Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 14 Vote(s) - 3.07 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Стевче Јакимовски пристапи во СДСМ
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#41

Stevche i Branko reshile da pravat SAO Karpos :

Quote:Општинската администрација излегува пред општината, во работен ден и во работно време меѓу 13 и 14 часот со транспаренти: „Не го даваме Карпош“ и „Одете си бандити“! Во исто време пред општината се одржува претходно најавен мирен протест на бивши вработени во општината, кои градоначалникот Стевче Јакимовски ги избркал од работа. Што би можело да ги наведе актуелно вработените во општината, демек, „спонтано“ да ги напуштат работните места и да протестираат против нивните довчерашни колеги? Од што се тие „незадоволни“ за да протестираат против луѓето, кои нивниот градоначалник ги избркал од работа? Мене, како жител на општина Карпош, исто така, ме интересира дали „незадоволните“ вработени го пријавиле своето отсуство од работните места кај градоначалникот и со кое образложение ги напуштиле. Или, можеби Стевчо Јакимовски во систематизацијата на секој вработен, како дел од работните задачи, му поставил: „протестирање против се' што не му се допаѓа на градоначалникот“, па тие, всушност, си одработуваа за плата со протести. Во секој случај, настанот пред Општина Карпош не претставува ништо друго, туку класична злоупотреба на општинската администрација за остварување на политичките цели и амбиции на нашиот градоначалник. Секој граѓанин и жител на општината по ова се прашува што, всушност, се случува во општинските бараки, зошто администрацијата од општината штрајкува и кому градоначалникот му ги испраќа пораките од транспарентите?

Не сакам ни да помислам дека вработените во општината сами, без нечиј налог, напишале дека нивните бивши колеги се „бандити“, па им порачуваат да си одат, а уште помалку дека „не го даваат Карпош“. На кого Стевче му порачува дека не го дава Карпош? Карпош е општина во Република Македонија, а не некакво деспотство на Стевче Јакимовски. Никој од Стевче не го бара Карпош ниту, пак, Стевче го поседува Карпош за да може „да не го дава“.

Grujo apsi deneska ....posle ke e docna.
(This post was last modified: 22-03-2010, 12:56 AM by mara-popara.)
22-03-2010, 12:55 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#42

Quote:Јакимовски крие петиција од советничката група [size=large]

петок, 30 април 2010
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Советот на Општина Карпош денеска го обвинија градоначалникот на општината Стевче Јакимовски дека ја сокрил Петицијата од граѓани од Злокуќани испратена до нив.

„По неколку упатени прашања до градоначалникот Стевче Јакимовски, претседавачот на Советот Трифун Трифуновски и до присутните од општинската администрација дали до Општината е доставен било каков писмен допис од граѓани, сите тврдеа јавно на говорница дека нема никаков допис
, но ние го имаме дописот кој ни беше составен од граѓаните“, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Писмениот допис кој според советниците до Општината Карпош бил доставен на 19 месецов е „Петиција за распишување на избор на раководство и претседател на Урбана заедница Злокуќани“.

„Фатен во лага, градоначалникот призна дека постои таков допис и се дрзна да не убедува дека тој проверил се, дека петицијата и проблемите во Злокуќани треба да ги заборавиме и дека позади бунтот на граѓаните во Злокуќани стои ВМРО-ДПМНЕ, пробувајќи да ја дефокусира јавноста“, се додава во соопштението на советниците од ВМРО-ДПМНе во Општина Карпош.

Со сокривањето, тврдат советниците, градоначалникот Јакимовски сака да ги избегне проблемите на граѓаните.

„Очигледно ваквата ситуација му одговараше на Стевче Јакимовски, се додека не кулминираше револтот на граѓаните од Злокуќани, насочен против самоволието на неговите нелегитимни претставници во месната самоуправа, што резултирало со собирање на потписи за нивна смена.“, се додава во соопштението до медиумите упатено од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.


Stevche na Brancheta shkola....
01-05-2010, 03:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

Quote:Јакимовски: СДСМ не е дел од ниедна приватизација вон законите

Пропагандната машинерија на ВМРО ДПМНЕ во континуитет создава привид дека за целокупната приватизација е одговорен Социјалдемократскиот сојуз. Фактите го говорат следново: 46% од приватизацијата во ’92 година беше завршена по законот на Анте Марковиќ, односно имавме претпријатија како што е Силекс и некои други претпријатија кои дури 100% беа приватизирани по тој закон, што значи се останато е приватизирано по законот кој што е донесен ’92 година кој што го гласале и пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Она што е најбитно е дека Социјалдемократскиот сојуз во ниту еден случај, во ниту една приватизација се нема инволвирано директно како Влада, со давање дисконти, со насилно правење на превласти внатре во самото претпријатие како што тоа се случуваше од 1998 до 2002 година. Дури 72 претпријатија се приватизирани со дисконт од 90 до 99 % како што е Лозар – Битола, веројатно се сеќавате, како што е Декортекс – Радовиш, Агроплод и.т.н. Приватизации во кои се дадени прво државни пари, па потоа сето тоа е приватизирано како што е Националната платежна картица, како што е случајот Окта, како што е приватизацијата на Порцеланка – Велес, како што е приватизацијата на Телекомот и.т.н. во ни еден таков случај Социјалдемократскиот сојуз ги нема испрљано своите раце. Се што се одвивало се одвивало согласно законските прописи. Она што е најбитно е да се каже дека најголемите отпуштања на работници ги има извршено токму ВМРО ДПМНЕ и директно со потписот на тогашниот министер за финансии, г-динот Никола Груевски во февруари месец 2002 година со ФЕСАЛ 2 аранжманот со кој што 34, 450 работници останаа без работа и кои што потоа ние како влада моравме да ги рестартираме тие претпријатија. Тука се ЗИК Куманово, ЗИК Лозар – Велес, тука се Топилница – Велес, тука се сите рудници во Македонија и многу други претпријатија. Ова јасно укажува дека Социјалдемократскиот сојуз во изминатиот временски период во ниту еден случај не се инволвирал како партија во приватизацијата надвор од законските решенија, а сосема друго прашање е дали приватизираните претпријатија потоа станале успешни претпријатија, дали менаџерските тимови или акционерските друштва на вработените успеале да се снајдат на пазарот или пак тие потоа пропаднале или отишле во стечај. Што значи дека целокупната оваа фама што се создава околу Социјалдемократскиот сојуз е неточна и непринципиелна. И она што е многу битно дека ние имаме еден голем пример, а тоа е примерот на Елекродистрибуцијата на Република Македонија која што беше приватизирана на најтранспарентен начин со купувањето на ова претпријатие од страна на австриски ЕВН и до сега во ниту една таква приватизација не постои ама баш ниту една афера.

Извор


Дали Стефче ја зборува вистината ?????? Се знае дека НЕ , која комуњара може без да лаже:


Quote:ЦРВЕНКОВСКИ ПРЕД ОСУМ ГОДИНИ ТЕЖЕШЕ 20 МИЛИОНИ ДОЛАРИ


Закон за приватизација, кој ќе доведе до бесплатно разграбување на фирмите во т.н. приватизација. Сумарно кажано, еве што стои во службени материјали на агентите на СДБ за случајот на фирмата и богатењето на спомнатиот бизнисмен, чие име веројатно лесно ќе се препознае. Имено, ОА "Трансформација" дојде до сознанија дека оваа компанија, како и останатите, почна со приватизацијата во услови на дефинираната политичка и правна рамка, која обезбедуваше целокупното македонско богатство бесплатно да помине во рацете на неколку луѓе. На самиот старт на приватизацијата, еден светски познат гигант за 50 милиони долари за откуп на компанијата.

Но, политичкото водство во Македонија не сакаше преку платена приватизација да го полни буџетот, туку планираше богатење на поединици преку бесплатен откуп на претпијатијата. Затоа му се дозволува на спомнатиот "менаџер" со својата дружина, за само 4 милиони долари, на неколку рати, да ја откупат компанијата-и тоа не со свои пари, туку од приходот на компанијата остваруван во секојдневното работење, значи бесплатно. Наспроти понудените 50 милиони долари. Иронијата да биде поголема, компанијата ќе биде проценета на околу 4 милиони долари, а истовремено во своите магацини во тој момент држи резерви во вредност од околу 5 милиони долари. Тој износ "менаџерите" го прикрија во пресметковната вредност, се со цел компанијата да се откупи по багателна цена.

Но, што е најинтересно, по откупувањето на компанијата од т.н. менаџерски тим, главниот тајкун и неговата тајфа од позиција на газди ќе го продадат управувачкиот пакет од 51 отсто за сума од 34 милиони долари токму на спомнатата странска компанија, преку една друга нејзина фирма. Значи, наместо 50 милиони долари да завршат во буџетот, доколку имавме вистински платена приватизација, се дозволи најпрвин "менаџерите" бесплатно да си ја присвојат компанијата, а потоа од позиција на газди да ја продадат за 34 милиони долари, кои завршуваат во приватни џебови. Така преку ноќ тие станаа милионери, а сето тоа врз трудот на целиот македонски народ, која практично не доби ништо, а со децении со невиден ентузијазам ги градеше фабриките.


Стефче заборава уште нешто, "материјалите од ОА "Трансофрмација" ги има во неколку примерока.....ShokShok YeaYeaYea
10-08-2010, 02:53 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

Quote:Апологети на „недоквакани“ закони

(Повод: „Необолшевици ја ‘Европеизираат‘ Македонија“, „Нова Македонија“, 13 август 2010)




Почитувана г-ѓо Велиновска,

Наместо со непримерен вокабулар, кој ви е само вам својствен, од типот „европеизатор“, „учки од 2010 реколта“, клонови на Џавид Хасани, феудалци што не признаваат централна власт и што уште не, решив да ви одговорам со николку факти. Бидејќи тврдам дека со позицијата што со години ја негувате, и криво седите и криво судите, во зависност од тоа на која страна претежнувате, па наместо нафрлани фрази, политизација и спинување, односно извртување на сите изјави и тези, соочете се со следните аргументи, делови од Законот за домување, кои покажуваат нешто сосема друго:

Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда може да добие правно или физичко лице (според Законот и куќниот совет може да биде правно лице), доколку ги исполнува следните услови: да е регистриран во Централниот регистар на РМ за вршење на дејностите на управување. Да има најмалку пет вработени лица, од кои двајца со високо образование (дипломиран правник и дипломиран економист), и три лица со најмалку средна стручна подготовка. Самата лиценца чини 150 евра. И тука почнуваат сите парични и други агонии на граѓаните. Дали знаете госпоѓо што значи да се има фирма и колку и како да се работи рентабилно со петмина вработени. Според една пилот-пресметка, најмалку 250.000 денари. Или ако за зграда со 200 станари една таква лиценцирана фирма треба да остварува по 250.000 денари месечно, односно секој стан ќе треба да издвојува над 100 денари. Ова би рекле е под идеални услови. Но што ако зградата е се помал број станови или некој ако не плаќа, што кај нас е практика? Тогаш рапидно им растат месечните издвојувања на станарите за управител. Тоа значи дека треба да плаќаат по 500-600 денари и повеќе.

Знаете ли вие, госпоѓо Велиновска, и вашиот премиер што значи за пензионер со примања од по 100-200 евра месечно да издвојува толку пари само за управител? Знаете ли дека тој наш „европски пензионер“ или граѓанин нема 2.500 евра просечна плата, и едноставно мора гаќите да ги суши на балкон на јаже, наместо во сушара. Но не, мислам дека вие не го знаете тоа, зашто очигледно и вие, како и власта, целосно се одлепивте од народот, па и не сочувствувате со нив што значи за нив тој трошок. Вие никогаш не сте воделе фирма, туку едноставно сте наемен работник, кој не гледа ни метар пред себе туку во туѓи дворови, и тоа доста селективно. Да не речам, нарачано. Зашто ако гледате, ќе видите дека под вашиот прозорец на Ленинова кафулињата, вам мили, а и тие отспротива на големо узурпираат простор, но тоа не ви пречи. Тоа се кафулиња со европски терк? Нели тие не се предмет на Ваша критика, туку општината и градоначалникот на Карпош.

Но до каде ви оди необјективноста ќе ви помогнам да се ориентирате. Од 50.000 станбени единици, досега се регистрирани само 500, според официјалните владини податоци. Дали мислите дека преостанатите 49.500 се исклучиво од општината Карпош, за да плукате и пукате по мене дека јас сум единствениот што го опструира Законот? Дали во една историска секунда помисливте зашто господинот премиер Груевски не донесе закон со кој сам себеси ќе се обврзе, туку нам ни ги подметнува кукавичјите јајца. Така беше со Законот за јавна чистота. Владата носи закон ние пишуваме казни, а ги реализира Министерството за транспорт и врски. Такви казни, лани, само во Карпош се изречени 250. Мислите дека има некоја реакција од Министерството за транспорт и врски откако ги проследивме овие казни до нив? Ни случајно. Владината тактика, како и вашето пишување, се крајно перфидни. Ние во општините треба да сме им жешката маша, тие носат закони со кои ме обврзуваат да примам комунални редари, комунални инспектори, а сега дури и инспектор за домување. И сето тоа од наш буџет и одговорноста ја префрлаат кај нас. Конечно, зошто ние да се замеруваме со граѓаните? Зошто ние да вработуваме дополнителни инспектори за таа намена, кога Владата и така има илјадници вработени по владините институции, кои нишаат врата, а земаат плата. Зошто, пак, нам не ни го префрли управувањето со земјиштето, подрачните единици за имотноправни односи, со кои значително ќе ни се подобреше ефикасноста во работењето, приходите во буџет и ќе ги поттикневме инвестициите. Или, лаврите се резервирани за нив, а ние сме амалите. Е такви „недоквакани“ закони не мислиме да префрламе на свој грб. Нека си ја доиграат играта докрај. А конечно, ве имаат и Вас, па ќе им ја олесните работата.


Автор: Стевчо Јакимовски, градоначалник на општината Карпош



Quote:Ако сте против правната држава и капитализмот, дигнете Карпошово востание

Повод: „Апологети на ‘недоквакани’ закони“, „Нова Македонија“, 17 август 2010



Господине Јакимовски,

На фактите со кои ги побивате моите вредносни судови и јас ќе ви спротивставам неколку дополнителни, што ќе рече, нема да губам простор и време за оцени на вашето политичко поведение, кое го сметам за вулгарно, но и затоа што вредносно ние сме два света. По повод законот за домување и вашата изјава дека немате намера да го спроведувате и да им се замерувате на граѓаните во општината, ве уверувам дека нема спин, тези и фрази туку едноставна констатација дека законот, кој ги поминал сите фази до неговото донесување, мора да го спроведува секој жител на Македонија, вклучувајќи ве и вас. Ако не го правите тоа, вие вршите антиуставно дејство (како и учките во 2001) и за тоа, освен политички, одговарате и кривично. Вам ви е тоа нејасно зашто за вас Македонија не е држава, туку приватна самопослуга од која секој зема според потребите, но само наивни даваат според можностите. Таков беше и Џавид Хасани, кој уби двајца полицајци само зошто тој „мислел“ дека во неговиот двор може да гради што и колку сака, а без притоа да се обѕрнува на законите. Впрочем, како ја разбирате правната држава најдобро говори вашата славна изјава во својство на министер за економија кога во стилот на самодржец, пак, своеволно го суспендиравте законот и ги отворивте кафеаните за славје до сабајле. Изјавивте оти „да умревте вчера, немаше да знаете дека Македонија била баш до толку правна држава“. Со политичари и функционери како вас, Македонија тешко дека во догледно време ќе стане правна држава, а пак европска никогаш, ако со волунтаризмот и ароганција на која сте склони постојано ја опструирате. И, ве молам, немојте ни да се обидувате да глумите социјално чувствителен локален политичар оти вашата чувствителност најдобро ќе ја демонстрирате преку дела. Потрудете се да им го подобрите животот на вашите сограѓани. Еве, од партискиот бизнис-центар што ќе го градите, наместо за партиски „хуманисти“ одвојте некој дуќан што по основа на рушвет или подарок ќе го добиете од инвеститорот за своите сограѓани и така плаќајте ја задолжителната домарина со која ќе се одржуваат зградите во кои живеат пензионери со 100 евра пензија. Бидете инвентивен левичар и зошто да не, наместо на вашиот партиски другар Пуцко од Пласница, дајте им ја бензинската пумпа што ја градите на граѓаните. Од приходот ќе си ги плаќаат струјата и парното. Тие се илјада пати поголеми од цената за одржување на лифтовите и хигиената. Конечно, ако сте против правната држава и капитализмот, дигнете Карпошово востание за социјални права. Прогласете своја социјалистичка република.

Сепак, од вас не очекувам да се залагате да се урнат овие два приватни монополи, оти ќе ви ја изместат манипулативната матрица јавно да глумите лев социјалдемократ додека приватно дејствувате како десен капиталист. Значи, господине Јакимовски, законот за домување воопшто не ви пречи поради лошата социјална положба на жителите на вашата општина. Единствено ви пречи заради фактот што не го ни спомнувате во вашето писмо. Се работи за имотните листови. Државата Македонија има европска обврска да го среди својот генерален имотен лист. Мора да знае со колкав и каков имот располага, со колку население, со кои ресурси. Тоа е предуслов за преговорите со ЕУ. Бидејќи во транзицијата важеа „законите“ на Дивиот Запад, повеќе е од јасно дека некои ербаплии станаа газди на целокупното општествено богатство, па можеа и да градат згради и да купуваат станови и да „штедат“ во странски банки за сметка на мнозинството, кое од работничка класа беше преведено во наемни работници, стечајци и пензионери со 100 евра. Моето прашање до вас е зошто не сакате државата да утврди кој сé е сопственик (има тапија) на становите? Дали се плашите дека пензионерите ќе дознаат оти општествено-политичкиот крем на вашата партија, многу „угледни“ и експонирани апологети имаат по десетина, дваесет станови, па и цели згради, дека општинските службеници, градоначалници на име на рушвет за издадени дозволи за градби, за зголемување на катноста на зградите добиле на подарок станови? Дали ве нервира законот за домување затоа што по утврдувањето на сопственоста, државата ќе тропне на тие угледни врати да си го побара данокот што заборавиле да го платат и евентуално ќе им го конфискува незаконски стекнатиот имот што го распоредиле на тетки, баби и стрини, како и на Шон Конери во Шпанија? За истата операција (имотните листови за земјата) во руралните подрачја, Али Ахмети испреговара политички со Груевски одложување на примената на законот за две години. Веројатно, со помош на Уставниот суд и вие ќе однесете уште една „голема победа“ за сметка на европска Македонија. Но ви велам, пак ќе дојдеме на истото. Штом тргнат преговорите со ЕУ, ќе мора да поминеме низ истата процедура. Кога-тогаш ќе се дознае и кој е градежна мафија, но и кој е соработник на мафијата. Сакам да ви кажам, еден убав ден неизбежно ќе им се замерите на граѓаните со 100 евра приход. Тој ден ќе биде тогаш кога ќе дознаат каде им отишле народните пари и зошто вие сте богат човек, а тие се сиромашни.

А што се однесува до мојот статус на наемен работник, да ве потсетам господине Јакимовски дека вие приватно сте газда, но општествено не сте феудалец, туку и мој наемен работник оти од мојата наемничка плата издвојувам за вашата јавна плата. Јас работам и за вас, па нормално е да очекувам вие да работите за мене како мој слуга. Вие сте градоначалник на општината Карпош по волја на многу наемни работници, плус на сите жители на вашата општина, и мора да го уважувате тој факт. Аналогно, премиерот Никола Груевски не е мој премиер, туку и ваш. Не сте обврзани да го сакате, но мора да го почитувате, оти на тој начин искажувате почит кон волјата на мнозинството кое му дало доверба и на државата со нејзините институции. Сé на сé, господине Јакимовски, фактот што мора ова да ви го кажам, значи дека при објективно екстерно оценување на вашата демократска, евроатлантска ориентација, вие паѓате на испитот.


Мирка Велиновска,
наемен работник во приватен весник на сопственик капиталист
18-08-2010, 01:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45

Quote:Госпоѓа Велиновска,

Јас не сум мајстор на говорот на омразата на кој ти си основоположник во државата, и всушност немам друго орудие да ти одговорам на беспримерниот и крајновулгарен напад врз мене, освен со самитефакти. А тие се следните:
Госпоѓа Велиновска, ти Законот за домување ниту си го видела ниту си го прочитала, за тенденциозно да извлекуваш претпоставки кои се „скриените мотиви" зашто јас го критикувам. Затоа, престани да „кинеш зелени". Каква врска има Законот за домување со имотната состојба на граѓаните? Имотот на секој граѓанин е евидентиран во Управата за јавни приходи и во Кататстарот на невижности и ако не си знаела, данок на имот се плаќа многу одамна и тоа е општински приход. Финансиските сметки се јавни и ги има во секоја банка, и исто така се достапни на увид на државните органи. Неможе да седиш како „тетка на селска чешма" и да коментираш закони без да ги прочиташ...Државата не постои од Груевски и од тебе наваму, туку малку поодамна. А дека Законот за домување заслужува критики и какви сѐ закони, штетни за државата, носи твојот омилен премиер, (кои патем направија ршум восекојдневниот живот на граѓаните), ќе набројам неколку примери:
Дали се сеќаваш на т.н.патриотски фискални кои направија „дар мар" низ фирмите, па потоа сами си ги повлекоа твоите миленици од власта. Или на обврската за задолжително носење на ПП апарати во возилата? Бизнис од кој поединци од ВМРО-ДПМНЕ требаше да инкасира околу 4 милиони евра. Или за воведувањето нови регистарски таблички? Знаеш ли со што резултираше намалувањето на придонесите за ПИОМ и за здравство? Со пред банкротна состојба и на пензискиот и на здраствениот фонд (институциите за кои си наводно загрижени уште понаводно ги почитуваш)! Ако толку сте ревносни почитувачи и применувачина законите,ти и твојот налогодавач, зашто не го имплементирате законот зазадолжително учење на македонскиот јазик кај Албачињата- првачиња, туку за тоа молчите како,, како Мирка под кошула?!
Токму заради таквите килави закони на твоите фаворити Македонија добива негативна оценка во континуитет од ЕУ, зашто ги носи по итна постапка, без поширока косултација и расправа , а камо ли во договор со опозицијата, па се и штетни и листопадни, не траат ни неколку месеци. Сами си ги повлекува владата зашто и тежат како камен на вратот кој конечно ќе ја потопи.
Што се однесува до „Пуцко Петрол" и празните и злобни инсинуации кои ги правиш, само да ти кажам дека тој не е член на СДСМ, туку на ДУИ. Оној ДУИ од власта, знаеш? Значи повторно муабети од „селска чешма" со кои му правиш главоболки на Груевски. А, да те поучам заклеветите околу него, изречени напамет: Тој земјиштето го купил од приватник, а за бензиската пумпа е вцртана маркичка според деталниот урбанистички план уште во 2007 година и врз основа на тоа му е издадено одобрение за градба. Јас неможам да одам ниту против она што е донесено од институциите на државата, ниту против приватниот капитал. Толку околу твојата социјална грижа за граѓаните и криењето зад десниот капитализам.
Но, нејзе, редно е да ги симнеш од очите партиските очила, од кои гледаш само црвено- црно. Дали си спомнуваше кога јас ја правев фискализацијата како министер колку плукаше по мене само зашто еден од твоите спонзори и новопечени олигарси беше допрен? Дали тоа не е лицемерие и двоен морал. Значи, во мојот одговор, јас за таква наемност говорев.
И уште нешто околу намството.Точно е дека јас мојот труд го давам како наемник на граѓаните и тоа во два на врати во 2000-та и во 2009-та, по нивен избор и волја. Но ти ја даваш душата под наем, кај твоите десни пријатели. Кога веќе си најпаметна од сите, кога си цар и закон во медиумскиот простор и можеш секого да убиваш и плукаш низ весниците, зашто еднаш не се кандидираш и да се тестираш како јас. Тогаш ќе видиш директно од самото место дали се зема и колку се зема, или можеби гледаш од твоите пријатели од власта и тој што те плаќа, па мислиш дека тоа е правило. И не претерувај кога зборуваш за незаконски стекнати имоти, на чуден начин добиени станови на име на стрини, баби, мајки, длабоко ќе загазиш во калта на власта, па од нивен апологет ќе станеш нивен гробар, тие се првите што наскоро ќе ги дадат своите сметки на отчет.
Зашто не ги прашаш тие со кои секојденевно седиш од каде им се имотите? Зашто одиш со претпоставки за мојата и имотните состојби на други кои не ти се мили. Зашто не го прашаш тој што те плаќа од каде му се нему парите? Дали стекнатиот имот му е мираз од мајка му? Која бавча ја ископа, и ниви изора за тоа? Или е тоа потта и крвта од работниците на „високите печки"? Со нивните воздишки ли ги ѕидаше фабриките,болниците, винарските визби, медиумите, градежните фирми и што уште не? За да се ослободиш од духовната криза во која си загазила, симни ги црвено- црните очила, поубаво ќе живееш. А што се однесува до ароганцијата, за Вас е арогантен секој оној што ќе ви врати со иста мера, што ќе ве плесне влице со аргументи и што не ви покажува страв. Пред тебе и твоите не мислам да отстапам ниту еден микрон.
П.с. Дали ти Мирке Велиновска живееше и се уште живееш на улица Ленинова? Дали куќата и плацот им ги даде на „градежната мафија" како што ти ја нарекуваш и колку станови од тоа ти доби и дали знаеш кој во приземјето има кафуле, кој го узурпира целиот простор и целиот тротоар. Дали во твојата зграда куќниот совет се регистрира по Законот за домување?
Мирке.. доста сееш магла.

Стевчо Јакимовски
Градоначалник на Општина Карпош
19-08-2010, 05:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

Quote:ВМРО-ДПМНЕ достави документација до Антикорупциска за случајот „Галеб“

14 Октомври, 2010 ·18:12 Остави коментар

Скопје - ВМРО-ДПМНЕ достави документација до Антикорупциска со која треба да се утврди евентуалната кривична одговорност на Стевче Јакимовски во врска со закупот на ресторанот „Галеб“.

„Спротивно од договорот парите од закупнината наместо на сметката на општина „Гази Баба“ оделе директно на сметката на фирмата на Стевче Јакимовски, „КИТ Консалтинг.

Значи она што претходно го закупил за само 12.400 денари, сега го рента на друга фирма за 36.340 денари или за 24.000 денари поскапо.

За пет години фирмата на Стевче Јакимовски заработила 2 милиони 180 илјади и 400 денари, кои наместо да се исплатат на сметката на општина Гази Баба се исплаќани на сметката на „КИТ Консалтинг“, изјави Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.


Одговор од кој треба да се срами секој нормален човек:


Quote:ДО ГОЛА КОСКА

Препариран фазан


Каква врска има Антикорупциската комисија со приватна фирма? Кој диоптер им треба да прочитаат кој е потписник на договорот. Јас, Стевчо Јакимовски сум основач на фирмата, а не директор. Тоа е сосема исто како за проневерите во Македонски железници да барате одговорност од Трајко Вељановски кој е основач на ова претпријатие, а не од директорот на МЖ
Неколку денови сум во дилема!Што ли значат овие бесмислени прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ? Или се во паника, или се очајно безидејни. Во таква конфузија „направи прес, колку да се направи“, ниту внимаваат што зборуваат, ниту каков ефект ќе постигнат.Почнаа да си пукаат во нога, а на пат се да си извршат класично самоубиство.

Повод ми е последната прес- конференција на господинот, како што го вика мајка ми, Бициклистички. Рие, рие, па одвреме на време ќе летне во јавноста со некој глупав прес: те од каде ми е аудито ( кое е тротинет во однос на „кватрото“ што го вози нивниот градоначалник Сокол Митревски),и на крај слета во „Галеб“. Кога таму, сакам кажам - не знам речам. Се закопаа до гуша.Па замислете, уште го најавуваат: „Гооолем скандал на Стевчо Јакимовски“. Сум ги оштетил дури 20.000 евра, претпоставувам онолку, колку што има во малото џепче (она што ни служи за ситни пари) градоначалникот на Крива Паланка, кој пријави капитал од 3,5 милиони евра?! Значи, уште поголем скандал на ВМРО-ДПМНЕ! Очигледно кутрите пливаат низ водите што сами си ги валкаат, како пирани, па грицни таму, грицни ваму, и заглавија во тиња. Малку ќе грицнеме од Стевче, малку од Заев, а најмногу од Бранко и така ќе си живееме и ќе си владееме. Грицкај, грицкај, ама останаа без месо. Дојдоа до гола коска, оти нема што повеќе да се лаже.Но, главно да ги има во кадар. Си велат“кога не можеме со економска политика, со вработување, со подигање на стандардот на населението,со странски инвестиции, ќе го лажеме народецов со евтини спинчиња и глупави пресови“.Стратегијата е јасна: плукај, плукај што можеш повеќе и подалеку. Како тргнале, ќе воведат олимписка дисциплина, плукање до бескрај. Пикираат на „злато“. Преку „Галеб“ право на Олимпијада.

Јас сум се богател на сметка на Општината Гази Баба, а тие кутри не можат глава да кренат од сиромаштија без закупнината од мојот бивш ресторан. Замислете тој им е економскиот столб во Гази Баба, но и поранешна мајка хранителка. А закупнината, која патем им се плаќа не редовно, туку и три месеци однапред по 600 евра, малку им е. Сакале да штрбнат и од потзакупот.Се разбира може под услов, ако и тие, заедно со мене инвестираа во „Галеб“ во неговото проширување, надградба, модернизација на кујната по ХАЦЦП-систем, новите тоалети, магацини, покриви, врати, прозорци, парно греење, климатизација... Но, од математичките операции тие знаат само одземање. За давање малку тешко им оди. Земањето им е заштитен знак. Место лавот, како симбол, нека си ја земат жирафата, таа постојано пасе во туѓи дворови. Тие сакаат и нивно и туѓо.Па сакаат и закуп, и потзакуп, и јадење и пиење и кафеана, и се кај нив во џеб. Или во стомак. Нели е логично прашањето кое сами го извадија на површина, зашто ако таа мене ми е „златен рудник“ за богатење, ја затворив кафеаната уште во 2005-година? Кој си ја сече гранката на која седи? Па не сум толку луд? Сепак сум некој економист по професија.

Е јас да ви кажам, драги вмровчиња. Ја затворив од таквите како вас и пред се', од Вас. Со години ве ранев бесплатно, на половината од вашите шефови партиски лидери, подлидерчиња и подлизурковци, холестеролот им се качи од мрсно јадење во „Галеб“. Едно време, ви стана и регрутен центар за гладното членство кое допрва требаше да го придобиете. Е после тоа настапуваа моите маки. Нема кој да ја плати сметката. Де ќе плател градоначалникот, де заменикот, де службите, и така ме шетаа во круг до бескрај. Па ова не е мојот потпис, па нема писмо од Општината, и т.н. и т.н. И зијанот не ми паѓаше толку тешко, колку „шетањето по ќерамиди“. А јас министер наместо да се занимавам со државни проблеми, треба да се занимавам со неплатените сметки од гладните вмровчиња. И затоа го ставив клучот на врата и го издадов „Галеб“ во потзакуп. Од вашите „гагачки“, глава не можев да кренам , а не уште да ќарам, па и да се збогатам. За вмровските јубилеи, приеми и коктели, ич да не зборувам. Понекогаш ќе најдевте и по некое спонзорче да покрие некоја вечера, а тоа најчесто беше пак од народна каса, на пример Градското собрание. Е тогаш до крај доаѓаше вмровската мизерија. Во раните утрински часови до даска поднапиени, со оптегнати стомаци од повеќечасовното гнетење, не си одеа додека на повеќето од нив не им дадевме по едно виски под мишка за да пиеле и утре. На градска сметка се разбира. Е сега, знам дека им е мака. Дојде друг газда на кафеаната, кој не дава за џабе, туку секој цех сака да си го наплати чесно. Услуга за пари. Бизнисот така се држи, а не со прес конференции. Или тие си мислат: накркај се, не плати, потоа плукај по пресови.Сметката е порамнета.

А на вашите шефови пак, акциите им пораснаа, па сега не јадат во „Галеб“ туку во разни Воденици, во Ањи, во други отмени кафеани. Пројде дождот, да ти се плукнам во чадорот. Ама и друго е јасно. Не може цела партија, сите во воденицата да се храните. Само пусто, на вашата војска и посиромашно членство „Галеб“ им остана в срце. Што да се прави, се очите им се тука.Туку, деновиве ме изнасмеа еден пријател од Чешка, до кај што стасале вашите лаги и плукачки пресови. Ми вели: „Добро бре, дали се овие нормални што зборуваат, има ли некој да ги преслуша? Ако е вистина ова што го велат, мртви ладни, пред два милиони народ признаваат дека единаесет години ги работиш како бавча,меѓу кои четири вмровски градоначалници, вклучително и градоначалникот на Скопје. Ти се богатиш, а нив не им даваш ништо. Си признаа дека за нив си Марадона. А тие упорно си ќутат. Или им е арно, или се глупи како ноќ! Не знам што да помислам?“ Му велам толку им дофаќа умот. Лага , лага и само лага. Четири години виреат само на лаги, како коприва на буниште. Лагата ќе си ја брендираат како своја заштитна маркичка.

Мене пак, лично, ми прави мерак една друга работа.Од целата оваа папазјанија, најголем ќар имаат граѓаните на Гази Баба. Конечно го видоа својот градоначалник Тони Трајковски. Со изгубен поглед, излета од тешка илегала, со лик како препариран фазан, ( од многу работа или лежење). Кога ќе се погледнам јас пак на огледало,што да видам: Обелев, остарев со подочници. И тој и јас имаме иста функција. Јас со искуство, логично е да ми е полесно. Тој без искуство, би требало да му е потешко. Но, тој е поубав отколку кога дојде на власт. Измазнет, стокмен , личен на мајка. Па нормално ќе биде поубав од што беше , кога го чуваат како да е конзервиран. По се изгледа спие во апарат за длабоко замрзнување, па каков ќе легне, таков станува. По пола ден крати од староста, а другиот дел од деноноќието ужива во кметската функција. Ни дупки, ни улици, ни канализација, ни комарци во Стајковци го интересираат. Само го боли она запче што се вика „Галеб“. И замислете најголемиот проблем во Гази Баба му бил „Галеб“. Другото - се решил. Затоа беше со изгубен поглед, и не знае што зборува, оти срам му е со која тема се појавува пред своите граѓани. Кој за што, тие нешто околу рестораните, јадењето и пиењето. А работата и лопатата се само за Груевски. Како не му е грев, премиерот како физикалец, со плускавци на рацете,а тој ужива ли ужива во спокојот и комоцијата на својата градоначалничка функција.

А сега уште им требаше да продолжат со циркусот „Медрано“, овој пат пред вратите на Антикорупциската комисија. Демек сменија локација циркузантиве.Само ги прашувам, каква врска има Антикорупциската комисија со приватна фирма? Кој диоптер им треба да прочитаат кој е потписник на договорот. Јас, Стевчо Јакимовски сум основач на фирмата, а не директор. Тоа е сосема исто како за проневерите во Македонски железници да барате одговорност од Трајко Вељановски кој е основач на ова претпријатие, а не од директорот на МЖ. Значи повторно само празни плукања. Па нека плукаат... можат само да ми плукнат под прозор. И нека продолжат со лагите. Почнаа со обвинување за 300 евра, сега стасаа до 50.000. Како им тргнала приказнава ќе стасаат и до 500.000 евра. Лаги, лаги и глупости. Е затоа после ќе им паѓа косичката, им се подискривуваат устињата. Од лажење, секако.Ама за секој случај нека си го подготват џепчето и чекмеџето да си ги платат сите отштети од нивната клеветничка и плукачка политика.

За изјавата дека Стевчо Јакимовски, Велија Рамковски и СДСМ не можат да дојдат на власт, можам само да ги потсетам: СДСМ и Стевчо Јакимовски веќе се на власт во Карпош.

Ми доаѓаат на ум зборовите на познатиот генералот Весли Кларк, кој сега продава софтвери за лотарија по Балканот. При неговата посета на нашиот Генералштаб, на вечерата организирана во негова чест, на нашите генерали им изразил чудење за тоа колку противвоздушната одбрана на Милошевиќ била немоќна над 6.000 метри и затоа авионите на НАТО безбедно ги гаѓаа во која сакаат цел во Србија.

И јас им порачувам на овие „тазе испилени“ летачи- бомбардери. Може да плукаат колку сакаат. Отровните стрели на ВМРО-ДПМНЕ не стигаат до мене. За нив јас летам над 6.000 метри височина. Тоа за нив е предалеку. Но, на „Летот над кукавичиното гнездо“ му се гледа крајот. Или самите ќе слетаат, или ние ќе ги собориме. Најдоцна за 18 месеци!

Стевчо Јакимовски
(Авторот е градоначалник на Општина Карпош)
18-10-2010, 03:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#47









13-07-2011, 04:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#48











13-07-2011, 04:48 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#49









13-07-2011, 04:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#50





13-07-2011, 04:52 AM
Reply