Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МОДЕЛИ НА ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#61

(31-03-2011, 02:10 PM)Nikola Wrote:
(31-03-2011, 02:03 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Македонскиот државен врв веке одбрал државно уредување. Еве што вели советникот на председателот Иванов :


http://www.sitel.com.mk/video/makedonija...lternativa

Грабежот кој го извршија баш оние СОЦИЈАЛИСТИЧКИ деца го нарекува капитализам. Истите крадат, истите лажат, истите ќе не враќаат во комунизам. Колку дрско и безобразно. Народе опамети се кој ти ја води државата 20 години.

Se_klanjamSe_klanjamSe_klanjam BravoBravoBravo
31-03-2011, 03:14 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#62

(31-03-2011, 03:14 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(31-03-2011, 02:10 PM)Nikola Wrote:
(31-03-2011, 02:03 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Македонскиот државен врв веке одбрал државно уредување. Еве што вели советникот на председателот Иванов :


http://www.sitel.com.mk/video/makedonija...lternativa

Грабежот кој го извршија баш оние СОЦИЈАЛИСТИЧКИ деца го нарекува капитализам. Истите крадат, истите лажат, истите ќе не враќаат во комунизам. Колку дрско и безобразно. Народе опамети се кој ти ја води државата 20 години.

Se_klanjamSe_klanjamSe_klanjam BravoBravoBravo

Можеби им е малку, па затоа пропагираат "нов" социјализам.
31-03-2011, 03:25 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#63

Quote:Пишуваат Петар и Душан Петровски

Created on Wednesday, 06 April 2011 14:21


Општество на разум (5)

За недостатоците на Социјализмот и вовед во Либертаријанството (3)

Поглед во двете водечки нијанси на социјализмот денеска, ќе му овозможи леснотија на читателот во однос на согледување на нивната тиранија, но и општа штетност по квалитетот на животите на поедниците кои ги сочинуваат општествата владеани од овие полни-со-недостатоци идеологии.

Првин, со неколку примери ќе ги претставиме пропустите на христијанскиот социјализам. Редовното одење в’црква, молењето, постењето и останатите религиозни ритуали влијаат добро на оние луѓе кои за возврат добиваат духовен и душевен мир, чиста совест и оптимизам. Од друга страна, истиве постапки кај некои друѓи поедници носат драстично спротивни резултати: песимизам, страв, депресија, психоза. Трети не се согласуваат со фактичноста на религијата, додека четврти со нејзината чесност, како и со искреноста на нејзините институции. Многу од христијанските морали се позитивни, како за поединецот, така и за општеството, но, и самото Евангелие порачува дека секој Човек мора да си изгради своја лична врска со Господ. Тогаш, туркајќи нечије толкување на аманетот кој го оставил Христус се коси со самата негова порака.

Оттука следи прашањето дали законите треба да забрануваат постапки од кои нема жртва? На пример: дали проституцијата треба да е против-законско дело доколку се спроведува во согласност на странките кои учествуваат во истото? Слично и со таканаречните забранети супстанци, општо познати како “дрога”. Вистината е дека оној кој има желба да ужива дрога, тој тоа и го прави; повеќето човеци не избегнуваат употреба на дрога поради законската забрана, туку поради последиците кои ги носи дадената супстанца. Резултатите од забраната на одредени супстанци се сосема различни од моралните причини заради кои забраните се носат: правејќи производ нелегален, неговата пазарна вредност експонентно расне што ги привлекува здруженијата на организиран криминал да го тргуваат производот; бројот на уживачи ретко се намалува; со цел да се борат против дистрибутерите и корисниците, полициските буџети раснат, бројот на полицајци расне, а со тоа се намалува нивната ефектвиност—поради разводенетиот квалитет; организираниот криминал ја расипува Државата преку корупцијата на Судството и влијанието врз подмитливите политичари и полицајци. Во случајот на проституцијата, слично, доколку дејноста е дозволена, муштеријата ќе има избор во однос на здравствените стандарди на проститутската институција, додека под забрана, преговорите се држат ислкучиво на основиците, затоа, зголемени се ризиците од пренесливи болести, опасноста од силување на проститутките и трговијата со бело робје; истовремено профитираат макроата, кои соработуваат со расипаните полицајци и судии; и повторно се ‘рѓосуваат институциите кои треба да го чуваат општеството од штетници.

Да погледнеме два конкретни примери: Во канадската провицнија Онтарио, Државата се бори против алкохолот оданочувајќи го експонетно, со цел финансиски да се обесхрабри конзумпцијата на алкохолни пијалоци. Наводната цел на Владата е да се бори притив таканаречениот грев на пијанство. Но, целта не се постигнува. Алкохоличарите, сепак се алкохоличари и пијат до бесвест. Скапоста на алкохолот на пијаниците едниствено им ја намалува куповната моќ во однос на облеката, киријата, хигиенските навики и храната. Најсуровиот пример против христијанко-моралните закони, претставува воведувањето на Законот за прохибиција на алкохолот во САД низ дваесетите и триесетите години на дваесетиот век, момент што денес се бележи како најголемиот едниствен настан кој ја возвишал Мафијата до силата и богатството, поради кои до денешен ден таа е несовладлива. Пиењето, воопшто не стивнало; а откако бил отповикан споменатиов закон, Мафијата се свртела кон тргувањето со други забранети производи: дрога, проституција, нелегални имигранти и во поскоро време, шверц на цигари.

Лесно може да се заклучи дека од праксата на забранување на дејства од кои нема жртва освен самиот уживач, односно од контролирањето на животите на другите, вистинската жртва е Државата—а Државата, тоа сме ние, секој од нас поединечно, здружени. Оттука, логично е да се напушти праксата на христијанско-морални закони: добивката е што на тој начин би се отстранил повеќето од организираниот криминал заради кој општеството го губи мирот, невини луѓе ги губат животите, а Државата се руши од темелите; државниот буџет би бил побогат за даноците кои ќе се собираат од веќе постоечката трговија со ваквите производи и услуги, но и од немањето на потреба од крајно неефикасната “борба” против овие појави од арбитрарно морален или неморален карактер; додека намалувањето на државната адиминистрација ќе значи помала злоупотреба на продуктивниот труд од страна на непродуктивниот.

Доблеста и моралите не можат присилно да му се наметнат на човек: секој ќе биде онолку морален колку што е воспитан, но, почесто, онолку колку што ќе му наложи состојбата. Луѓето со слични морални вредности природно ќе гравитираат кон своите сличномисленици. На оние кои сакаат да ги проповедаат моралите во кои тие веруваат на нивните “божји браќа и сестри” не треба да им биде попречено тоа да го прават, но, истовремено, и тие не смеат да им се натураат на луѓето кои имаат спротивни гледишта на животот. Едноставно, можеби сите не сме предодредени да одиме во Рајот, а во обидот насила да си го најдат патот до таму, не смее да им се дозволи на едни да им го расипат земниот живот на други.[i]

Спротивно на десните социјалисти, кои се обидуваат да стасаат до Рајот берејќи туѓо гајле, се левите социјалисти кои наводно го работат истото, под изговорот на “братство и единство на трудбеничката класа во својата вечна класна борба против трулите капиталисти”, притоа замижувајќи пред фактот дека без претприемашите, Човештвото сѐ уште ќе живее со мајмуните. Како душегрижнички пример на левите социјалити ќе го земеме таканаречениот систем на бесплатно здравство, кое впрочем, како и ништо друго на светот, во никој случај не е беслпатно. Според поддржувачите на оваа идеја, бидејќи сите заедно уплаќаат во фондот за здравство и сите заедно го користат, притоа делејќи ги трошоците на многумина, целото општество има само ќар. Без за сега да навлегуваме во ефикасноста на самиот систем, ќе ги погледнеме подалекусежните последици од социјализираното здравство.

Бидејќи целото општество уплаќа во фондот, од општа полза на сите е сите да се здрави со цел намалување на осигурителните трошоци.[ii] Стручњаците велат дека пушењето е главна причина за низа заболувања и општи здравствени нарушувања, и во име на “заедничкиот интерес”, Политичарот-државник со цел да ги намали буџетските дефицити од неговото неодговорно работење, цигарите ги прогласува за зло кое мора да се искорени. На сличен начин на кој Владата на канадската провинција Онтарио се обидува да се справи со алкохолот, повеќето социјалистички влади на светот се борат против пушењето: преку високото оданочување на производот. Во просек, во цената на секоја цигара влегуваат околу две третини до три четвртини такси и акцизи. Овие даноци ги прават цигарите високо профитен, и последователно производ од висок интерес за здруженијата кои се занимаваат со организиран криминал. Како резултат мафиите купуваат цигари во јурисдикции со низок данок врз цигарите, или си купуваат свои фабрики низ кои произведуваат свои котрабанд цигари и ги дистрибутираат во зони со високи даноци. Пушачите, иако ги чини повеќе, сѐ уште пушат еднакво колку што пушеле и порано; разликата која е резултат на новата повисока цена на цигарите ги спречува да купуваат храна, облека, рекреативни производи, но не и цигари.

И покрај забраните за рекламирање на тутунски производи, нови пушачи повторно има; единствено медуимите кои би заработеле од економско-пропагнадната програма, слично на трговците на храна, облека и рекреативни производи, останале без додатните приходи, затоа поделиле помалку плати, чиј што производ е помалку потрошуавчка и помалку уплатени даноци на приходи. Бидејќи пушачите сѐ уште пушат, фондот за здравство сѐ уште има високи побарувачки. Единствениот добитник е организираниот криминал. Проблемот не завршува тука: бидејќи подземјето има големи суми на чисти неоданочени добивки, овие здруженија имаат потреба да ги легализираат парите. Тоа го прават на два ниачини: ги изнесуваат парите надвор од државата; или нечесно се натпреваруваат на пазарот против чесните стопанственици; не смее да се заборави дека мафиите имаат и пари на располагање за подмитување на политичари, судии и полицајци, што редовно се врши. Жртвата е Државата и институциите кои се цел на криминалното подземје, кое иронично е производ на законите на самите институции.

Алчноста на левите социјалисти ја плаќа целото општество. Тие, за да добијат нешто за ништо, не се грижат за злото кое си го нанесуваат на себе си, а уште помалку за злото кое ѝ го нанесуваат на Државата—односно на секој останат граѓанин. Секој Човек го поседува правото да си наштети на себе си, но не и на друг. Нашата филозофија е проста: не сакам да ми пречиш, не сакам да ти пречам. Доколку некој сака да пуши, нека пуши. Изборот дали тој човек ќе ни е пријател или не, е наш. Слично, доколку некој сака да пие, да користи дрога, да се проституира или да ги користи услугите на проститутка, како и низа слични активности, доколку тоа директно или индиректно не ни прави повреда на нашите лични слободи, слободно нека го работи она што го сака. Изборот дали ние со нашите пари ќе гласаме за ресторант каде што пушењето, прекумерното пиење, дрогирањето или проституцијата се дозволени, е повторно наш. Доколку некој е зависник на дрога, алкохол или цигари, избор на вработувачот е дали ќе го вработи или не; секој поединец кој е во контакт со него ќе реши дали ќе му е другар.

Здравјето на секој поединец е негова лична грижа: негово тело, негов избор. Како што стануваат зависници од алкохол, никотин или дрога, од истите причини луѓето стануваат зависници и од спортот, работата или гледањето телевизија, да споменме неколку. Зависноста е хемиска реакција во мозокот при што како производ на одредено дејство се случува испуштање на ендорфини, и како таква е помалку резултат на самата супстанца, а повеќе резултат на нејзиниот корисник; односно, зависникот има зависнички карактер. “Бројноста на пивниците не е причината за постоењето на наклонетост кон пијанчењето меѓу обичните луѓе; туку нивната налконетост кон пиењето им дава причина за постоењето на пивниците.” (“Богатството на Народите”, II.V; Адам Смит) Истовремено, Државата го нема мандатот да му наложува на Човекот дека тој мора да биде “здрав” или “морален”; единствениот нејзин мандат е да го штити нејзиниот граѓанин од повреда на неговиот суверенитет. Натурајќи му нешто, како задолжително здравствено осигурување, му го нарушува тој личен суверенитет. Како што од досегашниот текст може да се заклучи, таквата постапка е само првиот чекор до конечното одземање на сета негова слобода.

Наместо државен здравствен фонд, оној кој сака здравствено осигурување, може да купи приватно—кое ќе биде поефикасно, и каде приватното осигурително претпријатие ќе врши позитивна дискриминација, при што оние кои претставуваат помал ризик за заболување ќе добиваат подобри услови. Наместо постојана безизлезна и залудна војна против организираниот криминал во име на морали, секој нека се грижи за својот пат до Рајот. Кога нема нелегални производи, нема производи за нелегална трговија. Доколку некој е комунист, нека се собере со неговите “другари и другарки” и нека си формираат комуна. Ниту Државата, ниту пријателите или соседите немаат мандат да го нарушуваат суверенитетот на друг Човек; само родителот има право да се грижи за своето малолетно дете. Браќа и сестри се луѓе родени од исти родители; пријатели и другари се луѓето кои имаат допирни точки; луѓето кои ја делат Државата се сограѓани: нивен заеднички интерес е да ја сочуваат Државата чувајќи си ги своите лични интереси.

Доколку демократијата без слобода е безпредметна, тогаш, самиот Граѓанин мора да е свесен за ограничувањата кои самиот си ги поставува преку разните закони кои наводно се носат од грижа за другарите сограѓани. Умнот курс на постапка тогаш е Граѓанинот да си ги симне од себе синџирите на социјализмот и да тргне непречено во потрага по својата среќа.

[i]Авторите се верници Христијани.

[ii]Всушност, од слична корист на системот е краткиот животен век, поради тоа што постарите луѓе се поголемите потрошувачи на здравствени услуги, но овој пат ќе ја занемариме таа евентуалност, поради причината што демократските политичари во никој случај нема да проповедаат рана смрт, иако постојано активно работат во таа насока.

(Продолжува)

Авторите се членови на советот при Комитетот за демократизација на Република Македонија
06-04-2011, 09:08 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#64

Quote:Нено Богдан


ПOД ФEHEPOT




Лекот за проблемите што го мачат нашето општество многумина го гледаат во тоа „народот конечно да излезе на протести“. А лекот не е таму. Вината за светската економска криза многумина се склони да ја бараат кај „алчноста на капиталистите“. А вината не е таму. Зад овој начин на размислување кој е присутен и во многу други полиња стои принципот опишан во познатиот виц за пијаницата што го загубил клучот, со кој и ќе започне денешнава колумна.

1. Вицот за пијаницата: имено, некаде околу полноќ, еден човек минувал по една улица и забележал некој пијаница како бара нешто во просторот на тротоарот осветлен од уличниот фенер.

На прашањето од минувачот што бара толку упорно и очигледно без успех, пијаницата одговорил дека пред околу еден саат му паднал клучот од дома. На прашањето „како е можно цел саат да го бараш клучот таму и да не го најдеш“ добронамерниот минувач добил одговор од пијаницата дека клучот не му паднал таму, туку во блискиот тревник.

„Па оти го бараш тука кај што не ти паднал клучот, оти не отидеш да го побараш во тревникот, каде што самиот велиш дека ти паднал? – прашал зачудено минувачот. На што добил одговор, типичен за еден пијаница кому алкохолот му го зел умот: „е па глупчо, нели гледаш дека таму во тревникот е темно, овде под фенерот го барам клучот оти тука е осветлено!“

2. Што фајде од протести: мантрата која постојано ја повторуваат сите кои се разочарани од постојниот систем, но немаат идеја што треба да се промени за да биде подобро гласи: „абе треба овој народ, работниците, студентите, пензионерите, социјалците, конечно да излезат на улица, да кршат, да палат, да фрлаат камења и молотови коктели, па конечно да се свести владата и сите политички партии дека вака веќе не може, вака веќе не смее“.

Во некои европски држави ова веќе е дел од реалноста. Во Франција моментално се во тек масовни протести на кои учествуваат милиони луѓе кои се незадоволни од економската и социјалната положба во која се наоѓаат. Во Грција веќе подолго време така размислува голем дел од населението, па секојдневно таму има штрајкови и протести на незадоволните граѓани.

Но што фајде од тоа?

Еве во Франција актуелно е барањето да се спречи продолжувањето на работниот век и да може и понатаму Французите да одат во пензија со навршени 60 години старост (без оглед на стажот), а не како што сака владата француска, да биде границата за пензионирање крената на 62 години.

Оваа реформа е сосема јасно зошто не им се допаѓа на работниците – оти ќе мораат да работат подолго, а кој сака подолго да работи? Од друга страна, уште појасно е зошто владата сака да ја крене границата на пензионирање: пензискиот фонд нема доволно пари за да исплаќа пензии, па мора да се намали приливот на идни пензионери за да не колабира за неколку години пензискиот систем и потоа ама баш никој да не може да зема пензија.

Значи нема пари државата, а истото е причина и за проблемите на Грција, каде што нема веќе кој да ѝ позајмува на грчката влада и со тие пари таа да дели 14та плата на вработените во државните претпријатија, великодушни субвенции, инфраструктурни и други градежни проекти и слични раздавања на пари од кои во изминативе децении се научија да зависат најголемиот дел од грчките граѓани.

Значи нема пари.

И како со протести и штрајкови и нереди ќе се реши проблемот со немање пари? Дали ако демонстрантите испокршат доволно излози и запалат доволно автомобили и автобуси од некаде ќе дојдат пари?

Очигледно, тука станува збор за принципот од вицот за пијаницата под фенерот. Државата ја загубила способноста да им дава пари на граѓаните кои зависат од тие давања, и сега граѓаните го барат излезот во протести и штрајкови, иако се свесни дека така нема да ѝ помогнат на владата да најде пари.

3. Како да се подобри школството кај нас: очигледно е дека нашиот образовен систем е во ужасно лоша состојба. Очигледно е дека најчесто како краен продукт на тој систем многу ретко се случува да излезат стручњаци кои можат да се снајдат на пазарот на трудот, ами главно се добиваат интелектуално осакатени млади луѓе кои не само што не знаат да работат, ами и уште пострашно, се убедени дека само затоа што имаат диплома се многу паметни и нема потреба нешто друго да научат.

Мантрата на политичарите кои се обидуваат да го оправат образовниот систем во изминативе децении беше дека „треба да се прилагодиме на европските стандарди, да ги прифатиме нивните принципи и да ги спроведуваме храбро реформите кои се бараат од нас“.

И сето тоа се правеше, ама ете години и години подоцна, ништо не се смени, и покрај сите напори за реформи.

Други пак луѓе сметаат дека треба сите школи да се реновираат, да се смени истрошениот мебел (нови клупи и столови да се донесат), да се облечат во униформи сите ученици, да се стават компјутери пред нив, да се воведат кујни во училиштата каде што сите деца ќе имаат можност за оброк во текот на денот, да се зголеми фондот на часови, повеќе години да се учи (деветолетка), задолжително средно, да се воведат нови предмети, да се…

Со други зборови, да се бара клучот под фенерот каде има светло, а не онаму во тревникот каде што тој клуч паднал.

Која е крајната цел на образовниот систем? Да обезбеди децата да се стекнат со знаења кои подоцна ќе им помогнат да станат продуктивни членови на општеството.

Толку! И секоја реформа која би била предложена за спроведување во образовниот систем треба да се процени според тоа барање, дали ќе помогне или нема да помогне да се оствари таа цел.

Е па ајде да ги реновираме сите школи, секоја училница да блесне во полн сјај свежо молерисана. Дали децата кога ќе седнат во новите клупи облечени во своите нови униформи ќе си речат: „леле колку е убаво сѐ средено, ајде сега ќе почнеме повеќе да учиме од овие глупави и здодевни книги“. Сигурно не.

Ајде да воведеме кујни (и трпезарии, очигледно) во секое училиште. Дали децата откако ќе го изедат вкусниот оброк ќе си речат „е сега кога се најадовме од ова прекрасно гравче, дај ќе учиме повеќе“. Сигурно не.

Ќе воведеме нови предмети и… што? Веќе со децении постои предметот математика па дали децата иако учат математика научуваат математика? Повеќето од нив не, а истото важи и за странскиот јазик (од таму толку многу приватни „школи“ држат курсеви по странски јазици), а и за физичкото образование е факт дека не помага многу децата да станат физички поподготвени (од таму постојаните поплаки дека децата се предебели и подгрбавени).

Очигледно со воведување на нови предмети нема да се смени ништо, оти и старите предмети не се им омилени на учениците и не добиваат од нив знаење. Исто, единствениот резултат од задолжителноста на средното образование ќе биде што сите ќе имаат дипломи за завршено средно. И ништо друго.

Дали треба да се зголемат платите на наставниците? Интересен предлог, но да се прашаме дали учениците ќе бидат мотивирани да учат повеќе ако знаат дека нивните наставници добиле поголема плата. Се разбира не, барем сѐ додека некој умен на мама тинејџер не праша „а камо за нас пари?“

Еден умен на мама (и на тато, се разбира) тинејџер пред многу години си го постави истото тоа прашање, на кое подоцна, кога стана блогер, му најде и одговор и го срочи во колумната „Сто милиони евра за учениците“. Ако не сте ја прочитале, прочитајте ја. Таму е и тревникот и клучот, а и колумната фрла светло врз тој простор.

4. Здравство: што е поголема закана за здравствената состојба на македонските граѓани? Свинскиот грип или свинскиот врат? Ако им верувавте минатата година на новинарите и на нивните весници и телевизии, тогаш требаше сите ние да се плашиме од свинскиот грип. И да фрламе милиони за купување на вакцини кои ќе нѐ спасеа од тоа најголемо зло на денешницата.

А ако размислите, ќе сфатите дека свинскиот врат (и бут, и сланина, и чварките) се вистинскиот непријател на здравјето на овој народ. И не само прехранбените производи добиени од свињите, ами и од говедата, овците, живината, па и од многу растенија.

Секоја година во Македонија умираат од пет до десет илјади луѓе, директно или индиректно, поради срцеви проблеми. Предизвикани од јадење на премрсна храна и од недоволна физичка активност. Многумина умираат и од дијабетес предизвикан од употребата на премногу шеќер во храната.

Практично секој втор човек во зрелото доба страда од проблеми со коските и зглобовите, последица на недоволна физичка активност во младоста и на недоволно внесување на одредени минерали корисни за одржување на коските во витална состојба. Минералите во прашање се калциум и фосфор кои пак сосема лесно може да се добијат со конзумирање на млеко и млечни производи.

За решавање на овие проблеми нема потреба од скапи вакцини и од специјални третмани што само високо-обучени експерти ќе знаат да ги спроведуваат. Таман работа. Треба само да се јаде умерено, да се поминува повеќе време во планина на свеж воздух и да се спортува почесто.

Во Македонија во тренд е во последно време власта да ги сатанизира цигарите (и истовремено да го субвенционира со десетици милиони евра тутунот?!) сметајќи ги за извор на сите здравствени пробелеми кај македонските граѓани. Од таму, во рестораните и кафеаните е забрането да се пуши, оти чадот од цигарите делува лошо врз здравјето на гостите во тие ресторани. А плескавиците, сланината, премногу зачини, прекумерното количество сол, премногу шеќер во десертите – тоа не е лошо за здравјето на гостите?

Ќе сака ли владата да го забрани и јадењето мрсна и зачинета храна во рестораните? Ќе ја затвори ли секоја слаткарница?

А и да го стори тоа, ништо нема да смени. Луѓето ќе продолжат да јадат премрсна и презачинета храна дома, исто како што дома можат да пушат слободно и да ги надополнат сите неиспушени цигари од кафеаните и рестораните каде им било забрането тоа задоволство.

Не е решението во забранување, ами во менување на свеста на луѓето. Ама за да се направи тоа, треба да се оди во тревникот каде нема светло и таму да се бара клучот. А полесно е да се бара клучот под фенерот. Иако таму никогаш нема да биде најден тој клуч.

5. Кој е крив за кризата и кој работи против Македонија? Мантрата на многу левичарски интелектуаци и скоро сите македонски новинари е дека за светската економска криза која се случува во последниве години се виновни капиталистите и нивната алчност.

При тоа, никој не сака да го постави очигледното прашање: „зарем кога немаше криза капиталистите не беа алчни? И ако беа алчни цело време, зошто цело време нема криза?“

Очигледно, не е до алчноста. Да се тврди дека алчноста на капиталистите ја предизвика кризата е исто како да се тврди дека некој авион паднал поради гравитацијата. Гравитацијата е присутна цело време, па сепак цело време не паѓаат авионите, туку најчесто летаат без проблем.

Од таму, не е до гравитацијата, ами до грешка на пилотот или проблем со самиот авион (кој не е системски проблем, оти авионот си летал многу пати до тогаш безбедно) туку нешто или некој ја расипал машината.

За „Неколку заблуди во врска со долговите“ пишував во истоимената колумна и наскоро ќе објавам колумна со уште неколку заблуди за долговите. Во таа колумна објаснив некои работи од полето на меѓународните финансии што секој треба да ги има во предвид кога размислува за причините за кризата.

Како што напишав во мојата колумна „Што е, а што не е капитализам“ никогаш не треба да се обвинува капитализмот за проблемите во државата, ами секогаш треба да се обвинува државата (власта) за проблемите во капитализмот.

Горе-доле истото може да се каже и како одговор на прашањето „кој работи против Македонија?“. Дали тоа тајните и мрачните сили на Илуминатите, светскиот заговор на Масоните, црната аристократија на Билдербергите или пак кралската лоза Сакс-Кобург-Гота (како што пишуваше еден наш угледен весник пред некој месец) постојано вложуваат напори да нѐ снема нас, Македонците и да ја снема со нас и оваа наша библиска и исконска Македонија од историската сцена?

Лесно е да се обвинуваат тајните и мрачните сили за сите наши проблеми, а за тоа многу поелоквентно пишував во колумната „Заговор или изговор“. Ама лесно е да се бара и клучот под фенерот, наместо во тревникот. Не значи дека таму ќе биде најден клучот, ама битно е да се бара, нели?

Кои се главните проблеми на Македонија денеска? Дали е тоа проблемот со името, националниот идентитет, непризнатата црква, барањата на Албанците… или нешто друго?

Или можеби се тоа невработеноста меѓу граѓаните, корупцијата на власта и бесперспективноста кај младите луѓе?

Корупцијата доаѓа од тоа што власта има преголема моќ, па за секоја работа што граѓанинот или фирмите треба да ја завршат мора да се обратат кај власта и следствено ете простор за барање и давање мито.

Невработеноста доаѓа од неквалитетното образование – последица на лошиот образовен систем, и од недоволните инвестиции, кои пак се предизвикани од високите даноци (поради кои не им остануваат пари на фирмите за инвестиции) и сложените бирократски процедури кои е потребно да се поминат за да се отвори нов бизнис и да се вработат нови луѓе во тој бизнис.

Бесперспективноста на младите луѓе доаѓа од фактот што немаат вработување и живеат во држава во која не се цени способноста ами партиската книшка или богатството со кое може да се подмити некој бирократ.

*

Грчкото лоби ли нѐ спречува да го реформираме образованието? Дали Албанците ќе се бунат ако се намали бирократијата? На секое рамковно вработување во администрацијата доаѓаат по три партиски вработувања од македонскиот коалиционен партнер, па сепак сите се нервираат за рамковните, а никој не се буни за партиските паразити што ќе цицаат пари од буџетот а ништо нема да работат. Дали тоа што Бугарите ни го негираат идентитетот е пречка да се намалат даноците?

Тоа се големите проблеми на денешна Македонија. Кој од овие проблеми нѐ спречуваат Илуминатите, Масоните и Билдербергите да го решиме? И дали воопшто постојат тие тајни друштва и ако постојат дали навистина имаат толкава моќ, или само тие прикаски за нив ни служат како изговор за да не се зафатиме со решавањето на вистинските проблеми?

До кога ќе го бараме клучот под фенерот?


Превземено од: Блогот на Богдан. Нено Богдан!
06-04-2011, 09:42 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#65

Quote:НЕНАРОДНИТЕ ПРИВИЛЕГИИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ МОРА ДА СЕ УКИНАТ
Сабота, 09 . 04 . 2011 НДМ

[Image: ndm_press_09_04_2011_m.jpg]

Драган Живковиќ - член на Извршниот Комитет на Народно движење за Македонија на денешната прес-конференција истакна:

Почитувани,

Велат дека пратениците се избрани претставници кои работат во интерес на граѓаните.

Меѓутоа, со денешната прес конференција сакаме да ја запознаеме јавноста дека македонските пратеници работат за сопствениот интерес.

Тоа ќе го илустрираме со неколку примери:

Прво, јавноста беше сведок на непримерната иницијатива на власта од пред три дена, кога предложи законска измена пратениците да примаат една третина од пратеничката плата и кога ќе седат дома и нема да одат на работа во Собранието.

НДМ прашува, според кој правен основ пратениците можат да седат дома, да не одат на работа и пак да примаат плата?

Ја потсетуваме власта дека сите вработени во државата имаат уставно гарантирана еднаква и рамноправна положба.

Оттука, потегот на власта пратениците да примаат една третина од платата седејќи дома е незаконски, крајно непримерен и неморален.

Патем, да потсетиме дека една третина од пратеничка плата за ништо да не работите, е убав паричен износ за македонски услови ако се знае дека пратеничката плата е околу 70.000 денари.

Значи, потребо е вградување на законска одредба, според која, бојкотот од некоја пратеничка група или од било кој пратеник да се санкционира со тоа што пратениците воопшто нема да земаат плата.

Второ, пратениците според постојните закони кои сами си ги гласаат, и по престанувањето на 4-годишниот мандат земаат плата уште цели 12 месеци, иако повеќе не се пратеници и ништо не работат.

Значи, преку т.н апанажа пратениците уште една година претставуваат голем и непотребен терет за буџетот.

Колку е апсурден овој момент, само еден пример: Еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ како нареден од нивната изборна листа влезе во Собранието на местото на еден починат пратеник на 11 април 2008. Но, тогаш, истиот ден, парламентот се распушти и беа распишани предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 1 јуни 2008.

Значи, внимавајте добро, со учество на само една собраниска седница, односно, со само еден ден пратенички мандат, овој пратеник се стекна со право на апанажа од 12 месеци, и човекот ни крив ни должен си заработи 14 илјади евра без ништо да работи 12 месеци.

Оттука, НДМ апелира веднаш да се направи законска измена и апанажата да се сведе на пристојни два до три месеци.

За споредба, во многу побогатата Англија апанажата изнесува 3 месеци.

Трето, покрај месечната плата од околу 70.000 денари, пратениците годишно добиваат и по околу 18.000 евра надоместок на трошоци за користење автомобил во лична сопственост.

НДМ смета дека овој надоместок мора да се укине, а пратениците да користат градски и меѓуградски превоз до работното место.

Така ќе се избегне практиката пратениците да вршат злоупотреби на надоместокот за користење на приватни автомобили со поднесување на фиктивни сметки во собраниските служби.

Четврто, Владата веднаш да го намали возниот парк од десетина илјади службени возила што ги користи јавната и државната администрација.

Неоправдано е службеници од разноразни подрачни служби, при нивното секојдневното службено доаѓање во централните органи да користат службени автомобили, иако Македонија како мала земја добро е поврзана со градски и меѓуградски превоз.

За споредба, една богата Данска има само 18 службени возила.

Англискиот премиер, Дејвид Камерон, уште на првата владина седница го укина правото на користење на службени автомобили за министрите, кои сега на работа одат со велосипеди или користат јавен превоз.

Ваков превоз можат да користат и македонските пратеници, со што добиваат привилегија изворно да се запознаат што значат секојдневните блокади на скопските улици од разните незадоволни социјални групи.

На крај, да потсетам дека НДМ уште на 25.08.2009 под ев.број 3699/1 до собранието поднесе Предлог - Закон за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, со кој побаравме намалување на апанажата и укинување на надоместокот на трошоци за користење на автомобил во лична сопственост.
Ова е тој предлог законот поднесен до Собранието.

Истовремено, НДМ поднесе и Предлог - Одлука до владата за отуѓување на подвижен имот сопственост на Р. Македонија, со која побара Владата да се ослободи од големиот број службени автомобили.

Ова е предлог - одлуката поднесена до Владата.

Народните избраници имаат силна морална обврска да скратат дел од своите привилегии.

НДМ ги повикува пратениците да ги укинат овие антинародни привилегии и на тој начин да престанат со бесмилосното трошење на буџетските пари и со непотребното луксузирање на грбот на даночните обврзници.

Ви благодарам
ИЗВОР



10-04-2011, 06:00 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#66

Quote:Пишуваат Петар и Душан Петровски


Created on Wednesday, 13 April 2011 13:20

Општество на разум (5)

За недостатоците на Социјализмот и вовед во Либертаријанството (4)

Социјализмот може да е имплицитен, каков што е на денешниот распослан низ државите на Г20; или експлицитен каков што беше оној на Комунистичкиот блок. Имплицитниот социјализам е “невидлив”; односно се претставува како некаков капиталистичко-социјален хибрид. Во овој систем граѓаните не се свесни колку од слободата им се одзема, бидејќи, сето одземање на личните слободни се врши под превезот на наводното добро на самите граѓани чии што слободи се прекршуваат од страна, и за вистинска корист само на властодршците. Во експлицитниот стил на социјализам приватната сопственост комплетно се поништува и Државата станува Господар на сиот имот. Во имплицитниот стил, номинално имотите остануваат во приватна сопственост, но, благодарение на различните видови на даночења и законски ограничувања, приватниот граѓанин реално има сосема кратка листа на работи кои што може слободно да ги прави. Во овој систем владеат лиценците, дозволите, сертификатите, драконските казни, шалтерите и бирократите зад нив, а тоа самото по себе носи мито, корупција, полтронство и непотизам. Во Република Македонија владее имплицитниот социјализам.

Безмалку секој политичар, е социјалист: тој ветува економски неоставрливи проекти со цел да се здобие со гласот на Граѓанинот. Секако, кога Полтичарот ветува потрошувачка програма, запоставува да посочи дека ќе ги троши парите кои му ги зема на Граѓанинот. Кога Политичарот-социјалист ги дава своите ветувања пред народот, тој не се мачи да се служи инструментот на Логиката, бидејќи неговата крајна цел не е одговорното исполнување на ветувањата, туку освојувањето на власта. Не смее да се занемари фактот дека Логиката е најголемиот непријател на социјлистичката мисла:

“Бидејќи Науката и Логиката аргументираат спротивно од Социјализмот, беше императивно да се изработи систем врз кој ќе се заносва одбраната од таквите несварливи критики. Марксизмот ја превзеде оваа задача. … [Н]егираше дека Логиката е универзално важечка за целиот човечки род и за сите времиња. Мислата, беше твредењето на Маркс, е определена според класата на мислителите; таа вушност е ‘идеолошка суперструктура’ на нивните класни интереси. Резонирањето кое ја побило социјалистичката идеја е ‘откриено’ дека е ‘буржуаско’, и е прогласено за ништо повеќе од оправдување за Капитализмот.” (“Социјализам: економска и социолошка анализа”, Вовед; Лудвиг вон Мисес)

Мислењето дека политичарите се природно искварени карактери, кои што имаат за цел да вршат државен грабеж има потреба од мало прилагодување: не треба секогаш да мислиме дека Политичарот не ги исполнува своите ветувања бидејќи не сака тоа да го стори, туку потребно е да видиме дали ветувањата се логично поддржани и остварливи. Спроведувањето на Лустрација и ревизија на процесот Приватизацијата се реално остварливи подвизи; исто така, ослободувањето на пазарот, отстранувањето на Државата од економијата и воспоставувањето на договори за слободна трговија со страни држави се остварливи проекти. Од друга страна, oбезбедување на сигурен откуп на сета земјоделска стока, обезбедување на комјутер за секое дете или покачување на пензиите и истовремено спроведување на “Скопје 2014”, на пример, се неостварливи, бидејќи за исполнувањето на овие ветувања потребно е да се исполнат низа предуслови, а истовремено, исполнувањето на овие ветувањата создава нови трошоци коишто ќе мора да се покријат со исполнување на нови предуслови. Односно, вториов збир на ветувања може да се оставри само на штета на некои други работи; на пример да не се гради инфрастуктура, да се намалат здравствените услуги или да не се финансира борбата против криминалот-услуги за кои, ветува дека нема да се намалат. Но, Политичарот-социјалист ветува “преку леб—погача”; уште повеќе, тој ветува и леб и погача, а често и кавијар; без да се запраша: кој ќе плати за сето тоа?

Конвенционалната мудрост во имплицитниот социјализам е богатите да се даночат за да платат за ветувањата со кои политичарите купуваат гласови. Повторно се занемарува Логиката и се оди на самоуништувачки марш. Имено, социјалистите не ја вработуваат ни својата сопствена крива логика, која вели дека богатите се покварени, дека се не-луѓе, дека се битија кои имаат само за цел да си ги гојат своите дебели газови. Тогаш, следејќи ја оваа логика, ако целта на богатите им е да продолжат да се богатат на штета на Работникот, зарем самата таа логика не навестува дека даночењето на богатите повторно ќе им наштети на работниците: доколку Владата ги зголеми побарувачките од богатите, тогаш тие нивните нови трошоци ќе ги пренесат врз грбовите на своите работници и купувачи на производите на нивните фирми. Од друга страна, Слободарската Логика вели дека секој Човек работи за своите најдобри лични интереси. “Бркајќи го својот личен интерес, тој често ги промовира интересите на општеството со повеќе ефективност одошто кога се обидува тоа да го направи намерно. Не сум запознаен за никаква полза да произлегла од оние кои тргуваат во името на јавното добро.” (“Богатството на Народите”, IV.II; Адам Смит) Доколку богатиот, како и Работникот, има полза од дадено дело, тој тоа ќе го стори: затоа слободниот пазар е едниственото полезно решение за општеството, бидејќи секоја странка во зделката ќе учествува само доколку од неа има полза.

Социјализмот, во било која своја форма, не може да е уредување на слободно општество, оти тој бара конформизам за сите; односно не ја признава вистината дека секој поединец е уникатен примерок и затоа една детална постава на правила не може да гарантира универзална среќа. Примамливоста на доктрината на социјализмот е во ветувањето дека сите ќе бидат еднакви. Но, како можат луѓето да бидат еднaкави освен пред законите? Додека различните луѓе имаат слични цели, начинот на кој ќе стасаат до нив ќе се разликува—а тоа е она што социјализмот не го дозволува. Социјалистите се залагаат за конечно отстранување на приватната сопственост, со цел да се изедначат односите помеѓу сите граѓани. Но, повторно, Логиката се занемарува. Замисленото сицијалистичко општество ќе треба да се прехранува, ќе треба да произведува облека, засолниште, ќе треба да има лекари и слично. Кој ќе управува со сето тоа? Кој ќе одредува кој ќе биде лекар, кој ќе биде даскал, а кој чистач на заедничките нужници? Зарем управителите нема да се она што се трулите капиталисти? Впрочем, искуството со Комунистичкиот експеримент покажува дека Управителите, бидејќи управуваат со нешто што не е нивно, се однесуваат како со нешто што не е нивно: неодговорно! Тоа не е никаква случајност, како што не е случајност ниту катастрофалната социо-економска реалност на Република Македонија.

Токму поради немањето на слободен пазар за личен и професионален натпревар во Република Македонија нема начин на кој најспособните ќе се пробијат до најодговорните позиции во општеството. Напротив, благодарение на непотизмот кој го гаи социјализмот погрешните луѓе доаѓаат до најмоќните државни функции, и благодарение на својата неспособност државата ја носат од една грешка во друга. Доколку постои Слободарско уредување, на истиот начин како што пазарот го вреднува секој производ, секоја услуга и секој вид на труд, така пазарот ќе ги дистрибутира соодветните луѓе на соодветните општествени позиции. Пазарот ќе ни е посебна тема на дискусија.

Авторите се членови на советот при Комитетот за демократизација на Република Македонија
14-04-2011, 04:04 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#67

Quote:Пишуваат Петар и Душан Петровски



Општество на разум (6)

За патриотизмот


Оваа статија ѝ ја посветуваме на најразумната личност во нашите животи: Стојанка Ѓорѓевска (1929-2011)





Николо Макијавели во “Владетелот” му порачува на Козимо де Медичи, дека ако сака да владее со народот на Фиорентина, треба да најде нешто што ќе ги обедини нејзините жители. За жал, владетелите, односно политичарите, како што веќе докажавме имаат свои лични цели кои се косат со интересите на граѓанството со кое владеат, и затоа почесто го обединуваат народот во разединувачки одошто обединувачки цели. Присуството на патриотизам е клучно за успехот на Државата, и тоа чувство мора да биде насочено во здрава насока. Патриотизмот мора да претставува обединувачки фактор за општеството, но и фактор за просперитет. Оттука логиката налага дека е пожелно патриотизмот да се темели на добрите одлики на сопственото општество, а непожелно е истиот да се гради врз омраза на туѓо: да не е симбол на супериорност или на културен релативитет на едни врз други—оти секој Човек го живее својот живот за себе, не за комшијата или пак за некој што живее во туѓа држава.

Историјата го бележи англискиот крал Хенри 8 како најистакнатиот ученик на филозофијата на Макијавели. Имено, Хенри 8, значително пред појавувањето на Жан-Жак Русо, во судската и законската практика го вовел принципот на еднаквост пред законите, со законикот познат како Општо право. Во тој Законик обичниот граѓанин и благородникот ги уживале истите права и прилики пред системот. Слично, во познатата Декларација за Правата и Слободите на Граѓаните, на Француската револуција стои дека носителот на суверенитоста на државата—односно оној што има право да донесува закони—е народот. Клучно е да се забележи дека овие принципи го истакнуваат Граѓанинот како најважното Тело за државата, што впрочем, претставува почитување на вистинските односи: без граѓани, владетелот е ништо повеќе од клошар кој нема допир со реалноста, додека државата е ништо повеќе од парче земја.

Минатото нѐ учи дека патриотизмот не смее да се сведе на слепа послушност кон Лидерот, обожување на разни симболи или во спроведување на квазирелигиозни ритуали. Примерот со Германија и владеањето на Адолф Хитлер е најсјајната претстава за она што го носи слепата потчинетост кон симболите на Државата (лидер, цар, знаме, химна, итн), како и за барањето на супериорни етнички корени. Слично, како пример може да се употреби и Комунизмот, каде што се бараше слепа послушност кон Лидерот и Партијата, додека народот остана сиромашен, уништен, обесправен и обезличен. Додека чест е погрешниот заклучок дека проблемот во наведените примери се лошите спроведувачи (Хитлер, Сталин, Тито итн.), вистината е дека проблемот е во самиот систем на пирамидален патриотизам; односно: во воскревањето на некој или нешто над Граѓанинот.

Според Жан-Жак Русо, институциите се вечни, додека партиите кои доаѓаат на власт и ја спроведуваат политиката се менливи (“Општесвен договор”). Според нас, и институциите се еднакво менливи како и партиите кои се менуваат низ нив, додека без граѓаните нема држава. Тоа го прави поединецот највредното богатство на општесвото, и спроведувањето на рамен патриотизам, каде што еднакво се слави секој поединечен човечки живот се нуди себе си како најполезната форма на љубов кон Татковината. Во англискиот јазик зборот “компатриот” значи сограѓанин, додека “патриот” во најосновна смисла значи граѓанин на држава. Оттука, патриотизмот е всушност љубов кон граѓаните на Републиката.

Не така одамна бевме сведоци на конфликт во врска со музеј што ја гради македонската Влада. Имено, Скопското Кале беше сцена на “компатриотски” судир околу еден објект направен од цигли и малтер. Животот на Граѓанинот целосно беше занемарен, а “светите” предмети беа мртва, неорганска маса. Да биде иронијата поголема, зградата што се креваше, беше во форма на црква, додека Република Македонија според Уставот е секуларна држава. Владата или нејзините продожени раце, според Уставот се ограничени од мешањето на Државата со религијата—било која и на било кој начин. Кога самата Влада нема почит за врховниот Закон на Државата, зарем е возможно да се очекува од граѓанството да ги почитува истите? Кога нема почит, уште помалку ќе има љубов или одданост.

Без почит нема љубов; без самопочит нема почит. Народот кој нема доволно самопочит да се избори за своето основно право како народ: правото на самоопределување, не може да очекува почит од било кој на Светот. Клучно за македонскиот граѓанин е созревањето на чувството на самопочит: основицата на патриотизмот. Имајќи почит спрема себе си, Граѓанинот ќе се бори за воспоставување на своите лични права и слободи; притоа нема да го дозволи основното предавство кон Татковината: кршењето на законите и нееднаквоста во спроведувањето на истите. Имено, патриотизамот не е ништо повеќе од акт на само-интерес, па затоа така мора и да се спроведува: законите како правила на игра на општеството мора да се спроведуваат еднакво за сите граѓани, во секое време—на тој начин секој Граѓанин ќе има иста прилика да просперира во оштеството како и неговиот сосед, додека, како што веќе имаме заклучено, успехот на еден Граѓанин, како “соседско влијание” ќе се шири низ целото општество (“Капитализам и слобода”, Милтон Фридман).

Меѓутоа, патриотизмот е себично чувство и од друга причина: секој поединец сака да е горд со својот труд, или пак, да е горд на нештото коешто е делумен производ и на неговиот труд. За жал македонскиот Граѓанин има сѐ помалку дела кои се производ на неговиот труд со коишто тој може да се гордее. Како резултат на оваа реалност, македонскиот Граѓанин бара релативна супериорност во минатото, во верата или во природните појави врз коишто самиот нема никакво влијание. Албанскиот дел од граѓанството бара да ја докаже својата релативна супериорност низ квазифашистичка гетоизација—двоење од остатокот од населението по верска и племенска основа. Македонскиот дел, пак, предводен од актуелната влада бара супериорност низ трагикомичниот процес на антиквизација, слично на Нацистите на Хитлер, кои ги барале своите Ариски корени на Хималаите. Клучно е што ниту македонскиот модел на патриотзам, ниту албанскиот, нудат вистински решенија за денешниот човек. Ниту едниот, ниту другиот модел не се заитересирани за економско-социолошки просперитет на “својот клан”, преку размена на идеи и производи и услуги; туку обата модели се во суштина социјалистички пирамиди каде што членовите на етничките колективи робуваат на желбите и луксузите на оние кои се наоѓаат на врвот на дадените пирамиди. Овој пирамидален модел на патриотизам е всушност ништо повеќе од голема лага, оти од него не ползува ниту државата, ниту нацијата—напротив тие се оштетуваат!

Да заклучиме, патриотизмот на разумното општество е двонасочна врска и мора да се темели врз почитта на основната клетка на државата—Граѓанинот, бидејќи тој е двигателната сила на истата. Во моментот кога Граѓанинот ќе се одлучи да ја откаже својата лојалност кон државата, таа губи еден од своите темелни столбови. Оттука, за да се заштити себе си, државата мора да биде еднакво лојална спрема Граѓанинот, како што е тој кон неа. Ова е врска на обострана зависност, оти, ако Граѓанинот се откаже од својата Домовина, тогаш тој останува бездомник—тој може да си го бара својот нов дом низ Светот, но, што ќе стане доколку сите граѓани се откажат од сите држави на Светот?! Граѓанинот, пак, својата лојалност кон Татковината најдобро може да ја искаже преку почитувањето на нејзините (разумни) закони, и, еднакво важно: постојано осигурувајќи се дека Државата не дозволува било кој друг граѓанин да ги прекршува истите закони.

Авторите се членови на советот при Комитетот за демократизација на Република Македонија
21-04-2011, 10:29 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#68

Odlicen tekst na mladite clenovi na Komitetot. Za zal, vo denesna MK nedostasuva ne edna alka, tuku povece alki koi treba da se ima za da se pridvizi lanecot na pozitivni promeni i demokratiziranje na MK.
22-04-2011, 08:29 AM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#69

Quote:Пишуваат Петар и Душан Петровски



Општество на разум (7)

За образованието (1)


Образованието на луѓето е една од најважните инвестиции за развитокот на индивидуата и општеството. Образуваните луѓе донесуваат образувани одлуки: односно, имаат повеќе релевантни информации во однос на прашањето кое треба да се реши. Оттука, општеството кое што поседува ефективно и ефикасно образувано население има голема прилика за напредок; додека онаа каде што мнозината се неуки не може да се надева за просперитет.


Кога станува збор за образованието, постојат две темелни прашања на кои мора да им се излезе в пресрет: квалитетот и финансирањето. Образованието е всушност само подготовка за понатамошниот живот: кога младиот поединец ќе треба да стане продуктивен дел од општеството.



За квалитетот


Пред да се појави модерниот училишен систем, на Балканот во Античка Грција, учениците во својата младост биле праќани да учат занает кај мајстор во одредена струка. Овие институции биле познати како корпорации. Во средниот век, на Балканот овој начин на применето образование продолжил, додека во Европа во Ренесансата се појавиле првите модерни универзитети и гилди, прво во Италија, подоцна во Англија, Франција и Германија. Гилдите биле еден вид на колеџи (виши школи), кои истовремено одредувале каков занает одредено дете ќе изучи и кај кого (“Богатството на народите” X.II; Адам Смит). Проблем кој носат гилдите е во тоа што не нудат општествена подвижност, што низ времето се има покажано како недоволно флексибилен систем да одговори на секогаш променливите потреби на пазарот. Во Македонија била применувана варијанта на корпорацискиот систем до доаѓањето на Комунистичката власт во четириесетите години на минатиот век. Системот бил познат како чирак-калфа-мајстор. Варијантата на системи на гилди денес сѐ уште е на примена во Германија. Секако, тука станува збор за применетите науки, кои да не заборавиме, го сочинуваат најголемиот дел од економијата.

За секое општество да напредува, потребни му се и изумители, како и доктори, научници, правници и слично. Прашањето е: што е она што човека го прави доктор, научник или правник. Дали тоа е пусулче добиено од установа со дубиозно реноме, како што се денес впрочем сите високо и средно образовни институции во Р. Македонија, или пак способноста покажана на дело. Македонското образование, всушност троши премалку труд во просветувањето на учениците, а премногу време во повторување на веќе соџвакана материја. Старата изрека вели дека доколку му дадеш на човек риба, тој ќе има да јаде за еден ден, но доколку го научиш како да риболови, тогаш тој ќе има да јаде дури е жив. Така и со образованието, доколку од учениците се бара да изрецититаат од скриптата што им е поделена од нивните наставници и професори, тие ќе имаат знаење како да го положат испитот кој следи. Но, доколку истите ученици бидат научени како да размислуваат критички и како до одговорите да доаѓаат сами, тогаш тие ќе бидат подготвени за било кој испит што животот ќе им го постави.

Лага е дека пропаста на македонското образование е скорешен проблем. Вистината е дека дури сега македонското граѓанство има прилика тоа да го согледа, веројатно поради отвореноста на светските комуникации. Митото и корупцијата, кои одат рака в рака со социјализмот го имаат усмртено македонскиот образовен систем уште со почетокот на Комунизмот. Јавна тајна е дека, покрај чесно заработените, премногу минувачки оценки, факултетски дипломи и пост-дипломски титули се добиени благодарение на подароци за наставниците и професорите. Многумина од оние со купени дипломи последователно, повторно благодарение на непотизмот и корупцијата станале професори и академски граѓани. Во систем каде што нема прилика за отворен натпревар помеѓу граѓаните, тогаш титулите се она што останува како можност за меѓусебна диференцијација. Невозможно е македонското образование да станело нешто подобро од она што е кога првите професори на македонските универзитети, како и Академици на МАНУ се здобиле со тие титули поради нивната позиција во Комунистичката партија на Југославија (Македонија), а не како резултат на своите научни докажувања. Денес само го гледаме резултатот: неуки професори, кои немаат допирна точка со материјата која ја предаваат како Мирјана Најчевска, Владимир Бучковски и Љубомир Данилов Фрчкоски; Премиер кој е Магистер по економски науки, а нема познавање од најосновните принципи на економијата; полуписмени новинари на кои им е туѓа основната алатка на новинарството-јазикот на кој работат, како Драган Павловиќ-Латас, Васко Евтов, Бројан Јовановски, итн.



За финансирањето



Квалитетот на образованието е тесно поврзан со тоа кому му паѓа товарот за финансирање на истото. Додека праксата за приватни високо и средно образовни институции е надалеку прифатена, Милтон Фридман (“Капитализам и слобода”, VI) предлага план за комплетно приватизиран образовен систем. Пред сѐ практичноста на комплетниот приватизиран систем се крие во фактот што бара одговорност од родителот; односно овој систем се нуди себе си како чесен механизам за контрола на наталитетот. Секој човек остава пород зад себе, пред сѐ поради личната желба да го продолжи својот ген или од некакви религиозни побуди. Во услови на колективно финансирање—преку даночење—на образованието на децата, се симнува најголемиот товар во однос на имање на пород од самиот родител; тоа им дозовлува на одредени луѓе да се размножуваат прекумерено, односно преку средствата кои им се на располагање преку нивната лична заработувачка. Низ овој систем им се штети на оние кои се обидуваат да бидат одговорни кон себе, кон својот пород, и кон општеството во целина; а добитници се оние кои неодговорно носат деца на овој свет, комотни со знаењето дека некој друг ќе ги подмирува нивните сметки. Оттука заклучокот дека поголемата приватизација на образованието ќе придонесе почисти сметки во однос на тоа кој за чие дете всушност работи и се грижи.


(Продолжува)


Авторите се членови на советот при Комитетот за демократизација на Република Македонија
04-05-2011, 01:54 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#70

Quote:Пишуваат Петар и Душан Петровски



Општество на разум (7)



За образованието (2)

Quote:Борис Трајовски: Сега вика дека е разочаран и вика дека повеќе како душмани ги гледале, отколку... Нивната цел е да ми ја растурат партијата.

Борис Стојменов: Е како да не! Ние ако земеме да ја растураме партијата… значи нѐ потценува!

Борис Трајковски: Не, нѐ преценува, не е тоа потценување.

Борис Стојменов: И што сега да правиме: или да ја тераме или да не ја тераме.

Извадок од „АФЕРА ‘ПРИСЛУШКУВАЊЕ’”: транскрипти од разговори водени помеѓу покојниот Претседател Трајковски и Борис Стојменов за време на парламетарната криза и Татковинската војна, објавени во „Македонско Сонце”


Што е не чини во горниов цитат? Господинот Борис Стојменов е долгогодишен Магистер по економски науки, на јавноста ѝ е познат како финансиски вундеркинд кој своето богатство го има спечалено преку фирмата „Биро—БС” како најголем финансиски консултатнт на Владат на Република Македонија во раните деведесети години на минатиот век, според негови тврдења има издадено десетици научни трудови, додека во периодот кој му претходеше овоој цитат, г-динот Стојменов беше Министер за финансии на Република Македонија. Она што не чини во цитатот е фактот дека Магистерот не ја знае разликата помеѓу „преценување” и „потценување”—една од најосновните функции на работниците во финансискиот сектор. Стојменов не е продукт на новиот македонски образовен систем, туку на оној за што сите се убедени дека бил супериорен—кога немало приватни Универзитети.



Општиот страв од приватните образовни институции е дека тие можат да станат „печатници на дипломи”, како што впрочем може да се воочи во Република Македонија. Меѓутоа, како што веќе посочивме, не постои суштинска разлика во работењето на државните и приватните образовни институции во Македонија. Тогаш проблемот мора да се бара на друго место.

Доколку доаѓањето до диплома е лесно, тогаш има две можни причини и три комбинации на причините за тоа:


1. Приемот во институцијата е премногу лесен од финансиски акпект; или/и

2. Приемот во институцијата е премногу лесен од академски аспект.


Во секој случај, лесноста на доаѓањето до диплома, ја прави истата безвредна.

Доколку владата го финансира образованието, тогаш ризикот кај ученикот е ислкучиво во неговото потрошено време. Доколку постои развиена економија, тогаш ученикот ќе има мотивација за брзо завршување на студиите, бидејќи и покрај номиналната бесплатност на образованието, секој ден што тој ученик минува вон работниот пазар, тој губи потенцијална заработувачка. Но, фактот дека самиот тој студент нема лична обврска да плаќа за образованието што го добива: од една страна го прави помалку засегнат за тоа колку ефикасно ќе го минува неговиот студентски живот, дали ќе го менува смерот на неговите студии или не, како и одлуката колку време ќе трае неговиот студентски живот, одошто тоа би било случај доколку самиот плаќа; а од друга страна не чесно е Државата да го финансира образованието на некој што од тоа ќе има предност на работничкиот Пазар, додека истото не им го овозможува на други.


Во услови на неразвиена економија, како во Република Македонија, Владата го користи државно-финансираното образование—преку бесплатна школарина или субвенции кои го поевтинуваат образованието—како амортизер на народното незадоволство: односно секој ден повеќе зад училишните клупи, за Владата значи помала стапка на номинална невработеност—бидејќи студентите не се бројат како работоспособно население, и истовремено тие реално не бараат работа. Механизмот што го користи Никола Груевски со обезвреднувањето на виското образование е веќе видена манипулација започната од Маршалот Тито во шеесетите години на минатиот век кога било воведено бесплатно и безусловно високо образование за секој невработен.


Од друга страна, доколку од академски аспект влезот и вреднувањето на знаењето и трудот во образовната институција се премногу лесни, тогаш, ќе има преголема побарувачка за влез во истите, бидејќи ќе има многумина кои се охрабрени да се здобијат со повисоката титула. Високата побарувачка за дипломата, во реални пазарни услови, треба да го поскапи образованието во таа дадена институција. Тоа не ја прави дипломата повеќе вредна, туку само поскапа. Во овој случај Владата може да се замеша и да ги регулира цените на школарините, но повторно тоа нема да го подобри квалитетот на образованието што ќе го добијат учениците. Самиот факт дека секој што ќе посака може да биде примен и да ги задоволи предизвиците на институцијата за вработувачот на пазарот значи дека таа диплома нема некоја посебна вредност.


Просто речено: зошто ѝ се потребни на Република Македонија армија на дипломирани менаџери кога нема работници кои тие ќе ги „менаџираат”? Зошто се потребни правници, кога нема фирми кои потпишуваат меѓусебни трговски договори на кои им требаат стручњаци? Зошто ѝ се потребни на Македонија сурија доктори кога за нив нема пациенти? При услови на приватно финансирање, нема да постои вишок, а со тоа и несоодветен кадар. Критичарите ќе речат дека системот на лично финансирано образование ќе им дава предност на побогатите. Но тоа не мора да биде така.


Прво, доколку е општо познато дека родителот мора да заработи доволно за да го образува своето дете, тогаш тој има една причина повеќе за да се бори, првин за плата, а потоа за подобра заработувачка, како и за поефикасно вработување на секоја заработена пара, бидејќи ќе знае дека треба да заштеди доволно за да го исплати образованието на својот пород, или пак да ги исплати заемите кои тој ги зел за да плати за своето. Секако, во услови на приватизирано образование, околу една четвртина од даноците ќе станат непотребни, па оттука, секој вработен ќе има од каде барем да почне со штедењето. Парите кои родителот ги штеди, ќе може да ги чува во банка, или пак, оние кои се похрабри и способни ќе ги инвестираат на пазарот, и нивните зашетдувачки всушност ќе станат инвестиции кои истовремено играат улога на стимул за економијата и го зголемуваат богатството на штедачите.


Второ, во случаи каде што самиот студент ќе мора да изнајде начин да плати за образованието, тој ќе може да побара заем од банка. Банкарите кои ќе даваат студентски заеми нема да даваат заеми на било кој, туку тие своите пари ќе ги пласираат само во студентите кои претставуваат најсигурен облог дека ќе дипломираат и ќе заработуваат доволно да ги вратат кредитите. На тој начин, оние кои не заслужуваат да продолжат со образованието нема да бидат во можност процесот да им го поскапуваат на оние кои навистина се кадарни за високото образование.

Во приватните училишта наставата би се одвивала на јазикот кој е економски најпотребен. Така што не би постоела причина за раскол помеѓу етничките заедници.


Понатаму, барем во Северна Америка, веќе постои систем на приватно стипедирање на студентите од разни организации. Повеќето фирми кои се натпреваруваат во полето на истражувањето ги покриваат трошоците на магистерски и докторски студии за илјадници студенти годишно. Сличен систем веќе постои во Германија за применетите науки, каде што претпријатијата плаќаат за вишо и високо образование на ученици кои тие ги регрутираат од средно училиште. Притоа, младите студенти за време на своите студии истовремено работат во фирмите кои го спонзорираат нивното образование. Врската продолжува во пост-студентските денови, бидејќи новопечениот дипломец има договор за неколкугодишен ангажман во фирмата која го спонзорирала неговото образование.


Доколку образовните институции се „печатници на дипломи”, тогаш дипломите од овие институции немаат вредност за фирмите на пазарот. Кога претпријатијата кои го сочинуваат пазарот ќе вработуваат, за позициите кои бараат одредено ниво на способност и умешност, тие ќе вработуваат ислкучиво дипломци на институциите кои имаат реноме на асални училишта. Создавајќи пазарна клима во која формалното образование ќе има вистинска економска цена за неговото користење, тогаш истото ќе се спроведува ефикасно, ефективно и чесно. Бидејќи, образованието не е право, туку привилегија—оти на поседувачот му дава предност на пазарот; затоа, Државата треба да е вон образовниот процес и да им дозволи на Граѓаните да се напреваруваат чесно. Учејќи ги Граѓаните од нивната младост дека во животот никогаш нешто не се добива за ништо, тие ќе бидат подготвени за сите предизвици на Светот.


Во Република Македонија главниот проблем за образованието го претставува преголемото влијание на Владата во економијата: покрај огрмомната администрација, поголемиот дел на работни места се поврзани со тендери чиишто корисник повторно е Владата. Затоа дипломите вршат функција на пусулчиња кои задоволуваат листа на барања од кандидатот во дадената државна или квазидржавна институција: односно оправдание за вработување на партиски војник. Образованието во Македонија ќе биде сѐ понеквалитетно додека владее ваквиот систем на социјалстички непотизам, каде што политичките партии се надлажуваат меѓусебно во однос на тоа кој има поголем авторитет да владее со државата—китејќи се со епитети на магистри, доктори на науки, и професори—постојано избегнувајќи ја суровата вистина дека никој од нив не ги задоволува основните услови за да може да ги носи таквите високи титули.



Авторите се членови на советот при Комитетот за демократизација наРепублика Македонија

12-05-2011, 03:37 PM
Reply