Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 1.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВИСТИНАТА-УДБА-МОРАЛНО ПОЛИТИЧКИ ПОДОБНИОТ ЦВЕТАНОСКИ ????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (9)

[Image: 22FC8B1E4ED46C4BBE34C9018412F5F4.jpg]

Кодошите - гнасна војска на власта

„Треба јавно да се кажат имињата на кодошите за никогаш да не ни се повтори тоа“, вели охридскиот професор во пензија, д-р Стојан Ристески

Виктор Цветаноски

Д-р Стојан Ристески од Охрид бил кодошен од негови колеги - професори од охридската гимназија, но и од луѓе однадвор, а неговото досие бр. 2771 го формирал првиот комшија, Благоја Азески, кој најпрво работел како инспектор, а потоа и како началник на СВР на Охрид. Иако Ристески добро го познавал, сепак, тој информациите што му ги доставувале информаторите ги земал здраво за готово и не направил ништо да се спречи валкањето на образот на чесниот охридски професор.

Кодошењето започнало, како што вели Ристески, поради љубомората на тогашниот директор на гимназијата, Стојмир Ристески, кој се загрижил за своето место и започнал подземни игри против него. Младиот професор брзо напредувал во науката, објавил повеќе публикации од македонското минато, а тоа не му одело во прилог на болно амбициозниот директор.

„На организаторите на кодошите им дадов повеќе поводи: иницијатор и носител на акцијата за уредување на заедничката гробница на кадиноселските херои; иницијатор за споменикот на загинатите за слобода на Македонија во Илинден и НОБ во село Велгошти; иницијатор и носител на зафатите за подигнување на спомен-бистите на илинденските револуционери Методија Патчев и Христо Узунов во Охрид, па објавив повеќе написи за настани и личности во илинденскиот период и НОБ не по желба на локалните моќници. И моите јавни настапувања во средината не им одговараа зашто претходно не одев кај нив на ’аудиција‘. Тоа беше моето ’зло‘, мојот ’национализам‘“, објаснува Ристески.

[Image: CD165F9E94667E458D5EF090BB01D849.jpg]

Во досието на охридскиот професор во пензија стои дека „...пател од претеран национализам, особено кон учениците од албанската и од турската народност“. Ристески вели дека тоа е валкана измислица од кодошите. Додека предавал во гимназијата кај него учеле десетина ученици Албанци и Турци, и дека и денес има добри односи со нивните родители, освен со еден. „Ако сум имал негативен став кон Срби, Црногорци, Албанци, Турци, Роми, Муслимани и други, дали ќе одев на работа како професор на факултетите во Приштина и во Ниш, а пред тоа за мојата докторска подобност да решава Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет во Нови Сад и да бранам докторска дисертација пред Србин, Словенец и Македонец?!“, прашува д-р Ристески, повлекувајќи дека шесте години работење во Приштина се неговите најдобри години. Тој притоа додава дека кодошите и стручните обработувачи за некого да го дисквалификуваат и да го испратат во „Идризово“ го употребувале во тоа време најмоќното оружје - „омраза кон другите националности“ и „националист“

Д-р Ристески раскажува за некои непријатни нешта што ги доживеал додека бил професор во охридската гимназија. Во неговиот клас учела и ќерката на тогашниот секретар на Општинскиот комитет, Бранко Бунташески, кон која вели дека бил попустлив и имал посебни симпатии поради тоа што боледувала. Често и' давал повисоки оценки од тие што ги заслужувала. Еднаш и ставил двојка, иако не знаела ништо, по што бил повикан на рапорт кај директорот. По силните притисоци што биле вршени врз него да и' даде одлична оценка, побарал да не предава во тој клас, но наместо тоа, на ќерката на секретарот на партијата и' овозможиле на крајот на годината да полага кај друг професор кај кого покажала „феноменално“ знаење и била оценета со највисока оценка.

„Директорот на гимназијата отиде дотаму и мојот дом да ми го прави пекол. Неколкупати ја среќавал мојата сопруга и ’добронамерно и пријателски‘ и велел: ’Оној, твојон, со неговиот национализам ќе ве упропасти сите дома. Му кажувам, ама не ме слуша. Речи му да престане...‘ И ела сега убеди ја сопругата дека сето тоа го измислува тој и го пласира. Таа потресена за мене и за нашите деца само ме проколнува во децата, ме моли да не го упропастам семејството“, се сеќава Ристески на тешкотиите што му биле создавани во тоа време за да го дискредитираат.

Охридскиот професор со нескриен револт вели дека кодошите и полтроните се ѓубре на кое расте сето зло на овој свет, гнасна војска на власта. Во книгата „Моите кодоши“ тој ги опишува со следните зборови: „Поимот кодош во речниците се толкува како: предавник, јуда, шпион, клеветник, поткажувач, доушник... Кодошот не ја пренесува вистината, туку ја извртува, ја конструира, ја измислува. Тоа го прави подмолно, зад грбот на кодошениот и на другите, го кажува на доверлив начин во поверлива средина или на индивидуа, а на кодошениот му се прикажува близок. Народот го именува кодошот со најпогрдни пејоративи“, објаснува Ристески.

Во книгата ги споменува имињата на сите оние што го кодошеле, а се спомнати во неговото досие. Трајан Старкоски со години доаѓал на родителски средби кај него, бидејќи му бил класен раководител на неговиот син. Често го среќавал на симпозиуми и на други манифестации за да им пренесе на службите што се случувало таму. Кога Ристески еднаш го прашал зошто е заинтересиран за работи што не ги разбирал, Старкоски му предложил неговата работа да ја врши тој. Оттогаш Ристески не се појавувал на ниту еден симпозиуми или друг собир ако не бил поканет да учествува со свој труд.

Професорот Ристески бил шпиониран и од Трајан Ангелески, соселанец на директорот на гимназијата, од некој Тони, Иван, Урош, Веруш и други што воопшти не ги познавал. „Кодошката Поликсена Коцарева, сега Димониева, преку ноќ дојде на работа во гимназијата, без никаков оглас или конкурс. Тогаш бев претседател на Советот на работната организација. Требаше да знам, но директорот ми рече дека имал ургенција. Доволно ми беше да дознаам кој стои зад нејзиното вработување. Поради тоа и поради нејзината арогантност од неа бев понастрана. Набргу беше поставена за принуден директор на Градската библиотека. Повторно се врати во гимназијата. Кога зборува, мислиш е ангелска душа, ама еве документ оти била кодошка од најдолен вид. Сега зборува се' најлошо за ’поранешните‘“, вели Ристески.

Тој посебно го потенцира и името на Ѓоко Арнаудовски, кој заедно со Ристески учел во Учителската школа во Битола и кој самоиницијативно отишол да ги информира службите за „опасноста“ што и' се заканува на државата од младиот професор. „ Ѓоко, секогаш насмеан, срдечен, а еве ти го мој кодош и тоа тогаш кога бил директор на ЦОУ ’Климент Охридски‘ - Охрид. Од каде друга причина, освен да ми наштети во хајката што се води против мене што ја презедоа моќниците. Сега ми станува јасно како напредувал во положаите“, подвлекува Ристевски.

Службата за безбедност користела различни начини да се' доближи до човекот за кого сметала дека е „опасен“ за државата. За да ја испровоцира жртвата да каже или да направи нешто што не било во духот на комунизмот, ќе му испратела кодош, кој најчесто се претставувал пред јавноста дека е против поредокот. Ристески раскажува дека еднаш му испратиле некој охриѓанец, кој како што пишувало во досието, бил вмровец, ама бил нивни со задача да го испровоцира. Додека заедно минувале низ една населба во градот забележале како муслимански верници ја поправаат разурнатата џамија. Тогаш кодошот му вели на Ристески за да види како ќе реагира: „Оваа минарево ќе треба да го кренеме во воздух, на Охрид не му требаат вакви работи“. „Зошто, му рекол професорот, луѓето треба да си имаат своја џамија во која ќе се молат, како што ние имаме цркви. Собирале пари, а ние сега да им ја уриваме“. Откако кодошот видел дека намерата не му успеала, престанал да контактира со Ристески.

Охридскиот професор кога ја пишувал книгата за неговото досие, некои пријатели го советувале да не ги споменува имињата на кодошите поради тоа што не било тоа згодно за нивните семејства, за нивните деца, кои не биле виновни за однесувањето на сопствените родители. Ристески не ги послушал, сметајќи дека кодошите го заслужувале тоа, бидејќи во времето на социјализмот уживале многу привилегии и успесите ги постигнале газејќи врз туѓата среќа. „Зошто не се запрашале тогаш како им било на ’обработуваните’, на нивните фамилии, кои со децении биле покажувани со прст... Тоа што поминало никој не може да го измени, но од тоа многу може да се научи. Потомците на кодошите треба да им се лутат на своите и да не бидат како нив“, нагласува Ристески.

Една од причините што го натерала јавно да ги каже нивните имиња бил и фактот што досието било полно со измислици, лаги и клевети, дури и непристојности. „Ако од изнесените гнасотии не се срамел режимот да го формира досието, зошто јас да се срамам. Моите и другите нека видат како сум бил третиран само затоа што сум ја сакал вистината и татковината, што постојано сум бил со книга в раце, што сум осветлил многу славни ликови од македонското минато, што сум обелоденил многу неправди и злосторства, што не сум мислел со туѓа глава и чесно сум го заработувал лебот“, заклучува професор д-р Стојан Ристески.
20-12-2010, 03:05 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#22

Quote: Фељтон

Колку УДБ-а беше нашата судба (10)

Богдановски починал разочаран и сам

Мртвото тело на најпознатиот македонски политички емигрант го пронашле во возот со кој патувал од Шведска за Германија

Виктор Цветаноски

Драган Богдановски беше еден од најпознатите македонски политички емигранти, кој беше најмногу следен од УДБ-а, а во 1977 година киднапиран од Франција и тајно доведен во Македонија. На судскиот процес зад затворени врати е осуден на 13-годишна робија.

Кој е, всушност, Богдановски? Дали навистина бил толку голем непријател на Титова Југославија за УДБ-а да преземе таква спектакуларна акција и да го доведе во Македонија за му му се суди?

Според луѓето што контактирале со него во странство, Богдановски се борел за остварување на македонските илинденски (Гоцеви) идеали за ослободување и обединување на сите делови на Македонија. Меѓутоа, и самиот тој лично не верувал дека таа цел може реално да се оствари.

„Богдановски јавно ми го призна тоа. За време на една средба ме праша во доверба: ’Војводо‘, тој секогаш така ми се обраќаше, ’сакам искрено да ми кажеш. Дали веруваш дека можеме да создадеме самостојна, обединета македонска држава. Му реков дека не верувам. ’И јас мислам така, ама ние се бориме за да оставиме за идните поколенија да знаат дека имало луѓе што многу ја сакале Македонија и се бореле за неа, за и тие да се борат и да ја сакаат’. Бевме свесни дека до обединување не може да дојде. Во тогашно време Југославија беше неврзана, Бугарија членуваше во Варшавскиот пакт, а Грција во НАТО. Ние гледавме на состојбите реално и не мислевме дека можеме да ги прекроиме границите што веќе ги создале големите сили. Тогаш дури и не верувавме дека ќе се распадне комунизмот и ќе се создаде самостојна македонска држава на еден дел на етничка Македонија. Меѓутоа, се случи и тоа“, раскажува Мане Јаковлески, тогаш познат македонски угостител во Германија, кој бил многу близок со Богдановски.

Според него, Богдановски првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија по еден состанокот со Владо Дапчевиќ, најпознатиот информбировец, кој тогаш со поддршка на тогашен СССР во странство формирал нова партија - Нова КПЈ, со цел Југославија да ја приклучи кон Варшавскиот договор. Така, УДБ-а започнува постојано да го следи преку свои луѓе или, пак, преку гастарбајтери од кои барала да соработуваат со неа. Иван Бабановски, кој во тоа време работел во СДБ, признава дека покрај тоа што го следеле во странство, многу луѓе со кои имал контакт во Македонија, соработувале со службите. Според него, 95 отсто од луѓето што биле околу Богдановски и имале некакви врски со него ги информирале, некои од материјални причини, други поради привилегии, а некои од патриотски побуди.

Македонските тајни служби толку многу биле инволвирани меѓу нашата емиграцијата што дури успеале преку свои агенти да ги напишат текстовите за списанието „Македонска нација“ на ДООМ и да го отпечатат во Скопје.

„Еден нивни агент дојде кај нас во Берлин во 1975 година од Австралија. Ни се претстави како голем македонски патриот. Сиот беше накитен со македонски симболи и вооружан со пиштоли. Бевме среќни кога ќе дојдеше кај нас таков човек, а него го сметавме за голем Македонец и дури го зедовме кај нас дома, го прифативме како наше дете. Работеше на шанкот во нашиот ресторан ’Ново Скопје‘ и постојано зборуваше за Македонија. Со него се зближивме многу. Неколкупати од Австралија ни се јавуваа и не' предупредуваа да бидеме претпазливи со него. Тврдеа дека тој е уфрлен кај нас од УДБ-а. Но, ние не го прифаќавме тоа, мислејќи дека нивните процени се погрешни. Самиот тој ни раскажуваше дека бил во Австралија и дека таму им растурил некој антимакедонски собир на Грците. Многу ни помогна во 1976 година во Берлин да организираме на Илинден голема македонска прослава, без фотографии на Тито и југословенската химна. Незамисливо беше во тогашно време да се организира таква прослава. Дојдоа повеќе македонски емигранти и тогаш јасно покажавме кои сме“, раскажува Јаковлески за човекот што им го уфрлила УДБ-а.

Меѓутоа, кај нив се' почесто почнале да им се јавуваат од Австралија, а дознале дека и германските тајни служби го следат и сакале да го апсат. „Дури тогаш сфативме дека човекот кому најмногу му верувавме е човек на

УДБ-а. Тогаш украде еден автомобил и со него замина во Минхен каде што ги испокрши македонските букви во печатницата во кои се печатеше ’Македонска нација’. Додека беше кај нас, по негово инсистирање, два броја на списанието беа печатени во Скопје“, раскажува Јаковлески.

Како што тврдат неговите приврзаници, македонските тајни служби во прво време не ќе сакаат целосно да го елиминираат Драган Богдановски, бидејќи тој со своите активности бил голема брана против пробугарските и прогрчките пропаганди меѓу македонските печалбари.

„Имав можност да го читам неговото досие и досието на брат ми Гојко и од нив заклучив дека македонската УДБ-а имала поголема полза од активноста на ДООМ отколку штета, затоа што оваа организација беше против Ванчо Михајлов. Доколку не беше ДООМ, многумина македонски емигранти можеа лесно да потпаднат под влијание на Михајлов. Богдановски беше против МПО и во ’Македонска нација‘ често пишуваше против оваа пробугарска организација“, објаснува Јаковлески.

Според него, ДООМ не била многу голема организација. Македонците во странство се плашеле да се зачленуваат во неа, затоа што се изложувале на голема опасност. Оној гастарбајтер што ќе сакал да стане нејзин член, однапред ризикувал да биде цел живот следен од УДБ-а. Во ДООМ членувале македонски патриоти што ја сакале Македонија и што јавно кажувале дека се за нејзино осамостојување и обединување, но никогаш не презеле никакви конкретни активности против Југославија

Јаковлески кога говори за познатиот македонски политички емигрант ни открива и една тајна, која, како што вели, за првпат ја соопштува пред јавноста. Во 1991 година Богдановски, Стојче Наумов и човек на Љупчо Георгиевски заедно заминале во Софија за да се сретнат со тогашното бугарско раководство. Биле примени на највисоко ниво од бугарскиот претседател Жељу Желев и од премиерот Попов. Побарале Бугарија да ја признае Македонија и таму да се организираат протести за нејзина независност.

„Побаравме Бугарија да преземе нешто ако биде нападната Македонија од Југословенската армија. Тогаш Желев и Попов ни ветија дека ќе добиеме се' што ќе побара македонската влада. ’Ние ве разбираме и ве поддржуваме, но не можеме да ве признаеме ако не го побараат тоа официјално од Скопје. Ако македонската влада достави барање, ние истиот ден ќе ве признаеме. Ако бидете нападнати од Србија и ако македонската влада побара помош, и тоа ќе ви го дадеме’. Во тоа време во Бугарија се пријавуваа доброволци да се борат на страната на Хрватска против Србија. Ни го покажаа огромниот список со нивните имиња. ’А што мислите, колку доброволци ќе се јават ако Македонија биде нападната?’, не' запрашаа тие“, раскажува Јаковлески.

Драган Бодановски е роден во 1929 година во село Клечовце, Кумановско. Неговиот дедо бил комита во четата на Атанас Бабата. Студирал во Белград на Факултетот за земјоделство и шумарство. Бил иницијатор за формирање „Македонски студентски клуб“ за што бил казнет на 4 месеци затвор и бил исклучен од факултетот. Пролетта 1950 година со уште неколкумина студенти пребегал во Грција, а оттаму заминал во Аргентина и во Бразил каде што останал до 1954 година. Потоа се вратил во Европа и во Париз, на Сорбона се запишал на Факултетот за политички науки и новинарство. Во 1958 година се оженил со Норвежанката Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, со која има двајца синови, а неговите активности меѓу македонската емиграција биле главната причина да се разведе од неа. Неговите приврзаници велат дека таа пред да се разведе, му рекла: „Ти си венчан за Македонија, а не за мене“. Додека бил в затвор, синовите дошле во Скопје да го видат, но не им било дозволено.

Ве емиграција издавал неколку весници и бил иницијатор за формирање политички организации. Во 1963 година бил формиран Ослободителниот комитет на Македонија, кој десетина години подоцна се трансформирал во ДООМ -Движење за ослободување и обединување на Македонија.

Богдановски по излегувањето од затвор во 1989 година, извесно време живеел во Скопје, а по добивањето патна исправа, заминал во Шведска. Во 1990 година во Минхен заедно со Љупчо Георгиевски, Гојко Јаковлевски Владо Транталовски и Борис Змејковски ја формирале ВМРО-ДПМНЕ. На првиот конгрес одржан во Прилеп во 1991 година е избран за почесен претседател на партијата. По две години, ја напуштил ВМРО-ДПМНЕ разочаран од нејзиното раководство и повторно се вратил во Шведска. Починал на 31 мај 1998 година. Неговото мртво тело било пронајдено во возот со кој патувал за Германија. За смртта на Богдановски не се знаат многу детали. Шест месеци пред тоа со него се видел Гојко Јаковлески, кој го посетил во Шведска и заедно ја прославиле Нова година. Погребан е во Куманово два месеца подоцна.

An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 21-12-2010, 01:48 PM by montehristo.)
21-12-2010, 01:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (10)

[Image: D417D5E3AFD3204E878D66AECCB95526.jpg]

[Се бореше за обединета и самостојна Македонија, но искрено не веруваше дека тоа може да се оствари, вели неговиот пријател Мане Јаковлески: Драган Богдановски]

Богдановски починал разочаран и сам

Мртвото тело на најпознатиот македонски политички емигрант го пронашле во возот со кој патувал од Шведска за Германија

Виктор Цветаноски

Драган Богдановски беше еден од најпознатите македонски политички емигранти, кој беше најмногу следен од УДБ-а, а во 1977 година киднапиран од Франција и тајно доведен во Македонија. На судскиот процес зад затворени врати е осуден на 13-годишна робија.

Кој е, всушност, Богдановски? Дали навистина бил толку голем непријател на Титова Југославија за УДБ-а да преземе таква спектакуларна акција и да го доведе во Македонија за му му се суди?

Според луѓето што контактирале со него во странство, Богдановски се борел за остварување на македонските илинденски (Гоцеви) идеали за ослободување и обединување на сите делови на Македонија. Меѓутоа, и самиот тој лично не верувал дека таа цел може реално да се оствари.

„Богдановски јавно ми го призна тоа. За време на една средба ме праша во доверба: ’Војводо‘, тој секогаш така ми се обраќаше, ’сакам искрено да ми кажеш. Дали веруваш дека можеме да создадеме самостојна, обединета македонска држава. Му реков дека не верувам. ’И јас мислам така, ама ние се бориме за да оставиме за идните поколенија да знаат дека имало луѓе што многу ја сакале Македонија и се бореле за неа, за и тие да се борат и да ја сакаат’. Бевме свесни дека до обединување не може да дојде. Во тогашно време Југославија беше неврзана, Бугарија членуваше во Варшавскиот пакт, а Грција во НАТО. Ние гледавме на состојбите реално и не мислевме дека можеме да ги прекроиме границите што веќе ги создале големите сили. Тогаш дури и не верувавме дека ќе се распадне комунизмот и ќе се создаде самостојна македонска држава на еден дел на етничка Македонија. Меѓутоа, се случи и тоа“, раскажува Мане Јаковлески, тогаш познат македонски угостител во Германија, кој бил многу близок со Богдановски.

Според него, Богдановски првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија по еден состанокот со Владо Дапчевиќ, најпознатиот информбировец, кој тогаш со поддршка на тогашен СССР во странство формирал нова партија - Нова КПЈ, со цел Југославија да ја приклучи кон Варшавскиот договор. Така, УДБ-а започнува постојано да го следи преку свои луѓе или, пак, преку гастарбајтери од кои барала да соработуваат со неа. Иван Бабановски, кој во тоа време работел во СДБ, признава дека покрај тоа што го следеле во странство, многу луѓе со кои имал контакт во Македонија, соработувале со службите. Според него, 95 отсто од луѓето што биле околу Богдановски и имале некакви врски со него ги информирале, некои од материјални причини, други поради привилегии, а некои од патриотски побуди.

Македонските тајни служби толку многу биле инволвирани меѓу нашата емиграцијата што дури успеале преку свои агенти да ги напишат текстовите за списанието „Македонска нација“ на ДООМ и да го отпечатат во Скопје.

„Еден нивни агент дојде кај нас во Берлин во 1975 година од Австралија. Ни се претстави како голем македонски патриот. Сиот беше накитен со македонски симболи и вооружан со пиштоли. Бевме среќни кога ќе дојдеше кај нас таков човек, а него го сметавме за голем Македонец и дури го зедовме кај нас дома, го прифативме како наше дете. Работеше на шанкот во нашиот ресторан ’Ново Скопје‘ и постојано зборуваше за Македонија. Со него се зближивме многу. Неколкупати од Австралија ни се јавуваа и не' предупредуваа да бидеме претпазливи со него. Тврдеа дека тој е уфрлен кај нас од УДБ-а. Но, ние не го прифаќавме тоа, мислејќи дека нивните процени се погрешни. Самиот тој ни раскажуваше дека бил во Австралија и дека таму им растурил некој антимакедонски собир на Грците. Многу ни помогна во 1976 година во Берлин да организираме на Илинден голема македонска прослава, без фотографии на Тито и југословенската химна. Незамисливо беше во тогашно време да се организира таква прослава. Дојдоа повеќе македонски емигранти и тогаш јасно покажавме кои сме“, раскажува Јаковлески за човекот што им го уфрлила УДБ-а.

Меѓутоа, кај нив се' почесто почнале да им се јавуваат од Австралија, а дознале дека и германските тајни служби го следат и сакале да го апсат. „Дури тогаш сфативме дека човекот кому најмногу му верувавме е човек на УДБ-а. Тогаш украде еден автомобил и со него замина во Минхен каде што ги испокрши македонските букви во печатницата во кои се печатеше ’Македонска нација’. Додека беше кај нас, по негово инсистирање, два броја на списанието беа печатени во Скопје“, раскажува Јаковлески.

Како што тврдат неговите приврзаници, македонските тајни служби во прво време не ќе сакаат целосно да го елиминираат Драган Богдановски, бидејќи тој со своите активности бил голема брана против пробугарските и прогрчките пропаганди меѓу македонските печалбари.

„Имав можност да го читам неговото досие и досието на брат ми Гојко и од нив заклучив дека македонската УДБ-а имала поголема полза од активноста на ДООМ отколку штета, затоа што оваа организација беше против Ванчо Михајлов. Доколку не беше ДООМ, многумина македонски емигранти можеа лесно да потпаднат под влијание на Михајлов. Богдановски беше против МПО и во ’Македонска нација‘ често пишуваше против оваа пробугарска организација“, објаснува Јаковлески.

Според него, ДООМ не била многу голема организација. Македонците во странство се плашеле да се зачленуваат во неа, затоа што се изложувале на голема опасност. Оној гастарбајтер што ќе сакал да стане нејзин член, однапред ризикувал да биде цел живот следен од УДБ-а. Во ДООМ членувале македонски патриоти што ја сакале Македонија и што јавно кажувале дека се за нејзино осамостојување и обединување, но никогаш не презеле никакви конкретни активности против Југославија

Јаковлески кога говори за познатиот македонски политички емигрант ни открива и една тајна, која, како што вели, за првпат ја соопштува пред јавноста. Во 1991 година Богдановски, Стојче Наумов и човек на Љупчо Георгиевски заедно заминале во Софија за да се сретнат со тогашното бугарско раководство. Биле примени на највисоко ниво од бугарскиот претседател Жељу Желев и од премиерот Попов. Побарале Бугарија да ја признае Македонија и таму да се организираат протести за нејзина независност.

„Побаравме Бугарија да преземе нешто ако биде нападната Македонија од Југословенската армија. Тогаш Желев и Попов ни ветија дека ќе добиеме се' што ќе побара македонската влада. ’Ние ве разбираме и ве поддржуваме, но не можеме да ве признаеме ако не го побараат тоа официјално од Скопје. Ако македонската влада достави барање, ние истиот ден ќе ве признаеме. Ако бидете нападнати од Србија и ако македонската влада побара помош, и тоа ќе ви го дадеме’. Во тоа време во Бугарија се пријавуваа доброволци да се борат на страната на Хрватска против Србија. Ни го покажаа огромниот список со нивните имиња. ’А што мислите, колку доброволци ќе се јават ако Македонија биде нападната?’, не' запрашаа тие“, раскажува Јаковлески.

Драган Бодановски е роден во 1929 година во село Клечовце, Кумановско. Неговиот дедо бил комита во четата на Атанас Бабата. Студирал во Белград на Факултетот за земјоделство и шумарство. Бил иницијатор за формирање „Македонски студентски клуб“ за што бил казнет на 4 месеци затвор и бил исклучен од факултетот. Пролетта 1950 година со уште неколкумина студенти пребегал во Грција, а оттаму заминал во Аргентина и во Бразил каде што останал до 1954 година. Потоа се вратил во Европа и во Париз, на Сорбона се запишал на Факултетот за политички науки и новинарство. Во 1958 година се оженил со Норвежанката Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, со која има двајца синови, а неговите активности меѓу македонската емиграција биле главната причина да се разведе од неа. Неговите приврзаници велат дека таа пред да се разведе, му рекла: „Ти си венчан за Македонија, а не за мене“. Додека бил в затвор, синовите дошле во Скопје да го видат, но не им било дозволено.

Ве емиграција издавал неколку весници и бил иницијатор за формирање политички организации. Во 1963 година бил формиран Ослободителниот комитет на Македонија, кој десетина години подоцна се трансформирал во ДООМ -Движење за ослободување и обединување на Македонија.

Богдановски по излегувањето од затвор во 1989 година, извесно време живеел во Скопје, а по добивањето патна исправа, заминал во Шведска. Во 1990 година во Минхен заедно со Љупчо Георгиевски, Гојко Јаковлевски Владо Транталовски и Борис Змејковски ја формирале ВМРО-ДПМНЕ. На првиот конгрес одржан во Прилеп во 1991 година е избран за почесен претседател на партијата. По две години, ја напуштил ВМРО-ДПМНЕ разочаран од нејзиното раководство и повторно се вратил во Шведска. Починал на 31 мај 1998 година. Неговото мртво тело било пронајдено во возот со кој патувал за Германија. За смртта на Богдановски не се знаат многу детали. Шест месеци пред тоа со него се видел Гојко Јаковлески, кој го посетил во Шведска и заедно ја прославиле Нова година. Погребан е во Куманово два месеца подоцна.

(Продолжува)
(This post was last modified: 21-12-2010, 01:54 PM by ЈорданПетровски.)
21-12-2010, 01:51 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#24

Една голема нелогичност:
Се бореле за независна, слободна и обединета Македонија, а не верувале дека ќе ја постигнат целта. Каков човек се става себе си на таков самоуништувачки курс, без да верува во својата цел?
21-12-2010, 06:55 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#25

(21-12-2010, 06:55 PM)Solenik Wrote: Една голема нелогичност:
Се бореле за независна, слободна и обединета Македонија, а не верувале дека ќе ја постигнат целта. Каков човек се става себе си на таков самоуништувачки курс, без да верува во својата цел?

Quote:Неговите приврзаници велат дека таа пред да се разведе, му рекла: „Ти си венчан за Македонија, а не за мене“. Додека бил в затвор, синовите дошле во Скопје да го видат, но не им било дозволено.

Quote:In any nonviolent campaign there are four basic steps: collection of the facts to determine whether injustices exist; negotiation; self purification; and direct action. We have gone through all these steps in Birmingham. There can be no gainsaying the fact that racial injustice engulfs this community. Birmingham is probably the most thoroughly segregated city in the United States. Its ugly record of brutality is widely known. Negroes have experienced grossly unjust treatment in the courts. There have been more unsolved bombings of Negro homes and churches in Birmingham than in any other city in the nation. These are the hard, brutal facts of the case. On the basis of these conditions, Negro leaders sought to negotiate with the city fathers. But the latter consistently refused to engage in good faith negotiation.

Then, last September, came the opportunity to talk with leaders of Birmingham's economic community. In the course of the negotiations, certain promises were made by the merchants--for example, to remove the stores' humiliating racial signs. On the basis of these promises, the Reverend Fred Shuttlesworth and the leaders of the Alabama Christian Movement for Human Rights agreed to a moratorium on all demonstrations. As the weeks and months went by, we realized that we were the victims of a broken promise. A few signs, briefly removed, returned; the others remained. As in so many past experiences, our hopes had been blasted, and the shadow of deep disappointment settled upon us. We had no alternative except to prepare for direct action, whereby we would present our very bodies as a means of laying our case before the conscience of the local and the national community. Mindful of the difficulties involved, we decided to undertake a process of self purification. We began a series of workshops on nonviolence, and we repeatedly asked ourselves: "Are you able to accept blows without retaliating?" "Are you able to endure the ordeal of jail?" We decided to schedule our direct action program for the Easter season, realizing that except for Christmas, this is the main shopping period of the year. Knowing that a strong economic-withdrawal program would be the by product of direct action, we felt that this would be the best time to bring pressure to bear on the merchants for the needed change.

Во целиот овој десети дел чудно ми беше тоа што неговите синови не ги пуштиле да го видат татка си.
Знаејќи на кој начин многу наши дејци завршиле во Идризово, некако твоето прашање ме натера да го поставам ова за МЛК од неговото писмо од затворот од Бирмингем.
Денеска во секоја посериозна Армија постојат школи во кои те учат како да издржиш под разни тортури.
Главната алатка во таа борба против тортура е баш нивниот кодекс (code of conduct) кој го прикажуваат низ разни позитивни примери на нивните војници кој вели:
Јас сум војник на ...............
Никогаш нема да прифатам пораз.
Кога ќе се најдам во заробеништво ќе барам начин како да избегам.
Ќе најдам начин да помагам на поунесреќените од мене.
Доколку сум со понизок чин ќе ги следам инстрикциите на офицерите од повисок ранг.
Доколку сум јас со највисок ранг ќе ги организирам и ќе им давам пример како да истраеме и даваме активен отпор.
Пилотите и специјалните сили биваат третирани во специјални школи а поготово агенциите со трословни иницијали.
Во оваа борба со УДБ-а мораш да пројдеш низ таква школа.
Јас не велам дека потклекнал, но тој бил секојдневно под тортура.
Да си бил ти на негово место, дали би го поставил ова прашање.
Да те силувале во Идризово, или да те терале да јадеш измет, да ги чистиш вецињата лижејќи ги, дали би можел за тоа да говориш јавно? И да не ти ја скршиле душата, десет пати ќе размислиш пред А да кажеш.
Се сеќавате на Ел-Масри? И сите тајни затвори на ЦИА?
Дали некој разбира за што овде се работи?
И денеска таа УДБ-а е активна, мислите ги боли уво за демократија, правна држава, правен процес, човечки права?
Ти да оставиш 200.000 луѓе на улица, да се договориш со терористи против своја држава само за да дојдеш на власт и потоа заедно да шурувате заедно, па да уценувате цела една земја со амнестија на сите криминално одлеани пари.
Како да се бори со таков октопод?
Ете го видиш Љубчо колку лесно падна во нивни раце, човечето да ти било среброљубец.
Кажи ми ти Соленик, можеби си ти попаметен, повели.
Немој погрешно да ме сватиш, немам намера да се конфронтирам.
Но сега седејќи во некаква комоција, нам ни е лесно да судиме за нечии дејствија.
Главен противник е тука УДБ-а и нејзините остатоци без разлика на сите наши кои потклекнале или не.
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 22-12-2010, 12:48 AM by montehristo.)
22-12-2010, 12:43 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#26

(22-12-2010, 12:43 AM)montehristo Wrote:

Еве ова е мотото по кое се води секој Американски војник
Quote:The Code of Conduct

Posted : Friday, October 07, 2005

I

I am an American, fighting in the forces which guard my country and our way of life. I am prepared to give my life in their defense.

II

I will never surrender of my own free will. If in command, I will never surrender the members of my command while they still have the means to resist.

III

If I am captured I will continue to resist by all means available. I will make every effort to escape and to aid others to escape. I will accept neither parole nor special favors from the enemy.

IV

If I become a prisoner of war, I will keep faith with my fellow prisoners. I will give no information or take part in any action which might be harmful to my comrades. If I am senior, I will take command. If not, I will obey the lawful orders of those appointed over me and will back them up in every way.

V

When questioned, should I become a prisoner of war, I am required to give name, rank, service number, and date of birth. I will evade answering further questions to the utmost of my ability. I will make no oral or written statements disloyal to my country and its allies or harmful to their cause.

VI

I will never forget that I am an American, fighting for freedom, responsible for my actions, and dedicated to the principles which made my country free. I will trust in my God and in the United States of America.

Подетално тука
Да не ме некој прекори мислам дека оваа заклетва на ВМРО е не целосна.
Поентата ми е, и во иднина ќе не работат како бавча овие УДБ-ашите се додека не поработиме на етичноста и верата во себе.

Quote:Се колнеме во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служиме колку што можеме за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско; ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари; нема никому да ги кажеме скришните народни работи. Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатарии ако некому, свесно или несвесно, кажеме за она што сега го гледаме, што го слушаме и што го работиме да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме. Амин"
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 22-12-2010, 03:24 AM by montehristo.)
22-12-2010, 03:23 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#27

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (11)

[Image: 3B1656067BC4DB4DA41942E617BE3E65.jpg]

Како беше киднапиран Богдановски од Париз

Познатиот емигрант откако бил опиен, бил донесен на Љубљанскиот аеродром со дипломатски автомобил и со пасош преку Германија

Виктор Цветаноски

Екстремната југословенска емиграција и УДБ-а воделе вистинска војна неколку децении. Убиствата и на едната и на другата страна биле многу чести. Во жестоката пресметка страдале и амбасадори и конзули, а биле ликвидирани и видни емигранти. На списокот опасни емигранти бил ставен и Драган Богдановски, иако тој и ДООМ, организацијата на чие чело се наоѓал, не презеле ниту една конкретна акција против Титова Југославија.

Мане Јаковлески, кој долги години бил со него, вели дека Богдановски бил киднапиран и доведен во Македонија да му се суди за да им се докаже на другите републики, дека еве и ние преземаме нешто против нашата емиграција. Според него, по познатата хрватска пролет, имало големи реакции зошто на удар била само хрватската емиграција, по што Србите почнале да ги убиваат и да ги грабнуваат своите, а македонската УДБ-а решила да се пресмета со тогаш двајцата најпознати македонски емигранти - Драган Богдановски и Гојко Јаковлевски, кој бил за самостојна и обединета Македонија и финансиски го помагал ДООМ.

„Според информациите на некои луѓе што тогаш работеа во УДБ-а, најпрво се планирало да бидат ликвидирани двајцата, но на тоа се спротивставил академикот Илија Васков, кој бил на состанокот кога се договарало што да се преземи. Тогаш тој предложил Драган да биде грабнат, а Гојко да се остави намира. Васков сметал дека ликвидирањето или грабнување на Гојко можело да предизвика инцидент со Германија поради тоа што тој таму имал емигрантски статус, а и свој бизнис во Берлин.

Драган Богдановски бил киднапиран во 1977 година. Еве што за тоа раскажува новинарот Киро Кипроски, кој имал повеќе средби со него откако излегол од затворот во Идризово.

„УДБ-a го киднапирала додека престојувал во Париз. Некој негов пријател, струмичанец, му се јавил преку телефон и го поканил во ресторан за да се види со него, но и со некои гости што дошле од Македонија и барале да се сретнат со него. Имал целосна доверба во струмичанецот и се согласил без да се распрашува за поединости. Кога влегол во ресторанот го забележал ’пријателот‘ со двајца луѓе како пијат. Пред нив на масата имале извадено и струмичка мастика. Откако се запознал со дојденците, седнал сон нив и наздравил за Македонија, за нејзиното обединување и осамостојување, сметајќи дека се негови истомисленици. Ни на крај памет не му паднало дека со него пијат агенти на УДБ-а, која подолго време кроела планови како да го донесе во Македонија. Откако се поднапиле, еден од нив станал, наводно, за да оди во ВЦ и поминувајќи крај Богдановски го удрил по глава по што тој паднал во бессознание. Се разбудил на љубљанскиот аеродром“, раскажува Кипроски.

Богдановски не се сеќавал како стасал до Љубљана, бидејќи за цело време бил во бессознание. На моменти се будел, меѓутоа веднаш бил успиван. Успиениот Богдановски го носеле со дипломатски автомобил, а му подготвиле и дипломатски пасош. Кога ќе стасале на некој граничен премин, агентите на УДБ-а и' објаснувале на полицијата дека „амбасадорот“ е уморен и спие. Во Љубљана го качиле на авион, а од Скопје го однеле на Солунска Глава со хеликоптер.

Мане Јаковлески вели дека Богдановски со врзани очи бил одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што започнала долга, 18-месечна истрага. Како што му раскажувал, цело време бил врзан со синџири. Го испитувале повеќемина инспектори, но најмногу Тодор Шкартов, тогаш прв човек на УДБ-а за македонската емиграција.

„Ни раскажуваше дека не го малтретирале и дека биле коректни спрема него. Само еднаш Шкартов му удрил шлаканица, што го заболело повеќе од што било друго. Тоа не можеше да му го заборави зашто заедно работеле во ’Нова Македонија‘. Шкартов бил еден од петтемина уредници на весникот, а Богдановски работел како новинар. По истрагата, го изведоа пред суд. Судскиот процес беше зад затворени врати, а го осудија на 13 години затвор. Одлежа 11 години“, раскажува Јаковлески.

Според Иван Бабановски, кој во тоа време работел во Службата за државна безбедност и кој бил во тек со грабнувањето, Богдановски избегал во странство не поради неговите политички определувања, туку бил фатен во кражба.

„Една работа мора на сите да ни биде јасна, тоа треба да го имаат на ум сите што денес формираат нови партии и што манипулираат со националните чувства на народот, а тоа е дека ниту една држава, колку таа да е демократска, не дозволува формирање и дејствување на организации на своја територија од други земји, без тие луѓе што се инкорпорирани во тие активност не прифатат соработка или со криминалната полиција или со тајните служби на таа држава. Сите задгранични комитети на наши луѓе што ги имало, а и сега ги има, во другите држави морале да прифатат соработка“, подвлекува тој, нагласувајќи дека Богдановски во секоја држава во која престојувал и формирал организација морало да соработува со нејзините тајни служби ако сакал да опстане таму.

Според него, проблем на Богдановски бил што тој добро живеел на Запад, а преку наши гастарбајтери или преку некои луѓе со кои имал контакти во Македонија постојано настојувал да формира организација со јасни сепаратистички цели и тенденции, на антикомунистичка и антијугословенска платформа. „Во тоа време таквите активности се квалификуваа како кривично дело против народот и државата. И токму поради тоа, во рамките на политиката што тогаш се водеше, тој беше прогонуван и киднапиран“, објаснува Бабановски.

Базата за грабнувањето на Богдановски ја обезбеди оперативец што работел кај него, преку Албанец во странство. Тој не бил донесен директно од Париз, туку преку Германија каде што бил обезбеден стан, во кој бил сместен по грабнувањето. За време на истрагата, Богдановски не бил малтретиран.

„Со него се постапуваше многу коректно. Неговото киднапирање и истрагата се изведуваа во апсолутна тајност. Јас тогаш бев началник на сектор и не смеевме да зборуваме ништо меѓу себе за целата акција за да не дознае јавноста. Сметам дека казната од 13 години беше голема и тоа беше голема грешка. Богдановски многу ни помогна и многу работи и' ги разјасни на службата. Во периодот кога беше тука, многу повеќе направи за Македонија отколку како емигрант во странство“, оценува Бабановски.

Новинарот Киро Кипровски говори за деновите кога Богданоски бил пуштен од затвор. Тој и Мане Јаковлевски го однеле со автомобил од „Идризово“ во Зубовце, родното место на Мане, а утредента го прошетале во Маврово.

„Седнавме да ручаме во ресторанот на ’Макпетрол‘. Богдановски, човекот што го имаше прошетано цел свет, кој ги познаваше сите манири на бонтонот, не се служеше со приборот за јадење. Ни велеше, во затворот јадевме само со лажица и сега ми е полесно така да јадам. По 11 години поминати во ’Идризово‘, целосно беше уништен, и физички и психички. Затворот на него имаше оставено страшни последици. За разлика од порано, по излегувањето од ’Идризово‘ беше многу тивок, не говореше ништо за годините поминати таму. Не се пожали на ништо ниту, пак, расправаше за неговата вечна тема – Македонија. Зборуваше за безначајни работи за тоа како е убаво Маврово, за обични човечки нешта“, се сеќава Кипроски.

И по излегувањето од затвор Службата за безбедност постојано го следела. Кипроски неколку пати го посетил и во станот во Скопје.

„Откако ќе се качев во станот Богдановски ќе ми речеше: ’Ајде да излеземе некаде надвор да поразговараме како луѓе, затоа што овде секое ѕитче има микрофонче‘. Не можеше да го издржи големиот психолошки притисок. Се жалеше дека постојано го следат. ’Било кога да се вратам навечер секогаш пред лифтот или пред вратата на станот забележувам некој човек‘, ми раскажуваше. И јас лично можев да се уверам во тоа. Кога бев во друштво со него, често гледав како непознати луѓе дискретно го следат“, раскажува Кипроски.

Мане Јаковлески додава дека неговиот брат Гојко на луѓе од МВР им дал 40. 000 германски марки за да му купат стан на Богдановски, откако ќе излезе од затвор. Кога го побарале купопродажниот договор им било речено дека таков договор нема. Богдановски, всушност, бил сместен во стан на Службата за државна безбедност, а веднаш до него, како што тврдат некои, живеел еден од агентите што го киднапирале во Париз. На Гојко Јаковлески парите подоцна му биле вратени, но не целата сума, туку само 28.000 германски марки.
An inch today is tomorrow’s mile.
22-12-2010, 12:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Сведочењето на самиот Драган Богдановски за киндапирањето:

22-12-2010, 02:27 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#29

(22-12-2010, 12:43 AM)montehristo Wrote:
(21-12-2010, 06:55 PM)Solenik Wrote: Една голема нелогичност:
Се бореле за независна, слободна и обединета Македонија, а не верувале дека ќе ја постигнат целта. Каков човек се става себе си на таков самоуништувачки курс, без да верува во својата цел?

Во оваа борба со УДБ-а мораш да пројдеш низ таква школа.
Јас не велам дека потклекнал, но тој бил секојдневно под тортура.
Да си бил ти на негово место, дали би го поставил ова прашање.
Да те силувале во Идризово, или да те терале да јадеш измет, да ги чистиш вецињата лижејќи ги, дали би можел за тоа да говориш јавно? И да не ти ја скршиле душата, десет пати ќе размислиш пред А да кажеш.
Се сеќавате на Ел-Масри? И сите тајни затвори на ЦИА?
Дали некој разбира за што овде се работи?
И денеска таа УДБ-а е активна, мислите ги боли уво за демократија, правна држава, правен процес, човечки права?
Ти да оставиш 200.000 луѓе на улица, да се договориш со терористи против своја држава само за да дојдеш на власт и потоа заедно да шурувате заедно, па да уценувате цела една земја со амнестија на сите криминално одлеани пари.
Како да се бори со таков октопод?
Ете го видиш Љубчо колку лесно падна во нивни раце, човечето да ти било среброљубец.
Кажи ми ти Соленик, можеби си ти попаметен, повели.
Немој погрешно да ме сватиш, немам намера да се конфронтирам.
Но сега седејќи во некаква комоција, нам ни е лесно да судиме за нечии дејствија.
Главен противник е тука УДБ-а и нејзините остатоци без разлика на сите наши кои потклекнале или не.

Монтехристо,
мислам дека твоите прашања само ја продлабочуваат мојата дилема. Мане вели дека ниту тој, ниту Драган немале верба дека ќе има успех од нивните дејствувања. МЛК, Ганди и сличните им, сепак кога се изложиле на ризиците и тортурите верурвале дека еден ден нивната работа ќе вроди плод.
22-12-2010, 02:43 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#30

Quote:Според Иван Бабановски, кој во тоа време работел во Службата за државна безбедност и кој бил во тек со грабнувањето, Богдановски избегал во странство не поради неговите политички определувања, туку бил фатен во кражба.

„Една работа мора на сите да ни биде јасна, тоа треба да го имаат на ум сите што денес формираат нови партии и што манипулираат со националните чувства на народот, а тоа е дека ниту една држава, колку таа да е демократска, не дозволува формирање и дејствување на организации на своја територија од други земји, без тие луѓе што се инкорпорирани во тие активност не прифатат соработка или со криминалната полиција или со тајните служби на таа држава. Сите задгранични комитети на наши луѓе што ги имало, а и сега ги има, во другите држави морале да прифатат соработка“, подвлекува тој, нагласувајќи дека Богдановски во секоја држава во која престојувал и формирал организација морало да соработува со нејзините тајни служби ако сакал да опстане таму
Јоцо, според ова тврдење сите македонски организации во странство кои се за демократизација на Македонија морале да работат со домицилните тајни служби.
Само заборава дека кога се случил оној процес на шесторицата Хрвати во Австралија, АСИО на Агент на КОС му дозволува да излезе од Аустралија.
Значи што кога службите на домицилната држава соработуваат со службите од твојата држава, и воопшто не даваат помочана пара дали си ти во право или не, дали си се огрешил кон законите или не.
Значи, Pour Le Raison d'Etat или во овој случај Pour Le Raison de Partie.

Quote:Според информациите на некои луѓе што тогаш работеа во УДБ-а, најпрво се планирало да бидат ликвидирани двајцата, но на тоа се спротивставил академикот Илија Васков, кој бил на состанокот кога се договарало што да се преземи. Тогаш тој предложил Драган да биде грабнат, а Гојко да се остави намира. Васков сметал дека ликвидирањето или грабнување на Гојко можело да предизвика инцидент со Германија поради тоа што тој таму имал емигрантски статус, а и свој бизнис во Берлин.
За МАНУ некако знаев дека треба да се проветри.
An inch today is tomorrow’s mile.
22-12-2010, 03:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

(22-12-2010, 03:08 PM)montehristo Wrote:
Quote:Според Иван Бабановски, кој во тоа време работел во Службата за државна безбедност и кој бил во тек со грабнувањето, Богдановски избегал во странство не поради неговите политички определувања, туку бил фатен во кражба.

„Една работа мора на сите да ни биде јасна, тоа треба да го имаат на ум сите што денес формираат нови партии и што манипулираат со националните чувства на народот, а тоа е дека ниту една држава, колку таа да е демократска, не дозволува формирање и дејствување на организации на своја територија од други земји, без тие луѓе што се инкорпорирани во тие активност не прифатат соработка или со криминалната полиција или со тајните служби на таа држава. Сите задгранични комитети на наши луѓе што ги имало, а и сега ги има, во другите држави морале да прифатат соработка“, подвлекува тој, нагласувајќи дека Богдановски во секоја држава во која престојувал и формирал организација морало да соработува со нејзините тајни служби ако сакал да опстане таму

Јоцо, според ова тврдење сите македонски организации во странство кои се за демократизација на Македонија морале да работат со домицилните тајни служби.
Само заборава дека кога се случил оној процес на шесторицата Хрвати во Австралија, АСИО на Агент на КОС му дозволува да излезе од Аустралија.
Значи што кога службите на домицилната држава соработуваат со службите од твојата држава, и воопшто не даваат помочана пара дали си ти во право или не, дали си се огрешил кон законите или не.
Значи, Pour Le Raison d'Etat или во овој случај Pour Le Raison de Partie.

Ице Бабан лаже малку повеке. Приказната за наводна поврзаност со домицилни служби е со иста цел како и лепењето на бугарофилство на борците за Суверена, Самостојна и Демократска Македонија.
Во сите организации УДБА имала и има свои луѓе. Некои од организациите во раководството се исклучиви пополнети со нивни луѓе.

Начинот на работа на ГРУПАЦИЈАТА а сега и на Комитетот не и дозволува на УДБА да се инфилтрира. За соработката со домицилните служби, Македонија е премала и неважна за да се занимаваат службите на САД, Канада, Германија, Англија ....
Легално сме регистрирани по сите важечки прописи на Канада а тоа е најбитното тука. Да го почитуваш законот.
22-12-2010, 08:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (12)

[Image: 317AE7CC0F81884C8C52E026D3C97748.jpg]
[Благој Шамбевски, секретар на ДООМ, беше убиен во 1974 година, а германските истражни органи брзо го затворија случајот]

Шамбевски ликвидиран од агенти на УДБ-а

Гојко Јаковлески тврди дека нема сигурни докази, но оти сите индиции говореле дека го убиле југословенските тајни служби

Виктор Цветаноски

Ноќта меѓу 31 јули и 1 август 1974 година ќе биде ликвидиран Благој Шамбевски, политички емигрант, тогаш секретар на ДООМ. За него нема сигурни докази дека го убиле агенти на УДБ-а, но сите индиции говорат дека е жртва на тајните југословенски служби. Неговото мртво тело го пронашле во минхенскиот хотел „Ројал“, каде што работел како рецепционер. Се претпоставува дека убиецот или убијците дошле во хотелот како гости и го ликвидирале. Побарале соба за ноќевање и кога ги одвел за да им ја покаже го удриле со тврд предмет по главата, по што останал мртов на самото место.

„За случајот прв ме извести Антон, Македонец, по потекло од егејскиот дел на Македонија, кој живееше во близина на станот на семејството Шамбевски во Минхен и беше чест гостин кај нив. Нешто подоцна, на телефон во Западен Берлин ми се јави сопругата на покојниот Благој, Хрватка од Босна и Херцеговина, и ми рече: ’Гоце, Благој не е убиен, беше несреќен случај. Благој беше болен, Благој беше многу болен. Паднал и паѓајќи ја удрил главата на креветот и тоа било утврдено од лекарите и од полицијата’. Вечерта на телефон од Гетеборг, Шведска, ми се јави и Драган Богдановски и ми рече: ’Гоце, Шамбе не е убиен од УДБ-а‘. Меѓутоа, наредниот ден, повторно ме побара за да ми каже дека има оправдани сомневања, а и многу индиции дека Шамбевски бил убиен, бидејќи главата му била распукана во задниот дел, а вратата на собата заклучена однадвор“, пишува Гојко Јаковлески, по повод 30-годишнината од смртта на Шамбевски.

Јаковлески и' ги пренел сомневањата на Богдановски на сопругата на Шамбевски, а првата нејзина реакција била дека можеби тој сакал да прави „стории“, фама од таа работа. Меѓутоа, подоцна го побарала и се согласила дека во сомневањата на Богдановски има вистина и оти нејзиниот Благој можеби е жртва на политички пресметки. Притоа таа истакнала дека на сопругот често му се заканувале оти ќе го ликвидираат. Раскажала како двајца Македонци, едниот од Брисел, а другиот од Минхен, сакале насила да влезат во нивниот стан и да ги земат архивата на ДООМ и списоците на луѓето што го добивале списанието „Македонска нација“ и на оние што членувале во организацијата. Извадиле и пиштол и на Шамбевски му се заканиле дека ќе го убијат ако не им ги даде. Тогаш повикале полиција, која ги притворила, но по неколку дена ги пуштила.
[Image: 276AEE98BCCA834DAEA192CC6FA35592.jpg]
[Гојко Јаковлески]

Шамбевски често добивал и заканувачки писма. Јаковлески цитира неколку од нив. Во едно од нив стои: „Бандиту Шамбевски! Ти и твојот чауш Богдановски сте гадови и предавници на македонскиот народ, а не патриоти. На лукав начин, за гнасни цели, им служите на вашите господари, кои ве плаќаат, вие го користите убиството на петтемина ванчомихајловисти и врховисти од Струмица за да ловите риба во матна вода. За ликвидираните од народната правда пет ’бугарашки и буржоаски копилиња‘, Македонија не плаче и нема зошто да тажи, зошто ако тие не беа навреме ликвидирани, сега ќе беа исти бандити какви што сте вие околу вашата гнасна пачавра ’Македонска нација‘. Но, знаете гадови, нашите раце се долги, тие ќе ве најдат каде и да се наоѓате, вашите денови се изброени и вие наскоро ќе завршите под анџар, како што завршија петтемина за кои сега пишувате“, пишува во заканувачкото писмо.

Тоа било потпишано од „чесен македонски патриот“ и стасало до Шамбевски откако во „Македонска нација“ била објавена статија за убиството на петтемина студенти од Струмица, кои во 1951 година на ѕверски начин биле ликвидирани од УДБ-а. Писмени закани пристигнале и од некој Аљаковски, како и од еден битолчанец, кој се претставил како борец во Граѓанската војна во Грција.

„Полициската истражна комисија, која беше формирана по повод случајот ’Шамбевски‘, брзо го затвори делото и го стави ад акта. Убиствата, атентатите на југословенски конзулати, пресметките меѓу емиграцијата и југословенската полиција (УДБ-а, СДБ) во тоа време беа на дневен ред само во Минхен. Пред ликвидацијата на Шамбевски беа убиени четворица Хрвати и тројца Срби. Беше убиен еден од водачите на хрватската емиграција, Миле Рукавина, заедно со неговите соработници Крешо Тољ и Вид Маричиќ. А само три недели пред убиството на Шамбевски беше убиен еден од водачите на српската емиграција, Јаков Љотиќ“, нагласува Гојко Јаковлевски. Според него, германската полиција не сакала да си го навлекува гневот на југословенските власти, кои реагирале многу нервозно кога станувало збор за убиства и за пресметки меѓу нејзините бивши поданици и настојувала да спречи секаков публицитет. Меѓутоа, политичките непријатели на Титова Југославија, било тоа да се Хрвати, Срби или Македонци, не верувале дека германската полиција не е способна и не може да ги открие убијците. Напротив, тие сметале дека таа била толерантна кон југословенските агенти што убивале на нејзина територија, а истражните органи не сакале докрај да ги расветлат убиствата како што е она на Шамбевски.

„Колку скандалозно беше држењето на полицијата во случајот со Шамбевски се гледаше и од фактот што таа едноставно го ’украде‘ неговото тело и пет дена не дозволи никој од неговата фамилија или некој од пријателите да го види. По сите правила на едно демократско законодавство таа требаше да ја повика барем неговата сопруга на местото на убиството, да го види мртвото тело“, пишува Јаковлески, истакнувајќи дека немало сомневање дека Шамбевски бил ликвидиран од УДБ-а.

Неговото мислење го дели и брат му Мане. Тој вели дека српската тајна служба во тоа време, за атентатите што ги вршела врз хрватската емиграција, го користела српското подземје, како што во понов датум бил користен Аркан. „Мислам дека Шамбевски го има убиено подземјето што соработувало со УДБ-а“, вели тој .

Македонскиот емигрант Илија Тодороски, суден за Македонија, кој по одлежувањето на затворската казна пребегнал во Германија, раскажува:

„Во Минхен имаше и една поголема група агенти на македонска УДБ-а. Беа сместени во едно место на педесетина километри од Минхен и ровеа низ цела Германија. Еден агент имаше во југословенскиот конзулат и тие работеа според негови инструкции. Тие беа удбашка банда, а една вечер ја претепаа мојата жена Ристана кога се враќаше од работа. Едвај се спаси. Сите тие се вратија во Македонија откако си ја завршија работата таму“, тврди Тодоровски.

Тој признава дека УДБ-а се обидела да го врбува и него. Со нив се сретнал во еден хотел. „Да бидам искрен, многу се исплашив. Не знаев што да правам, како да се однесувам, зашто се плашев да не ме ликвидираат. Кога се видов со нив дури и ме прегрнаа. Едниот, Климе Настески, го знаев, беше мој роднина од Опењца, а другиот, Никола Илиевски од Скопје. По разговорот се разделивме како пријатели. Подоцна ме посетија дома и издејствуваа југословенската амбасада да ми даде пасош. Така, по 20 години си дојдов дома во Лакочереј. Мајка ми почина, а јас не можев да ја видам. Бараа да соработувам со УДБ-а, бараа да им кажувам за тоа што работи емиграцијата, дали подготвува нешто против Југославија. Посебно се интересираа за Драган Богдановски, кој едно време живееше кај мене“, раскажува македонскиот емигрант суден за Македонија.

Деведесетгодишниот Тодороски, кој секој ден може да се забележи во охридската чаршија, вели дека УДБ-а била многу опасна. „Многу моќна беше УДБ-а. Откако го прочитав досието што го водела за мене видов дека таа се' знаела. Не само што сум зборувал, туку и што сум мислел. Фрлаше многу пари, а тогашните македонски клубови беа полни со удбаши. Многумина од нив дојдоа дури и на свадбата на ќерка ми“, вели Тодороски.

Откако го видел досието дознал многу работи и се изненадил кој се' го кодошел. Ни покажува документ со имиња и презимиња на оние што ја информирале УДБ-а. На него се наоѓаат седум-осум имиња. Меѓу кодошите било името на многу близок роднина, но, како што вели, го избришал од документот за да не пукне срам.

Вели дека УДБ-а го следела и во логорот за политички бегалци во Германија, во 1962 година. Му испратила човек од неговото село Лакочереј на кого цело време му помагал. Кога бил во Германија негов братучед му се јавил преку телефон, наводно, за да го праша како е со здравјето. Но, се интересирал и за друго: што работи емиграцијата, кога ќе излезе „Македонска нација“. Разговорот бил воден од телефон на УДБ-а. Подоцна го симнале на хартија, а тој си го прочитал во досието.

(Продолжува)
23-12-2010, 03:20 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#33

Коментарите на денешниот текст:

Quote:Од: Petar
Датум: 23.12.2010 14:14:46
Od 3-ca Makedonci,eden Vojvoda,eden Komita,eden spiun.PS Edno mi padna vo oci...Na "golemiov" patriot koj se srekjaval so UDBA po kafeani(i prijatelski se razdelil),UDBA mu dava pasos za da ja videl rodnata zemja!?UDBA davala pasosi na spiuni koi za niv rabotele,a ne na samonareceni disidenti kako ovoj jaden dedo so salot na vrat.

Од: Pirin
Датум: 23.12.2010 14:53:09
posle 70 te godini zapadot imase strav od emigracijata, zasto na iste im trebe matrijalna podrska za nivnite ideali , a toa bese protiv jugoslavija i togasnite vlasti normalno za cistkata na tie emigranti najdobar nacin im bese da gi pustat jugoslovenskite udbasi i taa rabota mesto niv tie da ja zavrsat i taka bese, logicki je sekoj na sekoj mozen nacin si ja brani pozicijata vo vlasta, zosto na vlast lesno ne se doaga a i lesno ne se napusta , toa go znaat site no sega citam zasto ovie kukaat, dragana bogdanovski go znam od idrizovo kade i jas sto bev , nebese taka ukuten kako sto vo predhodniot del go opiuvate, pravese propagnada ama na nekoj nacin nebese uverliva , jas poke imav kontakt so eden od bombasite , toj covek stavrno se drzese na ona sto mu bese mislata ili pak sto ete moi idoli beja gemidziite i Jane Sandanski kako eden najuspesen Makedonec vo site nesta , bugarite istoriski site gi prvat bugari samo od Jane se oderkuvaat , Dragan levicar a pravi partija so desnicari
23-12-2010, 06:20 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#34

Зошто УДБ-а го избрала Шамбевски, а не Богдановски, кој нели во хиерархијата стоел повисоко?

23-12-2010, 11:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (13)

[Image: A7CEF819231D97489586D7A5EED2EE85.jpg]
Ресторанот на браќата од Зубовце, „Ново Скопје“, бил главно сврталиште на македонските гастарбајтери во Берлин; Мане Јаковлески пред „Ново Скопје“

Удбашки агенти меѓу Македонците во Берлин

Браќата Гојко и Мане Јаковлески од Зубовце повеќе десетици години биле следени во Германија од тајните служби на Југославија

Виктор Цветаноски

Браќата Гојко и Мане Јаковлески од гостиварското село Зубовце повеќе десетици години биле следени од УДБ-а во тогашна Западна Германија. Постариот Гојко стасал таму уште во 1962 година, а Мане пет-шест години подоцна. Тие во Берлин имале свој ресторан на главниот булевар „Курфирштендам“ - „Ново Скопје“, кој бил надалеку познат. Во него се' потсетувало на Македонија - и амбиентот, и македонската музика, и храната. Гости доаѓале од сите краишта на бивша Југославија: емигранти, гастарбајтери, но и удбаши.

„Ние не можевме да знаеме кои се луѓе на УДБ-а. Ја сакавме Македонија, и тоа беше единствен наш ’грев‘ за да бидеме следени од нејзини агенти. Се плашевме од секого. И кога патував во Македонија, стравував дека ќе ми се случи нешто. Самата помисла дека може да те затворат и да ти го земат пасошот, создаваше голем страв кај нас. Јас и брат ми никогаш не тргнувавме за дома, во Зубовце, заедно. Еден задолжително остануваше во Берлин, во случај на тој што заминал да не му се случи нешто и од Германија да се обиде да го извлече. Првпат заедно дојдовме во Македонија во 1990 година кога се формираше ВМРО-ДПМНЕ“, раскажува Мане Јаковлески.

УДБ-а за браќата од Зубовце добивала информации и од гастарбајтери што биле нивни гости, но и од вработените. „Не' шпионирале и половината од луѓето што работеле кај нас, дури и нашите најдобри пријатели. Тоа го дознав кога го прочитав досието на брат ми Гојко. Од 1.200 страници, половина се однесуваат на мене. Видов дека ги прислушувале сите оние што ќе ни се јавеле од Македонија. И писмата што ни ги праќале ги читале“, додава познатиот угостител.

Јаковлески објаснува дека УДБ-а настојувала да ги оцрни по секоја цена пред македонската емиграција, служејќи се со разни интриги и подметнувања. Во досието имало изјави дека тој и Гојко работеле за бугарската тајна служба. Дека сето тоа било измислица на македонската

[Image: 7464444BD18A8047B7FAE6256E8A95E7.jpg]
Таткото и мајката со синовите Гојко и Мане за време на една посета во Германија

УДБ-а, можело да се заклучи од следниот материјал во досието во кој таа задоволно констатира дека таквата тактика дала резултати и било добро да продолжат на ист начин.

„Целта на УДБ-а беше да ја загубиме довербата меѓу нашите, затоа што ние во тоа време уживавме голем углед. Нашиот ресторан имаше извонредна местоположба и во него доаѓаа сите македонски патриоти. Бевме финансиски моќни и на многумина им помагавме“, подвлекува Јаковлевски.

Службата за државна безбедност не само што ги шпионирала браќата туку и ги предупредувала македонските политичари што патувале во Германија да бегаат понастрана од „Ново Скопје“. Случајот со Благој Попов, тогашен претседател на Извршниот совет на Македонија, е мошне илустративен. Пред да ја посети Германија, службите му сугерирале во никој случај да не го посетува нивниот ресторан. Меѓутоа, не ги послушал и решил сам да се увери што има толку страшно кај браќата од Зубовце за да го предупредува УДБ-а. Дошол со возачот и седнал на една маста без да каже кој е. Гледал и се восхитувал. Додека гостите слушале македонска музика, келнерите облечени во македонски народни носии служеле македонски јадења среде Берлин. Не му пречело ни тоа што на ѕидот висела карта со сите три дела на Македонија. Си заминал задоволен. За посетата на Попов, дознале неколку години подоцна кога самиот тој му признал на Мане на една случајна средба во Македонија.

„Да не доаѓаат во нашиот ресторан биле предупредувани и трговските патници и директори на претпријатија, кои службено патувале во Берлин. Дури и студентите биле советувани да бидат подалеку од ’Ново Скопје’. Но, и покрај тоа, речиси сите навраќаа и сите беа воодушевени од тоа што ќе го видеа. Ако не' поканеа на нивната маса ќе седневме. Ние не вршевме никаква пропаганда, освен што им делевме ќибритчиња со карта на голема Македонија и со името на нашиот ресторан“, раскажува Јаковлески.

Познатиот угостител зборува за тоа како УДБ-а им инфилтрирала шпион, преку кого дознавала за речиси секој нивни разговор. „Јас, еден струмичанец и еден скопјанец отидовме кај Томе Илиевски, емигрант од Виница, за да се видиме. Беше голем Македонец, но многу радикален, па често морав да го смирувам. Кај него останавме два дена. Подоцна, кога струмичанецот замина на одмор во Македонија, го викнале во УДБ-а и во детали му раскажале се' што сме разговарале. Ги прашал кој им го кажал тоа. Во ’доверба’ му рекле дека ги информирал Томе, кој, наводно, бил нивни човек. Струмичанецот се врати во Берлин и се' ми пренесе. За тоа му кажав на брат ми, а тој ми вели: ’Знаев дека е Томе‘. Ние цело време мислевме дека тој не' шпионира. Ама не било така. Кога го прочитав досието, видов дека не' кодошел нашиот најдобар пријател, скопјанецот, на кого најмногу му верувавме“, раскажува Јаковлевски.

Големата желбата да го види Драган Богдановски Мане ќе ја плател многу скапо и за малку ќе завршел во шведскиот затвор.

„За Гетеборг тргнав без негова адреса и се изнамачив додека го најдов. Им ѕвонам на сите чии презимиња завршуваа на „ски“. Сите ми го спуштаа телефонот и ми велеа дека не го познаваат, иако немаше Македонец што не знаеше кој е Богдановски. Се плашеа да разговараат, сметаа дека сум човек на УДБ-а. Со триста маки го пронајдов преку друг емигрант - Миле Илиевски. Отидов во фабриката каде што работеше. И тој беше многу претпазлив. На портирница не дојде лично тој, туку испрати друг човек, нашинец, кој за цело време ми говореше шведски. Му велам дека знам оти е наш, а тој и натаму се правеше на удрен, плашејќи се дека сум удбаш. Тогаш сфатив колку е опасна УДБ-а и колку нашите се плашат од неа“, се сеќава Јаковлески.

Откако се убедиле дека не е удбаш, се појавил Илиески и му организирал средба со Богдановски, кој кога разбрал дека е брат на Гојко, го прегрнал со зборовите „Кај си бре, војводо“. Мане останал во Шведска неколку дена, а потоа се вратил во Берлин. Тие денови Македонец од Велешко го нападнал југословенскиот конзулат во Гетеборг при што ги ранил конзулот и еден службеник. Бил уапсен и изведен пред суд, а за да добие помала казна, изјавил дека налог за атентатот му дал Мане Јаковлески.

„За атентатот не знаев долго време, ниту, пак, за лажната изјава на велешанецот. Се подготвував да си дојдам во Македонија и дента пред да тргнам, ми се јави зетот. Ми вели: ’Мане, остани таму зашто овде во Југославија ќе те уапсат‘. Тоа го дознав од некој политичар или инспектор на УДБ-а. Од него разбрав што се случило во Гетеборг. Шведската полиција барала германските власти да ме испорачаат, но тие не се согласиле со образложение дека немаат сознанија оти сум направил такво нешто, дека сум бил чесен бизнисмен“, се сеќава на овој немил настан познатиот угостител.

Поради клеветите изнесени пред шведскиот суд, четири години не можел да влезе во Југославија. Еден ден им јавиле дека татко им е пред умирање и сака да ги види. „Брат ми Гојко ми предлага да заминам веднаш, а јас му велам да оди тој, зашто мене ќе ме уапсат. Кај нас работеше еден келнер, се викаше Стево, а неговиот вујко бил голем човек во УДБ-а. Го замоливме да ни помогне. Откако вујко му се консултирал со надлежните, ми јавија дека можам да дојдам во Македонија, но под услов ако им раскажам се' за атентатот во Шведска. Со себе го зедов Стево и тргнавме. Тоа беше најтешкото и најстрашното патување во мојот живот. Од границата кај Шентиљ до Зубовце постојано ме следеше полиција. Најмалку десет пати бев детално претресуван и малтретиран од хрватската, српската и од македонската полиција. Сите се изживуваа, знаејќи кој сум. А дома ме чекаат мајка ми, татко ми и други роднини. Кога ме видоа, почнаа да плачат пресреќни што ме гледаат жив и здрав“, се сеќава Јаковлески.

Мане Јаковлески вели дека по атентатот на Киро Глогоров, трипати бил викан на информативен разговор од германските тајни служби. Тие разговори траеле многу долго. Германците сметале дека тој бил нарачан од луѓе блиски до тогашниот претседател.

Дека браќата Јаковлески не биле толку опасни непријатели на југословенската држава како што ги претставувала УДБ-а, говори и Трајан Бавтироски, кој долги години работеше во Матица на иселениците на Македонија. „Еднаш отидов во Берлин и седнав да ручам во нивниот ресторан. Побарав да го видам Гојко? Дојде, ми посака добредојде и ме понуди да ме прошета низ Берлин. Бевме заедно четири часа и разговаравме отворено за Македонија. На крајот се разделивме како пријатели. А Гојко тогаш го сметаа за еден од најекстремните македонски емигранти“, раскажува Бавтироски.

Познатиот угостител нема постари фотографии од Берлин. Вели дека тогаш сите се плашеле да се фотографираат.
24-12-2010, 01:36 PM
Reply
klik
Unregistered

#36

Од: pero magacinero
Датум: 24.12.2010 12:31:48

prema neki nasi soznanija brakata jakovlevski bile dobri patrioti,na sekogo sakale da mu pomognat i mislam deka trosocite za prenesuvae na posmrtnite ostanki na dragan bogdanovski gi platile tie,srede makedoncite vo avstralija bea ceneti kako dobri patrioti,i za niv se slusaa samo pofalni zborovi-golem pozdrav od makedonskata zaednica vo avstralija

Од: od berlin
Датум: 24.12.2010 13:47:39

Da,tocno dobri bea brakata.Gojko vazese kako popameten- mozok a brat mu pomaliot kao seljak sto i bese.Pomagaa u stvari >Novo Skopje>bese pravata ambasada.

Од: literat
Датум: 24.12.2010 14:24:16

За Гојко знае цела Македонија и Македонска емиграција,ама зна е и за Мане...од него и најблиските се срамеа и се срамат.

Од: Trajce
Датум: 24.12.2010 16:16:15

Poznata rabota za site tajni sluzbi vo svetot,izmisluvaa neprijateli da si ja izvadat platata.Agentite vo Sibir izmisluvaa deka tie poluzivi zatvorenici spremaat drzaven udar vo SSSR,samo da ostanat tamu, da ne odat na front vo Stalingrad.

Од: Todor
Датум: 24.12.2010 16:41:55

Ха ха ха немал постари фотографии ??? Па, Змејко за “Вечер“ има изјавено дека “Скопје“ во Берлин било кланица за македонските патриоти - на секој ќош камери !!! Ќе се појави ли во некое од продолженијата како сведок-филмаџија и еден тогашен новинар, еден од десетмината формални основачи, кој бил воден од УДБ-а со интелектуален псевдоним, чиј идентитет се уште се заштитува и покрај Законот за лустрација !!! Зашто Цветаноски ги крие од јавноста имињата на десетмината основачи, (наведени во списите на досието на партијата): Владимир Голубовски, Борис Змејковски, Љубчо Георгиевски, Дијана Транталовска, Драги Арсов, Венко Вчков, Ванчо Механџиски, Тодор Нанев, Перо Мицев и Васко Наумов. До кога ќе се одржува впечатокот дека Македонија се осамостои како колатерална корист од неспособноста на тајните служби да го довршат монструозниот проект, односно дека немало автентична желба за тоа кај македонскиот народ ??? Во тој контекст кога ќе се раграничи улогата на УДБ-а од онаа на вистинскит

Цветаноски беше новинарот фронтмен против ВМРО-ДПМНЕ и нема морален кредибилитет да пишува на оваа тема, освен ако не е дел од сценариото на УДБ-а да се забошоти улогата на тајните служби и нивната одговорност !
24-12-2010, 08:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37

Јанко Бачев во еден негов текст јасно посочи дека еден од бракјата Јаковлевци е соработник на УДБа.
Многу е чудно што Мане нема досие или ПАК АКО ИМА ЗОШТО НЕ ГО ОБЈАВУВА.
Во едно негово интервју се пофали дека Груевски е негов избор.
Има нешто што е многу малку познато: улогата на Мане и Јордан Арсов во наметнувањето Љупчо Георгиевски да ја прифати експертската влада на чело со Кљусев во која имало неколку министри соработници на КОС и номинацијата на Борис Трајковски е по инсистирање на Мане Јаковлевски, Срѓан Керим и Доста Димовска
24-12-2010, 08:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#38

Едно мислење на соборец на Драган Богдановски

Quote:Trajko Trajkovski

Trebe site da razmislite Dali moze covek da se najde vo blizina na Dragan Bogdanovski.I aktivno da sorabotuva so nego.
Dodeka traese SFRJ a da ne bide primeten od UDBA.
Vidite deka Mane e konstantni pridruznik okolu Dragan DOOM.
Posle preminu...va kade se dvizi Dragan VO vmro dpmne.
Pa sega so VLASA.
A da nee bil del od UDBA ??????????????????????????????????
Vidite vo UTRINSKI VESNIK kako MANE go zima od zatvor Dragana
i go nosi vo ZUBOVCE.
Brat mu dava pari ne na DRAGAN tuku na UDBA da mu kupat stan.
Ako Brat sakal da mu dade pari za stan na Dragana zosto gi nosi vo UDBA.
Kadee na MANE dosie na dzo Petrovski Dosie.
Vidite i sega Mane piratski izdava Makedonska Nacija.
Cak napisal deka Makedonska nacija nee novina na niedna organizacija.
A na leva strana stoi pecat na dvizenje za osloboduvanje i obedinuvanje.
Koj moze da bide vo blizina so vrv na vlasta ako nese luge na UDBA.
Kako moze da se seta po Makedonija a da bide vo drustvo so Dragan Bogdanovski.
Koga udba gi likvidirase patrioti i gi maltretirase nivni familii vo Makedonija.
Kako DA MANE ne bide primeten od UDBA.
Toa nesto kazuva samo za sebe deka e MANE bil UDBIN covek
SPECIJALNO postaven od UDBA da preku nego da znajat se
kako e vo DOOM.
Nie kolku maka imavme od ufrleni luge vo DOOM NOFM samo da se nasocuvame edni protiv drugi kako sega VLAST sto formira BEDEM
Da go unisti DOSTOINSTVO na BRANITELI.
Za da moze da raboti sto saka.
Trajko Trajkovski predsedatel na
Narodno Osloboditelen Front na Makedonija
24-12-2010, 09:21 PM
Reply
klik
Unregistered

#39

(24-12-2010, 08:39 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Јанко Бачев во еден негов текст јасно посочи дека еден од бракјата Јаковлевци е соработник на УДБа.
Многу е чудно што Мане нема досие или ПАК АКО ИМА ЗОШТО НЕ ГО ОБЈАВУВА.
Во едно негово интервју се пофали дека Груевски е негов избор.
Има нешто што е многу малку познато: улогата на Мане и Јордан Арсов во наметнувањето Љупчо Георгиевски да ја прифати експертската влада на чело со Кљусев во која имало неколку министри соработници на КОС и номинацијата на Борис Трајковски е по инсистирање на Мане Јаковлевски, Срѓан Керим и Доста Димовска

Јанко беше сосем конкретен за кого се работи! За истиот напиша, дека дури дневно ја известувал Централата за се и од средбата во Минхен.
Сега безсомнение се знае дека сите кои оделе на “аџилак“ во Берлин – кај браќата во “Скопје“, всушност биле дел од оперативата на УДБ-а во странство.
Слично на изненадувањето на оние кои ги подигнаа своите досијеа од Битола, и кога открија дека “ВМРО-вецот“ Н.К. “работел“ во сите нивни досиеа, деновиве непомалку се вчудоневидени и оние кои дознаа, дека еден од членовите на претседателството на Основачкото собрание во Скопје и еден од десетминатата формални потписници-основачи , е всушност лицето со псевдонимот “вијуга“, наспроти полициските конструкции во 90-тите кога во врска со тој псевдоним се доведуваше друга личност, и која на таков начин беше елиминирана од партијата во чие основање учествуваше. Со ова се потврди наодот на Парламентарната комисија за контрола врз работата на СДБ.
Дали и вистинскиот “виуга“ се вклопува во профилот, дали и тој одел во Берлин? – Да и тој одел во Берлин, и тоа не еднаш кај браќата да “црпе“ инспирација за партијата која е нарачана од еден академик и двајца универзитетски професори !!!

Според Цветаноски гледаме, дека во тоа време на состаноците на УДБ-а на кои се одлучувало за киднапирања и ликвидации учествувале и академици !?

Цитат:

„Според информациите на некои луѓе што тогаш работеа во УДБ-а, најпрво се планирало да бидат ликвидирани двајцата, но на тоа се спротивставил академикот Илија Васков, кој бил на состанокот кога се договарало што да се преземи. Тогаш тој предложил Драган да биде грабнат, а Гојко да се остави намира. Васков сметал дека ликвидирањето или грабнување на Гојко можело да предизвика инцидент со Германија поради тоа што тој таму имал емигрантски статус, а и свој бизнис во Берлин.

Значи на Македонија не и требаат бла бла раскази за УДБ-а, туку сериозни анализи кои ке ја откријат генезата на сегашните состојби, зашто само така синтагмата - УДБ-а наша судба – ќе остане само една колективна траума од минатото без шанса да мутира во рецидив.
24-12-2010, 11:40 PM
Reply
klik
Unregistered

#40

П.С. Се разбира содржината на делот од текстот во врска со академикот е само филм, да се прикрие улогата на браќата во Берлин, да се скријат трагите , но за жал академикот е реалност ...
25-12-2010, 12:01 AM
Reply