Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 1.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВИСТИНАТА-УДБА-МОРАЛНО ПОЛИТИЧКИ ПОДОБНИОТ ЦВЕТАНОСКИ ????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

(24-12-2010, 11:40 PM)klik Wrote: Значи на Македонија не и требаат бла бла раскази за УДБ-а, туку сериозни анализи кои ке ја откријат генезата на сегашните состојби, зашто само така синтагмата - УДБ-а наша судба – ќе остане само една колективна траума од минатото без шанса да мутира во рецидив.


Во фељтонов за толкувач на активностите на УДБА , Цветановски го зема Иван Бабановски, озлогласениот српски џелат, дали е можна сериозна анализа со таков човек. Човек кој и денеска мечтае и сонува за Југославија за комунизмот.
Еве ја нашата реакција на неговите излагања во фељтонот.



Quote:Реакција на досегашниот дел од фељтонот "Колку УБД-а беше наша судба"
петок, 24 декември 2010 20:49


УДБА НЕ Е НАША СУДБА, ТУКУ СИСТЕМ КОЈ ТРЕБА ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ ДА СЕ СРУШИ!



Фељтонот во "Утрински Весник" насловен "Колку УБД-а беше наша судба" не' примора да реагираме, за да се обидеме да им ставиме крај на лагите кои се пласираат во текстовите и да укажеме со пример дека УДБ-а во Македонија е сеуште на власт.

Деновиве сосема нормално стана да се чуе фразата "ненародна власт". Би сакале да ја ставиме во контекст таа фраза и да го расчистиме тој поим. Првин мора да ја објасниме главната цел на Лутрацијата: Сеопфатната Лустацијата е неопходна поради фактот што во периодот од приклучувањето на Македонија кон ФНРЈ, подоцна СФРЈ, до првите слободни избори, државата е владеена од незаконска, ненародна власт. Самата Комунистичка партија власта во Југославија ја има добиено (со победата во ВСВ) и брането на насилен начин (преку делувањето на разните сектори на тајните полиции), а не на избори. Тој трул систем мора да се исчисти, до денешен ден. Зборуваме за наредбодавачите и извршителите на тие наредби.

Ние сме прогонувани, судени и затвoрани како "ванчомихајловисти-бугарофили" или "бугараши" во времето на апсолутна власт на србокомунистите, во времето за кое зборува Иван Бабановски, еден од најревносните слуги на србокомунизмот, човек кој така вешто денеска србокомунистичкиот злостор повторно по диктатат на старите негови газди се обидува да го прикаже како единствена правоверна борба за ослободување на Македонија . Тогаш зошто господине Цветаноски и господине Бабановски ја славите македонската самостојност.

Заминати сме скоро сите, зборувам за нас од Групацијата на Ветерани Дисиденти од Македонија, некои уште на почетокот на педесетите, некои на почеток на седумдесетите, некои на почеток на осумдесетите, некои на почеток на новиот век. Секој од нас, ако навистина бил "бугарофил" како што ни стои во обвиненијата, со стапнувањето на тлото на Европа, Северна или Јужна Америка, ќе се изјаснил за "Бугарин". Такви меѓу нас нема! Ние сите сме тоа што сме биле - Македонци. Нашето опстојување како Македонеци и борбата за Самостојна и Демократска Македонија е причината заради која што не' прогонувал Бабанот и неговите содружници.

Затоа прашањето кое се наметнува е: Зошто денеска ни се случува т.н. екпсертиски мненија околу прогоните на УДБ-а да дели Иван Бабабновски-Ице или Бабанот - човек кој нас не' прогонувал под лажни обвиненија. Обвиненија за "ванчомихајловизам" и "бугарофилство". Кој и зошто му дава денеска простор да плука против вистинските борци за Суверена, Самостојна и Демократска Македонија? Кој е одговорен за реланоста да наместо Бабановски е сендат на обвинителната клупа, тој се перчи пред ТВ камерите и во весниците, продолжувајќи ја неговата долгогодишна кариера на злосторник против Македонксата кауза и народ, ширејќи ја пропагандата на системот кој наводно сме го замениле пред 20 години? Одговорот сам се наметнува: Власта! А на нејзино чело денес е Никола Груевски.

За да се оправда неспроведувањето на Лустрацијата, на сцена се најголемите крвници на идејата за Суверена, Самостојна и Демократска Македонија: Бабановски, Колемишевски, Малевски, Богоевски... да им беше жив Милошевиќ сигурно и него ќе го носеа по студијата на "независните" Оливери, Борјани, Ефтовци, Латаси, Миленковци за да не' убедуваат дека тие се вистинските и единствените борци за Македонската кауза.

Го читаш Бабана го слушаш Пандета и се прашуваш кој треба да се лустрира!? Судејќи според нивните аршини, Бабан и УДБ-а си ја вршеле и завршиле работата во "интерес" на Македонија. Затоа Панде не известувал отворено, објективно, независно; универзитетскиот професор-Бабанот се иживувал со затвортениците за "ванчомихајловизам" во "Идризово", спроведувал терор врз се' и сешто што било "заканувачко" за комунистуичката власт.

Тоа што како свои големи дела тие крвници, низ устата на Бабанот ги наведуваат апсењата и прогонот на припадници на ВМРО ПРАВДА, наметнува едно сериозно морално прашање, на кое мора да одговорат Груевски и браќата Мијалкови. Нивниот одговор ќе ја реши дилемата за тоа кој ја кочи Лустрацијата и дали ангажманот на Иван Бабановски од нивна страна е случајна грешка.

Прашањето е строго лично и не е поставено на Груевски како на премиер и на Мијалкови како на директор на СДБ и на висок функционер во царина, туку им го поставуваме како на внук и синови. Прашањето е кој и што бил Јордан Мијалков? Другите дваесет и седум - осум илјади припадници на ВМРО ПРАВДА ќе ги оставиме настрана. Ќе зборуваме само за Јордан Мијалков, кој според чија монографија се борел за Македонска кауза преку таа организација (ВМРО ПРАВДА), а која според аршините на Иван Бабановски е непријателот на Македонија.

Како можат да молчат Груевски и Мијалкови кога Бабановски вели дека сите тие кои се бореле за Македонската кауза оправдано биле гонети од УДБ-а? Постојат два одговори: или Јордан Мијалков воопшто не бил член на ВМРО ПРАВДА или бил соработник на УДБА, уфрлен во редовите на ВМРО ПРАВДА. Тогаш заклучокот е: ако Груевски и Мијалкови го делат истото мислење со Бабановски, дека ВМРО ПРАВДА и сличните организации требало да подлежат на прогон, тогаш најнормално е да нема Лустрација. Бидејќи, кого би лустрирале!?

Зошто велиме дека ова е морално прашање? Ако Груевски и Мијалкови се подготвени да платат вака висока цена, да дозволат да го извалкаат името на вујка си, односно татка си, за да не ја спроведат Лустрацијата, тогаш што да очекуваме ние, кои не сме им ништо.

Иван Бабановски вели дека досиеата се прочистени, и дека ги нема досиета на главните, дека ги нема соработниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Тоа не е точно. Еве зошто: На секое досие на првата страница се напишани имињата на луѓето кои по службена должност го работеле тоа - Иван Бабановски и тие како него се извршителите. Бабанот припаѓа на луѓето кои ги ангажирале кодошите и луѓе кои примале наредби од надредените. Значи Иван Бабановски и тие како него се клучот за да се открие се': клучот по кој работеле тајните полиции, системот на напредување, системот на казнување, и секако, од каде доаѓале наредбите.

[Image: 1z3tctd.jpg]

Од првата страница на досието на Дане Поповски се гледа кои се извршителите - меѓу нив е и Иван Бабановски - тие знаат од кого добивале наредби, а деловодните книги не се уништени. Таму се заведени сите одлуки и решенија. Сите информации кои сме ги добиле говорат дека книгата на сорабониците-кодошите не е уништена. Инвентарните книги во Идризово постојат, а постојат и пресудите. Споредбата на инвентарските книги и пресудите ќе ја каже целата приказна. Тоа го знаат и од наводната Комисија за лустрација, но проблемот лежи во тоа што тие се избрани и платени да не сторат ништо.

Постојат и сведоштва за однесувањето на Бабановски кон лицата кои биле под истрага. Еве дел од сведочењето на Ѓорѓи Доцевски:


[Image: 10oh3cp.jpg]


А имало и вакви сведочења:


[Image: zjebsx.jpg]


Ангажманот на Иван Бабановски-Ице во мојот прогон зборува за неговата вистинска улога, како и за континиутетот на неговото антимакедонско работење. Која служба претставуваше Бабановски кога неповикан контактираше со мене? Тој во тоа време беше пензиониран професор, а доаѓаше како предводник на друштва на инспектори на СДБ.
Првата средба со Бабановски ја имав кога непоканет дојде кај мене дома на 04.08.1999 година. Причина за неговата посета беше текстот "ДОСТА ДИМОВСКА РАБОТИ ПРОТИВ ВМРО – ДПМНЕ". Тој текст јасно укажаше за сценариото на УДБ-а за разнебитување на ВМРО ДПМНЕ и за клучните луѓе во сценариото - луѓето на УДБА. Тој текст беше прв јавен напад врз Доста Димовска, и нејзината антимакедонска политика, истата госпоѓица која Бабановски во фељтонот на Цветановски повеќекратно сега ја слика како злочинец. Зошто во 1999. година Бабановски дојде да ме советува да не ја "чепкам" Госпоѓицата?

[Image: w8x3lt.jpg]

Како и од кого ја разбрал Бабановски содржината мојот текст, уште од моментот кога истиот беше предаден на уредникот на "Фокус"? Колкаво беше неговото влијаније и влијанијето на оние кои Бабановски ги представуваше за да издејствува мојот следен текст "КРИМИНАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА И ВМРО ДПМНЕ", за кој примив многу закани и понуди за "заштита", да не смее никој да го објави.


Групација на Ветерани Дисиденти
Дане Поповски
и Јордан Петровски



Реакцијата ја пративме за во "УТРИНСКИ ВЕСНИК" и ФОКУС уште во понеделникот. Објавување нема.!!
(This post was last modified: 25-12-2010, 01:04 AM by ЈорданПетровски.)
25-12-2010, 01:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

(24-12-2010, 11:40 PM)klik Wrote: ...деновиве непомалку се вчудоневидени и оние кои дознаа, дека еден од членовите на претседателството на Основачкото собрание во Скопје и еден од десетминатата формални потписници-основачи , е всушност лицето со псевдонимот “вијуга“, наспроти полициските конструкции во 90-тите кога во врска со тој псевдоним се доведуваше друга личност, и која на таков начин беше елиминирана од партијата во чие основање учествуваше. Со ова се потврди наодот на Парламентарната комисија за контрола врз работата на СДБ.
Дали и вистинскиот “виуга“ се вклопува во профилот, дали и тој одел во Берлин? – Да и тој одел во Берлин, и тоа не еднаш кај браќата да “црпе“ инспирација за партијата која е нарачана од еден академик и двајца универзитетски професори !!!



Оваа околу "вијуга" не го видов во фељтонот, можеби сум направил превид во читањето. Би те замолил да го цитираш тој дел од фељтонот.
25-12-2010, 03:59 AM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#43

(24-12-2010, 08:16 PM)klik Wrote: Од: literat
Датум: 24.12.2010 14:24:16

За Гојко знае цела Македонија и Македонска емиграција,ама зна е и за Мане...од него и најблиските се срамеа и се срамат.



Of-topic
Klik, ти пожелувам добредојде на форумов од екипата на Котле.
25-12-2010, 08:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (14)


[Image: B7FF94ADEAE02A459B7BA755ED7E89F8.jpg]
Протести на македонски иселеници во Америка

Македонските емигранти не беа екстремни


„Стремежот на нашите иселеници за обединување на Македонија беше природен“, вели Трајан Бавтироски

Виктор Цветаноски

„Службата за државна безбедност сметаше дека голем број македонски емигранти се екстремисти. Меѓутоа, тие не беа екстремни. Беа многу едноставни и добродушни и ја сакаа Македонија. Тоа беше голема грешка на тогашната власт, зашто таа не можеше да разбере дека нивната загриженост за Македонија не е екстремизам, дека е тоа природна појава“, вели Трајан Бавтироски, кој речиси цел работен век контактирал со нашите во странство, како секретар на Матицата на иселениците, а беше и генерален конзул на СФРЈ во Мелбурн.

Тој вели дека ретко некој од тогашните македонски политичари го сфатил тоа. Дека Македонците во дијаспората не и' се непријатели на Македонија, се уверил и самиот Томе Буклески – Маќули, кој бил во Австралија како претседател на Матицата. Штом се вратил, во извештај напишал дека стремежот на Македонците за обединување и осамостојување на Македонија е природен стремеж на секој народ. Тоа била храбра процена, бидејќи истовремено тој бил и член на Извршниот комитет на ЦК СКМ. Според Бавтироски, за екстремно однесување се сметало дури и тоа ако во новогодишните календари што ги испраќале преку океанот имале и фотографии на знаменитости и места од другите делови на Македонија.

„Македонските, за разлика од други иселеници од бившите југословенски републики беа многу лојални кон Македонија, а еден дел и кон тогашната југословенска држава. Некои од нив имаа резерви кон Југославија и тоа го кажуваа јавно. Кога ќе разговаравме, на пример, за патни исправи често прашуваа зошто нема македонски пасоши или македонски пари. Никогаш не се организира против Југославија. Постоеше ДООМ на Драган Богдановски, организација која имаше многу приврзаници во Европа и во Австралија, но таа не преземаше никакви антидржавни активности. Убиството на амбасадорот Владимир Роловиќ во Шведска и другите напади на југословенските дипломатски претставништва беше работа на хрватската и на емиграцијата на други републики“, објаснува Бавтироски

[Image: 8DDE04EB88E3B042822E6D4DADA7B36D.jpg]
Трајан Бавтироски (првиот одлево) заедно со Блаже Ристески на скопскиот аеродром

За да ни го илустрира патриотскиот односот на нашата емиграција кон Македонија, тој го посочува примерот на познат Македонец од Леринско, Тели Мариовчето. Тој неколку мандати бил претседател на организацијата Обединети Македонци и сите сметале дека е радикален и голем противник на Југославија.

„Во Македонија доаѓаше често, а мене постојано ми поставуваше прашања од кои ми се смачуваше – ’Дали ќе се обедини Македонија?‘. ’Кога ќе се отцепи од Југославија?’. ’Зошто немате македонски пасоши и пари‘. Јас му објаснувам, а тој се' исто прашува како да не ме разбрал за на крајот да ми речи: ’Не е така‘. Го разбирав и него и сите Македонци кои така дискутираа. Тоа беше нивна природна желба, особено на оние што беа прогонети од егејскиот дел на Македонија, кои практично не ја доживеале слободата што ја доживеавме ние по Втората светска војна“, подвлекува Бавтировски.

Кога Тели Мариовче едно лето дошол во Македонија го замолил да отидат во Битола за да ги пречекаат „некои“ негови роднини, учители во Лерин. Додека патувале за Скопје тој истиот Тели, кој постојано ја критикувал Југославија, на неговите роднини им говорел се' најубаво за Македонија.

„Го слушам и се чудам. Другиот ден го прашувам: ’Тели, што ти стана, така да ја фалиш Македонија‘. ’Ја кажував вистината, им зборував тоа што е Македонија‘. ’А тоа што ми ја вадиш душава секој ден и што ми удираш контра и реагираш на се' што ќе ти кажам?‘, му велам. ’Да ти кажам искрено, јас тебе намерно те провоцирам, зашто убаво ми е на душата кога ќе слушам работи што ти ми ги кажуваш за Македонија‘. Него во Торонто го вбројуваа меѓу најекстремните Македонци. Дури некои го клеветеа дека шурувал со Бугарите. Навистина тој ги провоцираше, но никогаш не соработуваше со нив. Обединети Македонци немаа антијугословенски активности. Ниту еден македонски иселеник не крена рака против никого, дури ни против Србите, со кои не се трпеа. Единствен нивен грев беше што ја сакаа Македонија и говореа за нејзино обединување, дури и за отцепување од Југославија, но не преземаа никакви чекори на тој план“, вели Бавтировски.

Истовремено тој подвлекува дека во неговиот долг работен век многу видел, разбрал и чул многу нешта за Македонците во странство за кои се интересирала и Службата за државна безбедност.

„Јас не можам да ги одделам работите на Службите за безбедност од тогашниот систем. Тие настојуваа да бидат во контакт со нас во Матицата и тоа го правеа доста дискретно. Доаѓаа кај нас и обично се интересира кој иселеник кога дошол и зошто, кој што рекол, дали имал нешто против државата? И тогаш, а и сега го мислам истото - мене не требаше да ме убедуваат да ги информирам за работи за кои мислев дека можат да бидат закана за државата, за мене, за жената, за децата, за мојот имот. Посебно сакам сериозно да нагласам, дека од самиот почеток нив им давав до знаење од мене да бараат мислења какви што очекуваат, туку дека можам да им го кажам она што ќе го чујам и ќе видам. Нашата соработка не беше на објект и субјект, туку на два субјекта, кои се грижат за безбедноста на државата“, ја објаснува Бавтироски неговата улога како секретар на Матицата на иселениците и како генерален конзул во Мелбурн.

Тој вели дека се случувало за многу работи од интерес за државната луѓето од македонските служби да се согласат со неговото мислење и да не го преземаат она што го наумиле. „Имаше еден нашинец од Македонски Брод, живееше во Њу Џерси кој едно лето дојде на одмор во Македонија. Од државна безбедност ми рекоа дека ќе го уапсат и ќе го изведат пред судат, бидејќи избегнал да служи војска. Јас им сугерирав да не го апсат поради неколку причини. Тој и пред тоа беше дојден во Македонија неколку пати и ако сакале требало да го апсат првиот пат. Им објаснив дека неговото затворање може да предизвика сериозни импликации зашто беше државјанин на САД. Еднаш во Њу Џеси го видов со шерифска значка. Ги предупредив дека може да се најдат во ситуација да го пуштат и дури да му се извинуваат. Ја прифатија мојата сугестија“, раскажува Бавтироски.

Тој нагласува дека кога се расправало за македонските иселеници никој не се интересирал зошто некои од нив говореле против државата, никој не ги согледал мотивите за таквото однесување и не се запрашал што им тежи на душата за така да реагираат. Бавтироски вели дека е нормално секоја држава да се штити. Кога како генерален конзул пристигнал во Мелбурн му се јавиле од тамошните власти и му рекле дека одвреме навреме ќе доаѓа кај него човек од федералната полиција. И доаѓал редовно. Ги поставувал истите прашања што му ги поставувале од државна безбедност во Македонија: „Дали има луѓе што не се расположени спрема Австралија, што говорат тие, дали преземаат нешто против неа?“

„Кога се вселив во станот, вториот ден телефонот замолкна. Јавивме во пошта, дојдоа и ни рекоа дека апаратот нешто не е во ред и ставија нов. Знаев што значи тоа, па на човекот од федералната полиција на смеа му велам, ако сакам, можам да им давам и погрешни информации додека ме прислушуваат. Се насмеа и ништо не ми одговори. Пред да стасам во Австралија, се случи еден инцидент во генералниот конзулат во Сиднеј за време на демонстрации на Хрватите. Кога се обиделе да влезат во зградата, конзулот исплашен пукал во таванот, а одбиениот куршум погодил едно дете. Тогаш беше извршена голема рестрикција на оружјето што го поседуваа дипломатските конзуларни претставништва на Југославија. Кај нас во Мелбурн оставиле само два револвера, еден за конзулот за безбедност, а другиот за генералниот конзул. Кога пристигнав човекот задолжен за безбедноста на конзулатот, ми го донесе дома и ми рече дека треба да го носам за секој случај. Не го зедов. Сметав ако некој сака да ме убие јас сигурно не ќе можам да се заштитам. Еднаш федералниот полицаец ми вели: ’Поради тоа што не го зеде револверот ние мораме да те обезбедувавме кога шеташ низ паркот‘. Значи, знаеле се' за мене, па дури и тоа дека не сум го сакал оружје. Ова го кажувам за да направиме споредба со тогашната УДБ-а. Безбедносните служби секаде се исти, колку и да е демократска некоја земја таа мора да се штити. Кога го велам ова не мислам на служби кои се деформирани и во кои има луѓе кои ги злоупотребуваат овластувањата. Вистинските безбедносни служби го штитат интересот на народот. Кога се во прашање државните интереси ние и денес треба да соработуваме со македонската служба за безбедност, но чесно, а не да кодошиме некој што не ни се допаѓа. Или како што сега се случува кај нас да си ги вадиме очите“, заклучува Трајан Бавтироски.
25-12-2010, 02:34 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#45

По некои одзборувања кои кружат по континетов "Обединети Македонци" е организација на УДБ-а. Нивна цел била двоење на Македонското ткиво во С. Америка.


Повторно ќе нагласам: не е проблем во обичното следење и заверување на активностите на луѓето - иако тоа е повреда на приватноста. До некаде не и толку голем проблем и кодошењето, макар и лажното сведочење, зашто од тројца испитаници, ако 1 лаже, тогаш вистината повторно е победник.

Проблемот е во сценаријата на службата. Тука се крие и лажгото. Тој обично не е било кој, туку, вистински УДБ-аш, кој е задолжен да го спроведе сценариото. УДБ-а, и нејзините наследници, имаат точно одредени критеруими за тоа кој како ќе го "обраборуваат" и какви сценарија ќе му се местат на нивнот "Предмет на Обработка".
25-12-2010, 04:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

Наш коментар упатен до Цветаноски


Quote:Господине Цвеаноски вистина што ја нудите во фељтонот преку изјавите и толкувањата на Бабановски, Јаковлевски, Бафтировски е добро позната и заради таквата вистина Македонија е последен бастион на комунизмот. Затоа нема ни Л од лустрација и ни Д од Демократија. Пративме писмо до Утрински весник со докази за вистинските активности на Бабановски се надеваме дека ке го објавите.
Мал цитат од писмото:

"Ние сме прогонувани, судени и затворани како "ванчомихајловисти-бугарофили" или "бугараши" во времето на апсолутна власт на србокомунистите, во времето за кое зборува Иван Бабановски, еден од најревносните слуги на србокомунизмот, човек кој така вешто денеска србокомунистичкиот злостор повторно по диктатат на старите негови газди се обидува да го прикаже како единствена правоверна борба за ослободување на Македонија . Тогаш зошто господине Цветаноски и господине Бабановски ја славите македонската самостојност. "

шифра 2435
25-12-2010, 06:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#47

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (15)


[Image: 9941A8A0A2386146AE0F51CD3B051044.jpg]

На Вецко Стаматоски не му се знае гробот

Го најдоа замрзнат во карцерот, којзнае каде го погреба, вели Спиро Стефановски, со кого биле судени за обединета Македонија

Виктор Цветаноски


Вецко Стаматовски, Ставре Најденовски, Спиро Стефановски и Мицко Романов беа судени во јуни 1947 во Битола. По излежената казна во затворот во „Идризово“, сите се вратија дома, само Вецко ги остави коските таму. Го нашле замрзнат во карцерот. Којзнае каде го погребале, така што гробот не му се знае и ден денес.

„Еднаш на Вецко му дојде пакет. Го видел заставникот Симон од соседното село Пуста Река. Му рекол да го остави пакетот и да појде кај него на разговор. Кутриот Вецко, ни го отвори пакетот, само го бувна на креветиштето и оди кај кицошот од Пуста Река, Симон. Барал да постане Вецко шпион, а тој во лице му скресал: „Ни дедо ми, ни татко ми биле шпиони, ниту јас ќе бидам шпион! Ни капка немам шпионска крв“. Кога дојде, ми кажуваше за разговорот. Му велам: „Со мене на мртва прошетка не!“ И отиде Вецко на мртвата прошетка со сосема десетти човек. Од прозорецот чука проклетиот Симон од Пуста Река. Го вика Вецко и му вели: ’Зошто зборуваш‘ и го пушти на рапорт. Доби 14 дена карцер. Тоа беше зима. Од студ камен пука, а тој Симон турај му вода и наутро замрзнат. Така тој Симон од Пуста Река му го доупропасти здравјето на Вецка“.

Вака го опишува крајот на животот на Вецка Стаматовски, неговиот другар Спиро Стефановски со кого заедно сонувале за слободна и обединета Македонија и со кого заедно лежеле во затвор.

Стефаноски во затворската исповед пренесена од Стојан Ристески во „Судени за Македонија“ објаснува дека здравјето на Вецка му го нарушиле од порано. Бил на операција од слепо црево и веднаш по враќањето го натерале со група затвореници да вадат пропаднат трактор од Вардар, гол во зима.

„И во 1950 година Вецко го напушти земниот свет. Се чуја и такви гласови дека е убиен. За смртта на Вецко не беше известено неговото семејство. Неговите дознале преку некој нивни роднина што работел во општината, кој дошол до документот во кој се велело дека повеќе не се води меѓу живите. Речиси пред десетина години ги повикаа неговите божем да си го земат неговото тело пред да почнат со изградба на некои згради. Меѓутоа, кога откопале, нашле три костура. Кој да го земат?“, ќе ја раскаже своевремено драмата на Стаматовски, неговиот најдобар другар од Цер, забележана од д-р Стојан Ристески во „Судени за Македонија“.


[Image: B6704AEE77100D4C8735F952CFA87326.jpg]
Стефаноски вели дека проблемот на Македонија во нивната куќа отсекогаш бил присутен, а особено по херојската смрт на Христо Узунов и на неговите комити во нивното село на 24 мај 1905 година. Таа идеја му била всадена од дома, од родителите, од дедо му, а ослободениот дел на Македонија не било она од нивните соништа. По војната се собрале повеќемина истомисленици и расправале околу тоа, а најголемо влијание врз нив извршил најстариот Ставре Најденовски. Од Мицко Романов од Битола добивале „Македонска трибуна“, списание на МПО и друга литература за минатото на Македонија. Меѓутоа УДБ-а им вметнала човек, Спиро Крстановски, кој му бил неразделен другар. За УДБ-а било познато се' што работеле и кои се' биле во групата.

„На 5 септември 1946 година бевме на кафтење пченка, во друштво. Околу 21 часот се враќам дома. Куќата блокирана од удбаши. Ме фатија и ме врзаа. Претрес. Ги најдоа весниците. Ми удрија едно тепање. Кога ме извадија од дома, Ставре Најденовски офка. И него го претепале. Побара вода. Удбашите му дадоа вода со сол“, раскажува Стефановски.

Од целата група биле осудени само четворица. Малолетниот Живко Беличоски бил ослободен, а другите со пријатели, по врска си дошле дома. На Спиро Саботиноски му бил роднина обвинителот па така се спасил од затвор. Вецка Стаматовски можеле да го спасат тогашните моќници на УДБ-а, но никој не мрднал со прст, иако неговиот татко за време на окупацијата им помогнал на многумина комунисти да куртулат од Бугарите.

Како што раскажува Стефановски, ги осудиле за кривично дело против народот и државата, за некаква терористичка организација, а не се навело ниедно конкретно извршено кривично дело. Тој што ги предал, Спиро Крстановски, не го извадиле како сведок, туку затворениот за истото дело Живко Личоски, кој имал брат во внатрешни. Кога го префрлиле во „Идризово“, работел на новите згради. Петмина за осум часа морале да измешаат 27 метри кубни малтер. Потоа работел во килимарница до крајот на затворот, а низ неговата рака поминале сите килими за вилите во Отешево. А од сите изработени килими еден му останал во трајно сеќавање.

„Добивме наредба да изработиме еден огромен килим: 7х3,5 метра. За тој килим се потрошени околу 400 кг. непрана волна, односно готов тежеше 96 или 97 кг. Тој килим беше посебен. На него беше претставено македонското природно, стопанско и културно богатство. Тука беа планини, сончеви зраци, реката Вардар, овчари, полиња со житни и индустриски култури. Преку 50 бои се прелеваат. Просто овците на него да заблеат, кучињата да залајат. Бурдата со играорци и свирки. Кога него би го работел еден човек, под затворско темпо, беше потребно време од година и пол. Арно ама, работата била итна, па на него работевме во две, а последно и во три смени: јас, Вангел Деребан, Пеце Петков и уште двајца други. На средината имаше убав медалјон. И кога беше сосем готов го свиткавме и на него се стави адресата: Борко Темелковски Лилјакот, ул. ’Ленинова‘ бр. 19 Скопје“, раскажува Стефановски.

Во тоа време многумина тогашни македонски раководители ги користеле услугите на затворениците. На пример, на Вера Ацева неколку пати и правеле и преправале мебел. Стефановски тврди дека Цветко Узуноски Абас тогаш заграбил многу богатство од народот.

„Еднаш Вангел Деребан и Цветко Вретоски редела паркет во куќата на Цветко Узуноски Абас. Доаѓа Вангел и ми вели: ’Од оваа држава не бидува ништо! Крадат!’ Го прашувам зошто. Тој ми кажува дека кај Абаса видел рамка на семејна фотографија изработена од чисто злато, од златото што им се земаше на трговците и дуќанџиите. Како да не му верувам кога тој по занает е филигран“, нагласува Стефановски.

Говорејќи за тешкиот затворски живот посебно истакнува дека третманот на осудените за ВМРО бил неснослив. Осудените дражиќевци на по 20 години имале неспоредливо поголеми повластици. Од нив ставале команданти на одделенија, од нив бил одговорниот на туланата. „Јадењето: ориз нетребен, компири немиени, замрзната репа што не ја јадеа животните ние ја јадевме. Ако појдеше прв по јадење, ќе земеше вода, ако беше последен кал. За стоката се водеше повеќе грижа отколку за нас, кучињата поубаво живееја“, се сеќава тој.

За најмала грешка на осудените за ВМРО им определувале карцер. Еднаш милиционерот Коста Никлески од Брезница му предложил како земјаци да си помагаат и побарал да ги шпионира затворениците. Кога го одбил му се заканил. Така 14 дена морал да одлежи во карцер.

„Што луѓе беа управникот на битолскиот затвор Борка и тој проклет Коста Никлески од Брезница може да се види по тоа што за нечесни работи и кражба набргу дојдоа кај нас. Дури на тој Борка му бев мајстор и го терав се' по пропис да работи, па се жалел на мене, ама сите не му веруваа зашто ме знаеја кој сум и каков сум“.

Удбашите не ја оставале на мира ниту неговата свршеница, Ратка Беличкоска, која по излегувањето од затвор ќе му стане сопруга. Ја терале да се омажи за друг. „Што се' не и' велеле: нема да излезе од затвор, ќе го чекаш него ваков, него таков, кога ќе излезе ќе бара помлади и што не друго. Еднаш ете ти ја во посета, пуста посета пет-шест минури. Ме прашува дали да ме чека или не, ако ме чека, дали ќе ја земам кога ќе излезам или да се мажи за друг. Како да и речам, а таа на нејзините им велела: ’Ништо побело не гледам од Спира‘. И велам, ако ме чека, ќе ја земам без разлика да е и без нога, и без рака, и без очи, а ако не сака да ме чека, нека и е со среќа со друг. И ме чекаше“, раскажува Стефановски.

По излегувањето од затвор можел да лежи само на едната страна. Толку бил ослабнат што еднаш кога со свршеницата отишле на изворот каде што младите се бендисувале паднал од исцрпеност.

„Дојдов на самиот крај од 1950 година дома, на 11 февруари се женив и веќе на 3 мај 1951 година ме забраа на дослужување војска. Цело време по враќањето од Идризово, односно од војска бев под ’грижа“ на УДБ-а, но со ништо не давав повод, брзо го оформив образованието и бев единствен учител во Цер со државен испит и предано ја вршев работата. Често бев викан да соработувам со УДБ-а, но под никаков услов не прифатив, дури по цена повторно да бидам затворен. Ете, за да бидам понастрана останав овде, во Цер, со макотрпие ги изгледав и ги иставив децата на пат“, раскажува Спиро Стефановски кој поради љубовта кон Македонија морал да плати мошне висока цена.
27-12-2010, 03:19 PM
Reply
montehristo Online
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#48

Quote:Фељтон
Колку УДБ-а беше нашата судба (16)
[Image: 85FD64C68F6F68439086302C46450A86.jpg]


Удбаш ја силувал пред нејзините деца

За да го оцрнат образот на свештеникот Иван Иванов од Виница и за да го осудат повеќе години удбашите ќе му скројат валкано сценарио

Виктор Цветаноски


„Посебна траума доживеавме ние домашните, кога еден ден дојдоа удбашите и и' се заканија на мајка ми да се откаже од татко ми оти во спротивно ќе го стрелаат. Еден од нив и' се нафрли и пред сите нас ја силуваше. Тоа беше врв на удбашките ѕверства. Затворот на татко ми му го упропасти и бракот и сите ние страдавме поради тоа. Како семејство бевме жигосани како бугараши и така беше до неодамна“, изјави синот на осудениот Борис Бојаџиев, Симеон, чиј татко за идејата за обединета Македонија одлежал 3,5 години затвор.

Според кажувањето на Симеон, неговиот татко прв пат за Македонија бил затворен во 1937 година, кога јавно викал низ улиците на Штип: „Да живее Македонија“. Веднаш бил уапсен и одведен во Ниш каде што без судење одлежал 1,5 година затвор. Од 1943 година учествувал во НОБ и бил еден од политичките комесари на 14. бригада. По неуспешниот обид да се оди за Солун, а не за Срем, припадниците на неговата единица на патот кон Сремскиот фронт, близу Куманово, се разбегале и секој си тргнал дома. Бојаџиев и некои негови соборци биле уапсени и осудени на смрт со стрелање, но по бројните интервенции од неговите родители бил ослободен. За Бојаџиев тоа не било доволна поука, така што во 1946 или 1947 година станал член на тајна организација што се застапувала за независна и обединета Македонија што би влегла во поширока балканска конфедерација. Групата одржувала и тајни состаноци надвор од градот. Бил уапсен во август 1948 година.

„Татко ми шест месеци беше во истражен затвор во Штип, кој тогаш се наоѓаше близу денешното основно училиште ’Ванчо Прќе‘ т.е. во училиштето каде што јас тогаш учев во прво одделение. Оттаму, секој ден, точно во време на големиот одмор, го водеа татко ми врзан од истражниот затвор кон Милевата куќа, која тогаш беше седиште на УДБ-а на Штип. Секојдневно го гледав и трчав плачејќи по него, а останатите деца во еден глас викаа по нас: ’уа‘. Таа траума до денес не можам да ја заборавам. Го спроведуваше Љупчо милиционерот, со пиштол вперен во неговиот грб, а во зградата на УДБ-а бил испитуван од некојси Митровиќ (Србин што бил на служба во Штип). За време на ноќните испитувања му се заканувал со убиство, го терал со часови да клечи со голи колена врз зрна пченка, со часови да стои потпрен на ѕид само на своите палци и други нечовечки изживувања“, раскажува Симеон.

По излегувањето од затвор Борис Бојаџиев едвај нашол работа. Ги работел најтешките работи. Починал од рак во 1984 година. „Пред крајот на животот повторно се состанаа и живееја заедно со мајка ми, меѓутоа, траумите што ги доживеавме од југословенскиот ’социјалистички‘ режим трајно оставија последици во нашето семејство“, се сеќава Симеон Бојаџиев на тешките времиња кога многумина штипјани ги нарекувале бугараши.

Во првите години по војната од Виница биле судени три групи за обединета Македонија. Во првата група, во 1948 година, страдале тројца виничани, а во останатите две, судени во 1950 година, имало и по еден свештеник: поп Иван Иванов и поп Иван Попов.

Свештеникот Иван Иванов, Блаже Лазаров и Чиме Иванов биле обвинети дека поединечно и сите заедно среде народот ширеле клевети и ја напаѓале народната власт дека таа го тормози народот и го пљачка, дека била составена од простаци, Цигани и голтари. Покрај тоа, обвинетите ширеле лажни гласови дека претстои нова војна, оти Русите ќе ја нападнеле Југославија во која ќе се вмешале Англичаните и Американците и дека на чело на Македонија ќе дојдел Ванчо Михајлов, а во Србија - кралот.

Свештеникот Иванов е обвинет и за друга работа. Настојувајќи докрај да го извалкаат неговиот образ, некои удбаши му скроиле невидено сценарио во кое никој во Виница нема да поверува. Во неговата куќа испратиле две жени за да го компромитираат. Во обвинението стои дека тој, користејќи ја својата свештеничка положба и верската заблуденост на селаните, систематски примал жени во својот дом и со изговор дека преку читање молитва ги лекува со нив вршел „блудни радњи“.

Во обвинението се изнесени многу вулгарности. „Ги штипел на секаде по телото. Им ги вадил дојките и им молзел млеко со кое ги поливал крстот и еден струк босиљок, и со тоа после ги мазал по образите и полните органи, након тоа ги терел да му се обрнуваат со грбот и прават метанија ако би им четел молитва, а за тоа време кога би се жените наведнале ги зграбувал за половините, им ги подигал фустаните. И како постраданите оделе махом без гаќи насилно со нив вршел сношај...“, пишува во обвинението.

Неговата сопруга Стојка Иванова за тој настан прозборе четириесетина години подоцна. Во изјавата што ја испрати до д-р Стојан Ристески и што е објавена во „Судени за Македонија“, целосно ги демантира гнасните обвинувања. Таа лично присуствувала на судењето на сопругот и тогаш ги слушнала лажните сведочења на двете жени.

„Гледајќи ги двете жени во судницата се присетив на нив. Двете дојдоа во нашата куќа неколку дена пред затворањето за мојот сопруг да им чита молитва. Бидејќи тој беше в црква, им реков да одат таму, но тие инсистираа да го чекаат тука. Во тоа не видов ништо сомнително зашто за истата работа доаѓаа и други лица. Иван долго се задржа в црква, а тие упорно го чекаа. Кога дојде свештеникот, му кажав за двете жени т.е. дека ги упатував в црква, но оти тие упорно го чекаат дома. Ова му го реков во нивно присуство. Тие ништо не прозборија. Со свештеникот слегоа во приземјето од куќата, таму се изврши читањето на молитвата. Бев изненадена како овие жени можат толку подло да лажат на судот. Прво, да се прави нечесно дело пред две лица е незамисливо, дури и во денешни услови на слаб морал, а не тогаш. Второ, јас со децата бев тука, немаше никакво заклучување на врата. Зашто така сведочеа, тие си знаат, но можат да заклучат сите добри луѓе“, објаснува сопругата Стојка.

Поп Иванов на власта и' се замерил веднаш по војната. По ослободувањето бил избран за претседател на Виница, но по околу два месеца се откажал поради тоа што не се согласувал со некои постапки на власта. Покрај тоа, им припаѓал на луѓе што не се согласувале со делумното решавање на македонското прашање, а во тоа време слушал и Радио Лондон, нешто што се сметало за голем ерес. Му била изречена строга казна – 16 години затвор, а сопругата и децата биле истерана од црковниот стан и морале да се приберат кај нејзините во Кочани.

„Како затвореник мојот сопруг во ’Идризово‘ доживеал невидени маки. Таму, освен со многу блиски луѓе и соученици, се сретнал и со својот колега, свештеникот Јован Попов. На Јован Попов управата на затворот му пуштила провокатор, со цел да се дознае каде се скриени златото и другите драгоцености што ги имало неговото семејство. Провокаторот му се претставил како голем маченик, но и моќен да стори се' за да избегаат од затворот преку свои канали, за што, наводно, му требале пари. Поп Јован му поверувал и за ова му кажал на мојот сопруг, велејќи му дека и тој може да побегне со нив. Целата приказна за бегањето и за парите на мојот сопруг му станале сомнителни и му рекол на поп Јован дека мисли оти лицето што му ветува бегство е провокатор. Стариот поп Јован поверувал, па при првата средба со него му рекол в очи дека е провокатор, испратен од затворските власти. Притоа го спомнал и името на мојот сопруг. Провокаторот не признавал, но набргу го снемало од затворот, а мојот сопруг и поп Јован добиле по 30 дена карцер“, пишува сопругата на виничкиот свештеник.

Меѓутоа, поп Јован Попов веќе му имал кажано на големиот „маченик“ за закопаното богатство на неговото семејство. Еден дел било пронајдено во Разловци, родното село на свештеникот, а другиот дел во неговата куќа во Виница. Во народот се зборувало дека имало една канта злато.

Поп Иван Иванов по издржувањето на затворската казна не се вратил повеќе во Виница, во градот каде што УДБ-а го извалкала неговиот свештенички образ. Виничани го канеле да биде свештеник кај нив, но тој одбил и заминал во Кочани.

„Вистината секогаш излегува на површина, но не доживеа да ја види самостојна Република Македонија за да може сам да се искаже, а имаше што да каже, бидејќи по затворот заврши Филозофски факултет, група историја, со претходна диплома на завршена Богословија и незавршен студент на Богословскиот факултет во Белград. До крајот на животот остана свештеник и од секого беше почитуван, како свештеник и како човек“, ја пренесува Стојка Иванова трагичната судбина на својот сопруг.
Извор
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 28-12-2010, 02:39 PM by montehristo.)
28-12-2010, 02:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#49

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (17)

[Image: 16F7079BE6C5A04EABEBF651AC42D71E.jpg]

Крсте Коњаноски три дена бил измачуван од удбашите кои инсистирале да признае дека се состанувал со Американците од подмoрницата кај Нивици; американска подморница од Втората светска војна

Барале американска подморница во Преспа!

Албанецот Бајрам Тефик, учител од Горна Бела Црква, се борел за самостојна и обединета Македонија

Виктор Цветаноски


Првите години по војната удбаши од Ресен мислеле дека во Преспанското Езеро има подморница на Шестата американска флота. За време на истрагата го обвинувале Крсте Коњаноски дека знае каде се наоѓа, тврдејќи дека се состанувал со нејзиниот командант и со разузнавачи на САД, од кои, според нив, добивал злато за борба против Титова Југославија и за отцепување на НРМ од неа.

„Три дена и три ноќи непрекидно ме измачуваа, држејќи ме на една нога и со една рака крената. Така, стојам на десната нога, а левата рака морам да ја држам над глава. И обратно: стојам на левата нога, а десната рака морам да ја држам над глава. Ме тепа ли ме тепа Пецо Нечоски. ’Зошто ме тепаш?‘, се обидов да го прашам. ’Зошто си предавник, шпион...‘, реди тој. ’Како, бре, предавник!. Не сум ни за Србија, ни за Бугарија, ни за Грција, туку за Македонија. Македонци сме и Македонци ќе умреме...’ Кога ова му го реков пак ме удри. ’Што ме тепаш, не сум стока!‘, му се спротивставив. ’Молчи!‘, ми се заканува човекот идиот Пецо Нечоски. Едно време ми вели: ’Крсте, биди маж, герој биди, кажи за подморницата!’“, раскажува Коњаноски за тоа време кога на неписмени млади луѓе новата власт им доверувале да вршат значајни работи за заштита на државата.

„Му велам, Пецо, три дена и три ноќи ме мачите. Искрено ти велам, нема никаква подморница. Како може да дојде подморница од море во нашето езеро? И да има водена врска, кај може во волку плитка вода да има подморница? Од каде сум можел да се состанувам со Американците од подморницата кај Нивици? Вие таму имате партизани. Проверете, прашајте дали може да има подморница во Преспанско Езеро, иако има навистина подморница самиот ќе се обесам среде Ресен“, се обидувал Коњаноски да ги разубеди ресенските удбаши што верувале дека такво американско чудо стасало во нивното езеро.

Најверојатно, сфатиле дека прават голема глупост, па го оставиле на мира. Коњаноски во тоа време имал четириесетина години, а идејата за самостојна и обединета Македонија кај него била присутна од поодамна. Тој и уште најмалку дваесетина негови истомисленици од Ресен и Ресенско решиле да формираат тајна организација, а бидејќи нивните размислувања биле исти со идеите на Гоце Делчев ја нарекле ВМРО. Не биле задоволни од ослободувањето на само вардарскиот дел на Македонија, туку сакале нејзино целосно осамостојување и обединување во закрила на Англоамериканците.

„Точно е наведено во пресудата дека ние бевме за самостојна Македонија под покровителство на Англија и Америка, но уште и за обединета Македонија, а сето друго што се наведува во пресудата е неточно и злонамерно квалификувано. Ние ништо не знаевме за Ванчо Михајлов, ниту некој го спомна него, а во пресудата ни се припишува како водач. Ние бевме за самостојна и обединета Македонија во која сите ќе бидеме рамноправни, без разлика на вера и народност, па затоа во нашата организација членуваше и Албанецот Бајрам Тефик од Горна Бела Црква, по занимање учител“, ги објаснува Коњаноски определбите на нивната организација.

Се состанувале секоја сабота во Ресен, во пазарен ден, во дуќанот на чевларот Сандре Дума. Придобиле многу симпатизери. Член на организацијата бил и некој Гале од селото Долно Дупени, кој ги предал по што биле притворени.

„Мене милицајците ми ги донесе соселанецот Крсто Калинџиев. Комбето го оставиле кај ливеѓено. Врзан ме одведоа до него и ме втурнаа внатре. Таму веќе собран Живко Стојкоски од Прељубиште. ’Зар и тебе, бре Живко?‘, му велам зашто тој беше слеп човек. ’Ете, се плашат да не избегам!‘, ми одговори со презир кон спроводниците“, раскажува тој.

Според кажувањето на Коњаноски, и учителот Бајрам Тефик бил многу малтретиран, а луѓето што работеле во УДБ-а не можеле да сфатат како Албанец се нашол во група на вмровци и се залагал за самостојна и обединета Македонија. Настојувале по секоја цена да дознаат што го натерало да се здружи со нив. Подоцна во обвинението ќе му накалемат други работи, како соработувал со некои екстремни Албанци.

„Бидејќи ништо не признал, една ноќ го одвеле надвор од градот. Откопале дупка и го пикнале внатре за жив да го закопаат. Пусти живот мил! Им рекол: ’Аман! Ќе признам, само немојте жив да ме закопате!‘ Како што ми кажуваше кога се врати од затвор, им рекол дека имал намера да собере три-четиристотини вооружени луѓе од Албанија и со нив да ја собори комунистичката власт. Ова била голема вест, огромна опасност за државата, па дојде од Скопје поручникот, мислам се викаше Трпе, кој беше по политички работи во републичката УДБ-а. Кога го прашал Бајрама дали ќе можел да собере толку луѓе, тој му рекол: ’Јас не можам да најдам еден таков човек, а не три-четиристотини. Тоа го реков од мака‘. На прашањето како од мака, Бајрам ја кренал кошулата, ги турнал панталоните. Целиот син како џигер. Тогаш Бајрам бил ослободен од натамошно малтретирање во притворот, а потпишаното признание поручникот го искинал. Ова лично ми го кажуваше Бајрам, кој сега живее во Америка“, се сеќава Коњаноски.

Стариот вмровец годините минати по затворите сака да ги прикаже од ведрата страна на животот. Маките и страдања ги гарнира со доза на хумор, правејќи шеги на сметка на оние што управувале со затворот.

„Од ’Идризово‘ бев донесен во Отешево. Работевме два-три месеци на вилата на Цветко Узуновски Абас (’Југославија‘). Таму со една група изработивме една плоча од гипс на која беше претставена положбата на Македонија преку три жени вдовици, симболизирајќи ја Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија со испишано ’ВМРО‘. Таа плоча ја закопавме близу до темелите од една зграда, каде што за штета, за инает поради нечовечките односи кон нас, во една дупка, ги туравме и шајките. Ако газдите ни ја откриеја плочата, ќе беше тешко за нас“, раскажува тој.

Поради таквите бељи што правел го преместиле во Србија.

„Во Добановци бев пет-шест месеци, кајшто учествував во градењето на штала и фарма за потребите на ЦК на КПЈ. И денес да се погледне на нивните покриви на керамидите ќе се види испишано: ’ВМРО‘. Потоа бев во Земун на изградба на фабрика за стакло. Животот во затворот, односно во работата, на милицијата, неспоредливо беше подобра во Србија. Таму се изнајадов и за тоа што гладував во ’Идризово‘ и во Отешево. Меѓутоа, бев осамен. Пусто и пеколот во својата земја е подобар. Барав начин да се вратам во Македонија. Во тоа ми помогна затвореникот, личен лекар на Анте Павелиќ. Тој ме научи да се жалам на ревма, да куцам, да се влечкам по стројот. ’Ревмата никој не може да ја утврди‘, ми рече. Со неговата потврда бев вратен во ’Идризово‘“, раскажува за затворските денови Коњаноски.

Во галеријата на вмровски ликови на „Судени за Македонија“ на Стојан Ристески, по своето специфично однесување се издвојува Ангеле Мувчески од охридското Требеништа, кој од 42 месеца одлежани во затвор 34 ги поминал во карцер (самица). Од љубов кон Македонија официјално во месната канцеларија на селото си го променил името во Гоце Сандански, но од повисока инстанца тоа не го прифатиле. Како млад заминал во странство, но оттаму бил вратен и предаден на југословенските власти. Во Охрид луѓето на УДБ-а му извадиле повеќе документи за неговото емигрантско дејствување за самостојна и обединета Македонија. Притоа, му рекле ако не соработува со нив ќе го дадат на суд со обвинување за здружување против народот и државата и според доказите можел да биде осуден на повеќегодишна робија.

„Од мене се бараше на измама, прво да го донесам Драган Богдановски во СФРЈ или во најмала рака во Грција, а потоа тие ќе ја преземеле работата во свои раце. Второ, што бараа од мене беше некоја си охриѓанка што во тоа време била лична секретарка на Ванчо Михајлов, пробугаринот од Рим, да се елиминира. За овие две услуги и уште некои поситни ќе требаше да добијам србокомунистички пасош и скромни финансиски средства, а по тие работи нема што да се секирам за вработување и воопшто за мојата иднина“, објаснува Мувчески.

Соработка со УДБ-а не прифатил, но затоа пак бил изведен пред суд и осуден на две години затвор. Дента, пред да биде пуштен, било покренато ново обвинение и повторно го осудиле на една и пол година. Тој смета дека тоа му го направиле поради тоа што дента кога го донеле Драган Боганоски во „Идризово“ истрчал и го прегрнал.

„Јас имав уште десетина дена за робијање. Отидов во едно одделение (таму правеа кревети) и јавно реков дека штом човек како Драган падна во рацете на србокомунистичкиот окупатор, тогаш ДООМ треба да стори се' да го ослободи, па макар и по пат на уцена“, објаснува Мувчески.

(Продолжува)
29-12-2010, 01:56 PM
Reply
montehristo Online
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#50

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (18)

[Image: 09574C0D30A9324E90A47535B7A178D3.jpg]

Петнаесет души одметнати в планина

Герасим Лазаров од Конче не сакал да влезе во колективот и бил ликвидиран по предавството на неговиот зет од ќерка
Виктор Цветаноски

Според истражувањата на некои македонски историчари, еден од најголемите гревови на македонските комунисти била колективизацијата на селото, кога се случила најголемата и најмасовната репресалија по војната. Оние што не се согласувале да ги отстапат своите имоти во селските работни задруги биле водени на ноќни испрашувања, некои стрелани, а нивните семејства ги одведувале во логори.

Од тоа време познат е случајот со светиниколското село Немањици, кое во 1950 година цел месец било блокирано, затоа што селаните се побуниле и не сакале да влезат во колективот. Панче Арсов, кој бил учител во селото, раскажува дека специјални патроли на УДБ-а ноќе влегувале во куќите и ги тепале сите што сметале дека се виновни за бунтот. Првите десетина дена секоја вечер имало апсења и малтретирања. Биле затворени околу 30 селани, a десетина од нив никогаш не се вратиле дома. Нивните најблиски до денес не знаеле каде се погребани за да им запалат свеќа.

Не постојат документи за тоа колку селани тогаш биле репресирани, зашто целата документација била испраќана во федералните органи. Во македонските архиви е пронајдено само едно ливче во кое Вера Ацева ги информира во Белград дека во октомври 1949 година биле осудени 80 лица во врска со колективизацијата. Дури и не се знае колку луѓе се убиени за време на колективизацијата на кои семејствата не им ги знаат гробовите.

За тоа како се спроведувала колективизацијата и што презела власта со непослушните карактеристичен е случајот со Герасим Лазаров од селото Конче, Радовишко, кој бил убиен на 13 октомври 1949 година. Тој со уште петнаесетмина од тој крај се одметнал в планина, но бил предаден од својот зет од ќерка. Бил имотен и авторитетен човек во Лакавичкиот регион, а власта настојувала тој меѓу првите да влезе во колективот и така да ги повлече другите селани. Меѓутоа, тој не мислел така и кога му понудиле да влезе во колективот категорички одбил.

„Власта решила Герасим да биде притворен зашто со неговиот однос кон колективизацијата незадоволството се ширело и кај другите селани. Меѓутоа, дознавајќи дека ќе биде притворен, ме извести мене и најблиските дека разбрал што му подготвува власта и оти има намера да го напушти семејството и да оди в планина. Тогаш ни рече: ’Никој не може со неработници и кодоши да другарува и да го дели имотот!‘ Не' остави нас деветмина (свекорот, седум деца и мене, а едната ќерка беше мажена). На поаѓање рече: ’Кој сака да му потпишам пристапница во СРЗ нека дојде горе, в планина! Таму ќе му потпишан!‘“, раскажува неговата сопруга Марија.

Колективизацијата не била единствена причина за одметнувањето на Герасим. Тој не бил задоволен и од статусот на Македонија во југословенската федерација. Сите негови предци (семејството Лазаровци потекнува од околината на Кукуш) биле за обединета Македонија. Негов идеал било таа да се обедини и да се организира по образецот на САД.

По одметнувањето на Герасим, неговото семејство, татко му, сопругата и децата ги интернирале во Куманово. Таму ги сместиле во туларница каде што правеле тули. Подоцна сопругата ја префрлиле на железничката пруга каде што работеле претежно казненици. Тука минала повеќе од една година, при што била изложена на разни тортури и понижувања.

„Животот во интернација ни беше многу мачен, бидејќи платите беа многу мали. Децата ми аргатуваа и измеќаруваа за да преживееме. Во меѓувреме, во 1951 година, почина најстариот син Спасе, на 25-годишна возраст, кого долго го измачуваа, добивајќи и тешки телесни повреди на ’рбетот. Сметам дека смртта на синот Спасе дојде поради измачувањата и физичкото малтретирање од страна на тогашната власт. Под чудни околности подоцна почина и синот Славко во Белград“, ја пренесува Марија драмата што тие години ја доживувало семејството.

[Image: 40808C1AC088594787D395C3461A0B6E.jpg]

За цело време на интернацијата тие немале никаков абер за Герасим, додека кон крајот на октомври 1949 година не стасала веста дека е убиен. Дознавајќи за смртта на синот, таткото од Куманово пешки отишол во Конче за да ја дознае вистината. Бил присилно вратен во Куманово. Со истата намера во 1955 година повторно тргнал пешки за Конче и таму починал.

„Бев другар и блиску живеевме со семејството на Никола Младенов, кој во времето на убиството на мојот татко бил повереник на УДБ-а за Радовишка околија. Еден ден пред неговата смрт, преку телефон бев замолен од син му Борис да му помогнам за лекарска помош за неговиот татко, кој беше тешко болен. Преку моја лична ургенција му обезбедив. Кога разбрал болниот кој му помогнал, истата вечер побарал да се сретне и да разговара со мене. Отидов. Ми се заблагодари за помошта. Ми рече дека чувствува грижа на совеста и дека сака да ми ја каже вистината за убиството на татко ми. Ми рече: ’Да не се сомневате за предавството на татко ти во никого. Него го предаде вашиот зет Марко Димов. Тој дојде во милицијата и ни соопшти дека на одредениот ден, на одреденото место, ќе дојде со група други одметнати во Конче. Постапката потоа се знае: поставивме заседа и го ликвидиравме. Јас не чувствувам вина, само си ја вршев својата должност. Да не беше известувањето, немаше ништо да се случи. Ние од Герасима немавме никакви проблеми ниту, пак, организирано го прогонувавме. Всушност, ние веќе мислевме оти тој одамна е преку граница‘. Следниот ден овој човек почина. Кажувањето на вистината за татко ми како да му беше последна исповед“, раскажува Борис Лазаров, син на Герасим.

Вистинска драма во семејството ќе се случи по педесетина години, во 1995 година, кога ги посетил Алекса Митев од струмичкото село Вељуса, кој дошол од Бразил, а тој бил очевидец на смртта на Герасим. И тој бил одметнат заедно со Герасим, но имал поголема среќа кога налетале на заседата. Успеал некако да се извлече и потоа да пребегне во Грција.

„Кога дојде Алекса Митев во мојот дом, тука бевме мајка ми, брат ми Борис и јас. Дознавајќи дека дошол некој во посета кај нас, дојдоа сестра ми Зоја и маж и' Марко Димов со неколку внуци. Тие се поздравија со Алексо. По кусиот куртоазен разговор, тој на зетот Марко отворено му рече: ’Марко, ти си предавникот и убиецот на дедо ти Герасим, а истовремено и мене ме предаде за да ме убијат!‘ Марко се збуни и рече: ’Јас бев в болница кога го убија Герасима. Тоа не е од мене!‘ Забележавме дека Марко поцрвене во лицето и почна несмасно да се правда, но Алекса му одговори: ’Тоа што го направи во 1949 година, мене ми го направи и во 1945 година. До 1949 година не мислев дека одлежав 18 месеци затвор во ’Идризово‘ поради тебе, иако некои ми велеа дека ти си предавникот, но случајот со Герасима јасно ми кажа оти ти тогаш си ме предал‘. Алексо Митев му го рече ова на Марко пред сите присутни и видно возбуден и изнервиран, излезе, велејќи: ’Како можеше да му направиш такво нешто на својот дедо и мене, твој војнички другар‘“, раскажува Бошко Лазаров, другиот син на Герасим.

Разговорот со Алекса Митев продолжил подоцна кога тој детаљно им објаснил што се случило тој кобен ден. Одметнатите биле поголема група, петнаесетина души, главно, незадоволници од тогашната власт. Речиси две години се движеле во планините Беласица, Конечка Планина и Кожуф. Очекувале дека ќе дојде до некои промени во политичкиот систем, но откако увиделе дека од тоа нема ништо, решиле преку Грција да заминат во Америка. На средбата Митев им рекол: „Во меѓувреме јас и Герасим имавме неколку средби со Марко Димов, кој работеше како шумар и постојано не' информираше за семејството на Герасим. Од Марко бевме информирани дека најстариот син на Герасим, Спасе, бил тешко болен. Познато ми е дека тој во мое присуство два пати му даде поголема сума пари за да му ги предаде на семејството за издршка и за лекување на синот. При повторната средба со него се договоривме за пет дена да ни достави информации за семејството на Герасим, да ни обезбеди малку храна и облека, бидејќи немавме намера набргу да емигрираме. На петтиот ден, како што беше договорено, тргнавме за Конче за да се сретнеме со Марко. На закажаното место, наместо тој, не' дочека заседа и оган од пушкомитролези. Герасим беше погоден во слабината, а јас паднав веднаш до него, иако не бев ранет. Последните негови зборови беа: ’Марко не' предаде! Ти, Алексо бегај, јас не можам, бидејќи сум тешко ранет“, им ја раскажал Митев на синовите на Герасим вистината за трагичниот настан.

Семејството не било информирано за погребот на Герасим. Подоцна разбрале дека биле присутни неколку жени од Конче, меѓу кои и нивната тетка Гона Панева. Таа им раскажала дека тој бил погребан нечовечки. Го донеле на тезгере и го исфрлиле во една дупка на крајот од гробиштата. При погребувањето биле присутни и неколкумина претставници на власта, а еден од нив, Јордан Дишев, удирал со клоци по мртвиот Герасим.
An inch today is tomorrow’s mile.
30-12-2010, 02:39 PM
Reply
montehristo Online
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#51

What's wrong with this picture???
Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (19)

[Image: D8D11041172BE642BF03E19B31D13256.jpg]

Голи Оток - пекол за непослушните комунисти

За време на Информбирото, најмалку 1.000 македонски комунисти беа испратени на познатиот остров и беа изложени на невиден терор
Виктор Цветаноски


За време на Информбирото во 1948 година партијата преку УДБ-а започна сурово да се пресметува со своите со сите оние што застанаа на страната на Сталин. Тогаш најмалку 1.000 македонски комунисти беа испратени на Голи Оток, а помал број, воените лица, во Билеќе. Еден дел од нив ниту знаеја што се случува меѓу Тито и Сталин, а голем број беа накодошени од своите дотогашни другари, кариеристи кои во тие матни времиња виделе шанса да ги заземат нивните места.

Некои моќници го искористиле ИБ да ги расчистат сметките со тие што не ги трпеле, кои им се замериле, а некои дури да им се одмаздат на тие чии жени или сестри не сакале да спијат со нив. Најилустративен пример е случајот со младиот поручник Благоја Георгиевски кого го распоредиле на служба во Тетово. Настрадал поради тоа што неговата сопруга не сакала да спие со еден удбаш. § предложил љубов, а таа се заканила дека ќе му каже на сопругот. Тетовскиот моќник не го заборавил тоа и за време на Информбирото го накодошил Георгиевски дека го фалел Сталин.

„Издржа 20 години во Воениот затвор во Билеќе. Јас добро го познавав човекот и знаев дека никогаш не бил за Сталин. Го видов и неговото досие и се обидов да му помогнам. Тогаш недоволно искусен, дури напишав барање за негова рехабилитација до Сојузниот секретаријат за внатрешни работи. Ме повикаа таму и толку многу ме изрибаа што не знаев што да им одговорам. Отворено ми рекоа: ’Иване, мораш да сфатиш дека не е во прашање Благоја Георгиевски. Ако еден информбировец рехабилитираме, ќе признаеме дека не бевме во право. А Титовото ’не‘ на Сталин ја спаси државата од сето она што го доживеаја источноевропските држави“, раскажува Иван Бабановски, кој долги години работеше во Службата за безбедност.

Во времето на ИБ постоел принцип се' да се набљудува, се' да биде под контрола. Многумината сведоци за тоа страшно време и денес немаат сигурни одговори. Останува до крај неодговорено и прашањето како се случи нивните довчерашни другари со кои имале ист идеал - комунизмот и интернационализмот и заедно се бореле против фашизмот и ја извојувале слободата така ѕверски да се пресметаат со своите соборци и сопартијци. Голооточките сведочења на тие што пропатиле се стравотни. Едноставно, човек не може да поверува дека човек на човека може да му го направи тоа.

Димче Најчески, еден од тие што поминаа три години на проклетиот остров, вели дека целта на тогашната власт била да те удрат толку силно по свеста за да се откажеш од тоа што си мислел, да те онеспособат тоа што си бил, не со убедување, туку со невидена тортура. Тој нагласува дека заточеникот на Голи Оток по неколку години поминати во пеколниот режим личел на вистинска руина од човек. „Измачен, исцрпен, понижен, со згазено човечко достоинство, со чувство на вина за поразот, за изнудените компромиси, зашеметен, со затапени чувства, без самодоверба, несигурен во утрешнината. Некои беа со физички мани, мнозинството со душевни рани... имаше и такви кои не можеш да ги препознаеш“, вели тој.

Д-р Стојан Ристески нагласува дека само првата група заточеници страдале од органите на власта што биле таму. „Штом дошла втората група, веќе ’превоспитаните‘, тие што го ’ревидирале‘ својот став во истрагата, како и криминалците донесени да ги уништат ’непоправливите‘, почнале да ги посетуваат иследниците, да се оцрнуваат самите себеси, своите фамилии, сите најблиски, да се немилосрдни спрема ’непоправливите‘, настојувајќи кој од кој повеќе да се покаже и да се докаже за побрзо да излезе оттаму“, вели Ристески, кој има напишано неколку книги за драмата на Голи Оток.

По пеколниот пречек на проколнатиот остров, почнувало вистинското „превоспитување“, всушност, систематско мелење на душата на новодојдените, невидено понижување и уривање на нивното достоинство. Новопечените заточеници најпрво пред „колективот“, пред затворениците од бараката, поединечно требало да го изнесат својот став за Резолуцијата на Информбирото, да „признаат“ што работеле против партијата, народот и државата, и ако собниот старешина, кој инаку бил затвореник, оценел дека исповеданиот е на вистинската линија, го примале во „колективот“. Најтврдите, тие кои и натаму останувале на својот став, поминувале најтешко. Нив им бил определуван бојкот, проследен со постојани извици „Уа, бандо“ и тепање од присутните. Бојкотот значел нов пекол. Бојкотираниот можел да го тепа секој „активист“, а такви кои сакале да се покажат пред иследникот имало многумина. Со бојкотираните никој не смеел да разговара, нив им се давале најтешките работи. Тие ноќе морале да стојат наведнати над киблите во бараката, во кои затворениците ноќе вршеле мала нужда и од кои се ширела неподнослива реа.

Тоа било физичкото уништување. Психичкото черечење било пострашно и многу повеќе болело од раните по телото. Секој од нив морал најмалку двапати месечно да отиде кај иследникот, да поднесе извештај за тоа кој што зборувал, да наклевети некого. На тие што немало да отидат им следувал нов бојкот. Кодошењето за многумина било единствената шанса да излезат од голооточкиот пекол. Затоа во тие страшни години секој страдалник се плашел од секого, никој со никого не разговарал. Некои со месеци збор не прозбореле, други целосно занемеле, молчешкум носејќи го бремето на проколнат.

Специјалниот систем на физичка и психичка тортура од некои затвореници создало монструми што ги измачувале другите. Се случувало дури и тоа син да претепа татко, татко да накодоши син и обратно. Може да замислите што им правеле на тие луѓе за да ги натераат да згазат врз сопствената чест и достоинство. Само малкумина успеале да го издржат систематското уништување на човекот во нив. Никој не можел да излезе од проклетиот остров додека не потпишел изјава дека го ревидирал ставот. Меѓутоа, по напуштањето на Голи Оток, продолжувал затворот за заточеникот. Морал да се пријавува во УДБ-а, да поднесува извештаи за тоа каде бил, со кого разговарал, кој зборувал против Партијата.

Од информбировците бегале сите како од плашило. Никој со нив не смеел да контактира, ниту родените брат и сестра, зашто и тие ќе настрадале. По враќањето од логорите, ги губеле и најверните пријатели. Така, за нив пеколот продолжувал се' до нивната смрт. На послушните, на тие што го ревидирале ставот и кои ја слушале партијата, им била давана шанса да напредуваат, но никогаш не им бил избришан информбировскиот печат.

Кога ќе се ислушаат потресните сведоштва на проколнатите, се поставува прашањето на кое обичниот човек не може да даде одговор и не може да сфати како е можно нивните довчерашни другари со кои имале исти идеали, верувале во комунизмот, и со кои заеднички се бореле и гинеле за слобода и се избориле за своја држава, толку сурово да се пресметуваат со нив зашто мислеле поинаку. Во чиј болен ум се родила монструозната идеја за „превоспитување“ на старите другари, кое подоцна ќе се претвори во невидена голгота. Кој го измислил стравотниот механизам за мелење на нивните души, кој е тој што ги довел логорашите во состојба меѓусебно да се истребуваат, да се кодошат и систематски да се уништуваат?

Професор Тома Батев, кој на Голи Оток помина 29 месеци, подвлекува дека стравотната тортура била вршена по директива на УДБ-а, а сценариото за измачување го измислиле нејзините главешини. „Секојдневно се наметнуваше мислата дека дома нема одење, дека тука коските ќе ги оставиме, ако не се поправиме, ’превоспитаме‘, ако не бидеме шпиони, скршени, уништени“, пишува штипскиот професор во својата голооточка исповед „Мислата и душата во обрач“.

Целата вистина за Голи Оток никогаш нема да се дознае. Некои заточеници по распадот на Југославија започнаа да говорат поотворено и во своите сеќавања ги раскажаа трагичните животни приказни. Колку се тие искрени знаат само тие што ги раскажале. Кој од страдалниците под присила станал кодош, а кој сизифовските голооточки маки ги трпел стоички, без да предаде некого, никој не може денес со сигурност да каже. По отворањето на нивните досиеја, се дознаа многу вистини, но не сите. Многу траги се избришани. Меѓутоа, треба да се верува во едно со стопроцентна сигурност, ОЗН-а , подоцна УДБ-а, односно СДБ, кон сите нив и кон нивните семејства била немилосрдна, уништувајќи многу млади животи.

Некои од заточениците ги опишаа големите страдања во трогателните сеќавања, а повеќемина од живите по враќањето дома занемеа од страв, збор не прозбореа за тоа што го преживеаја и вистината ја однесоа со себе во гроб. „Некои до претсмртниот час се плашеа за себе и за своето семејство, а некои се срамеа и чувствуваа мачнина зашто потклекнале во процесот на ’ревидирање‘ на ставовите, дека под принуда станале шпиони, ’информатори‘, а дел од ’подобните‘ превоспитувачи се' уште тврдеа дека ’револуцијата‘ бара жртви“, пишуваат Виолета Ачкоска и Никола Жежов во „Репресијата и репресираните“.

ХММ, ако се верува на ова во Македонија прво живееле Комунист па тогаш Македонци.
Но ајде да бидеме малку покритични, за поважното од оваа шкработина види тука.
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 31-12-2010, 06:18 PM by montehristo.)
31-12-2010, 06:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#52

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (20)


[Image: 221C2D03D0703A4F917F095944620CA2.jpg]

Систематско уништување на човечката душа


Врз информбировците се применувале жестоки методи на репресија за да се покаат или да бидат уништени


Виктор Цветаноски

Професор Димче Најчески, кој три години минал на Голи Оток и кој подготви три книги за драмата на луѓето што го преживеале страшното мачилиште, ќе се обиде да ги објасни нештата и да одговори на некои прашања што довеле до информбировската голгота. Тој нагласува дека Титовиот политички врв се исплашил за своите позиции, токму затоа и мерките што ги презел биле целосни.

„Следуваа бранови затворање, малтретирање и измачување невини луѓе, обвинети или осомничени само за вербален однос кон прашањата што се однесуваа на Резолуцијата на ИБ или во врска со актуелните политички настани. Речиси сите тие беа граѓани што не можеа да бидат обвинети за никаков друг деликт, освен за своето мислење, претежно во интимен круг искажано. А беа обвинети како политички непријатели и против нив беа применети жестоки методи на репресија за да го изменат своето мислење или да бидат елиминирани од јавниот живот, да се покаат или да бидат уништени“, вели Најчески.

Тој подвлекува дека настојувале да ги прикажат како отпадници со ниски морални квалитети, а затворениците се диференцирале на „ревидирци“ и „банда“, и тие се пресметувале, се' до тепање до смрт.

„Помошници на иследникот беа собните старешини и одделни затвореници, кои од страв и не можејќи да ја издржат тортурата, се претвораа во шпиони и провокатори во служба на иследникот. Така, конфликтот не беше меѓу заточениците, туку меѓу управата, односно иследниците и беспомошните затвореници, а нивна продолжена рака беа оние што поради едни или други причини настојуваа да се претстават како ’поправени‘ и со тоа да си ја олеснат својата положба и да си издејствуваат побрзо ослободување. Со други зборови, тоа беше добро осмислен систем на перманентен притисок врз затворениците, начин на нивно понижување и газење по човечкото достоинство, цинично поигрување со човечките слабости...", истакнува Најчески.

И по ослободувањето од заточеништво на Голи Оток, бившите затвореници не можеле да се ослободат од постојаниот страв, поставувајќи си ги прашањата: Што ќе најдам дома? Од што ќе се живее?

„Кој ќе ги опише, или барем да ги регистрира, човечките драми во разорените семејства, кога жената под притисок се откажала од својот законит маж; кога жената не го дочекала мажот и тој се враќа во празен дом; кога мажот-заточеник се враќа сакат, тешко болен, а треба да се продолжи заедничкиот семеен живот; кога на жената и' порачуваат да дојде, да си го земе мажот, кој е душевно болен; кога мажот со нарушено здравје не е во состојба да се грижи за семејството; кога мажот си доаѓа за да умре дома...", заклучува Најчески.

Од семејството Поповци од Велмеј, Дебарца, за време на Информбирото настрадаа четворица - Перо, Павле, Богоја и Тодор и сите беа испратени на Голи Оток. Од нив денес е жив само Перо.

„Сите нека знаат, и голооточаните и удбашите. Кога не' ослободуваа од проклетиот остров, еден по еден сите не' викаа кај иследникот, кој ни велеше: ’Вие знаете да се борите со непријателот‘ и не' тераше да потпишеме изјави и сите потпишувавме. Ако не потпишевме, ќе не' вратеа назад. По враќањето дома почнаа кај мене да доаѓаат сватови од УДБ-а, да се интересираат за мене. Ме прашуваа дали имам да им дадам некаков материјал. Им велам дека луѓето бегаат од мене, не сакаат да разговараат на политички теми. Се плашат, немам што да ви поднесам. Не можам да ви направам никаков извештај, се бранев. По некое време пак дојдоа и инсистираа да накодошам некого. Еден Дончо ми вели: ’Ако треба Тито ќе го пцуеш за да провоцираш некого да каже нешто‘. Тито да го пцујам! Ти да го пцуеш, му велам, зашто ако го направев тоа, јас пак ќе морав да одам на Голи Оток. Оттогаш прекинаа да доаѓаат“, раскажува Петар Поповски.

Велешанецот Јордан Лазаревски-Цвај зазема врвно место меѓу плејадата предвоени велешки револуционери. Неговата ќерка Стојанка Стојадиновиќ-Лазаревска раскажува дека тогашните велешки моќници почнале да му го следат секој чекор и од секој збор да конструираат приказни за тоа дека тој бил против народот и државата. „Собраа малоумни, уценети и поткупени сведоци, меѓу нив имаше и бивши информбировци. Лажната сторија беше подготвена и мојот татко повторно го затворија... Меѓу сведоците што ги обвинуваа тројцата стари комунисти и борци беа луѓе што ги познавав, доаѓаа во нашата куќа на гости, Филимон Доцкинов, Терзиев. Не ми беше јасно што тие луѓе знаеја или можеа да кажат лошо кога во нашата куќа беа примани како пријатели, љубезно, беа гостени, а знаеја и помош да бараат. Но, се' мораше да оди по режија на тогашните моќници, меѓу кои не заостануваа и велешаните на чело со Страхил Гигов, чие мислење било пресудно за се' што се случувало во Велес“, се сеќава таа.

Цвај бил осуден на четири години и повторно испратен на Голи Оток. Агентите на УДБ-а го следеле се' до ноември 1986 година и составиле досие дебело 500 страници.

Здраве Барутовски е последниот Македонец што го напуштил озлогласениот остров Голи Оток. Можеби тој е информбировец со најдолг затворски стаж. Откако минал девет и пол години во затвор, стасал во Скопје на слобода. Но, каква слобода, за него немало никаква слобода. Тој цело време бил следен на секој чекор од УДБ-а.

„Еднаш се обидоа да ме убијат. Ме удрија по глава, по што паднав во несвест. Луѓето што биле во близина ме однеле в болница, по два дена се освестив. Мислеле дека сум мртов. Имаше случаи и луѓе да убиваат. Тоа се случи во 1985 година. Наредната година ме затворија, истиот ден кога ми почина зетот од сестра. Го донесоа од болница дома, а јас отидов да земам посмртница од болницата. Таму ме уапсија. Ме држеа неколку дена, не ми дозволија да присуствувам на погребот. Ми велеа дека сум се организирал, бараа да ја откријам организацијата, да им ги кажам имињата“, вели Барутовски, подвлекувајќи дека кодошеле луѓе за кои не се надевал дека го прават тоа, а најголемиот број од нив биле „превоспитани“ информбировци. Тој тврди дека првата сопруга му ја наместила УДБ-а за да го шпионира.

„Искрено ви велам: Немаше да ми биде жал уште толку да останев на Голи Оток ако потоа бев навистина слободен. Можеби и сега немам слобода“, вели Тане Танески од охридското село Белчишта. Тој денес не може да сфати зошто бил испратен на Голи Оток, зошто бил прогласен за непријател на државата што толку многу ја сакал. Имал само 18 години. Не може да разбере зошто по годините минати на пустиот остров повеќе од половина век бил следен од тајните служби, бил кодошен од луѓе без чест и достоинство. Секое писмо што го испраќале од Голи Оток дома морал да го напише онака како што барале. Еднаш на својата мајка и' напишал: „Мајко, немој да се думаш, све ми е добро, само дома што ме не гледаш, али знај дека ќе си дојдам штом види партијата да сум се попрајл, а јас се трудам за побрзо да се попрам и да си дојдам“.
03-01-2011, 02:12 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,135
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#53

Bi sakal da se osvrnam na odnosot SDB-narod.Imeno gospodinot Babanovski veli deka toa sto go pravela UDB od samoto nejzino osnovanje pa do segasnosta go rabotele od Makedonski nacionalni interesi,a pritoa im se slucuva da vo denesno vreme nikoj ne im veruva,pa duri i gi smeta za "Toginci".
Golemata pricina poradi koja nikoj ne im veruva na sluzbite e samoto odnesuvanje na pripadnicite na tie sluzbi kon narodot,najdobar primer e so strelanjeto na Strumickite studenti koi bile strelani od UDBA bez nikakvo sudenje koe trebalo da im ja utvrdi nivnata vina ili nevionst.Sto se odnesuva zosto narodot ne sorabotuva so SDB e tokmu poradi sozdavanje na vnatresni neprijateli od luge koi ne se vmesani vo siot toj slucaj,pa i svireposta na samata sluzba.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
03-01-2011, 05:22 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#54

Quote:Фељтон

Колку УДБ-а беше нашата судба (21)

Прогласени за непријатели и свирепо ликвидиран

И по половина век никој од удбашите не кажа каде се коските на Ангеле Петковски, Ефтим Џабирски и Киро Гарев

Виктор Цветаноски


Семејството Петковски од Скопје и по половина век, не дозна каде се фрлени коските на нивниот Ангеле, кој пет и пол години помина во голооточкиот пекол. Кога втор пат го затворија, протестираше со глад и почина по еден и пол месец. Тогашните власти отидоа дотаму што на семејството не му го дадоа мртвото тело за да го погребаат како секој човек. Ангеле Петковски во јуни 1958 година од УДБ-а повторно бил затворен поради наводно нови закани кон државата однадвор.

„Не стигнаа да го испратат втор пат на Голи Оток. Бев сведок кога дојдоа да го апсат рано наутро. Се сеќавам дека тој тогаш им рече дека немаат основа за тоа, дека не сторил ништо“, раскажува Драган, најмалиот од четворицата браќа и единствениот од нив кој не бил затворен за време на Информбирото. „Присилно го одведоа и од истиот ден започнал штрајк со глад. Како што дознав подоцна, му ја отворале устата и со сонда му пикале јадење. По долгата исцрпеност од глад, го префрлиле во затворскиот дел на Клиничкиот блок и таму почина по 47 дена гладување. Јас и чичко ми бевме единствени што го видовме последен пат неговото безживотно тело во Одделот за судска медицина. Каде го фрлија неговото тело, не дознавме. Татко ми и мајка ми умреа жалејќи по него, посебно поради тоа што не му го дознаа гробот. Го баравме, но секогаш наидувавме на ѕид на молчење. Не беше криминалец или убиец за да се однесуваат спрема него така. Не можам да сфатам какво злосторство направил за да не им го дадат на мајка и татко мртвото тело на нивното чедо“, ја раскажува Драган Петковски трагичната судбина на својот најстар брат.

[Тане Танески пред гробот на сопругата и ќерката на Киро Гарев. На споменикот го пишува и името на Киро, но неговите коски којзнае каде се фрлени] Ангеле, очигледно, и мртов бил опасен за тогашните власти. „Сакавме да го погребаме пристојно, граѓански, со сите адети. Кога разбравме дека починал, објавивме некролог за да знаат и пријатели и непријатели дека повеќе го нема. Најблиските роднини дојдоа дома и сите отидовме на семејниот гроб во Бутел. Се плашевме да организираме некаква комеморација, зашто страшни беа тие времиња. А и кој пријател би имал храброст во тоа време да дојде да му оддава почит на информбировец, па макар бил и мртов“, раскажува братот Драган.

УДБ-а толку сурово се однесувала спрема мртвиот Ангеле Петковски заради повредената суета на тие што не успеале да го скршат, како што ги скршиле повеќемина информбировци и во фактот што тој не потклекнал пред притисоците, не се покајал за тоа што се определил за Резолуцијата на ИБ и не го ревидирал ставот.

Страшните времиња на Информбирото го проголтаа и делчевскиот трибун Ефтим Џабирски. Една ноќ го затвориле, по што исчезнал без каква било трага. Повеќе од 60 години од него нема никаков глас, не е на списокот ниту на умрените ниту на живите. Избришан е и од книгите на родените и од книгите на умрените. За да докажат дека тој некогаш живеел, неговите роднини морале да се повикуваат на сведоци. А тие години, кога многумина настрадаа по ИБ, тој беше еден од првите луѓе во Делчево, претседател на Околискиот одбор на тогашен Народен фронт на околијата.

[Ефтим Џабирски со сопругата] „Бевме четворица браќа и една сестра. Најстариот Ефтим беше комунист уште од 1937 година, интерниран и во кралска Југославија и за време на окупацијата од Бугарите. За да го снема од овој свет, виновник е Методија Митевски-Брицо, тогашен секретар на Окружниот комитет во Штип, кој му се налутил на брат ми кога се избирале сојузни пратеници. Можеби дел од причините треба да се бараат и во тоа што мојот брат бил соработник и добар пријател со Ченто“, раскажува Никола Џабирски, најмалиот и единствен жив од браќата.

Прв од браќата настрадал Ефтим, кој веднаш по објавувањето на Резолуцијата на ИБ бил уапсен, однесен во штипскиот затвор, измачуван и ликвидиран. Неколку месеци потоа бил затворен брат му Киро, кој тогаш работел во Белград, и бил испратен на Голи Оток, каде што поминал пет години. Жестоките удари на голооточкиот камшик две и пол години ги поднесувал и братот Ѓоко. Во удбашката мрежа единствено не бил фатен најмалиот Никола, кој вели дека и нему му било наместено да се удави во Вардар. Тој и ден-денес се потресува кога ќе го слушне зборот УДБ-а.

Семејството Џабирски сиве овие изминати години се распрашувало за тоа каде се закопани посмртните останки на Ефтим за да му оддаде почит, да запали свеќа и да му одржи парастос. Дел од вистината за трагичниот крај на Ефтим дознале многу години подоцна, кога во Делчево навратил еден иселеник Турчин, кој по завршувањето на војната работел како полицаец. Еден ден тој случајно го сретнал ослепениот татко на Ефтим и притоа сакал да му каже за крајот на животот на неговиот син и со тоа да ги симне од душата гревот и тешката тајна што го притискале долги години. Тогаш на таткото на Ефтим му признал дека тој го убил неговиот син по наредба на високи функционери на УДБ-а кои му се заканувале дека ако не го направи тоа, тој ќе биде убиен.

Тогаш младиот Турчин му објаснил на скршениот старец дека Ефтим бил закопан на падините на Голак, на место каде што биле погребани и некои Бугари кои за време на Информбирото доаѓале да шпионираат во Македонија и биле откриени од УДБ-а. Подоцна, братот Киро го барал точното место на коските на Ефтим, но не можел со сигурност да го утврди, зашто на истиот простор биле закопани и други луѓе.

По испраќањето на синовите на Ѓоко Џабирски на Голи Оток, другите членови биле интернирани во Староец, Кичевско. „На 27 јуни 1950 година нашата куќа беше конфискувана и ние седум души, сите членови од фамилијата: татко ми, мајка ми, двете снаи, две мали деца и јас, бевме исфрлени на улица. Татко ми, единствен маж на 75 години, ја смести својата фамилија во шталата со кравата и со едно свинче. По два дена во 8 часот наутро дојдоа четири вооружени милиционери со автомати и со камион и не' интернираа во Стаорец, Кичевско“, раскажува Фима Џабирска-Јаниќ.

За време на интернацијата починала мајката на Ефтим. Преде да умре, постојано ја гледала сликата на своите синови и повторувала: „Зарем нема ниеден околу мене да ми помогне и да ме утеши во оваа трагедија што ја снајде нашата фамилија“.

Страшните имформбировски години ќе бидат кобни и за браќата- близнаци од Куманово, Кирил и Методија Гареви. Кирил ќе го снема по затворањето од УДБ-а, и за него повеќе ништо не се дозна, заврши без трага, а Методија ќе одлежи четири години на Голи Оток. И двајцата биле предвоени комунисти, родени во 1915 година.

Кирил бил професор во Електростопанското училиште во Скопје. Тане Таневски, еден од неговите ученици, раскажува: „Киро Гарев го знаевме од училиштето, ни предаваше електрични мерења и беше најдобар професор. Во мај удбашот Благоја Алексоски ме викна на сослушување. Киро Гарев е затворен. Мене ме иследуваат и сакаат јас да го товарам Киро, но бадијала, јас за Киро зборувам се' најдобро, ги напаѓам што го затвориле, им велам дека таков човек повеќе нема да се роди. Воопшто не можам да помислам дека него повеќе го нема; овој скот што мене ме мачи, него веќе го ликвидирал. Јас отидов кај жена му Ѕвезда Гарева. § кажав за се' што ме прашаа за Киро и ја прашав каде е тој. Таа рече дека пред еден месец го испратиле во Прилеп, на терен, но тој, по сите изгледи, од железничката станица во Скопје не е заминат подалеку; го имаат земено и оттука го имаат ликвидирано. Ѕвезда дотогаш не работеше, живееше од платата на Киро, таа и својата ќеркичка Светлана, па јас им носев брашно, што ми го праќаа од Белчишта. Ѕвезда се мачи, се бори на сите страни, овие гледаат сеир, сакаат на секој начин да му го уништат топлиот дом на скромниот и умниот Киро“, раскажува Танески.

Каде згрешиле браќата Гареви за да бидат прогласени за тешки информбировци? Од документите на тетовската УДБ-а може да се види дека тие, всушност, биле уште во времето одбележани како „шарловисти“. Методија Гарев бил испратен на Голи Оток во 1949 година, каде што останал до јули 1953 година. Во женскиот логор била и неговата сопруга Сара. По затворот, работел во „Југохром“. Меѓутоа, не можел да го поднесе постојаното следење и провоцирање од луѓето на државна безбедност, со сопругата емигрирал во Австрија, од каде што се префрлил во Бугарија, а бидејќи неговата сопруга била Еврејка, решил да замине во Израел.

Танески контактирал со Методија Гарев, кој се распрашувал на сите страни за да дознае нешто за својот брат Киро. Побарале прием и кај Александар Ранковиќ, но не ги примил. За трагедијата да биде уште поголема, сопругата на Киро, Ѕвезда, и неговата ќеркичка Светлана загинале во земјотресот во 1963 година, со што целосно се уништило семејството на Киро Гарев.



(Продолжува)
04-01-2011, 03:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#55

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (22)

[Image: 9EAF1DD846330744A55B9DAF45F58CE5.jpg]

Видни македонски револуционери. Стојат (одлево надесно) Димитар Поп Ефтимов, Александар Митрев, Панко Брашнаров и Павел Шатев. Седат: Ризо Ризов, Крсто Гермов и Алекса Мартулков

Шатев умре во куќен притвор, Брашнаров на Голи Оток

Славниот гемиџија почива на битолските гробишта, а на велешкиот учител гробот не му се знае

Виктор Цветаноски

Во стравотните години на Информбирото настрадаа плејада стари прекалени македонски револуционери кои секогаш го сонувале сонот за слободна Македонија. Беа прогласени за предавници од државата на која и' го посветија сиот свој живот.

Меѓу настраданите беше и Павел Шатев, последниот гемиџија, човекот кој во солунските атентати го запали францускиот брод „Гвадалкивир“. Откако повеќе месеци помина во Истражниот затвор во Скопје, беше ставен во во куќен притвор во Битола, каде што почина сам.

Според кажувањата на неговите ќерки, кои во тоа време живееле во Загреб, татко им бил уапсен во јуни 1949 година додека бил на посета кај нив и веднаш префрлен во Скопје и затворен. Во затворот бил во иста соба со Благоја Аризанков, исто така, уапсен по резолуцијата на ИБ. „Во собата каде што бев сместен еден ден внесоа кревет и по малку време го доведоа Павел Шатев. Долго време не го викаа на сослушување. Но, потоа често го носеа горе, а се враќаше назад по кратко или по долго време. Секогаш се враќаше без очила, иако без нив гледаше слабо. Се плашеа да не се обиде да изврши самоубиство со стаклата, пресекувајќи си ги вените. Нему не му паѓаше тоа на ум“, раскажува Аризанков.

Го обвиниле дека соработувал со контраразузнавачката служба на Црвената армија, иако ги уверувал дека го правел тоа до 1942 година, кога бил интерниран и осуден на 15 години. „Беше неверојатно скромен, за себе не сакаше многу да зборува. А кога раскажуваше беше толку красноречив! Да имаше до него стенограф да ги бележи неговите раскажувања, ќе немаше потреба да стави ама баш никаква исправка, ниту запирка на дешифрираниот стенограм. Толку убаво и поврзано се изразуваше“, се сеќава Аризанков.

Според Виолета Ачкоска и Никола Жежов, Шатев завршил трагично поради неговото инсистирање „за комплексно разрешување на македонското национално прашање и реска разграниченост меѓу национално-патриотската потреба и класно-комунистичката идеологија внатре во него. Тој бил длабоко уверен дека македонското националноослободително движење мора да остане чисто национално и самостојно, да биде надвор од идеологијата на комунистичките партии и туѓите влијанија. Неговата основна преокупација била да создаде општо национално ослободително движење во сите три дела на Македонија. „Тој немаше резервна идеологија освен македонската патриотска револуционерна дејност со чиста национална димензија. До крајот на животот остана непартиен и не стана комунист“, нагласуваат Ачкоска и Жежов.

По долгата истрага, Шатев во Битола бил сместен во една трошна напуштена куќа. Никој не го посетувал, освен човекот што му носел храна секој втор ден. Цело време бил сам, без огрев, на студ, во темнина, мемла и влага. „Дење беше слободен и можеше да се движи слободно низ градот. Навечер се прибираше на спиење во УДБ-а. Според општото уверување, Шатев не беше здрав кога дојде во Битола... Во зимата 1950-1951 година престана да излегува... Научивме дека се разболел и дека го сместиле на лекување во битолската болница, во депандансот за затвореници... Се расчу дека умрел од глад...“, пишува Михајлов за гемиџијата, во чиј живот се отсликува трагичната судбина на Македонија.

Шатев почина на 30 јануари 1951 година. Големиот син на Македонија на оној свет замина скромно како што живееше, без никакви државни почести. На закопот на битолските гробишта присуствуваа петмина, само неговите најблиски - неговата сопруга, сестрата и уште три блиски роднини. „Така, отфрлен од општеството за кое го беше потрошил сето свое битие, згасна животот на големиот револуционер, родољуб и разузнавач Павел Шатев. Погребан е онака како што се стремеа ’гемиџиите‘ да исчезнат од светот“, пишува Михајлов.

Михајлов ја пренесува потресната приказна раскажана од Милка Шатева, една од ќерките која зборува за нивната прва посета во Битола: „Кога стигнавме во Битола, штотуку излеговме од железничката станица, минавме покрај еден човек што заличи на татко ми. Во првиот миг не можевме да поверуваме дека е тој, бидејќи тоа беше руина од човек. Се вративме и го препознавме. Тоа беше толку тажна, трогателна средба! И двете потресени од глетката не можевме да ги запреме солзите, го зедовме под рака и тргнавме кон градот... Татко ми во Битола живеел во една приватна куќа, но таа и припаѓала на УДБ-а. Се наоѓаше близу до зградата на Државната безбедност. Задолжен за татко ми бил некој Владо, човек на УДБ-а, кој повремено доаѓал во куќата, се грижел за него, му носел храна. Но, татко ми морал секој ден да оди во канцеларијата на УДБ-а и да се потпишува. Едно време, раскажува татко ми, тој Владо отишол некаде по работа и неколку дена го немало. За сето тоа време не добивал храна“.

Панко Брашнаров, потпретседател на Првото заседание на АСНОМ, човек кој со вдахновен говор го отвори историскиот собир кога беше создадена македонската држава, не и' се радуваше многу на слободата за која цел живот се бореше, зашто таа иста македонска држава по седум години го испрати на озлогласениот Голи Оток, каде што заврши неговиот живот.

Сакајќи да го „превоспита“, власта го упатува Брашнаров на „општествено“ полезна работа на Голи Оток во траење од 24 месеци. За време на патувањето се разболува и по пристигнувањето, директно е однесен во болница каде што умира по 13 дена.

Повеќемина заточеници се сеќаваат на деновите кога пристигнал Брашнаров. Вевчанецот Светозар Чочоровски вели дека тој од бродот бил симнат на 3 јули 1951 година. „Панко имаше 68 години, но личеше како да има 90... Беше тотално исцрпен, не можеше да стои на нозе и не прозборе ни збор, туку само гледаше некаде далеку, во празно...“, раскажува Чочоровски.

Велешанецот Јордан Мецановски-Иванов вели: „Последен пат го видов Панко Брашнар, веројатно, неколку дена пред да почине пред санитарниот јазол. Кога излегов од него, кон клозетот идеше Панко. Наметнат (завиткан) со ќебе, гол. Го причекав да дојде да го прашам во кој павилјон е распореден. Ми рече дека е во павилјон број 6 и дека тој ден се пареле од дрвеници (тавтабити), наместо со прашок. ’Како е?‘, го прашав. ’Не ме бидува, ме тепаа, ова не биле луѓе, ами ѕверови...‘“

Аче Ќучук вака ја опишува последната средба со Брашнаров: „Работејќи во мензата, го здогледав чичко Панко. Ја фрлив футата и се упатив кон него, кој одеше придржуван од двајца што го носеа под мишка. Сакав да го охрабрам. Безуспешно. Ми рече: ’Аче, мене не ме бидува веќе. Јас сум исцрпен. Немоќен. Се сврши со мене работата. Нема да се видиме веќе, да знаеш!‘ И не го видов повеќе. По неколку дена слушнав дека умрел“.

Јордан Лазаревски-Цвај, уште еден велешанец репресиран по линија на ИБ, раскажува: „Беше 12 јули утрината кога одевме на работа. Одеднаш некои свикаа дека човек паднал од стројот. Гледав како некој ќе го чукне со нога, ќе измине и кога пред мене лежи чичко Панко. И покрај строгите наредби, се наведнав, го зедов врз себе и се упатив кон амбулантата што беше оддалечена над 200 метри. Носејќи го врз себе, чувствував како дише. Го однесов во амбулантата... Вечерта пред бараката ме изнесоа. Беше поставен строј. Ми рекоа дека сум направил грешка што сум го однел човекот во амбулантата. Ме натераа за казна неколку пати да поминам низ стројот. Ме тепаа...“

Според д-р Вера Весковиќ-Вангели, политичкото самоуништување на Брашнаров, всушност, настапило во часот на неговото изјаснување за Резолуцијата на Информбирото во 1948 година. „Иако не беше коминтерновски комунист, тој стана парадигматична жртва на своите ’интернационалистички‘ и ’сепаратистички‘ уверувања... Така се случи големиот борец за национални права на македонскиот народ и еден од втемелувачите на македонската државност во студените декемвриски денови на 1950 година официјално да биде прогласен за ’државен непријател‘“, констатира д-р Вангели.

Останките на Панко Брашнаров почиваат на Голи Оток, но каде му е гробот не знае точно. Лекарите што го прегледаа констатираа крајна исцрпеност со срцева слабост, со болен стомак, отечени колена, со телесна тежина помала од 40 килограми. Затворскиот лекар, и самиот затвореник, д-р Никола Николиќ, ми рече мене дека природата на болеста е таква што Панко набргу ќе умре...“ раскажува Лазар Стефановски

Така, на 13 јули во 13 часот 1951 година починал големиот Македонец Панко Брашнаров. Двајца затвореници го завиткале мртвото тело во ќебе и го однеле на голооточките гробишта. Еден од затворениците раскажувал дека за време на седумте месеци во затвор во Скопје бил подложен на посебна тортура, бил тепан и измачуван.

Неговата најблиска роднина Богда Брашнарова, која живеела заедно со него во Скопје, за смртта била известена по три месеци. Веста стасала и во родниот Велес. Братот Милан поставил на семејните гробишта во црквата „Свети Пантелејмон“ крст и фотографија на Панко облечен во англиска униформа. Велат дека фотографијата набрзо ја снемало. Три децении подоцна, на споменикот на Брашнарови е напишано и името на Панко.
06-01-2011, 12:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#56

[Image: 33mtrgj.jpg]


[Image: m9u0qp.jpg]
06-01-2011, 01:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#57

[Image: 2d7sx2q.jpg]


[Image: t7bk0x.jpg]
06-01-2011, 02:03 AM
Reply
montehristo Online
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#58

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (23)
[Image: 89315141F12A424797D7035A3249BAAA.jpg]

Коце полуде, на Цониќ им се затре родот
Многумина останале на голиот камен, други се вратиле дома со ранети души и тела, некои не формирале семејства и умреле сами

Виктор Цветаноски

По невидените психички и физички тортури на Голи Оток, речиси сите заточеници се враќале дома со ранети души и тела, на некои умот им се нарушувал, а други станале трајни инвалиди, врзани за количка. Некои повторно не ги виделе своите семејства, останале на голиот камен, им се затреле фамилијарните огништа. Други, пак, се вратиле дома, но не формирале семејства и умреле сами.

Димче Најчески во книгата „Голооточки сведоштва“ ни ја пренесе потресната приказна на првоборецот и предвоениот скопски комунист Коце Златевски-Троцки. „Тие што не го познавале отпорано Коце-Троцки, којзнае дали ќе обрнеле внимание на стутканиот старец, збрчкан во лицето, со дотраени алишта, како полека се движи по улиците во Скопје, чиниш, отсутен за се' што му се случува наоколу. Тие, пак, што го познавале, пријателите и голооточаните, ќе му пријдеа, кој од сожалување, кој од искрено сочувство за да поразговорат со него; знаеја дека е осамен, измачен, по сето она што го претрпе на Голи Оток, но залудни беа нивните настојувања да поведат разговор со него; од него не можеше да се извлече ниту една поврзана реченица. Нешто ќе промрмореше како одговор на прашањето, а дали тоа значеше нешто, тешко би можело да се каже. При една таква средба, во која не успеав да остварам вистински разговор со него како личност, се сетив на зборовите на голооточанинот Тодор Павлов: ’Коце-Троцки е померен (мрднат)‘. И навистина така изгледаше. Ете што направија со него. Ако сакаа да го уништат Коце-Троцки, успеаја во тоа“, пишува Најчески.

Во годините поминати во логорот на Голи Оток, кажуваат сострадалниците што биле заедно со него, Коце Златевски бил подложен на најстрог режим на измачување. Тој еднаш бил пуштен од заточение и пак бил вратен. А тие што повторно ги испраќале на Голи Оток биле третирани како дволични и непоправливи, биле предмет на неограничено изживување на оние што врз нив сакале да докажат дека се поправиле (превоспитале).

[Image: DD306616DD9C234DB80E3988B147716E.jpg]

Лазар Стефановски немаше пород, почина под необични околности сам во својот стан во Скопје. За многумина, неговата смрт е загадочна. Голооточани, кои тие денови контактирале со него, велат дека немал некои посериозни здравствени проблеми. Кога негов пријател отишол да го посети во домот, ја слушнал трагичната вест за смртта. Откако виделе дека тоа утро Лазар не се појавил како вообичаено, соседите влегле во станот и го нашле мртов испружен на постела. Наредните денови раскажувале дека ден пред тоа кај него навратиле некои луѓе, го зеле со себе и подоцна пак го вратиле. Кои биле тие луѓе и што барале од него, никој не дознал. Стефановски немал пород. Како што им се исповедал на своите голооточани, УДБ-а му подметнала свој човек за жена што го шпионирала. Кога дознал, се развел.

Лазо Стефановски е роден во Леринско, Егејска Македонија, бил скромен човек, кој, очигледно, не спаѓал во редот на оние што по секоја цена сакаат да бидат во власта. Иако имал високо образование, по завршувањето на војната во која активно учествувал, се посвети на својата професија и работел како наставник.

Животните приказни на луѓето што настрадале по Информбирото навидум се исти, но, сепак, различни по нивните интимни драми. Сигурно денес во Тетово речиси никој не знае за младиот Стефан Цониќ, кој го завршил животот на Голи Оток. Во „Голооточки сведоштва“ читаме само еден детаљ за крајот на неговиот живот. Се' друго за Стефан е непознато и веројатно ќе остане засекогаш заборавено ако некој не се зафати да ја истражи неговата трагична судбина. Неговиот прв другар, побратим-Албанец, кој се потпишал со иницијалите А.Ј., по педесет години запишал:

„Се разболе од жолтица (хепатитис А), но од работа не изостануваше. Не му веруваа, го исмејуваа дека е симулант. Не можеше ништо да јаде. Само чмаеше. Тој веќе како да имаше претсмртно претчувство зашто честопати ги повторуваше овие реченици: ’Не ми е страв од смртта, побратиме, но ако треба да умрам, да умрам дома. Сакам да ги видам старите. Мајка ми и татко ми се стари и осамени. Од роднина само мене ме имаат. Уште брат ми не го прежалиле, кој загина како партизан (првоборец) во Шарскиот одред 1943 година. Ако умрам и јас, огништето во нашата куќа полека и нечујно ќе згасне‘. Претчувството стана стварност. Умре Стево само еден месец пред да не' пуштат на условна слобода. Остана за навек на вечна стража на Голи Оток“, се сеќава А.Ј.

Трагична била и судбината на Коле Дебранчето, предвоен комунист. Бил уапсен на 1 август 1950 година. Тогаш имал 30 години. На Голи Оток го држеле три месеци. Од големо тепање и мачење полудел. Ја повикале жена му да дојде да си го земе. Го сместила во душевната болница во Демир Хисар, каде што извршил самоубиство на 11 јули 1956 година.

„Коле Дебранчето не успеа да ги издржи првите три месеци. Луѓето што го паметат во тие денови расправаат како го гледале и кога бил гонет и кога не бил гонет: бил унеѕверен, со уплав во очите, наведнат доземи или сосема легнат, лазел и четириношки подбегнувал, уплашено се обѕрнувал назад, застанувал и пак забрзувал, им се плеткал на другите казненици низ нозе. Казнениците свртуваа поглед при помислата дека и нив може да ги снајде нешто такво.

Тој, Коле Дебранчето, самоуверен и силен маж, како што го паметат сограѓаните, сега изгледаше немоќен, загубен за себеси и за другите. Беше бестрашен во борбата, но оваа борба не ја издржа...“, запишал Димче Најчески.

Заточеникот Стиле Милевски го илустрирал теророт со еден пример: „Го помнам линчот врз Ѓорѓевиќ, воденичар од Власотинце, носител на ’Споменица 1941‘, кого го нарекуваа Чекиќ. Син му седеше до мене и јас ги гледав неговите реакции додека го убиваа татко му. Човекот умре од тепање. Така, имаше посебен однос спрема првоборците, шпанските борци, предвоените фракционери. Според мене, над 13.000 луѓе минаа низ мачилиштето. Имаше многу смртни случаи. Ги фрлаа труповите в море. Еднаш, кога избега еден затвореник, во кордон го баравме и јас наидов на оголени чела и оголени прсти. Таму немаше земја и силните дождови носеа се', освен каменот. Подоцна направија и провизорен крематориум. Голи Оток, мислам, дека човек и не може да го заборави. Тоа не се заборава. И сите овие што велат дека ништо не знаеле, имаат одговорност, сите знаеле за Голи Оток. Тоа била работа на на зли и најглупави луѓе“, вели Милевски, за кого нема дилеми дека стравотниот логор е решение на ЦК КПЈ на чело со Тито.

Анонимен Албанец кој ги преживеал патилата на Голи Оток вели дека бродот „Пунат“ ги истоварувал пред Дантеовиот пекол, пред кој на влезот на вратата пишувало: „Низ оваа врата се влегува во градот на сите маки. Низ оваа врата се влегува таму каде што вечно се плаче“. „И токму сите ние влегувавме во тој град на вечните маки и плач. Во Дантеовиот пекол грешниците биле казнувани според направените гревови, а сите ние, без разлика какви гревови сме направиле, стигнувавме во деветтиот круг, во кој и Данте ги казнуваше предавниците, а сите ние имавме жиг на челото како предавници и државни непријатели број 1. Зар можеше општество за кое се боревме и дадовме толку жртви за да зацарува човечноста, вистината, слободата, правдата и законитоста, како темел на секое општество, да роди вакви ѕверови, монструми, без ни малку срам, пристојност, луѓе без никакви културни вредности, рамнодушни на сите зла - вистински сатани. Мачење и убивање од задоволство. Садизмот кај нив беше секојдневна практика и гордост. Секој нов ден, нови маки измислуваа“, пишува анонимниот страдалник, подвлекувајќи дека сите грешници кои минале низ голооточкиот пекол ги почувствувале сите човечки зла од Адама до денешни дни и дека сите зла се спроведувале во името на УДБ-а и КПЈ.

Благоја Аризанковски запишал: „Бев заточеник во четири конц-логори. Заточеништвото во Меѓуречје е мошне ретка тема на мое размислување и сеќавање. Тоа се однесува и на заточеништвото во Рутел. Сеќавањата за престојот во Ени Ќој, меѓутоа, мошне често си ги евоцирам - во мислите. Не поради односот на полицијата, која не беше груба, туку поради фактот што таму се запознав и со оние бугарски комунисти кои по 9 септември 1944 година зазедоа високи државни и партиски функции во Отечественафронтовска Бугарија.

Поминаа близу пет децении од денот кога го напуштив Голи Оток. Оттогаш не паметам ниту еден ден кога, во мислите, не сум си ’евоцирал‘ грозоморни спомени од пеколниот остров. Тоа, сигурно, е случај со сите голооточки маченици. Потврда за тоа претставува и оваа мисла изречена од еден Унгарец од Војводина на искривоколчен српски јазик: ’Једном крочиш Голи Оток, никад одеш Голи Оток‘. Слободно преведена на македонски јазик, таа мисла на заточеникот Унгарец гласи: ’Штом еднаш стапнеш на Голи Оток, никогаш нема да си одиш од Голи Оток‘“.

Тој претепан и шокиран од она што го видел и доживеал при пречекот на Голи Оток, ќе се сети на зборовите на својот стар пријател и другар од Осмата дивизија на КНОЈ, Наум Зафировски, бивш заточеник во германски конц-логор, кој му рекол: „Благоја, гестаповците во Дахау вака не постапуваа при доаѓањето на нови затвореници
Извор


Quote:Од: Kosta Stoimenovski
Датум: 06.01.2011 13:27:06

So vnimanie go citam Fejtonot i socuvstvuvam so stradalnicite na Goli Otok i nivnite semejstva. Za zal ili za sreka, jas ne sum vo sostojba da dadam svoj pridones okolu zatvorenicite na Goli Otok, no, kako covek koj sluzbeno prestojuval vo nekolku Istocno-evrospki zemji (Romanija, CSSR, Polska) mozam da dadam svoe viduvanje za tn Informbirovska emigracija, koja imase sreka da go izbegne Goli Otok, no, ne i budnoto oko na UDB. Go molam Urednistvoto na Utrinski Vesnik da mi odgovori dali bi bilo zainteresirano da objavi moj napis vo vrska so spomnatata emigracija. So pocit, Kosta stoimenovski

?????????????
An inch today is tomorrow’s mile.
06-01-2011, 08:14 PM
Reply
montehristo Online
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#59

Quote:Kолку УДБ-а беше нашата судба (24)

[Image: 75B937A5BD233A46A5C096732988F606.jpg]

Бегаа од мене како од бесно куче

Злонамерните и кодошите на перфиден начин ги отстрануваа оние што им пречеа и ги прогласуваа за непријатели на државата, вели Тома Батев

Виктор Цветаноски

Штипскиот професор д-р Тома Батев повеќе од четири децении ќе биде следен од УДБ-а, која неговиот живот ќе го претвори во пекол. Најмногу ќе го кодошат најблиските пријатели и роднини што доаѓале во неговиот дом. Тоа ќе го дознае откако ќе го прочита досието.

„Го добив досието ’Високи сенки‘ број 6.008, отчукано на 351 страница. Сто отсто е фалсификувано, нема врска со реалноста. Луѓето пишувале само што повеќе да ме оцрнат, да го оправдаат моето затворање. Меѓу другото, напишале дека сум бил браник во војната. Од кодошите, најголем број биле куќни пријатели. Интересно е што човек страда од пријателите. Нивните извештаи се неточни, фалсификувани, измислени, гарнирани. Од непријатели човек самиот се варди, од нив и е претпазлив. Кодошите барем да ја кажувале вистината во нивните извештаи“, своевремено ни раскажуваше сега покојниот Тома Батев, со кого разговараме во неговиот дом во Штип.

А во стапицата на УДБ-а влегол сосема наивно, не внимавал што зборува, во времето на Информбирото, кога било најстрашно да мислиш поинаку од партијата. На еден партиски состанок барал демократија.

„Во 1949 година бригадата се врати од акција на автопатот ’Братство и единство‘ и отиде во Охрид на одмор. Таму закажаа состанок во Општинскиот комитет, со кој раководеше Крсте Црвенковски. Се расправаше за Резолуцијата на ИБ. Црвенковски даде кус осврт и нагласи дека Резолуцијата е клевета и лага. Беа присутни 17 комунисти. За дискусија станав јас и, меѓу другото, кажав дека во партијата нема демократија, дека раководството се избира на недемократски начин. За Резолуцијата на ИБ побарав да не се караме како жените на чешмите, да седнеме и по пат на дијалог да го решиме спорот со партијата на СССР“, се сеќава Батев.

Штипскиот професор го посочува школскиот другар Роман Лечевски, кого му верувал, а тој го шпионирал и станал службеник на државната безбедност. За време на студиите, тврди Батев, Лечовски му побарал фотографија да ја стави на ѕидниот весник, зашто бил еден од најдобрите студенти. Кога му го дале досието, во него ја видел истата фотографија.

Батев во тоа време бил болежлив, па истата година заминал на лекување во Врњачка Бања. Меѓутоа, и таму го нашол Лечовски и го уапсил. Најнапред бил затворен во Врање, а потоа доведен во Скопје каде што го држеле во карцер, само со едно ќебе, без прозорец. Светела само една светилка, така што не знаел кога е ден, а кога ноќ. Додека бил во затворот кај него дошол Лечовски со униформиран мајор на УДБ-а и тогаш најпрво добро го истепале, па потоа му предложиле да соработува со нив.

„Во соседната канцеларија мајорот и Роман Лечовски нешто разговараа, но не можеше ништо да се разбере. Се врати иследникот, ми даде празна хартија и ми издиктира што да пишувам. Глобално содржината беше дека со оваа изјава се обврзувам да водам борба против непријателите на Југославија од Запад и од Исток. Известувањата ќе ги правам со писмени извештаи и под шифра ’Драгољуб Илиќ‘. На крај ги стави датумот и мојот потпис. Подоцна, кога бев на слобода, случајно во весникот ’Политика‘ прочитав за смртта на Драголуб Илиќ. Тој бил белградски адвокат и агент на СДБ за Југославија. Долго време ја извршувал оваа шпионска работа во Франција“, пишува проф. Батев во својата автобиографска книга „Мислата и душата во обрач“, во која објавува факсимил за соработка со УДБ-а.

Сметајќи дека работата е завршена го предупредиле никому ништо да не му кажува, да излезе од задната врата и да се врати во Врњачка бања. По лекувањето Батев отишол на факултет да ги продолжи студиите.

„Секој момент мислев што да правам за да се ослободам од ’обврската – Драгољуб Илиќ‘. Дефинитивно, решив да се откажам од соработката по секоја цена. Бев сигурен дека ќе имам многу негативни последици во мојот иден живот. Дали за тоа ќе следува одмазда или затвор?! Понекогаш помислував на бегство. Но, каде? Од каде средства? Кој ќе ме прифати? Немав со кого да се консултирам и кој да ми помогне. Дојдов до заклучок дека од Југославија не може да се бега. Тогаш бев како умрен, а незакопан“, ги пренесува своите стравувања за животот Батев во својата голооточка исповед.

Еден ден на факултет дошол инспекторот Лечовски барајќи да разговара со него. Му закажал средба во неговата куќа. Тогаш Батев отворено му рекол дека не може да биде нивен соработник зашто за тоа него не го бидува. Потоа одново бил затворен и повеќе месеци лежел во карцер. Подоцна го распоредиле во колективна соба во која им ставиле и провокатор.

„Дојде веќе пролет. Ја немаше онаа зимска слика и не го чувствувавме толку студот. Во собата број 30 (ќе ја помнам цел живот) станавме петмина. Разновидно друштво, составено од правник, милиционер, артист, книговодител и јас – студент. Но, еден од нас беше инфилтриран агент- провокатор, кој, подоцна, директно од затвор беше пуштен на слобода. Не знаев кој е!“, се сеќава Батев.

Тие денови, додека бил во колективната соба, повторно дошле мајорот и инспекторот Лечовски и повторно го претепале, по што паднал во бесознание. Дознале дека на затворениците им говорел некои работи што не им биле по ќеф: „Се освестив во собата бр.30. Сите четворица затвореници ги видов над мене. Ме бришеа од крвта и ме масираа. Јас лелекав од болки, немаше дел од телото што не ме болеше. Носот ми беше полн со крв. Течеше крв и од главата. Тогаш сите ги сакав и ги чувствував како браќа. Си мислев: ’Кој ли може да биде провокаторот од овие луѓе? Зар и тоа може да се случи во оваа затворска соба?’ Веќе воопшто не зборував за политика. Бев многу разочаран од луѓето. За мене веќе тоа не беа луѓе, меѓу нив имаше ѕвер. Само кој беше тој ѕвер? Веројатно оној што го пуштија на слобода, без да биде казнет. Сигурно потпишал изјава дека ќе соработува со УДБ-а“, пишува Батев.

Набргу потоа бил испратен на Голи Оток за да се „поправи“. Му определиле 24 месеци затвор, а го задржале 30. „Навистина беше остров на смртта и по условите, и по местоположбата, и по тортурата што се спроведуваше таму. И физички и психички се убиваа затворениците. Многу луѓе, особено постарите, кои не можеа да ја издржат тортурата, си го одземаа животот на различни начини. Кога се сеќавам на тоа, кога пишувам за таа невидена тортура, самиот се чудам како сум можел да го издржам сето тоа. Станав 40 килограми. Цела година воопшто не разговарав со никого, бев како луд. Тоа беа луѓе-ѕверови“, раскажува штипскиот професор.

За триесет и пет месеци, колку што бил на Голи Оток, не му дозволиле да напише писмо за дома ниту, пак, добил писмо од своите. „А јас бев поврзан со мајка ми. Бев пораснат сирак, без татко. Тоа ми беше најтешко, мојата мајка да не знае каде е нејзиното дете и јас да не знам ништо за неа. Кога бев под истрага, дошла во Скопје да ме бара. Отишла кај Мара Минанова, одговорна за Струмица. Ја прашала: ’Каде ми е синчето‘, а таа и' рекла: ’Тој е најголем бандит‘.

Батев посебно подвлекува дека никој не можел да го напушти Голи Оток ако со истрагата сто отсто не расчистил околу тоа со кого бил и што зборувал. Секој морал да каже се'. Ако подоцна УДБ-а откриела дека не се однесуваат според нејзините правила, повторно ги враќала назад.

Батев имал двајца браќа, но тие биле со партијата. Најголемиот Митко бил кондураџија, учесник во НОБ и осум години секретар на КПЈ во Струмица, претседател на борците и пратеник. Другиот, Илија, студирал во Киев, по ИБ се вратил во Белград, каде што завршил Машински факултет, и пред пензионирање станал директор на Заводот за патенти на Југославија. Тие не сакале да се дружат со него.

Од се' најтешко му било кога се вратил од затвор. УДБ-а го следела на секој чекор. „Со недоверба гледав на луѓето, зашто се' помалку имаше луѓе, а се' повеќе камелеони, злобни, кодоши, живеев живот без радост. Така, речиси сите мои некогашни другари, пријатели, па и роднини ме избегнуваа, се чуваа од мене како од бесно куче. За мене тоа беше најголема казна што може да биде. Некои не сакаа ни да ме поздрават на улица, а камоли да се дружат или да поразговараат со мене. Чувствував како пак да сум бојкотиран, само сега на слобода. Не смеевме да се дружиме ни со голооточани, зашто ќе им бевме сомнителни. Секој од секого се вардеше и никој со никого не се дружеше и не разговараше вистински.

Злонамерните и кодошите, секогаш под превезот на невидливо партиско раководство - комунистички функционери, на перфиден и циничен начин ги отстрануваа сите оние што им пречеа и ги прогласуваа како опасни за режимот или како непријатели на државата. Не еднаш наидував на пречки во кои се користени средства и начини недостојни за цивилизирано општество, гнасни методи, се' со цел да се искомпромитира личноста, нејзината чесност, докрај да се уништи човекот“, раскажува д-р Тома Батев, кој секогаш имал проблеми при вработувањето и унапредувањето во струката, а за него последниот збор го имале тајните служби, кои признавале дека е способен, но никогаш не му простиле што не соработувал со нив. (крај)

Извор

Некако не гледам дека сме се ослободиле од тој менталитет на озборување.
An inch today is tomorrow’s mile.
08-01-2011, 07:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#60

Лагите продолжуваат:



[Image: 2zstq3p.jpg]


[Image: 2s93kh0.jpg]


13-01-2011, 10:29 PM
Reply