Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3.13 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Тестирање на нерви(епизода 2011)
Author Message
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6

(21-02-2011, 04:56 AM)Makedonec Wrote:
(21-02-2011, 04:29 AM)acko Wrote: Не ти требаше овој последен пост... ;)

Само мислиме дека имате погрешни гледања и ви се спротиставуваме. Поточно, тука станува збор за одреден политичко-економски систем.
Море Ацко кога спомна економски систем...дали знаеш што значи зборот економија..значи штедењеее

...а ние знаеш ли во какво општество живееме???...потрошувачкооо

А знаеш ли од каде почнува да се манифестира потрошувачкото општество??....од Америка...

А знаеш ли дека америка има своја нафта ама таа ја чува,поубава и е туѓата...

А знаеш ли како се стасува до ресурси кои ти требаат за да задоволиш мегаломански потрошувачки апетит??? ...преку ширење и воспоставување "демократија" баш таму од каде што може да се црпи ресурси!

Значи ако зборуваме за трул капитализам,тогаш се мисли на потрошувачко општество,кое само произведува се по ефтини и понетрајни добра...се со цел да се убрза цикличниот процес на производството(пак да се произведува)....(еве напрај споредба порано пред 20год колку беше животниот век на производите,а колку сега)

И кога сите овие факти ќе ги собереш доаѓаш до трулиот капитализам кој гази преку се само да се прават пари,ни колку му е потребно на човек,ни дали се загадува околината...само пари пари пари...

пари=моќ
моќ+оружје=светска сила

Е сега замисли си уште колку светски кризи економски кризи ќе се случат во иднина,само поради борбата за пари и моќ,а тој балон кога тогаш ќе пукне!

Заради тоа сега според самите американци сметаат дека се 2ра економска сила после Кина...да да Кина која ни сама незнае комунизам ли е,капитализам ли е!

Ете во кратки црти ти објаснив која е Америка,и како во денешна 2011 таа е веќе на 2ро место...а замисли тек по 10 години каде ќе биде,и дали воопшто ќе биде интересна некој да ја слуша!!!

п.с А за Русија...она ќе пркне кога тогаш,само многу побавно ќе и оди економијата,заради тоа што она се развива за сметка на енергенсите,а не заради индустриското производство!(а кога имаш енергенси се богати само државниот врвIcon_wink)
Русија ке пркне ама на нас ке ни се стамно до тогаш. Тоа што амеирканската економија паѓа е само привид. Дали си свесен само колку компании они поседуваат во Германија (које е економски лидер во Европа), Јапонија, Тајван, Кина (азија) Саудиска арабија, Израел, Кувајт (блиски исток) сега моментално е борбата за контрола врз Африка. Е сега ке ми каже некој дека тоа не е исправно. Историски гледано се е исто само улогите се сменети. Не е Британија него е Америка. Черчил бил потполно во право кога го прашале дали Британија ке победи во втората светска војна. Неговиот одговор бил „ Британија ке победи, но ке ја загуби империјата“.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
21-02-2011, 06:45 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(21-02-2011, 12:25 AM)Nikola Wrote: Во Русија се живеело подобро од Америка...Ова од утре го кажувам по луѓе како виц. Во САД ако не се лажам има 1% сиромаштија, а за Русија не знам точно
Ахам 1%, пробај 1 во 6 Американци гладува. Еден во шест има шанси да умре од глад. За Русија не знаеш точно ама кога Си Ен Ен и слични ним ќе прокакаат нешто за човековите права во Русија го земаш тоа здраво за готово.
Ацко, не е различен поглед и спротивставување, туку вие одбивате да се ангажирате во секакво критичко размислување наспроти вашата претстава. И во камен да ви ги изделкаат фактите за банкротот на западните земји, вие пак истите Си Ен Ен приказни ќе ги вртите.
Што се случи со 5-те причини заради кои треба да јуришаме на ЕУ и НАТО ветерниците?

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
21-02-2011, 06:48 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(21-02-2011, 06:48 AM)МрачниотКоњаник Wrote:
(21-02-2011, 12:25 AM)Nikola Wrote: Во Русија се живеело подобро од Америка...Ова од утре го кажувам по луѓе како виц. Во САД ако не се лажам има 1% сиромаштија, а за Русија не знам точно
Ахам 1%, пробај 1 во 6 Американци гладува. Еден во шест има шанси да умре од глад. За Русија не знаеш точно ама кога Си Ен Ен и слични ним ќе прокакаат нешто за човековите права во Русија го земаш тоа здраво за готово.
Ацко, не е различен поглед и спротивставување, туку вие одбивате да се ангажирате во секакво критичко размислување наспроти вашата претстава. И во камен да ви ги изделкаат фактите за банкротот на западните земји, вие пак истите Си Ен Ен приказни ќе ги вртите.
Што се случи со 5-те причини заради кои треба да јуришаме на ЕУ и НАТО ветерниците?

Пак ти запна со тој Си Ен Ен...ОК во Русија се живее подобро од Америка и ние треба да се стремиме кон влегување во сојуз со Русија, неврзани бидејќи трулиот капитализам ќе не уништи, а сите комунистички земји го задржаа својот систем бидејќи беше многу функционален, беше во чекор со развитокот на Западот, имаше најголемо почитување и вреднување на демократијата и човечка слобода...И многу многу други придобивки...
21-02-2011, 11:44 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(21-02-2011, 04:16 AM)Makedonec Wrote:
(21-02-2011, 04:02 AM)acko Wrote:
(21-02-2011, 03:29 AM)Makedonec Wrote: Незнам зошто си се фатил за Куба,кога во истиот документарец Мур не можеше да си дојде во себе од сознанието дека во Британија и Франција здраството е бесплатно...и кога мислеше дека си тераат мајтап со него,бидејќи он тоа не можел ни да го сонува...(ако Франција и Британија се комунистички земји тогаш ок)

сум се фатил за да видиш на кој начин и со каква цел Мур ги прави своите документарци. Тој е само еден обичен комунистички агитатор, кој како и секој добар комунист не се либи да ги искривува фактите доколку не му се допаѓаат.

Никаде нема бесплатно здравство, постојат различни начини на плаќање. И повеќето Амери сакаа(т) да не се менува нивниот здравствен систем, скоро на сите анкети повеќе од половина се против. Потегот на Обама во однос на здравството беше една од главните причини тој и демократите да ја изгубат подршката, а неговите демократи да доживеат пораз на последните избори за Конгрес. Не велам дека само поради тоа, но сигурен сум дека таа одлука на Обама имаше големо влијание врз исходот на изборите.


(21-02-2011, 03:29 AM)Makedonec Wrote: Плодно е за наука во нивни цели(воена техника,воена техника,воена техника и сл)

Погледни ги само придобивките што ги имаме сите од информатичката технологија...


(21-02-2011, 03:29 AM)Makedonec Wrote: Дебелеењето е феномен кој за некоја деценија ќе направи од американската нација неподвижни и непродуктивни створови!

Мислам дека тоа е повеќе спин од оние фанатици за здрав живот кои што креваат галама и сакаат да им наредуваат на луѓето што ќе јадат и колку ќе јадат (поточно, како ќе живеат).

Сега ми текна и на Глобално затоплување (кое што можеби и нема многу врска со ’дебелите’). Од една теорија, научно недокажана, се направи едно масовно политичко движење... Зелените секој ден се посилни...


(21-02-2011, 03:29 AM)Makedonec Wrote: А за Авганистан,доволно е да знаеш дека 80% од опиумот во цел свет доаѓа од таму...така да размисли уште еднаш дали отидоа таму за да ја решаваат "демократијата"!

После 11 септември, нешто мораше да се превземе. А, Авганистан им даваше заштита токму на тие кои што ги организираа и спроведоа тие напади. Требаше да останат и да чекаат нови или да делуваат. Ако добро помнам, после акцијата на Америте во Авганистан, немаше сличен напад од талибаните на териотирјата на САД.

Ај ај ајјј...после ова не ми останува ништо друго освен да верувам дека Бог ја создал Америка(САД)...

Отсега ќе си ги ставам розовите американски наочарчиња и ќе си уживам(пошто форумов е со домејна .ca ...ама изгледа тоа е само да се замачкаат очи...влегов и ја ко вашите удба филмовиShok)

п.с Америка,Америка...наша божја земјо...ми ти се кунемо Jeee

ОК Македонец, еве го нашиот лидер. И немој да кажеш дека не си задоволен...

[Image: stalin-6.jpg]
21-02-2011, 11:53 AM
Reply
Marko_Polog Offline
Member
***

Posts: 86
Joined: Jan 2010
Reputation: 6

Makedonija nema da bide nitu Rusija nitu Amerika, zadacha na Makedonija e da iscrpi maksimalno i od ednite i od drugite sto e vo interes na Makedonija.
21-02-2011, 01:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,122
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



(21-02-2011, 01:51 PM)Marko_Polog Wrote: Makedonija nema da bide nitu Rusija nitu Amerika, zadacha na Makedonija e da iscrpi maksimalno i od ednite i od drugite sto e vo interes na Makedonija.



Македонија е премала да игра таква улога. Неодбирањето страна води во сигурно исчезнување на Македонија.
21-02-2011, 03:11 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(21-02-2011, 06:48 AM)МрачниотКоњаник Wrote:
(21-02-2011, 12:25 AM)Nikola Wrote: Во Русија се живеело подобро од Америка...Ова од утре го кажувам по луѓе како виц. Во САД ако не се лажам има 1% сиромаштија, а за Русија не знам точно
Ахам 1%, пробај 1 во 6 Американци гладува. Еден во шест има шанси да умре од глад. За Русија не знаеш точно ама кога Си Ен Ен и слични ним ќе прокакаат нешто за човековите права во Русија го земаш тоа здраво за готово.
Ацко, не е различен поглед и спротивставување, туку вие одбивате да се ангажирате во секакво критичко размислување наспроти вашата претстава. И во камен да ви ги изделкаат фактите за банкротот на западните земји, вие пак истите Си Ен Ен приказни ќе ги вртите.
Што се случи со 5-те причини заради кои треба да јуришаме на ЕУ и НАТО ветерниците?

Абе од кај ви се овие статистики жити Бога?!

Еден вика Америка дебелана, другиов кутриве умирале од глад! Зборувате за работи за кои немате поим, а "податоците" ги вадите од филмови направени за профит. Само трудот е богатсво. Енергенсите и ресурсите се само пејсаж ако нема кој да смисли како да ги обработи и на крај да засука ракави и да ги обработи. Овдека секој си има избор што ќе стори со својот живот. Имаш доселеници кои доаѓаат само со облеката на нив, и за десетина години стануваат надпросечни жители. Има и скапаници што не работат ништо. За мене тие се проблем, но тој проблем настана откако држвата почна да дава социјана помош. Имаш и питачи кои заработуваат како некој менаџер од средно ниво ($50,000-100,000) годнишно - како? Благодарение на човековата совест и глупост.

Коњаник и Македонец, пробемот ви е што сте од филозофска провиненција "да му умре козара на комшијата". Како што реков, нема проблем да ја критикуваме САД, ама, тука доаѓаме до идеолишли разлики - она што е за мане критика, за тебе е пофалба. За САД "економска криза" претставува намлен луксуз на животот. Наместо 14 дена одмор, 12 дена одмор.

Главното што неможете да го разберете е што овој систем овдека постојано се обидува да се подобри. Критериумите за "стагнација", "рецесија", "криза" и слично се два света помеѓу комунистичкиот блок и Северна Америка.

За вас проблем е "американскиот империализам". А што е со рускиот? Веќе имам кажано, онаму каде што има американско присуство, тоа е со одобрние на домаќините. Не оди подалеку: зарем Македонија нема профит од Ирак и Авганистан? Колку македонци вадат годишна плата со која ќе можат да одживеат без уште еден ден да работат во Македонија?
21-02-2011, 03:31 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Мислам дека дискусијава не води никаде зашто очигледно постојат идеолошки разлики за кои нема убедување. Едни викаме да станеме вистинска демократска и капиталистичка држава, други да се вратиме во прегратките на Русија како 1945. Предлагам од сега натаму да се држиме до темата.
21-02-2011, 03:45 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(21-02-2011, 03:45 PM)Nikola Wrote: Мислам дека дискусијава не води никаде зашто очигледно постојат идеолошки разлики за кои нема убедување. Едни викаме да станеме вистинска демократска и капиталистичка држава, други да се вратиме во прегратките на Русија како 1945. Предлагам од сега натаму да се држиме до темата.

BravoBravo

Подржувам.
21-02-2011, 04:28 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(21-02-2011, 03:31 PM)Solenik Wrote: Абе од кај ви се овие статистики жити Бога?!

Еден вика Америка дебелана, другиов кутриве умирале од глад! Зборувате за работи за кои немате поим, а "податоците" ги вадите од филмови направени за профит.
Очигледно пријателе ти си тој што немаш поим. 1 од 6 американци гладува и тоа е точен податок, статистики од оние кои се занимаваат со проблемот на гладот во Америка.
Немаш поим оти гледам дебелината на луѓето ја сврзуваш со количината конзумирана храна. Воопшто не мора да јадеш многу за да се здебелиш. Најефтината храна е синтетички произведената, генетски мутираната и со најразни адитиви настеганата прехрамбена пластика што ја јадат оние кои за подобро немаат пари. Така е во капиталистичката и демократска Америка, во поредокот кон кој ние треба (според тебе) да се стремиме, кој нели секој ден просперира се` повеќе и повеќе.
Наместо да бркаме за себе да отвориме нови пазари кон кои западните финтаџии немаат пристап и да се дигнеме на свои нозе ние и понатаму треба да се стремиме кон зависноста од туѓите буџети.
Соленик е тој што треба да се ослободи од наследените поимања на свет замрзнати во `90-тите.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
21-02-2011, 05:47 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(21-02-2011, 11:44 AM)Nikola Wrote: Пак ти запна со тој Си Ен Ен...ОК во Русија се живее подобро од Америка и ние треба да се стремиме кон влегување во сојуз со Русија, неврзани бидејќи трулиот капитализам ќе не уништи, а сите комунистички земји го задржаа својот систем бидејќи беше многу функционален, беше во чекор со развитокот на Западот, имаше најголемо почитување и вреднување на демократијата и човечка слобода...И многу многу други придобивки...
Затоа што Филмске Новости е заменет со Си Ен Ен, на кој највеќе од се` се врти пропаганда, а твојот муабет го сведуваш на пропаганда, ќе ти го тријам од нос Си Ен Ен и сличните ним.
Не е поентата каде се живее подобро, поентата е Македонија да живее подобро. Колку се офајдивме досега од јуришот на ветерници наречен членство во ЕУ и НАТО?

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
21-02-2011, 05:52 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(21-02-2011, 11:53 AM)Nikola Wrote: [Image: stalin-6.jpg]

Овој чичко потепал 20 милиони свој народ и тоа до 39'та...така да незнам како тоа ти текна таму каде што се разговара за модерни текови и трендови да мешаш монструми од 2ра Светска Војна???

Едино ако ти мислиш дека сме уште 20ти век па да бираме меѓу русите,или американците?!


До сите поддржувачи на САД и без критичко мислење ви посакувам да развиете критичко мислење и кон нив...па син да ви беше ќе го искравте и ќе му најдевте маана,ама ова изгледа нешто свето ви е!

И повторно да напоменам,ако не беше овој форум никогаш немаше толку да ги замразам пропагандите...но највеќе ми боде очи тоа што немам слушнато некој да ја анализира американската пропаганда(од која потекнува скоро се)!

И не се глупирајте со лепење етикети од типот "Ајде да одиме со Русија,и така од 45та сме со нив"....ццц зар вие во животот секогаш сте прибирале помеѓу две нешта кои по секоја цена едно морате да одберете(мајка-такто,брат-сестра,син-ќерка)???
21-02-2011, 07:07 PM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6

Американската политика има свои мани како и сите. Мене ми се допаѓа што имаат геостартешка политика која не бираат средства да ја остварат. Ние како една мала држава со исклучително важна геостратешка положба на балканот треба тоа да го искористиме. Низ историјата последниве 50 години е докажано дека кој е со Америте добро поминува. Тајван, Германија, Италија па дури и Грција. Ние не можеме да функционираме сами. Нашиот менталитет е таков и секогаш некој мора да не држи за рака. Кога веќе е така јас би сакал тоа да биде Америка. Сега не жибееме во Биполарен свет како пред 20 години кога изборот се сведуваше на САД или СССР. Сега имаме неколку водечки регионални сили. Бразил, Кина, Турција, Русија, Германија, Индија и секако САД. Од сите набројаниве ние најблиски односи во моментот имаме со САД и Турција и тоа така треба да остане. Не велам дека не треба да се градат релации со другите ама треба да се внимава да не се нарушат односите со САД и Турција. Само така ке бидеме дел од модерниот свет. Каде нашата улога иако минимална ке биде дел од новиот светски поредок. Приказните околу формирање на Втор сојуз кој ке биде предводен од Русија не се нереални ама јас мислам дека е рано. Во иднина се може да се случуи ама до тогаш ние треба да имаме одбрано страна. Оти ако немаме ке бидеме во иста ситуација како 1912г.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
(This post was last modified: 22-02-2011, 03:10 AM by nikoj.)
22-02-2011, 03:08 AM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3


Quote:Makedonci za, Albanci protiv


Turci upozoravaju na moguće tenzije zbog crkve - muzeja u Skoplju

Ministarstvo inostranih poslove Turske smatra da će odluka makedonske Vlade o izgradnji crkve - muzeja na skopskoj Tvrđavi, u njenom najvidljivijem dijelu, izazvati ozbiljne tenzije u društvu.

[Image: 110220070.jpg]
Skoplje

Turski MIP je mišljenja da bi Vlada Makedonije trebalo da ima u vidu multikulturni i multireligiozni sastav društva i da historijske znamenitosti, poput Tvrđave u Skoplju, predstavljaju zajedničko kulturno naslijeđe za cijelo čovječanstvo i kao takvo ne treba "niko da ga uništava", prenose makedonski mediji.

"Turska pridaje veliki značaj održavanju i zaštiti kulturnog naslijeđa iz osmanlijskog perioda koje se nalazi u Makedoniji", ističe se u pismenom reagovanju, koje je proslijeđeno i zvaničnom Skoplju.U Makedoniji je protekle nedjelje došlo do sukoba grupe Makedonaca, koji žele da se na Tvrđavi, popularnom Kaletu, izgradi crkva-muzej, i Albanaca - koji se protive gradnji, smatrajući da se na taj način ruši multietnički odnos Skoplja.

Do sukoba je došlo nakon što su nekoliko dana ranije visoki zvaničnici vladajuće albanske partije u Makedoniji - DUI, među kojima i predsjednik opštine Čair i nekoliko ministara, napali objekat i srušili ga rukama.

IZVOR
22-02-2011, 08:40 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,122
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Пред извесно време Албина Груби е унапредена во Помошник Раководител на Сектор во Директоратот за Регионални Иницијативи во МНР- се работи за сопругата на Артон Груби, вработен во амбасадата Холандија.
Инаку Дрзавен Секретар кој ја унапредил Албина Груби е Абдулкадар Мемеди теолог-ОЏА, кој завршил во Тунис.
Дали е можно да немало врска помеѓу Албина, Артон и Абдулкадар.

[Image: abdulkadar.jpg]

Quote:Дипломатска кавга експлодира во Министерството за надворешни работи. Двајца дипломати, Абдулкадар Мемеди, кадар на ДУИ, и Шабан Јашари се обвинуваат кој кого пцуел, кој се успал за состанок со катарски дипломат, кој е виновен за уништувањето на службеното возило... Навистина сочни детали има во писмото што Јашари го испрати до нашата редакција. Описот на настаните личи на сé само не на дипломатија.

Сé почнало кога во јануари 2007 години тогашниот привремен амбасадор во Катар, а сегашен државен секретар во МНР, Абдулкадар Мемеди, беше повлечен бидејќи, како што тогаш соопшти МНР, одбивал да ги предаде агреманите за тогаш предложената амбасадорка Милка Ристовска.
23-02-2011, 03:43 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,122
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:На два брега

Автор: Мирослав Спироски (новинар-аналитичар и публицист) Претседател на Комисијата за верски прашања на Обединети за Македонија

[Image: Miroslav.JPG]

Безнадежност се надвиснала во сите општествени области во Република Македонија, а кутрите новинари се распнати меѓу Кодексот и сметките! Едни се фаќаат за сламка за да ги фалат потезите на Владата, а други – ако критикуваат ќе се најдат под лупата на УЈП, ДБК или... Значи, недемократија и неновинарство... Владата владее како што знае и умее, а новинарите се во најтешка агонија откога постои македонското новинарство

Во Република Македонија доживеавме и народот (граѓаните) и новинарството да се поделат како на два брега! Така,едни се на брегот на државниот тоталитаризам, а други на посакуваната општествена демократија. Седмата сила во нашата држава веќе пелтечи среде коалицискиот и семејниот политикантски апартхејд на владејачката ДПМНЕ.

Безнадежност се надвиснала во сите општествени области во Република Македонија, а кутрите новинари се распнати меѓу Кодексот и сметките! Едни се фаќаат за сламка за да ги фалат потезите на Владата, а други – ако критикуваат ќе се најдат под лупата на УЈП, ДБК или... Значи, недемократија и неновинарство... Владата владее како што знае и умее, а новинарите се во најтешка агонија откога постои македонското новинарство.

Во мојата четиридецениска новинарска дејност, додуша, не знам дека некогаш во Република Македонија било поинспиративно за аналитичко и критичко журналистичко изразување. Почнувајќи од „намигнувачот“ од Претседателската резиденција на Водно, преку Палатата на едноумието – Парламентот (без опозиција), безинвентивната Влада, јаловата економија, пресушеното земјоделство,осуденото судство, злоупотребената полиција, болното здравство, разнебитеното образование... Нема ресор кој не стенка од глупости, некреативност, наивности...Неизвесност колку сакаш, теми на претек. Потребна е само аналитика и „остро“ перо! Но, тој „луксуз“ го нема.

Експертите велат дека токму поради поделеноста новинарите не успеале да го освојат целокупниот општествен простор како професионалци и креативци (по дефиниција). Повеќето од нив својот професионализам го замениле со конформитет и се продале на разни моќници, станувајќи на тој начин дворски журналисти, кои пишуваат по нарачка. Ете зошто печатените медиуми имаат мали тиражи, а електронските – слаба гледаност... Првите се’ послабо ги купуваат, а вторите најчесто се вклучуваат заради одредени серии! Погледнете ги: весниците си личат еден на друг со исти вести, а без аналитички теми. Електронските, можат да се поделат на просрпски и некои други.

Замислете, луѓето се прашуваат каде се промакедонските, каде исчезнаа?! На првите предводник им е еден електронски медиум. Уште вестите од Владата што не ги објавува на српски (можеби со телоп на македонски, ако не заборават...). Тоа, во сегашнава констелација како да е и нормално! Сеедно што не е уставно, односно законски. Им се може... Припаѓаат на брегот на тоталитаризмот креиран од државната моќ.

Новинарите во основа се ѕидари. Според дефиницијата треба без престан да го подигнуваат зданието на вистината. Кај нас ги сменија проектите. Сега се обидуваат како мајстори да ѕидаат (но, не Кула на вистината), туку (групашки) мостови – секоја група за своите потреби...! Затоа се разидувачки: тоталитаристичкиот против демократскиот, а вториот контра првиот! Истовремено интересно е тоа што и двете журналистички групации се обидуваат да се потврдат како вредности без кои не се може! Тоа е факт: и на тоталитаризмот му се потребни новинари, односно медиуми, но и на демократијата. Така, во нашата држава ова е „златно“ време за потврдување на журналистичкото ѕидарство. Но, светската журналистика (и општество) тоталитарното новинарство го сместува во минатото, меѓу доживеаните, неподобните, победените, елиминарните... Меѓутоа, за жал, во Република Македонија ќе се запише меѓу
повампирените.

Познавачите велат дека има ретки исклучоци.Врз главата на македонското новинарство денес (како никогаш досега) виси мечот на тоталитаризмот. Или си „тоталитарец“ (новинар кој е обезличен), или среде зима ќе висиш на тротоар на температура под нулата во некакво импровизирано студио-редакција, барајќи каква-таква смисла за ударите врз
демократијата, која доколку беше со човечка природа досега ќе искрвавеше. Всушност, на медиумскиот мегдан: колку медиуми толку интереси...и обратно: колку политики (партии), толку медиуми? Тоа е аверс и реверс на македонската журналистичка монета. Затоа кај нас слободното новинарство, како второ име и презиме на демократијата, е само пуста желба на граѓаните и на понекој новинар!

Влада која сака да биде успешна, мора најнапред да ги деинсталира антидемократските обрачи и да создаде услови за аналитичка и критичка мисла. Кај нас нема самостоен (независен) аналитички новинарски коректив на државните политики. Единствено само носителите на државната неинвентивност се радуваат на таквото новинарство.



Кога ке видам умни луѓе како залутале во изборот на политичката партија многу ми е криво.
(This post was last modified: 10-03-2011, 01:38 AM by ЈорданПетровски.)
10-03-2011, 01:35 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Е за тој човек Јордане и јас се согласувам со твоето мислење. Претпоследната реченица меѓутоа не ја опишува одликата само на Македонија. Западов тоне по тоа прашање и тоа забрзано. Од друга страна, стремежот за создавање на таков колектив/коректив ја одразува немоќта што некои генерации/слоеви ја чувствуваат кога се приморани да сами создадат структура на сопствениот свет...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
10-03-2011, 08:29 AM
Reply