Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 1.83 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СМРТ НА КОМУНИЗМОТ СЛОБОДА НА НАРОДОТ
Author Message
REX Offline
Member
***

Posts: 63
Joined: Dec 2010
Reputation: 6
#21

(04-02-2011, 11:03 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(04-02-2011, 10:12 PM)REX Wrote: Види Јордане јас не сум сигурен дека ова значи почеток на расчистувањето си комунизмот, мене повеќе ми личи на дело на некоја пијана/и будала/и. А ако навистина на овој начин планираме да расчистуваме со трулежот тогаш државата има огромен проблем. Па зарем со шише црно вино се расчистува со комунизмот, и тоа во ноќ да не те види никој.За тоа треба маса од луѓе и најмалку молотови коктели.

А за бојкот на СИТЕЛ нема никаква потреба, зтоа што оваа телевизија никој не ја гледа и онака.



Заради тоа што по некои информации не се работи за некоја "пијана будала" туку се работи за форма на осмислен револт, ја отворив оваа тема.
Само во држава со трула власт, поединци се групираат и се обидуваат да го одработата или да ја предупредат власта на онаа што треба таа да го одработи.

Не знам за Вашите информации, но она што го даваа на информативните емисии е дека со шиште вино е разбиен излогот на кафеаната. А за вториот дел од постот кој се однесува на трулоста на власта апсолутно се согласувам со тебе.
04-02-2011, 11:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,962
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

(04-02-2011, 11:13 PM)REX Wrote:
(04-02-2011, 11:03 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(04-02-2011, 10:12 PM)REX Wrote: Види Јордане јас не сум сигурен дека ова значи почеток на расчистувањето си комунизмот, мене повеќе ми личи на дело на некоја пијана/и будала/и. А ако навистина на овој начин планираме да расчистуваме со трулежот тогаш државата има огромен проблем. Па зарем со шише црно вино се расчистува со комунизмот, и тоа во ноќ да не те види никој.За тоа треба маса од луѓе и најмалку молотови коктели.

А за бојкот на СИТЕЛ нема никаква потреба, зтоа што оваа телевизија никој не ја гледа и онака.



Заради тоа што по некои информации не се работи за некоја "пијана будала" туку се работи за форма на осмислен револт, ја отворив оваа тема.
Само во држава со трула власт, поединци се групираат и се обидуваат да го одработата или да ја предупредат власта на онаа што треба таа да го одработи.

Не знам за Вашите информации, но она што го даваа на информативните емисии е дека со шиште вино е разбиен излогот на кафеаната. А за вториот дел од постот кој се однесува на трулоста на власта апсолутно се согласувам со тебе.




(04-02-2011, 08:41 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Ова е трет пат објектот да биде демолиран за само десетина дена.
05-02-2011, 12:02 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#23

Quote:"...Па зарем со шише црно вино се расчистува со комунизмот..."

како што на пединец во пијано (или бил трезвен?) му пука филм, така и на НАРОД ВО ТРЕЗНО знае да му пукне филм!

жалам што во Македонија тоа досега не се случи!

но, како што велат - надежта последна умира...и оставам аманет сите да го дочекаме тој светол момент!
(This post was last modified: 09-02-2011, 12:46 AM by toni_a.)
09-02-2011, 12:43 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#24

се’ си има граница...ама овој тип изгледа нема!

следново иде под рубрика - no comment

(04-02-2011, 08:41 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: ...Сопственикот на ресторанот Слободан Угриновски...

[Image: sadaml.jpg]


пс - бтв, надвор од контекст: и БЦ сосе конзорциум пискаат за некаков си „ненароден режим“ во МК...
(This post was last modified: 09-02-2011, 01:15 AM by toni_a.)
09-02-2011, 01:10 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#25

зошто лицето Б.Ц. или типови од стилот на С.Угриновски не се успешни?
ја немаат и неможат да ја добијат поддршката од масите! демек темната доба на комуњарштината била светла!??? абе ајде де...

на времето таквите добија поради припојување на националниот елемент, кој потоа го распродадоа,потиснаа и уништија...
(This post was last modified: 09-02-2011, 01:31 AM by toni_a.)
09-02-2011, 01:28 AM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6
#26

(04-02-2011, 10:12 PM)REX Wrote: Види Јордане јас не сум сигурен дека ова значи почеток на расчистувањето си комунизмот, мене повеќе ми личи на дело на некоја пијана/и будала/и. А ако навистина на овој начин планираме да расчистуваме со трулежот тогаш државата има огромен проблем. Па зарем со шише црно вино се расчистува со комунизмот, и тоа во ноќ да не те види никој.За тоа треба маса од луѓе и најмалку молотови коктели.

А за бојкот на СИТЕЛ нема никаква потреба, зтоа што оваа телевизија никој не ја гледа и онака.

Прво почитуван колега не смее да се минимизира нечие незадоволство во никој случај. Еден човек или група решил да крши излози. Да биле излози на ресторан со друго име ке речеме пијан бил будала бил. Некој по трет пат ги крши излозите на Југославија. Пијан или не нема врска. Човекот (групата) е револтиран и сака да ги изрази својот револт. Јас лично не го подржувам начинот на кој тоа го прави оти насилството само ке не уназади. Не дека сме ние многу напред ама ке представи нас како дивјаци.
Второ твоето повикување на насилство и молотови коктели не е добро за МКД на долги патеки. Јас мислам дека ситуацијата полека се менува и незадоволството кај народот расте. ГРУЈО ке истера уште најмалку шест месеци на власт. За тие шест месеци незадоволните ке си го кажат своето. На избори ке ги победиме. Само со бојкот на изборите ке нема влада. Само со бојкот на изборите ке паднат сите и ке се смени власта еднаш за секогаш. Со насилство само ке добиеме 5 мин на СНН и ке бидеме во рангот на Египет, Туниц или слични на нив. Со бојкот ке бидеме како демократска земја на која народот им рекол ДОСТА Е на политичарите.

DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
09-02-2011, 04:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,962
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Експертутки


[Image: ekspertutki.gif]


Секој од нас го има слушнато зборот „експерти“ а истото може да се каже и за зборот „проститутки“ чие вулгарно значење му е познато дури и на најпристојниот човек.

Од друга страна, ако го анализираме однесувањето на некои наши експерти кои секојдневно ги гледаме по медиумите, и ако се обидеме да го споредиме со однесувањето на професионалките од најстарата професија – ќе согледаме дека има бројни паралели и сличности, толку многу што се јавува потреба од еден сосема нов збор со кој би се опишала личноста која во својот карактер, лик и дело ги комбинира клучните особини од двете категории луѓе, лажните експерти и вистинските проститутки.

Тој сосема нов збор јас предлагам да гласи - „експертутки“. И за да докажам дека навистина има потреба од таков термин, во колумнава што следува ќе направам паралели меѓу петте главни типови на проститутки (камењарки, ороспии, кол герли, спонзоруши и парти г’рлс) со петте главни типови на лажни експерти.

1. Камењарки и колумњарки: на најниското ниво на професијата во светот на проститутките се таканаречените „камењарки“, кои своето тело го продаваат стоејќи на аголот на некоја улица, провокативно облечени, провокативно нашминкани, обидувајќи се секој случаен (или намерен) минувач по таа улица да го убедат дека можат да му овозможат, за соодветна сума пари се разбира, неколку минути „добра забава“.

Овие проститутки се на најниското ниво (најслабо платени), но тоа не значи дека секоја од нив се наоѓа на почетокот на својот стаж. Често, меѓу нив има и такви на кои младоста и убавината им поминале, па единствен начин да заработат некоја пара е се вратат онаму од каде што почнале.

Колумњарките се еквивалентот на камењарките. Тука се разбира треба да се направи разлика меѓу колумнисти и колумњарки, оти првите се како луѓето кои на пазар продаваат некоја сосема нормална стока на сосема нормален и чесен начин (во случајов идеите во кои навистина веруваат), а вторите се оние кои се продаваат себеси на улица.

Многу млади и надежни експертутки својот поход кон големата игра го почнуваат во некое сомнително ќоше во некој петпарачки или бесплатен весник во кое на било кој медиумски газда или олигарх или политичар му нудат пропагандни услуги, воспевајќи ги неговите достигнувања, неговите фондации и донации, и плукајќи по ликот и делото на неговиот моментален медиумски, деловен или политички противник.

Сѐ додека не му помине потребата за тоа на муштеријата или тој не се промени, па во некој друг медиум, во некое друго смрдливо ќоше, да почнат да фрлаат клетви кон оној што до вчера го бранеле, а да го воспеваат светлиот лик на оној што до вчера го „валкале во кал“.

Нормално, како и кај камењарките, и тука имате стари офуцани калаштури т.е. политичари на кои им минало златното доба на висок рејтинг и изборни успеси. Колку само некогашни лидери кои дури и од сопствените партии ги исфрлиле, колку неуспешни кандидати за претседатели и бивши премиери, министри и пратеници и амбасадори пишуваат здодевни колумни, број не им се знае...

2. Ороспии и сороспии: ороспиите се на нешто повисоко ниво од камењарките, оти тие не работат на улица, ами во бордели или како почесто се нарекуваат „јавни куќи“ каде што се знае редот, каде се знае кои смее да дојде како муштерија, каде што полицијата не смее да влезе никогаш ненајавено (освен ако газдата не престанал да ги подмитува структурите кои го штитат неговиот „бизнис“).

Работењето во објект си има многу предности во однос на работењето на улица. Зиме и лете, климата е секогаш поволна за проституција внатре. Иако надвор може да е невозможно тоа, поради студ, дожд или наезда од комарци. Си има и редовни муштерии, а како што кажавме, и одредена заштита од органите на редот.

Сороспиите се еквивалентот на ороспиите, и еве зошто: и тие си имаат своја „куќа“ во која секогаш има место за нив, свој газда кој ги одржува на платен список и зиме и лете, и кога има потреба за некоја кампања и кога нема (не се знае кога ќе притребаат, па нека бидат при рака), кој им носи клиенти, најголемиот дел од нив редовни и најважно, благодарение на неговите врски со моќни (странски, но и овдешни) структури, нивните финансии се речиси недопирливи за органите на редот.

А ако во јавната куќа или борделот на сороспиите се обиде да припари некаква инспекција, се крева врева до небо за некаква си диктатура, за фашизам, за тоталитаризам, се алармираат „структурите“ кои примаат мито за да го чуваат бизнисот, и набрзо по тоа оние кои се осмелиле да направат инспекција бидуваат казнети, а Сороспиите се глорифицирани како невини жртви на ненародната власт.

А дури и ако конкретниот бордел се затвори, макрото на Сороспиите секогаш ќе им најде нова јавна (медиумска) куќа каде ќе продолжат со вршењето на експертуцијата. За истите клиенти.

3. Кол герли и раскол герли: терминот „кол герли“ е некаков обид (во недостаток на соодветен наш збор) да се македонизира фразата „call girls“ кој од англиски буквално преведен би бил „девојки на повик“.

Што не значи дека овие проститутки може било кој да ги повика, и тие да му дојдат дома за да му обезбедат жешка ноќ.

Таман работа, си имаат тие висока цена, си имаат и свои постојани муштерии кои им ги препорачуваат на своите пријатели, и само кај такви одат. Такви што ем можат да платат, ем што нема да се врзуваат емотивно за нив, па ќе сакаат на други да им ги препорачаат, а не да ги „чуваат“ само за себе.

Раскол герлите се еквивалентот на кол герлите, при што слично на своите колешки од светот на проституирањето, и овие не одат кај секого да се експертуираат. Тие си имаат листа на свои постојани муштерии, од кои си заработуваат добра пара кога ги консултираат за разни предлози на закони или проекти со кои треба да аплицираат за некакви европски фондации и слично.

Но зошто „раскол“ ќе праша некој? Е па затоа што како што кол герлите може некој непријател да ти ги прати да те заведат и да станеш жртва на уцена која на долг рок ќе ти го уништи бракот, така и овие не даваат вистински совети за нешто како добро да се направи, ами намерно отвораат дупки во предлог-законите, за да поминуваат низ нив подоцна нивните клиенти со своите матни зделки, или намерно ја пренасочуваат идејата на некоја замисла во погрешен правец со цел да предизвикаат пропаст на тоа движење подоцна.

Сетете се само на сите здруженија на ограбени штедачи, на сите студентски организации, на сите трети патови во политиката, на сите реформски зафати што се изјаловиле. Секаде ќе најдете по некоја раскол герла во облик на експерт-консултант, кој имал цело време за цел да ја упропасти работата.

4. Спонзоруши и сончогледуши: најдобро платените и со речиси највисоко ниво на сочувано достоинство во светот на проститутките се спонзорушите. Оти овие си имаат само еден клиент во било кој даден момент, нивниот моментален спонзор, и додека се со него не им обрнуваат ама баш никакво внимание на другите „обожаватели“ оти спонзорот плаќал многу пари за да ги има цело време покрај себе, им купува сѐ, скапи парфеми, накит, бунди, автомобили, им дава работа во некоја нивна фирма, па дури им купува и стан или куќа ако особено се покажат.

Од далеку гледано, спонзорот и неговата спонзоруша не делуваат како муштерија и проститутка, ами баш како сосема легитимен пар вљубени. Додека не престане да плаќа спонзорот, откако ќе му здодее девојката или поради некои свои финансиски проблеми остане без пари или додека не дојде некој друг спонзор со полукративна понуда за спонзорушата.

Потоа, таа комплетно го отфрла својот довчерашен „љубовник“ и продолжува со новиот да се шета низ град, да се вози во автомобил што тој ќе ѝ го купи, да носи бунди од него подарени. А за бившиот спонзор, ќе шири безобразни гласини низ цела чаршија, дека му бил мал, дека имал чудни склоности...

Сончогледушите се еквивалентот на спонзорушите, главно бидејќи како и сончогледите и тие секогаш се свртени кон сонцето (еден спонзор) кое ги грее, но и се движат според него, па наутро се свртени на исток, а навечер на запад. Каква идеологија во тој миг следи спонзорот, таква следи и сончогледушата.

Ако денеска спонзорот се однесува како левичар, а утре влече сосема десничарски потези, и сончогледушата сосема се согласува со таа промена на идеологијата, и нема никогаш ама баш никакви забелешки.

Додека сончогледушата и спонзорот се заедно, тие од далеку изгледаат како навистина искрено вљубен пар. Ако спонзорот е премиер, сончогледушата може да добие и портпаролска функција и пред целата јавност со аргументи и факти да ги брани сите политики на својот шеф. Небаре навистина верува и самата во нив.

Ама, кога спонзорот ќе сфати дека љубовта била лажна, сончогледушата ќе си замине кај друг спонзор. Па човекот кој до вчера го бранела во своите секојдневни изјави и прес-конференции ќе почне на сет глас да го омаловажува, те мал му бил демократскиот капацитет, те имал чудни склоности кон диктатура...

5. Парти г’рлс и парти бојс: на англиски зборот „party” во зависност од тоа во кој контекст е употребен може да означува и „забава“ но и „политичка партија“.

На забава одат луѓето кои сакаат да им биде интересно, а се надеваат и дека нешто ќе ќарат (да пивнат, да каснат нешто, да си фатат женска или дечко) па според таа аналогија може да го дефинираме и последниот тип на експертутки кои овде, чисто за да се разликуваат од курвите, ги нарековме „парти бојс“ (момци за партијата).

„Девојките за забава“ или на англиски, „party girls”, според оние кои себеси се сметаат за бранители на традиционалните морални вредности, се „курви во душа“ бидејќи нив не ги мотивира само финансискиот аспект од спиењето со различни мажи, туку и добиват некое задоволство од тоа што го прават. Овие проститутки, кои најчесто и не се сметаат себеси за тоа, туку за независни личности, слободни духови или луѓе без комплекси, шетаат од забава до забава, и се запознаваат со мажите кои се обидуваат да ги шармираат и да ги одведат во кревет.

По сексот, бараат од нив подарци или пари, по што заминуваат. Битно кај овие проститутки е што тие не секогаш бараат пари или не секогаш бараат фиксна сума, што зависи од тоа дали и колку им се допаднал сексот со клиентот. Некогаш, така барем велат познавачите, тие даваат и гратис услуги. Многу често, ако не им се допаѓа физичкиот изглед, надареноста или степенот на културен развој на потенцијалниот клиент тие одбиваат да имаат секс со него, со што веројатно заслужуваат да ги наречеме проститутки со највисоко ниво на достоинство во професијата.

Момците за партијата (меѓу кои има и лица од женскиот пол, се разбира) главно се среќаваат како главни уредници во медиумите и универзитетски професори и во зависност од тоа во која party планираат да се упикаат, глумат во своите текстови и коментари дека се приврзаници на едниот или на другиот блок. Што не значи дека сите новинари кои имаат политички ставови и јавно ги изнесуваат се лицемерни луѓе и лажговци.

Но, да глумиш левичар, а да браниш истовремено затајувач на данок само затоа што така ти рекле во партијата, некако не личи бре! Или да глумиш десничар, ама во својство на универзитетски професор да тврдиш дека приватните универзитети не треба да постојат – пак не личи бре.

Или имаш идеологија и си конзистентен (права љубов) или си најобичен позер кој кажува она што во моментот му се чини интересно. И џабе се нарекуваш прагматичен, кога повеќе ти одговара терминот „пачавра“.

* * *

Проститутките кои се премногу офуцани, т.е. им поминал рокот на младост и убавина, нивниот макро ќе ги исфрли на улица, сами да се снаоѓаат. Така и кај нашите експертутки, штом премногу ќе се офуцаат, штом ќе сменат десетина партии и страни, макрото ги препознава за безвредни мивки и ги отфрла. Ако тие се вгнездат во некој весник или неделник – тогаш тој весник никој не го купува. Ако започнат да водат политичка емисија на телевизија – тогаш таа емисија никој не ја гледа. Ако водат трибини и тркалезни маси – тие трибини се без публика.

Зборот „порнографија“ доаѓа од старогрчкиот јазик каде што означувал литературно дело во кое се опишувал животот на проститутките („порне“ на старогрчки е „курва“). Во денешно време, под овој збор се подразбира литература или фотографии или видео снимки на кои се прикажани жени кои се однесуваат како проститутки – имаат секс со многу мажи, безобразно се облечени и сл. Со други зборови, денеска порнографијата е било каков запис во кој има курвинско однесување.

Значи ли тоа дека пишувањата и анализите на експертутките наместо „експертиза“ треба да се нарекуват порнографија, па следствено, да се објавуваат само и единствено во специјализирани списанија кои не би смеело да им се продаваат на луѓе помлади од 18 години? А ако се на телевизија, нивните експертизи да се прикажуваат исклучиво после полноќ?

Можеби би требало.


Нено Богдан
ИЗВОР
18-02-2011, 10:33 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#28

(18-02-2011, 10:33 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Значи ли тоа дека пишувањата и анализите на експертутките наместо „експертиза“ треба да се нарекуват порнографија, па следствено, да се објавуваат само и единствено во специјализирани списанија кои не би смеело да им се продаваат на луѓе помлади од 18 години? А ако се на телевизија, нивните експертизи да се прикажуваат исклучиво после полноќ?

Можеби би требало.


Нено Богдан
Кога се има в предвид дека намената на “експертизата“ е дупење у мозок на што повеќе народ, најверојатно би требало...

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
18-02-2011, 11:26 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#29

(18-02-2011, 11:26 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(18-02-2011, 10:33 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Значи ли тоа дека пишувањата и анализите на експертутките наместо „експертиза“ треба да се нарекуват порнографија, па следствено, да се објавуваат само и единствено во специјализирани списанија кои не би смеело да им се продаваат на луѓе помлади од 18 години? А ако се на телевизија, нивните експертизи да се прикажуваат исклучиво после полноќ?

Можеби би требало.


Нено Богдан
Кога се има в предвид дека намената на “експертизата“ е дупење у мозок на што повеќе народ, најверојатно би требало...
Со други зборови: масовоно силување?
19-02-2011, 12:11 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#30

Па, скоро сите наши политичари, новинари или експерти ги задоволуваат еден од 5-те критериуми на Н. Богдан. Некои и повеќе. Ке треба тотален ремонт во Македонија...ама кој да го направи?
19-02-2011, 09:18 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#31

(This post was last modified: 25-04-2011, 03:09 AM by Nikola.)
25-04-2011, 03:05 AM
Reply