Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 15 Vote(s) - 2.93 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
YUTA-ОПЕРА-РАМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#61

Quote:ORUZENA PRESMETKA MEGJU MAKEDONCITE VO BRISEL

5 Aug 1994

Minatata nedela vo domot na makedonskiot emigrant Ljubo Jovanovski, koj zivee vo Belgija vo gratceto Klabek, se sluci ubistvo otkako Blazenko Cvetkovski i Robert Dimitrov vlegle vo negoviot dom.

Neoficijalnata verzija na nastanot govori deka Blazenko Cvetkovski insistiral da razgovara so Ljubo Jovanovski prasuvajkji ja negovata sopruga kade e toj. Nezadovolen od odgovorot deka toj se odmara, Cvetkovski se kacuva na gorniot kat, pri sto soprugata go zema edinaesetgodisniot sin i izleguva od kukjata.
Na gorniot sprat Jovanovski se pojavuva so puska i nastanuva karanica megju Cvetkovski i Jovanovski. Cvetkovski puka dvapati vo tavanot od revolver, a Ljubo go pogoduva vo predelot na stomakot, otkako prethodno ispukuva predupreduvacki kursum.
Soucesnikot na Cvetkovski, Robert Dimitrov, po nastanatata situacija bega i se uste se naogja vo begstvo.
Cvetkovski i Dimitrov imale dvoen identitet (Boban Tenevikj i Rajko Tomikj) i otporano i bile poznati na belgiskata policija. Vo juli godinava se osudeni na dve godini zatvor, no se pomuluvani i pusteni na sloboda.
Ljubo Jovanovski nemal dosie i po utvrdenata samoodbrana pusten e na sloboda. Vo negovata kukja se pronajdeni precizni vagi, zlatarski piceti i pari od razlicni valuti.
Ljubo Jovanoski na makedonskata javnost i e poznat od vremeto na aferata "Sina ptica", koga pri povlekuvanjeto na jugoslovenskata vojska se obide so nekolkumina clenovi na VMRO-DPMNE da napravi Makedonska nacionalna garda, odnosno Makedonska vojska. Toj, kako emigrant, inaku, bese clen i kontrolor na Zadgranicniot komitet na VMRO-DPMNE za Belgija. Po aferata toj se raziduva so VMRO-DPMNE i preogja vo partijata Makedonski nacionalen front, koja ja osnova Dragan Bogdanovski, inaku poranesen pocesen pretsedatel na VMRO-DPMNE. VMRO-DPMNE togas go obvinuvaa Ljubo Jovanovski deka e sorabotnik na makedonskata Sluzba za drzavna bezbednost.
25-04-2011, 02:52 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#62

(25-04-2011, 02:52 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Cvetkovski i Dimitrov imale dvoen identitet (Boban Tenevikj i Rajko Tomikj)

?????
Кој можел да им издаде нови исправи?
25-04-2011, 09:52 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#63

(25-04-2011, 09:52 PM)montehristo Wrote:
(25-04-2011, 02:52 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Cvetkovski i Dimitrov imale dvoen identitet (Boban Tenevikj i Rajko Tomikj)

?????
Кој можел да им издаде нови исправи?

Некој си.
Не знаеше дека се во Македонија е случајно и виновниците се фиктивни?
25-04-2011, 10:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#64

(25-04-2011, 09:52 PM)montehristo Wrote:
(25-04-2011, 02:52 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Cvetkovski i Dimitrov imale dvoen identitet (Boban Tenevikj i Rajko Tomikj)

?????
Кој можел да им издаде нови исправи?


Во написот не стои чии пасоши имале. Многу интерсно ке биде да се знае и тоа.
25-04-2011, 10:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#65

Quote:СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ
од Седмото продолжение на Педесет и шестата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 21 април 1993 година


АЛЕКСАНДАР ФЛОРОВСКИ:



Поради редоследот на настани и подобра презентација морам да се осврнам како "точка бр.1, на растурањето на летоците на Бугарски јазик.

1. Всушност за што се работи: во екот на првите повеќепартиски избори поточно пред вториот изборен круг ноќта меѓу 24 -и 25 ноември 1990 година на повеќе места во Скопје, поточно во населбите "Авто Команда", Аеродром и Лисиче и во градот "Охрид" (што за жал воопшто не е спомнат во информацијата на Владата) беа растурени голем број летоци на Бугарски јазик со наслов "Искористена светата простата", летоци ,со антимакедонска содржина, поточно, содржина која имаше за цел политичката партија "ВМРО - демократска партија за македонско национално единство да ја прикаже како пробугарска или Ванчо Михајловистичка се со единствена цел да се разбие гласачкото тело на партијата, а со тоа и колапс на изборите. Кој нормално требаше да го искористат за добивка на политички поени тогашен СКМ - ПДП денешен СДСМ. Иако повеќе пати беше поставено како пратеничко прашање, дури по барање на комисијата за контрола на СДБ беше доставена информација за интерна употреба, поточно информацијата можевме да ја прочитаме исклучиво кај секретарката на оваа комисија госпоѓата Вера Атанасоска и во нејзино присуство. Лично ја прочитав со претседателот на ова Комисија господинот Стоиле Стојков, а според тврдењето на секретарката на оваа комисија сите членови на комисијата ја имаат прочитано. Ова го велам од причина што не сакам да се манипулира, дека ова што ќе биде презентирано е неосновано, зад него стојат 7 членови на комисијата и секретарот на ова комисија. Впрочем и заклучокот на комисијата по ова точка беше едногласно прифатен.
Според извештајот на МВР околу растурањето на летоците на "Бугарски јазик", главни актери се претседателот на тогашен СКМ - ПДП за општина гази Баба, Игнеч Виларов, кој ако не се лажам сега е кандидат во општина Карпош, растурач на летоците Владо Томовски роден 1952, а сега вработен како началник за урбанизам во "Гази Баба", а негов соучесник е уште еден господин на кој за жал името не му го знам, а е вработен во фабриката "УСЈЕ" во Скопје. Како главен режисер на оваа акција со растурањето на летоците фигурира "Тито Петковски сегашен потпретседател на Собранието на Р.М. Индикативно е што летоците се добиени од организацијата "Тодор Александаров" од Брисел кој со по средство на ОК на СКМ - ПДП од Струмица стигнуваат во Скопје каде се умножуваат и растураат. Следствено во растурањето на летоците на Бугарски јазик во Охрид, според наши информации учествувале. и припадници на СДБ од Охрид. Меѓутоа индикативно е што информацијата што тогаш ја добивме како членови на Комисијата и која е презентирана пред вас господа пратеници, сака да се анулира т.е. во информацијата на Владата се и вели дека "министерството за внатрешни работи" ги тема неопходните податоци и докази врз основа на кој би можело да утврди постоење на основани сомненија дека некој сторил кривично дело предвидено и казниво според член:71 и 208 од казнениот закон на РМ.. Што значи дека владата на РМ, со гореспомекатото сака да се стави во функција на заштитник на главниот режисер околу растурањето на летоците на Бугарски јазик, Тито Петковски кој треба да одговара за ова дејание. Согласно законот за кривична постапка со основано сомнение за постоење кривично дело, согласно одредбата на член 208 од казнениот закон на Република Македонија (ширење на лажни вести) и член 71 од КЗ на РМ повреда на слободата за определување ка гласачите.
(This post was last modified: 26-04-2011, 12:31 AM by ЈорданПетровски.)
26-04-2011, 12:28 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#66

Quote:АЛЕКСАНДАР ФЛОРОВСКИ:

"ТМРО - МНГ" "Сина Птица"



По однос на ова прашање би го презентирал следното: Комисијата имала основна задача да ги утврди причините за присуство на припадниците на МВР односно припадникот на СДБ и тогашен началник на II управа на СДБ - Добри Величковски. Меѓутоа во интерес на вистината ќе мора да се презентира или образложи и присуство на полковникот Драган Стојменски присуството на клучниот човек во формирањето на ТМРО - МНГ кој беше главниот координатор меѓу МВР односно СДБ и членовите на ТМРО - МНГ Љубо Јовановски. За присуство на таканаречените “гардисти" на би сакал многу да говорам, но битно е да се спомне дека мнозинството од присатните на инкриминираниот состанок во кафеаната "Сина Птица" беа членови на симпатизери на ВМРО - ДПМНЕ, кој од по разни побуди познати само на нив влегоа во оваа авантура. Пред се за службата на претставникот на МВР односно СДБ Добри Величковски во кафеаната. "Сина Птица” на 16 април 1992 година. Иако од претставникот на СДБ т.е. потсекретарот на оваа служба Слободан Богоевски цело време тврдеше дека претставникот на СДБ во кафеаната ."Сина Птица"- Добри Величковски, во функција на преземање на превентивни мерки од формирање на паравоени единици. Како член на комисијата не можам да се оттргнам од впечатокот дека господинот Добре Величковски активно учествува во формирањето на паравоени формации, а и сознанијата после прегледот на магнетограмот од Видео касетата од "Сина птица" одат во прилог на моето тврдење дека господинот Величковски како претставник на СДБ односно МВР е активен учесник во формирањето на ТМРО - МНГ која нигде не фигурира во Уставот на Република Македонија, значи се работи за антиуставен акт во кој имаме директно учество на тогашниот началник на II управа на СДБ. Во интерес на вистината пред се мора да се обзложат целите на таканареченото ТМРО-МНГ на состанокот во кафеаната "Сина птица" со следниот дневен ред:

III/6
1. Под еден - формирање на ТМРО - македонска национална гарда,
2. Под два - Задачи и цели на организацијата
3. Под три - финансиска состојба на организацијата и набавка на оружје, опрема и информации,
Подточка б) од точка 3 ТМРО - задгранично, господа нигде не фигурира ВМРО - ДПМНЕ 'задграничен комитет (како што стои во информацијата на Владата) "кој е за жал е чиста дезинформација се со единствена цел компромитација на ВМРО - ДПМНЕ како политичка партија", значи ВМРО - ДПМНЕ нигде не стои во Касетата туку ТМРО - задгранична.
4. Под четири - Избор на раководно тело на ТМРО – МНГ и под
5. Под пет- - разно.

И на крај од излагањето на Новица Арсовски еден од учесниците кој е претседавач на состанокот во "Сина Птица" вели дека ова е вонпартиска активност и со тоа не и сметаме на партијата. Во овој смисол, господа се прави јасна дистинкција помеѓу ВМРО -ДПМНЕ задграничен комитет и ТМРО задгранично, па секоја инсинуацијаво ;овој смисол е неоснована.
(This post was last modified: 26-04-2011, 12:44 AM by ЈорданПетровски.)
26-04-2011, 12:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#67

Quote:За појасно презентирање на улогата на Добре Величковски претставник на СДБ на состанокот во кафеаната "Сина Птица" нека ви послужат следните цитати:од видеокасетата:

Цитат бр.1 - "Можам да ви .кажам дека ова што го договоривме, ќе го договориме, нема да биде проширено, нема да знае цела полиција, нема' да знае цела армија на Р. Македонија".

Цитат бр.2 - Меѓутоа, од вас исто така бараме да не после ден два се прошири дека ова наша "национална гарда" држела некаков состанок со армијата и полицијата и добила право да прави што сака.

Цитат бр.3 - Многу мал ќе биде кругот на луѓе што ќе знаат за постоење на ова. Меѓутоа, Како сте спремни да се ставите на располагање и услуга на АРМ^и службата за државна безбедност и во дадена ситуација, а морам да кажам, не дај боже да дојде до ситуација да треба и тоа да го правиме, не знаеме, да се делува и да се знае кој командува, кој бара од вас да се активирате и како.

Цитат бр.4 - Ова е, ако не целата илегала или барем полуилегално во однос на јавноста.

Цитат бр.5 - И ве молам, како сами ставивте име "Национална гарда” немој да ме сфатите погрешно, мислам дека не е во ред врзување за било која партија.

Втората личност која треба да се спомне е полковникот Драган Стојмановски кој барем од она што се гледа и слуша од видео касетата од 'Сина Птица" е во функција на Армијата - на Република Македонија и ги дава следните изјави:

цитирам: "прво да ви кажам, ние сме во тек да вие не сте од овој состанок, десетти или дванаесетти или кој планирате. Идејата за оваа работа е уште од многу порано, дека!некој порано, некој покасно се вклучил, и дека до сега се превземени одредени активности врз база на конституирање, врз база на обучување на спремноста, на вооружување, на чистење на редовите, на барање на оние прави патриоти кој се спремни на жртвување;

Формираше на еден таков кадар кој треба да биде ударен кадар,- тој не може да биде јавен и јавно да се манифестира. Ова се само мал дел од изјавите на Драган Стојмановски полковник АРМ, како што самиот вели,

Но индикативно е што во дописот од АРМ добиено по барање. на Комисијата го добивме следниот одговор за улогата на Драган Стојмановски бивш полковник на КОС а сега полковник во АРМ. Дописот е означен "под строго доверливо' број 2 - 110" од 28.7.1992 година и во него стои, цитирам само делови од дописот:"присуството на Стојамновски на состанокот на нашите граѓани во Кочани со цел да формираат национална гарда" извршена е по негова иницијатива, III/8 сметајќи дека за тоа не треба да бара одделно одобрение од претпоставените на АРМ. Со оглед на тежината и осетливоста на овој настан тој за ова морал да побара одобрение и ангажирањето да се направи по одобрен план. За своето истапување на состанокот, полковникот Стојмановски не добил" никакви задачи ниту овластување да зборува во името на Армијата на Република Македонија. Службата забезбедност е формирана на 24 април 1992 година, што значи дека полковникот Стојамновски во време на одржувањето на состанокот од 16.4.1992 година, не бил сеуште со наредба поставен на сегашната должност во Армијата на Република Македонија. Исто така на 15.4.1992 година ниту друг ден порано, во Армијата на Република Македонија; ниту во Министерството за одбрана, не дошле никакви граѓани со барање за присуство на претставник на армијата на Република Македонија на состанокот за формирање на таканаречената "Македонска национална
гарда" следува потпис - министер за одбрана - Трајан Гоцевски.



(This post was last modified: 26-04-2011, 12:56 AM by ЈорданПетровски.)
26-04-2011, 12:52 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#68

Quote:Индикативно е и сомнително што во информацијата од Владата стои, дека полковникот Стојмановски го информирал лично генералот Арсовски, а уште посомнително да не знае министерот за одбрана, човек број 1 во ова министерство, проблем повеќе за размислување за состојбите во АРМ. Околу улогата на главната врска меѓу МВР и членовите на "Македонската национална гарда" Љубо Јовановски може следното да се каже: човек кој повеќе од 20 години фигурира како политички емигрант во Западна Европа, човек кој според зборовите на Добре Величковски е повеќе од добар пријател со него лично долгогодишен познаник, барем така изјавува на видео касетата од “Сина Птица". Човек со многу 'oригинални" идеи, негова е идејата за формирање на ТМРО - МНГ нормално во содејство со Службата за државна безбедност на Република Македонија ТМРО-МНГ сигурно би работел, ако не би била обелоденета со двојна улога, членство на"гардистите" во ВМРО - ДПМНЕ и 2.ревносни соработници на СДБ и МВР. Инаку лично ми остана во сеќавање една негова изјава од видео касетата која

цитирам гласи: "сакам да кажам, еден точен збор, ако дојде до раѓање на ова национална гарда која ќе биде во состав на нашата Армија. Они се запознаени (се мисли на присутните членови, т.н. гардисти), кога армијата отиде, замина, нас не фати паника, дека остануваме како риба на суво и мораше да се стори нешто. Значи може да се констатира според ова изјава на господинот Љубо Јовановски дека кога отиде "бившата ЈНА се осеќал како риба на суно а додека била тука се осеќал како риба во вода, а рибата во вода најдобро се осеќа господа. Коментар мислам дека не е потребен.

И УШТЕ НЕШТО ГОСПОДА ШТО Е БИТНО ДА СЕ СЛУШНЕ А СЕ РАБОТИ ЗА СЛЕДНОТО: ПОЛКОВНИКОТ Драган Стојмановски како еден од клучните личности во формирањето на ТМРО-МНГ го вели следното,

цитирам: “Но со ликвидацијата ти правиш херој, ние ќе појдеме, ќе му подметнеме приколка ќе се залета и готово. Но , ќе биде национален херој. А херој не е потребен сега, да им создаваме ние херој. Ние создаваме сега Армија. Да зборуваме ова. Тој половично ги кажува работите. Тој мене ми има нудено пари да ги обучувам. Вие знаете потреба и викање на доста чесни дечиња во Бугарија, со нудење на.... и со средства, тоа вие знаете, Трајче знае, Добре знае, зошто ги спрема та му “да не бранат нас”.

Всушност овој цитат е уште еден доказ за антиуставните дејствија на СДБ, која не се стеснува ни од политичка ликвидација и дејствување на СДБ надвор од Територијата на Република Македонија кое подобро ќе го образложам на крајот од моето излагање.
(This post was last modified: 26-04-2011, 01:00 AM by ЈорданПетровски.)
26-04-2011, 12:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#69

Quote:БОРИС ЗМЕЈКОВСКИ:


Впрочем ова што вели самиот Добри Величковски на состанокот:

Јас овде поголемиот дел од вас првпат ве гледам со исклучок на Љубо со кого се знам години наназад. Гаранција за доаѓање овде и разговор со вас ми е познанството и долгата и заедничка соработка со Љубо за доброто на оваа држава. На таа основа е и присуството на Драган Стојмановски кој исто така добро и долги години се знае со Љубо. . . "Значи се е јасно. Господинот Љубо Јовановски бил долгогодишен соработник и на Удба и на КОС, кој континуирано ги известувал именуваните за сите активности на ВМРО - ДПМНЕ, а посебно неговиот пријател Добри Величковски. Затоа целокупното негово однесување е по задача на СДБ, а не по барање на ВМРО-ДПМНЕ.

3. Во прилог на погоре изнесеното го наведувам и следниот факт:

Веднаш по обелоденувањето на Извештајот на Комиси- јата Г-динот Љубо под итно е повикан од СДБ, од Брисел да дојде во Скопје и помогне да се покрие оваа полициска ујдурма. За каков доушник се работи покажува и фактот што истиот заедно со Драган Богдановски (своевремено потсекретарот на СДБ Богоевски лично му дава патна исправа) во декември 1992 година, лично ги дочека Добри Величковски, на скопскиот аеродром, однесени во вилата на МВР на Водно. Тука е повикана екипа на МТВ пред која Љубо го чита однапред подготвениот текст од СДБ за "врховизмот" во ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш заедно со Добри Величковски и Слободан Богоевски направен е и конкретен договор за формирање на уште една Удбашка национална организација -Македонски национален фронт на Драган Богдановски.
(This post was last modified: 26-04-2011, 01:38 AM by ЈорданПетровски.)
26-04-2011, 01:35 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#70

Quote:6. Нема никаква основа и тврдењето на МВР и Владата дека СДБ во конкретниот случај постапувале превентивно односно го спречиле формирањето на паравоена формација. Усвојувањето на записникот од претходниот состанок на банадата (на него присуствувал и Добри Величковски) Статутот, симболите, договарањата за набавка на оружје, експлозив, јавување и на крајот гласањето (на предлог на Добри Величковски) јасно покажуваат дека фактички и практично е веќе формирано злосторничко здружение односно банда, и сите учесници во неа треба да одговараат кривично.

7. Веднаш по овој состанок во Велес е притворена група на лица членови на ВМРО - ДПМНЕ со обвинување дека неовластено држеле оружје и муниција кое лично им го дал Стој|^е Јакимовски еден од присутните на состанокот во "Сина птица". На сите ви е познато дека на тој состанок Добри Величковски и Стојменовски на членовите на бандата им ветува набавка на оружје, муниција, експлозив итн. Значи полицијата (СДБ) најпрво ги провоцира граѓаните да сторат кривично дело, а потоа ги гони. Вакво постапување го нема и во диктаторските режими.
Што беше целта на целата оваа акција на СДБ кажува самиот Добри Величковски на состанокот (цитирам): "Вие Ви е познато дека пред два дена е покрената иницијатива за нови избори. Тоа значи промена на структурата на власта...".

Сосема јасно. Непосредно пред изборите ќе ги осудиме оние од Велес, ќе направиме еден краток документарен филм од состанокот во "Сина птица", ќе го емитуваме на телевизијата и ќе ја искомпромитираме ВМРО - ДПМНЕ како терористичка. Ако треба и ќе ја забраниме.
Ваквата цел на СДБ и МВР се гледа и од фактот што веднаш по избивањето на аферата сите учесници на состанокот'" со патни исправи дадени од МВР заминале во Белгија и Германија кај доушникот Љубо Јовановски, веројатно на дошколување и обука за терористички акции во кои ќе бидат ликвидирани членови на тогашната Влада лидери на политички партии (се разбира главно оние од опозицијата), членови, активности секој оној што ќе застане на патот на Големиот диктатор.

Сосема е јасно дека за целата оваа афера одговорност треба да понесат и министерот Фрчковски(Величковски сам изјави дека постапувал по негова наредба), потсекретарот на СДБ Слободан Богоевски, Добри Величковски, Драган Стојмановски, Љубо Јовановски и сите присутни на овој злосторнички заговор. Ценам дека има доволно елементи да се постави и прашањето за одговорност на господинот Киро Глигоров кој според зборови- те на Добри Величковски на состанокот во "Сина птица" бил запознат со целата оваа афера.


Една работа која збунува. Змејковски го смета Слободан Богоевски за еден од творците на аферите. Кога Змејковски се одвојува од Стојменов Слободан богоевски зазема висока позиција во партијата на Змејко.
(This post was last modified: 26-04-2011, 01:49 AM by ЈорданПетровски.)
26-04-2011, 01:47 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#71

(26-04-2011, 01:47 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Една работа која збунува. Змејковски го смета Слободан Богоевски за еден од творците на аферите. Кога Змејковски се одвојува од Стојменов Слободан богоевски зазема висока позиција во партијата на Змејко.

Мене воопшто не ме буни, ја знаеш онаа логичка погрешка труење на бунарот, но од друга страна тука е ниво на одговорноста, како што е впрочем случајот и кај Алигиери со неговите 9 нивоа на чистилиште.
И кај шпиуните има и помалку и повеќе вредни.
Некој бил шпиун(кодош) на времето а некој покасно, зависно од тоа која му е точка на кршењето.
За сите едно е заедничко, нема излез се додека си жив.

П.С. Како што стои на сајтот на Марјан: Лесно можеме да расправаме за минатите зла, тешко е за денешните и да ги согледаме, а камоли за нив да расправаме.
(This post was last modified: 26-04-2011, 02:35 AM by montehristo.)
26-04-2011, 02:31 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#72

(25-04-2011, 10:58 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: [quote='montehristo' pid='37392' dateline='1303764727']
[quote='ЈорданПетровски-ЦРНИ' pid='37384' dateline='1303739542']
Cvetkovski i Dimitrov imale dvoen identitet (Boban Tenevikj i Rajko Tomikj)

?????
Кој можел да им издаде нови исправи?

[/quote]


Во написот не стои чии пасоши имале. Многу интерсно ке биде да се знае и тоа.
[/quote]

(26-04-2011, 01:47 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Ваквата цел на СДБ и МВР се гледа и од фактот што веднаш по избивањето на аферата сите учесници на состанокот'" со патни исправи дадени од МВР заминале во Белгија и Германија кај доушникот Љубо Јовановски, веројатно на дошколување и обука за терористички акции во кои ќе бидат ликвидирани членови на тогашната Влада лидери на политички партии (се разбира главно оние од опозицијата), членови, активности секој оној што ќе застане на патот на Големиот диктатор.

Сосема е јасно дека за целата оваа афера одговорност треба да понесат и министерот Фрчковски(Величковски сам изјави дека постапувал по негова наредба), потсекретарот на СДБ Слободан Богоевски, Добри Величковски, Драган Стојмановски, Љубо Јовановски и сите присутни на овој злосторнички заговор. Ценам дека има доволно елементи да се постави и прашањето за одговорност на господинот Киро Глигоров кој според зборови- те на Добри Величковски на состанокот во "Сина птица" бил запознат со целата оваа афера.

[quote='ЈорданПетровски-ЦРНИ' pid='37395' dateline='1303774088']
Quote:СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ
од Седмото продолжение на Педесет и шестата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 21 април 1993 година


АЛЕКСАНДАР ФЛОРОВСКИ:

Според извештајот на МВР околу растурањето на летоците на "Бугарски јазик", главни актери се претседателот на тогашен СКМ - ПДП за општина гази Баба, Игнеч Виларов, кој ако не се лажам сега е кандидат во општина Карпош, растурач на летоците Владо Томовски роден 1952, а сега вработен како началник за урбанизам во "Гази Баба", а негов соучесник е уште еден господин на кој за жал името не му го знам, а е вработен во фабриката "УСЈЕ" во Скопје. Како главен режисер на оваа акција со растурањето на летоците фигурира "Тито Петковски сегашен потпретседател на Собранието на Р.М. Индикативно е што летоците се добиени од организацијата "Тодор Александаров" од Брисел кој со по средство на ОК на СКМ - ПДП од Струмица стигнуваат во Скопје каде се умножуваат и растураат. Следствено во растурањето на летоците на Бугарски јазик во Охрид, според наши информации учествувале. и припадници на СДБ од Охрид. Меѓутоа индикативно е што информацијата што тогаш ја добивме како членови на Комисијата и која е презентирана пред вас господа пратеници, сака да се анулира т.е. во информацијата на Владата се и вели дека "министерството за внатрешни работи" ги тема неопходните податоци и докази врз основа на кој би можело да утврди постоење на основани сомненија дека некој сторил кривично дело предвидено и казниво според член:71 и 208 од казнениот закон на РМ.. Што значи дека владата на РМ, со гореспомекатото сака да се стави во функција на заштитник на главниот режисер околу растурањето на летоците на Бугарски јазик, Тито Петковски кој треба да одговара за ова дејание. Согласно законот за кривична постапка со основано сомнение за постоење кривично дело, согласно одредбата на член 208 од казнениот закон на Република
Македонија (ширење на лажни вести) и член 71 од КЗ на РМ повреда на слободата за определување ка гласачите.
Ете ти ги Јоцо, сите Бандити на едно место споменати.
Рибата од глава смрди.
И никому ништо???Тоа за тоа???!!!!
КОС и УДБа на едно место и рака под рака.
(This post was last modified: 26-04-2011, 02:43 AM by montehristo.)
26-04-2011, 02:42 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#73

(26-04-2011, 02:31 AM)montehristo Wrote:
(26-04-2011, 01:47 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Една работа која збунува. Змејковски го смета Слободан Богоевски за еден од творците на аферите. Кога Змејковски се одвојува од Стојменов Слободан богоевски зазема висока позиција во партијата на Змејко.

Мене воопшто не ме буни, ја знаеш онаа логичка погрешка труење на бунарот, но од друга страна тука е ниво на одговорноста, како што е впрочем случајот и кај Алигиери со неговите 9 нивоа на чистилиште.
И кај шпиуните има и помалку и повеќе вредни.
Некој бил шпиун(кодош) на времето а некој покасно, зависно од тоа која му е точка на кршењето.
За сите едно е заедничко, нема излез се додека си жив.

П.С. Како што стои на сајтот на Марјан: Лесно можеме да расправаме за минатите зла, тешко е за денешните и да ги согледаме, а камоли за нив да расправаме.

Една претпоставка, можно ли е Змејковски да му држел свеќа и во исто време да го контролирал Флоровски, додека овој истражувал во тие комисии и во самата ДОМНЕ?
Да позајмам фудбалски термин, на Флоровски и на ДПМНЕ да им вршеле пресинг за овие да немаат време да ја смират топката и да размислат што понатаму и со каква контра-стратегија, можеби?
Што мислиш за тоа Јоцо? Нема врска?!?

И со каква тоа прљавштина и криминал би можеле да го држат Змејко на узди УДБашите?
Јас помнам дека тоа време беше нешто во Дрисла.
(This post was last modified: 26-04-2011, 03:35 AM by montehristo.)
26-04-2011, 03:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#74









11-05-2011, 03:51 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#75









11-05-2011, 04:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#76









(This post was last modified: 11-05-2011, 04:20 AM by ЈорданПетровски.)
11-05-2011, 04:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#77









11-05-2011, 04:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#78










11-05-2011, 04:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#79










11-05-2011, 04:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#80










11-05-2011, 04:24 AM
Reply