Господине Боцевски да ви пожелам добредојде на дискусијава од име на Комитетот за Демократизација на Македонија чиј соосновач е Групацијата на Дисиденти Ветерани. ГДВ би требело да e носители на дебатата за законот за лустрација. Причина, сите сме иматели на досиеа и тоа од 1947 па до 1998 година.
На вас лично ви упатавам честитка што со дело покажувате дека се обидувате да отстраниме една од најголемита пречки за влегување на Р. Македонија во Европска Унија-неспроведување на резолуциите на ЕУ за осуда на комунистичките режими и нивните злодела, резолуции од 1996, 2006 и 2008 година.
(18-01-2011, 09:03 PM)bocevskiivica Wrote: Сенките на тајните служби висат врз лустрацијата
Ивица Боцевски
Ивица Боцевски, еден од изготвувачите на Законот, смета дека мора да се смени начинот за избор на Лустрациската комисија
Критична точка со актуелните измени се начинот на кој се изготвени. Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го ставаат македонското општество пред свршен чин и нудат своја партиска верзија на Законот. Првичната верзија на Законот беше донесена консензуално, по долга и обемна јавна дебата. Соочувањето со македонското тоталитарно минато може да биде успешно само доколку стане поширок општествен проект што ќе ги расчисти црните петна на македонскиот комунизам.
Не е дозволива дволичност во политичкото однесување. Од една страна сакаме лустрација, а од друга страна, пак, гледаме како практично не постои парламентарна контрола врз безбедносните служби. Парламентарната комисија безуспешно се обидува да обезбеди присуство на директорот на УБК, а долго време беше невозможно таа да почне со работа затоа што изостануваа безбедносни сертификати за нејзините членови. Доколку навистина се согласуваме со целите на Законот за лустрација, тогаш е јасно дека политичките партии треба да покажат јасна политичка волја за почитување на актуелните уставни начела за цивилна контрола врз војската, полицијата и безбедносните служби. Во досегашното македонско демократско искуство тоа не било случај. Сомнежите дека лустрацијата може да се претвори во „лов на вештерки“ и средство за политичка пресметка стануваат легитимни во услови кога новите измени на Законот ни се претставуваат како „fait accompli“ од страна на двете владејачки партии.
Капацитетот го прават одговорните функционери и нивната административна и стручна поддршка. Најдобар пример за тоа е соодветната германска институција. И покрај тоа што нејзиното име е Сојузен комесар за архивите на Штази, Германците го употребуваат називот Канцеларијата на Гаук. Имено, првиот раководител на оваа институција, Јоаким Гаук, благодарение на својот успешен мандат дава личен печат на институцијата.
Досегашната примена на Законот јасно посочи дека неговите измени се потребни токму во делот на Комисијата, нејзиниот избор, постапката на работењето, пристапот и располагањето со архивите, како и нејзината административна поддршка. За жал, тука не гледам посебно подобрување.
Според нас, ниту еден обид за лустрација кој нема да биде сконцентриран на Извршителите и особено на Налогодавачите и Соработниците, нема да е сериозен и ке е само купување на време.
ВМРО ДПМНЕ нема вистинска желба да донесе закон за лустрација кој навистина ке си ја изврши функцијата за која ке биде донесен. Лустрација чија цел е да ги открие вистинските виновници:
– профитерите од "трансформацијата на општествениот капитал".
- нарачателите на прогонот од 1991. година, кој е на идеолошка и национална основа
Вистинска консензуалност неможе да има. Причина: нарачателите, извршителите и соработниците се центрите на економска, политичка и полициска моќ. Која форма ке се избере за да зконот повторно не заживее не е битно. Битно е што Груевски знае дека зaконот повторно ке е мртвороденче.
Комисијата за верификување на факти ..... беше и ке остане најлошото решение, но тоа не е случајно. Комисијата треба да е последена и најсигурна карика во системот кој има за цел да ја спречи лустрацијата. Комитетот затоа испраќа писма до институциите на ЕУ, State Department, во кои предупредува на оваа. Во правна држaва неможе комисија составена со париски пазарења и од нестручни луѓе да решава вакво прашање.