Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 2 Vote(s) - 1.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЦРВЕНИТЕ КМЕРИ ГО НАПУШТИА ПАРЛАМЕНТОТ-СТАЉИНИСТИТЕ ОСТАА
Author Message
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#21

(31-01-2011, 09:59 PM)acko Wrote:
(31-01-2011, 06:09 PM)Makedonec Wrote: Или службата нека проработи сега,за да не спаси од секакви будали сценарија на опозицијата(кој одвај чекаат дестабилизација,и граѓански немири)...или нека си седат по страна,и да гледаме како Македонија го допира дното!

Па ова е срамота...низ светот има немири заради диктатори,кој доживотно седат на власт,а не поради леаглно и демократски избраници...а кај нас моментално опозицијата прави скандал....срамота ќе ни се смее светот!!!

Па луѓе бре за Македонија се работи...зар сега да подпаднеме под некакви притисоци и сценарија,и пак да се уназадиме за 10години???

Што треба службата да прави? Да земе да прети и да купува пратеници за да се вратат во Собранието? Напуштањето на собранието е лоша политичка одлука, но легитимна и легална. Нормално е и опозицијата да се потруди да предизвика предвремени избори. Работата на опозицијата е да предизвикува скандали кои што ќе и штетат на Владата (тоа не мора да значи и штета за државата). Доколку тие се моќни да предизвикаат политичка криза, значи дека треба да се распишат избори. А мислам дека и Груевски сака да распише избори, па најверојатно ќе ги имаме за некој месец.

Исто така, Македонија лесно паѓа во ’политичка криза’ затоа што изминативе години не направивме здрава политичка клима и не ги зацврстивме институциите. Македонија нема зошто да се враќа пред десет години, затоа што од тогаш не сме тргнале напред. Што е тоа подобро од пред десет години?

Македонските грѓани не треба да ’гинат’ за да го зашитат Груевски, или за да му помогнат на Бранко!!! Нема зошто тие да влегуваат во сендвич и да бираат страна помеѓу нив. Македонските граѓани треба да застанат против нив, компромитираните политички структури на една, а граѓаните на друга страна. Така се поставува линија... Линија која ќе значи демократија, слобода... со секој друг потег таа линија се брише!!!
Дете ти да не не си од тука,или случајно да не си залутал во Македонија по грешка,или имаш фиксирано розови наочари....

Искрено само можам да се смеам за она што го болдирав од твојот пост Icon_razz

п.с зар ти навистина си озбилен дека кај нас граѓаните се "свесни" и дека нема да дозволат да "изгинат" заради нечии интереси и провокации???

п.п.с па ако е за така зошто е созданена таа пропагандна машинерија???
(This post was last modified: 31-01-2011, 10:24 PM by Makedonec.)
31-01-2011, 10:21 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#22

Јас напишав како мислам дека треба да делуваат македонските граѓани, дали тие се свесни е друго прашање. Но, сигурен сум дека има такви.

Ако ова ти е смешно, слободно смеј се... И трчи на барикадите така насмеан да се бориш за Грујо против Бранко (или обратно)!

31-01-2011, 10:34 PM
Reply
nuleg Offline
Junior Member
**

Posts: 19
Joined: Jan 2011
Reputation: 0
#23

Јас навистина жалам што СДСМ и нејзините сателити го напуштија собраниетоПа луѓе во собранието се води вистинска дебата а не како нив на улица затоа многу жалам што опозициските сателити го напуштија собраниетоПа собранието според мене е храм на демократијата,затоа сметам и мое мислење е да си се вратат во собрание и да си седнат на удобните парламентарни столчиња а не да водат улична демократија.И тие не знаат зошто го напуштија.Па затоа нека си се вратат таму во собранието,таму каде што се води вистинска институционална дебата.
31-01-2011, 11:34 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,469
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#24

(31-01-2011, 10:21 PM)Makedonec Wrote:
(31-01-2011, 09:59 PM)acko Wrote:
(31-01-2011, 06:09 PM)Makedonec Wrote: Или службата нека проработи сега,за да не спаси од секакви будали сценарија на опозицијата(кој одвај чекаат дестабилизација,и граѓански немири)...или нека си седат по страна,и да гледаме како Македонија го допира дното!

Па ова е срамота...низ светот има немири заради диктатори,кој доживотно седат на власт,а не поради леаглно и демократски избраници...а кај нас моментално опозицијата прави скандал....срамота ќе ни се смее светот!!!

Па луѓе бре за Македонија се работи...зар сега да подпаднеме под некакви притисоци и сценарија,и пак да се уназадиме за 10години???

Што треба службата да прави? Да земе да прети и да купува пратеници за да се вратат во Собранието? Напуштањето на собранието е лоша политичка одлука, но легитимна и легална. Нормално е и опозицијата да се потруди да предизвика предвремени избори. Работата на опозицијата е да предизвикува скандали кои што ќе и штетат на Владата (тоа не мора да значи и штета за државата). Доколку тие се моќни да предизвикаат политичка криза, значи дека треба да се распишат избори. А мислам дека и Груевски сака да распише избори, па најверојатно ќе ги имаме за некој месец.

Исто така, Македонија лесно паѓа во ’политичка криза’ затоа што изминативе години не направивме здрава политичка клима и не ги зацврстивме институциите. Македонија нема зошто да се враќа пред десет години, затоа што од тогаш не сме тргнале напред. Што е тоа подобро од пред десет години?

Македонските грѓани не треба да ’гинат’ за да го зашитат Груевски, или за да му помогнат на Бранко!!! Нема зошто тие да влегуваат во сендвич и да бираат страна помеѓу нив. Македонските граѓани треба да застанат против нив, компромитираните политички структури на една, а граѓаните на друга страна. Така се поставува линија... Линија која ќе значи демократија, слобода... со секој друг потег таа линија се брише!!!
Дете ти да не не си од тука,или случајно да не си залутал во Македонија по грешка,или имаш фиксирано розови наочари....

Искрено само можам да се смеам за она што го болдирав од твојот пост Icon_razz

п.с зар ти навистина си озбилен дека кај нас граѓаните се "свесни" и дека нема да дозволат да "изгинат" заради нечии интереси и провокации???

п.п.с па ако е за така зошто е созданена таа пропагандна машинерија???

Македонец, многу грешиш што така малодушно размислуваш.
Твое е не е да коментираш дека не се свесни нашите граѓани, твое е колку можеш човечки да укажеш на несвесните како и зошто, а не да зборуваш така кон Ацко и да ги пуштиш низ вода оние кои се понесреќни или понеуки од тебе.
Само да ти илустрирам, во педесетите од минатиот век многу кардиохирурзи мислеле дека оние спортисти кои имале развиени срца се болни, исто така многу психијатри мислеле дека мозокот не може во подоцните стадиуми на живот да се развие/одржи витален.
Имај малку повеќе верба во луѓето во твојата околина.
An inch today is tomorrow’s mile.
01-02-2011, 12:00 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#25

(31-01-2011, 06:09 PM)Makedonec Wrote: Или службата нека проработи сега,за да не спаси од секакви будали сценарија на опозицијата(кој одвај чекаат дестабилизација,и граѓански немири)...или нека си седат по страна,и да гледаме како Македонија го допира дното!

Па ова е срамота...низ светот има немири заради диктатори,кој доживотно седат на власт,а не поради леаглно и демократски избраници...а кај нас моментално опозицијата прави скандал....срамота ќе ни се смее светот!!!

Па луѓе бре за Македонија се работи...зар сега да подпаднеме под некакви притисоци и сценарија,и пак да се уназадиме за 10години???

Пред 10 години имаше еден човек министер за финансии, да не се сеќаваш кој беше... SmeshkoSmeshkoSmeshko
01-02-2011, 01:51 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#26

(01-02-2011, 12:00 AM)montehristo Wrote: Македонец, многу грешиш што така малодушно размислуваш.
Твое е не е да коментираш дека не се свесни нашите граѓани, твое е колку можеш човечки да укажеш на несвесните како и зошто, а не да зборуваш така кон Ацко и да ги пуштиш низ вода оние кои се понесреќни или понеуки од тебе.
Само да ти илустрирам, во педесетите од минатиот век многу кардиохирурзи мислеле дека оние спортисти кои имале развиени срца се болни, исто така многу психијатри мислеле дека мозокот не може во подоцните стадиуми на живот да се развие/одржи витален.
Имај малку повеќе верба во луѓето во твојата околина.
Види сега...јас морам така да реагирам,кога некој сака да гае илузии...значи ние сме народ што илјадници години не толчеле и сме биле под туѓи водачи....и тогаш сме биле најмирни...значи нас после толку години во генетскиот код ни е влезено тоа,дека некој друг одлучува за нас!!!

И не можеме да се лажеме дека туку така се освестил народот...за тоа треба јака про-татковинска пропаганда...па после ќе правиме муабет за друго(дали некој бил писмен,неписмен или сл.)...оти ако е за така во нашата држава најписмените се тие што ги шират туѓите пропаганди!

(01-02-2011, 01:51 AM)Nikola Wrote: Пред 10 години имаше еден човек министер за финансии, да не се сеќаваш кој беше... SmeshkoSmeshkoSmeshko
Е беше,ама сеа си е премиер...и ќе се кае цел живот што се заебал со неговата преамбициозност...бидејќи премиерите во европските земји се замараат со даноци,и некој споредни општествени и економски ситуации....

А додека премиерите на балканот затекнуваат мафии,транзициски олигарси,шверцери и сл.....и дури тогаш сфаќаат дека мораат да се замараат со рејтингот со дневно политички настани бидејќи во такви околности нема простор за продуктивни реформи!!!

(This post was last modified: 01-02-2011, 02:21 AM by Makedonec.)
01-02-2011, 02:20 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#27

Makedonec, не ни е врежано ништо во генетски код, ниту сме поглупи од другите (а, не сме ни попаметни), не сакаме ни да не малтретираат повеќе од другите. Се работи само за општествени околности. Па тие Македонци шетаа со пиштоли по Бугарија (и пошироко) и таманеа се што ќе им застане на пат...

Луѓето се плашат од промени и се плашат да изгубат одредена ’сигурност’. Сега барем знаат дека треба да коленичат пред партии и разни партиски шефчиња за да успеат да се вгнездат во некоја канцеларија за да бидат државни административци или нешто слично. Тој начин на робата за некои дава резултати, па другите сакаат да го следат. За самостојно делување и прифаќање на одговорност многу не размислуват, но постојаното тонење кај многумина предизвикува размислувња во тој правец. Натаму треба да се делува. Да не се бара одржување и развивање на систем кој нуди ’милостина’, а за возврат бара ’робство’, туку да побараме систем кој нуди еднакви шанси за успех, па секој според способноста, а не според робувањето. Земјоделецот да заработува од производот, а не да чека власта да се смилува и да му фрли денар, бизнисмените да работат без притисок и рекетирања, да имаме функционирање на правото со што животот ќе ни биде полесен, но ќе придонесе и за доаѓање на стран капитал, акции со кои ќе се докаже дека криминалот не е исплатлив и дека за тоа се одговара, способноста на работниците да ја мери пазарот, а не партиски апаратчиња. Слободни луѓе кои што ќе зароботуваат затоа што се способни, а не затоа што им обезбедила власта, се главен темел на слободно општество. Кај тој човек нема да има никаков ’врежан поданички код’!

Албанците поради дискриминацијата што ја трпеа во СФРЈ, станаа едни од најголемите претприемачи. Поради тоа што не можеа да се запослат во полиција, администрација, па и по многу фабрики, посебно таму кај што не беа мнозинство, кај нив се разви претприемачки дух, па затоа кога дојде до промена на општествениот систем тие доста профитираа, па ние мислевме дека сите побогати се дилери. Но, погледни сега што се случува со Албанците во Македонија (и Косово), веќе немаат толку претприемачки дух, туку поданички (многу за тоа придоенесе и Рамковниот) трчаат од партија до партија и молат да служат. Значи, ист народ, на ист простор, за само деценија и нешто има сосема друг ’врежан код’?!

Се е до општествено-политичките околности... Функционирање на законот, политичка и економска слобода, нема привилегирани, еднакви можности, успехот да не зависи од одредена гарнитура која е на власт и се ќе биде поинаку. Луѓе кои што ќе сакаат тоталитарни режими секогаш ќе има, но повеќето ќе се на спротивната страна... доколку се дозволи избор и им се даде шанса за да можат да успеат.

01-02-2011, 04:26 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#28

(31-01-2011, 09:59 PM)acko Wrote: ... Нормално е и опозицијата да се потруди да предизвика предвремени избори. Работата на опозицијата е да предизвикува скандали кои што ќе и штетат на Владата (тоа не мора да значи и штета за државата).
Е гледаш ацко, нашава опозиција не ја знае нити сака да ја научи границата меѓу сопињање на владата и сопињање на државата. За сегашниве опозиционери е нормално државата Македонија да отиде како колатерална штета на нивниот пат до фотељите.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
(This post was last modified: 01-02-2011, 05:47 AM by МрачниотКоњаник.)
01-02-2011, 05:46 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,469
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#29

(01-02-2011, 02:20 AM)Makedonec Wrote:
(01-02-2011, 12:00 AM)montehristo Wrote: Македонец, многу грешиш што така малодушно размислуваш.
Твое е не е да коментираш дека не се свесни нашите граѓани, твое е колку можеш човечки да укажеш на несвесните како и зошто, а не да зборуваш така кон Ацко и да ги пуштиш низ вода оние кои се понесреќни или понеуки од тебе.
Само да ти илустрирам, во педесетите од минатиот век многу кардиохирурзи мислеле дека оние спортисти кои имале развиени срца се болни, исто така многу психијатри мислеле дека мозокот не може во подоцните стадиуми на живот да се развие/одржи витален.
Имај малку повеќе верба во луѓето во твојата околина.
Види сега...јас морам така да реагирам,кога некој сака да гае илузии...значи ние сме народ што илјадници години не толчеле и сме биле под туѓи водачи....и тогаш сме биле најмирни...значи нас после толку години во генетскиот код ни е влезено тоа,дека некој друг одлучува за нас!!!

кога некој сака да гае илузии

И не можеме да се лажеме дека туку така се освестил народот...за тоа треба јака про-татковинска пропаганда...па после ќе правиме муабет за друго(дали некој бил писмен,неписмен или сл.)...оти ако е за така во нашата држава најписмените се тие што ги шират туѓите пропаганди!

Прво, ти мораш само да платиш данок и да умреш во овој систем на поставеност,Ништо друго не мораш.
Од друга страна мораш да се прехраниш за да преживееш, како знаеш и умееш.
Но, ти така реагираш по свој сопствен избор, без разлика дали е свесен тој избор или така си научен/истрениран(навикнат-каде има навика има и одвика).
Не мораш да одиш во илјадници години доволно ти е да отидеш назад 109 години и да ти текне за едни Велешани, еден Кратовчанец, Охриѓанец.
Сети се за сите жртви, пожртвуваност, потта, трпеливоста, скромноста и биди достоен на тоа, но биди со отворени очи.
Не е прашање на генетскиот код, прашање е на отстапки и компромиси, направиш една отстапка, па еден компромис, па уште еден, уште еден, уште еден, се додека не ја преминеш границата. Тогаш доаѓа разочарувањето од откривање на вистината која цело време ти била пред очи, но бидејќи си горд, да не испаднеш слепец, се правиш како сето тоа да не те тангира, како да си над тоа, што поради себе си, што поради другите(поради себеси затоа што следниот чекор е самообвинување зошто си дозволил тоа да ти се случи, поради другите поради гордоста да не ти се смеат и подсмеваат), некој во тие моменти се препушта на случајот како во битола со ТАТ кога многу луѓе се обесија, некои се пропија, некои се приклонија кон посилниот, а некои стоички поднесуваат уште, и некои како Дон Кихоти се борат против Ветерници.
Сега мораш ти една работа да увидиш, да се навратиме на приказната на коњот и жабата, онаа со перспективата, не онаа со потковиците.
Како што Сократ ги распрашувал соговорниците, така и ти би требало да ги напаѓаш нивните илузии, не нив лично, со прашања, укажувајќи им на нивните нелогичности, терајќи ги самите да ги сменат своите верувања, така да тие самите себеси ќе си се смеат, а не останатите ним.
Од друга страна нивните илузии можеби се поттикнати од нешто вон нив самите, во кој случај тие се, преку нивните сетила нападнати, нивниот интегритет е загрозен, преку нечие влијание.Во тој случај повторно ист Сократов метод треба да се употреби, само во случај да тие веќе свесно не работат за некого, каде треба да се биде претпазлив и тактичен.
Тука би сакал и јас да сум помудар одошто сум, и јас да ги избегнам опасностите самиот.
За Про-татковинската пропаганда си во право, зашто како што напоменав околу жабата и коњот, сепак некои работи и жабата да му се качи на коњот пак не би можела да ги забележи подобро од коњот баш поради тој тренинг.
Врачот кој прв го здогледал Конквистадорите му требало неколку дена неговото восприемање воопшто да може да си ги објасни во умот што се тоа бродови, стоел така со денови на обалата гледајќи во бродовите, првиот ден иако ги гледал не можел да ги види, така да неприпремен ум некои работи не може да ги разбере, за некои работи може некого да го поучиш , ама за некои други пак мораш нешто и да проживееш.
Некои работи се гледаат до очи , другите се чувствуваат со срце.
И да , најлесно им подлегнуваат оние најнеприпремени ментално на туѓата пропаганда.
An inch today is tomorrow’s mile.
01-02-2011, 09:24 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,469
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#30

(01-02-2011, 05:46 AM)МрачниотКоњаник Wrote:
(31-01-2011, 09:59 PM)acko Wrote: ... Нормално е и опозицијата да се потруди да предизвика предвремени избори. Работата на опозицијата е да предизвикува скандали кои што ќе и штетат на Владата (тоа не мора да значи и штета за државата).
Е гледаш ацко, нашава опозиција не ја знае нити сака да ја научи границата меѓу сопињање на владата и сопињање на државата. За сегашниве опозиционери е нормално државата Македонија да отиде како колатерална штета на нивниот пат до фотељите.

Напротив, многу добро ја знаат, проблем е што долго време се од другата страна на границата на моралното и праведното.
Затоа Заев не вели за џабе тоа што го вели.
An inch today is tomorrow’s mile.
01-02-2011, 09:42 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,469
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#31

Quote:И Црвенковски е Би-би-си

Што треба да стори Груевски за СДСМ да седне назад во парламентот? Да му ги одмрзне сметките на Рамковски? Да го ослободи од притвор? Да им пее приспивни песни на сите осомничени, да им ја чита „Пепелашка“, да им измисли нов рецепт за „смоки“, да ја ангажира едната половина од сопствена партија како рамо за плачење поради нивната клета судбина?

[Image: janevski[42].jpg]

В о Вајмарска Германија, во време на една од најголемите инфлации што било кога владееле во една земја, поранешен војник, сиромашен како црковен глушец, станал богат благодарение на берзански шпекулации засновани на секојдневното паѓање на курсот на германската марка. Парите ги трошел по кафеани, богати јадења, луксузна облека, честења на војничките пријатели со кои во ровот јадел од иста лажица завиткана во немиен чорап и, се разбира, на убави жени и скапи накити и бунди за нив. И мислел дека тоа му е дадено од Господ, како црвената коса и убавото лице, бидејќи претходно веќе двапати го спасувал од сигурна смрт на фронтот. Затоа, кога му кажале дека ќе се воведува златна марка, дека на инфлацијата и дошол крајот, тој едноставно не сакал да верува. „Тоа би значело дека јас ќе осиромашам, а тоа не е можно. Германија може да пропадне, јас не!“, врескал црвенокосиот. До наредниот ден!
Изгледа, така и во Македонија, не е можно социјалдемократите да се помират со ситуацијата дека во овој момент, ако државата остане стабилна, тие уште извесно време ќе бидат главна, но сепак безначајна опозициска група, чии шанси за враќање на власт во мир се еднакви на нула. Барем во скоро време. И решија да плачат наоколу, за да ги молат да се вратат во Собранието. Ама не знаат кој услов треба да им биде задоволен за да го сторат тоа.

И навистина, што треба да стори Никола Груевски за СДСМ да седне назад во парламентот? Да му ги одмрзне сметките на Велија Рамковски? Да го ослободи од притвор? Да им пее приспивни песни на сите осомничени, да ги гали навечер по косата, да им ја чита „Пепелашка“, да им измисли нов рецепт за „смоки“, да ја ангажира едната половина од сопствена партија како рамо за плачење поради нивната клета судбина?

Бранко Црвенковски не го кажал условот. Неговата партија исто така. Не заради друго, туку затоа што тие немаат услов. Освен еден - Македонија да се дестабилизира, за да можат да повторат некое сценарио од 2001 година, кога без избори седнаа во владините фотелји.

Притоа, беспредметно е да се објаснува дека ако судијата не ја замрзнеше сметката на ТВ А1, ќе ги оштетеше доверителите, со што не само што ќе се најдеше на листата за разрешување на Судскиот совет туку и самиот ќе заглавеше во Шутка поради сторен криминал. Беспредметно е да се објаснува дека секоја компанија, макар била и новинарска, не смее да ја користи својата работа како параван за дејства што се предмет на кривична постапка. Како што е беспредметно да се објаснува дека во случајов не станува збор за тоа каква е Владата, каков е Груевски, туку дали државата ќе ги почитува сопствените закони или не.

„Би сакал да го видам тој маж што ќе му соопшти на народот дека името му е сменето“, говореше Црвенковски пред некоја година. А ние би сакале да го видиме мажот Црвенковски, кој ќе собере храброст и ќе и каже на јавноста дека бара државата да замижи над црните пари на Рамковски и дека ако не го стори тоа, нему не му останува ништо друго освен насилно да ја освои власта. Ако може во Тунис, во Египет, зошто не и во Македонија? Дали мал број пати токму тој и неговите пулени имаат кажано дека во Македонија владее диктатура? Зошто тогаш се крие зад Велија, како што пак Велија се крие зад едно чудо свои директори и соработници? Машки е, нели, да излезе и да му каже на народот која му целта. Зашто него го влече премиерската фотелја, го влече моќта, илјадниците луѓе што уште од врата влегуваат со подвиен ‘рбет за што поубаво да ја бакнат папската рака, го влечат и тендерите, парите што стојат зад нив, цитостатиците и стентовите, шлеперите и желбата другите да ги гледа како жаба. Но изгледа најмногу од сé го влече желбата да им одработи на странците и да и помогне на жална Грција да си ја зачува својата ексклузивна тапија над името Македонија. Што и не мора да се сфати лошо. Да му помогнеш на ближниот свој, а странците нам отсекогаш ни биле блиски, е главна цел на постоењето на Црвенковски. Го нема ли тоа, празен му е животот.
Затоа тој се обиде да му помогне и на Велија уште во ноември, па макар тоа значеше некој полицаец или наивен демонстрант да загине. Затоа им се најде при рака и на тутунарите, кога овие го каменуваа парламентот, затоа таму некаде во ноември се обидуваше да му помогне на ДУИ да излезе од Владата на Груевски. Сé за општо добро, сé за доброто на овој напатен народ, кој треба само малку да го поткрепи неговиот напор. Ако може со некоја жртва, би било најдобро.

Така ќе може да ја просветли и британската опозиција, која час поскоро треба да го стори истото што и тој, откако Би-би-си поради кризата реши да ги затвори своите редакции на повеќе јазици, меѓу кои и на македонскиот. Кампањата „И јас сум Би-би-си“, во секој случај, би требало да почне од Бихачка и потоа да се префрли пред Даунинг стрит број 10. Има и симболика - зар не беше од неговите кујни лиферувана злобната забелешка за блискоста меѓу Дејвид Камерун и македонските власти? Со тоа, Македонија ќе стане препознатлив бренд во светот како извозник на демократски револуции, а Црвенковски ќе го заземе своето место во светската гарнитура на великани. Зашто тој одамна ја надмина Македонија.

Автор: Дарко Јаневски
Извор
An inch today is tomorrow’s mile.
01-02-2011, 02:49 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#32

На збир савез комуниста Македоније, Јово се је одважио и Бранка поручио:

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8056430A...2CD59BF0BD

Јово пуца први...
(This post was last modified: 08-02-2011, 09:35 AM by Nikola.)
08-02-2011, 09:35 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#33

quote наслов од тема:

„...СТАЊИнИСТИ_ТЕ...“

а думава е печатна или инспиративен развој?

„ ...останаа истите тие... “, евентуално „сталинисти“? Icon_lol

Icon_question



(This post was last modified: 09-02-2011, 12:23 AM by toni_a.)
09-02-2011, 12:19 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#34

Quote:КОЛУМНА
ТРАЈЧЕ АРСОВ, Адвокат од Велес
среда, 09 фебруари 2011 03:44


ВО ИМЕТО НА НАРОДОТ!


Многу често терминот “народ” се употребува кај реторичарите од политички субјекти при презентирање и превземање на ненародни мерки!

Политичките партии често во своето обраќање кон јавноста се повикуваат од име на народот со цел на партиските активности да им дадат поголем демократски легитимитет, па затоа скоро секоја втора партиска или владина мерка ја преставуваат како од име на народот. Но дали некој го запрашал народот, штом се толку убедени во себе? Да, го прашал и тоа на избори! Некои ќе кажат, на избори го добивме легитимитетот и мандатот да го преставуваат овој народ. И што покажува мнозинството од народот? Дека не поддржува ниту една партија!

[Image: jr5jee.jpg]


Дека е тоа така, ајде да видиме што велат анкетите за политичките рејтинзи кои секојдневно го окупираат медиумскиот етер изготвени од “невладини организации и институти”!
Како никогаш до сега од осамостојување на “независна и самостојна” Македонија, повеќе од 50% од граѓаните не поддржуваат ниту една политичка партија! тука ги вбројувам оние кои не поддржуваат ниту една партија и не знаат за кого да гласаат.

До кога ќе се оптеретуваме со небитни бројки, на тоа каков бил соодносот помеѓу власта и опозицијата? Зар никому не му е важно колкава е бројката на оние кои не поддржуваат ниту една политичка опција? Зар не е загрижувачко тоа што на секоја наредна анкета сеж повеќе сеж зголемува бројот на незадоволни граѓани? …всушност за тоа не се потребни анкети, доволно е да се согледа реалната слика во последните 20 години, па нели е тоа поразително!? ОВА Е КЛАСИЧЕН ПРИМЕР ЗА КРИЗА И СТАГНАЦИЈА ВО ЕДНО ПОЛИТИЧКО ОПШТЕСТВО!

Често пати терминот политичка криза го поистоветуваат кога во изминативе години опозицијата (од било која партија) ќе излезе од Собрание да го бојкотира правејќи сценарија (сосема легитимно) како одраз на волјата на НАРОДОТ!… да потсетам дека тие мандати се доверени од народот, бидејќи “народот” не може непосредно да учествува во работата на законодавниот дом, туку посредно преку свои преставници што преставува единствен институционален начин да ја изразат политичка волја преку оние на кои им поклониле верба, а за возврат како надомест за потрошеното “време и енергија” земаат плата како граѓани од ПРВ РЕД…

Да не заборавиме дека и во Собранието имаме голем демократски прогрес. Имено порано, во социјалистичка (комунистичка) Македонија за различно мислење од официјалното, партиските членови ги праќаше на неколку годишна робија, денес партиите овие лица ги сметаат за нелојални и предавници и за кратко време ги маргинзализираат до нивно исклучување. Тоа значи дека партиите одат напред односно се “демократизираат”.

Интересен показател од кој се забележува манипулација со терминот “народ” претставуваат истите тие анкети за политичкиот рејтинг. Ајде да ја согледаме реалната слика на овие анкети. Доколку хипотетички земеме една политичка партија да има рејтинг кај грасачите над 20%, што треба тоа да значи? Дека ужива голема доверба? НЕ! Тоа значи дека 80% од “НАРОДОТ” не ја поддржува таа партија и нејзината политика, а да не зборуваме за оние со уште помал “рејтинг”. Тогаш основано се поставува прашањето со кој кредибилитет партиите во Р. Македонија се повикуваат ВО ИМЕ НА НАРОДОТ?

Да не е тажно, ќе беше смешно. Овие партии уживаат и милуваат да се повикуваат во име на народот во превземање на ненародни мерки, очекувајќи подршка која не ја заслужуваат и нормално со тоа сакаат да предизвикаат силна позитивна или негативна емоција кај слушателот во зависност од моменталната состојба.
09-02-2011, 03:06 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#35

СЕГА НЕМА БЕГАЊЕ: СМЕТКАТА НА А1 ОДМРЗНАТА, СОЗДАДЕНИ СЕ СИТЕ УСЛОВИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ


Ај, Бранко, сега да те видиме


Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вчера одлучи да ги одмрзне сметките на А1 телевизија и на весниците Време, Шпиц и Коха ере. Советот ги уважи жалбите против решенијата на истражниот судија на овој Суд, за привремено замрзнување на банкарските сметки на правните лица во случајот "Пајажина" и ги врати на повторно одлучување.
- Во врска со поднесените жалби на управителот на правното лице "А1 Телевизија" ДООЕЛ Скопје, против решенијата на истражниот судија на овој суд, за привремено замрзнување на банкарските сметки на ова правно лице и на другите правни лица, а заради привремено обезбедување средства што се во врска со кривичните дела, Кривичниот совет на овој суд донесе Одлука - Решение со која жалбите ги уважи, а по повод жалбите и по службена должност, решенијата на истражниот судија ги укина и предметите ги врати на повторно одлучување, се вели во соопштението од Судот.

Со ваквата одлука, се исполни главниот услов на СДСМ за да се врати во Парламентот, но и да се распишат предвремени избори, на кои инсистира опозицијата.
Исплашен дека власта може веднаш да ја прифати фрлената ракавица за избори, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски најави и четири технички барања како предуслов за брзи избори. Но, и тие услови се речиси исполнети и само треба да се изгласаат во Парламентот.

Избирачкиот список е веќе прочистен и тоа со вклученост на претставници на ОБСЕ, измените на Изборниот законик се готови и Собранието може веднаш да ги изгласа. Компромис може да се постигне и за измена на Уставот со која министерот за правда ќе се тргне од судските органи. Впрочем, ваквото решение беше донесено од претходната владејачка гарнитура на СДСМ, а тогашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше против. По техничките барања кои можат експресно да бидат завршени, најдоцна до јуни може да се организираат избори, кои опозицијата упорно ги бара веќе три месеци.

Сега ќе се види дали Црвенковски блефирал за брзи избори, нешто што освен од власта му го забележа и дел од опозицијата. Лидерот на ЛДП Јован Манасијевски, на последната лидерска средба и лично му порачал Црвенковски, ако не му е страв да прифати избори за 45 дена и да не условува со блеф-барања.
- Бараш избори, а се молиш да ги нема, му рекол Манасиевски на лидерот на СДСМ.

Две управителки од Перо Наков пуштени во домашен притвор
Поранешната директорката на А1 Анета Кочишки и управителката Невин Рауф се пуштени во домашен притвор. Истражниот судија ја донел ваквата одлука по доставената медицинска документација за нивната влошена здравствена состојба.

Во домашен притвор е и управителката која го загуби плодот. Останатите осомничени остануваат во истражниот затвор во Скопје.


#
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=48EC1E81...42DA2C27BD
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
09-02-2011, 05:48 PM
Reply