Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3.13 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Тестирање на нерви(епизода 2011)
Author Message
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#1

Quote:Ноќеска срушен музејот на Кале
11.02.2011 - 11:31 | Македонија

Стотина лица синоќа урнале дел од сакралниот објект на скопското Кале што го гради Министерството за култура.


Случајот е пријавен во полицијата од страна на чуварот кој го обезбедувал објектот при што се пожалил дека на местото дошле стотина лица кои му се заканувале и почнале со оштетување на конструкцијата на објектот.

Полицијата веднаш излегла на терен и ја констатирала состојбата, а допрва треба да се утврдува причинетата штета.

- Министерството за внатрешни работи против сторителите ќе постапи соодветно, како и во други случаи, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.

МВР за да утврди кој стои зад уривањето на објектот на Кале, ќе ги прегледува снимките на медиумите кои биле присутни.

Според очевидци, на скопското Кале синоќа биле и функционери на ДУИ, меѓу кои министерот за здравство Бујар Османи, заменик министерот за внатрешни работи Џеват Бучи и градоначалникот на Чаир Изет Меџити. Претставници на ДУИ пред десетина дена побараа да се прекине изградбата.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман по реакциите во врска со изградбата на сакралниот објект на Калето изјави дека привремено ќе бидат прекинати сите активности за, како што рече, да се разјаснат нејаснотиите.

Според Кузман, на Калето се реализира проект за „Конзервација, реставрација, и реконструкција со покривна конструкција на сакрален објект - црква од 13 - 14 век“.

Намерно не болдирав делови од текстот бидејќи се треба да се прочита од збор до збор!

Е сега како ќе се протолкува ова??? ЦИА??? WTF??

p.s инаку ако сакале да предизвикаат тензии,ја згрешиле земјата...бидејќи тука народот е опериран од национално достоинство!...да беше за А1 ќе прераснеше во револуција...а овака само ќе се направиме дека не сме слушнале,и готооовооо Party3

п.п.с За оние со слабо срце не им се препорачува да ја гледаат снимката од настанот!
(This post was last modified: 11-02-2011, 04:12 PM by Makedonec.)
11-02-2011, 04:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,122
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(11-02-2011, 04:11 PM)Makedonec Wrote:
Quote:Ноќеска срушен музејот на Кале
11.02.2011 - 11:31 | Македонија

Стотина лица синоќа урнале дел од сакралниот објект на скопското Кале што го гради Министерството за култура.


Случајот е пријавен во полицијата од страна на чуварот кој го обезбедувал објектот при што се пожалил дека на местото дошле стотина лица кои му се заканувале и почнале со оштетување на конструкцијата на објектот.

Полицијата веднаш излегла на терен и ја констатирала состојбата, а допрва треба да се утврдува причинетата штета.

- Министерството за внатрешни работи против сторителите ќе постапи соодветно, како и во други случаи, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.

МВР за да утврди кој стои зад уривањето на објектот на Кале, ќе ги прегледува снимките на медиумите кои биле присутни.

Според очевидци, на скопското Кале синоќа биле и функционери на ДУИ, меѓу кои министерот за здравство Бујар Османи, заменик министерот за внатрешни работи Џеват Бучи и градоначалникот на Чаир Изет Меџити. Претставници на ДУИ пред десетина дена побараа да се прекине изградбата.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман по реакциите во врска со изградбата на сакралниот објект на Калето изјави дека привремено ќе бидат прекинати сите активности за, како што рече, да се разјаснат нејаснотиите.

Според Кузман, на Калето се реализира проект за „Конзервација, реставрација, и реконструкција со покривна конструкција на сакрален објект - црква од 13 - 14 век“.

Намерно не болдирав делови од текстот бидејќи се треба да се прочита од збор до збор!

Е сега како ќе се протолкува ова??? ЦИА??? WTF??

p.s инаку ако сакале да предизвикаат тензии,ја згрешиле земјата...бидејќи тука народот е опериран од национално достоинство!...да беше за А1 ќе прераснеше во револуција...а овака само ќе се направиме дека не сме слушнале,и готооовооо Party3

п.п.с За оние со слабо срце не им се препорачува да ја гледаат снимката од настанот!



Заради ваквото однесување на власта вакви работи ни се случуваат и ке ни се случуваат:

Quote:Полицијата наведува дека по добивањето на пријавата, службеници на МВР се упатиле на лице местото и ја констатирале фактичката состојба
11-02-2011, 04:28 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#3

Малку многу ова ми личи на 2001-ва...
11-02-2011, 04:47 PM
Reply
Marko_Polog Offline
Member
***

Posts: 86
Joined: Jan 2010
Reputation: 6
#4

(11-02-2011, 04:47 PM)Solenik Wrote: Малку многу ова ми личи на 2001-ва...

Identicno, fali uste eden 'miren' protest, pukanje od okolinata...
Crkvata sto se gradi ne e blizu ambasadata Americka? nemaat Riker ili Fuere komentar za ovoj incident, Ova e golema rabota posto nivnite beli mechki ne pravat vakvi incidenti ako ne se zastiteni da go pravat istoto.
Sega a mnogu pojasno zosto sds go napusti sobranieto i zosto nemaat namera da se vratat na vlast preku izbori...drug dogovor e napraven.
11-02-2011, 05:01 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#5

А, зошто полицијата на Гордана не интервенирала? Зошто градежници граделе верски храм навечер? Каков договор имал Груевски со Ахмети по ова прашање? Да не им беше ова цлета? Едните да се покажат големи православци и Македонци, а другите заштитници на муслиманството и албанството? Ние градиме, а овие рушат.

Што барал горе градоначалник на Чаир од ДУИ, и заменици министри од истата партија?

11-02-2011, 05:07 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#6

Мене ме интересира само дали ова е некое сценарио,или чист фундаменталистички испад на некои испрани(дебело платени) мозоци???

п.с Ако бе ќе видат они ние коа ќе станеме малцинство какви права ќе им бараме(со оксиген ќе им ги сечеме бетонските минариња) Smiley-happy068
(This post was last modified: 11-02-2011, 06:34 PM by Makedonec.)
11-02-2011, 06:33 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#7

(11-02-2011, 05:07 PM)acko Wrote: А, зошто полицијата на Гордана не интервенирала? Зошто градежници граделе верски храм навечер? Каков договор имал Груевски со Ахмети по ова прашање? Да не им беше ова цлета? Едните да се покажат големи православци и Македонци, а другите заштитници на муслиманството и албанството? Ние градиме, а овие рушат.

Што барал горе градоначалник на Чаир од ДУИ, и заменици министри од истата партија?

Ацко, да ти се надоврзам на можната теза. Тоа, досиејата за Али Ахмети и неговите најблиски соработници, тоа де, дека биле соработници на УДБА, беа оригинали или копии???Shok
11-02-2011, 08:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,122
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8



Quote:Груевски нема да дозволи инцидентот да влијае на меѓуетничките односи


16:12 | 11 февруари 2011
Серјожа Неделкоски

По синоќешниот инцидент што се случи на Кале, од кабинетот на премиерот информираат дека премиерот Груевски нема да дозволи оваа ситуација да влијае врз меѓуетничките односи и нема да дозволи некој да ја злоупотреби за свои цели и да креира драматични сценарија за некаква дестабилизација

„Претседателот на Владата смета дека сите отворени прашања треба да се решаваат низ дијалог и искрено верува дека тоа ќе се случи, а за настанатата ситуација е остварена комуникација со коалиционите партнери“ се вели во соопштението од Влада.
Управата за заштита на културното наследство апелира до политичките партии да не се обидуваат да ги политизираат проектите од ваков карактер, односно објектот црква-музеј, што се гради на скопското Кале.
„Потенцираме дека целта на овој проект е да се заштити и да се презентира културното наследство на Скопската тврдина и истиот е дел од пошироката програма со која се планира ревитализација (оживување) на Калето со сите можни сегменти на конзервација, реставрација, реконструкција и ревитализација во насока на економско и туристичко заживување на овој мошне значаен локалитет“ соопштуваат од Управата.
Тие соопштуваат дека имаат спроведено тендер за избор на фирма за реализација на активностите, согласно законските процедури.
Стотина луѓе синоќа околу полноќ упаднале во објектот црква-музеј, што се гради на скопското Кале.
Според пишувањата на дел од медиумите, меѓу присутните биле и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заменик-министерот за внатрешни работи, Џеват Бучи, како и дел од министрите на ДУИ.
Според дел од политичките партии, групата упаднала бидејќи градежни работници работеле на изградбата на спорниот објект, иако Управата за заштита на културното наследство по незадоволството на ДУИ ја стопираше градбата.


Tuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niTuktuk0ni
12-02-2011, 05:51 AM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#9




12-02-2011, 10:14 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

(12-02-2011, 10:14 AM)poprushev Wrote:


Луѓето си работат...и,попатно, пеат. Ме потсетија на раните години на Втората Југославија, кога преку работните акции се градеше Југославија. Со работа и песна, исто како завчера на Калето.ме бендиса што дел од врвот на ДУИ беше присатен. Ајде, сега да видиме како функционира државата, поточно Владата која, нели, владее “ согласно законите“. Поп Рушев , секогаш кога те читам ја пуштам и песната на Ванев за големиот македонски херој Тодор Александров. Можеш ли повеќе да бидеш активен.YeaYeaJeeeJeee

12-02-2011, 12:34 PM
Reply
Marko_Polog Offline
Member
***

Posts: 86
Joined: Jan 2010
Reputation: 6
#11

Taka e prijateli, koga ti rushat crkva barajte go problemot na drugo mesto, koga ke pukaat vo tvojot dom..baraj te go problemot na drugo mesto, koga utre ke vi kidnapiraat nekoj vas blisok....baraj te go problemot na drugo mesto, ednas da pokazheshe 'makedoncheto' so prst kon toa divo 'diskriminirano' pleme i barem ednas da bese 'makedoncheto' obedineto nema ni na son da pomislat vakvi raboti da pravat ama ako...za ovoj narod i ova e malce.

12-02-2011, 02:18 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#12

(12-02-2011, 12:34 PM)hristo Wrote:
(12-02-2011, 10:14 AM)poprushev Wrote:


Луѓето си работат...и,попатно, пеат. Ме потсетија на раните години на Втората Југославија, кога преку работните акции се градеше Југославија. Со работа и песна, исто како завчера на Калето.ме бендиса што дел од врвот на ДУИ беше присатен. Ајде, сега да видиме како функционира државата, поточно Владата која, нели, владее “ согласно законите“. Поп Рушев , секогаш кога те читам ја пуштам и песната на Ванев за големиот македонски херој Тодор Александров. Можеш ли повеќе да бидеш активен.YeaYeaJeeeJeee

[Image: Manastir_Srushen_2.jpg]

2001 - 2011 режија БИА/ВБА/ДБК(РДБ/КОС/УДБ(СРМ))

An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 12-02-2011, 04:01 PM by montehristo.)
12-02-2011, 03:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,122
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13


Quote:
(БРАНКО+А1)+(АЛИ+АЛСАТ)= РИМЕЈК ЗА КРЕТЕНОИДИ!


Левава банда олицетворена во Бранко + Али, заедно со нивните најсилни медиумски оружја А1+Алсат М, во моментов ни го прикажуваат мрачниот римејк за дестабилизација на Македонија. Тој за жал, не е наменет за „соросоиди“ или „македоноиди“, туку само за кретеноиди. Имено, само кретеноиди може повторно да наседнат на исти финти повеќепати и да се возбудуваат од расипаните трикови на јавачите на апокалипсата, јавачите на мракот и на омразата.

[Image: 2w4cnx5.jpg]


Мора многу да си искомплексиран и исфрустриран за толку многу да го мразиш сопствениот народ и сопствената држава. Истовремено, мора да си многу расипан, расипан до коска, за да подготвуваш планови да се вратиш на власт без оглед на цената. Без оглед на несреќата, жртвите и стресовите што ќе им ги нанесеш на своите блиски-роднини, соседи, граѓаните.

Токму такви се припадниците на двете банди, левата и десната, што поради криминални интереси се подготвени на се, само да останат на власт или да ја освојат.

Македонија дефинитивно е нивен заложник и граѓаните на оваа „бјутифул кантри“ нема бел ден да видат додека на власт се едните или другите.
Е, сега, тоа што се припадници на банди што се нарекуваат политички партии и тоа што се на власт или во опозиција, не ни дава право да ги изедначиме како еднакво способни за тоа што го прават. Некако, левава банда, веројатно поради историското искуство од шеесетина-седумдесет години се чини за нијанса повешта за изведување дворски игри во византиски стил. За владеење без душа, по секоја цена, за владеење со цицање крв на сопствените граѓани и сопствената држава.

Во Македонија во тек е уште една жестока битка за истребување на бандите. Оваа левава, со разно-разни помагатели од разни провениенции, што од мафијашки, што од разузнавачките активности на нашите драги соседи, што од т.н. „меѓународна заедница“, започнува уште една опасна, но веќе видена игра за да се добере до власта по нелегитимен пат.

Предусловите за римејкот беа внимателно создавани



Откако битката за А1 со кодно име „И ние сме А1“, т.е. „И јас сум Бранко“, заврши пародично со новинарски аплауз за лидерот што во очи им кажа на овие гуски новинарски, ем платенички, дека „тоа не е дури битка за вас, ниту за Велија“, како и со одмрзнување на сметките на телевизијата и другите фирми на Перо Наков, левава банда се најде охрабрена.

Уште повеќе се охрабри откако виде дека лидеров на деснава банда се покажа мекичок, па после лидерската средба кај „прецедатело“ и разговорите со Рикер, соопшти дека делумно го жртвува „вмровскиот“ министер за правда Михајло Маневски, тој прекрасен конвертитско-полициски изданок на доцниот, декадентниот социјализам на тогашниот Сојуз на комунисти на Македонија. И не само тоа, туку и се согласува на разговори за нов изборен закон, за преразгледување на избирачките списоци, ем за евентуално одлагање на пописот. Во такви услови левава банда дојде до оценка дека точката на топење е многу ниска кај деснава банда и дека се е можно.

Но, бидејќи со „победата за А1“ и со дел од другиве прифатени услови се избиени аргументите од рацете за натамошен бојкот на парламентот, левава банда се реши да го активира резервниот план за натамошно држење на џојстикот на бездушната игра во нивни раце. И така, се случи „Скопско Кале“, односно вандалското рушење на конструкцијата за црквата-музеј која со месеци се гради таму и во која треба да бидат изложени артефактите пронајдени при истражувањето на Калето.

Анализата на настанот и согледувањето на медиумската обработка на истиот, учесниците што беа таму, реакцијата на полицијата и на деснава банда, без сомнение укажуваат на режија. Филмот, што веќе сме го гледале, па затоа ќе го наречеме римејк, е всушност обид за етничка дестабилизација на Македонија, на која и претходеа неколку настани.

Едниот од побитните беше играта со досијеата што изникнуваа по дворови, со која беше разобличен карактерот на „војната“ од 2001 година во Македонија, беше разголен и расветлен целосно врвот на ОНА, односно на денешно ДУИ и се пронајдоа коцкичките од мозаикот што недостасуваа за да разберат граѓните од Македонија и Македонци и Албанци, за кого страдале и зошто гинеле тогаш.
По таа мини војничка во која секој што учествуваше во нејзиното креирање и спроведување си го вгради својот интерес, Македонија веќе не беше иста. Унитарноста на државата е само формална, а со тоа во државата беше вграден системски проблем кој, ем ја држи државата во место, ем може да се (зло)употребува секогаш кога некој моќен ќе оцени дека е потребно. Ете затоа, досијета за врвот на ОНА, т.е. за ДУИ, се многу важен елемент кој претходи на денешните настани, затоа што рејтингот на ДУИ кај нивните избирачи потоа падна под критичното ниво.

Вториот настан што е битен, е константното паѓање на рејтингот на лидерот на левата банда на сите проверки на гласачкото тело во последните две-три години. Фрапантно за него беше тоа што додека рејтингот на неговата СДСМ во последните шест месеци се качуваше за по половина или еден процент, неговиот остана закопан на под или околу 9 проценти.
Секоја умна будала од ова може да извлече заклучок дека традиционалното гласачко тело на левата банда не се откажала од партијата, ами го смета нејзиниот лидер за товар кој мора да си оди. Во такви услови, Бранко Ц. се решава да го извади народот на улица и да покаже дека може да режира „десио се народ“. И така, поради мобилизациски причини беше спроведена вежбата „50 илјади на Партизанска“, на познатиот протестен марш што се случи на почетокот на декември, лани.

Потоа следуваа дешавките со А1 ТВ кој му дојдоа како кец на десетка, па неговите замешателства со тутнарите, со професорите, со лекарите, итн. Возот без прекин беше туркан, се додека „ничим изазван“, реши да го напушти парламентот.

За да се долее масло на огнот и за да се постигне неговата крајна цел, на серија тајни состаноци со врвот на ДУИ(која веќе почна да размислува за сопствениот рејтинг), се договара започнување на снимањето на филмот „војна“ од 2001, односно римејк на етничкото дестабилизирање на државата.

Анализата покажува дека методите се исти, проверени. Се употребува сензитивно прашање поврзано со религиозни и културолошки чувства, се употребува медиумската машина која сега може да проработи во целосен погон, а тука е и „меѓународната“, која веќе е добро обработена во смисла дека деснава банда е недемократска и националистички ориентирана.

Се е подготвено левава банда повторно да почне да ја вергла песната „Кога ВМРО е на власт земјата се дестабилизира“. Досега за тоа го користеа Скопје 2014, односно поставувањето на споменикот на Александар Македонски, како клучен доказ за провоцирање на Грција, потоа преку случајот со А1 покажуваа дека деснава банда нема никаков слух за демократија за слобода на печатот, а сега на тоа ги накалемуваат и меѓуетничките односи.

Технологијата е проверена, методите се исти, пакувањето е различно



Како што рековме, методите се исти како во 2001 година. Иако Снежана Лупевска се обидува да негира дека била (зло)употребена со нејзината камерманска екипа во фебруари 2001 година во Танушевци, како пропагандна алатка за создавање услови за почеток на пожестоки судири, ние и натаму тврдиме дека тоа е точно. Зашто си ги знаеме изворите, а некако имаме и добро и долго паметење. Случајот Скопско Кале е иста приказна во друго пакување.

Неколку дена пред вандалското уривање на конструкцијата, местото на настанот го посетија претставници на ДУИ предводени од градоначалникот на Чаир, Изет Меџити (една прекрасна личност која со особено задовослтво соработува со персони на познатата улица Дижонска, каде врви од складови со дрога и со нелегално увезени цигари, исто како и во подрумите на неколку скопски џамии) и бараа да се прекинат работите на „црквата“ бидејќи тоа ги иритирало чувствата на Албанците од левата страна на Вардар. Деснава банда привремено, ден – два прекина со работа, а потоа продолжија.

Во меѓупериодот, новинари на Алсат М и на А1 тв потајно се интересираа за случајот, односно како што тврдат овие од Алсат М, упатиле писмени прашања до Министерството за култура, за тоа што точно е објектот, кој издал дозвола да се гради, со каква тендерска постапка и слични глупости. Може да е по договор, а може и случајно, некој од деснава банда решава градежните работи да продолжат ноќно време, демек да не се вознемирувале духовите.

И во критичниот момент, кога се случи вандалското уривање од страна на банда составена од момци вработени во агенции за обезбедување и локални патриоти од Бит-пазар и од Дижонска, на местото на настанот во вечерно-ноќните часови беа присутни единствено новинарските екипи на Алсат М и на А1 ТВ!!! Каква коинцедиенција бре брате, какво врвно новинарство со колку добри извори за информирање. Ма милина една журналистичка. Глава боли.

По обнародувањето на веста, дека еве „ДУИ го брани Албанскиот народ од клетите Славомакедонци што сакаат цркви да му градат на негова територија“, следеше медиумска обработка на самиот настан од споменатите и чат-пат други медиуми што се во ергелата на левата банда.

Обработката на настанот беше и ќе биде наредниве денови, во смисла дека деснава банда, т.е. ВМРО ДПМНЕ е тој што ја дестабилизира Македонија, затоа што не престанала да гради!

[Image: 6p5hj6.jpg]

За читателите уште една интересна информација. Во првите медиумски настапи се истопори Павле Трајанов, кој во меѓувреме подготвил некаков план од три точки за деблокада на политичкиот дијалог во Македонија. Истиов човек од 1987 година од дешавките во Вевчани, секогаш е на „браникот на татковината“ кога тоа ќе затреба. Така беше и во 1999 и 2001 година, кога заедно со другарчето му Слободан Б го извршуваа планот на Белград, потпомогнат од некои странци, за дестабилизација на Македонија, за Србија да си го спаси Косово, а Бранко да се врати на власт.

Дека во сите овие дешавки има и разузнавачки центри од поблиското и подалечното соседство(за Грција и Србија ич не се ни сомневаме), нам ни говори и податкот дека меѓу присутните на уривањето, како еден од предводниците на толпата беше и наводниот „вехабист“ Рамадан Рамадани, кој со месеци, можеби и повеќе ги контролира поголемите џамии во Скопје, насила преземени од Исламската верска заедница.

[Image: ztykjn.jpg]

Toa е она исто човече кое постојано тврди дека не е вехабија(и ние му веруваме) и дека се бори единствено против корумпираните оџи во ИВЗ (на што не му веруваме).Тоа е истиот Рамадани кој од Скопје учествуваше во хуманитарната мисија за доставување помош на Палестинците на Западниот Брег, во суштинска организација на Турција. Тогаш во нападот на изралеските командоси на турскиот бродот беа убиени 9 лица, претежно турски државјани, а беа уапсени и тројца граѓани на Македонија, другарчиња на Рамадани. Нашите извори тврдат дека Рамадани има нешто „многу длабоко“ со безбедносните служби на Турција.




Кои се актерите



Ете така отприлика се случуваше овој римејк на Тетовскот Кале, наречен Скопско Кале.
Целите ни се познати и се гледаат од авион. Исто како и во 2001 и сега има повеќе заинтересирани.

Директните актери ДУИ и СДСМ, со свои математики. Едниве, во можна изборна година да си го дигнат рејтингот, другите да им го ослабат рејтингот на нивните браќа од деснава банда. Ако има избори добро. Дури и да освојат повеќе пратеници, овие од деснава ќе немаат со кого да состават Влада, бидејќи овие од левава веќе постигнаа договор и со ДУИ и со ДПА, а како што може да се насети и со Нова Демократија на Селмани.

Ако се дојде до веќе декларираната цел од СДСМ за заедничка влада што би ги подготвувала изборите, тогаш полна капа! Ќе бидат вратени на власт нелегитимно, исто како и во 1992, исто како и во 2001 година со Владата за национално единство или за спас на Македонија, како ли се викаше тогаш.

Индиректни актери има многу. Но на прво место ќе ја ставиме Грција. Имено, спорот за името по барање на САД и на ЕУ треба да се реши годинава. Во тек, во истовреме, е судскиот процес што го покрена Македонија во Хаг, каде што во март треба да се одржи првата рунда директно сослушување на двете страни, а според извори од деснава банда, на есен треба да се очекува и пресуда, за која се типува дека ќе биде во полза на Македонија.

Како не помалку заинтересиран индиректен актер е и Србија, која под притисок на „меѓународната“ ја очекуваат преговори со новата влада на Хашим Тачи. Една нова меѓуетничка дешавка во Македонија, исто како и во 1999 и 2001, одлично ќе им дојде за нивната приказна дека на Албанците не треба да им се дава држава Косово.

Индиректни може да се сметаат и Американците и дел од европските големи играчи, секој од своја страна и од свои мотиви заинтересиран да се реши „проблемот Македонија“ или „проблемот Западен Балкан“.

Конечно како еден од посилните индиректни, невидливи, а секогаш присутни играчи во вакви дешавки како новиот римејк Скопско Кале, а со крајна цел дестабилизација на Македонија, е и белосветската мафија.

Онаа со цигари(зборуваме за големите тутунски компании, а не за извршителите), знае дека во несредени држави одлично се шверца. Онаа со дрога(албанската и италијанската), знае дека нема да има проблем да се одржува хероинската рута што доаѓа од Авганистан. Исто е и со другите транснационални активности, пред се на италијанската и на албанската мафија, така длабоко вгнездена во деловите на нашите две бандитски елити и нивните коалициони партнери.

Што да се прави со педерите?



Да заклучиме, левава банда олицетворена во Бранко + Али, заедно со нивните најсилни медиумски оружја А1+Алсат М, во моментов ни го прикажуваат мрачниот римејк за дестабилизација на Македонија. Тој за жал, не е наменет за „соросоиди“ или „македоноиди“, туку само за кретеноиди. Имено, само кретеноиди може повторно да наседнат на исти финти повеќепати и да се возбудуваат од расипаните трикови на јавачите на апокалипсата, јавачите на мракот и на омразата.

За да не се нервирате за ове трикови на оваа мала група педери(не по сексуална ориентација иако меѓу нив има многу и такви), одете на следниов линк, каде ќе се запознаете со едни дечки што се викаат Фамилија



Ако го видовте линков и ако ви се крена расположението барем малку, сега да видиме како можеме да се справиме со злото што е надвиснато над Македонија. За Божјата правда која е бавна, но стопроцентно исполнителна, не се ни сомневаме. Но, се повеќе сме уверени дека треба малку и да помогнеме да ги поттурнеме работите. Како тоа се прави видете на следниов линк



Ете,така се освојува слободата кога нема други демократски алатки за тоа. Така народи со длабоки историски корени и со стари цивилизации се справуваат со своите гробари, кои сакаат државата да ви ја претворат во мивка со која ќе се брише секој што ќе стигне, а сопствените граѓани да ги третираат како робови со кои можат да прават што сакаат.

Владимир Костовски
12-02-2011, 04:09 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#14

Христо, еве ја твоја А1, на врвот на копјето за одбрана на демократијата!!
Како баш тие се најодоа на местото на настанот на овој чин чија што цел е едниствена: да се предизвика реприза на Татковинската војна?! Патем, случјно, нели, и тогаш токму А1 ја започна работата...

Тука, преку океанот има една узречица:
The more things change, the more they stay the same!
(Колку повеќе работите се менуваат, толку повеќе остануваат исти.)
12-02-2011, 04:18 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#15

Едно прашање до нашите дисиденти,дали имате некој фонд за собирање на пари.Ако за треба за одбрана на татковината?

Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
12-02-2011, 06:04 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#16

(12-02-2011, 04:18 PM)Solenik Wrote: Христо, еве ја твоја А1, на врвот на копјето за одбрана на демократијата!!
Како баш тие се најодоа на местото на настанот на овој чин чија што цел е едниствена: да се предизвика реприза на Татковинската војна?! Патем, случјно, нели, и тогаш токму А1 ја започна работата...

Тука, преку океанот има една узречица:
The more things change, the more they stay the same!
(Колку повеќе работите се менуваат, толку повеќе остануваат исти.)

Ако може да те надополнам со една закономерност на Стеван Дедијер(пословна интелигенција(разузнавање)(business intelligence):
Ако пратите медиуми(било печатени било електронски) во една земја во период од само една година ќе ги знаете трендовите во таа земја за наредните десет.
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 12-02-2011, 06:17 PM by montehristo.)
12-02-2011, 06:16 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#17

(12-02-2011, 06:04 PM)афион Wrote: Едно прашање до нашите дисиденти,дали имате некој фонд за собирање на пари.Ако за треба за одбрана на татковината?

Афионе, ќе го оставам твоето прашање за фонд на страна, ќе се осврнам повеќе на остатокот, што мислам дека е многу побитен во моментов.

Во овој случај нема вистинска причина за конфликт. Местенката е премногу очигледна и народот не смее да наседне. Размисли: Заменик-Министерот за внатрешни работи учествува во акт на вандализам; "случајно" на местото на настанот се наоѓа екипа на ТВ станица која безмалку 3 месеци прави обиди да предизвика нереди. Доколку некој навистина излезе на физички или оружен конфликт, односно оние кои тоа ќе го започнат ќе бидат глумци. Буквално глумци. Потоа ќе почна да гинат невини.

Разлмислете, зарем ДУИ, коалиционен парнер во Владата не можеле да се седнат со нивните ортаци во власта и да се договорат на цивилизиран начин да се реши проблемот?

Во овие мигови не смееме да дозволиме да дојде до конфликт. Не од причина што не сакам да праќам пари -- не смееме да дозволиме, како во 2001-ва да гинат наши деца за полза на бандити.

Со други зборови: од кого ќе се брани Татковината? Една екипа на баднити ќе се бори против друга. Тука нема бранење на Татковината.

Ова е малку на страна, но, ова е причината зошто Владата и Црквата мора да се одвоени - оваа дискусија ја водевме пред една година, со Христо и Соколи, на темата за службени јазици. На тој начин државата нема да е за едни мајка, а за други макеа, секоја веска заедница нека си гради свои објекти со свои пари од донации.
(This post was last modified: 12-02-2011, 06:39 PM by Solenik.)
12-02-2011, 06:38 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#18

Соленик , утре се очекува протести од Македонска страна на Калето , па најдобро е да оставиме до утре и да видиме што ќе се случи.

Ако треба да се брани татковината овој пат мислам дека ќе ја браниме и од нашите бандити.
Во 2001 година беа борци за човекови права ,ама сега по сите добиени права сигурно нема пак да се борци.
А за агресорите и вехабистите кој пеат шиптарски песни додека туркаат црква ќе треба некој да одговара.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
12-02-2011, 07:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,122
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Почнаа реакции, тоа е добро.


Quote:Реакција на ВМРО-Народна партија


ВМРО-Народна партија, најостро ги осудува вчерашните настани, кадешто на највандалски начин, од страна на неартикулирана група, предводена од високи владини функционери, членови на ДУИ, беше спречена изградбата на црквата - музеј на Скопското Кале.
Истовремено сме изненадени од игнорантскиот однос на Демохристијанската ВМРО-ДПМНЕ, по однос на овој вандалски чин од страна на нивниот братски владин партнер.
Едноставно вчерашниот настан и молчењето на надлежнте институции, за ВМРО-Народна партија претставува единствено начин како да се влошат меѓунационалните односи, а истовремено и братските владини односи во пресрет на предвремените парламентарни избори.
ВМРО-Народна партија, отворено прашува во која функција беа полицајците, кои беа видени на ТВ снимките? Дали во функција на спречувачи на толпата или во функција на поддржувачи истимулатори на истата таа толпа?
Го повикуваме јавното обвинителство да превземе соодветни мерки по службена должност, бидекќи целата македонска јавност беше сведок на уништување на државен имот од неколку десетици партиски активисти.
За да целата ситуација биде уште по конфузна, допринесе управата за заштита на културно наследство, на чело со директорот Паско Кузман, кој ангажираше работници во утринските часови во петокот (во пресред на самиот викенд) во 12 часот.
Имајќи во ја предвид целокупната конфузна ситуација, неможеме да не констатираме дека доколку, изостане реакцијата од официјалните државни органи, дека се работи за евтина режија за смислено сценарио на владеачките партнери, се со цел да го зголемат нивниот загрозен рејтинг кај сопствениот електорат.
12-02-2011, 08:11 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#20

(12-02-2011, 04:18 PM)Solenik Wrote: Христо, еве ја твоја А1, на врвот на копјето за одбрана на демократијата!!
Како баш тие се најодоа на местото на настанот на овој чин чија што цел е едниствена: да се предизвика реприза на Татковинската војна?! Патем, случјно, нели, и тогаш токму А1 ја започна работата...

Тука, преку океанот има една узречица:
The more things change, the more they stay the same!
(Колку повеќе работите се менуваат, толку повеќе остануваат исти.)

Соленик, ако ми верваш, немам 1% од акции во А1. Јас се мислев дека А1 била во сопственост на Велија РамковскиIcon_lol. Ако, пак, мислиш на симпатии т.е. гледаност, имаш право. А1 е повеќе моја отколку МТВ и ТВ Сител. Но, нели, тоа е прашање на вкус. А, за вкусовите не се спориIcon_cool. Не е А1 “ на врвот на копјето за одбрана на демократијата!!“, туку на врвот на одбрана на професионалноста. Нели, би било чудно таков настан да не биде забележен од било која национална ТВ станица. А, како што знам, Кале не е на Баба планина, туку во центар во Скопје. Тоа што А1 се нашла на лице место, тоа значи дека е професионална. А, откога тоа месинџерот ( гласникот) е виновен за настанот??? Па, А1 не ја рушеше црквата. Тоа го правеа 100 Албанци, на чело со дел од највисокоте функционери на ДУИ, кои се дел од Владата на РМ, ако си заборавилIcon_lolНе се прашуваш каде е Владата, Премиерот, ВМРО-ДПМНЕ за коментар и реакција, а велиш А1 ке ја започнала војната? Е, сега, една опаска на твојот коментар. Тури сол бе Соленик на држава, ако една телевизија ( од над 10-национални во МК) ја руши државата. Тогаш, нешто многу е труло во таа држава.Очекував од тебе поаналитичен коментар за овој настан.

12-02-2011, 09:05 PM
Reply