Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 2.29 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ЛЕВИТЕ ЕВРОПАРЛАМЕНТАРЦИ ГО ОПСТРУИРААТ МАКЕДОНСКИОТ ПАТ КОН ЕУ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Нацрт резолуција на Европарламентот: Македонија веднаш да почне преговори за членство

[Image: eu_parlament.jpg&imgSize=230&cropH=180]

[Нацрт резолуција на Европарламентот: Македонија веднаш да почне преговори за членство]
Македонија веднаш да почне преговори за членство во ЕУ бара словенечкиот европратеник Зоран талер во Нацрт- резолуцијата која денеска се анјде пред Комисијата за надворешна политика.

Талер во Резолуцијата напишал дека од проблемот со Грција, Македонија е жртвата.

-Знаеме дека проблемот е во Советот на ЕУ. Резолуцијата тој проблем со Грција го дефинира на начин, кој сака да објасни дека Македонија е жртва. Се повикува и високата претставничка за надворешна политика Кетрин Ештон, како и комесарот за проширување Штефан Фуле, поактивно да се вклучат и да се пресече Гордиевиот јазол, рече Талер, пренесува МИА.

Во Нацрт резолуцијата на седум страници кои содржат триесетина точки, Македонија се критикува за недостигот на политички дијалог во државата, кој, како што пишува во Резолуцијата, доведе до бојкот на Парламентот од опозицијата, независноста или зависноста на судството и медиумските слободи.
Во Резолуцијата има 11 позитивни забелешки.

-Борбата против корупцијата е важен напредок, но, потребна е ефикасност и непристрасност во оваа борба, нагласи известувачот на ЕП за Македонија.

Германскиот европратеник Елмар Брок и неговиот словачки колега Едуард Кукан во дебатата упатија критики до македонската опозиција за напуштањето на Парламентот и ја повикаа да се врати во законодавниот дом.

Холандскиот европарламентарец Јоханес Корнелис го критикуваше Талер дека Нацрт- резолуцијата ја составил со политичка диоптрија на социјалдемократ.

Чарлс Тенок од Велика Британија, пак, му забележа на Талер за пофалните зборови за евроамбасадорот Ерван Фуере.

-Ценам оти треба да се каже дека дипломат не треба да се меша во внатрешната политика на земјата, што очигледно е случај кај Фуере, рече Тенок.

Грчката европратеничка Елени Марија Копа истакна дека не треба да се обвинува Грција за блокада на Македонија кога, како што рече, земјата не ги исполнува Копенхашките критериуми во врска со слободата на медиумите, независноста на судството. Атина, според неа, се обидува да се решат проблемите, но, вели, Македонија нема намера да попушти.

Европратениците имаат рок до 15 февруари да поднесуваат амандмани за дополнување или измена на резолуцијата, која потоа ќе се најде на дневниот ред на Европскиот парламент на пленарна сесија.


За да се елиминира влианието на Фоуере требаше да се стават забелешки на неговото неинсистирање за спроведување на резолуциите за осуда на комунистичкиот режим во Македононија.


Quote:Ни Фуере не го слуша азилантот Петровски

14.04. 2009 Нова Македонија

Меѓународната заедница, Европската унија, ОБСЕ и други институции, вклучувајќи го и Советот на Европа, беа мошне активни во вршењетопритисок врз Македонија за прифаќање на стандарди за човекови права и имаат голем успех во тоа. За жал, проблемот со расчистување со тоталитарното минатото, беше подигнат од неодамна. Ова го закочи развојот на демократијата во Македонија, која мора да се развива и покрај тоа што се уште има остатоци од стариот систем во медиумите, академските кругови и полицијата. Некои од овие остатоци ги нудат своите услуги за рушење на влади, додека другите се длабоко навлезени во организираниот криминал. Парламентарната контрола на работата на безбедносните служби и понатаму е шега, според зборовите на одговорните лица за вршење на контрола на службите. Комисијата за лустрација е составена од партиски именувани лица, со ротирачко претседателство, што уште повеќе ја поткопува надешта дека оваа ситуација ќе заврши без надворешен притисок е многу неверојатна.



Затоа, ви се обраќам, со оваа прашање: Зошто ЕУ се прави слепа на флагрантното кршење на човековите ? Со самиот факт дека на г-дин Фрчковски му е дозволено да се кандидира на овие избори, со реални шанси за преземање на функцијата, е само уште една илустрација дека никој во Македонија (и судејќи по она што е докажано досега), ниту пак Европа е заинтересиран за искрено да се донесе слобода и демократија од западен стандард во Македонија.


Со почит,

Јордан Петровски




Quote:Да бевте црвен кмер, ќе имаше логика...

4 јуни 2009 Нова Македонија

Многу Ви благодарам на Вашето разјаснување. Тотално го разбирам предизвикот што ви го претставува вашиот оптоварен распоред и дека заради тоа не можете на секоја индивидуална поплака да и посветите внимание


Драги г. Фуере,

Многу Ви благодарам на Вашето разјаснување. Тотално го разбирам предизвикот што ви го претставува вашиот оптоварен распоред и дека заради тоа не можете на секоја индивидуална поплака да и посветите внимание. Мојата одлука да ви се обратам на Вас за да ви обрнам внимание кон отворениот потсмев на Резолуцијата за осуда на комунизмот и неговите злодела беше поттикната токму од Вашето постојано посочување на демократските недостатоци во македонското општество, а особено за спроведувањето на изборите.

Затоа мислам дека со тоа што една од главните политички партии во Македонија реши да кандидира еден поранешен министер за внатрешни работи, и тоа од времето на црните денови на злоупотреба на полициската машинерија, се прекрши ако не буквално, тогаш морално изборниот закон.

Во писмото ми обрнувате внимание дека не коментирате поединечни случаи. Мојот поединечен случај е пред правосудните органи на Република Македонија. Јас за тоа ниту ви пишав ниту ви се жалев, а па ни на крај на умот не ми беше да барам ваша помош.



Quote:euombudsman


На 31-ви Март, 2009 год. се обратив до Г-дин Фуере (по е-пошта). Мојата размена на Е-маили со г-динот е закачена како Додаток 1. Како што можете и самите да видите, тој не сака ни да се замори себеси по ова прашање, па дури ни самиот не ми одговара. Впрочем, некоја си негова секретарка ми праќа генеричен, сеопфатен одговор со кој треба да ме манат како мува мене и моите грижи. Оваа постапка на Г-дин Фуере е комплетно и крајно неодговорна и неучтива и ова однесување е недостојно за еден Јавен Слуга.



Од линковите во Додаток 2 може јасно да се види дека тој е прилично гласен во неговата поддршка кога се прашање одредени политичари во Македонија. Јасно е дека Г-дин Фуере си ги одбрал неговите миленици. Уште пример на одесување кое е недолично за Јавен Слуга на Европската Унија, чијашто цел е објективност. А ако веќе одбира страна, тоа треба да е страната на народот и на транспарентната демократија. Тој треба да е примерот кој сите ќе го следат.


http://www.kurir.com.mk/index.php/politi...iskata-mok

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.a...leID=80795

http://history-of-macedonia.com/wordpress/tag/e-fouere/

http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=1...TIONS+2009





По с# изгледа дека Г-дин Фуере се заборава себеси, нешто што и не е толку тешко во место како Македонија, каде владеањето на законот им дава предност на силеџиските самобендисани тоталитаристички тирани кои се докрепуваат до позиции на моќ. Доста е трагично, а и донекаде ироночно, што човекот кој е на мисија да ги Европеизира Македонците, самиот се асимилира во старите комунистички пракси на Македонискиот систем.



Под Додаток 3 ви праќам уште неколку линкови по кои може да се види дека Г-дин Фуере нема аверзија кон давање на неговите мислења во медиумите. Да расчистам: немам ништо против неговите изјави дека сите човекови права мора да се почитуваат, дека мора целосно да се спроведе Универзалната Декларација на Човекови Права, дека полициската бруталност мора да се истреби, но сево ова е заоѓање околу големата слика – Декларацијата за Осудување на Комунизмот.


http://www.sekojden.com.mk/2008/08/15/1747.html

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?...157&egId=1

http://www.lobi.com.mk/default.asp?ItemI...2A50D6095B

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=60660
10-02-2011, 10:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2


Quote:Талер се лизна на Героски и на А1 во Брисел


Талер својот последен извештај го напишал врз основа на неколку брифинзи од канцеларијата на Ерван Фуере. Евроамбасадорот, како што откриваат европратениците, му испратил писма напишани од Бранко Героски и од група новинари на А1-телевизија


Групата „Пријатели на Македонија“ ја сочинуваат петнаесетина европратеници, меѓу кои и Талер

Зоран Талер, словенечкиот европратеник и специјален известувач на Европскиот парламент за Македонија, и припаѓа на левата опција што често пати знае да има свое влијание врз одредени изјави или извештаи, но се надеваме дека тој сепак ќе остане пријател на Македонија. Ова го изјави премиерот Никола Груевски откако вчера во Европскиот парламент во Брисел се отвори жестока дебата за последниот извештај на европратеникот.

Талер кон крајот на минатиот месец во нацрт-извештајот за политичките состојби во државава даде остри оцени за непочитување на слободата на медиумите, независноста на судството и на политичкиот дијалог, со што документот стана еден од најкритично настроените акти што Брисел кога и да е ни ги испорачал.
Досега Талер важеше за пријател и силен поддржувач на Македонија во евроинтеграциите.

Со свој амандмани тој лани издејствува Европскиот парламент да донесе резолуција спротивна на извештајот на Европската комисија (која одлучи да ни даде преговори, но без датум) преговорите за полноправно членство да почнат од март годинава. Неговото однесување се промени во ноември, кога словенечкиот неделник „Демокрација“ беше обвинет дека се става на страната на Грција во спорот за името, како и дека тесно соработува со опозициската СДСМ наместо со Владата.

Некои негативниот извештај на Талер го врзуваат со аферата „Надеж“ за поранешниот шеф на државата, а сега лидер на СДСМ, во која се споменуваат и словенечки пиар-експерти. Односот на известувачот кон Македонија, како што откриваат извори од Европскиот парламент, бил тема на разговор и на завчерашната работна вечера со министерот за надворешни работи Милошоски и вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски. Милошоски и Наумовски пристигнаа во Брисел за да ја промовираат групата „Пријатели на Македонија“, која ја сочинуваат петнаесетина европратеници, меѓу кои и самиот Талер.

Критики и од колегите

Словенечкиот пратеник, освен забелешки од официјалните македонски власти, вчера доби критика и од своите колеги. Повеќе европратеници се заложиле извештајот, кој сеé уште не е конечен, да се измени бидејќи е необјективен.

На вчерашната дебата во ЕП, европратеникот Елмар Брок, познат по своите прогрчки ставови во однос на спорот за името, силно го критикувал однесувањето на македонската опозиција, нагласувајќи дека таа мора да се врати во парламентот. Брок побарал Талер да го измени текстот на извештајот за таа порака јасно да се даде до знаење на опозицијата.

- Нацрт-извештајот е пишуван со политичка диоптрија на социјалдемократите - му се обрати Холанѓанката Марија Корнелинсен од Зелената партија на известувачот за Македонија.

Талер, пак, ја фалеше работата на евроамбасадорот Ерван Фуере, за што доби критики од британскиот европратеник Чарлс Танок.

- Ценам дека треба да се каже дека дипломат не треба да се меша во внатрешната политика на земјата, што очигледно е случај кај Фуере - рече Танок.

Претставничката на Грција, Марилена Копа, истакнала дека извештајот покажува оти за блокирањето на влезот на Македонија во ЕУ не може да се обвини Грција, бидејќи е очигледно дека државата не ги исполнува копенхашките критериуми за независни медиуми и независно судство.

- Можеше да се претпостави дека ако Талер обликува неповолен извештај за Македонија, како што се случи, други европратеници што имаат добри информации за овдешните состојби ќе реагираат на неговиот текст. Особено индикативна беше изјавата на Дорис Пак, која како добар познавач на работите на Балканот често во своите изјави беше доста критична кон Македонија, но која во овој случај препозна дека кај нас сепак се почитуваат дијалогот, слободата на медиумите и човековите права и даде остра критика за опозицијата што го напушти парламентот. Ваквата реакција на европратениците во секој случај е добар индикатор за Македонија, па дури може да предизвика и напредок во процесот опозицијата да се врати во институциите и да се надминат овие состојби - вели професорот и поранешен амбасадор Димитар Мирчев.

Кој го брифирал Талер?

Талер својот последен извештај го напишал врз основа на неколку брифинзи што ги добил преку канцеларијата на Европската комисија во Скопје и Ерван Фуере. Евроамбасадорот, како што откриваат европратениците, му испратил писма напишани од Бранко Героски, како главен и одговорен уредник на „Шпиц“, и од група новинари на А1-телевизија.

Освен опис на состојбите со невладиниот сектор и медиумите, Героски на крајот од своето писмо, насловено „Барање за итна помош“, напишал:

„Имам една порака до сите вас што ме познавате или не и кои не сте запознаени со состојбите во мојата држава - Ве молам проверувајте ги фактите, двојно проверувајте ги фактите... Јас ви стојам на располагање да ви дадам и дополнителни информации што ви требаат“, напишал Героски во писмото до европските авторитети.

Во писмото од новинарите на А1, пак, пишува дека во блокираните пари на сметките на телевизијата всушност се наоѓаат 55 илјади евра европски пари што канцеларијата на ЕК во Скопје ги обезбедувала за реализација на телевизискиот проект „Еврозум“.

- Веќе долго време проблемите од внатре ни се рефлектираат во Брисел и тоа ни се случува од наши колеги, пратеници, партии и медиуми. Мислам дека е крајно време да престанат ваквото поткопување и потхранување на органите на Унијата со неповолни оценки за државата, особено од луѓе што на некој начин и ги предизвикуваат таквите состојби и политички кризи - коментира Мирчев за тоа како Талер го составувал својот нацрт-извештај.

На вчерашната презентација на извештајот Талер во говорот ги повторил своите ставови дека сé уште недостига јасна порака од Владата и премиерот за поддршка за слободни, независни, а воедно и критички настроени медиуми. Според Талер постои очигледно политичкото мешање во медиумите, што е сериозен извор за загриженост, наведувајќи го примерот на МВР, кое на својата веб-страница објави повик до граѓаните да се обраќаат до други инстанци кога се незадоволни од работата на некој медиум. Дополнително, само неколку дена пред расправата, Талер во свој допис до веб-страница на Европскиот парламент што се занимава со европските вредности напишал дека постои сериозна загриженост што „одредени политички сили со поддршка на одредени медиуми постојано влијаат на граѓаните изјавувајќи дека Европската Унија цели да и наштети и да го промени културниот идентитет на државата, слично на начинот на кој тоа го правел Советскиот Сојуз“.

Овие ставови на Талер се речиси идентични на она што го напишале Героски и новинарите до Фуере.
Автор: Катерина Нешкова
11-02-2011, 02:46 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#3

(11-02-2011, 02:46 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Талер се лизна на Героски и на А1 во Брисел


Талер својот последен извештај го напишал врз основа на неколку брифинзи од канцеларијата на Ерван Фуере. Евроамбасадорот, како што откриваат европратениците, му испратил писма напишани од Бранко Героски и од група новинари на А1-телевизија

Претставничката на Грција, Марилена Копа, истакнала дека извештајот покажува оти за блокирањето на влезот на Македонија во ЕУ не може да се обвини Грција, бидејќи е очигледно дека државата не ги исполнува копенхашките критериуми за независни медиуми и независно судство.

11-02-2011, 03:03 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#4

За жал, во право е претставничката на Грција...

11-02-2011, 04:57 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#5

Да видиме колку нашите соседи кои се членки на ЕУ ги исполнуваат тие критериуми?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
12-02-2011, 06:23 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#6

(12-02-2011, 06:23 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Да видиме колку нашите соседи кои се членки на ЕУ ги исполнуваат тие критериуми?
Нали знаеш,че преди да си земеш булка си примерен отсекаде,па откак са земете може и да си попръднеш дома,може и да се оригнеш Icon_wink
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
12-02-2011, 06:36 PM
Website Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#7

(12-02-2011, 06:36 PM)TATAP Wrote:
(12-02-2011, 06:23 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Да видиме колку нашите соседи кои се членки на ЕУ ги исполнуваат тие критериуми?
Нали знаеш,че преди да си земеш булка си примерен отсекаде,па откак са земете може и да си попръднеш дома,може и да се оригнеш Icon_wink
No comprende. Можам само да нагаѓам што си напишал...

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
(This post was last modified: 12-02-2011, 07:56 PM by МрачниотКоњаник.)
12-02-2011, 07:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8



Quote:ЕП нема да назначи нов известувач за Македонија

29.03.2011 18:46
Кристијан Вигенин


Европскиот Парламент нема да назначи нов известувач за Македонија по оставката на словенецот Зоран Талер поради скандалот „Кеш за амандмани“, дознава А1 во Брисел.

Бидејќи извештајот на Талер беше изгласан пред неколку дена во комитетот за надворешни работи, Парламентот оценил дека не е потребно да се назначува нов известувач туку само пратеник кој ќе го презентира извештајот за последното гласање на пленарна сесија во април.

Оваа улога ќе ја преземе бугарскиот социјалист, Кристијан Вигенин, кој е инаку координатор на европските социјалдемократи за надворешни работи.

Пратеникот Вигенин и неговите колеги социјалисти се наоѓаат во моментов во Атина каде одржуваат партиски состанок, на кој меѓу другото се разговара и за извештајот за Македонија.

Не се очекуваат крупни промени за време на гласањето на пленарната седница, велат извори во социјалистичката група на ЕП.

Резолуцијата на Зоран Талер препорачуваше старт на преговори за членство со Македонија и успеа да се одбрани од бугарски и грчки амандмани за бришење на придавката „македонски“.

ЕП во тој извештај бараше обезбедување на слобода на медиумите, независно судство и непартизирана јавна администрација, што во голема мерка соодветствува и со ставовите на Европската Комисија за Македонија.

Нов известувач ќе биде назначен кога ќе се подготвува нова резолуција за Македонија, односно на крајот на оваа година. Групата на социјалистите во Европскиот Парламент сака известувачот да биде од нејзините редови бидејќи како што велат Балканот е нивен врвен интерес.

За сега европската левица известува за Македонија и за Хрватска, либералите за Србија, во рацете на демохристијаните е Босна, а за Црна Гора се задолжени евроскептиците.


Кристијан Вигенин е човек близок до Сергеј Станишев големиот пријател на Бранко Црвенковски.
01-04-2011, 01:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Ако ЕУ не се ослободи што побргу ос левичарската власт распадот ке е неминовен.
Тој распад нема да биде ни малку безболен.









(This post was last modified: 01-04-2011, 02:15 PM by ЈорданПетровски.)
01-04-2011, 02:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10









01-04-2011, 02:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11









01-04-2011, 02:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12









01-04-2011, 02:21 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15
#13

Оваа улога ќе ја преземе бугарскиот социјалист, Кристијан Вигенин, кој е инаку координатор на европските социјалдемократи за надворешни работи.

Между другото, потеклото на Вигенин е от Банско (по-точно - едно от селата до Банско)

01-04-2011, 04:46 PM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#14

Дојче веле“

Бугаринот Вигенин наследник на Талер


[Image: 25F278BECBE874458FDC27FAD79AF822.jpg]

04.04.2011, 15:29

Дојче веле на македонски јазик јавува дека бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин од Коалицијата за Бугарија, член на групата на Прогресивниот сојуз на социјалистите и демократите во ЕП, е новиот известувач за Македонија, наместо Словенецот Зоран Талер.

Вигенин доаѓа на местото на словенечкиот европратеник Зоран Талер, кој беше исто така од групата на Европските социјалисти и демократи, кој поради скандалот со корупцијата поднесе оставка од функцијата европратеник и со тоа известувач за Македонија. Тој во текот на оваа недела ќе ја брани предложената резолуција за Македонија во името на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент во Стразбур.

Вигенин е роден на 12 јуни 1975, има завршено факултет за економија во Софија, отсек меѓународни односи и макроекономија и бил на специјализација на Харвард.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0CB46...451A94217D


04-04-2011, 11:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15



Quote:Wash and go

Не можеме да го спречиме Брисел ако решил членството во Унијата да го трансформира во догма, но мора да предупредиме дека тоа не може да го прави преку нашиот идентитет

Во предвечерјето на 18-годишнината од денот кога земјава со акламација беше примена за 181 полноправна членка во ООН, Европскиот парламент под притисок на грчки пратеници ја изгласа Резолуцијата за Македонија, во која е избришана придавката „македонски“. Во недостиг од идентитетска одредница, во резолуцијата македонскиот стана „официјален јазик“. Јасно ми е дека европарламентарците имаат повеќе разбирање за барањата на своите грчки колеги, бидејќи со нив се во европскиот клуб, а ние не сме. Јасно ми е и дека Македонија со многу свои постапки ги изгуби пријателите во Брисел. Но дали меѓу тие два екстрема - политичкиот протекционизам кон Грција и разочараноста од Македонија, има нешто што се нарекува политичка конзистентност на ЕУ, односно некаков вид морална клаузула во односот кон нашава земја?

Во резолуциите за Македонија од 2006, 2007, 2008 и 2009 година може да се сретне придавката „македонски“ во разновиден контекст, па и во јазичен. Со оваа резолуција н` вратија во времето на срамната Лисабонска декларација. Знаеме дека нерешениот спор за името е проблем за македонската идентитетска карта и дека е главна кочница за интеграција во ЕУ и во НАТО. Но, со вакви интервенции, нема да се постигне подобра клима за решавање на проблемот туку, напротив - ќе се произведе уште поголем отпор кон барањето каков било компромис. Брисел во последните две години постојано укажува на растечкиот национализам во земјава и ја критикува погубната поделба на „предавници и патриоти“ околу прашањето за спорот за името. ЕУ-дипломатите прашуваат од каде црпи енергија тој национализам и зошто е посилен од политичкиот прагматизам и од шансата да се покаже цврсто лидерство за клучните државни прашања?

Па, да одговорам. Нашиот национализам енергијата ја црпи од Брисел. Со вакви „пери-носи“ резолуции и слични прогрчки промоции на европската политика, ЕУ директно го помага создавањето на една „оаза на немирот“ во која денес се реинвестирани и оплодени сите нус-продукти на двојните европски стандарди. Вo земја што нема море, што нема острови за продавање или подарување, што нема ни нафта, ни нуклеарно оружје, ваквиот притисок предизвикува природен инстиктивен гард кон експериментите со единственото што само нејзе ~ припаѓа - името. Во недостиг, пак, на домашни резултати, таквиот притисок е добредојден за зацврстување на власта врз популистички лостови на патриотизам. Во таква ситуација и 100-годишна баба може да набие премиерски рејтинг ако од другата страна има ваква Европа.

Во оваа (не)прилика, сакам да потсетам дека февруарскиот извештај на „Стандард евробарометар“ за Македонија покажа дека 90 отсто од граѓаните на земјава ја поддржуваат интеграцијата на земјава во ЕУ. Со анкетата биле опфатени 30.780 испитаници, што е сериозен индикатор за ставовите на сите социјални, професионални и возрасни групи од урбаната и руралната популација. Од испитаниците, дури 56 отсто се изјасниле дека Унијата ја доживуваат како „модерна, демократска и заштитничка“.

Дали, кога денес би биле анкетирани, истото би го одговориле на својот мајчин „официјален јазик“?

Кога сме кај јазикот, да потсетам дека УНЕСКО од 1999 година интензивно се залага за зачувување на културната и јазичната различност, кои се најголемото и највредното нематеријално наследство што им останува на идните генерации. Поради тоа, често предупредува за галопирачката загрозеност на голем број јазици, бидејќи 96 отсто од јазиците ги зборува само 4 отсто од светското население. Денес, во втората деценија од 21 век, кога културната политика на Светската организација конзервира од исчезнување јазици со кои комуницираат помалку од 200 луѓе заборавени од цивилизацијата и заглавени во непроодни амазонски прашуми, овде во срцето на старата цивилизирана дама Европа, образовани и демократски ориентирани европарламентарци, со стискање на копчето за гласање го заверуваат административното исчезнување на македонскиот јазик од документите на Унијата. Угледниот лингвист Дејвид Кристал сликовито го објаснува значењето на јазикот: „Светот е мозаик од визии, а секоја визија е отелотворена во јазикот. Кога еден јазик умира, со него засекогаш исчезнува и една визија на светот“.

Не смееме да дозволиме нашата визија да биде погубена во резолуција. Општата декларација за културна различност од 2001 година, Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство од 2003 година и Конвенцијата за заштита и поттикнување на различноста на културниот израз од 2005 година се меѓународни инструменти што треба да се применуваат на сите нивоа. Владата мора да одреагира на ваквиот чин во Стразбур. Не можеме да го спречиме Брисел ако решил членството во Унијата да го трансформира во догма, но мора да предупредиме дека тоа не може да го прави преку нашиот идентитет.

Особено, ако тоа се случува во најлош можен период. Македонија е пред избори, а ваквите резолуции може да бидат употребени како алиби за неопходноста од напуштање на европскиот пат. Копјата на домашен терен пак ќе се кршат меѓу предавници и патриоти. Еден белгиски политичар опомена дека „изборите одамна би биле укинати, кога со нив би можело нешто од корен да се промени“. И ќе биде во право. Само што голем дел од одговорноста за таквиот епилог кај нас ќе мора да преземе и Брисел.
Катерина Блажевска #
09-04-2011, 02:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Јелко Кацин: Скандалот нема да помине без последици

Вторник, 20 Септември 2011 22:06


Скандалот кој денеска го предизвикаа повеќемина провладини медиуми, испраќајќи новинари кои се обидоа да ја запрат дискусијата за слободата на медиумите во земјава, ќе стигне до Брисел велат дипломатски извори од ЕК.

- Овој скандал нема да помине без последици, рече Јелцо Кацин.

Скандалот во кој учествуваа новинарите Бобан Нонковиќ, Мирка Велиновска и Миленко Неделковски, вели тој е злоупотреба на институциите.

Според дипломатски извори од Брисел, овој скандал веќе е освестување за Брисел за тоа каков режим функционира во Македонија.

Целиот скандал ќе биде изнесен пред Филе, во текот на утрешниот ден.

Скандалот изби во Брисел на денешната панел дискусија за состојбите во македонските медиуми. Како што објавуваа провладините медиуми европратеникот Јорго Шацимаркакис во ходникот пред салата се расправал со новинарите Мирка Велиновска, Миленко Неделковски и Бобан Нонковиќ недозволувајќи им да влезат во салата каде дискусијата се водела околу затворањето на А1 телевизија и печатените медиуми.

Информацијата за Панел дискусијата ја објави Скај.мк, каде беа изнесени учесниците на дебатата за затворањето на македонските критички медиуми. Дискусијата се случува во време кога во Македонија се затвораат сите критички медиуми, додека провладините пливаат во буџетски пари.

SKY



Бранко во плна офанзива. Напомош и стрите паjташи.
(This post was last modified: 21-09-2011, 03:00 AM by ЈорданПетровски.)
21-09-2011, 02:58 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#17

Еве едно размислување на ЕУ-социјалдемократ на тоа како се гледа спорот меѓу Македонија и Грција:
Quote:ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА ГО ЗАСЕНИ МАКЕДОНСКО-ГРЧКИОТ ПРОБЛЕМ
Мартин Шулц: ЕУ да биде покровител-посредник во спорот со името

[Image: 27440AA64B35F1408F523BA52054BC27.jpg]

Прашањето за евроинтеграција на Македонија и нејзиниот спор со Грција не се во фокусот на Европскиот парламент, вели Шулц

Европската унија би требало да игра улога на покровител-посредник во решавањето на спорот со името меѓу Македонија и Грција, смета Мартин Шулц, европратеник и кандидат за претседател на Европскиот парламент од јануари следната година.

За Дојче веле" претседателот на групата на европските социјалисти и демократи признава дека прашањето за евроинтеграција на Македонија и нејзиниот спор со Грција не се во фокусот на Европскиот парламент, кој е насочен кон решавање на должничката криза и спасот на еврозоната. За овие прашања во моментов се заинтересирани европратениците кои ги следат директно.
- Интересот во Европската унија во моментов е свртен кон Грција и можеби помалку е насочен кон прашањето на односите меѓу Грција и Македонија. Решението за проблемот со името може да биде пронајдено само преку билатерално приближување меѓу Грција и нејзиниот сосед Македонија под еден вид на покровителство на ЕУ. Тоа не е единствен, но тој е еден од конфликтите меѓу една држава која сака да и се приклучи на ЕУ со една држава која е членка на ЕУ. Како последица на тоа јас велам дека неговото решавање треба да биде под покровителство на ЕУ, изјави Шулц.

Германскиот социјалдемократ објаснува и зошто се залага за вклучување на ЕУ во решавањето на спорот.
- Тоа се разбира е билатерален конфликт меѓу држава-кандидат и држава-членка, но тој проблем се однесува на сите нас. Кога велам сите, мислам на сите држави-членки, но пред се на Европската унија како таква. Затоа мислам дека решението на проблемот може да биде пронајдено под еден вид посредништво на Европската унија. Добро знам дека надлежните во Европската комисија веќе подолго време се мачат да изнајдат средство за да ги намалат тензиите кои искрено постојат. Признавам дека не знам дали е постигнат напредок, бидејќи веќе подолго време не сме дискутирале за проблемот поради должничката криза во еврозоната, појаснува Мартин Шулц.

Ребека Хармс: Блокирањето поради името е чудно и необично
Копретседателката на Групата на зелените во Европскиот парламент, Ребека Хармс, во кратка изјава за Дојче веле" инсистира на необичноста на спорот со Грција за името гледано од европски агол.
- Таа дискусија за мене отсекогаш била мошне чудна дискусија, бидејќи Грците го блокираат напредокот во евроиинтеграциите поради името Македонија. Тоа е чудно и необично. Но, ќе видиме, вели Хармс.

Таа се надева дека во моментот кога ЕУ е солидарна со Грција преку плановите за нејзин спас, Грција, исто така, ќе се покаже солидарна со ЕУ во однос на европските интеграции на Македонија.

Izvor
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
29-09-2011, 04:32 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#18

Еве едно друго размислување на ЕУ-конзервативец за спорот за името:

Quote:ГЕРМАНСКИОТ ЕВРОПРАТЕНИК ОПТИМИСТ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК

Поселт: Сигурно Меркел и Папандреу во Берлин разговараат за спорот со името
[Image: 07C5ED7F70A29B4D81EE3661260DC85D.jpg]

Германскиот европратеник од редовите на нардоните патртии, Бернд Поселт, е оптимист во врска со новиот извештај на Европската комисија за непредокот на Македонија, што треба да се објави во првата половина на идниот месец.

За "Дојче веле" тој изјавува дека неговиот оптимизам се темели на големиот напредок што е постигнат во Македонија.
- Ние тоа можеме да го видиме, затоа има апсолутен оптимизам, вели Поселт.

Европратеникот со нескриени симпатии отворено ја поддржува евро-атлантската интеграција на Македонија и уверен е дека ќе дојде до деблокирање на датумот за преговори.
- Да! Се надевам дека тоа ќе се случи годинава или во текот на идната година, бидејќи сега постои извесна флексибилност во Грција и сигурен сум дека германската канцеларка Меркел на оваа тема разговара со грчкиот премиер на средбата во Берлин, изјавува Поселт и додава дека е можно преговорите за ЕУ да почнат и без решение на проблемот со името.
- За мене тоа е можно. Едното со другото не треба да се поврзуваат, но мислам дека ќе биде полесно за двете страни ако најдат решение, што апсолутно го поддржувам, вели Поселт.

Официјалниот став на Европскиот парламент во однос на напредокот на земјите-кандидати, меѓу кои и Македонија, треба да се чуе по расправата која ќе биде организирана откако Европската комисија ќе го објави годишниот извештај за напредокот.

Izvor-Vecer
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 29-09-2011, 04:38 PM by basilius_2.)
29-09-2011, 04:37 PM
Reply