Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 4.13 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
12тe КИДНАПИРАНИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



Quote:ЛЕКА УБИЛ ПОЛОВИНА ОД КИДНАПИРАНИТЕ – БОШКОВСКИ КРИЕ

Петок, 01 . 11 . 2002 Интервју, Јанко Бачев, „Старт„ (новинар: Тони Ангеловски)


Поранешниот началник во ДБК, Јанко Бачев пред еден месец јавно кажа дека има сознанија за судбината на киднапираните Македонци, односно дека шестмина од нив биле убиени. Според него, тие информации ги имала и ДБК, но МВР не сакало да го расчисти случајот.

Во понеделникот, Сител пласираше информација дека четворица уапсени команданти на ОНА признале пред скопскиот суд дека убиле петмина од киднапираните. Ова е прва информација која делумно ја потврдува изјавата на Бачев, што е и повод да разговараме со него за случајот со киднапираните…

♦ СТАРТ: Минатиот месец Вие излеговте со тврдење дека половина од 12-те киднапирани се убиени и дека МВР знае за тоа, но не сака да го разреши случајот. Деновиве Сител пласираше информација дека четворица уапсени припадници на ОНА ја признале ликвидацијата на петмина од киднапираните. Имате ли докази за вашите тврдења?

• БАЧЕВ: Тоа што го кажале на „Сител„ не е исто со она што јас го кажав. Тие работи што ги знам јас се оперативни сознанија на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање. Податоците се добиени од два извора: од лице што е во класичен кооперативен однос со ДБК и од распитувањето на лице што било во командниот кадар на ОНА. Најинтересно е тоа што тие две изјави се совпаѓаат и, според нив, шестмина од киднапираните се убиени, а шестмина се префрлени на Косово. Тие лица се убиени од командант на ОНА, кој што сега е актуелен политичар, член на ДПА.

СТАРТ: Мислите на Лека?

БАЧЕВ: Мислам на него. Лицето од ОНА е испитувано во полициската станица Гази Баба, има оперативен материјал во архивата на ДБК. Во тој материја е објаснето се, кога, каде и како се убиени луѓето. МВР треба да преземе оперативната активност кон тие луѓе што се осомничени. Но, не постои желба за тоа. Семејствата на киднапираните барале средба со раководството на МВР за да добијат информации околу ова што јас го кажувам, но никој не сакал да ги прими. Им дале некое смешно образложение дека Бошковски не е веќе министер, туку пратеник.

СТАРТ: Зошто МВР не сака да го реши случајот со киднапираните?

БАЧЕВ: МВР ги има овие сознанија уште пред изборите, но тие не сакаа да го решат случајот затоа што оној што треба да одговара е член на ДПА, коалиционен партнер на ДПМНЕ. Тие сега се обидуваат и да ги уништат документите што ги поседуваат. Ако поминете покрај МВР, ќе видите дека 24 часа свеат светилките во одделението за аналитика во ДБК. Се унуштуваат компромитирачките материјали, но остануваат живите луѓе, оние кои ги спровеле тие активности и тоа не можат да го забошотат. Дека МВР добор знае кој ги извршил киднапирањата, можете да видите и од соопштението што го издадоа по повод убиството на Ванчо Јосифовски, во кое велат дека истите луѓе го извршиле и убиството. Инаку, со убиството на Јосифовски, МВР доживеа огромна бламажа. Издадоа соопштение за јавноста дека двајца од извршителите се во бегство на Косово, двајца во Италија, а истата вечер еден од извршителите даде изјава од Тетово за телевизија.

СТАРТ: Според вашите сознанија, шестмина од киднапираните се убиени, а другите шестмина се живи?

БАЧЕВ: Тоа се оперативни сознанија на ДБК. Шестмина се убиени, а шестмина се однесени на Косово, но, не знам дали се живи. Тогаш биле. Тие со камион биле префрлени на Косово. Луѓето што зборуваат за тоа биле очевидци. Видете, ова што јас ви го кажувам, ви го кажувам со име и презиме. Ако нешто не е точно, законот вли дека треба да ме тужат. А до ден денешен никој, па ни МВР, ме нема тужено. Значи, и на нив им е јасно дека ја зборувам вистината. Покрај тоа, јас сум правник по професија и многу добро знам што значи да се кажува невистина и какви консеквенци има тоа. МВР имаше сознанија неколку недели пред да се случат киднапирањата и пред убиството кај Карпалак, дека нешто се подготвува. Пред да се случи убиството кај Карпалак, ДБК достави информација за тоа дека група од 15 луѓе се наоѓа на тој терен. ДБК дури уфрли и свој човек од тие села во групата, но сепак ништо не беше преземено да се спречи убиството.

СТАРТ: Сител во понеделникот пласираше информација дека петмина од киднапираните се убиени и дека ликвидацијата ја признале четворицата уапсени припадници на ОНА. Тоа се податоци различни од оние кои вие ги кажувате?

БАЧЕВ: За Сител се знае под чија контрола е и веројатно се обидуваат сега да ја насочат истрагата во друг правец. Тие најверојатно се брифирани од МВР. Јас, колку што знам, нема никакви ниту уапсени, ниту изјави. Мислам дека ова што го кажува Сител не е точно. Тие сакаат да ја свртат работата во друга насока, откако јас ги дадов моите изјави со кои го актуелизирав случајот. Се сомневам дека МВР има толку квалитетни докази за да поведе судска постапка, затоа што ако имаше такво нешто, до сега ќе се дознаеше. Јас зборувам за двајца очевидци. Тие дадоа изјави независно еден од друг и нивните искази во целсот се поклопуваат.

СТАРТ: Како дојде до признанието на командантот на ОНА? Сам се пријави или беше приведен?

БАЧЕВ: Приведен, распрашуван…

СТАРТ: Кога?

БАЧЕВ: Па, пред тиесетина дена. Беше распрашуван во полициската станица Гази Баба.

СТАРТ: Од каде вие ги имате тие информации, кога не сте во МВР веќе неколку месеци?

БАЧЕВ: Па не сум јас од вчера во МВР. Имам свои луѓе таму.

СТАРТ: Командантот бил уапсен за киднапирањето?

БАЧЕВ: Бил приведен по други основи, шверц со дрога. Потоа се добиени оперативни сознанија дека тој бил во групата што го извршила киднапирањето.

СТАРТ: Учествувал ли и тој во ликвидацијата?

БАЧЕВ: Бил очевидец.

СТАРТ: Неговата изјава е дадена во полициската станица во Гази Баба. Луѓето од МВР тврдат по ќотекот што го добиваат, приведените се подготвени да признаат дека виделе и Марсовци, а подоцна, пред судот, се негираат и тврдат дека дале признание под принуда. Дали можеби и изјавата на која вие се повикувате не е добиена на сличен начин?

БАЧЕВ: Не е тајна дека во некои случаи се употребува и физичка сила. Но, во случајов не е изјава од само еден човек. Двата извора зборувале без присила и двете изјави се идентични. Врз основа на овие изјави, ДБК треба да си преземе соодветни активности. Тие сознанија треба или да се потврдат или да се отфлат.

СТАРТ: Зошто токму во ПС Гази Баба бил приведен командантот на ОНА?

БАЧЕВ: Ние на располагање ги имаме сите полициски станици. Гази Баба е понова, технички поопремена станица и затоа е користена. Но, залудно е тоа шо имаме изјави, кога МВР не сака да ги искористи. Еве и ова што го пуштаат преку Сител е алиби на МВР, дека ете нешто работи. Иако во моментов таму на никого не му е до работа особено не до киднапираните.

Сите тие луѓе кои подоцна се најдоа во редовите на ОНА беа следни од службата, но одеднаш стигна наредба да бидат избришани од оперативниот гласник. Ние знаевме се што прават Муса Џафери, Фазли Велиу и останатите. Бришењето од гласникот значи дека тие луѓе веќе не се интересни за МВР. Наместо да ги приведат, тие ги избришаа. Наместо да ги следат тие што треба, МВР следи новинари и уредници. Така, од пред неколку месеци под третман на ДБК е Бранко Героски од „Дневник„, а има и други новинари и уредници на медиуми. Меѓу следените е и Александар Тортевски. Внимавајте какви глупости има во наредбата за негово следење. Цитирам: „Посебно внимание да се обрне на неговите врски, деловни контакти, телефонски повици, свртувалишта…„ Ова го прави ДБК, служба која треба да ја чува државата. Ова е наредба од пред неколку месеци, а задачата да го следи ја добил инспекторот Александар Диневски. И вие очекувате да ги најдат киднапираните. Па, кој ќе ги следи, тогаш граѓаните? Се што прави МВР за киднапираните е давањето контрадикторни изјави и никој за тоа не носи одговорнсот. Горан Митевски прво изјавуваше дека сите киднапирани се живи и дека се наоѓаат таму некаде во некоја викендичка, а после тврдеше дека сите се убиени. И никому ништо.

СТАРТ: Но и вашите доскорешни сопартијци ве обвинуваат дека блефирате?

БАЧЕВ: Зад се што сум кажал јас стојам со име и презиме. Тој што вели дека не е така, нека го докаже тоа на суд.

СТАРТ: Но, и вие имате само изјави, па оттаму и обвинувањата дека сакате да профитирате на маката на семејствата на киднапираните?

БАЧЕВ: Не е точно дека сум ги искористил семејствата на киднапираните. Сето ова го правам во договор со нив. Пред било што да кажам, јас имав средба со нив во кафулето „Рим-Париз„ во ГТЦ и со нив се договоривме да ги кажам овие работи. Јас не сакам да молчам за ова што го знам и затоа се обидуваат да ме минираат. Се обидоа да ми ја растурат и партијата, но не успеаја. Мене не можат да ме купат, јас не сум болен за власт. Ако ми требаше власт, ќе ја прифатев понудата на Ламбе Арнаудов и ќе станев пратеник. Ми го нудеше местото на Караџовски, а тоа беше второ место на листата во четворката. Но, јас не се продавам, а тие знаат дека знам многу работи. На пример, како се рекетираа директорите што требаше да ги апсиме. Требаше да се апсат 42 директори и јас го водев тој тим. За сите имавме докази, но сега покојниот Пане Велев, Љубе Бошковски и Сашко Станинов почнаа да ги рекетираат тие луѓе. Кога требаше да го апсиме Смиленски, во Кадрифаково беше поставена заседа и се беше подготвено. Но кога дојде Смиленски со мерцедесот, до него седеше Георгиевски, па оди апси го. Одеа во Свети Николе, да му ја отвораат зејтинарата на Смиленски. На Георгиевски не му беше важна правдата, туку неговото збогатување. Тоа го искористи и една соседна служба и ни ја смести војната за да си ги реализира своите интереси. Јас велам дека многу поопасна за нас е Грција, отколку што се Албанците. Прво ги поткупија нашите политичари, а потоа никој не можеше да ги сопре. Георгиевски и Џафери земаа околу 500 милиони евра, што во пари, што во имот. Со дел од парите Џафери купуваше оружје и фактички ние бевме тепани со оружје купено со нашите пари. Георгиевски, пак, како што го дал господ, алчен, си ги стави парите на свое конто. Па, ДБК има оперативни сознанија за тоа, знаат каде се тие пари.

СТАРТ: Каде?

БАЧЕВ: Во три банки во странски држави. Се знаат сметките. Но, илузорно е да очекувате Љубе Бошковски да го апси Љупчо Георгиевски.

Извор: Народно Движење за Македонија
31-01-2011, 01:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Даут Реџепи Лека се сомнева зошто токму 12 Македонци настрадаа во Непроштено

За еден Албанец, ОНА киднап ирала по двајца Македонци

„Кучиња на војната“ од Косово и од Македонија, поранешни припадници на УЧК и на ОНА, преку македонските разузнавачко-безбедносни структури во 2005 година побарале еден милион евра за откривање на местата каде биле закопани останатите осуммина од 12-те Македонци киднапирани во реонот на Тетовско, во конфликтот од 2001 година. Понудата не била сфатена сериозно и никогаш официјално не била разгледана од страна на државните институции. Неофицијално, сомневањата во вистинитоста на информацијата и одбегнувањето да се плати милиончето произлегле од лошото искуство со ветената награда од еден милион германски марки за вистинска информација за атентатот над претседателот Киро Глигоров, како и од дилемите како тоа да се изведе.

Дали и ова ќе биде една од причините локациите за телата на исчезнатите Македонци и натаму да останат мистерија останува да се види, но меѓу домашните безбедносни експерти, па и во дел од политичките елити преовладува мислењето дека има соодветни и веродостојни информации за точно утврдување на местата каде тие се закопани. Само поради стравувањата од нови политички, безбедносни и меѓуетнички реперкусии прашањето со киднапираните Македонци нема конечна разрешница.

Можноста од судска разрешница за хашкиот предмет „Гробница Непроштено“ оставаат простор за оптимизам и конечна разврска на целиот случај. Јавното обвинителство најави дека во март дефинитивно ќе соопшти дали за „Непроштено“ ќе покрене обвиниение и против колку лица.



Паралелни постапки



Предметот „Непроштено“ се однесува на 12 киднапирани Македонци во реонот на Тетовско од страна на поранешни припадници на ОНА за време на конфликтот во 2001 година. Тој е еден од четирите предмети - „Непроштено“, „Мавровски работници“, „Липковска брана“ и „Водството на ОНА“ - што Хашкиот трибунал ~ ги врати на Република Македонија. Судењето е почнато само за случајот „Мавровски работници“, кој заедно со „Непроштено“ и дел од предметот „Водство на ОНА“, што се однесува на случајот „Бриони“, се водат како злосторства против човештвото, оти во сите три предмети се убиени цивили.

„Гробницата Непроштено“ во хашките документи се водеше како настан без конкретно посочување можни сторители. Но, во Македонија за киднапирањата и исчезнувањата на околу 20-ина лица се водат две паралелни постапки. Една за киднапираните 12 Македонци, за што веќе е спроведена истрага против пет лица, а втората за случајот „Јама“, кој се однесува на исчезнатите Албанци. Во процесот што се водеше против Ибраим Сулејмани уште во 2003 година, тој во исказ пред истражен судија го обвини поранешниот командант на ОНА, Даут Реџепи -Лека, сега независен пратеник, дека дал налог за киднапирање на четворица Македонци од тетовската населба Дреновец. Сулејмани доби затворска казна од 15 години и беше единствениот осуденик за воениот конфликт од 2001 година.

Киднапирањето на 12-те Македонци за време на конфликтот беше реализирано во различен тајминг и на различни локации во период од само неколку дена. Целиот случај уште од стартот беше исполнет со многу контроверзи. Уште пред почетокот на ексхумацијата, во ноември 2001 година, некој успеа да прекопа дел од посочениот терен за кој постоеја оправдани сомневања дека се закопани киднапираните Македонци. Екипите на Судска медицина, работејќи под силно полициско обезбедување, успеаја да пронајдат делови од четири тела. Од нив имаше еден речиси цел костур, завиткан во килим и остатоци од коски од други три тела. Подоцна, со ДНК анализа беше утврдено на кој од киднапираните Македонци тие му припаѓаат. Останките с` уште се наоѓаат во просториите на Судска медицина, но нивните најблиски не сакаат да ги подигнат, зашто не сакаат во делови да ги погребуваат своите сакани. Киднапираните во 2005 година тетовскиот суд ги прогласи за мртви.

И десет години по ексхумацијата, отануваат нејасни одредени моменти. На пример, зошто е донесена одлука да се престане со ископувањата на истражуваната локација во селото Непроштено, но и зошто не е пребарана уште една во месноста Певчина, што се наоѓа на стотина метри оддалеченост и на која за време на Косовската криза имаше подигнато бегалски камп. Очевидци уште тогаш тврдеа дека таму има остатоци на три-четири тела.
31-01-2011, 01:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3


Quote:Полска болница



Индикативно е што на локацијата на која се работеше, ископувањата престанаа во моментот кога почна следењето на пронајдената трага на употребен санитетски материјал. Во гробницата на шест метри длабочина се пронајдени големи количества отпадоци од лимарски и од санитетски материјал, меѓу кои пак имало инфузиони кеси, лекови со бар-кодови, потпишани лекарски упати и лабораториски извештаи со потписи. Влезот на материјалот, како што е подоцна утврдено, водел кон Министерството за здравство во времето кога за него се врзуваше афера за набавка и препакување на увезени лекови. Како директни учесници во аферата се споменуваа тогашниот актуелен минитер за здравство и еден сопственик на веледрогерија во Тетово, кој подоцна стигна на висока функција во локалната самоуправа и на Тетовскиот државен универзитет. Помешаноста на санитетскиот и лимарскиот материјал наведува на заклучок дека во непосредна близина имало и полска болница на ОНА, која била замаскирана со лимарска работилница. Ваквото сознание, пак, наидува на сомневања кај директните учесници во конфликтот од поранешната ОНА, кои тврдат дека импровизирани болници имало само во Лешок и во Теарце.

Вториот индикативен момент поврзан за ексхумацијата на киднапираните Македонци е дилемата дали е искористена софистицираната опрема за длабоко скенирање на почвата или ако таа била ставена во функција, какви се наодите од тоа. Во државава има опрема која е многу појака од таа со која располагаат меѓународните институции и ја коритат во вакви случаи. Таа може да се инсталира и на хеликоптер и со неа се стигнува на длабочина од 200 метри, а на 100 метри може да се види позицијата на едно обично камче. Евидентно е дека државата располага со опрема и стручен капацитет да се пронајдат телата, но останува прашањето дали има политичка волја тоа да се направи. Засега единствено е сигурно дека кај пронајдените тела не биле забележани оштетувања на ребрата, што наведува на заклучок дека не биле предмет на трговија со органи, посебно не на срце. Ова не може да се тврди за други органи, кои се наоѓаат во мекото човечко ткиво, како бубрезите, на пример.
31-01-2011, 01:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4


Quote:Постапката не е стопирана



Во јавнота е малку познато дека кон крајот на минатата година претставници на семејствата на киднапираните Македонци имале средба со премиерот Никола Груевски, кој пак ги препратил кај министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Таа подоцна повторила дека постапката не е стопирана и оти очекува брзо да има резултати за случајот. Ова на извесен начин се совпаѓа со најавите на Обвинителството.

- Не сакаме ништо друго освен да се откријат виновниците и да бидат соодветно казнети за злосторствата што ги сторија. Со нив можеби секојдневно се среќаваме на тетовските улици, но за да добие целиот случај разврска, сметам дека Али Ахмети треба да отвори уста и да каже кој стои зад злосторствата против човештвото. Како командант на ОНА, тој ја знае хиерархиската поставеност и кои локални команданти треба да ја понесат одговорноста, а веројатно и директните извршители. Нема шанса Ахмети да нема информации, нека ги каже - вели Војо Гогоски, чиј татко Крсто беше еден од киднапираните во Непроштено.

Во сите изминати 10 години исчезнувањето на Македонците, па и на Албанците, е проследено со молк. Кај најблиските останува стравувањето дека табу-темата може да биде предмет на политички пазарења, особено што ДУИ во текот на два мандата е коалициски партнер во власта. Токму инсистирањето по секоја цена да се партиципира во власта се толкува како обид за кочење на судската разврска и за заштита на директните виновници за злосторството.

Не случајно албанскиот политички фактор инсистира сите хашки предмети да бидат политички затворени преку автентично толкување на Законот за амнестија. Злосторствата против човештвото не застаруваат и инсистирањето на политичка разрешница нема да придонесе кон градењето доверба меѓу двете најголеми заедници во Македонија. Уште повеќе што на просторите на поранешна Југославија се процесуираат единствено ваквите случаи. Од една страна, малку перверзно делува инсистирањето за целосно спроведување на Рамковниот договор и неговиот дух, а од друга одбегнувањето за соочување со злосторствата непосредно врзани за основните човекови права и слободи.

Врз основа на исказот на Ибраим Сулејмани, како главен осомничен за „Непроштено“ се посочува поранешниот командант на ОНА, Даут Реџепи-Лека. Тој за време на конфликтот бил командант на еден баталјон на 112. бригада „Мујдин Алиу“ предводена од Хазби Лика, член на претседателството на ДУИ и поранешен градоначалник на Тетово. Лека и денес тврди дека е невин што се однесува до киднапирањето на Македонците и дека ако биде покренато обвиниение против него тоа ќе се обиде да го докаже и со помош на сведоци - Македонци. Според првичното обвинение, Лека се товари за злосторство против човештвото, етничко чистење и за киднапирање на 12 Македонци.

- Ако обвинителтвото не работело да ја расветли вистината и с` уште стои на првичните обвиненија, тоа ќе биде трагично, комплетно спротивно од реалноста и ќе мора да се констатира дека тоа продолжува да работи според поранешниот југословенски терк, исполнувајќи подготвено сценарио за дневнополитички интереси и каприци на поединци. Тоа ќе значи дека нив не ги интересира вистината, туку им е важно да гонат некого според нечиј вкус - вели Лека.
31-01-2011, 01:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5


Quote:Порој не е Бродец



Тој потенцира дека и од оваа временска дистанца не сака со прст да посочи кон никого, за што веќе ја платил цената со шестгодишната изолација во Порој, додека имаше потерница против него. Оттука апелира до поранешните соборци и на нивната лична совест, одговорно да кажат што знаат за случувањата и настаните поврзани со киднапираните Македонци.

- Ахмети најдобро знае дека сум многу чист. Тој би требало да знае за киднапираните Македонци. Нема да бидам курбан за нечии задоволства и планови - категорично тврди Лека.

Поранешниот командант е свесен дека целиот случај може да биде исконструиран и предмет на меѓупартиски пазарења во кои „жртви“ ќе бидат обвинетите за предметите за злосторства против човештвото, додека врвот на поранешна ОНА, а сега ДУИ ќе биде амнестиран. Не стравува од евентуалното одземање на пратеничкиот имунитет, но предупредува:

- Сакам да видам кој ќе дојде да ме апси. Порој не е Бродец. Ако немам партиска и политичка заштита тоа не значи дека и народот не ме поддржува.

Случајот со Сулејмани и неговата изјава многу наликува на случајот „Сопот“. Првичното признание пред истражен судија, тој подоцна во судската постапка целосно го демантираше и посочи дека било изнудено со ќотек и присилни мерки.

Токму во ова, пак, Лека гледа своја шанса.

- На поранешните коалициски партнери СДСМ и ДУИ им требаше звучно име. Јас бев командант, но во реонот имаше и други воени формации кои не беа под моја команда. Не знам дали и што наредувале нивните команданти. Но, јас знам дека ниту сум добил ниту сум издал наредба за киднапирање цивили. Ако имало такво нешто и ако се случувало од одметнати структури без мое знаење, тогаш за тоа ќе треба секој поединечно да одговара. Дури ни хиерархиски, јас не можам да бидам виновен, зашто командант на 112. бригада беше Хазби Лика, а негов заменик Изаир Самии, алијас командант Баци. Оттука се сомневам дека сите киднапирани Македонци може да се најдат во една заедничка гробница -дециден е Реџепи.

Во разговорот Лека случајно или не постави една многу индикативна теза, што исто така случајно или не може да се поистовети со размислувањата и дилемите кај семејствата на киднапираните Македонци во изминативе 10 години. Главните прашања што секојдневно ги измачуваат роднините се зошто настрадале токму нивните најблиски, дали решавачки бил моментот што се нашле во погрешно време на погрешно место и конечно, зошто токму 12 на број, а не 10, 11, 13...

- Има тука уште едно прашање што останува нерасветлено, а тоа е случајот со киднапираните Албанци. Фазли Велиу како да заборави дека имал брат. Некој во с` сака да има некаква симболика. Се сомневам дека одредени безбедносни структури на УБК од една и на одделни припадници на ОНА од друга страна, во договор дошле до бројката од 12 киднапирани Македонци. Пораката е јасна - за еден наш, исчезнат Албанец, биле киднапирани по двајца Македонци, што претставува своевидна одмазда и доказ за доминација на теренот - вели пратеникот Даут Реџепи.

Навистина, се крие ли зад ваквите сомневања вистинска симболика?! На ова и на други прашања побаравме одговор од Али Ахмети, но тој и овојпат одлучи да молчи. Наспроти с`, останува дилемата има ли Македонија сили принципиелно да расчисти со киднапираните и Македонци и Албанци и судски да ги затвори четирите хашки предмети?!

По ексхумацијата во Непроштено и направените ДНК анализи идентификувани се телата на Димитрие Димковски, Симеон Јакимовски, Крсто Гоговски и Васко Михајловски.

Мариела Трајковска
Предраг Димитровски
31-01-2011, 01:35 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



Quote:Бучковски: Македонија е должна да ја расчисти енигмата

Реално, во периодот од 2002 до 2006 година се правеа максимални напори да се дојде до информации за киднапираните. Беше распишана и награда, што беше втор таков случај по атентатот врз претседателот Глигоров, зашто неформално во тие полициско-разузнавачки канали се нудеа некои луѓе да дадат некакви информации. Кај мене оставија сомнеж неколку моменти. Уште при првиот обид во 2001, кога кај Требош настрадаа тројцата полицајци, се покажа дека другата страна, тогашната ОНА, и по цена на жртви го бранеше тој терен. Тоа говори дека постоеше интерес кај ОНА да не се дојде до вистината. Потоа, во моментот кога тогашниот истражен судија Александра Зафировска, која сега е член на Судскиот совет, ја почна истрагата, требаше да биде обезбедена локацијата за ископување на останките на четворицата Македонци, што ги најдовме. Но, луѓето кои дојдоа од Судска медицина констатираа дека има свежи траги на ископ. Тоа значи дека некој ја провалил доверливата информација на Судот дека таму ќе се работи и направи обид тоа да не се направи. Според информациите што тогаш ги имавме, бев убеден дека во продолжување на таа операција на местото каде што беше поранешниот камп на бегалци во близина на Непроштено се другите осуммина Македонци што не се најдени. Но, за жал, кога службите пребаруваа и таму се вршеше ископување, не најдоа ништо. Остана дилемата дали повторно некој не дојави и останките не ги преместија на некоја друга локација. Можеби звучи неверојатно, но ист беше изворот што ни дојави и за првата и за втората локација и сметам дека оваа втората требаше и треба да биде истражена.

Што се однесува до понудените информации, за кои прашувате, секојпат остануваше опасноста за тоа колку е голема веројатноста за нивната веродостојност, како и начинот на кој би се влегло во една таква операција. Македонија не влезе со распишување награда за нив, зашто од МВР беа убедени дека имаат доволно информации. Мислам дека и сега, ако се интензивира истрагата, треба да се види дали во Јама се и останатите исчезнати Албанци. Сега ќе се слави 10-годишнината од Рамковниот договор. Од друга страна, веројатно ќе има и некаква комеморација. Иако е тешко кај најблиските да ја убиеш и последната надеж дека се можни чуда, сепак Македонија е должна и треба уште еднаш да се обиде да ја разреши оваа енигма.
#
31-01-2011, 01:36 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7


Quote: Најнови вознемирувачки сознанија за 12-те киднапирани Македонци

ЕКС-ВЛАСТА ЈА КРИЕ ВИСТИНАТА


Пишува: Рената МАТЕСКА

Уште пред неколку месеци Бачев и неговата партија јавно проговорија и аргументирано тврдеа дека постои сценарио за растурање на Македонија, кое ако не се променат работите, треба да се случи кон крајот на 2005 година. За голема наша несреќа, според тврдењето на оваа партија, носители на ова мрачно сценарио се македонски политичари кои извршувале најважни државни функции. Контролираната војна што се водеше во Македонија е само еден од повеќето елементи на ова сценарио, при што повеќето од 70 загинати македонски војници и полицајци (Карпалак, Арачиново, Непроштено) како и 12-те киднапирани Македонци се жртвувани и наместени, со што фактички нивен убиец со "несторување" е тогашната македонска влада, тврди Јанко Бачев, екс-функционер на ДБК и кандидат за пратеник на "Народното движење за Македонија".

За жал, и дел од роднините на 12-те киднапирани Македонци веруваат во неодамнешното тврдење на поранешниот функционер на ДБК дека шест тетовци се живи и се наоѓаат заробени на Косово, а шест се мртви. Роднините велат дека функционерот им кажал оти Бошкоски го знае убиецот и дека тој е политичар на една парламентарна партија, ама не е пратеник. Со други зборови, прстот е посочен кон командант Лека. Овие семејства бараат МВР да одговори дали навистина имале такви сознанија, како што тврдеше Бачев.

Јанко Бачев, поранешен началник во Управата за безбедност и контраразузнавање изнесе вознеми-рувачки сознанија според кои шестмина од дванаесетте киднапирани Македонци се убиени, што предизвика шокантност кај нивните роднини, но и во јавноста.

Како што ни изјави Бачев, тој своите сознанија ги темели врз основа на оперативни сознанија во ДБК. Според сознанија од два различни извора, кои се поклопиле, шест од киднапираните се убиени и тоа од страна на една конкретна личност од една парламентарна партија. Според сознанијата, за време на масакрот според наредба на претставникот на ОНА, шест од киднапираните се испратени на Косово.

Шестемина киднапирани се убиени во некоја област над Тетово која тогаш била под контрола на ОНА, но според оперативни сознанија тие претходно не биле измачувани и малтретирани. Што се случува со преостанатите шест киднапирани Македонци, кои според Бачев се на Косово, не е познато.



"Чекаме новата власт да ни ја каже вистината за нашите најблиски", велат роднините на киднапираните Македонци

Во врска со распишаната награда од 500.000 евра, Јанко Бачев не би сакал да коментира, но го интересира зошто највлијателните луѓе од МВР молчат. Во врска со работата на сега веќе екс-министерот Љубе Бошкоски, Бачев вели дека Бошкоски постапувал и работел во согласност со определбите на неговата политичка партија и нивниот коалиционен партнер.

За време на изборите имаше многу ветувања дека тие што ќе ја добијат власта ќе расчистат со сите проблеми и криминални активности. Ние ќе почекаме и ќе им дадеме шанса на луѓето од новата влада да ги расчистат проблемите, а ако не го постигнат тоа, ќе имаме што да кажеме. Најдобро е да се примени тој принцип на одговорност. Во оваа држава некој мора да одговара, зашто државата ни е на распаѓање. Ова што и се случи на Македонија е резултат од внатрешни фактори и денес некој за тоа ќе треба да одговара, потенцира Бачев.

РАСЧИСТУВАЊЕ

Од друга страна, роднините на 12-те киднапирани бараат новата власт веднаш да го расчисти случајот "киднапирани Македонци".

Пораката на роднините до Црвенковски е да ја каже вистината за нивните најблиски, а според тврдењето на роднините, вистината им била и ветена од Црвенковски. Поконкретно, тие очекуваат новиот парламентарен состав на неговата прва седница да расправа за нивниот проблем. Освен тоа, тие ќе побараат од новиот мандатар Црвенковски да им организира средба "очи в очи" со екс-лидерот на ОНА, Али Ахмети, и со командантот Лека коишто, според роднините, се најдиректно инволвирани во киднапирањето на нивните најблиски. Роднините на 12-те киднапирани Македонци веруваат во средбата со Али Ахмети со оглед на фактот дека тој е сега коалиционен партнер на Бранко Црвенковски.

И роднините веруваат во неодамнешното тврдење на поранешниот функционер на ДБК, дека шест тетовци се живи и се наоѓаат заробени на Косово, а шест се мртви. Роднините велат дека функционерот им кажал оти Бошкоски го знае убиецот и дека тој е политичар на една парламентарна партија, ама не е пратеник. Со други зборови, прстот е посочен кон командант Лека. Овие семејства бараат МВР да одговори дали навистина имале такви сознанија, како што тврдеше Бачев.

Животот на роднините на 12-те киднапирани Македонци е исполнет со неизвесност која трае повеќе од 14 месеци. Веќе им е мака од бесконечните исчекувања во собраниските сали и празните ветувања од надлежните луѓе. Од првите луѓе на македонската политичка сцена, како и од претставници на НАТО, на ОБСЕ и други преставници и амбасадори од Европската унија, роднините досега не наидоа на конкретен одговор за случајот. Тие едноставно трагаат да ја дознаат голата вистина, колку и да е болна и тешка.



Quote:Тврдењата на Бачев се дадени паушално без доказ, како за на пазар. Во МВР ни кажуваат сосема други работи. Лично сметам дека кажувањето на Бачев не е во ред и нам ни предизвика многу несакани трауми, ни изјави, еден од роднините на 12 киднапирани Македонци кој не би сакал да коментира дали неговиот татко е меѓу убиените или меѓу заробените на Косово


Демант на Војо Гогоски, дека Бачев не ја зборувал вистината.


[Image: 166ngbc.jpg]
31-01-2011, 01:56 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#8

И, сега, какви реакции ке бидат. Никакви. Ниту Бачев ке биде оптужен за лага, ниту власта ке покрене некоја постапка. Што е најстрашно, ниту некој новинар ке ги праша јавно функционерите за нејзините потези по тоа прашања.
31-01-2011, 05:36 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#9

(31-01-2011, 05:36 PM)hristo Wrote: И, сега, какви реакции ке бидат. Никакви. Ниту Бачев ке биде оптужен за лага, ниту власта ке покрене некоја постапка. Што е најстрашно, ниту некој новинар ке ги праша јавно функционерите за нејзините потези по тоа прашања.

Значи, еве ти го одгворот на твоето прашање за независни медуими во РМ.
31-01-2011, 06:39 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

(31-01-2011, 06:39 PM)Solenik Wrote:
(31-01-2011, 05:36 PM)hristo Wrote: И, сега, какви реакции ке бидат. Никакви. Ниту Бачев ке биде оптужен за лага, ниту власта ке покрене некоја постапка. Што е најстрашно, ниту некој новинар ке ги праша јавно функционерите за нејзините потези по тоа прашања.

Значи, еве ти го одгворот на твоето прашање за независни медуими во РМ.
Ајде, да се надеваме дека некој ке не изненади. Леле, колку сакам на А1 да го покренат ова прашање.Duel

31-01-2011, 07:02 PM
Reply