Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 11 Vote(s) - 3.82 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЕВСКИ ПОНУДИ ИЗБОРИ-ШТО КЕ ОДГОВОРИ БРАНКО?????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#61


Quote:Љубчо Ѓеоргиевски се враќа на политичката сцена во Македонија“

Љубиша Николовски
23.02.2011 19:44



Гостин во вестите на „Илинденска“ без број, е поранешниот премиер Љубчо Ѓеоргиевски, почесен претседател на ВМРО Народна.

Љубчо Ѓеоргиевски, постојана провокација за новинарите, една од контроверзните личности, со своите изјави, основач и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сега почесен претседател на ВМРО Народна партија и поранешен премиер.

Како ви се чини владата од овде, далеку или блиску?

- Далеку.

Веќе јавно се говори дека Љубчо Ѓеоргиевски се враќа на политичката сцена, дали е тоа така? Како и кога?

- Да, Љубчо Ѓеоргиевски се враќа на политичката сцена во Македонија. За 20. март независно од оваа најнова дискусија дали ќе имаме предвремени избори или ќе нема предвремени избори, ние подготвуваме генерално собрание во МНТ, каде што на некој начин официјално ги отпочнуваме активните подготовки за новите избори.

- Првично мислевме дека ќе бидат редовни, меѓутоа сега можеби ќе бидат и вонредни. Значи тука сме. Љубчо Ѓеоргиевски ќе ја води кампањата на ВМРО Народна партија, на идните, независно предвремени или редовни избори.

Вашиот претседател Додовски, пред неколку денови во Охрид изјави дека партијата е подготвена, дали навистина е така? Дали е спремна да учествува или да ја освојува власта?

- Ние сме подготвени за избори и покрај тоа што, како и другите опозициони партии, мислиме дека е подобро тие избори да бидат некаде јуни, јули. Меѓутоа независно од тоа сметаме дека ако сега се распишат предвремени избори, дека сме подготвени до одиме и на предвремени избори, сега во овој момент.
24-02-2011, 01:20 AM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#62

E sea neka se drzi VMRO-DPMNE , site protiv VMRO , kako nekogas , ama sepak sega e OVA INTERESNO koj e koj ovde , SDSM plus negovi sateliti ama ubavina BRANE TITE ANDOV ZINGO PAVLE LJUBCE LJUBE sea i D.D ili FILIP ili KERIM koj e koj , a samo VMRO-DPMNE

Ako se uspee da se izbori do JUNI ima da se registrirat PARTIII i toa onie protiv ENCIKLOPEDIJA ,PROTIV SKOPJE2014 , PROTIV CRKVA ,lavovi, spomenici , i sto ne , ZEMJODELCI TUTUNARI MLEKARI STECAJCI

Abe ajde NIKOLA GRUEVSKI sega i vednas i NAROD e toj koj ke kaze za kogo e , ama po se ke gi gledame za posleden pat ja na izbori ja u PARLAMENT i POTOA LIBERTAS za MAKEDONSKIOT NAROD
24-02-2011, 02:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#63

Quote:Макрадули: СДСМ останува надвор од Парламентот до соодветен одговор на барањата


Пратениците од СДСМ остануваат надвор од Парламентот се додека нема соодветен одговор на нивните барања, изјави денеска Јани Макрадули, потпретседател на Собранието и пратеник од опозициската СДСМ.

[Image: thumbnail.php?file=jani_makraduli_582514...cle_medium]

- Клучот за отклучување на политичката криза е кај оној што го има, а тоа е единствено премиерот Никола Груевски без разлика колку брзо по неговите настапи спикерот ќе реагира со некакво писмо. Вчерашната прес-конференција на премиерот Груевски само потврди дека тој нема намера ниту да ги прифати условите за воспоставување нормален политички дијалог, ниту да ги прифати предусловите за одржување слободни, фер и демократски избори, изјави пратеникот на СДСМ.

Според него, СДСМ настапи со многу сериозен план, многу прецизно и содржински и временски со, како што рече, разумни, логични и демократски барања и очекуваат премиерот да одговори во врска со него.

За Макрадули координациите што ги свикува Вељаноски се алиби средби, најмалку за решавање на барањата од СДСМ.

Пописот за оваа партија е само статистичка операција што треба да се изврши во даден момент во одредена држава. - Доколку има политичка волја од власта и не служи за поткусурување на коалициските партнери може да се одржи, рече Макрадули.
Нова Демократија бара од владејачките партии да го прекинат пописниот процес, да донесат одлука за отстранување на црквата музеј на Кале и запирање на уставните измени се додека не се постигне меѓуетнички консензус за имплементирање на принципот на Бадентер во Уставниот суд, Судскиот совет и при носење на буџетот.
- Доколку овие три прашања продолжат да ги игнорираат граѓаните на Република Македонија ќе сфатат дека Владата има интерес од меѓуетнички и религиски заострувања, изјави денеска пратеничката Флора Кадриу
(This post was last modified: 24-02-2011, 02:18 AM by ЈорданПетровски.)
24-02-2011, 02:16 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#64

По кој пат во последниве три години се врти насловот “Љубчо Георгиевски се враќа на политичката сцена“? Аман веќе, па зарем до толку е важно да бидеме потсетувани...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
24-02-2011, 04:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#65

(24-02-2011, 04:30 AM)МрачниотКоњаник Wrote: По кој пат во последниве три години се врти насловот “Љубчо Георгиевски се враќа на политичката сцена“? Аман веќе, па зарем до толку е важно да бидеме потсетувани...



Мора да не убедат дека тоа ни е изборот. Грујо, Бранко, Љупчо и ке уфрлат по некој "нов" Љубе, Филип да ни покажат еве се е демократски...
24-02-2011, 04:47 AM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#66


Quote:ЕРВАН ФУЕРЕ, АМБАСАДОР НА ЕУ


Избори не се решение за проблемите


Евроамбасадорот Ерван Фуере по повеќе од пет години од доаѓањето во Македонија, на своето заминување се соочува со истата атмосфера во земјава - бојкот на парламентот. И покрај тоа што политичките успеси не може да ги стави на преден план, за најголем успех на своето амбасадорување го смета односот што го изградил со граѓаните и можноста да биде до нив.

Во меѓувреме, вели дека не било с` така негативно. Македонија го доби кандидатскиот статус, но работите почнаа да се одвиваат на начин што предизвика проблем во политичкиот дијалог. Во 2008 имаше проблематични избори, кои го нарушија демократскиот кредибилитет на земјата. Потоа, според Фуере, 2009 беше навистина добра година, со доследни напори во реформите, но и добри избори. Tогаш имаше добар напредок, а наградата беше препораката на Европската комисија за почнување преговори за членство. „Навистина мислевме дека тоа ќе биде значајно охрабрување за Владата конечно да го реши прашањето за името и да продолжи со реформите“, вели Фуере. Сега, додава тој, се враќаме назад на старите навики за бојкот на парламентот, кој не е практика што се очекува од земја-кандидатка за членство во ЕУ. Тоа е навистина чекор назад.

l Што мислите, што е причината за ваквата ситуација?

- Тоа е комбинација од повеќе фактори. Немаше доволно напори и ангажман од сите политички партии, па недовербата, која постоеше само се продлабочи и негативно влијаеше на работата на парламентот. Нема конзистентен пристап кон реформите, па ситуацијата само се влошуваше и се влошуваше. А тоа влијае и врз меѓуетничките односи. Тензии се појавија во повеќе области, па дури и во образованието. Имаше поделба на училиштата, што не е добро, бидејќи е спротивно на духот на охридскиот договор. Владата, на пример, ја усвои Стратегијата за интегрирано образование, што беше поздравено како многу позитивен охрабрувачки знак, но ако не се спроведува, која е поентата. А не се спроведува како што треба.

l Пред една година рековте дека ако не добиеме набргу датум за преговори тоа ќе влијае негативно на меѓуетничките односи. Го мислите ли с` уште тоа и дали последните случувања, особено инцидентот на Кале, се резултатот?

- Кале не е директен резултат, туку комбинација на фактори и во тоа нема сомневање. Сите планови за поставување споменици или за тоа што ќе биде на Кале се чувствителни прашања, а бидејќи овде се работи за мултиетничко општество со добра соработка на религиозните заедници, тензиите се создаваат поради недостаток на дијалог. Но, тие тензии можеа да се избегнат.

l Кој ги создава тензиите?


- Претпоставувам дека овие одлуки се донесени од Владата за да се почне со плановите за реконструкција, кои требаше да бидат предмет на јавни дебати. Финалниот резултат би бил одраз на разноликоста во религиите, традициите, како и културните и историските разлики на етничките заедници. Случајот со Кале само покажа колку е кршлива ситуацијата. Неопходно е сите политички партии, во што ќе предничи владејачката партија, да создадат клима на дијалог и консултации и да обезбедат соодветна транспарентност за да не се случи да се разбудиме едно утро и да видиме уште еден споменик или нешто друго. Зошто да се прави тоа ноќе, нема потреба од тоа. Се работи за пари од граѓаните и треба поголема транспарентност.

l Мислите ли дека меѓуетничките односи сега се загрозени?


- Би рекол дека се затегнати, сигурно, поради неуспехот да се прифати чувствителноста што дефинитивно постои во општеството, како и поделбата меѓу различните етнички заедници. Затоа тие што се во власта имаат поголема одговорност да се ангажираат за дијалог и дискусии. Годинава имаат можност со 10-годишнина од охридскиот договор да ги реафирмираат принципите врз кои треба да опстане мултиетничкото општество.

l Многупати бевте критикувани од Владата поради вашите изјави, а еднаш дури рековте дека Владата е малку агресивна. Која е причината - не сакаат да ги прифатат ставовите од ЕУ или е нешто лично?

- Не знам, навистина, треба да ги прашате нив. Но јас не сум единствениот што е критикуван. Моите колеги од дипломатската заедница, европарламентарци, Зоран Талер... Но, ние сите сме овде за да ~ помогнеме на Македонија. И ако има ситуации на критицизам го правиме тоа на начин прецизно да го привлечеме вниманието на лидерите и на Владата на некои области на кои навистина треба да им се обрне внимание. Нашата надеж е дека еден ден тие веројатно ќе сфатат дека пријателите се таму за да им ја кажат реалноста, таква каква што е. Во спротивно, пријателството е безначајно. Сите изјави што ги дадов беа доследни и одраз на извештајот на ЕК. За жал, лани кога го презентирав извештајот, единствените коментари од Владата беа за македонскиот јазик и немаше друга дискусија за сите препораки. А факт е дека лани имаше примери на назадување на реформите.

l Имаме ли доволно време да се вратиме на вистинската патека со оглед дека годинава извештајот ќе се објави порано?

- Секогаш има време. Но, ако има предвремени избори, тоа ќе влијае на реформскиот процес, како и на прашањето за името, кое стои нерешено. Гаѓаните навистина очекуваат јасни насоки од политичките партии и од Владата бидејќи с` уште има сериозни економски проблеми, невработеноста е неприфатливо висока, социјалните услови за многу луѓе се многу тешки. А странски инвестиции не доаѓаат и с` додека нема јасна слика каде оди земјата, за жал, нема да има подобрување во однос на странските инвестиции. Значи фокусот мора да е на овие предизвици.

l Дали предвремените избори ќе значат уште една загубена година за реформите и за прашањето за името?

- Сигурно ќе има влијание. Не знам колку долго ќе трае тоа, бидејќи зависи колку време ќе одземат изборите. Дали ќе се решат проблемите ако има избори? За жал, не, тие ќе останат. Ако има нерегуларности, тоа уште повеќе ќе ја врати земјата назад. Затоа, мора да се создадат соодветни услови за слободни избори. Има уште многу да се направи од препораките на ОДИХР. Избирачкиот список треба да се прочисти, а Владата рече дека ќе заврши со тоа до крајот на мај. Сериозно прашање е и можноста за заплашување, особено на државните службеници. Ако атмосферата е како сега, конфронтирачка, напаѓачка меѓу различни лидери, што е ужасен пример, тоа ќе создаде многу негативна клима за избори. Тоа мора да се избегне.

l Европската комисија очигледно не е задоволна од ситуацијата во земјава. Можно ли е повлекување на препораката за почеток на преговори?


- Тоа не се случило претходно и не би сакал да шпекулирам. Но треба да се има на ум дека Комисијата ги има сите овластувања да го направи тоа што смета дека треба да го стори. Годишниот извештај е слика на тоа што земјата постигнала, а што не постигнала. Навистина, одговорност на Владата е да направи с` што може за да ја одржи земјата во реформскиот процес. Но, реформите треба да бидат ефикасни зашто досега гледавме усвојување закони, но не гледаме спроведување. Тука се и тие како законот за антидискриминација, кои не се во согласност со ЕУ-стандардите.

l Ако оваа ситуација продолжи, кои ќе бидат наредните чекори на Брисел?


- Тешко е да се одржи мотивацијата за реформите, но Владата мора да одговори на предизвикот и да продолжи. Предвремените избори ќе го отежнат тоа, а јасно е дека ќе го свртат вниманието и од решавањето на прашањето за името. Сите мислевме дека по изборите во 2008 и 2009 владата има златна шанса навистина да оди напред и конечно со Грција да го реши името. За жал, не видовме напредок каков што сакавме да видиме. Но, сигурен сум дека кога ќе се реши тоа, позитивно ќе влијае на сите други прашања.

l Според ЕУ, остануваат главните проблеми, вклучувајќи го и судството. Премиерот неколкупати рече дека судството е независно, што мислите вие за тоа?


- Несомнено дека имаше напори за тоа, но реалноста на терен е дека с` уште има многу политичко мешање во судските процеси. Тоа не може да се демантира. Има многу, многу примери. Има многу области во кои се неопходни големи напори, но најтешко е да се спречи мешањето во судскиот систем, вклучувајќи и мешање во назначувањето на судиите. Тоа мора да запре еднаш засекогаш. Така ќе се зголеми и довербата на јавноста во судството.

Другата критична област е јавната администрација и повеќепати рековме дека од витално значење за успешна евроинтеграција на земјата е таа да биде професионална и деполитизирана. За жал, има повеќе случаи на именување луѓе од политички причини и иако многу од службениците се обучувани со пари од земјите-членки на ЕУ, некои од нив се тргнати на страна, со што се негира финансирањето на обуката на јавните службеници. Се сретнав со многу одлични државни службеници, но за нив е демотивирачки ако се плашат дека од политички причини ќе бидат тргнати на страна. Во многу министерства, за жал, од политички причини, тие се тргнати. Тоа е пораз за целиот процес на реформа на јавната администрација.

Медиумите се уште една област каде што продолжуваат конфронтациите, а тоа не е корисно за позитивна клима. ЕК беше јасна откако лани имаше случаи на вперување прст во одделни медиуми или новинари. Тоа само ја засили негативната атмосфера.

Жана П. Божиновска



Дали Фуeре ке беше против избори ако Бранко прифатеше избори сега.
24-02-2011, 09:56 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#67

(24-02-2011, 12:00 AM)Тозовац Wrote: Еве му ја на БЦ картата за да си изигра пак по негово (избори во Јуни).Можеме да видиме дека ни под разно не се враќаат во Собрание повеќе сакаат да бидат “меѓу народот“ душебрижници.Вака поставени работите треба само свесно да расудуваме дали вреди нашиот глас да го дадеме за било која од овие две опции.Од две зла не треба да се избере ниту едно бидејќи имаме избор , а тоа се неважечки ливчиња.Го поддржувам Никола и апелирам до сите кои се решени “од две зла да го изберат помалото“ нека го изберат својот дигнитет пред се бидејќи дали мали или големи сепак се работи за ЗЛА.

Se_klanjamYeaSe_klanjam
24-02-2011, 02:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#68



Quote:Политички барометар - Граѓаните скептични дека изборите многу ќе сменат

Половина од испитаниците сметаат дека во овој момент во земјава нема услови за фер и демократски избори


[Image: nasl%5B34%5D.jpg]

ури 41 отсто од граѓаните се против одржување предвремени избори, а 40 отсто од нив мислат дека дури и да дојде до промена на власта на изборите, општата состојба во земјава ќе остане иста, покажа ад хок анкетата што ја направи агенцијата „Рејтинг“ за „Нова Македонија“.

Овие резултати, добиени во истражувањето спроведено деновиве, додека позицијата и опозицијата се пазарат за времето на одржување на новите избори - април или јуни - ја покажуваат недовербата на граѓаните дека новото гласање ќе промени нешто драматично во начинот на управување на проблемите со кои се соочува државата.

Познавачите на домашната политичка сцена, и пред резултатите на анкетата, предупредуваа дека по изборите не треба да се очекуваат големи промени, сеедно дали власта ќе се смени или ќе остане истата - со нов продолжен мандат.

Во истражувањето, од оние 54 отсто граѓани што мислат дека треба да има предвремени избори, 31 отсто сметаат дека јуни е посоодветен термин за тоа, а 23 отсто го претпочитаат април. Незначителни 5 проценти од испитаните граѓани не знаат кое време е навреме за предвремените избори.

Иако овие проценти на прв поглед упатуваат на можен поттекст, кој би го покажал и евентуалното гласачко расположение на граѓаните, истражувачите велат дека бројките не можат да се посматраат на ваков начин.

- Оние 31 отсто што сметаат дека јуни е посоодветен термин не можат да се посматраат како поддржувачи на опозицијата, која го бара овој термин за избори, како што и оние 23 отсто што го претпочитаат април не би можеле да се сметаат за поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, кое го предложи април како време за гласање. На испитаниците едноставно април им е прерано, зашто речиси е март - велат истражувачите од „Рејтинг“.

Вкрстените анализи врз основа на етничката припадност на испитаниците покажаа дека граѓаните од македонската заедница во поголем процент имаат негативен став за одржувањето предвремени избори - 42 отсто, за разлика од граѓаните од албанската заедница, кои во 37 отсто се против нови избори.
Април е премногу блиску, сметаат испитаниците, меѓу другото и поради пописот, кој веќе претходно беше закажан за овој термин, кога повеќето држави во регионот, па и во Европа, ја закажаа операцијата на статистичко пребројување на граѓаните и домаќинствата.


24-02-2011, 03:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#69


Quote:Пописот и изборите

Повеќе од половината граѓани, дури 57 отсто, сметаат дека пописот не треба да се одложи поради предвремените избори. Одложување на пописот им е прифатливо на 38 отсто испитаници, а само 5 отсто одговориле „не знам“.

Вкрстените испитувања според етничка припадност покажаа дека дури 69 отсто Албанци во Македонија се за одложување на пописот поради предвремените избори. Овие резултати се совпаѓаат и со барањето на албанските партии за друг термин на пописот - во летните месеци.

За разлика од овој висок процент граѓани од албанската заедница што би го одложиле пописот, граѓаните од македонска припадност, во речиси исто толкав број - 67,5 отсто - не се одложување на оваа статистичка операција.

[Image: ank1.jpg]

Нема услови за фер избори

И додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ играат отворен покер на тема избори, условувајќи се едни со други со предуслови и услови за кои сметаат дека ќе им ја подобрат изборната позиција, граѓаните веќе ги прочитаа нивните намери.

Додека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа два од четирите услови на СДСМ, што СДСМ го оцени како „немање намера за исполнување на предусловите што ќе обезбедат слободни, фер и демократски предвремени избори“, граѓаните веќе имаат дециден став дека во Македонија во овој момент не постојат такви услови.
Половина од испитаниците, 51 отсто, сметаат дека во овој момент во земјава нема услови за фер и демократски избори. Разликата во мислењето е позабележлива при вкрстените анализи на добиените резултати. Кај албанската заедница дури 67 отсто од испитаниците сметаат дека услови за фер избори - нема. Тој процент е помал кај граѓаните од македонска припадност и изнесува 46,4 отсто.

- Досегашните искуства покажуваат дека повеќе манипулации во изборните процеси имало во избирачки места со доминантно албанско население, па затоа негативниот став кон ова прашање е поголем кај албанската заедница - велат во истражувачкиот тим на „Рејтинг“.

Најголемото изненадување на анкетата, сепак, се добиените одговори на прашањето „Ако дојде до промена на власта на изборите, каква ќе биде општата состојба во Македонија?“.

Речиси половина од испитаниците (40 отсто) сметаат дека општата состојба ќе остане иста дури и да се промени власта, а 24 отсто мислат дека ќе биде дури и полоша. Оптимизам и верба во подобрување на општата состојба во земјата имаат 30 отсто од анкетираните.

Вкрстените анализи на одговорите покажуваат високо совпаѓање на мислењата по ова прашање и кај Македонците и кај Албанците.

Така, 42 отсто од испитаниците од албанска припадност мислат дека состојбата во земјава ќе остане иста дури и ако се смени власта на изборите, што е само малку повеќе од граѓаните од македонската заедница (39,6 отсто) што го делат истото мислење.

[Image: ank2.jpg]


Многу големи пораки од анкетава. Полека но сигурно им иде крај на Бранковци и Грујовци. И покрај толку силната пропаганда на политичко полициското подземје, граѓаните на Македонија се повеке се "имунизираат".
24-02-2011, 03:18 PM
Reply
Rekax
Unregistered

 
#70

(21-02-2011, 02:56 PM)goran16ta Wrote: Црвенковски одговори - НЕ!
СДСМ не ја прифати фрлената ракавица на Груевски за предвремени избори. На прес – конференцијата на СДСМ која се уште е во тек, Црвенковски изјави дека предвремени избори ќе има, само доколку се задоволат нивните барања за враќање во собранието, меѓу кои и деблокирање на сметката на А1 телевизија, весниците Шпиц, Време и Коха е Ре.

ВМРО пак, на пресс конференција ја повтори понудата на Груевски „Избори за 60 дена - откако опозицијата ќе се врати во парламентот
izvor

бране сквиче и ја свитка опашката Icon_lol
treba da si glup ili da si retardiran da odis na izbori kakvi sto ponuduvaat segashnata vlast . kratko receno pLemieLot saka da go ima samo nego na tv i sam da si se fali so negovite gluposti , za zal vo drzavava mnozinstvoto na naselenieto e so edvaj osnovno obrazovanie i e lesno za manipulirajne za zal plemielot go koristi toa .svesen i samiot plemiel deka ja gubi podrskata od narodot i nego mu gori pod noze pa da pobrza za na izbori dodeka ne se svestile site koi gluposti gi pravi ovaa vlada , vo trka so vremeto sea plemielot e toj so samiot saka da ima sto poskoro izbori ocekuvajki deka negoviot rejting e seuste visok , no se lazi toj e mn mn mal kaj zasega neopredelenite glasaci , edinstveno mu preostana da si kupuvaat glasovi so toa sto povtorno ke delat reshenija za rabota vo i taka veke PRENATRUPANATA administracija . tuka vo taa rabota gi manipulira tie luge koi ke gi izgubat svoite mesta po smenata na vlasta bidejki i onaka se visok na rabotnici vo administracijata .da podsetime na startot koga dojdoa na vlast site mozi da najdeme snimki vo arhivite na tv stanicite i da gi vidite kako se deklariraa i kako izgledaa i sea po 5 godini napravete sporedba .. neznaea sto e laptop ,sto e odelo za vo parlament , za razlika od sea so nivnite Iphone . laptopi , kostimi od i po 2000 3000 evra... epa da ubava e vlasta , mozes da mu zemas na narodot da go kradis za svoj interes i da vrabotuvas tvoi rodnini i prijateli koi nemaat vrska od toa rabotno mesto .. vazno e tie se zarobenici i ke glasaat za Plemielot ..
A toa deka Branko se kriel .. toa nemozam da go svatam kako toa se krie koga plemielot Nikolce izbegava tv dueli bidejki tamu nema odnapred postaveni prashajna na koj toj samiot treba da si si odgovori .znae deka branko mozi da iznesi fakti za negovite preku 20 30 matni zdelki koi gi krie , no ne za dolgo i tie ke izlezat na videlina eden den .
pozz do site Anti Vmro simpatizeri
24-02-2011, 07:38 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#71

(24-02-2011, 07:38 PM)Rekax Wrote: pozz do site Anti Vmro simpatizeri



Of-topic

Rekax, ти пожелувам добредојде на форумот од екипата на Котле.
24-02-2011, 08:09 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#72

(24-02-2011, 07:38 PM)Rekax Wrote: pozz do site Anti Vmro simpatizeri

Овде нема Aнти ВМРО. Има антигрујовисти.

Бидејќи го спомна БЦ: дали мислиш дека тој е подобро решение за Македонија?
24-02-2011, 08:17 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#73

Луѓе дајте бе нека се направи една тема за "Надеж" и дел по дел да анализираме и да можеме преку тој проект да ги видиме наредните делувања на опозицијата....ај ако има некој позаинтересиран и поупатен нека отвори една таква темичка и нека ја залепи словенечката програма за узбуна Icon_razz
24-02-2011, 10:20 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#74

24.02.2011 19:27



Уривање на владата на Груевски на следните предвремени избори стана врвен приоритет на партиите од опозицијата, без разлика дали доаѓаат од идеолошката левица или пак од десницата.

Сите единствени во незадоволството од начинот на практикување на власта на ВМРО-ДПМНЕ: Потребата од окрупнување по вертикала е очигледна. Црвенковски, Петковски, Андов, од една страна е можностите за здружување на Ѓеоргиевски, Бошковски, Петровски од друга страна.

„Она што може да се случи евентуално е да се формира блок на десното крило на идеолошката оска, која што би предизвикала условно фрагмантирање на гласачкото тело на десницата која што е моментално сконцентрирано во ВМРО-ДПМНЕ и тие како политичка партија се свесни за тоа и токму затоа го држат добро и го убиваат во старт, секој политички противник, го дискредитираат“, изјави Владо Мисев.

Сликата ја дополнуваат албанските политички партии. ДПА засега дејствува самостојно како и НД но, за неа веќе се говори дека контактира со ДУИ.

Сепак и покрај идеолошките разлики сите се сложни дека власта е неможно да се освои без учество и удел на најголемата опозициска партија СДСМ.

Водени од политичкиот прагматизам за нив е небитно дали на чело на оваа партија ќе стои до вчера нивниот лут непријател Бранко Црвенковски или некој друг.

„Оваа група на луѓе, различна по политичките сфаќања или погледи, сфаќа дека имаат само една важна цел и тоа не е нивна лична цел, тоа е цел на оваа земја. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Груевски, да замине што побргу и тоа не е ситна работа, тоа е многу крупна цел и кога ќе се појде од таа цел, се друго е полесно објасниво“, вели Ѓунер Исмаил.

Иронично но, вакви дилеми се појавуваат токму во кругови на самата СДСМ или меѓу некои симпатизери на партијата.

„Во таа смисла, трагични се заблудите на некои луѓе, дека Бранко Црвенковски е главната кочница. Бранко Црвенковски да потсетам во последниве две години е главниот громобран на опозицијата, на себе ги влече сите громови, евтини громови на ВМРО-ДПМНЕ но, во таа смисла тој е пак човекот кој што сите овие отрезнети политички сили ги обединува и ќе ги обединува до денот кога владата на Груевски ќе си замине. Што ќе биде потоа, тоа е тема за која што ќе разговараме“, објаснува Ѓунер Исмаил.

Без разлика дали изборите ќе бидат во април или во јуни трката за доверба на гласачите почна. Победата ќе ја однесе онаа партија што ќе ги придобие сега неопределените.


Vcera napisav moi pogledi za toa sto i koj ke se zdruzi pak protiv VMRO_DPMNE bez namera da toa go prifati ANALITICKIOT CENTAR na SDSM i negovite SLUZBI i go sprovede i primeni realno pred otpocnuvanje na IZBORI vo RM , smetam deka toa e plagijat i zloupotreba na avtorski prava , prestanuvam da pisuvam na KOTLE se do zavrsuvanje na IZBORITE oti nemam namera da pomagam t.e da odmagam da VMRO-DPMNE izgubi i edno pratenicko mesto za racun na zelbi na ZDRUZENA DESNICA i ZDRUZENA REOSTANATA LEVICA toa ne e moja cel i namera , zatoa doviduvanje do zavrsuvanje na IZBORI , a paricna naknada za zloupotreba ke baram za zastita na AVTORSKI PRAVA po cena na pazar vo EVRA
24-02-2011, 10:50 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#75

Quote:КОЛУМНА
Избори или не
четврток, 24 фебруари 2011 22:19


За дибеците, "cеланецот" и македонскиот граѓанин


Натпреварот за титулата “Најголем дибек на сите времиња” влегува во климаксна фаза. “Ајде Никола, да одиме на избори!”, или во превод “Ајде копиљ на ферка после 6-ти час!”. “Не го прифаќаме блефот на СДСМ. Не одиме на избори.” или во превод ”Ти ли бе копук на мене ќе ми кажеш! Можам да те скршам од ќотек, ама нејќам.” “Ајде Бранко сега веднаш на избори!”, или во превод “Ферка на голем одмор!” “Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се подготвени да ги прифатат условите за воспоставување на нормален политички дијалог и за враќање на СДСМ во Собранието на Република Македонија.” превод “Што бе копиљ, коските ќе ти ги скршам, ама не нејќам!”



Се свести "cеланецот"!



На голема мака се војсководците на двете најголеми македонски навивачки групи… мислам: политички партии. Соочени со реалноста дека крајот им се ближи, како давеникот што се фаќа за сламка, на секаков начин се обидуваат да се дограбат до уште некој ден власт. И едниот и другиот, во услови на слободна пазарна економија не би можеле да бидат ништо повеќе од чистачи на јавни тоалети, но и таа споредба е навреда на чесната институција.

Да имаа барем два грама ум, и двајцата ќе си се пресметаа, и ќе заклучеа дека и она што го добиле до сега е премногу во споредба со она што го заслужиле. Но како комарџијата кој не знае кога да престане, оти имал “жешка рака”, така и двајцава волови само туркаат напред: во небиднината!

Гробарот, кој за нијанса е поотракан од Дежурниот Шутрак Војвода, од поодамна е свесен дека деновите му се одбројани. На Селанецот… мислам Шутракот свеќата на откровението му светна по случката на Калето. Од две основни причини: прво - виде дека не бил вистински војвода, туку Шутрак Војвода, па соглсасно, комитите кои го опкружуваат биле само шутраци; и второ – виде дека сите негови оправдувања дека “Бранко е крив за се’”, односно, дека всушност тој е само патник во возилото со кое некој друг далечиниски управува - се вистина!

Деветјуговиќкиот Шутрак нема влијание, ниту контрола во својата коалиција. Покрај сите обиди да се заташкаат досиејата од Белград, за кои ДПМНЕвците се испокршија да им завршат работа и да ги прикажат како фалсификувани, случките кажуваат спортивна приказна. Веќе е речно, но, не е на одмет да се повтори, оди повторувањето е мајка на знаењето:

Соочен со времето, Гробарот се обидува да извлече една последна селска финта од неговиот аристократски задник. Дворските досиеја беа негов обид низ притисок врз ДУИ да ги истисне од коалицијата со Шутракот. Не само ДУИ, Гробарот и неговите газди "из отаџбине", притискаат и врз останатите партнери на ДПМНЕ. Некоја “виша сила”, привидно ги секна досиејата, но, затоа пак од крајот на ноември се изнагледавме какви се’ не циркуси во режија на Ж’тите.

Резултатот на циркусите пред да започнат беше премногу комплициран за Шутракот да може да го предвиди. Иако рејтингот на Гробарот не расне (барем не така брзо како оној на Шутракот, пред се' бидејќи тој одамна го удри подот), рејтингот на Шутракот паѓа. Влажните соништа на Портокаловите дека ќе владеат сто години бргу ги расипува светлината на новиот ден.

Како што предвидовме во нашиот коментар во врска со настаните на “Перо Наков без број”, на општото граѓанство му стана јасно дека Груевски е човек помножен со нула. Дури и оние кои беа подготвени да гласаат за него под максимата “Помало од две зла,” нагло почнуваат да го менуваат своето мислење.

Во овие услови сосема вистинска станува можноста дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори, но ќе ја изгуби можноста на формира влада. Едниствената шанса да ја спречи оваа варијанта за Шутракот е преку што поскори избори. Неговиот проблем е, што иако ја доби битката оваа недела, во сликата на поцрвенетиот Црвенковски кој рече “пу-пу не важи”, сепак, Груевски со прифаќањето на предизвикот на Ж’тите и формално му ја предаде сета контрола врз ситуацијата на неговиот ривал. Изборите ќе се случат тогаш кога Гробарот тоа ќe го посака.

Шутракот кој живее во куќа од огледала, заслепен од својата самобендисаност, почна да си верува во спинот кој им го продаваше на граѓаните. Сега, знае кој е шефот на кенефот. Се свести "cеланецот", ама изгледа го испушти и последниот воз. Да прифатеше избори минатата есен, сега Шутракот ќе си имаше уште еден мандат в’раце. Сега, колку и да го ита Бранета – џабе!

Се свести Граѓанинот



Од сиве овие глупости и превирања кои тлеат подолго време, но влегоа во турбо фаза од “Ноќта на не-така-долги ножеви”, иако привидно нема ништо корисно; вистината е дека самопрогласената политичка елита на Македонија постојано и се’ пожестоко се декласира самата себе си. Секој нов ден носи со себе нова глупост, нова нискост: секој нов ден абдалите кои се претставуваат себе си како лидери на народот и незнам какви државници без кои не се може, си ги покажуваат своите вистиниски неспособни, некултурни, некреативни лица.

Добитникот од сето ова е всушност македонскиот граѓанин, во чие име наводно сево ова се случува. На актериве кои се надеваат да си го продолжат театарот кој го глумат со децении наназад не им е јасно дека, всушност тие несакајќи тоа и го постигнуваат; нивната пропаст е ќар за народот.

Рејтинзите на сите “засегнати странки” – излитени, изветени, издувани балони – се во слободен пад. Интересно нешто се случува во Македонија: аристократијата го губи приматот! Вечната лага дека некои се “благородни” по род, додека остатокот се отроци чија едниствена задача на светот е да им служат на “благородниците”, конечно испарува и во нашата Татковина. Народот, полека, но сигурно ги учи практичните животни лекции.

Народот им дава шут-карта на аткуелните политичари. На сите до еден. Во Македонија нема политичка личност или партија за која повеќе од двесетина проценти од избирачкото тело има поволно мислење. Односно, единствените кои имаат поволно мислење за било кое политичко тело се исклучиво оние кои зависат од истите.

Македонскиот граѓанин, кому му требаше дваесетина години политички да созрее, полека но сигурно тоа и го прави. Никакви очајнички повици на насилство, кои требаше да придонесат за нова криза во државата не го намамија ниту македонскиот граѓанин, а богами ниту македонскиот селанец.

Што сега?



Ќе се навратиме на мислата од погоре: Да имаа барем грам ум, Црвенковски и Груевски ќе си се пресметаа и ќе си заминеа заедно кон зајдисонцето. Да имаа грам ум меѓу двајцата, ќе им станеше јасно, не само оти на народот му се згрозени и двајцата, и сите нивни човекојадци сателити, туку уште повеќе: дека на победникот на изборите кои следуваат, доколку не го подобри чарето, нему навистина може да му се случи народот, па и нешто повеќе. Не дека со тоа народот ќе си го подобри чарето, сепак, барем оној кој најмногу им го згорчува животот ќе ја има привилегијата да го почувствува нивниот гнев.

Секако, во стилот на еден друг кумровачки ѓак, и нашиве титови пионерчиња ќе се борат до “последната капка крв.” Или додека не им загори доволно под нозете, па ја фатат мајката за некоја Тунгузија. Во никој случај нема да го направат она што е чесно, достоинствено и зрело: да се повлечат од политичката сцена, и да им дадат прилика на некои поумни, поспособни и подостоинствени луѓе да бидат чуени и видени од народот, за да можат да ја избават државата од калта во која овие дибеци ја заглавија.

Во име на Групацијата на Ветерани Дисиденти
при Комитетот за Демократизација на Република Македонија


Шакале
25-02-2011, 03:56 AM
Reply
aleksandar-alex
Unregistered

 
#76

kako prvo ke se izjasnam kako clen na vmro-dmpne vece 10 godine ali moze vece da se kaze bifsi clen se odrekuvam javno od vmro-dpmne i od premierot moja gledna tocka za izborive e na makedonija i treba novo lice nekoj nepoznat vece makedonskiov narod da stavi kraj na ova vladeanje na VMRO-DPMNE ili SDSM kako sto gledame i ednite i drugite kradat prvo ednite pa koga ke gi napunat dzepovite aj na ovie malce da im ja prepustima vlasta oni malce da se napunat posto vece gi ispraznile i taka do nedogledDevil3 treba makedonskiov narod da stane da se pobuni isto kako sto e vo egipet ili libija i da kaza kraj na lopovlukot na gruevski i familijata. na mekedonija i treba novo lice ali i treba zakoni koj i da dojde na vlast prvo da mu se ispita celata imotna sostojba i vo tekot na mandatot da se nadgleduva a nesto ne stima kako sto treba odma vo zatvor mislam ako pocne da krade ali edno 10 godini i sve da mu se zapleni dodeka ovaa ne se napravi makedonskiot narod ke bide ovca i omaluvazuva od nasive premieri,go povikuvam javno premierot neka iskoci nadvor i neka vidi kako mu zivee narodot posle ova enormno poskapuvanje narodot zivee samo od leb i voda ali i toa bajat lep e gospodine gruevski do kade ke ide tvojot bezobrazluk ne bidete slep
05-03-2011, 08:53 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#77

(05-03-2011, 08:53 PM)aleksandar-alex Wrote: kako prvo ke se izjasnam kako clen na vmro-dmpne vece 10 godine ali moze vece da se kaze bifsi clen se odrekuvam javno od vmro-dpmne





Of-topic

Aleksandar-alex ти пожалувам добредојде на форумот од екипата на Котле.
05-03-2011, 09:13 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#78

(24-02-2011, 07:38 PM)Rekax Wrote: treba da si glup ili da si retardiran da odis na izbori kakvi sto ponuduvaat segashnata vlast . kratko receno pLemieLot saka da go ima samo nego na tv i...
Што ги прави овие избори со онолку вонредно неповолни услови за разлика од претходните? Објасни ако може.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
06-03-2011, 05:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#79



Quote:Македонија

Жерновски: Блефот на СДСМ му носи поени на Груевски


Скопје, 10 март - Игрите на најголемата опозициска партија му носат политички поени на Никола Груевски во момент кога тој е соочен со слабите резултати од неговото владеење, вели пратеникот од ЛДП, Андреј Жерновски коментирајќи ја новонастаната ситуација за можната оставка на уште еден член од ДИК по заминувањето на претседателот Александар Новаковски.

„Овие игри на дел од опозицијата, на најголемата опозициска партија во моментов ги осудувам затоа што му носат политички поени на Груевски. Овој блеф го зајакнува Груевски и тоа во моменти кога тој реално е соочен со слаби резултати од неговот владеење. Не сакам да се мешам во внатрешната политика на СДСМ тоа е сериозна партија со одлуки кои што си ги носат во своите органи меѓутоа прочитан е овој блеф и тој блеф не и носи добро на Македонија“, вели Жерновски во интервју за Журнал.мк што целосно ќе биде објавено во петок.

Според Жерновски, тажно би било кога граѓанин на Македонија ќе излезе на избори незадоволен од резултатите на Груевски, а единствена алтернатива би му била Бранко Црвенковски, токму поради тој факт ЛДП планира да понуди квалитетна и сериозна платформа.



ЛДП планира да понуди квалитетна и сериозна платформа Pos23Pos23Tuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niPosPosPosPosPos
10-03-2011, 03:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#80






КОНЕЧНО БРАНКО ИЗЛЕЗЕ И КАЖА:


Quote:Црвенковски: Доста беше перчење и чаламење, ајде да се договориме па да одиме на избори!


Прес конференција, СДСМ

[Image: branko%20press3.JPG&imgSize=150&CropH=150]
Бранко Црвенковски, претседател
Скопје, 11.03.2011 година


Почитувани,

Во изминативе 20тина дена сведоци сме на една срамна и примитивна кампања од страна на ВМРО-ДПМНЕ во која ги вклучија сите свои медиумски мегафони и партиски експозитури меѓу невладините организации, здруженија на граѓани, синдикати и студентски организации.

Основниот слоган е: „Избори веднаш и без било какви услови“ или со други зборови „Избори само по теркот на ВМРО-ДПМНЕ“.

И уште:„Ако не прифатите избори какви што ние сакаме-СДСМ се плаши од народот“.

Го поставувам следново прашање пред целата македонска јавност:

- Од што ли се плаши Груевски кога не сака никаков договор со опозицијата?

- Какви ли стравови го мачат кога реши сам да си го напише Изборниот закон и да ја прати, замислете, министерката за полиција да го образлага тој закон пред јавноста?

- Зарем вистината за „огромните успеси“ на сите полиња на оваа преродбеничка власт зависат само од една телевизија и три весници па тие мораат да бидат затворени по секоја цена пред почетокот на изборната кампања?

Господине Груевски,

Ние не се плашиме од избори, ние бараме предвремени избори и тоа час поскоро! Но, треба и мора да сфатите дека нема фер избори без договор меѓу власта и опозицијата.

И вие може да се кочоперите колку сакате, може да не прозивате и нас и мене лично и по стопати на ден, бидете убедени дека суетата нема да ни проработи, а нервите фала богу ни се далеку појаки од вашите.

Или ќе има договор или на изборите сами ќе одите.

Ценети присутни, почитувани граѓани,

Денес пред целата македонска јавност уште еднаш ја демонстрираме нашата добра волја за излез од оваа блокада и надминување на политичката криза во која се наоѓаме.

1. Изминативе денови се изнаслушавме пророштва од страна на власта дека со цел да купиме уште две недели ќе сме ја предложеле Тања Алтанџиева за претседател на ДИК со што ќе се испразни нејзиното место член на комисијата.

Да, ако сакавме да купиме време ќе го направевме тоа. Но нам време не ни треба, ние не сакаме опструкција, ние сакаме избори.

И затоа за претседател на ДИК го предложивме Борис Кондарко. Уште еднаш предупредуваме дека изборот во Собранието без присуство на опозицијата можеби е легален но дефинитивно не и легитимен.

2. Што е уште позначајно денес излегуваме со нова иницијатива на добра волја. Во целиот изминат период наш предуслов за почеток на меѓупартиски преговори за условите за одржување на избори беше повлекувањето на одлуката за замрзнување на сметките на А1, Време, Шпиц и Коха е ре.

Од тоа наше барање ние не отстапуваме и на неговото исполнување ќе инсистираме до крај. Но денес тоа веќе не го сметаме за предуслов за почеток, туку за предмет во меѓупартиските преговори.

Со други зборови, ние сме подготвени веднаш да седнеме на преговарачка маса со сите релевантни парламентарни партии и да изградиме консензус околу Изборниот закон, Законот за медиуми и сите останати услови за одржување на демократски и фер предвремени парламентарни избори.

За таа цел го повикувам премиерот Груевски во најбрз можен рок да свика Лидерска средба на која би го договориле начинот на кој би се одвивале меѓупартиските преговори.

Господине Груевски, Вие сте на потег.

Ние сме подготвени и со добра волја.

Ако навистина сакате фер и демократски избори прифатете ја оваа иницијатива, оваа подадена рака.

Доста беше перчење и чаламење!

Ајде да се договориме па да одиме на избори!

петок, 11 март 2011



Quote:Црвенковски: Власта ме прислушува

Македонија | 11. март 2011 - 14:05

Лидерот на опозицијата ја прифати поканата од Груевски за тет-а-тет средба. Вели дека била негова идеја за која е убеден дека Груевски ја дознал зашто е прислушкуван

[Image: ggggggggggggggggggggggg.jpg]

СДСМ ја прифаќа поканата за билатерална средба но повикува и на одржување на лидерска- ова пред малку го соопшти претседатлот на партијата Бранко Црвенковски. Обвини дека идејата била негова, и тоа била целта на денеска закажаната прес конференција, но власта која го прислушкува му ја украла и ја испратила поканата 10 минути пред обраќањето на Црвенковски.

СДСМ покажа конструктивност со тоа што не ја предложи Тања Алтанџиева туку Борис Кондарко за претседател на ДИК што покажува дека партијата сака избори сега и веднаш но не под условите на Груевски, рече лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски.

„Ако власта сака да го изгласа претседателот на ДИК без опозицијата, тој избор ќе биде легален, но не и легитимен“, рече Црвенковски.

Соопшти дека во иднина одблокирањето на сметката на А1 нема да биде пречка за меѓупартиски разговори.
11-03-2011, 03:02 PM
Reply