениле во американскиот партиски систем, токму во овој период.

Разбивањето на политичките машинерии течело бавно. Првите реформи биле поврзани со ограничувањето на можностите за изборни нерегуларности, а потоа се удрило и на начинот на кој се избирале кандидатите за функции. С` до тој период, изборот се вршел во зачадени соби во кои големите партиски босови ги усогласувале ставовите. Резултатот најчесто доаѓал во форма на безбоен и уплашен политичар кој за возврат требало вечно да им биде должен. Наместо тоа, реформаторите го предложиле методот на основни (примарни) избори, внатре во самите партии, каде што членовите требало демократски да одлучуваат за својот иден партиски кандидат. Во тој период (првите неколку децении на 20 век), полека почнува и употребата на референдумот и граѓанските иницијативи за да се заобиколат машинериите кои ги затнувале крвните садови на демократијата. Што се однесува, пак, до партиските вработувања во јавната администрација, Америка во 1881 година конечно осознава дека нешто мора да се стори за тоа прашање кога претседателот Гарфилд бил убиен од еден од своите приврзаници затоа што партискиот лојалист сметал дека не ја добил заслужената позиција во администрацијата. Серијата промени во законодавството и борбата за напредување според заслуги, а не според партиска припадност трае безмалку с` до средината на 20 век. Денес, на федералните државни службеници им е забрането да учествуваат во политички кампањи или да имаат високи партиски функции, не смеат да се борат за каква било политичка функција пред да ја напуштат службата и редица други забрани поврзани со партиската работа. Единствено може да гласаат и лично да даваат парични донации за кампања. За жал, иако партиската злоупотреба е безмалку целосно искоренета во федералната служба, на локално ниво машинериите с` уште успеваат да најдат начин за функционирање. Што се однесува, пак, до злоупотребата на јавните финансии, тука битката главно се води со зголемувањето на прозрачноста во јавните набавки, како и постепеното елиминирање на можностите за коруптивно работење.

Така што, се поставува прашањето дали по цел век и половина активна борба за реформи, конечно е скршена моќта на политичките машинерии со Америка? Одговорот, за жал, не е целосно потврден. Имено, точно е дека веќе не постои класичната политичка машинерија во Америка, но и ден-денес политичката класа наоѓа можности за наградување на своите партиски активисти. Американските политолози дури зборуваат и дека по секој реформски удар, политичката машинерија наоѓа начин повторно да ги поврзе конците и да ги осознае и нијансите на новите политички правила, а некои дури тврдат дека постои и нова форма на политичката машинерија која се развива за донациите за водење кампања, дадени од богатите личности или, пак, од силните социјални движења. Интересен е и фактот дека Америка, во моментов, има претседател кој целата своја кариера ја поминал токму во пазувите на најсилната американска политичка машинерија - чикашката организација на Демократската партија.

Другата школа на мислење, пак, тврди дека моќта на политичките машинерии ослабела како резултат на промената на политичката култура, образованието, животниот стандард и воспоставувањето на широка држава на благосостојба во Америка, па веќе не е потребно партиите да даваат социјални услуги и пристап до работно место.

Во секој случај, кај граѓаните, нивниот активизам и нивната борба лежи одговорот дали и натаму ќе постојат политичките машинерии. Секоја сличност со македонските партиски состојби во овој текст, се разбира, е сосема намерна.

Ивица Боцевски

Izvor

An inch today is tomorrow’s mile.
31-03-2011, 02:34 PM
Reply