Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ФРЧКОВСКИ ПРЕДИЗВИКАН НА "ДВОБОЈ"
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

[Image: 2cem51c.jpg]


Писмо со кое го предизвикувам Фрчковски на отворена дебата, денеска е објавено во ДНЕВНИК. Да видиме дали "демократот"-македонскиот Берија ке ја прифати фрлената ракавица.


Quote:ПРОЧИСТУВАЊЕ ИЛИ СПАС ОД ЛАЖНИТЕ ПРОРОЦИ



Повеќе од три години се обидувам да ја истерам правдата и да покажам пред македонската јавност кој е и што е ексминистерот на МИЛИЦИЈАТА - Љубомир Д Фрчкоски, кој преку колумните во вашиот весник држи предавања за право, за презумпција на невиност, за почитување закони, човекови права итн. Јас и моето семејство го запознавме вистинскиот ЉДФ и неговиот однос спрема наведените точки уште во текот на 90-тите.

Имено, во 1992 г., по изборот на Црвенковски за премиер и назначувањето на ЉДФ за министер на полиција, јас сум станал интересен за ИДЕОЛОШКАТА милиција, која почнала да ме следи. По скоро пет месеци и официјално ми отвориле досие со многу сериозно обвинение - дека наводно службата дошла до сознание за постоење индиции дека сакам да го СРУШАМ УСТАВНИОТ ПОРЕДОК на Републиката. „Дознале“ дека Р Бугарија ќе им помага на фирмите блиски до ВМРО ДПМНЕ. Дека тоа не е точно говори фактот што фирмата од Р. Бугарија со која соработував во тоа време не ми плати долг од околу 200.000$. Ако бугарската влада имала став да ги помага на фирмите блиски до ВМРО ДПМНЕ, сигурно ќе ми го исплатеше долгот. (Во контекст на помагањето фирми од интерес на држава имам прашање до ЉДФ: Во интерес на чија држава му го простивте долгот од 200.000 ГМ на Драган Далаверски, земени од Народна Банка на Македонија летото 1994, за што НБМ поднесе кривична пријава)

Министерот ЉДФ тука направил неколку злоупотреби на службена должност: и покрај Законот за работа на УДБ-СДБ, според кој следењето може да трае најмногу ЕДНА ГОДИНА, тој потоа дал налог моето следење да продолжи. Прислушувањето на моите телефони е одобрено без судски налог, а употребиле и други технички мерки: озвучување на станот, работните простории. Да не набројувам понатаму, си знае ЉДФ.

Јас сум подготвуван и обработуван четири години. Прво сум уништен финансиски бидејки ЉДФ мислел дека така полесно ќе ме принуди на соработка. Во негово време и со негово знаење беа изработени плановите за вклучување на "вмровци" блиски до Љубчо Г. во шверцот на цигари, вклучувањето на лица погодни за СДБ на раководните структури во ИК и конечно обезбедување "непобитен доказ дека ВМРО ДПМНЕ се финасира од Бугарија".

Дали еден човек на кого устата му е полна со демократија би помислил вака недемократски да се пресметува со идеолошките и политичките противници? Дали тоа е вистинската демократија, а онаа што ни ја проповеда е лажната?

Во име на вистината и демократијата апелирам до "Дневник" да ми овозможи отворена дебата со господинот Фрчкоски, за да на овој начин јавно го проговориме овој случај и за да отпочне вистинско прочистување на македонското општество. Во спротивно, човек кој учествувал во прогон на идеолошки и политички неистомисленици, а со тоа и човек кој нема морално право да говори за кршењето на човековите права, секоја седмица добива прилика да го омаловажува целото македонско општество.



Јордан Петровски, Македонски државјанин, политички азилант во Канада

Претседател на Комитетот за Демократизација на Република Македонија


Писмото во целосна верзија


Quote:ПРОЧИСТУВАЊЕ ИЛИ СПАС ОД ЛАЖНИТЕ ПРОРОЦИ

Неколку пати досега се имам обидено да дадам одговор на некоја колумна на вашиот колумнист господинот Љубомир Данаилов Фрчкоски во која тој зборува за лустрацијата или судските постапки. Сите мои досегашни обиди биле безуспешни, иако како единствениот политички азилант од времето на Независноста, имам неприкосновен легитимитет да зборувам за продолжувањето на праксата на УДБ-а (СДБ) за прогон врз идеолошки и политички противници.

Се надевам дека во име на слободата на говорот и демократијата конечно ќе ми дадете простор да полемизирам со екс-министерот на милиција ЉДФ. Го барам ова од вас, од причина што повеќе од три години се обидувам да ја истерам правдата и да покажам пред македонската јавност кој е и што е екс министерот на МИЛИЦИЈА - Љубомир Д Фрчкоски, кој преку колумните во вашиот весник држи предавања за право, за презумпција на невиност, за почитување на закони, за почитување на човекови права инт. Јас и моето семејство го запознавме вистинскиот ЉДФ и неговиот однос спрема наведените точки, уште во текот на деведесетите.

Да почнам од почеток:
Кон крајот на септември 1992. год., по изборот на Бранко Црвенковски за премиер и назначувањето на ЉДФ за министер на полиција, сум станал интересен за ИДЕОЛОШКАТА милиција која почнува да ме следи. Се повикуваат на разговори мои пријатели, соработници, познаници и вработени, и им се нуди соработка. Првите службени белешки се направени во врска со посетата на мои деловни пријатели од Кировград, Украина.

После скоро пет месеци и официјално ми се отвара досие со многу сериозно обвинение - дека наводно службата дошла до сознание за постоење на индиции дека сакам да го СРУШАМ УСАТАВНИОТ ПОРЕДОК на Републиката. Сега како повод се споменува Огнен Петков вработен во бугарското минестерство за трговија. Петков ми го носи К.Б., човек на службата и ме запознава со него. До тука, може да го разберам сето тоа како нормална полициска претпазливост. Но, не било така.

Наводно Петков дал некоја изјава пред лице-соработник (истиот кој го донесе кај мене К.Б.) на УДБ-а, дека Р. Бугарија ќе им помага сите фирми кои се блиски до ВМРО ДПМНЕ. Дека таа изјава не е точна говори следново: Во времето на официјалното отворање на моето досие соработував со фирма од Р. Бугарија преку која пласирав одредени стоки на пазарите во Европа. Таа фирма не ми плати долг од околу 200.000 долари, токму кога извесниот г. Петков ја дал таа наводна изјава. Јас, за да си ги наплатам парите ја тужев фирмата од Р. Бугарија , судскиот спор околу долгот веке имаш "старост" од една година.

Ако навистина бугарската влада имала став да ги помага фирмите блиски до ВМРО ДПМНЕ сигурно ќе нашла начин да ми го исплати долгот. Но владата на Р. Бугарија не го стори тоа - значи соработникот К.Б. лажел или пак УДБ-а го измислила сето тоа.
(Во контекст на ова околу помагањето на фирми од интерес на држава имам едно прашање до ЉДФ: Во интерес на чија држава му го простивте долгот од 200.000 ГМ на Драган Далаверски, земени од Народна Банка на Македонија во летото 1994. год., за кои пари имаше поднесено кривична пријава од страна на НБМ.)

Значи јас сум одбран по основа на мојата блискост т.е. финансирањето на партијата ВМРО ДПМНЕ на првите парламентарни избори и покренувањето и финансирањето на весникот "ГЛАС" на ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ, а со тоа и сите вистински прврзаници на партијата беа (се) ИДЕОЛОШКИОТ ПРОТИВНИК на воспитаниците на Кумровац и КПЈ.

Според Законот за работа на УДБ-СДБ, следењето, односно, времето во кое милицијата може да ме следи е ЕДНА ГОДИНА. СДБ, при МВР ме следела и ми се мешала во мојот живот 6 години. После една година службата имала две опции: (1) да покрене кривична пријава против мене и со доказите кои ги собрала да ме изведе пред суд и судот да одлучи дали сум или не сум виновен или (2) да ја прекине постапката и да го затвори мојот случај бидејќи индициите и сомневањата не може да ги докаже.

Но министерот ЉДФ дава налог следењето да продолжи, и затоа се прави нов план за следење. Значи тоа е ПРВАТА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ. Во планот за прибирање на докази е и мерката за прислушкување на моите телефони. Прислушкувањето е одобрено без судски налог - тоа е ВТОРАТА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ. Употребата на други технички мерки: озвучување на станот, работните простории е ТРЕТАТА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ. Да не ги набројувам останатите ги знае ЉДФ
Заради просторната ограниченост ќе прескокнам поголем дел од досието. Ќе се задржам на планот чиј извршител требаше да бидам јас и за кој сум подготвуван и обработуван четири години:
Прво сум уништен финансиски бидејки ЉДФ мислел дека така полесно ќе ме принуди на соработка. Финалето на планот беше изведено по непланираното заминување на ЉДФ од министерското место во МВР. Но, идеата и плановите за вклучување на "ВМРО-вци" блиски до Љубчо Г. во шверцот на цигари, вклучувањето на лица погодни за СДБ на раководните структури во ИК и конечно обездедување на "непобитен доказ дека ВМРО ДПМНЕ се финасира од Бугарија" беа изработени во негово време и со негово знаење.

Дали човек на кого устата му е полна со демократија може да помисли на ваков недемократски начин да се пресметува со идеолошките и политичките противници? Дали тоа е вистинската демократија а онаа која ни ја проповеда е лажната.?

Во име на вистината и демократијата апелирам до "Дневник" да ми ја овозможи можност за дебата со ЉДФ. Јас во 2007. год. поднесов кривична пријава против него и неколкумина други функционери на МВР. Фрчкоски и останатите обвинети влиајаат врз судот - еклатантен пример за нивното влиание е отфрлањето на кривичната пријава, поради наводна застареност - флагрантен фалсификат за кој прилагам скенирани докази. Имено застареноста настапува 10 години од последната службена белешка. Последната службена белешка е со датум 02.06.1998. Јавната обвинителка Драгица Михајловска како последна службена белешка зема белешка со која мојата кривична пријава за само дванасет дена ја фаќа застареност. Постапката која ја водам по правниот лек, кој ми е даден со отфрлањето на пријавата никако да се мрдне од мртва точка веќе три години - а, МРВ "не може да го најде" господинот Фрчкоски за да му ја даде поканата за сослушување со задолжениот судија. Затоа барам, од вашиот медуим да ми овозможи отворена дебата со господинот Фрчкоски, за да на овој начин јавно го проговориме овој случај и за да отпочне вистинско прочистување на македонското општество. Спротивно, човек кој учествувал во прогон на идеолошки и политички неистомисленици, а со тоа и човек кој нема морално право да говори за кршењето на човековите права, секоја седмица добива прилика да го омаловажува целото македонско општество.


Јордан Петровски, Македонски државјанин, политички азилант во Канада
Претседател на Комитетот за Демократизација на Република Македонија
[Image: ama42s.jpg]


пс. доколку Фрчко го прифати дуелот темава неко остане. На неа ке ги постирам полемиките а и документите, деловите од досието со кој ке ја поткрепувам полемиката. Тие заради просторно ограничување нема да одат во весникот. А и да им дам можност на моите форумски колеги да се вклучат во полемиката.
(This post was last modified: 31-12-2010, 03:43 PM by ЈорданПетровски.)
31-12-2010, 03:42 PM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8
#2

Баш би сакал да ја видам рекацијата на експертот и не би се сложил со говани што имаше пишано на друга тема дека нема да се замра и да дава на значење фрчко баш напротив ќе даде пак некое експерско уставорвторно и битпазарско и дебарско и атентатовско и со по некој шамар и т н ....мислење
Друго Јордан не моежеш преку весници еднаш како што велиш ти после три години да ти објават текст за да отпочне вистинско прочистување на македонското општество.
само преку тв да му се акниш во некоја или да си напрајте вие десидентите оти вака ништо овие од днењвник ако ти објават уште еден текст и толку не барај поќе исто и со фокус па ако сакаш и со сите медимуи се додека му си од корист на уредувачката политика опозициска или против некоја ќе те остваат да објавуваш а кога ќе се заврши работа та ќе ти речат Чао
Сепак јасна мие целта ваша за тоа колку толку да се мрдант некој работи од мртва точка и да се слушни и дозне нешто но сепак мислам дека тоа е малку и нема да има голем ефект
Pishtoldzija
04-01-2011, 03:30 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#3

Во денешнава колумна Фрчкоски меле празна слама за се' и сешто, ама ни збор за поканата на Јордан.
04-01-2011, 07:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Hезнаев дали господинот Фрчковски ке го види моето писмо во ДНЕВНИК па му пратив и порака на неговиот профил на ФБ со се целото писмо. Но и тоа не помогна, демикратот и експертот за се и сешто да се одважи и да каже бaрем збор. Еве ја поракта:

Групација Дисиденти -Јордан Петровски:31 декември 2010 во 14:36

Господине Фрчкоски,
во случај да не сте забалежале, денес во "Дневник" беше објавено писмо, од мене, а адресирано до Вас. Ви го праќам целото писмо, и ја повторувам поканата, т.е. предизвикот за дискусија на тема човекови права vis-a-vis правна држава, презумпција на невиност, државни интереси и т.н.

Се надевам дека ќе го прифатите предизвикот, бидејќи, Вие сте, нели, еминентен Професор по меѓународно право на ценетиот Универзитет "Св. Килрил и Методиј", додека јас сум само ентузујаст за демократијата и човек кој е единственоит политички Азлиант од независна Република Македонија.

Искрено,
Јордан Петровски
(This post was last modified: 04-01-2011, 10:30 PM by ЈорданПетровски.)
04-01-2011, 10:29 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#5

Ова барање за дебата со Фрчкоски од страна на Петровски, нема да биде удоволено. Едноставно, во таа дебата Фрчкоски нема аргументи. Кој е будала да прифати дебата ( полемика) со однапред поразителен резултат за него? Посебно, ако тој човек се води од мотото: во политика нема морал...кое е едно од премисите на разбирање на политиката на Фрчкоски. Затоа, нема да ја прифати дебатата со Јордан Петровски. Но, од друга страна воодушевува настојчивоста на Петровски да инсистира на таа дебата. Мислам дека, веќе, цела македонска интелектуална и новинарска јавност е запознаена со повикот кон Фрчкоски, а ценам дека поголемиот дел од нив знаат за што се работи. И да се јави Фрчкоски на дебатата и да не се јави, го прогласувам Јордан Петровски за победник. Напросто, фактите кажуваа тоа. Јордан не го кани за теоретски начела за корпусот на човекови права, туку за јасни евидентирани факти кој никој неможе да ги сокрие или побие. Но, добитокот на Јордан ке биде дека Фрчкоски се плаши од него, што ке придонесе да на секој нареден негов јавен настап ( во писмена или вербална форма) ова одбиена понуда ке му биде како пранги околу нозе. Сега, секој независен новинар може да го праша: А, што мислите за случајот со Јордан Петровски и неговите обвиненија? Еве, можност за провладините медијуми и новинари да главниот владин критичар биде притиснат кон зид! Но, дали ова шанса тие ке ја искористат? Го замислувам Латас како гласно, со неговиот повишен глас, го прозива Фрчковски за овој случај.Shok
04-01-2011, 11:59 PM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6
#6

Samo uporno treba. Frcko ima tolku debela koza sto samo so poveke ubodi moze da se probie. Za toa kolku lica ima istiot ne ni sakam da zboruvam. Ama eden den ke mora da kaze se. Se nadevam poskoro.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
05-01-2011, 04:14 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#7

(04-01-2011, 11:59 PM)hristo Wrote: Ова барање за дебата со Фрчкоски од страна на Петровски, нема да биде удоволено. Едноставно, во таа дебата Фрчкоски нема аргументи. Кој е будала да прифати дебата ( полемика) со однапред поразителен резултат за него? Посебно, ако тој човек се води од мотото: во политика нема морал...кое е едно од премисите на разбирање на политиката на Фрчкоски. Затоа, нема да ја прифати дебатата со Јордан Петровски. Но, од друга страна воодушевува настојчивоста на Петровски да инсистира на таа дебата. Мислам дека, веќе, цела македонска интелектуална и новинарска јавност е запознаена со повикот кон Фрчкоски, а ценам дека поголемиот дел од нив знаат за што се работи. И да се јави Фрчкоски на дебатата и да не се јави, го прогласувам Јордан Петровски за победник. Напросто, фактите кажуваа тоа. Јордан не го кани за теоретски начела за корпусот на човекови права, туку за јасни евидентирани факти кој никој неможе да ги сокрие или побие. Но, добитокот на Јордан ке биде дека Фрчкоски се плаши од него, што ке придонесе да на секој нареден негов јавен настап ( во писмена или вербална форма) ова одбиена понуда ке му биде како пранги околу нозе. Сега, секој независен новинар може да го праша: А, што мислите за случајот со Јордан Петровски и неговите обвиненија? Еве, можност за провладините медијуми и новинари да главниот владин критичар биде притиснат кон зид! Но, дали ова шанса тие ке ја искористат? Го замислувам Латас како гласно, со неговиот повишен глас, го прозива Фрчковски за овој случај.Shok
Оние новинари кои би можеле да го прашаат нема да бидат никогаш повикани кај него на прес конференција од било кој вид.
Од друга страна тој си има своја фабрика од новинари така да може да ги рине со лопата.
Проблемот е во системот кој го постави оној режим на Киро-Бранко, тој мора да се растури, да се осуди, и тогаш ќе може да се почне Јово-наново од нула, и тогаш Фрчко да се процесуира судски.
Без тоа секој чесен човек е луд доколку очекува правда.
An inch today is tomorrow’s mile.
05-01-2011, 04:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Можеби оваа е одговорот на Фрчковски:

Quote:прочистување

Бунга-бунга и правото

ДПМНЕ-вциве од правото бараат она што Силвио Ел кавалиере Берлускони бара од своите Рубикјори (кршачки на срца) - да играат стомачни танци топлес и да се борат за неговиот кревет (и десетте илјади евра)!

Зошто и како, во какви тоа држави е возможно, драги мои, извршната власт да ја руши одлуката на Уставниот суд на државата (како највисока и суверена инстанција во оценување на уставноста на некој закон) со нова иницијатива на закон за кој претходно се изјаснил и чии делови поништил Уставниот суд? Дали таквата иницијатива е легитимна и што таа покажува?

Мојот одговор е дека таква иницијатива во стартот е нелегитимна ! За политичките причини за неа, подоцна.

Имено, посрамени од својата неспособност и комичните ефекти од Законот за лустрацијата, од штетните последици што интервенциите на власта ги предизвикаа во неговата примена - власта прво сите други ги обвини за тоа, а потоа влета во нелегитимна акција (инаку омилена) да го омаловажува и негира Уставниот суд, заобиколувајќи ја неговата јасна одлука за Законот за лустрацијата. Подготвила предлог на нов закон кој во основа е спротивност во целост на претхотната одлука на Уставниот суд. Уставно е проблематично дали нов закон (за кој извршната и законодавната власт имаат легитимно право) може така јасно да противречи на res judikata на Уставниот суд, веќе пресудена работа. Без притоа да има образложение за темелно променети општествени околности кои ја оправдуваат таквата промена (па и тогаш ако според Судот, Уставот забранува - нема нов закон) или влез во меѓународни организации кои го бараат тоа од нас? Во отсуство на вакви околности, нов закон со решенија спротивни на одлуката на Уставниот суд е нелегитимен, не создава правни последици (стои под претпоставка - како да не постои, како да не е донесен). Оваа правна ситуација за новиот предлог-закон за лустрација, прво треба да предизвика дистанција од иницијативата на сите други политички партии, освен оние што ја предлагаат (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ). Треба да ги остават сами да ја туркаат нелегитимната антиуставна иницијатива за закон. Ова партиите треба да го направат независно од нивното политичко уверување за решенијата во законот, бидејќи легалистичката логика треба да ги кочи да ја рушат основата на правната држава и одлуките на Уставниот суд.

А второ, политичките резони на власта се продукт на нејзината основна политика на создавање поделби и градење на својата политика на нив. Имено, со апсурдниот опсег на протегање на „прочистувањето“, лустрацијата до неопределен датум во иднина и практично на сите во општеството - таа ја губи смислата и насловот. Тоа не треба повеќе да се вика „лустрација“, бидејќи н` прочистува од скапаните, моралните и политичките аранжмани на претходниот комунистички систем, туку е обид за создавање легална основа за перманентна политичка пресметка, на потполно произволни полициски конструкции за луѓето.

Зошто е ова за основано очекување? Бидејќи од 1991 наваму во полициските архиви нема политички досиеја на соработници (кодоши) за т.н. „внатрешните антисоцијалистички појави“. Тука биле сместени сите идеолошки кодошлаци против граѓаните на Македонија и кон странство кон имиграцијата. Бидејќи ја нема основата на која работи Комисијата за лустрација, полицијата ќе ја снабдува со конструкции, индиции, случаи на кои ќе им се даваат идеолошки толкувања и сл. Имено, на потполно волунтаристички основи во новата идеолошка магла, ДПМНЕ и ДУИ ќе ја конструираат поделбата на општеството. Само на неписмени дилбери ова може да им изгледа „попрецизно“. Нема основа за никаква, а не поголема прецизност. Пресметката ДПМНЕ сака да ја води „вонсудски“, да прави остракизам - отстранување од политичкиот живот или работните места, без да има основа за судски постапки против лицата кои наводно кршеле човечки права преку кодошење. Судски постапки се предвидуваат веројатно единствено откога „пресудата“ ќе биде донесена од Комисијата, за нивна „одбрана“ од љагата која ДПМНЕ им ја закачило. Академијата, универзитетите, невладините организации, медиумите - огромен број лица што не ~ се по волја ќе бидат „произволно по дефиниција“ ставени на тапет. Повторувам, бидејќи не постојат досиеја за идеолошки кодошлак, с` ќе се прави по претпоставки и конструкции. Не смеејќи да си дозволи уште еден колапс и комедија со овој закон, ДПМНЕ ќе форсира општ хаос на сомнежи и процедури, на напади, со кои ќе го заврши својот мандат на владеење - оставајќи пустош на блатење луѓе, за да ги работи и дисквалификува од опозиција - понатака.

Рубикјори, рубикјори, еднаш неписмени и лоши - секогаш такви!

Љубомир Д. Фрчкоски
25-01-2011, 03:27 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#9

Чисто онака статистички, на колку претходни фрлени ракавици одговорил Фрчкоски?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
25-01-2011, 05:50 AM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6
#10

(25-01-2011, 05:50 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Чисто онака статистички, на колку претходни фрлени ракавици одговорил Фрчкоски?

Не можев а да не одговорам на поставеното прашање. Фрче се замишљава дека е како Чак Норис. Он бе брат не одговара он си тера по свое. Фрче нема време за губење да одговара на луѓе на кои им го упропастил животот. Он има уште животи за упропастување. Јас само молам господ еден ден да плати за се што направил.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
25-01-2011, 09:20 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(25-01-2011, 05:50 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Чисто онака статистички, на колку претходни фрлени ракавици одговорил Фрчкоски?



Оваа мислам дека е втор одговор. Каде го гледам одговорот. Фрчковски не убедува дека немало досиеа после 1991 година. Значи онаа јас што го тврдам не е точно.
25-01-2011, 02:31 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#12

(25-01-2011, 02:31 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Оваа мислам дека е втор одговор. Каде го гледам одговорот. Фрчковски не убедува дека немало досиеа после 1991 година. Значи онаа јас што го тврдам не е точно.
Еден предлог од мене Јордане ако може,да ја искористиме ситуацијава:
Не е лошо да му се обратиш му се за твојата мака на брат Љубета,пиши му на mail или сл...ама наведи му јасно и гласно дека си бил следен од страна на Фрчко...и да видиме дали Љубе-та има мадиња да проговори на таа тема,и дали ќе ги брани интересите на граѓаните во таа насока,или ќе си докаже дека си ја одработува задачата Icon_wink

Ако ништо друго барем сега додека е погодно време да го ставиш Љубе на тест!Sepotsmeva
25-01-2011, 05:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

(25-01-2011, 05:59 PM)Makedonec Wrote:
(25-01-2011, 02:31 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Оваа мислам дека е втор одговор. Каде го гледам одговорот. Фрчковски не убедува дека немало досиеа после 1991 година. Значи онаа јас што го тврдам не е точно.
Еден предлог од мене Јордане ако може,да ја искористиме ситуацијава:
Не е лошо да му се обратиш му се за твојата мака на брат Љубета,пиши му на mail или сл...ама наведи му јасно и гласно дека си бил следен од страна на Фрчко...и да видиме дали Љубе-та има мадиња да проговори на таа тема,и дали ќе ги брани интересите на граѓаните во таа насока,или ќе си докаже дека си ја одработува задачата Icon_wink

Ако ништо друго барем сега додека е погодно време да го ставиш Љубе на тест!Sepotsmeva


Немој да ме разберш погрешно. Љубе за ова знае уште кога беше зам. директор 1999 година.
Во председателската изборната кампања падна маската на Љубе. Тој можеше да ја оспори кандидатурата на Фрчковски по основ на лажната изјава која ја даде Фрчковски пред комисијата за лустрација дека не бил соработник или корисник на информации. Љубе по се се плашеше дека и Фрчковски може да поднесе такво барање за него.
25-01-2011, 06:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Оваа е писмото до Главниот уредник на Дневник , Сашо Коколанов кое заедно со одговорот на денешната колумна ја пратив до Дневник.

Quote:До уредникот Сашо Кокалинов



Пред извесно време вашиот весник се декларираше дека сака да им даде простор на колумнисти од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со цел да ги претстави гледиштата на сите засегнати страни по прашањата во Република Македонија. Резултат на тоа се колумни на Влатко Ѓорчев кои повеќе наликуваат на дневник на тринаесет-годнишно девојче, или политичко-профитерски памфлети на Илија Димовски. Истовремено, продолжувате да му отстапувате екслузувен простор на Љубомир Фрчкоски, кој со своите омаловажувачки тексови флагрантно го нарведува овој македонски народ, кој има страдано директно на неговите раце. Дали е искрена декларацијата на "Дневник" дека има желба да ги претсави гледиштата на сите засегнати страни од македонското општество? Јас, во својство на претставник на Групацијата на Ветерани Дисиденти при Комитетот за Демократијзација на Република Македонија, чијшто Претседател сум, здруженија на жртви на прогонот од анти-Македонските власти, барам да ни отстапите простор за вистината да може да излезе на виделина. Се надевам дека "Дневник" ќе ја објави оваа моја реакција, и дополнително дека ќе ми отстапи простор за уште две до три следни во кои преку делови од моето досие ќе ги демаскирам лагите на Љубомир Данилов Фрчкоски.

Јордан Петровски



Одговор на колумната: Бунга-бунга и правото

За потребата од "Лустрација"

Пишува Јордан Петровски, политички азилант,
Претседател на Комитетот за Демократизација на Република Македонија


Текстот на одговорот засега нема да го постирам . Ке сочикам ден два за да ја видам реакцијата на Дневник.
25-01-2011, 07:05 PM
Reply
Трајче Арсов
Unregistered

 
#15

(25-01-2011, 06:53 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Немој да ме разберш погрешно. Љубе за ова знае уште кога беше зам. директор 1999 година.
Во председателската изборната кампања падна маската на Љубе. Тој можеше да ја оспори кандидатурата на Фрчковски по основ на лажната изјава која ја даде Фрчковски пред комисијата за лустрација дека не бил соработник или корисник на информации. Љубе по се се плашеше дека и Фрчковски може да поднесе такво барање за него.

Kако поранешени министри за внатрешни работи и двајцата добро си ги познаваат своите слаби точки и не случајно ги штитат своите интереси.
Но до кога ќе трае тоа преќутно пријателство, ќе покаже времето...
27-01-2011, 11:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

(27-01-2011, 11:45 PM)Трајче Арсов Wrote: Kако поранешени министри за внатрешни работи и двајцата добро си ги познаваат своите слаби точки и не случајно ги штитат своите интереси.
Но до кога ќе трае тоа преќутно пријателство, ќе покаже времето...



По мое длабоко уверување а уверувањето ми се базира врз лично искуство и лично истражување, сите министри на полицијата во Македонија се поставени по стога директива на Белград. Тоа е причината што нема "напаѓање"
28-01-2011, 01:08 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#17

(25-01-2011, 02:31 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(25-01-2011, 05:50 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Чисто онака статистички, на колку претходни фрлени ракавици одговорил Фрчкоски?



Оваа мислам дека е втор одговор. Каде го гледам одговорот. Фрчковски не убедува дека немало досиеа после 1991 година. Значи онаа јас што го тврдам не е точно.
Мислев на фрлени ракавици од оние кои Фрчкоски ги нападнал во своите колумни па решиле да му одговорат со покана на мегдан, не само на вашите покани. Колку од таквите покани Фрчко прифатил?
Што Фрчкоски веќе ДВАПАТИ индиректно одговара е можеби и шокантно за еден вербален пироман...

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
29-01-2011, 07:51 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#18

Quote:КОЛУМНА
МЕДИУМСКА БЛОКАДА
вторник, 01 фебруари 2011 03:36





Медиумската блокада со која се соочуваше Групацијата на Ветерани Дисиденти, продолжува и покрај нашата преобразба во официјано тело-Комитет за Демократизација на Македонија. Страниците на македонските весници за нас остануваат недостапни. Ова го прифаќаме како нелогично и неразбирливо, особено кога во предвид ќе се земе вулгарната, непрактичната, невистинитата и партиски-обоена содржина на големиот број колумни и текстови кои се објавуваат во тие медуими. Ова што следи e наше писмо до главниот уредник на весникот “Дневник”, и колумната која беше пратена во прилог. Се надеваме дека чашата сепак е полу-полна, а не полу-празна, односно, дека со ова ќе се разголи лагата за независноста на весниците на МПМ, исто како што беше случјот со “Време”.


До уредникот Сашо Кокалинов


Пред извесно време вашиот весник се декларираше дека сака да им даде простор на колумнисти од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со цел да ги претстави гледиштата на сите засегнати страни по прашањата во Република Македонија. Резултат на тоа се колумни на Влатко Ѓорчев кои повеќе наликуваат на дневник на тринаесет-годнишно девојче, или политичко-профитерски памфлети на Илија Димовски. Истовремено, продолжувате да му отстапувате екслузувен простор на Љубомир Фрчкоски, кој со своите омаловажувачки тексови флагрантно го нарведува овој македонски народ, кој има страдано директно на неговите раце. Дали е искрена декларацијата на "Дневник" дека има желба да ги претсави гледиштата на сите засегнати страни од македонското општество? Јас, во својство на претставник на Групацијата на Ветерани Дисиденти при Комитетот за Демократијзација на Република Македонија, чијшто Претседател сум, здруженија на жртви на прогонот од анти-Македонските власти, барам да ни отстапите простор за вистината да може да излезе на виделина. Се надевам дека "Дневник" ќе ја објави оваа моја реакција, и дополнително дека ќе ми отстапи простор за уште две до три следни во кои преку делови од моето досие ќе ги демаскирам лагите на Љубомир Данилов Фрчкоски.

Јордан Петровски






Одговор на колумната: Бунга-бунга и правото


За потребата од "Лустрација"




[Image: 8zfpd4.jpg]

Пишува Јордан Петровски, политички азилант,
Претседател на Комитетот за Демократизација на Република Македонија




Фрчкоски, на патот на вашиот (не ти персирам, "вашиот" подразбира дека ова се однесува и не тебе и на Груевски) Газда да ја продаде приказната дека од 1991. година во Македонија тече демократско "мед и млеко", како и дека Македонија е самостојна и суверена држава единствено сум испречен јас. Не заради тоа што сум најголем и најодан борец за каузата. Имало и има многу поголеми од мене. Јас, дојдов во демократска држава и, како ислкучок, а благодарение на досието кои си ми го отворил ти, успеав да добијам политички азил. Ова што го работам, го правам на прво место заради моето семејство, како и заради мојата желба на никој никогаш повеќе да не му се случи мојата судбина во твоја режија. Се обидувам на граѓаните на Македонија да им ја пренесам бескрупулозноста, нечовечноста и лажливоста на која ве подготвил Газдата: тебе, Бранко и вашата булумента на не-луѓе Најче, Милчин, Жарко, Гелевски… - лажни борци за човекови права од една страна; и од друга страна, Грујо и Грујовата кодошка војска во УМРО-ДПМНЕ, со единствена цел, да му ја сочувате преценетата власт. Граѓаните мораат конечно да воспостават вистински граѓански механизми кои ќе оневозможат доаѓање на власт на луѓе кои се клонирани од Сталин и Хитлер. Гледаат дека никој од вас не смее да прифати полемика со нас, вистинските жртви на вашиот крвав пир. Настапувате само кај ТВ водители кои по се’, се ваши "Оперски" колеги. Пишувате фељтони и колумни во весници каде што не може се добие прилика некој да одговори на вашите лаги. Истовремено, вашиот втор и трет ешалон, разни Викторовци и Бабановци, ни сервираат повторно муфлосана историја за жртвите на УДБ-а.


Од 1991. година, откако ти стана Министер, се отворени неколку илјади политички досиеа, а велиш "Бидејќи од 1991 наваму во полициските архиви нема политички досиеја на соработници (кодоши) за т.н. 'внатрешните антисоцијалистички појави'... Бидејќи ја нема основата на која работи Комисијата за лустрација, полицијата ќе ја снабдува со конструкции, индиции, случаи на кои ќе им се даваат идеолошки толкувања и сл." Во Македонија "антисоцијалистички појави" немало. Голи Оток и твоите другари комунисти од 1968. година се ваши внатрешни борби за превласт и враќање кон комунистичкиот конзервативизам. Борци за прочистување на задрти Сталинисти и црвени универзитети никогаш и никаде не биле борци за демократијата.


Во Македонија имало и има една друга борба. Борба за суверена, самостојна и демократска Македонија, против чии носители се применувани реперсалии од 1945., но и после 1991. година. Продолжувањето на прогонот по линија на македонски национализам, т.е. на оние кои идејно се залагаат за независна и суверена македонска држава, и по Референдумот и осамостојувањето на Р. Македонија е чин на не-македонска политика. Таа политика беше осмислена и отпочната од марионетска Власт, чијшто Министер за полиција беше ти, Фрчкоски. Власт, која имаше за цел да го преврати резултатот од Рефендумот '91, односно да го наметне вториот дел на прашањето како едниствена опција за нашата Татковина "... со право да стапи во идниот сојуз на суверените држави на Југославија" - бидејќи вие бевте оние кои што инсистираа тој дел воопшто да биде вклучен во Референдумот – а, воедно и бевте Власт во годините кои следуваа! Должност, на сите македонски демократи, е да се спроведе желбата на народот од Референдумот за независнот; да се демаскира политиката која му уследи на истиот, и да се покаже пред граѓаните на Македонија за кого вие - Властодржците од 1991. година до денеска - работите: чии интереси штитите и за кого ја уништувате Република Македонија на духовен, економски и демографски план.


За напишаново да не остане гола реторика, ќе те прашам: Од неколкуте илјади отворени досиеа после 1991. година, во колку ги докажавте индициите и сомневањата? Колкумина од тие што ги следеа, кршејки ги МНОГУКРАТНО и зконските рокови за должината на следењето-ДВАНАЕСЕТ МЕСЕЦИ, твоите загари изведовте пред лицето на правдата и колку од нив осудивте за дејствување на штета на Р. Македонија или во корист на некоја друга држава? Ќе ти помогнам со одгворот: Ниту еден! Целта на УДБ-а и на вас, нејзините аргати, како и до 1991. година, е да стварате нови кодоши.


УДБ-а има еден специфичен начин на работа. Имено, прогонот не го прави за да на Прогонетиот (предмет на "Претходна опреативна обработка") му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да го уапси и осуди осомничениот. Тоа Службата го прави бидејќи целта на системот на работа е да се здобие со нов соработник - при што од секој "противник" прави "свој" човек, бидејќи, целта е Едноумие! За да се здобие со нов кодош, УДБ-а не избира средства или начини. Откако службата ќе го добие новиот кодош или соработник, зависно од потребата (кој стапува во "Оперативна обработка"), почнува со поставување на задачи кон истиот, т.е. обработка на нов предмет на "Претходна оперативна обработка".


Причината зошто ти, Фрчкоски, се плашиш од "лустрација", односно, ревизија на работењето на твојата тајна полицја, е што истагата ќе докаже дека ти, светски прочуен демократу, си прогонувал поедници кои единствено имале желба Р. Македонија да е достоинствен дом на сите Македонци, а си овозможувал на разни криминалци да профитраат од крвта, потта и солзите на овој народ.
01-02-2011, 04:42 PM
Reply