Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 2.6 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Министерство за надворешни работи/меѓусполни односи со странство
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#1

Уште Овид велел дека на заљубените не треба да им се дозволи да се повикуваат како сведоци, за оваа прилика би можеле да додадеме и да не не претставуваат во странство па макар и пред наши иселеници.
Quote:Љубовна афера без епилог
[Image: 213BF49E3070CF4290C4E87367AABC3A.jpg]Слободан Најдовски

Љубовната афера во амбасадата во Австралија не може да остане отворена и без епилог како да е турска серија во продолженија

Како пратеник, многу ретко се вклучував во дискусиите од областа на меѓународната политика. Не дека не ги разбирав работите, напротив, тоа го правев како еден вид протест, бидејќи тоа беше тема во која се вклучуваа тие што без разлика на партиската припадност, себеси во парламентот се сметаа за сиви еминенции. Но, всушност, се работеше за сосема друго. Темите од т.н. гола политика се дискутираат и се тресат од ракав, а за темите од економија или која било специјалност треба многу материјали да се прочитаат, многу закони да се познаваат, да се проверат многу податоци и голема е опасноста да се погреши. А, пак, за меѓународната политика, онака аматерски, како што се третира кај нас, доволно е да се прочитаат неколку написи по весници, да се фрлат две три пароли, па уште ако се цитира некој странски дипломат, е тогаш сте покажале големо познавање. На ова размислување ме поттикнаа случувањата со амбасадорот во Австралија. Тој случај отвори две прашања за кадровската политика во амбасадите. Првото е за оспособеноста на кадрите што се праќаат за амбасадори, а второто е за непринципиелноста на оваа Влада кога е во прашање однесувањето на амбасадорите.

Од осамостојувањето на државата постоеше и се' уште е присутен судир или тивка војна меѓу политичарите и вработените во Министерството за надворешни работи околу персонално-дипломатското претставување на земјата. На една страна, вработените во МНР се јавуваа со анонимки или преку свои пријатели во медиумите, критикуваа за немање дипломатска кариера на избраните амбасадори што произлегуваат од политичките кругови. На друга страна, пак, политичарите ги критикуваа дипломатите, кои седат дома со нераспакувани куфери, дека единствено мислат како да заминат во странство, без притоа да покажат основни познавања и интерес за политичките, а посебно за економските состојби во земјата. Сепак, и едните и другите гледаат еднострано. Практиката ги демантира. Поранешни политичари се покажале како одлични амбасадори, а наспроти тоа, и вработени во МНР т.н. дипломати од кариера, се покажале како целосно промашување. Не значи ако некој бил политичар и како компензација за смена од функција биде испратен за амбасадор може да биде и дипломат. Но, исто така, не значи дека и секој вработен во МНР е дипломат од кариера. Секоја чест на поединци, но не значи дека користејќи ги врските, роднински или партиски при вработувањето, веднаш стануваат и дипломати од кариера.

Случајот со амбасадорот Перо Стојановски покажа дека честопати во амбасадите се испраќаат неподготвени и неизживеани луѓе. Уште не стивната хумуреската со новоименуваниот амбасадор во Турција, на сцена стапи амбасадорот во Австралија. Овој случај е специфичен, бидејќи уште еднаш го потврди недоследното однесување на власта. Немајќи смелост да се однесуваат како што треба во дадената ситуација, премиерот и министерот за надворешни работи покажаа дека имаат двојни аршини. Двојните аршини на премиерот Груевски не еднаш се покажале, но ова е еклатантен пример дека се однесува во зависност од партиската припадност. На актуелната власт треба да и' се признае дека и крупните грешки на нивните кадровски решенија знае да ги минимизира. Можам само да замислам како ќе се пенавеа ако беше во прашање некој амбасадор што не им е по волја. Веднаш ќе беше прогласен за непријател број еден, бидејќи ги „посрамотил Македонците во дијаспората“.

Овие денови најспоменуван е случајот за поранешниот, покоен, претседател на Собранието, Љупчо Јордановски. За колумна во „Утрински весник“, во која искажа сопствен став за внатрепартиски односи во својата партија, од САД беше вратен амбасадорот Јордановски, политичар што беше со потврден кредибилитет и политички габарит во однос на овие пилиштарци што си играат сајкал со државата. Уште со самото излегување на колумната, од ВМРО-ДПМНЕ му го испратија катил ферманот и се дречеа како е нарушен угледот на државата. Веднаш по изборот, загрижен за имиџот на дипломатијата, министерот за надворешни работи Милошоски ги повика Ѓорѓи Спасов и Љупчо Јордановски на консултации и им соопшти дека треба да се повлечат од амбасадорските функции. Зошто сега министерот не го повика амбасадорот да му ја објасни ситуацијата или таа му е јасна, но не знае што да прави. Демек, со ова не е нарушен угледот на државата Македонија.

За случајот на отповиканите амбасадори премиерот Груевски зборуваше дека „амбасадорската функција бара нешто друго. На тој начин тие ја изгубија довербатата кај новата владина гарнитура и да сум јас на нивно место сам би се повлекол“. Според Груевски, тие се занимавале со локални, партиски проблеми. А, си го поставува ли прашањето сега - со што се занимавал овој амбасадор? Најверојатно, со меѓународни проблеми ако љубовницата има двојно државјанство. Но, изгледа дека според Владата, амбасадорот ги претставувал Македонците во своите способности и затоа не треба да го повикаат, туку треба да се гордееме со него. Однесувањето на премиерот при отповикувањето на амбасадорот Јордановски покажа дека не бил во прашање имиџот на дипломатијата и угледот на државата, туку бил во прашање почеток на демонстрирање на моќта на премиерот и поставување свој човек во Вашингтон.

Љубовната афера во амбасадата не може да остане отворена и без епилог како да е турска серија во продолженија. Таа мора да има свој крај. Едно е прашањето за „провалата“ во резиденцијата, и тоа ќе се процесуира пред надлежните австралиски институции. Но, друго е прашањето за моралните квалитети и кредибилитетот што ќе го има амбасадорот во иднина и за политичката одговорност на носителите на функции во надлежните институции, бидејќи не е виновен само амбасадорот, туку и тие што го испратија таму. За почеток, господинот премиер правејќи паралела, како што вообичаено милува, треба да одговори во кој случај повеќе е нарушен угледот на државата и дали ќе постапи исто и кога се во прашање амбасадори членови на неговата партија. Можеби амбасадорот во Австралија не го наруши угледот, бидејќи „работел“ тајно, а амбасадорите во Вашингтон и во Лондон пред пет години јавно искажаа мислење. А кај нас, по се' изгледа, се казнува за јавно изречен збор. Затоа, министерот за надворешни работи треба да го повика амбасадорот и во рамките на своите надлежности да се обиде да ги испере валканиците нанесени врз угледот на државата.

Покрај многуте негативности, случајот со амбасадорот во Австралија може да има и позитивна страна, во смисла на отрезнување на Владата од дезориентираноста во кадровската политика во дипломатијата. Исто така, конечно треба да се надмине дилемата дека за успешен дипломат не е пресудно дали е некој политичар или вработен во МНР, туку тоа зависи од изграденоста и од кредибилитетот на личноста. Време е за сериозен пристап во надворешната политика што треба да биде ослободена од партиски стеги. Рачната треба да ја крене претседателот на државата, кој има ингеренции во ова област, но има и познавање и кредибилитет на човек што знае да ги цени вистинските вредности.

Извор
An inch today is tomorrow’s mile.
11-01-2011, 10:09 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#2

Quote:Приказната за конзулот во Чикаго не е точна
ЈОВИЦА ПАЛАШЕВСКИ. конзул во Чикаго
Демант на текстот „Конзулот во Чикаго се тепал на паркинг“ објавен на 15.1.2011 година во „Утрински весник“

Сакам да ја информирам македонската јавност дека целосно се неточни тврдењата изнесени во текстот на новинарот со иницијали Н.Р. Груба лага и манипулација е информацијата за мене, бидејќи во изминатиот период од две години во извршувањето на функцијата генерален конзул на Република Македонија во Чикаго постигнав натпросечни успеси што резултираа со неколку достигнувања:

Добивање награда „Award of Excellence to Economic Development Office of the Consulate General of the Republic of Macedonia” (Награда за постигнување одлични економски резултати, доделена на генералниот конзул Јовица Палашевски) од страна на Office of the Cook County Treasurer – Maria Papas;

Едногласен избор за мој прием во Executive Committee (Извршен комитет), составен од пет члена-генерални конзули, кои го претставуваат дипломатскиот кор во Чикаго (организација во која членуваат генералните конзули на 83 држави што имаат свои дипломатски претставништва во Чикаго);

Избор во комисијата за надворешни работи - International Committee на Executive Club Chicago (клуб во кој членуваат најеминентни бизнисмени од Corporate America, како претседателите на Boeing, Mc Donald’s, AOL, JP Morgan и Chase итн., како и моментниот шеф на кабинетот на претседателот на САД- Барак Обама, William M. Daley);

Издавање најголем број патни исправи во САД;

Формирање паралелки за изучување на македонскиот јазик во црковните општини;

И повеќе признанија за достигнувања од страна на организации од дијаспората.

Ова претставува неетичко и непрофесионално информирање затоа што прилогот е целосно невистинит и не е поткрепен со докази.
Извор



Quote:Лична дискредитација

Маја Стојановска, државна секретарка во МНР

Во врска со написот „Конзулот во Чикаго се тепал на паркинг“, објавен во вашиот весник на 15 јануари 2011 година, најостро ги демантирам наводите изнесени во дел од текстот што го посветивте на моја лична дискредитација.

Уште повеќе, згрозена сум од фактот што никој од Вашата редакција не ме контактираше за да побара моја изјава, со што би се запазиле основните новинарски постулати. Симптоматично е што текстот не е потпишан од новинарот што го напишал и на крајно непрофесионален начин, објавивте текст со кој ми ги нарушувате честа, угледот, ме навредувате и ме клеветите.

Извор

Брз одговор.

An inch today is tomorrow’s mile.
19-01-2011, 01:25 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#3

Quote:Во лаптопот имало и службени документи?

[Image: 80A63B71513A7C4DBD48537B3CA37EAB.jpg]
Лидија Думбалоска тврди дека не го уценувала љубовникот Перо Стојановски

Тамара Грнчароска



Љубовницата на македонскиот амбасадор во Австралија, Лидија Думбалоска, пред судот во Канбера изјави дека не е виновна за уценување на македонскиот дипломат. Думбалоска, како што пренесуваат австралиските весници, во своето кратко појавување вчера пред судот изјавила дека не е виновна по ниту едно обвинение поднесено против неа. Таа е обвинета за провала, кражба, уценување и изнуда од Стојановски. Думбалоска е уапсена за провала во резиденцијата на македонскиот амбасадор на 27 декември минатата година и за кражба на неговиот лаптоп, за што потоа од Стојановски барала 150.000 австралиски долари и 40.000 евра.

Австралискиот весник „Канбера морнинг“ вчера објави дека Стојановски на истрагата и' изјавил дека лаптопот содржи чувствителни информации поврзани со неговата работа во македонската амбасада, иако од македонското МНР тврдеа сосема обратно. По обелоденувањето на кражбата и скандалот во Австралија, МНР излезе со став дека „лаптопот на амбасадорот бил приватен и целиот настан го засега само неговиот интимен живот“. „Нема да коментираме лични или семејни проблеми од овој вид“, стоеше во изјавата од МНР, како и тоа дека на амбасадорот му биле украдени само лични работи од домот, а „целата службена документација се чува во амбасадата“.

МНР вчера не сакаше да ги коментира информациите дека лаптопот, сепак, содржел службени документи, велејќи дека остануваат на првичната изјава додека не добијат подетални информации од амбасадорот. Сепак, од МНР наведуваат дека според информациите со кои располагаат, во лаптопот немало службени документи.

Думбалоска е обвинета и за кражба на повеќе други предмети, меѓу кои модем, торба за лаптопот и СИМ-картички за мобилен телефон. Судијката Марија Дуган го закажа продолжувањето на процесот за март, при што и' го продолжи и притворот на Думбалоска. Таа беше уапсена од полицијата на новогодишната ноќ.

Думбалоска и Стојановски биле во љубовна врска откако тој ја презел функцијата амбасадор во Канбера, за што реагираше и македонската заедница во Австралија, бидејќи амбасадорот повеќе време му посветувал на својот приватен живот отколку на извршувањето на дипломатските активности. Стојановски и Думбалоска се познавале уште од студентските денови, а таа живеела и работела во Канбера во изминатите 12 години.

Извор

МНР со изјавите ја намалува штетата.
Од ова испаѓа дека некој избрал некомпетентен човек за амбасада.
Тие што се вработени во Амбасадата, некако ми изгледа дека никој од нив не се потрудил да го заштити и угледот на Амбасадорот и угледот на Амбасадата.
An inch today is tomorrow’s mile.
25-01-2011, 09:14 PM
Reply