Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 3.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОДЕЛБИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Дали овие поделби се спонтани ??? Или пак испровоцирани !!!!

Јас мислам дека се испровоцирани.
Дали некој размислува за последиците.

Quote:Предлогот на Тодоров ги подели професорите

Професорите за в четврток закажаа протести против предлогот за измени на Законот за високо образование на Тодоров, на што одредени студенти најавија контра протести за поддршка на министерот


Quote:Угостителите поделени околу протестот


Угостителите поделени околу денешниот протест против Законот за заштита од пушењето. Дел од локалите утрово не ги отворија вратите за гостите, но други продолжија да работат како и секој ден.


Quote:Паралелно со протестот на тутунарите, контрамитинг пред СДСМ
26-01-2011, 03:10 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#2

(26-01-2011, 03:10 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Дали овие поделби се спонтани ??? Или пак испровоцирани !!!!

Јас мислам дека се испровоцирани.
Дали некој размислува за последиците.

Quote:Предлогот на Тодоров ги подели професорите

Професорите за в четврток закажаа протести против предлогот за измени на Законот за високо образование на Тодоров, на што одредени студенти најавија контра протести за поддршка на министерот


Quote:Угостителите поделени околу протестот


Угостителите поделени околу денешниот протест против Законот за заштита од пушењето. Дел од локалите утрово не ги отворија вратите за гостите, но други продолжија да работат како и секој ден.


Quote:Паралелно со протестот на тутунарите, контрамитинг пред СДСМ

За професорите поделбата е 100% испланирана бидејќи јасно е кој ќе оди на тој контра-протест. Нешто матат за универзитетот и сакаат и него да го земат во свои раце. Ама тешко да им успее.
26-01-2011, 04:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3


Quote:Секој протест со контрапротест

Беспредметна и обезвреднета политичка дебата и девалвирано право на протест е она што на крајот ќе се добие од новоустановената практика со која на секој протест се одговара со контрапротести. Вакво предупредување искажуваат политички аналитичари откако таква политичка технологија, која свое најгрдо издание имаше во физичката пресметка на почетокот на минатата година околу изградбата на црквата на скопскиот плоштад, стана правило во борбата за која треба да решава силата на аргументите. Десетици примери со кои на секој протестен собир засегнатата страна одговара со контрасобири на иста или друга локација сега само се надополнуваат со ваквите сценарија и во случајот на скопската општина Карпош, но и за денеска најавените (контра)протести на студенти и професори во кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Со мала разлика што во случај на Општина Карпош контрапротести почна да организира и актуелната опозиција наспроти досегашната редовна практика според која меѓу контрамитингашите најчесто можеа да се препознаваат активисти на владејачката партија.

Експертите укажуваат дека ваквото дејствување, без оглед на тоа што се јавува и во практиката на други држави, претставува нов феномен за Македонија со оглед на зачестеноста со која се прави. На јавната сцена веќе се изредија протести и контрапротести на земјоделци, жртви на транзицијата, тутунари, групи граѓани...

Марко Трошановски, програмски директор во Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество, смета дека со оглед на начинот на кој се користи правото на протест најголема штета се нанесува на затапувањето на јавната дебата за проблемите што очигледно постојат.

- Секој протест во својата основа е автентичен аргумент во јавната дебата и кога го девалвирате како граѓанска реакција тогаш вие го поништувате и бледнеат аргументите што на протестите се изнесуваат. На тој начин се подига една спирала на заемни обвинувања, при што на јавноста не ~ се помага да ги препознае аномалиите во општеството. Со тоа се девалвираат критиките на опозицијата, а власта си нанесува штета на долг рок. Утре, кога сегашната власт ќе биде во опозиција, нема да може да ги искористи правата на протест бидејќи ќе бидат препознаени како политички инструментализирани - смета Трошановски.

Тој укажува дека ова во најголем дел се должи на агресивната комуникациска стратегија за односи со јавноста што ја има владејачката партија, а случајот со протестите пред Општина Карпош станале пример со кој и опозицијата почнала да применува таква стратегија.

- Контрапротестите само се надополнуваат на веќе девалвираната јавна дебата каде што фокусот не е на аргументите, туку на личноста што ја дава критиката. Сето тоа збирно влијае дебатата да биде анемична и луѓето да ја губат довербата во секој вид граѓанска критика. Контрапротестите, всушност, се злоупотреба на гарантираното уставно право со кое се сака да се поништат критиките што ги дава општеството и опозицијата. Сите критики треба да се декласираат. Ако се продолжи ова, секоја дебата во општеството ќе биде јалова, ќе се обезвреднува спирално - предупредува тој.

За универзитетскиот професор Гордана Силјановска од скопскиот Правен факултет, во науката однесувањето по принципот „протест-контрапротест“ се нарекува - антиполитика.

- Тоа е ситуација во која проблемите се префрлаат на улица наместо во институциите. Власта е преокупирана сама со себе, а не бара начини како да ги реши проблемите на граѓаните и затоа ни се случува криза на политиката, но и криза на партиите. Македонското општество и во странските книги се опишува како партитократско. Битката, место внатре во институциите, власта и опозицијата ја сведоа на улица и преку невладиниот сектор. За жал и едните и другите ги употребуваат, односно злоупотребуваат граѓаните. Ако некој е гладен, невработен, исплашен, тој полесно ќе биде подложен на демагогија - потенцира Силјановска.

Според неа, меѓу двете најголеми партии нема никаква разлика, а резултат на тоа е тотална суспензија на државата од страна на партиите.

- Ваков начин на владеење би практикувале и овие поголемиве демократи што сега се во опозиција. Технологијата на управување е иста, дијалогот е ист. Тоа е дијалог на непријатели, а не на партнери што треба да изградат консензус. Дополнителен проблем е што невладиниот сектор не им помага на граѓаните во барањето на вистинските патишта, тоа е неавтентично цивилно општество кое е продолжена рака на власта или, пак, на некоја партиј
а - нагласува Силјановска.

Бранко Ѓорѓевски
Татјана Поповска
27-01-2011, 02:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4


Quote:Колективно лудило или играње со оган

Јове Кекеновски

Прашањето кое секојдневно си го поставувам последниве дваесетина дена е: Дали ова што ни се случува не наликува на веќе подзовриен котел, кој катадневно се подгрева со уште поголем оган? Логичен епилог е дека како резултат на превисоката температура прашање на ден е кога котелот ќе се прелее и ќе направи штета. Зошто ги затвораме очите и не сакаме да го видиме колективното лудило кое секојдневно се повеќе ни се заканува. Можеби некои и ќе речат дека ова е претежок заклучок. Но, мислам дека ова е вистина, односно правиот збор за она со што секојдневно се соочуваме. А како поинаку би го протолкувале она што пред неколку дена ни се случи пред општината Карпош? На почетокот, на една страна поддржувачите на градоначалникот Стевче Јакимовски, а на друга вмровците. Подоцна очи в очи, гради во гради, за малку избегнат инцидент! Како поинаку да се протолкува кога ги гледате тутунарите пред парламентот, а другите пред зградата на социјалдемократскиот сојуз. Како поинаку да го протолкувате кога на ист простор само еден час претходно ви протестираат студентите, а подоцна и професорите? Ај да се само овие случувања, би можеле и да го заборавиме тоа. Меѓутоа, ајде да се потсетиме на случувањата и на инцидентот во Штип, каде за влакно беше избегната тепачка меѓу членови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Да се потсетиме на секојдневните случувања во Советот на Град Скопје, каде личните навреди се неизбежен дел од политичките расправии и каде постои опасност во секој момент да избие тепачка помеѓу едните и другите. И затоа доколку набројувам и други случаи се повеќе сум сигурен дека констатацијата на почетокот на текстот е повеќе од точна. На сите умни и разумни глави во нашата држава овие случаи треба да претставуваат доволно силен аларм дека е време да прекине со поделбата на граѓаните на „наши“ и „ваши“, на “патриоти“ и на “предавници“, на “бранковисти“ и на “грујовисти“, на стечајци инструирани од СДСМ и на „жртви на транзицијата“ под капата на ВМРО ДПМНЕ, на вистински и на лажни лозари, тутунари и млекари. На овие простори историјата вели дека ѓаволот одамна ја однел шегата. Неразумноста, алчноста, самољубието, нетолеранцијата, политичкото профитерство и сеирџиство може скапо да не чинат како држава. Доколку и понатаму се продолжи да се подбуцнуваат и инструираат партиските членови и симпатизери, доколку и понатаму се продолжи со партиското непријателство, загрозена ни е иднината. Ваквото однесување и дејствување лесно може да ни се случи да излезе од контрола. И тогаш нормално е да го поставиме прашањето: Кој ќе биде виновен за тоа што може да ни се случи во иднина? Кој ќе биде виновен за братоубиствената борба, која лесно може да почне во секој момент? Доколку набрзо не се смират тензиите и меѓусебните обвинувања околу тоа кој е виновен за она што ни се случува, веќе утре може да се случи Тунис, Египет, Албанија. Лесно може да ни се случи братот да тргне против братот, соседот против соседот, пријателот против пријателот.... Согледувајќи ја оваа опасност јавно го поставувам прашањето: Дали режисерите на ова грозоморно сценарио и понатаму ќе глумат дека „ништо не чуле, ништо не виделе, ништо не направиле“. Демек, тоа дошло само од себе?! Кога имате една ваква напната и наелектризирана ситуација, кога наместо гласот на разумот приоритетно е извршувањето на партиската наредба, доволна е најмала провокација, еден неразумен гест или неодмерен збор, па целата ситуација да излезе од контрола. За да се распламти огнот, кој може да предизвика пожар од невидени размери, доволно е само уште една искра, уште еден ваков или сличен случај. Владејачката партија и нејзината ,,елита“ мора да сфатат дека со сила убавина не бидува. Не е можно да се наметнуваат решенија за кои постои голем и реален отпор и незадоволство кај граѓаните. Од друга страна, опозицијата во сето ова што ни се случува, не смее и не треба да гледа како на единствена поволна шанса за подобрување на сопствениот рејтинг и за брзо враќање на власт. И едните и другите мора да знаат дека доколку работите тргнат на лошо, нема да имаат каде и со кого да владеат. Наместо да продолжиме да го развиваме политичкиот дијалог, кој од страна на Европската комисија во нејзиниот последен извештај беше констатиран како релативно добар и доби задоволувачка преодна оценка, нашите политичари и партиски раководства не враќаат неколку чекори наназад. Не враќаат на почетокот. Овие недоквакани и самопрокламирани политичари мора конечно да сфатат и да научат дека политичкиот дијалог не се состои само од лидерски средби и заедничко пиење кафе и сликање пред телевизиските камери, туку пред се тоа е толеранција и разбирање за ставовите, идеологијата и легитимното дејствување на политичкиот противник. И затоа во оваа ситуација потребно е да се подигне степенот на толеранција, да се зачува присебноста, да не се дозволи состојбите дополнително да се влошат, да се смират тензиите. Едноставно, да надвладее разумот (се разбира доколку го имаме). Овде влогот е преголем. Тоа е иднината на Република Македонија и на македонските граѓани. Со ова што ни се случува, со еуфоријата која зафати поголем дел од македонските граѓани, како и колективното наметнато лудило, ние секојдневно се повеќе паѓаме на испитот на зрелоста. Наместо да ги користиме инструментите на непосредната демократија, наместо да им дадеме шанса на демократските правила на игра, отидовме во друга крајност, да си ги вадиме очите едни на други. Што би рекол Рацин “за туѓи бели дворови“ си ги копаме нашите гробови.

Авторот е универзитетски професор
29-01-2011, 02:21 PM
Reply
zorka Offline
Junior Member
**

Posts: 11
Joined: Dec 2010
Reputation: 0
#5

Овие поделби дефинитивно се испровоцирани и мене ми личат на кампања пред избори. Тие си се борат за власт а кој губи-народот. Но јас воопшто не ги жалам тие „смрзнати по патиштата стечајци“, или „кутри лозари“, или „излажани тутунари“- па тие не знаат зошто протестираат!? Сега барем имаме медиуми колку што сакаме, интернетот веќе е присутен во речиси секоја куќа. Па нека прочитаат малку, нека слушнат - а не само да се чека партиска директива. Така тие излегуваат и наивни и прости.
Ова со протестите и контрапротестите испадна како некоја мода. Јас навистина не се сеќавам порано да имаше такво нешто. При протести , спротивната партија ќе излезеше со прес конференција, ќе си го искажеше спротивниот став и толку. Ова навистина сега е циркус,брука . Само незнам како овој наш циркус се пренесува надвор, како соседите, Балканот , па и Европа гледа на ова?
30-01-2011, 12:09 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6


Quote:До кога лидерите ќе бидат поважни од народот

Нужно е да ја вратиме искреноста во нашите домови, на нашите улици, во нашите училишта, во односите со нашите комшии Турци, Албанци, Роми, Власи, Бошњаци. Потребно е да се потрудиме да спознаеме поединечно какви личности сме и кои се нашите индивидуални доблести и мани како граѓани. Потоа неизбежно ќе следува што треба да промениме кај себе за да бидеме подобри, за да можеме успешно да зачекориме кон подобра иднина на Македонија.

Појасно ќе ги согледаме особености што ги истакнуваат нашите етнички матрици како Македонци, Турци, Албанци, Роми, Власи.., чии судбини со векови се испреплетуваат во борбата за преживување, а тоа ќе ни овозможи искрено и отворено да се потрудиме да градиме подобар живот и поубаво заедничко утре за сите граѓани на РМ.

Знаеме ли дека не е возможна долготрајна и вистинска среќа ако сме себични и ако не им обрнуваме внимание на потребите на другите.

Чесно ли е да ја прифатиме неискреноста од нашите лидери како маска за постигнување себични и скриени материјални, политички и какви било други интереси, а притоа да си дозволуваме неосновани непријателски чувства кон различните од нас. Треба ли да ги презираме или да им завидуваме на оние што се посиромашни или побогати, поубави или погрди, побели или поцрни. Добро ли е да ги мразиме оние што зборуваат поинаков јазик: албански или македонски, ромски или влашки, српски или турски, оние што имаат друга религија, друга култура, друга професија...

Општ впечаток е дека светот тука и таму не само што допушта со него да владеат проблематични лидери туку и луѓето, за жал, многу често реагираат духовно абнормално во спротивност со своите сопствени желби и реални можности. Во најмала рака е чудна партиската опијанетост со која воодушевено се обезвреднуваат и омаловажуваат луѓе кои ништо не ни направиле, но се членови на друга политичка партија или, пак, се од друга националност или друга религија, припаѓаат на друга култура или имаат поинаков животен стил, или...

Последниве 20 години нашите големи политички лидери создадоа клима на сеприсутна бесперспективноста во која нема услови за индивидуален духовен развој, независен и слободен живот, рамноправни шанси за вработување и професионално напредување. Како единствена можност за преживување се наметна безусловно поданички партиски однос преку кој граѓаните им доверија на своите лидери апсолутна моќ над сопствените животи и судбини.

Поединци не сакаат да размислуваат надвор од партиските насоки и не успеваат да видат јасно дека истите тие државници (некои делумно, некои целосно), играат неискрена игра на двојни и тројни интереси при што интересот на обичниот човек и државата е по личниот и теснопартискиот интерес на лидерот. Граѓанинот е принуден да ја жртвува својата индивидуалност како личност, свесен дека единствена шанса му е во улога на партиски војник, послушно и трпеливо како кучето, да го дочека своето евентуално вработување или унапредување.

Ни се наметнува како лична и општествена опција да ги препознаеме љубовта, работата и знаењето како вистински и трајни извори на животот и да се избориме тие со нашите животи, во нашава Македонија, непопречено да управуваат.

Тоа ни го остави како аманет Вилхелм Рајх, еден од најдоблесните и најслободољубиви луѓе на оваа цивилизација. Тој достоинствено го приложи својот живот во храмот на западната цивилизација со тоа што почина во затвор во САД, затворен поради бескомпромисна одбрана на човековата индивидуална слобода и инсистирањето да ~ се обезбеди на секоја личност право на љубов.

Д-р Јохан Ѓорѓиоски,
психијатар
04-02-2011, 03:01 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#7

(29-01-2011, 02:21 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Колективно лудило или играње со оган

Јове Кекеновски

Прашањето кое секојдневно си го поставувам последниве дваесетина дена е: Дали ова што ни се случува не наликува на веќе подзовриен котел, кој катадневно се подгрева со уште поголем оган?...
Авторот е универзитетски професор
Јове Кекеновски има што да каже на оваа тема?! Хехехе... како кадар наследен од СФРЈ нели, има што да каже...

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
05-02-2011, 01:15 AM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#8

So site nastani vo i okolu PAJAZINA i se sto se slucuva vo toj period bese ama sepak ne dozivea kulminacija vo desavki , iako na slucuvanja vo ALBANIJA posebno , pa BUGARIJA , ama ete ti belja TUNIS ALZIR a sepak EGIPET go izmestija i go razoblicija ona sto znaci edni protiv drugi a sepak tamu na ulicite po KAIRO nitu od ednata strana gi nemase na linija na PRESMETKA MUBARAK i onoj koj go vodi i pretstavuva narodot i sto e ZRTVI MRTVI i stradanja ako ama MUBARAK ke si odi ziv i zdrav a ke dojde DEMOKRAT koj ne e videl i ne ja pocuvstvuval ulica , pa vo toj pravec i kontekst na mozni desavki i slucuvanja bea i se JAS SUM A1 ili JAS NE SUM A1, i seto podgrevanje od napustanje pa do MITINZI i KONTRA MITINZI
IAKO narod se obiduva da se sluci vo HRVATSKA i SRBIJA a i kaj nas POSETA sto ja imal RIKER nasiot prijatel od ZEMJA PODRZVAC koja stoi pozadi MAKEDONIJA a toa e USA vo prisustvo na PREMIER i BRATUCED ,iako ne znaeme koj pisel KAFUCINO koj sto rekol porekol , sepak toa e ona sredba kako na vreme komu da mu dadat podrska BRITANCI vo 2 sv.vojna e sea dali i sto i kolku i kako i koga ke se sve toa sluci vreme ke pokaze ama NAROD da se bie megu sebe nema da ima , sto ponnatamu e toa e prasanje na MAKEDONSKI NAROD ama MITINZI I KONTRA MITINZI edni za drgui protiv so zrtvi megu niv , a NAVODNI KOMANDANTI vo BUNKER eeeeee toa e zavrsena rabota , sepak ke mora da gi vidime MEGU NAROD i toa ke se macat i pecat ama taka e , MAKEDONIJA ima sanasa da konecno promeni svoja POLITICKA SCENA i PRETSTAVNICI a kako taka sto SITE ZDRUZENIJA TUTUNARI MLEKARI ZEMJODELCO PROFESORI itn davat svoi PRETSTAVNICI na sledni IZBORI za PARLAMENT i GLASAT samo i samo za NIV , a ostavat DRUGOVI od VMRO i SDSM da si se dokazat i dobijat glasovi od ostanati nivni clenovi i podrzuvaci ke se vidi deka vo sekoja izborna edinica ke pobedi KANDIDAT na TUTUNARI STECAJCI MLEKARI i toa ubedlivo nad kandidati od VRMOili SDSM , e kako e pa taka ako site tie luge znaat deka u 1 da receme kandidat br1,2,3,4,5, se profesor na fakultet posten asolen i kvaliteten cumu kandidat od SDSM i VMRO , vo 2 kandidat od TUTUNARI MLEKARI STECAJCI nasprema SDSM ili VMRO pa da vidite komu glasovi ke idat ako tie luge se tie TUTUNAARI STACAJCI MLEKARI , a ne da vo tie rolji gi gledame ZINGO TITO ANDIOV drugarot STOJMENOV AMDI TRAJANOV itn ke vidite deka eden cesen MAKEDONEC ALBANEC domakin so arni nameri za sebe i semejstvo i MAKEDONIJA ke gi pobedi ovie decki koa SLEPER zaba ama mora da toa tie go storat , veke USA im pomogna ovie od SDSM i VMRO nemozat da organizirat NEREDI HAOS i presmetki od sekakov vid ako pak ne sa razbrali i se drznat da toa go stroat e togas tesko niv ama mila im e kozinkata i paricki sto zgrnaa ta ke bidat arni ,znaat deka taa lokacija na KALE ne e za gabe gradena ami za ARNO na site u regiona ta taka i na MAKEDONSKI NAROD i veke nema trte mrte samo trte e pa corba
05-02-2011, 09:24 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#9

Quote:КОЛУМНА
Пишуваат Петар и Душан Петровски
сабота, 05 фебруари 2011 02:41


Цутаат кокичињата на Македонската пролет


“Не знам која ќе биде вашата Судбина; знам дека оние меѓу вас кои ќе бидат навистина среќни, ќе бидат оние кои ќе бараат и ќе најдат како да и’ служат.” Алберт Швајцер

Кога ние заминавме од Македонија пред повеќе од десет години, едвај бевме полнолетни, Петар само што наполни 20, а Душан 17 години. Покрај притисоците со политички корени, поради кои нашето семејство беше принудено конечно да ја напушти Татковината, ние двајцата имавме и свои, себични причини за желбата да се иселиме од Република Македонија. Постојаните навреди како “ВМРОвски свињи”, “ебени Македонци”, шиканирањата од СДСМовската (србоманска) средина заради нашиот патриотизам - беа значки на почест, кои ние гордо ги носевме. Од друга страна, остануваме фрапирани кога ќе чуеме за тоа кој се’ станал преродбенички “ВМРОвец”. Поради високиот профил на нашите родители, ние бевме на прв удар на анти-Македонските служби на пропаганда, и поради тоа, ние први минавме низ голготите низ кои денес минуваат илјадници Македонци.

Сепак, како двајца младинци, кои допрва требаше да си ги отпочнат своите индивидуални животи, односно, да градиме кариери и семејства, безперспективноста која ја нудеше македонската реалност беше премногу разочарувачка. Оттука, се здобивме со интуитивна способност да ги препознаваме жртвите на опакиот македонски државно-уердувачки систем. Оттука и сочувстуваме со македонската младина, која секојдневно бара начин да најде подобра иднина надвор од наша Македонија. Петар, на 18-годишна возраст, беше еден од првите преведувачи за американската војска на Косово во 1999. година. Оттука, сочувстуваме со сите оние кои како модерни гастербајтери ја бараат преживувачката низ белосветските војни жаришта – ни криви, ни должни играјќи ја улогата на крвнички профитери.

Знаеме што е да си иселеник - “гол пиштол”, да влегуваш во празен стан, да работиш по 16 часа дневно, 364 дена во годината, на отворено небо во канадската зима, во држава каде што не познаваш никој, ниту некој сака да те знае; каде што на 18-годишна возраст треба да станеш барабар со главата на куќата, зашто тој не го познава јазикот. Оттука, сочувстуваме со сите кои мораат да го направат најтешкиот избор во човековиот живот – да заминат јабана, оставајќи ги зад себе своите најмили, барајќи го подоброто утре, за своите деца.

Кога заминавме од Македонија, пред десетина години, на власт беше ВМРО-ДПМНЕ на Љубчо Георгиевски – партијата заради која страдавме во претходните 7-8 години. Сеуште не знаеме зошто нашиот дотогашен идол, го изврши предавството кон идеалите заради кои нашето семејтво, и илјадници слични, го поддржуваа и во него гледаа спасител на македонската нација. Сеуште не знаеме зошто тој го изврши и личното предавство спрема нашиот татко Јордан – кое беше “сламката која и’ го скрши грбот на камилата”, односно причината заради нашето конечно заминување од нашиот мил роден крај.

Но, притисоците врз нашето семејство станаа неподносливи, пред се’ од една главна причина: разочарувањето во партијата ВМРО-ДПМНЕ (нејзиното лидерство) кое што го дожиева нашето семејство, сеуште не беше доживеано од општото мнозинство на македонското население, особено од ВРМОвците. Бројот на поедници кои имаа можност да ја согледаат реалноста, кои не беа занесени од новостекнатата победа на нашата партија, и кои имаа она што може да се нарече слободна мисла, беше премал. Надежта последна умира, па затоа на многумина им беше тешко да ја прифатат вистината дека “промените за достоинствен живот” се сеуште далеку од нашите прагови.

Оние кои не ја знаат историјата, обично ја повторуваат. Тоа беше и вистинската причина за еуфоричниот прием на Никола Груевски како новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Секако, некои луѓе се неспособни да научат, ниту од туѓите, ниту од своите грешки. Тие се слепите “верници” на кои Црвената буржоазија (К.Л.) ги заснива своите надежи.

Но, се’ тече, и се’ се менува. “Пророштовото” кое нашиот татко почна да го шири веднаш откако ги согледа грешките кои новата власт ги правеше се оствари: периодот на владеењето на Георгиевски остана една огромна пропуштена шанса за македонската држава конечно да ги отфрли комунистичките спреги кои ја држат заробена веќе скоро седумдесет години.

Секако, во секое зло има и добро, па сето зло од последниве десетина години, почнува да раѓа свои добри плодови. Така, онаа слободна мисла, која што пред десетина години ја делеа шака луѓе, денес станува едно масовно движење. Тоа движење на слободната мисла, одбивањето да се прифати сивата реалност како неминовност, и желбата Татковината да стане подобро и подостоинствено место за живеење одошто исленичките дестинации е нешто што ние сакаме да го наречеме “Македонска пролет”.

Ова е нештото за кое често пишуваат Констанин Леонов и Владимир Костовски, како ветерани на слободната мисла, и е она што најмногу го плаши македонскиот Естаблишмент. Стравот кој го предизвикува зародишот на Македонската пролет е согледлив во постапките на истиот во последниве неколку месеци. Станува збор за општонародниот раскол кој Жолтите и Портокаловите се обидуваат да го разгорат. Станува збор за се’ поочигледните напори да се створи општ хаос помеѓу граѓанството – од проста причина: Естаблишментот се обидува да ја задржи контролата врз народот на единствениот начин на кој тоа го знае и умее: држејќи го народот во заблуда и неукост.

Жолтите, лажните социјал-демократи, повеќе од два месеци секојдневно и безсрамно се обидуваат да предизвикаат, во жаргонот на еден од идејните им лидери, “дешавка на народот”. Чаушеску, Тунис, ревлоуција, бунт, востание им се зборовите на кои никако да им оддолеат овие велесветски демократи. Апсењето на криминалец, кој на итар начин ги пере парите преку медуими, се обидуваат да го претстават како замолчување на демократијата. Ова доаѓа од кампот кој гонеше чесни луѓе, само заради фактот што тие чесни луѓе на сон не си ја пееја “Друже Тито”!

Но, прашањето е поголемо. Дали може да се постави демократска власт на недемократски начин? Историјата докажува дека насилството гаи само повеќе насилство. Француската и Руската револуција се два од најголемите и најдолготрајни колежи забележани од модерната цивилизација. Со сценарио на бунт, односно, насилно менување на власта, на кое повикуваат Жолтите, најголемата жтрва, секако ќе е народот. Едното зло ќе го замени со друго. А историјата вели, дека новото зло е уште пожестоко и безмилосно од преходното, најверојатно поради губењето на совеста при превземањето на чекорот да се превземаат помалку од човечки мерки: да се убива.

Одговорноста на Власта е да биде телото кое ќе спречи било какви расколи и недемократски нереди. Оттука, дејствувањето на Портокаловите е дотолку се’ понелогично. Секако, нелогично, за логична држава, што Република Македонија не е. Таа е апсурдна и парадоксална. Таа е држава која го валоризира злото, а го демонизира доброто. Таа е држава која што дејствува против самата себе си, односно, дејствува против својот народ. Доколку работите се гледаат од оваа перспектива, тогаш дејствувањето на Портокаловите станува сосема логично; им се дава смисла на сите катастрофални и самоштетни потези кои истите ги влечат.

Потезите на лажните демохристијани, како што е катастрофалното спроведување на случајот “Пајажина”, каде што се оставаат милион и една дупка во постапките; медиумските настапи на Премиертот и другите државни службеници во кои, наместо тие да понудат реални одговори, како и доблест да ги смират тензиите, тие влегуваат во конфронтации со новинарите; контра-протестите кои се организираат на секој чекор, како и врескањето кога било кој, на било каков начин ќе понуди конструктивна критика, само долеваат масло во огинот кој го потпалуваат Жолтите.

Маглата на војната е зоната на удобност на македонскиот Естаблишмент, и причината поради која двете фракции на Црвената буржоазија неуморно работат да до задржат видикот на народот во нејзините матни рамки. Политичката криза во која моментно се наоѓа Република Македонија е прозвод на здружените напори на “двете банди од иста мајка” (В.К.). Но, не по некоја случајост, или од вистинска желба едните да ги избришат другите.

Тоа можеа да го сторат досега на многу полесен начин: преку спроведување на криминалните закони, кои и едните и другите ги имаат прекршено, а за кои обете страни имаат доволно сознанија да ги извршат судските постапки по експресна постапка и задоволително по сите европски стандарди. Овие две бадни се “сијамски близнаци”, кои делат едно срце. Па, како што вели “Еднооки”, што ќе му е власт на Груевски, без Црвенковски, кога едниот нема живот без другиот. Не заради голема љубов, туку заради испреплетените пипци на “Октоподот”.

На Република Македонија не и’ е потребна “дешавка на народот”, “Тунис” или “Букурешт”; исто како што не и’ беа потребни “Битпазар”, приемот во ООН под привремена референца на која никако да и’ истече рокот на траење, фалсификатот на Изборите ’94 или “Татковинската војна”; исто како што не и’ е потребна нова влада предводена од Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Срѓан Керим или Никола Груевски. Таа гори да го види расцутувањето на својата Пролет, со сиот свој раскош. Како го знаеме тоа? Некои работи, некогаш едноставно човек ги знае.

Можеби ова се само зборови на надеж на двајца младинци на кои сеуште им врие крвта, но ние мислиме дека Македонија сега го има човечкиот капитал кој еднакво гори да расцути, и да му се докаже на светот. Ние имаме верба дека Црвената буржоазија нема ја има умешноста со која ќе успее да и’ застане на патот на Македонската пролет. Имаме верба дека народот нема да наседне на провокациите, чија цел е да го видат да одигра улога на пиун и повторно да остане изигран. Ние веруваме дека Македонскиот народ нема да се “деси”, туку ќе ги надмудри и Жолтите и Портокаловите, и нив ќе ги сруши на најдемократскиот можен начин – на избори!

Авторите се членови на Комитетот за Демократизација на Република Македонија

П.С.
Конечно самите партии - кои парадираат под псевдоними на социјал-демократи и демохристијани, идеи со кои ниту едните, ниту другите немаат ништо заедничко - си дадоа синоними кои далеку подобро ја отсликуваат вистината за овие групировки на профитери: две нијанси на нездрав измет!
05-02-2011, 02:35 PM
Reply