Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
2 во 1: ПЈРМ и Грција да се обединат и во Србија да патуваме со лични карти
Author Message
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#1

Пред малку гледав вести на Канал 5. Еве што беше кажано речиси во пакет.

Quote:Македонија и Грција да се обединат- предлагаат грчки експерти

Обединување на Македонија и Грција во една земја со два различни Парламента – предлага претседателот на Институтот за меѓу балкански односи.

Талис Милонас, коментирајќи ја актуелната ситуација во регионот вели дека на Македонија и се заканува опасност од Албанците од Косово кои сакаат да го земат западниот дел од земјата, но и од Бугарија која со издавањето пасоши на македонски државјани има територијални претензии.

-Да се обедини со Грција и да има дума, еден заеднички Парламент. Остануваат Парламентите од едната и од другата страна и да има еден централен парламент од Скопјани и Грци, а да постои една држава. Во основа ќе биде една држава со два различни парламенти. Заедно со Грција ќе влезете во НАТО, ќе влезете во Европската Унија, тоа ќе се случи веднаш.

Затоа што сега, кој знае дали некогаш ќе влезете. А обединети со Грција, под една заедничка дума, но со автономија, може најдобро да се решат сите проблеми, затоа што на крај ќе останете сами, вели Талис Милонас, претседател на Институтот за меѓубалкански односи.

Експертот Милонас смета дека терминот Македонија треба ексклузивно да и припаѓа на Грција, а сложеното име за кое официјално се согласува Грција може да наиде на реакции од народот.

-Грчката влада вели дека може да прифати сложено име со терминот Македонија.

-Мислам дека накрај нема да се осмели да го направи тоа. Може да го
кажува, но нема да има храброст да го направи.

- Сметате дека...

- Ќе се дигне народот. Може владата не застапува 100% од народот, ниту 50 %, а мнозинството од грчкиот народот е против.

Институтот за меѓубалкански односи постои повеќе од 20 години, познат е од Организацијата на обединетите нации, а а има за цел приближување на земјите од Балканот и нивна потесна соработка во сите области.

Сања Ристовска- дописник од Грција
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37...ntId=70619

Quote:Дали Србија ќе ги даде досиејата на македонските кодоши? / Само со лични карти до Србија

Македонија повторно бара, Србија повторно начелно прифаќа. Да се овозможи пристапот до досиејата на соработници на поранешните југословенски тајни служби за да се забрза процесот на лустрација во Македонија.

По претседателот Иванов пред неколку меесеци, сега министерката Јанкуловска од колегата Дачиќ побара достапност до досиејата во рамки на идната соработка за заштита на лични податоци.

-Тема на дискусијата беше и предложениот договор за заемна заштита на личните податоци кој може да се гледа и низ призмата на овозможување соодветни услови за завршување на лустрацијата, изјави министерката Гордана Јанкуловска.

-Имајќи во предвид дека постоеше заедничка држава, тогаш веројатно се бараат податоци кои се поврзани со тие сојузни безбедносни служби. Во секој случај Србија ќе излезе во пресрет на сите барања што се во согласнот и со нашето законодавство и со стандардите на Европската Унија, изјави во Скопје српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Наскоро македонските и српските граѓани ќе може да патуваат со лични карти во соседните земји. Предлог текстот за поминување на границата меѓу Србија и Македонија веќе е готов, српскиот министер Дачиќ го предал денеска на Јанкуловска.

4 и пол милиони граѓани годишно ја минуваат српско-македонкста граница и добро е да се олесни патувањето, изјави Дачиќ по средбата.

Освен тоа разменети се и предлог документи за гранична полициска соработка, а Јанкуловска изјави дека со Дачиќ разговарале и за уставната измена во Македонија која треба да овозможи екстрадиција на македонски државјани за организиран криминал, постапка која во Србија и Хрватска е завршена.

Покрај честото искажување на взаемното пријателство меѓу двата народи, Дачиќ во еден момент дури и рече на преведувачката дека не мора да преведува бидејќи новинарите и колегите одлично го разбираат што зборува.

Миомир Серафиновиќ
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37...ntId=70641
Let me hear you make decisions without your television.
29-01-2011, 05:32 PM
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#2

А кој ќе биде главен град? Солун !!!
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
29-01-2011, 06:15 PM
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#3

Јас сум за Битола... Icon_razz

29-01-2011, 08:09 PM
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#4

И јас Icon_razz
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
29-01-2011, 09:19 PM
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#5

Јас сум за тој "експертот" нареден пат да не ги грешева апчињата!
29-01-2011, 09:33 PM
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#6

Не е виновен грчкиот господин (експерт???), кој и онака е во поодминати години и можеби е сенилен, но му се чудам на медиумот Канал 5, а уште повеќе на нивната дописничката од Грција и од тоа кого избира да го праша за мислење и да му даде медиумски простор.

Предлагам на администраторот ако сака да ја заклучи темава, се покажа како неатрактивна.
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 29-01-2011, 09:43 PM by Gnoj.)
29-01-2011, 09:39 PM