Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3.75 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЦАРИНА И КАРГОВ ПО ВТОР ПАТ-НОВ ИЗВЕШТАЈ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Зошто Царината не реагира на написите кои се поткрепени со докумти објавени од нас.


Quote:РЕАКЦИЈА ОД ЦАРИНСКА УПРАВА ДО ЗНМ ПО ПОВОД СЕРИЈА СТАТИИ ОБЈАВЕНИ ВО ДНЕВНИК


Информираме и најостро реагираме на обидот на новинар од дневниот весник ДНЕВНИК преку серија прилози кои се своевидна "конструкција" да влијае односно да се обиде да изврши притисок врз Царинската управа, Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН) и врз пошироката јавност, непосредно пред да биде донесена конечна одлука од надлежна институција.
.
Станува збор за серија статии објавени во дневниот весник „Дневник“ (од 17, 20 и 21.03.2012) потпишани од новинарката Александра Филиповска и колумна од 22.03.2012 година потпишана од Зденка Павковиќ. Написите се однесуваат на јавната набавка која Царинската управа ја спроведе за Систем за обработка на царински декларации и акцизни докумени.
.
Еден од основните принципи на однесување на новинарите согласно Кодексот на новинарите на Македонија е - Почитувајќи ги етичките вредности и професионални стандарди во пренесување на информациите, новинарите да бидат чесни, објективни и точни.
.
Во конкретниот случај претпоставуваме дека новинарката Филиповска застапувајќи нечиј личен комерцијален интерес, многу пристрасно, неточно, субјективно и нечесно ја обработува и објавува оваа тема непосредно пред да биде донесена конечна одлука од страна на ДКЖЈН. Иако и беа на располагање точните податоци и информации, поточно, за време на обработка на темата од официјален извор и беа демантирани информациите на кои се повикува, и иако нејзина должност е да го спречи искривувањето на вестите, новинарката во серијата статии на оваа тема сепак ги објавува информациите кои ги добила од свој непознат извор, а кои се неточни, паушални и тенденциозни..

Сметаме дека преку,
- начинот на кој се обработени и оформени статиите (во првата составен дел е прилог со наслов ИНТРАКОМ-компанија на контроверзниот Кокалис),
- изборот на скандалозни наслови (на пример: Скап грчки софтвер за македонската царина, Владината комисија контра царината, Каргов платил аванс за софтвер што сега пак го набавува) и поднаслови (На тендерот на Царината за набавка на СОЦД бил избран конзорциум од три фирми предводен од грчката Интраком, со цена за 770 илјади евра поскапа од најевтината понуда, иако главен критериум при изборот била најниската цена, или Пристрасно избран скапиот грчки софтвер),
- неточни воведи и содржини во статиите базирани на свои информации и користени нелигимни извори на информации, новинарката многу тенденциозно и отворено се обидува да и наметне став на јавноста дека Царинската управа има донесено лоша одлука.
.
Царинската управа секогаш се залага за отвореност и транспарентност и за слободен пристап до сите информации од јавен карактер за која било проблематика на претставниците од медиумите. И покрај политиката на отвореност, транспарентност и кооперативност, Царинската управа во конкретниов случај се соочува со текстови базирани на податоци и информации добиени од повеќе извори, но кои се интерпетирани и објавени на начин кој го нарушува угледот на Царинската управа.
.
Употребата уште во насловите на два збора како епитети „скап“ и „грчки“ укажуваат на намера да се предизвикаат негативни реакции кај јавноста и да се прикаже одлуката на комисијата за јавни набавки во Царинската управа како лоша.
.
Новинарката никаде не проверила колку чини ваков систем и која е вистинската цена, а лесно можела да дојде до податоци дека, на пример, само модулот за контрола на извоз или модулот за EMCS (два од големиот број на системи и подсистеми барани во јавната набавка) во било која земја каде се имплементирани чинат приближно колку или повеќе од вкупниот износ понуден од кој било од понудувачите.
.
Вториот збор кој што смислено е употребен во насловот е „грчки“. Тоа директно алудира на проблемите кои Грција ги има со уставното име на Република Македонија, со намера да предизвика негативна реакција кај читателите. Напоменувам дека ваквиот пристап на новинарката, говорејќи со јазикот на омразата свесно поттикнувајќи дискриминација, е срамен и несовесен, а истиот е во спротивност и со член 10 од Кодексот на новинарите на Македонија.
.
Освен ова, софтверот кој се набавува не е грчки, бидејќи понудувачот е мултинационален конзорциум, во кој членува и македонска компанија, а производот, се разбира, ќе биде македонски, со користење на сите уставни референци (Република Македонија, кратенка мк, македонски и слично). За Царинска управа многу позначајно е што избраниот понудувач е високо реномирана и меѓународно препознатлива компанија која зад себе има бројни ангажмани и успешно реализирани национални и регионални проекти во Европската комисија и пошироко. Во овој контекст би сакале да напоменеме дека во портфолиото на клиенти на Интрасофт (што е јавен податок објавен на нивната интернет страница) се наоѓаат Европската комисија поточно Генералниот секретаријат и нејзините директорати, Европскиот парламент, Европската централна банка, ЕУРОСТАТ, бројни владини национални и регионални проекти, како и многу компании од приватниот сектор. Во прилог извадок од интернет страната на Интрасофт за нивните клиенти. (Прилог 1.)
.
Исто така, многу значајно прашање е моментот на објавување на серијата статии и колумната. На новинарката, Царинската управа и даде конкретен одговор за спроведената постапка за јавна набавка, со постојано наведувана забелешка во текот на разговорот дека Царинската управа е во ситуација да мора да внимава на податоците кои ги презентира, заради законските ограничувања предизвикани од се уште незавршена постапка и законските ограничувања кои произлегуваат од заштита на податоци од доверлив карактер (детали кои би повредиле права од интелектуална сопственост за понудените технички решенија и слично) и дека самото објавување на статијата може да влијае на реализацијата на набавката, што новинарката и самиот дневен весник го игнорирале.
.
Скандалозно е да се обработува тема од надлежност на Царинската управа, и да се прифатат како релевантен извор изјавите на поранешен вработен во Царинската управа распределен на работно место возач, а да не се прифати отворената покана од Директорот на Царинска управа Ванчо Каргов за разговор на оваа тема и увид во целокупната документација, а се со цел правилно информирање на јавноста.
.
Ваквиот приод на новинарката и нејзиниот уредник е многу непрофесионален и срамен, што сметаме дека е апсолутно неприфатливо за еден реномиран дневен весник.
.
Особено флагрантен пример е третата статија, објавена на 21 март 2012 година, со наслов „Каргов платил аванс за софтвер што сега пак го набавува“. Овој напис во најголем обем се однесува на договорот склучен со конзорциумот „ИТАМАК“ за набавка на систем за обработка на царински декларации, и во неа се објавени целосно неточни факти базирани исклучиво на непроверени наводи од страна на поранешни вработени во Царинската управа.
.
Најмногу зачудува фактот (објавен и во самата статија) дека директорот на Царинската управа и предложи на новинарката комплетен увид во сите документи што се однесуваат на овој договор, што новинарката не го прифати, и се задоволи целосно еднострано да ја прикаже оваа постапка, базирајќи се единствено на изјава на поранешен вработен, кој на никаков начин не учествувал во имплементација на системот за обработка на царински декларации, ниту пак на кој било друг систем во Царинската управа.
.
Со ваквото однесување, новинарката овозможила тенденциозно, еднострано, многу субјективно и неточно да се информира јавноста, што укажува на сомнение дека застапува нечии лични или комерцијални интереси.
.
Колку се штетни инсинуации, невистини и тези лиферувани заради сензационализам, и уште полошо, заради поддршка на нечии лични интереси, го докажува и тоа што Зденка Павковиќ во својата колумна од 22 март 2012 година, ги пласира истите тие тези од статиите објавени од Александра Филиповска како утврден факт.
.
Ваквото однесување е целосно спротивно на етичките и професионалните норми во новинарството како и на Кодексот на новинарите на Македонија. Како професионална организација искрено се надеваме дека јавно ќе го осудите новинарскиот волунтаризам и ќе ги преземете сите мерки кои се во ваша надлежност да се санкционира ваквото непрофесионално новинарско однесување.
.
ЦАРИНСКА УПРАВА




27-03-2012, 01:20 PM
Reply