Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 3.75 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
IBM and the Holocaust
Author Message
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#1

Книгата е сведоштво за тоа колку големите меѓународни корпорации се безобѕирни во походот по профит и колку лесно се ослободуваат од регулативата на владите на било која земја во било каква ситуација, и колку тоа одамна е правило.
На почетокот е поставено прашање “како нацистите знаеле каде се евреите“ и преку компилација на илјадници дописи, документи, фактури и дневници од тоа време се разоткрива улогата на ИБМ во процесирање на податоците од националните пописи првин од нацистичка Германија а потоа и од новоокупираните земји. Знаеле преку податоците од пописите а можеле онолку ефикасно да прогонуваат откако ИБМ им продал (поточно изнајмил, од ИБМ не купуваш туку изнајмуваш- звучи познато, не?) машини за процесирање и подготовка на дупчени картички. Во секој логор имало по една таква машина, ги имале низ министерствата, војската ги користела за сопствените инвентари, распореди за транспорт, регрутирање, секој предмет користен низ Рајхот имал сопствена дупчена картичка, секој поданик, дури и стоката (попис на кравите во Холандија, секоја крава со посебна картица) била попишувана и евидентирана низ тие машини. Машините за дупчени картички Холерит биле во срцето на ефикасноста на нацистичката машинерија.
Не дека нацистите потполно бесправно ги преземале машините од ИБМ веднаш по почетокот на Втората Светска Војна. Напротив, сите точки од претходно склучените договори меѓу ИБМ и нацистичата влада пред војната биле испочитувани, сите цехови плаќани, сите лиценци, надоместоци, дивиденди, проценти од добивки, се` било исплаќано на ИБМ буквално до ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НА ВОЈНАТА преку сметките на филијалите на ИБМ низ неутралните земји (инструментална била филијалата во Женева). Низ целата преписка откриена меѓу главниот штаб на ИБМ во Њујорк и фабриката во Германија Дехомаг (која ИБМ ја презел пред војната, во низа сомнителни трансакции често постигнати низ чиста принуда и уцена) се гледа дека било невозможно да се скрие улогата на Холерит машините во процесирањето на популациските податоци кои понатаму биле употребени за истребување на Евреите.
Дека ништо не е измислено и дека се` се базира на документи, авторот вели дека секој ред напишан во книгата е гарантирано веродостоен и поткрепен со автентични документи од тоа време.
За љубителите на историската документаристика ова е крајно интересно четиво и фрла ново светло врз прашањето кој се` му помогнал на Хитлер да дојде на власт а потоа и да поведе војна за да го запали светот.
П.С. Претседателот и основач на модерниот ИБМ, Томас Вотсон е носител на нацистичкиот орден Орел со Ѕвезда.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
25-12-2010, 08:43 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,136
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#2

Времето кога ИБМ и сите Американски корпорации работеа во 1920тите па до Втората Светска војна,не постоеа системи на контрола на бизнисите.
Имено до тогаш не постоеше концептот за општествена одговорност на корпорациите како и на стопанствениците.Па ништо чудно за таквите постапки на ИБМ за време на Втората Светска војна.
До војната во Виетнам честа практика беше,корпорациите и бизнисите да бегаат од одговорност,како и да се става профитот на прво место а да не се води грижа за квалитетот и за етиката.
По војната полно работи се сменија во Американското општество.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
11-01-2011, 04:18 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#3

Не е до времето какво било базилиус, или општествената одговорност. За време на Втората Светска Војна во Америка имало јасни закони за забрана на бизнис зделки со земјите на Оската, инвестирање во тие земји и платежни трансфери, меѓутоа ИБМ ги кршел тие закони свесно и очигледно. Она што ги спасило од прогон е што ИБМ станал дел од одбрамбената индустрија на Америка кога војната се разгорела па на Вотсон му прогледнувале низ прсти. Со тешко срце ИБМ- Њујорк се простиле од нивните приходи од германската филијала по основа на снабдување со хартија за дупчени картички откако станало невозможно да ја снабдуваат филијалата со таквата специјална хартија и конечно им дозволиле самите да ја произведуваат.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
28-02-2011, 08:35 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,136
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#4

Се согласувам,проблемот лежи во тоа што на корпорацијата во Америка,и се одврзани рацете многу.Така да сите правилото за квалитет и одговорност го избегнуваат.
Најголем проблем лежи во тоа што не постојат механизми на надгледување на работата на корпорацијата од страна на државните органи.
Се зависи од тоа дали некој вработен ќе ја признае вината или ќе го каже криминалот.
Еве што се случи со Енрон,се додека главните сметководителки,не го објаснија криминалот како е вршен. Енрон имаше најголема шанса да си замине без никаква пресуда.
Еве Демократите на чело со Обама,сакаат да ја регулираат економијата, што е еден лош начин како да се реши тој проблем.
Бидејќи,треба да се запраша Обама,зошто сака да ја регулира економијата?Кои му се целите?
Ако се оди по тој принцип,тогаш Грујо е најпаметниот економист,а Сталин генијалец.
Бидејќи како што имам сфатено,не е само да се донесе закон или регулатива ако корпорацијата не се контролира од државна институција.Посебно овие големиве.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
01-03-2011, 12:33 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#5

(01-03-2011, 12:33 AM)basilius_2 Wrote: Се согласувам,проблемот лежи во тоа што на корпорацијата во Америка,и се одврзани рацете многу.Така да сите правилото за квалитет и одговорност го избегнуваат.
Најголем проблем лежи во тоа што не постојат механизми на надгледување на работата на корпорацијата од страна на државните органи.
Се зависи од тоа дали некој вработен ќе ја признае вината или ќе го каже криминалот.

Еве што се случи со Енрон,се додека главните сметководителки,не го објаснија криминалот како е вршен. Енрон имаше најголема шанса да си замине без никаква пресуда.
Еве Демократите на чело со Обама,сакаат да ја регулираат економијата, што е еден лош начин како да се реши тој проблем.
Бидејќи,треба да се запраша Обама,зошто сака да ја регулира економијата?Кои му се целите?
Ако се оди по тој принцип,тогаш Грујо е најпаметниот економист,а Сталин генијалец.
Бидејќи како што имам сфатено,не е само да се донесе закон или регулатива ако корпорацијата не се контролира од државна институција.Посебно овие големиве.
Е да си ми жив базилиус, ој сега тоа со здебелените букви да им го докажеш и на Соленик и христо онака загледани во вести од кабловска. Icon_wink
Дали најпаметниот економист е и најпаметен државник? Како ти го дефинираш успешниот економист? Дали е тоа исто што и бизнисмен?
Апсолутно си во право со последниот дел за спроведување на законите без самонадзор. Само еден од фрапантните податоци што го отсликуваат степенот на имунитет на големите корпорации во Америка: од 1998 до 2005-та две третини од корпорациите во Америка не платиле данок на приход. А повели ти како поединец не плаќај данок за ист број години, да видиш кој се` ќе ти се јави и пријавува.
Книгата инаку почнува со прашање кое сосема е на место: како нацистите знаеле кој се` е Евреин и каде живее? До последните денови на војната, машините со кои нацистите успеале за многу кратко време да попишат милиони луѓе (и врз основа на тие податоци да одлучат кого да погубат) се сервисирани и подновувани од организација која според сите закони не смеела да учествува во ништо слично (етичката димензија или нејзиното отсуство настрана).

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
01-03-2011, 01:38 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#6

само ИБМ?

што праиме со (еден од многуте) на пр. Форд?
бтв,премногу се!

цитат:
„...In 1922, the New York Times reported that Adolf Hitler's office contained a large picture of Ford...“
„...Ford and GM Scrutinized for Alleged Nazi Collaboration...“

самиот Хајнрих Химлер во 1924 год вели: „...еден од најдрагоцените,најважните и најдуховитите првоборци...“
и компанијата соработува до самиот крај на војната со нацистичка германија...

http://en.wikipedia.org/wiki/The_International_Jew


[Image: Der_Internationale_Jude_2.jpg]


ако почнеме да правиме листа, ќе и нема крај!
(This post was last modified: 01-03-2011, 08:35 AM by toni_a.)
01-03-2011, 08:32 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,136
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#7

Кога Франклин Рузвелт бил избран за претседател на Америка,имал среќа да преживее атентат. Имено во почетокот на 20-от век и самиот почеток на Индустриската револуција се појавил голем јаз меѓу сиромашните и богатите. Се појавуваат незадоволства, штрајкови итн.Америка излегувала од една тешка ера кога наместо државниот интерес се ставал интересот на парата прво.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
22-03-2011, 12:36 AM
Reply