Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 1.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВИСТИНАТА-УДБА-МОРАЛНО ПОЛИТИЧКИ ПОДОБНИОТ ЦВЕТАНОСКИ ????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#61



[Image: 2rolyxx.jpg]


[Image: 16a5qo8.jpg]
13-01-2011, 10:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#62




[Image: k1zbe8.jpg]



ПОСЛЕДНИОТ КРУГ НА СТАЛИНИСТИТЕ И МАРКСИСТИТЕ -ЛЕНИНИСТИ



Онаа што се случува деновиве во Македонија е повеке од трагично. Но, во секое зло има и нешто добро, во тоа што паѓа уште една лага. По ова, очекуваме двете банди од кои оваа сега што владее под команда на сталинистите и онаа другата што чека да ја замени, а е под команда на марксистите-ленинисти, ќе ги снема од политичката сцена!



Петте аса на сталинистите



За да го оправда неспроведувањето на лустрацијата на сцена, Груевски ги изведе најголемите крвници на идејата за суверена и самостојна Македонија, за да не' убедуваат дека тие се вистинските и единствените борци за Македонската кауза и заради тоа нема кој да се лустрира, како и тоа дека некој со тоа што ги посочува нивните кодоши за лустрирање, сака да произведе лов на вештерки.

Тоа што како свои големи дела тие крвници ги наведуваат апсењата и прогонот на припадници на ВМРО ПРАВДА, наметнува едно сериозно морално прашање, прашање на кое мора да одговорат Груевски и браќата Мијалкови. Нивниот одговор ке ја реши дилемата кој ја кочи лустрацијата и дали ангажманот на АСОТ херц Иван Бабановски од нивна страна е случајна грешка.

Прашањето е строго лично и не е поставено на Груевски како премиер и на Мијалкови како директор на СДБ и висок функционер во царина, туку им го поставуваме како на внук и синови. Прашањето е кој бил и што бил Јордан Мијалков? Другите дваесет и седум - осум илјади припадници на ВМРО ПРАВДА ке ги оставиме настрана. Ќе зборуваме само за Јордан Мијалков, човекот кој се борел за Македонска кауза, спoред монографија за Јордан Мијалков или за Ј.М. непријателот на Македонија, како што Иван Бабановски ги смета припадниците на ВМРО ПРАВДА.

Ако Бабановски вели дека сите тие кои се бореле за Македонската кауза оправдано биле гонети од УДБА, него и неговите зошто молчат Груевски и Мијалкови. Постајат два одговори или Јордан Мијалков воопшто не бил член на ВМРО ПРАВДА или бил соработник на УДБА уфрлен во редовите на ВМРО ПРАВДА. Уште еден заклучок ако Груевски и Мијалкoви го делат истото мислење со Бабановски, дека ВМРО ПРАВДА и сличните организации требело да подлежат на прогон, тогаш најнормално е да нема лустрација. Кого ке лустрираат.????


Зошто велиме дека ова е морално прашање? Ако Груевски и Мијалкови се подготвени да платат вака висока цена, да дозволат да го извалкаат името на вујка си, односно татка си, за да не ја спроведат лустрацијата, тогаш што да очекуваме ние кои не сме им ништо.

14-01-2011, 01:36 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#63



[Image: 13ynewy.jpg]


[Image: 5a53yu.jpg]
27-01-2011, 12:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#64


[Image: 2nv88ia.jpg]


[Image: 350s66c.jpg]
27-01-2011, 12:55 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#65


[Image: vmy55g.jpg]


[Image: 2vvkyes.jpg]
06-02-2011, 03:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#66


[Image: hv1o5i.jpg]



[Image: 2zr2lxz.jpg]
06-02-2011, 03:37 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#67

Добар текст од кои извлеков две поуки ако може така да се наречат:

-Мијалков можеби не толку славно и херојски како што бил наведен во биографијата...но сепак изиграл клучна улога за самостојноста на Македонија.(замислете колку големи предавства се случија на национален план од идните министри,кои тоа го правеа во слободна и оформена држава...а за националните интереси воопшто не ги интересираше)

-Стојан Андов уште од тоа време не им се вклопувал во филмот...со што еве после толку години сфаќаме дека и со лустрацијата не се уклопува...значи навистина има нејаснотии околу тој човек...но времето ќе покаже.
06-02-2011, 05:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#68



[Image: 2n7dwle.jpg]


[Image: oqw49c.jpg]
08-02-2011, 05:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#69



[Image: dw8fir.jpg]



[Image: mkvoeo.jpg]
08-02-2011, 05:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#70

(08-02-2011, 05:33 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: [Image: dw8fir.jpg]




Quote:ЦРНА ХРОНИКА НА МАКЕДОНСКАТА САМОСТОЈНОСТ



Интересно е да се напомене дека како еден од причинителите на несреќата се споменуваше возило лада со регистерски таблички од Врање, управувана од Албанец од Бујановац, а за кој подоцна ништо не се слушна. Исто така, интригантно е што исто таква лада со врањски таблички по две години беше апострофирана како предизвикувач на незгода, којашто, за среќа, не заврши фатално, на службениот автомобил на Стојан Андов, тогашен претседател на Собранието

Извор
(This post was last modified: 08-02-2011, 05:59 PM by ЈорданПетровски.)
08-02-2011, 05:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#71



Quote:ЗАБОРАВЕНИ: Борислав Градишки, суден за Македонија

ДОСИЕЈА ПРЕПОЛНИ СО ИЗМИСЛИЦИ


[Image: 10b.jpg]

05.01.2001
Во досието нема никаква објективност, дури во истото преовладуваат лаги и конструкции со наведување на измислени личности коишто воопшто во животот не сум ги видел. Сето тоа е правено со тенденција да бидеме наклеветени и оквалификувани како непријатели на таа власт, с# со цел тие измислици да послужат како фундамент за прогон и судење
Факт е дека ние сме биле противници и на српскиот и на бугарскиот окупатор и на југословенското решавање на македонското национално прашање. Времето и историјата го потврдија тестот на македонската национална кауза на која ние без резерва & припаѓавме. Се залагам да се крене еден заеднички споменик на паднатите за македонската национална кауза, како споменик на македонскиот непокор, затоа што на многумина од оваа провиненција и до денес не им се знае гробот
Господинот Борислав Градишки е на осумдесетичетиригодишна возраст. Тој, заедно со Трајко Попов, е основач на организацијата Македонско национално движење "Бунт". Во групата се судени единаесетмина меѓу кои братот на Борислав, Радко Градишки, братот на Трајко Попов, Никола Попов, Ефтим Гашев и други.

Бевме затворени и судени за идејата на Гоце Делчев. Организацијата ги имаше сите постулати кои ги застапуваше Гоце Делчев и како такви останавме до последен ден. Бев затворен во мај во 1945 година, осуден на дваесет години, а одробував дванаесет. Во истрагата бевме немилосрдно малтретирани и подобро е човек да не се потсетува на таа тортура. За сето време на издржување на казната, бевме под постојан полициски надзор и често казнувани заради својата непокорност. Најчесто бевме под изолација, гладни, жедни, тепани и изложени на временски неприлики. Тоа беше еден пекол, во кој не беше можно да се замисли човек да не биде казнет. Казнет е прво за тоа што го работи и при секое одење на работа, некој мораше да биде малтретиран. И така малаксан, тој ден да остане да не оди на работа. Карактеристично беше што во еден период бевме под селективна изолација наречена "Штаб на реакцијата" во која ја делевме затвореничката судбина со разни балистички и бугарски соработници на окупаторот. Дури и во таква грозоморна состојба наоѓавме сатисфакција со горните провиненции да водиме отворена борба застапувајќи ги идеалите на централистичката ВМРО, за независна слободна обединета македонска држава, држава на македонскиот народ, на народ со издиференцирана македонска национална свест. Во тој национален и романтичарски занес ние ВМРО-вците формиравме дури и илегална "Влада" на којашто од нашите симпатизери бев "промовиран" како претседател. Оваа провокација од страна на УДБА беше мотив повеќе за уште пожестока тортура и прогон на непокорните затвореници. Во овој случај се потсетувам дека еден од нашите соидејници, скопскиот гимназист од Кавадарци, Глигор Чулев е фрлен од четвртиот кат на новиот идризовски затвор, а во неговата келија на ѕидот можеше да се прочита со крв испишаниот повик: "Македонијо за тебе умирам", се потсетува г, Градишки за затворските денови.

"БУНТ"

За настанот на "Бунт" г, Градишки се потсетува:

Во дамнешната 1936 година се сретнавме со Трајко Попов на верскиот празник во селото Матка, откога датира и нашето неразделно другарство с# до неговата смрт, односно стрелање на 19 август 1946 година. Македонското национално движење "Бунт", неформално го формиравме во мај 1938 година, кое фактички претставуваше еден национално-пропаганден актив којшто ја ширеше идејата за македонската држава и македонската национална самобитност. Делувањето исто така беше неформалио, но главно се состоеше во мини-состаноци, како и често користење на селските и фамилијарните празници, каде со доверливите луѓе се одгледуваше идејата за Македонија. Понекогаш на тие состаноци, освен политички теми, се разгледуваа и литературни од Горки, Шандор Петефи, поезијата на Венко Марковски. Меѓу нас имаше понекој Турчин, Влаф, македонски муслиман. За време на нашето делување и за време на српската окупација на Македонија одржувавме повеќе состаноци и со Македонци од "левата" провиниенција" како на пример со Цветан Димов, Боро Чушкар, Орце Николов, со Ванчо Прке, со повеќе другари од Куманово, Велес и Штип. Во Штип, во печатницата на евреинот Тодорико отпечативнме еден идеен леток со помошта на соидејникот Ристо Кавраков, кој работеше во неа. И денес не можам да се помирам со фактот дека ние не треба да се бориме за едно духовно и национално зближување на окупираните делови од Македонија во Грција, Бугарија и Албанија, така размислува г. Градишки.

СУДСКИ ДОСИЕЈА

Господинот Градишки го отворил своето досие и се згрозил од она го што видел во него. Се згрозува од неинтелигенцијата на луѓето што го воделе досието. За досието, г Градишки вели:

Во досието нема никаква објективност, дури во истото преовладуваат лаги и конструкции со наведување на измислени личности коишто воопшто во животот не сум ги видел. Сето тоа е правено со тенденција да бидеме наклеветени и оквалификувани како непријатели на таа власт, с# со цел тие измислици да послужат како фундамент за прогон и судење. За илустрација во своето досие сретнав и неколку имиња на мои најблиски пријатели и соидејници, претставени како кодоши. За тоа и дилемата на вистинитоста во досиејата и сомнежот дека во истите имаат буричкано најразлични луѓе, со тенденција на дневнополитички карактер. Посебно се залагам за отворање на судско-полициските досиеја на судените лица за македонската самобитност. За да се види конструкцијата и монтажата на монструозните судски процеси како мотив за изрекување на смртоносни казни од режимот на југомакедонските комунисти.

Во оваа смисла би одбил секаква рехабилитација, затоа што нашата македонистичка идеја денес е историска реалност и нема зошто и од кого да бараме рехабилитација, а уште помалку милост. Факт е дека ние сме биле противници и на српскиот и на бугарскиот окупатор и на југословенското решавање на македонското национално прашање. Времето и историјата го потврдија тестот на македонската национална кауза на која ние без резерва & припаѓавме. Се залагам да се крене еден заеднички споменик на Паднатите за македонската национална кауза, како споменик на македонскиот непокор, затоа што на многумина од оваа провиненција и до денес не им се знае гробот.

На прашањето дали г. Градишки се сретнува со своите прогонувачи, судии или обвинители, ќе рече:

Сакам на оваа тема поопширно и аргументирано да поразговарам со луѓето чии жртви бевме изминатиот период, но повеќето од нив одбегнуваат соочување, а доколку инцидентно сум имал контакти со претставници од оваа провиненција можам да констатирам дека истите стојат на своите пројугословенски позиции, обидувајќи се со гнасни импутации с# уште дека сме трабанти на врховистичката антимакедонска ванчомихајловистичка кауза. И овој пат, како и безброј пати досега, со индигнација отфрламе с# што не е во духот на автохтоната македонска национална опција, за која како жртва сум поднел дванаесет години робување во југословенските казамати, а со тоа и скоро целиот мој живот беше во сенката на полицискиот прогон.

ИДЕИТЕ НА ВАНЧО МИХАЈЛОВ

За денешната "клима" на ванчомихајловизмот во Република Македонија г. Градишки е категоричен.

Самото име на нашето македонско национално движење "Бунт" недвосмислено зборува за македонската национална опција. И покрај тоа што македонската владејачка гарнитура за време на владењето на титоизмот, сакајќи да ја компромитира идејата на македонската ВМРО и идеалите на Гоце Делчев за самостојна македонска држава, ние категорички опстојуваме на изнесената опција. Во овој контекст сме имале повеќе контакти со разни емисари на ванчовизмот со кои сме ги спротивставувале своите ставови и секогаш сме се разделувале како со непријатели на македонската национална кауза. Ништо не ме изненадува денешната лакрдија "Радко" затоа што многу порано сме ја осознале антимакедонската кауза за којашто се залагала ВМРО на Ванчо Михајлов, како и нивната филијала МПО од Америка. За илустрација, пред неколку години во Скопје се сретнавме со некогашниот идризовски затвореник Алекса Стојменов, кој во тоа време непоколебливо стоеше на таканаречени македонистички позиции, а подоцна со своето емигрирање во Белгија каде е на чело на МПО-вскиот клон "Тодор Александров". Именуваниот Алекса Стојменов се откажа од сопствениот македонски идеал прифаќајќи ја под привилигирани услови идејата на Ванчо Михајлов, тврдејќи ја небулозата дека за време на повоениот период од 1945 година илјадниците луѓе затворени низ Македонија се таканаречени борци за бугарштината во Македонија. За својата забразденост Алекса Стојменов во еден свој памфлет ќе потенцира "дека и на неговите соидејници од идризовскиот период југомакедонската УДБА им го испила умот, па од добри македонски Бугари направила србокомунисти". На овој инсерт излишни се сите коментари, бидејќи сведоците се с# уште живи.

ГРАДИШКИ ДЕНЕС

Денес г. Градишки, иако во напредната возраст, интензивно се занимава со интелектуална дејност во областа на сликарството и поезијата. Во сликарската дејност има учествувано на неколку групни и самостојни изложби. Член е на Македонското друштво на ликовни уметници и на Друштвото за применета уметност. Илустративен е случајот што една репрезентативна слика на Градишки создадена во издризовската казамата и денес го краси кабинетот на управителот на КПД "Идризово".

Во однос на позијата на г. Градишки за одбележување е дека со истата се занимава интензивно уште од гимназиските денови, а во последно време има напишано и подготвува за печат сонетен венец и еден роман во стихови. Инспирацијата на последните поезиски творби датираат од случајот кога во затворот за првапат е поставен телевизиски приемник и кога во една емисија е прикажан кадарот од Парламентот во Америка. Тогаш, се сеќава г. Градишки како од галеријата на Парламентот се развиорило знаме на кое пишувало: "Слобода на Порторико". Во тој момент во Парламентот се слушнале пукотници.

Тоа ме воодушеви, и се заинтересирав кои се тие што пукаа. Подоцна во печатот прочитав дека тие кои протестираа против Америка беа еден маж и една жена. Мажот се викаше Педро Кампос, а жената се викаше Лолита Леброн. Овој сонетен венец, кој е комплетен со акростих, посветен е на Лолита Леброн, револуционерката. Порторико и Македонија, мислам дека имаат многу заедничко, го објаснува г. Градишки мотивот за неговата литературна дејност.
(This post was last modified: 19-04-2011, 10:16 PM by ЈорданПетровски.)
19-04-2011, 10:12 PM
Reply