Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 1.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВИСТИНАТА-УДБА-МОРАЛНО ПОЛИТИЧКИ ПОДОБНИОТ ЦВЕТАНОСКИ ????
Author Message
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1

МИСЛИМЕ ДЕКА ФЕЉТОНОТ КЕ Е ОБИД ДА СЕ ПОКРИЕ И ИЗМАНИПУЛИРА ВИСТИНАТА ЗА ОЗНА, УДБА, КОС, ДБК, СДБ ЗА ВИСТИНСКИОТ ЗЛОСТОР КОЈ ГО СТОРИЛЕ КОН МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ.
ГРУПАЦИЈАТА на ДИСДЕНТИ ВЕТЕРАНИ ДОНЕСЕ РЕШЕНИЕ ДА ДАВА СВОИ КОМЕНТАРИ ЗА НАСТАНИТЕ ЗА КОИ КЕ ПИШУВА ЦВЕТАНОСКИ.
ЗАТОА И ОТВОРАМЕ ПОСЕБНА ТЕМА. СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ И ГОСТИ НА КОТЛЕ ОВА НЕМА ДА ГО РАЗБЕРАТ КАКО ЗЛОУПОТРЕБА НА КОТЛЕ ЗА САМОПРОМОЦИЈА НА НАШИ ЧЛЕНОВИ. ВО ОВАА НИЕ ГЛЕДАМЕ НАШ СКРОМЕН ПРИДОНЕС НА ПАТОТ КОН И ДО ВИСТИНАТА.



ВИСТИНСКИОТ НАСЛОВ НА ТЕМАТА:


"ДАЛИ Е МОЖНА ВИСТИНАТА ЗА УДБА НИЗ ПЕРОТО НА МОРАЛНО ПОЛИТИЧКИ ПОДОБНИОТ ЦВЕТАНОСКИ "????

Quote:Kолку УДБ-а беше нашата судба (1)

Од досиејата остана само боранијата

Во архивите има шпионски траги само од ситните риби, досиеjата на покрупните се уништени или исчистени

Виктор Цветаноски

Нашето поблиско минато се' уште е отворена рана, која многу тешко се залечува. Обидите што се прават последниве години со отворањето на досиеjата и со формирањето на Комисијата за лустрација, се чини, не е вистинскиот лек за старите болки, зашто сето она што се презема е половично, неискрено и проследено со валкани игри на политиката.

Тие што најмногу се виновни за петдецениското страдање и репресирање на голем број луѓе и натаму се недопрени. Народот нема да дознае никогаш за оние што ги граделе сопствените кариери газејќи врз туѓи несреќи. Жртвите на комунизмот ги видоа сопствените досиеја, но какво фајде од тоа кога не можеа да ги прочитаат имињата на кодошите што им го кроеле животот. Власта ги пречкртала за да ги заштити. Ако веќе инсистираат да дознаат кои биле луѓето што направиле пекол од нивниот живот, треба да потпишат посебен документ, заверен на нотар, со кој ќе се обврзат дека нивните имиња нема да допрат до јавноста.



УДБ-а или Службата за државна безбедност, како што подоцна беше прекрстена, меѓу 1950 и 1990 година во Македонија создала нешто над 14.500 лични досиеја. Точната бројка на кодошите не се знае, но се претпоставува дека била многу поголема, зашто еден човек го кодошеле повеќемина.

Очигледно е дека УДБ-а долги години била нашата судба и во еден период таа како најсилен комунистички инструмент на власта го имала главниот збор. „Како власт, систем, идеологија, практика, како интима дури изградивме... најсилни институции на власта, на диктатурата; создадовме дури и најдобри вооружени полиции, со најдобра опрема за борба и уште повеќе за следење; создадовме сила да демне над сите нас (имено, над нас како над непријатели!), да го следи и убива најинтимното во нас (имено, над нас како над непријатели!), за да доживееме: истата таа сила, истите тие институции да се распаѓаат пред нашите очи, сами од себеси! Без непријател надвор од нас создадовме демон-сила која изеде многумина од нас, (одвнатре)...“, ќе признае познатиот писател Коле Чашуле, кој беше еден од судиите на монтираниот процес на Методија Андонов-Ченто.

Никој нема право да го оспори фактот дека комунистите се најзаслужни за создавањето на македонската држава, никој нема право да ја валка антифашистичката борба што тие ја поведоа, но, истовремено, не може да бидат аминувани луѓето кои во името на комунистичката идеологија и за свои лични интереси правеле злосторства и репресирале илјадници луѓе. Патот изврвен при создавањето на државата не бил послан само со рози, како што своевремено ни се говореше, туку и со трупови и човечки патила. Многу луѓе биле ликвидирани, затворани, интернирани. Нивните трауми ги чувствуваат и денес, не само тие што се се' уште живи, туку и нивните деца и внуци.

Виолета Ачкоска, професорка на Институтот за историја на Филозофскиот факултет, вели дека бројката од 50.000 репресирани луѓе што се споменува во јавноста не е реална. Според неа, таа е само на оние луѓе за кои постојат документи и досиеја.

„Таа бројка е многу поголема, бидејќи не биле репресирани само самите личности кои идеолошки или политички се огрешиле во тогашното време или се замериле со некоја личност на власт, туку на репресија масовно биле ставени и нивните семејства, нивните жени и деца, кои биле водени во интернации на различни места, така што таа бројка можеби треба да биде четири или пет пати поголема. Таа бројка е поголема, бидејќи за многу од репресираните не постои никаква пишувана трага. Ниту досие ниту е забележано некаде името, дури има и лица кои за време на колективизацијата биле ликвидирани, а на кои и ден-денес не им се знаат нивните гробови“, подвлекува таа.

Комунистите првиот грев го направија кога сурово се пресметаа со оние што, според нив, соработувале со непријателот и ги ликвидираа без да ги судат. Репресии биле вршени за време на првата национализација кога на побогатите и колабористите им бил одземан имотот, кој некои моќници дури и го приграбувале. Првите години по војната настрадаа повеќе од 1.000 лица, пред се', млади луѓе, средношколци, поради тоа што ја сакаа Македонија и не можеа да се помират дека и по победата над фашизмот, таа е распарчена. Според некои историчари што го истражувале тој период, најголемата и најмасовната репресалија што ја доживеале Македонците по војната била колективизација на селото. Тогаш на многу селани им била насила одземана земјата, а тие што не се согласувале да влезат во селските работни задруги ги одведувале во логори и жестоко ги малтретирале. Некои ноќе биле апсени и стрелани надвор од селата. Посебна приказна е 1948 година кога револуцијата почна да си ги јаде сопствените деца. За време на ИБ повеќе од 1.200 македонски комунисти беа испратени во познатото мачилиште Голи Оток од своите соборци. Во тоа време настрадаа и голем број познати предвоени револуционери кои цврсто стоеја на македонски позиции

Наспроти упорното настојувања на македонските институции досиејата и натаму да останат скриени во архивските депоа, Јасна Котеска, професорка на Филолошкиот факултет во Скопје, се залага тие целосно да бидат достапни до јавноста. Таа вели дека цената на транспарентноста не е мала, но парадоксално, таа боли многу помалку отколку таинственоста. Според неа, радикалната транспарентност е услов за обичната, проста вистина. „Независно од стравовите на скептиците дека досиејата ќе предизвикаат реваншизам, сеирџиство и сл., се покажа дека само граѓаните на поранешната Источна Германија кои целосно ги отворија своите архиви, не претрпеа никаква штета од увидот во сопственото минато. Од минатото се профитира само таму каде што никој или мала група луѓе имаат пристап до него“, смета Котеска

Притоа, таа повлекува дека катарзата може да настане кога јавноста морално ќе го осуди лицето кое кодошело, бидејќи, во тој случај, јавноста на жртвата и' го враќа она што еднаш и' го одзела – правдината. „Конечно, во земја со оваа историја на ужасни подземни градови од кодоши и ужасно блокирана идеја за макар провокација на поредокот, сосема е невозможно дека гордоста е категорија од која овие луѓе, кодошите на еден минат систем, ќе бидат смртно ранети. Тие ќе мора нешто да проголтаат, па нека голтнат по ѓаволите! Што се' не се' наголтале другите во нивно име?“ пишува таа во „Комунистичка интима“.

Академик Иван Катарџиев оценува дека она што сега го прават лустраторите нема никаква врска со жестоките години на нашето минато, зашто се санкционираат само оние што по сила на приликите, доброволно или, пак, под присила соработувале со службите, но не и другите што биле главните режисери на големите човечки драми. „Што со оние што вршеле невидена психолошка тортура врз луѓето? Дали и тие ќе бидат санкционирани?“ прашува познатиот историчар.

Посебен проблем е тоа дали во досиејата што останаа во архивите може да се прочита сета вистина по многуте прочистувања и уништувања, дали можат да се дознаат подземните игри на луѓето што најмногу ја валкале комунистичката идеја.

Иван Бабановски, кој долги години работел во Службата за државна безбедност, тврди дека ги нема досиејата на многу клучни играчи во минатото. „Кога најпрво дојде експертската влада на Никола Кљусев, сите си се ’излустрираа‘, ги исчистија и своите досиеја и досиејата на децата и на пријателите. И првата коалициона влада по прогласувањето на независноста на Македонија го направи истото тоа. Кога власта ја освои ВМРО-ДПМНЕ, прва задача на госпоѓицата министерка и на нејзиниот претпоставен беше да ѕирне во досиејата и да ’излустрираат‘ се' што е нивно. И последниве го направија истото тоа, си ги избришаа трагите од својата работа во комунизмот, така што во архивите остана само ’боранијата‘“, вели тој.

Македонската историографија со извесни исклучоци не се занимавала посериозно со темната страна на овој период од нашето минато. Ние денес ги имаме сведочењата на многумина судени за Македонија, забележани од д-р Стојан Ристески, имаме и многу исповеди на тие што страдале на Голи Оток, пренесени од д-р Димче Најчески, но тоа не е доволно за да се дознае сета вистина. Потребно е целосна социополитичка и историска анализа на тоа време и нештата да се кажат онакви какви што се, без глорифицирање и разубавување, без субјективизми и фронтални напади дека тогаш се' било црно.

Во овој фељтон ќе се обидеме да пренесеме некои трагични настани од тоа време и да и' ги доближиме на јавноста кажувањата на многумина страдалници што биле под удар на камшикот на некои тогашни моќници. Тие кажувања колку и да се субјективни, сепак, фрлаат повеќе светлина на тоа времето. Некој можеби ќе забележи и ќе рече да го оставиме минатото и да гледаме напред. Но, без чисто минато тешко се гради среќна иднина. За гревовите на минатото мора да се каже се', без разлика колку боли тоа, вистината за страдањата на многу луѓе треба да ја знаат сегашните и идните генерации за никогаш да не се повтори.
11-12-2010, 08:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[quote='Администратор' pid='27414' dateline='1292096512']
[quote]


Иван Бабановски, кој долги години работел во Службата за државна безбедност, тврди дека ги нема досиејата на многу клучни играчи во минатото. „Кога најпрво дојде експертската влада на Никола Кљусев, сите си се ’излустрираа‘, ги исчистија и своите досиеја и досиејата на децата и на пријателите. И првата коалициона влада по прогласувањето на независноста на Македонија го направи истото тоа. Кога власта ја освои ВМРО-ДПМНЕ, прва задача на госпоѓицата министерка и на нејзиниот претпоставен беше да ѕирне во досиејата и да ’излустрираат‘ се' што е нивно. И последниве го направија истото тоа, си ги избришаа трагите од својата работа во комунизмот, така што во архивите остана само ’боранијата‘“, вели тој.

[/quote]


За да се посомневаме во искрените намери не натера тоа што Цветаноски ги цитира Иван Бабановски и Коле Чашуле во уводот на фељтонот.
Очекуваме дека никој од нас нема да биде споменат или ако Цветаноски спомене некого тоа ке биде само име и презиме. За прв пат барем на ваков начин ке отвориме полемика со оние кој досега кажувале и пак сакаат да кажат што нам ни се случило и што ние сме преживеале и зошто сме го преживеале сето тоа.
За Иван Бабановски ке кажеме малку. Коле Чашуле ке го оставиме за крај.
Иван Бабановски е човек кој кариерата ја изградил врз прогон на Македонци, посебно ВМРО-вци, кои биле и се за Демократска, Суверена и Самостојна Македонија, денеска наместо Бабановски да седне на обвинителната клупа тој повторно е во улога на заштитник на злосторниците. Вели досиеата се прочистени, ги нема досиета на главните, ги нема соработниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Не е точно. Еве зошто. На секое досие на првата страница се напишани имињата на луѓето кои по службена должност го работеле тоа. Иван Бабановски и тие како него се извршителите . Луѓето кои ги ангажирале кодошите и луѓе кои примале наредби од надредените. Значи Иван Бабановски и тие како него се клучот за да се открие се.
Од првата страница на досието на Дане Поповски се гледа кои се ИЗВРШИТЕЛИТЕ, тие знаат од кого добивале наредби-деловодните книги не се УНИШТЕНИ. Таму се заведени сите одлуки и решениа. Сите информации кои сме ги добиле говорат дека КНИГАТА НА СОРАБОТНИЦИТЕ-КОДОШИТЕ не е уништена.



[quote]

Учеството на Иван Бабабовски -Бабанот (Ице) во прогонот на Дане Поповски, еден од основачите на ВМРО ПРАВДА и ВМРО ДПМНЕ.

[Image: 1z3tctd.jpg]
[/quote]


Еве дел од секјавањето на Ѓорѓи Доцев еден од членовите на ВМРО ПРАВДА и осудените во бомбашкиот процес .


[quote='ЈорданПетровски-ЦРНИ' pid='23098' dateline='1288875163']

[Image: 10oh3cp.jpg]

[Image: jtlwgk.jpg]
[/quote]

Од моето искуство со Иван Бабановски- Ице се гледа дека неговите антимакедонски активности не престанале никогаш.



[quote='ЈорданПетровски-ЦРНИ' pid='23100' dateline='1288877136']

[quote]
МЕ МАЛТРЕТИРАА И ПЕНЗИОНИ-
РАНИ РАЗУЗНАВАЧИ!


Сепак, сакам уште еднаш да повторам, дека
приказната за шпионажата им беше само изговор за да
се отвори досие и да се ангажираат толку луѓе и средства
да работат врз мене. Целта беше уништување на
финансиската поткрепа на партијата до која бев близок,
компромитација не само моја туку и на ВМРО
ДПМНЕ, инволвирање во партијата на кодоши и испраќање суптилна порака до сите чесни Македонци преку
мојата трагедија - Ако се дружите и помагате вмровци,
еве што ќе ви се случува.
Инаку, не ме оставија на мир и години
потоа. Уште еден “необјаснет” феномен
ми се случи во 1999. Дента кога со
уредникот на “Фокус” се договорив еден
мој текст да оди во печат, беше среда -
откако тој го пушти на печатење во Кочани,
а јас тргнав за Куманово - дома бев
“пречекан“ од Иван Бабановски, пензиониран
разузнавач, кој веќе ја знаеше содржината
на текстот!!!
Откако поразговаравме
за текстот, ме предупреди на опасноста
дека можам да бидам убиен кога се
враќам навечер од ресторанот, но, дека
тие (не знам кои) ќе ме штителе.
Бабановски ме посети уште
еднаш со инспектор на кумановската полиција
по прекар “Каро”. Инаку во Скопје
имав неколку други “случајни“ средби на
улица со Бабановски.

[Image: zjebsx.jpg]

[/quote]
11-12-2010, 10:04 PM
Reply
montehristo Online
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#3

Quote:Kолку УДБ-а беше нашата судба (2)



Прислушуван и Јосип Броз Тито

Удбашите се делеле на разузнавачи и ликвидатори. Едните не смееле да знаат за другите

Виктор Цветаноски


Која била УДБ-а што ги создала илјадниците досиеја? Како функционирала таа? Зошто црните петна од нашето поблиско минато се поврзуваат токму со неа?

По војната, најпрво била создадена ОЗН-а (Одделение за заштита на народот) а во 1946 година по нејзината реорганизација се преименувала во УДБ-а (Управа за државна безбедност). Функционирала на сличен принцип како и советската служба за безбедност КГБ. Се состоела од четири главни отсеци: внатрешни непријатели, емиграција, странски тајни служби и техника за следење и прислушување. Во првите повоени години, главно, се занимавала со елиминација на непријателите на новата власт, кои соработувале со окупаторите. Од 1948 година нејзина главна задача била пресметка со „внатрешниот непријател“, пред се', со комунистите за кои се сомневало дека ја поддржуваат Резолуцијата на Информбирото.

Првата половина на шеесеттите години од минатиот век УДБ-а станала толку моќна така што го загрозувала и самиот Јосип Броз Тито. Тогаш бил сменет Александар Ранковиќ поради познатата афера со прислушување на маршалот. Истовремено била извршена голема чистка и смена на нејзиното комплетно раководство. По реорганизацијата, ќе добие ново име - Служба за државна безбедност (СДБ), но за народот и натаму ќе си остане УДБ-а. Две години по падот на Ранковиќ, таа ќе биде федерализирана и секоја република формирала сопствена служба за безбедност.

И по реорганизацијата, СДБ продолжила со ликвидации, пред се', на противниците во странство. Емиграцијата, особено усташката, била најагресивна и напаѓала се' што имало врска со Југославија. Тогаш агентите на УДБ-а и екстремната емиграција започнале вистинска војна во многу западноевропски и прекуокеански држави при што имало многу жртви.

Се тврди дека емиграцијата во периодот од 1945 до 1985 година извршила околу 700 терористички напади на разни југословенски дипломатски и други претставништва. На 7 април 1971 година од усташки терористи смртно беше ранет југословенскиот амбасадор во Стокхолм, Владимир Роловиќ. Атентаторите Миро Барешиќ и Анѓелко Брајовиќ беа фатени и осудени во Шведска. Барешиќ за време на војната во Југославија бил доброволец во хрватската војска. Загинал под неразјаснети околности. Се претпоставува дека го ликвидирале луѓе на поранешна УДБ-а.

Напад на југословенски дипломати има извршено и македонски емигрант од Велес, кој ги ранил конзулот и еден службеник во конзулатот во Гетеборг. Во тоа време настрада и македонскиот дипломат Благоја Анакиевски. Работеше како прв секретар на југословенската амбасада во Брисел, а тешко го рани Албанец, по што остана траен инвалид.

На 20 јуни 1972 година во Југославија влезе група од 19 екстремни хрватски емигранти, која стаса до централна Босна. Тогаш беа ангажирани огромни сили за нивно ликвидирање. Притоа загинаа 15 полицајци и 1 цивил. Десетмина терористи беа убиени, а деветмина фатени и судени на смрт.

УДБ-а жестоко ќе возврати на нападите. Од 1945 до 1990 година нејзини агенти ликвидирале осумдесетина емигранти. Имало и 24 неуспешни атентати и осум грабнувања со смртни последици и ранувања. Меѓу убиените, најбројни биле Хрвати. Од македонските емигранти, убиен е Благој Шамбевски. Меѓутоа, нема сигурни докази дека убиството го извршила УДБ-а. Подоцна е грабнат Драган Богдановски и потоа тајно суден во Скопје.

Луѓе што работеле во Службата за безбесност велат дека таа морала да презема се' за да ја заштити заедничката држава и дејствувала според истите принципи што ги користеле и ги користат државните служби за безбедност во светот. Наспроти тоа, постојат мислења дека нејзини агенти ги злоупотребувале овластувањата. Врховниот суд на Словенија, на пример, ја прогласи УДБ-а за злосторничка организација, затоа што таа не само што се занимавала со разузнавачка дејност, туку организирала разни криминални активности, па дури конструирала и кривични дела, фабрикувала или подметнувала обвинувачки докази за политички противници на системот.

Помошникот на шефот на УДБ-а за Словенија, Алберт Светина, во книгата „Од ослободителна борба до бандитизам“ пишува дека службата се занимавала и со криминални работи. Доколку на некои луѓе на ОЗНА или на членовите на ЦК им се допаднел некој стан или куќа, ќе ги запоседнеле, а сопствениците ако се противеле ќе ги сместеле зад решетки. За некој да стане член на УДБА, најважен критериум бил да е вистински комунист и да е подготвен да го ликвидира непријателот. „Не на фронт со оружје, туку во својата околина или каде било на друго место. Удбаши станувале обични луѓе, но подготвени да убијат, без разлика дали се работи за роднина“, пишува тој. Според него, удбаш бил човек без душа, подготвен да направи се' што ќе побара УДБ-а. Поради тоа, во своите редови прибирала убијци. Така ОЗН-а (подоцна УДБ-а) станала банда на убијци, натопени со болшевизам и сталинистичка бездушност. „Удбашкиот систем, по углед на советскиот, беше построг и понечовечки од гестаповскиот. Удбашите се делеа на разузнавачи и ликвидатори. Едните не смееја да знаат за другите“, открива Светина многу тајни на УДБ-а.

Состојбите во Македонија по ништо не се разликувале од словенечките. Сите служби на бившите југословенски републики работеле според ист терк. Првите години по војната и македонските удбаши, вовеле страховладение. Има многу примери кои го илустритраат тоа. Имало многу апсења на недолжни граѓани, дури и ликвидации без судења. Не само тогаш кога се пресметувале со соработниците на окупаторот, туку и подоцна, кога им ги земале имотите на побогатите за време на колективицазијата и Резолуцијата на ИБ. Многу семејства и ден денес не знаат во која дупка се фрлени телата на нивните стопани откако биле одведувани од УДБ-а.

Голема била моќта на удбашите. Неоспорно е дека меѓу нив имало и чесни луѓе, но и такви кои правеле што сакале. На пример, ако на некој од нив му се допаднела нечија сопруга, сестра или снаа ќе направел се' за да ја има. Ги уценувал на разни начини, ги доведувал во ситуација да го молат за да го спасат најблискиот, а единствен услов бил да спијат со него. Во Штип некој удбаш ја силувал жената на осуденик за обединета Македонија во присуство на неговите деца. Карактеристичен е еден друг случај со една убава вдовица на паднат борец од охридско село. Удбашите ја повикувале во селскиот дом навечер „загрижени“ за неа некој да не ја малтретира. За да не биде сама со себе, го земала и свекорот. Тој ја чекал надвор, а тие внатре се изживувале со неа. Постарите беровци се сеќаваат на еден делчевски моќник, кој стаса до највисоките врвови на власта, користејќи ја удбашката моќ ги присилувал средношколките од беровската гимназија да спијат со него.

За да дојде до информација за „непријателот“, УДБ-а користела разни методи и средства. Меѓу другото, во семејствата уфрлала луѓе за да шпионираат. Најчесто ги женеле со ќерки или сестри на жртвите или, пак, ги присилувале зетовите да станат кодоши. Може ли човек да го замисли животот на семејство, кое на масата на која се појадува, се руча или се вечера, седи кодош, кој ти го брои секој залак и ти го мери секој збор. Слушнав најмалку за десетина примери, но имињата на тие што биле следени и на нивните зетовци шпиони не треба да се споменуваат, зашто за таквите валкани игри на УДБ-а не треба да знаат нивните потомци.

Има случаи УДБ-а на тие што ги следела да им местат жени или, пак, на на нивните сопруги да им подметнуваат љубовници за да ги кодошат. За шпионирање биле ангажирани и ученици. Еден професор ни раскажа како ученик гордо му се пофалил: „Молчи професоре, голема работа свршив за државава“. А каква работа свршил?! Предал негови сооченици кои говореле за обединета Македонија.

Од сите што биле судени за Македонија најмалку половината од нив станале соработници на УДБ-а, а од информбировците никој не можел да го напушти Голи Оток ако не потпишел дека ќе соработува со неа. Има еден карактеристичен случај од Битола за соработник на УДБ-а. За време на војната неговиот татко бил со окупаторот за што бил стрелан, а тој осуден на смрт, а подоцна казната му била заменета со 20-годишен затвор. По излегувањето на слобода станал соработник на УДБ-а. Кога се отворија досиејата се дозна дека ги шпионирал најпознатите вмровци во Битола.

Во првите години по војната, криминалот и политиката биле ставени во ист кош. Тогаш ОЗН-а на селаните им го земала опиумот од афионот и го продавала во странство како што сега се продава дрогата, а од парите купувале лекови. Меѓутоа, селаните за својот труд не добивале ни скршена пара, а ако се побунеле, завршувале во затвор.

Quote:Удбашите ја повикувале во селскиот дом навечер „загрижени“ за неа некој да не ја малтретира.

Quote: дома бев
“пречекан“ од Иван Бабановски, пензиониран
разузнавач, кој веќе ја знаеше содржината
на текстот!!! Откако поразговаравме
за текстот, ме предупреди на опасноста
дека можам да бидам убиен кога се
враќам навечер од ресторанот, но, дека
тие (не знам кои) ќе ме штителе
Ист метод, од куче човек не бива.
An inch today is tomorrow’s mile.
11-12-2010, 11:03 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#4

(10-12-2010, 03:25 PM)Solenik Wrote: Можеби скокам премногу рано, но судејќи според тоа дека фељтонот оди во "Утрински Весник", еден од најголемите комуњарски гласници, очекувам дека не случајно ќе се промаши целта.
Веднаш уште за почеток, авторот се повикува на сведочења на Бабанот (кредибилен сведок до онде), за да ни каже дека Лустацијата е невозможна мисија. Да се прашаме! Па Бабан е еден од оние кои имаат најмногу да изгубат доколку се спроведе Лустацијата! Зошто тој би сакал да го охрабрува процесот?
Зборуваме за една мафијашка организација, така да, приказните дека досиејата не постојата повеќе е приказна за мали деца. Можеби досиејата ги нема во архивите, но како би можеле овие бандити да се уценуваат едни со други доколку се' е уништено.
Патем, за вистинска Лустрација, потребно е да се направи чистка на наредбодавачите, и да се изнесе на виделина системот по кој работеле службите, особено кога станува збор за периодот до 1990. Кодошите се најневажна работа во сето ова. Зошто? Затоа што грото од тие кодоши се веќе во пензија. Нас повеќе треба да не' интересираат кодошите од 1990 навака. Секако, доколку се расчити со наредбодавачите и со системот на напредување, тогаш многу од соработниците ќе станат видливи, без потреба од досиеја.
Она што исто така станува очебијно, е дека оваа теза дека Лустацијата е невозможна, па затоа треба да се помириме со фактот и да се откажме од неа, е иста како и онаа за амнестија за криминално затекнатиот капитал. Тоа не е случајност!

Треба да зобруваме за три категории:
-Наредбодавци,
-извршители и
-сорабтници.

Одговроноста оди од горе на надолу.
12-12-2010, 12:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Kолку УДБ-а беше нашата судба (2)



Прислушуван и Јосип Броз Тито


Удбашите се делеле на разузнавачи и ликвидатори. Едните не смееле да знаат за другите

Виктор Цветаноски


Која била УДБ-а што ги создала илјадниците досиеја? Како функционирала таа? Зошто црните петна од нашето поблиско минато се поврзуваат токму со неа?

По војната, најпрво била создадена ОЗН-а (Одделение за заштита на народот) а во 1946 година по нејзината реорганизација се преименувала во УДБ-а (Управа за државна безбедност). Функционирала на сличен принцип како и советската служба за безбедност КГБ. Се состоела од четири главни отсеци: внатрешни непријатели, емиграција, странски тајни служби и техника за следење и прислушување. Во првите повоени години, главно, се занимавала со елиминација на непријателите на новата власт, кои соработувале со окупаторите. Од 1948 година нејзина главна задача била пресметка со „внатрешниот непријател“, пред се', со комунистите за кои се сомневало дека ја поддржуваат Резолуцијата на Информбирото.

Првата половина на шеесеттите години од минатиот век УДБ-а станала толку моќна така што го загрозувала и самиот Јосип Броз Тито. Тогаш бил сменет Александар Ранковиќ поради познатата афера со прислушување на маршалот. Истовремено била извршена голема чистка и смена на нејзиното комплетно раководство. По реорганизацијата, ќе добие ново име - Служба за државна безбедност (СДБ), но за народот и натаму ќе си остане УДБ-а. Две години по падот на Ранковиќ, таа ќе биде федерализирана и секоја република формирала сопствена служба за безбедност.

И по реорганизацијата, СДБ продолжила со ликвидации, пред се', на противниците во странство. Емиграцијата, особено усташката, била најагресивна и напаѓала се' што имало врска со Југославија. Тогаш агентите на УДБ-а и екстремната емиграција започнале вистинска војна во многу западноевропски и прекуокеански држави при што имало многу жртви.

Се тврди дека емиграцијата во периодот од 1945 до 1985 година извршила околу 700 терористички напади на разни југословенски дипломатски и други претставништва. На 7 април 1971 година од усташки терористи смртно беше ранет југословенскиот амбасадор во Стокхолм, Владимир Роловиќ. Атентаторите Миро Барешиќ и Анѓелко Брајовиќ беа фатени и осудени во Шведска. Барешиќ за време на војната во Југославија бил доброволец во хрватската војска. Загинал под неразјаснети околности. Се претпоставува дека го ликвидирале луѓе на поранешна УДБ-а.

Напад на југословенски дипломати има извршено и македонски емигрант од Велес, кој ги ранил конзулот и еден службеник во конзулатот во Гетеборг. Во тоа време настрада и македонскиот дипломат Благоја Анакиевски. Работеше како прв секретар на југословенската амбасада во Брисел, а тешко го рани Албанец, по што остана траен инвалид.

На 20 јуни 1972 година во Југославија влезе група од 19 екстремни хрватски емигранти, која стаса до централна Босна. Тогаш беа ангажирани огромни сили за нивно ликвидирање. Притоа загинаа 15 полицајци и 1 цивил. Десетмина терористи беа убиени, а деветмина фатени и судени на смрт.

УДБ-а жестоко ќе возврати на нападите. Од 1945 до 1990 година нејзини агенти ликвидирале осумдесетина емигранти. Имало и 24 неуспешни атентати и осум грабнувања со смртни последици и ранувања. Меѓу убиените, најбројни биле Хрвати. Од македонските емигранти, убиен е Благој Шамбевски. Меѓутоа, нема сигурни докази дека убиството го извршила УДБ-а. Подоцна е грабнат Драган Богдановски и потоа тајно суден во Скопје.

Луѓе што работеле во Службата за безбесност велат дека таа морала да презема се' за да ја заштити заедничката држава и дејствувала според истите принципи што ги користеле и ги користат државните служби за безбедност во светот. Наспроти тоа, постојат мислења дека нејзини агенти ги злоупотребувале овластувањата. Врховниот суд на Словенија, на пример, ја прогласи УДБ-а за злосторничка организација, затоа што таа не само што се занимавала со разузнавачка дејност, туку организирала разни криминални активности, па дури конструирала и кривични дела, фабрикувала или подметнувала обвинувачки докази за политички противници на системот.

Помошникот на шефот на УДБ-а за Словенија, Алберт Светина, во книгата „Од ослободителна борба до бандитизам“ пишува дека службата се занимавала и со криминални работи. Доколку на некои луѓе на ОЗНА или на членовите на ЦК им се допаднел некој стан или куќа, ќе ги запоседнеле, а сопствениците ако се противеле ќе ги сместеле зад решетки. За некој да стане член на УДБА, најважен критериум бил да е вистински комунист и да е подготвен да го ликвидира непријателот. „Не на фронт со оружје, туку во својата околина или каде било на друго место. Удбаши станувале обични луѓе, но подготвени да убијат, без разлика дали се работи за роднина“, пишува тој. Според него, удбаш бил човек без душа, подготвен да направи се' што ќе побара УДБ-а. Поради тоа, во своите редови прибирала убијци. Така ОЗН-а (подоцна УДБ-а) станала банда на убијци, натопени со болшевизам и сталинистичка бездушност. „Удбашкиот систем, по углед на советскиот, беше построг и понечовечки од гестаповскиот. Удбашите се делеа на разузнавачи и ликвидатори. Едните не смееја да знаат за другите“, открива Светина многу тајни на УДБ-а.

Состојбите во Македонија по ништо не се разликувале од словенечките. Сите служби на бившите југословенски републики работеле според ист терк. Првите години по војната и македонските удбаши, вовеле страховладение. Има многу примери кои го илустритраат тоа. Имало многу апсења на недолжни граѓани, дури и ликвидации без судења. Не само тогаш кога се пресметувале со соработниците на окупаторот, туку и подоцна, кога им ги земале имотите на побогатите за време на колективицазијата и Резолуцијата на ИБ. Многу семејства и ден денес не знаат во која дупка се фрлени телата на нивните стопани откако биле одведувани од УДБ-а.

Голема била моќта на удбашите. Неоспорно е дека меѓу нив имало и чесни луѓе, но и такви кои правеле што сакале. На пример, ако на некој од нив му се допаднела нечија сопруга, сестра или снаа ќе направел се' за да ја има. Ги уценувал на разни начини, ги доведувал во ситуација да го молат за да го спасат најблискиот, а единствен услов бил да спијат со него. Во Штип некој удбаш ја силувал жената на осуденик за обединета Македонија во присуство на неговите деца. Карактеристичен е еден друг случај со една убава вдовица на паднат борец од охридско село. Удбашите ја повикувале во селскиот дом навечер „загрижени“ за неа некој да не ја малтретира. За да не биде сама со себе, го земала и свекорот. Тој ја чекал надвор, а тие внатре се изживувале со неа. Постарите беровци се сеќаваат на еден делчевски моќник, кој стаса до највисоките врвови на власта, користејќи ја удбашката моќ ги присилувал средношколките од беровската гимназија да спијат со него.

За да дојде до информација за „непријателот“, УДБ-а користела разни методи и средства. Меѓу другото, во семејствата уфрлала луѓе за да шпионираат. Најчесто ги женеле со ќерки или сестри на жртвите или, пак, ги присилувале зетовите да станат кодоши. Може ли човек да го замисли животот на семејство, кое на масата на која се појадува, се руча или се вечера, седи кодош, кој ти го брои секој залак и ти го мери секој збор. Слушнав најмалку за десетина примери, но имињата на тие што биле следени и на нивните зетовци шпиони не треба да се споменуваат, зашто за таквите валкани игри на УДБ-а не треба да знаат нивните потомци.

Има случаи УДБ-а на тие што ги следела да им местат жени или, пак, на на нивните сопруги да им подметнуваат љубовници за да ги кодошат. За шпионирање биле ангажирани и ученици. Еден професор ни раскажа како ученик гордо му се пофалил: „Молчи професоре, голема работа свршив за државава“. А каква работа свршил?! Предал негови сооченици кои говореле за обединета Македонија.

Од сите што биле судени за Македонија најмалку половината од нив станале соработници на УДБ-а, а од информбировците никој не можел да го напушти Голи Оток ако не потпишел дека ќе соработува со неа. Има еден карактеристичен случај од Битола за соработник на УДБ-а. За време на војната неговиот татко бил со окупаторот за што бил стрелан, а тој осуден на смрт, а подоцна казната му била заменета со 20-годишен затвор. По излегувањето на слобода станал соработник на УДБ-а. Кога се отворија досиејата се дозна дека ги шпионирал најпознатите вмровци во Битола.

Во првите години по војната, криминалот и политиката биле ставени во ист кош. Тогаш ОЗН-а на селаните им го земала опиумот од афионот и го продавала во странство како што сега се продава дрогата, а од парите купувале лекови. Меѓутоа, селаните за својот труд не добивале ни скршена пара, а ако се побунеле, завршувале во затвор.



Колишевски е човек од највисока доверба на Александар Ранковиќ, шефот на сите тајни служби во Титова Југославија, творецот на ОЗНА (Одделение за заштита на народот) и долгогодишен челник на УДБ (Управа за државна безбедност); и второ - Ранковиќ, Србин по националност, инсистира Лазо да ја преземе воената комисија во КПМ бидејќи во тие воени комисии била најдобро инфилтрирана мистериозната српска националистичко-милитаристичка организација "Црна рука", од која после Војната ќе израсне злогласниот КОС (Контраобавештајна служба на ЈНА).


Конзул во Стохолм тоа време е Македонец М. Д. кој заради опасноста да биде ликвидиран е повлечен од Стохолм



Н.К. станал соработник уште во Идризово, бил задолжен за Дане Поповски, со ореол на борец за каузата влегува во првиот Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ
12-12-2010, 04:51 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (3)


[Image: C708C0B402143E4D84EB96C14F86303A.jpg]

[Раководители на НОБ и партизани. Лена Стојческа е најдолу десно]

Лена ликвидирана по налог на Абас

Цветко Узуновски е сменет од министер за внатрешни работи поради соработкатa со Гестапо во Загреб, во 1941 година


Виктор Цветаноски

Партизанката Лена Стојческа во 1944 година не беше ликвидирана од ОЗН-а, таа тогаш не постоеше, туку по налог на Цветко Узуновски - Абас, кој по нејзиното формирање стана нејзин прв човек и подоцна министер за внатрешни работи. За тоа знаеја многумина борци, но никој јавно не прозбори се' до 1990 година кога „Нова Македонија“ јавно ги кажа имињата на наредбодавачот Узуновски и на извршителот на убиството, Ванчо Бурзевски. Тогаш за ликвидацијата говореа нејзините соборци, а денес и од документи може да се потврди како Абас посегнувал по туѓите животи за да стаса до највисоките врвови на власта.

Лазар Колишевски, негов баџанак, во јули 2000 година на МАНУ во завештание и' ја остави својата архива, околу 393.000 документи и 39.000 книги. Како што нагласи, тоа бил негов личен влог во истражувањето на историјата на македонскиот народ, кому сиот свој живот му го посветил и за кој се борел и страдал. „Со ова завештание ја изразувам мојата трајна љубов и почит кон Македонија“, пишува Колишевски. Огромната архива историчарите можеа да ја користат веднаш, но не и документите за Цветко Узуновски – Абас. Специјална комисија нив ги пломбира и по желба на некогаш првиот човек на македонската држава тие десет години подоцна, на 12 јули годинава, беа отворени.

За тоа како била стрелана Лена крунски документ е „Изложението“ на Ванчо Бурзевски - Лазо што го има напишано во декември 1944 година, во кое детаљно опишува зошто ја стрелал. Таа во нивната база во Дебарца дошла во мај 1944 година. Ја донел Абас за да работи на техниката и да учи дактилографија. Притоа рекол дека таа имала специјална задача, да преведува од грчки и на грчки, а бидејќи тоа не и' одземало многу време „би можела да се користи и за техниката“.

Според Бурзевски, кој подоцна стана професор на Економскиот факултет во Скопје и почина во длабока старост, на 91-годишна возраст, таа во базата останала околу два месеца. Тогаш кај неа не забележале никакво неморално однесување, освен што се држела послободно, пеела „слободни“ песни, „шарала“ со очите и др.

[Image: B0CAA7005922164AA6F51D2BF8EBBB44.jpg]
[Елисие Попоски – Марко и Цветко Узуноски – Абас (од лево на десно) снимени со група македонски комунисти]

„Во разговор со другарите и другарките (мислам точно со др. Јакима и Рада) Ленка нагласува дека Абас е нејзин другар. Расправала како кога биле во Грција тој и' купуел долен веш, кошули, фустани и др. Кога нешто перела од тије работи се фалела - ’ова ми е од Абас‘. Како таја имала другар, кој многу си го сакала, ама Абас чисто и' се натурал и ако знајал да оти она си има другар, за право и ако му она нагласувала да си има другар кого си го сака. Абас да и' прво досаѓал со писма од које едно допрело и до рацете на нејзиниот другар кој во разјареност рекол. ’Јас ќе го утепам и Абас, па и тебе’. После Абас да злоупотребил својот положај: ги разделил - него во една бригада, а нејзе во друга, за право со себе е зел. За својте осеќаји према др. Абаса др. Ленка вели да го отпрвин не сакала но ’откако станавме другари, го засакав и сега си го сакам‘“, пишува во изјавата Бурзевски.

Сите овие искажувања Лена ги потврдила и пред него, а кога му ги пренел на Абас енергично ги отфрлил: „Она е луда“, „Зар си могол да во така нешто поверуваш?’, „Ти знаеш како сум јас строг по тија прашања?“, „Па, на мене партијата не би ми дозволила да е земам за другарка“. Бурзевски вели дека повеќе му верувал на Абас отколку на една Лена. Размислувајќи околу тоа во почетокот сметал дека интимна врска меѓу нив двајцата не била можна зашто со тоа би се урнал авторитетот на еден шпански борец, каков што бил Узуноски. „Луѓето имајат слабости, но такви слабости еден член на ЦК не може да има...“, констатира тој.

Меѓутоа, Лена продолжила и натаму да се фали за интимните односи со Абас. Истовремено кокетирала и со други партизани и, како што вели Бурзевски, ги терала „слабите“ да направат грешка со неа. Ги критикувала партизанките, членови на партијата, тврдејќи дека тие не можеле да повлијаат на обичните партизанки и тие станувале како нив.

Подоцна, во еден разговор во четири очи, Абас рекол дека ќе ја испрати во Преспа, а Бурзевски му одговрил: „Ја бих ја стрелал“. Меѓутоа, како што пишува, тој не го кажал како предлог, туку спонтано реагирал. Абас тоа го сфатил како добар предлог и предложил да се стрела тајно, без да дознаат другите партизани. Да се исценира судир со Германците и да се каже дека налетале на нивна заседа. Бурзевски подвлекува дека тие денови бил многу нервозен, а големата нервоза не можел да ја скрие ниту Абас.

Еден ден, кога разговарале за партиски работи, му рекол дека ќе го унапреди и врските со ЦК ќе оделе преку него, при што додал сам да ја испита работата и лично да преземе мерки во врска со Ленка.

„После некоје време, во базата добив писмо од др. Абаса, адресирано ’лично за Лазо‘ (партизанското име на Бурзевски м.з.). Во него пишуваше да вардам да целата работа сврши без шум“, пишува Бурзевски. По добивањето на писмото кај него се' повеќе се зацврстувало убедувањето дека Узуновски навистина имал интимна врска со Лена и на тој начин сакал да се ослободи од неа. И покрај тоа сметал дека таа, сепак, треба да се стрела посебно поради нејзиното некоректно држење кон другарките-партизанки и воопшто кон народната војска. Три дена размислувал што да прави. Во близина немало некој од повисоките раководители на партијата за да се консултира. Поединечно разговарал со другарите од ќелијата и од базата и сите биле таа строго да се казни, но не и да се стрела. На крај решил лично тој да ја ликвидира за, како што пишува, да не се крева голема врева и да не и' се нанесе удар на целата борба, иако бил убеден дека Абас имал интимни односи со неа и затоа наредил таа да биде стрелана.

Тој наведува четири причини зошто се решил на ваков чекор: Таа ширела неморал во војската и го оправдувала неморалот; ги наведувала послабите другари на грешка за да може подоцна да „шушка“ против нив и целата војска; за подбуцнување против другарките-партизанки во однос на нивната улога во НО војска и за подбуцнување против „нашите одговорни другари како тие, наводно, и' купувале комбинезони, фустани и друго“.

Бурзевски смета дека направил единствена грешка што своите сомневања во врска со Абас не ги соопштил на средбата на ЦК ниту, пак, на Обласниот комитет. Меѓутоа, новата власт тоа нема да му го земе за грев. По војната ќе зазема значајни функции.

Цветко Узуновски – Абас по ослободувањето стана прв министер за внатрешни работи на Македонија и човек што решаваше за судбината на многу македонски интелектуалци и постари револуционерни. На изненадување на јавноста, во почетокот на педесеттите години е сменет од сите функции. Тогаш дошло до жесток судир меѓу него и Колишевски. Во јавноста се говореше дека огромна количина злато, одземено од побогатите семејства, било поделено меѓу него и уште неколкумина моќници. Се шушкало и за луксузната, огромна вила што Абас ја изградил во Отешево.

За цело време јавноста сметаше дека аферата со златото и вилата биле главни причини за неговата елиминација од власта. Меѓутоа, дури сега, по шест децении, се дознаваат и други податоци. Во оставината на Колишевски има документ во кој се тврди дека Абас бил шпион на Гестапо. Во информација испратена од Јајинци на 18 октомври 1950 година, која, како што се наведува, била дополнување на поранешен извештај за него, пишува: „За време на работата на предметот на др. Иво Андрес, бивш министер за трговија на предвоената југословенска влада, денеска е најдена една белешка, која оди во прилог на поранешните податоци за Узуновски. Имено, под точка 4 се говори дека таа треба да му се даде на некој референт или агент ’Е‘ ’поради дополнување‘, а во заграда е напишано името ’Узун‘. Со оглед на досегашните искуства при проучувањето на архивата Хелма, може да се изведе логичен заклучок дека ставањето на името (Узун) во заграда, како и овде, всушност, е потсетник за соработникот на кого треба да се обрати во поглед на нови податоци. Доколу во Загреб немало германски агенти со ова презиме, логично е дека се работи за Узуновски Цветко, бидејќи неговиот престој во Загреб целосно се поклопува со времето од кое потекнува овој документ за Андрес т.е. јули 1941!“

Во тоа време југословенските власти го чешлале минатото на сите шпански борци по обвинувањата на Информбирото дека меѓу нив имало соработници на Гестапо, што подоцна навистина се потврдило.
13-12-2010, 03:13 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,135
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#7

Bi sakal da progovoram za metodite koi se upotrebuvani od UDBA i CIA i FBI kako i razlikata megu dvete agencii.
1.CIA i FBI se dve razlicni agencii.CIA kako svoja prva funkcija e da sobira informacii i da gi prerabotuva.I najcesto CIA se koristi vo neutraliziranje na nadvoresnite neprijateli i opasnosti.CIA e osnovana vo 1948 so Nacionalno bezbednosen akt i e podlozna od 1970-tite na kontrola od Amerikanskiot Kongres.FBI e agencija koja go sproveduva zakonot,i spored zakonite i pravilata na rabota taa istotaka e zadolzena za kontrarazuznavanje,suzbivanje na orginiziran kriminal,i site drugi kriminali koi se smetaat za federalen prekrsok.Po smrta na J.Edgar Hoover i ovaa agencija e pod kontrola na Amerikanskiot Kongres.
UDB po svojata postavenost i nacin na deluvanje se bori za zastita na Komunizmot,a za nivni neprijateli se smetaat site gragani sto ke pokazat nesoglasuvanje so sistemot.UDB ima pregolemo ovlastuvanje i e nadvor od Ustavot i Sistemot na kontrola od Makedonskiot parlament,kako i toa izmisluvanjeto na neprijateli,kodosi.
2.Nitu eden od metodite na UDB,ne se koristat vo niedna druga Zapadna agencija od toj vid.Za takvite slucai se bara kriminalna odgovornost,od UDB vo slucaj toa da e Makedonski drzavjanin,ili pak emigrant.Takvite metodi se koristat osven ako ima potreba,no sepak spored praktikata na CIA i FBI treba da se ovlasteni so zakon da se koristat takvi merki.
Vo Kanada cija Razuznuvacka agencija CSIS isklucivo e za domasna upotreba,i e pod kontrola na drzavniot apart i toa od slednive tela:Revizor,Glaven Inspektor,Kanadskiot parlament itn,merkite sto gi koristi se mnogu pohumani od UDB-a.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 13-12-2010, 05:41 PM by basilius_2.)
13-12-2010, 05:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:ељтон

Kолку УДБ-а беше нашата судба (4)

[Image: 45DC3C1E80CC23459B3D8B946BC2F1DC.jpg]
[Панде Чесноска]

Зошто ОЗН-а ја уби Чесноска


Прилепската партизанка ја ликвидираа Злате Билјановски и Мито Мицајков кај месноста Буковиќ, на патот Гостивар – Кичево

Виктор Цветаноски

Во јули 1945 година ОЗН-а ја ликвидира прилепчанката Панде Чесноска, која работеше во истата служба и имаше чин поручник. Директни егзекутори беа Злате Билјановски и Мито Мицајков. Целата вистина за злосторот се дозна летото 1990 година кога возачот Љупчо Покрајчев – Чкало, реши јавно да каже дека неа ја убиле двајцата високи раководители на ОЗН-а кај месноста Буковиќ на патот Гостивар – Кичево.

Билјановски и Мицајков на 12 јули тргнале на службен пат од Скопје за Кичево. Со нив ја повеле и Чесноска, иако таа никогаш дотогаш не одела на терен. Откако го поминале преминот Стража и почнале да се спуштаат на надолнината кон Зајас им се дупнала гума. Покрајчев слегол од џипот и забележал расфрлени клинци на патот со кои ги потковуваат коњите. Тогаш Мицајков му рекол дека тие ќе прошетаат надолу додека тој ја залепи гумата.

„Јас немав што да правам. Ми беше сомнително зошто ме оставија сам, а ми беше страв да не ме фатат балистите. Тргнав кон завојот и гледам Мицајков и Билјановски, еден од една друг од другата страна, Панде ја зеле во средина и ја носат кавалерски. Потоа Билјановски се трга десно. Мицајков остана поназад, го извади пиштолот и од зад грб пукна во неа. Панде паѓаше, но ја прифати Злате и ја однесе на крајот, на работ од патот. Тука ја легна. Слушнав повеќе пукотници. Страшно се уплашив од глетката. Сакав да ги убијам, но помислив на децата и жената. Во ОЗН-а ќе знаеја дека јас сум ги ликвидирал, а не балистите. Решив да не интервенирам, се правев како ништо да не видов. Ете ова ми тежеше на душата. Цели 45 години сакав да ја кажам вистината за Панде Чесноска“, ќе му се исповеда Покрајчев на новинарот Драги Башевски, чие искажување го објави весникот „Нова Македонија“ во август 1990 година.

[Злате Билјановски јавно беше именуван како еден од убијците на Чесноска, но не објасни зошто ја ликвидирале]

ОЗН-а тогаш ќе соопшти официјално дека Панде Чесноска патувала со двајца офицери на ОЗН-а, службено од Скопје за Кичево. Попладнето, околу 15 часот се случил дефект на возилото. Додека возачот го поправал, Чесноска и двајцата сопатници малку се оддалечиле од него, но неочекувано наишле на балистичка заседа. Таа била на бришан простор и ја погодил еден од првите куршуми. Наместо останала мртва. Погребана е наредниот ден во Прилеп.

Наредното утро по ликвидацијата на Чесноска непознато момче донело телеграма со која се известувало семејството дека нивната Панде загинала кај Зајас, а подоцна бил донесен и ковчегот со неа.

„Веста не покоси, јас бев бремена, тешко ја поднесов смртта на Панде, така беше со сите дома, не можевме да ја преболеме. Ни ја донесоа со кола од Скопје, во присуство на Пецо Ивановски – Тиквар. Беше ставена во сандак -ковчег затворен, не ни дозволија да го отвориме за последен пат да ја видиме. Меѓутоа, нашата желба беше поголема од наредбата, вечерта во 1 часот по полноќ го отворивме ковчегот. Внатре беше Панде, убаво облечена, исчешлана, мислиш дека спие. Кај неа најдовме 50.000 лева, рачен часовник што го добила од Америка од двете тетки како поздрав за победата, прстен дијамант, спомен од свекрва ми и едно пенкало во џебот, а чевлите што ги носеше беа нови, неносени“, ќе му изјави нејзината снаа Панда Илиеска – Чесноска на новинарот Башески.

Чесноска ја испратиле со сите почести, со говори. Перо Ивановски – Тиквар не можел да зборува потресен од случајот, паднал во несвест. Цел Прилеп дошол да ја испрати, единствено не дошле нејзините убијци, Злате Билјановски и Мито Мицајков. Роднините уште тогаш насетувале дека таа е ликвидирана, но не смееле да зборуваат. „Верував дека не е убиена од балистите, само тоа можам да го кажам. Мислев дека беше ликвидирана од причини што на погребот не дојдоа тие што беа со неа да кажат како Панде загина“, додава нејзината снаа.
[Image: 97DC25C026F06E4CAE4239E078151727.jpg]
[Љупчо Покрајчев-Чкало (десно), сведок на убиството, со новинарот Драги Башески]

Во тоа дека ја ликвидирала ОЗН-а се увериле кога очевидец на убиството им раскажал за трагичниот крај на Панде.

„Еден другар на татко ми Ѓорѓи Илиески, се вика Миха Зику, бил овчар во Зајас, уште тогаш му има кажувано: ’Ѓорѓи ми лежи на душава и сакам да ти кажам што сум видел за девојката што ја убија овде. Таа и' била золва на ќерка ти. Тој ден покрај мене помина џип, а во него беа четири луѓе. Шоферот, една женска и двајца мажи кои седеа назад. Кога минаа се прашав:Бре мајката и жените добија власт!? Дури го реков тоа слушнав истрел. Немаше борба со балистите. Веднаш потоа се врати џипот со тројца луѓе, ја немаше жената. Си реков: Што е мајката, да не ја отепаа? Тргнав да одам и да видам, но на 50 метри се премислив. Џипот се врати со еден камион војници. Јас стоев потпрен со крликот и никој не ме забележа. Ја кренаа жената и си заминаа. Таа била меѓу два камења, како што ја фрлиле, тоа го видов после, откако сите си отидоа...“

За убиството истиот ден дознал и прилепчанецот Крсте Митрески – Господ. Возачот Покрајчев на сите кои ќе го прашале им велел дека е убиена од балистите, единствено на Господ му ја кажал вистината. Дента кога ја ликвидирале Митрески командувал со единицата што го чистела теренот од балистите во Кичевско и стасал веднаш на самото место. „Кога ме виде Чкало со рака ми покажа кон Злате и Мицајков, ми даде на знаење дека е ликвидирана од нив, не од балистите... Тој ден не наидовме на балисти. Ако имаше, ќе ги најдевме зашто вршевме фронтален претрес и имавме поставено заседи и ситуацијата ја имавме по контрола“, објаснува Митрески.

Причините зошто е ликвидирана Чесноска никој не ги кажа јавно, ниту пак Злате Билјановски и Мито Мицајков ги демантираа тврдењата на Чкало за злосторот што го извршиле. Во времето кога за тоа пишуваше „Нова Македонија“ тие се' уште беа живи. Чкало вели дека многу подоцна по нејзиното убиство слушнал од поединци дека ја ликвидирале поради тоа што наводно била англиски шпион. Тој во тоа не верувал. Според него, таа била вистински комунист, многу добро ја познавал и често ја возел со колата.

„Панде Чесноска беше многу убава жена, внесе љубомора кај сите што работеа во ОЗН-а. Кога ќе излезеше од работа да си оди дома, така беше убаво облечена и стегната во униформата народот подзастануваше да ја гледа. Беше прекрасна и го свртуваше вниманието на луѓето“, раскажува тој.

И убиството на Панде Чесноска, како и ликвидацијата на Лена Стојческа најверојатно го наредил Цветко Узуноски – Абас, кој во тоа време бил првиот човек на ОЗН-а. На ваквата констатација упатуваат неколку факти. Прво, Чкало тврди дека Билјановски и Мицајков пред да тргнат за Кичево излегле од канцеларијата на Абас. Второ, сценариото за наводната ликвидација на Чесноска дека налетале на балистичка заседа наликува на она што тој му го предлагал да го каже Ванчо Бурзевски откако тајно ќе ја ликвидира Стојческа, дека налетале на заседа на Германците. И, трето, во документите што Колишевски ги сочувал за Абас и кои беа под ембарго десет години, се наоѓаат исечоци од „Нова Македонија“ во кои се објавени сведочењата за ликвидацијата на Чесноска, што значи дека и Колишевски сметал дека неговиот баџанак дал налог да се убие.

Која е Панде Чесноска? Д-р Павле Митрески пишува дека таа била член на СКОЈ и КПЈ од пред војната. „И покрај тоа што Чесноска била ќерка на богато и видно семејство од Прилеп, таа уште од раната младост се определила за револуционерното дело, за борбата на македонскиот народ, за ослободување и за создавање сопствена национална држава. Пред војната се дружела со прогресивните младинци од Прилеп, а најмногу соработувала со народниот херој Кире Гаврилоски – Јане. Нивното зближување постепено ќе прерасне во вистинска љубов“, пишува д-р Митрески.

Есента 1943 година Чесноска била испратена во редовите на партизанските единици кои тогаш се наоѓале на ослободената територија на Дебарца. Во Бирото на Вториот обласен комитет останала се' до 5 декември 1943 година кога партизанските единици се повлекле за Егејска Македонија. Вториот обласен комитет заминал за Битола, а Чесноска била испратена за Охрид. Нејзе, најверојатно, и била дадена задача да ја пренесе архивата. Таа во Охрид се сместила во куќата на Никола Михајлов Камнаровски, кого го познавала од порано. Тој пред војната работел како келнер во кафеаната на нејзиниот стрико во Прилеп. Меѓутоа, ќе биде предадена и уапсена и подоцна однесена во битолскиот затвор. Заедно со други партизани ќе побегне од затворот и повторно ќе се вклучи во движењето.


Коментаров подолу кажува се. После 60 години, еден куп докази за злозасторствата на ОЗНА, УДБА, ке напише некој :


Quote:Од: jovan

Датум: 14.12.2010 13:27:53

Koj znae sto se slucilo, no tuku taka OZNA da likvidira vo prisustvo na svedoci(vozacot) e amlku naivno.
(This post was last modified: 14-12-2010, 03:33 PM by ЈорданПетровски.)
14-12-2010, 03:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (5)

[Image: CED419EEBE15814384CF1B518BBED9C0.jpg]

Струмичките студенти свирепо ликвидирани

Власта тврдела дека се убиени при бегство во Грција, а сведоците тврдат дека ги стрелале далеку од границата

Виктор Цветаноски

Мирко Пецев, студент на Правниот факултет во Скопје, Борис Белев на Филозофскиот факултет во Загреб, Ѓорѓи Јармов на Техничкиот факултет во Белград, Ѓорѓи Костуранов на Медицинскиот факултет во Загреб и Стефан Топчев на Правниот факултет во истиот град беа ликвидирани на 13 август 1951 година во близина на струмичкото село Дарломбос. Во нив се пукало поединечно, од револвер, со по еден куршум в чело меѓу очите и друг во срцето, со исклучок на еден од нив што имал две рани во градниот кош.

Официјалната верзија на тогашната струмичка локална власт, која во име на одбраната на државата сметала дека може да прави што сака, па дури и да убива невини луѓе, е: петтемина студенти се обиделе илегално да ја преминат граница и притоа биле застрелани од југословенските граничари. Соопштението ќе се чита во сите училишта и колективи и на партиските состаноци. Власта сакала ликвидацијата на младите момчиња да биде поука за сите оние што се обидувале илегално да ја напуштат Југославија.

Весникот „Нова Македонија“ во јануари 1991 година изврши пошироко истражување за овој трагичен настан што силно ја потресол струмичката јавност. Новинарите Александар Манински и Спас Марковски по разговорите што ги воделе со повеќемина струмичани и роднини на убиените констатираат: „Не постојат докази дека момчињата биле членови на противдржавна организација ниту дека дејствувале против државата, наместо тоа постојат многу сведочења и аргументи оти биле одлични ученици во струмичката гимназија ’Јане Сандански‘, дека петтемина биле прекрасни другари, дека имале своја музичка и драмска секција, оти учествувале на повеќе сојузни акции каде што станале ударници, дека без секакво судење, вечерта на 11 август, се собрани од игранката во бавчата на Домот на ЈНА во Струмица и дека се убиени на 13 август во попладневните часови на Беласица, недалеку од селото Дорломбос. Останува како констатација и тоа дека не се убиени при обид за бегство, туку се стрелани поединечно, од револвер, далеку од границата“.

[Image: E46CACEA5ECE954084B1529B400A2ECB.jpg][Image: E46CACEA5ECE954084B1529B400A2ECB.jpg]

Според сознанијата до кои дошле, студентите биле страшно мачени и однесени во месноста Чучук Белеш и таму ликвидирани со врзани раце. Наредбата за ликвидација ја потпишал Ристо Пиличев, тогашен извршен секретар на Градскиот комитет на КПМ, што може да се види од едно негово барање до струмичкото раководство. Откако го отпуштиле во писмо ги молел да го вратат на работа, и како поткрепа на своите заслуга го навел податокот дека тој го потпишал документот за ликвидирање на студентите. Подоцна се обидел да излезе од кашата што сам си ја замесил изјавувајќи дека пресудата ја потпишал откако неговиот претпоставен, Мара Минанова, тогашен секретар на Градскиот комитет на КПМ, му се заканила со револвер да го направи тоа. Инаку, Пиличев бил необразован и имал завршено само три одделенија.

„Апсолутно е неприфатлива официјалната верзија за обидот за бегство и убиството и сите што на некој начин се упатени во случајот недвосмислено укажуваат дека главна личност во фарсата е Мара Минанова и оти сета конструкција е направена со желба да се постигнат позиции во власта и да се заплаши народот“, констатираат новинарите на „Нова Македонија“.

Случаен сведок на ликвидацијата на петтемина студенти е и едно младо момче, Усеин, од Злешево, кој како момок работел во семејството Поп Јовановски. Како што пишува Апостол Поп Јовановски во неделникот „Дело“, Усеин на денот на злосторството заминал дома за да се пресоблече и минувајќи низ месноста Чучук Белеш видел како врзаните студенти ги ликвидираат. „Момчето не можеше да се смири. Кога и' раскажуваше на мајка ми целиот потскокнуваше. Мајка ми му даде вода со шеќер за да се смири. Усеин никогаш не се смири. Беше меѓу првите Турци што заминаа од Македонија“, пишува Поп Јовановски, кој им бил другар на студентите и три дена пред злосторството се видел со нив. Потресен од настанот напишал песна за нив, но мајка му ја изгорела предупредувајќи го: „Ќе ми те убијат! Синко мој, внимавај, и ниту збор повеќе за ова...“.

Дека студентите не биле убиени при бегство преку граница, туку ликвидирани, потврдил и Ѓорѓи Костов Мангов, кој со камионче ги пренел мртвите тела. Раните во нивните чела и гради ги видел и д-р Белев, татко на Борис Белев, кој дури утврдил дека тие биле убиени во доцните попладневни часови, а не претпладне како што било соопштено. Според сите сознанија, власта најпрво ги информирала нивните фамилии дека се убиени при бегство преку граница, а потоа ги ликвидирала.

Струмичките моќници не им дозволиле на семејствата да си ги земат своите чеда дома и последната ноќ да ја поминат со нив, според христијанските обичаи, туку директно ги однеле на гробишта. Ѓорѓи Јармов, Ѓорѓи Костуранов, Стефан Топчев и Мирко Пецев биле погребани во заедничка гробница на православните гробишта во Струмица, а Борис Белев посебно во протестантските. Иако власта настојувала студентите да бидат погребани без поголемо присуство на струмичани, ноќта дошле околу илјада луѓе да запалат свеќа и да се поклонат пред мртвите тела.

Иако мртви, сепак, на власта ќе и' пречат петтемина студенти. Таа долго време нема да ги остави да почиваат во мир. Десет години подоцна ќе нареди да се урне споменикот што им го изградиле нивните семејства.

„Кога во 1961 година почина еден од видно семејство во градот, на погребот, бидејќи сме соседи со гробиштата, некој од семејството се побунил за споменикот на децата. Коментарот бил во смисла: гледате какви споменици имаат предавниците, а какви имаат вистинските борци. Нашите споменици се во сенка на отворената мермерна книга. Неколку дена по тој погреб, кај нас дома дошол милиционерот Митко Танчев и на татко ми му рекол дека ќе мора да го урнеме споменикот. Така било наредено, одгоре. Татко ми се спротивставил. Таков беше. Подоцна милиционерот му рекол дека ако не го урнеме ние, ќе го урнат затворениците и гробовите нема да се знаат, а нас повторно ќе не' прогонуваат и ќе не' остават без работа. Кога се вративме ние, браќата, стариот ни ја соопшти наредбата. За да немаме натамошни непријатности решивме сами да го урнеме маркантниот споменик и на негово место да поставиме друг, без посвета и без назнака за убиството. Едноставно моравме сето тоа да го заборавиме и да напишеме само: почива тој и тој, роден тогаш, умрен тогаш и тогаш“, раскажува Миро Топчев, брат на убиениот Стефан Топчев.

По ликвидацијата на студентите нивните семејства биле прогласени за непријатели на државата. Во куќите им се правеле чести претреси од луѓе на УДБ-а и им било нудено да потпишат „доброволни“ барања да се иселат од Струмица. Миро Топчев раскажува дека претседателот на Градскиот одбор на Струмица, Глигор Наков, му рекол: „Вие не сте Македонци, вие сте Американци, вмровци, и сите вас, не само вашите деца и браќа, треба да ве побиеме“. Со тоа, вели Топчев, тој призна дека брат ми и другите студенти ги ликвидирала УДБ-а по наредба на локалниот и републичкиот врв.

Струмичките студенти платиле со живот поради тоа што ја сакале Македонија и биле за нејзино обединување, како впрочем и најголем број млади луѓе од овој крај, нешто што го наследиле од своите татковци и дедовци. По Балканските и по Првата светска војна во Струмица и во селата се населиле многу бегалци од Кукуш и од Дојранско и сите живееле со идејата на Гоце Делчев и Јане Сандански.

Ванчо Карајанов, кој првите години по војната бил одговорен за граничниот сектор на струмичката подружница на УДБ-а, раскажува дека во тоа време многу момчиња живееле со таа идеја, меѓутоа, тој и неговиот претпоставен Боро Ефтимов, кој бил голем интелект, се обидувале да им ја објаснат реалната ситуација. Вели дека тогаш работеле повеќе од два месеца со една поголема група од 12 гимназијалци и успеале да ги разубедат дека со летоци, бегства преку граница или со разни групирања нема да придонесат ниту за идејата ниту за Македонија. Подоцна шестмина од групата се запишале на факултет и станале одлични стручњаци и никогаш не посакале да ја напуштат земјата.

„Такви случаи имавме и подоцна. Кога реферирав во Белград, никој жив не можеше да сфати дека тие момчиња во менталитетот се санданисти и дека не се непријатели на државата за какви што се третираа. Им велев дека тоа е во генот на тие момчиња и дека на нашиот југ санданизмот постоел, постои и ќе постои“, објаснува Карајанов, подвлекувајќи дека тогашното струмичко раководство било составено од неписмени и прости луѓе.

УДБ-а подоцна ги сменила Ефтимов и Карајанов и на нивно место донела луѓе од Србија, Босна и од Црна Гора. „Кога дојде таа, јас ја нарекувам српска гарнитура, истите раководства за да се одржат наметнаа некоја послушничка соработка, во која нивната полза беше исполнување на нивната желба, што ќе рече: создавање измислен, незаслужен авторитет. Во една таква спрега било сосема лесно и да се убива под закрилата на уништување на државниот непријател. Меѓутоа, гарантирам дека, доколку останеше нашата гарнитура, воопшто немаше да дојде до убиства, а за групата од пет момчиња и да не зборуваме“, им изјавил Карајанов на Манински и Марковски.


Коментари на читатели:

Quote: velgosti

Датум: 15.12.2010 123843

"по Првата светска војна во Струмица и во селата се населиле многу бегалци од Кукуш и од Дојранско и сите живееле со идејата на Гоце Делчев и Јане Сандански. " hehehehe! Site znaeme za so se borea Delcev i Sandanski.Se znae za majka B'lgarija.


Quote:
Ривер
Датум: 15.12.2010 13:30:23

„Струмичките студенти платиле со живот поради тоа што ја сакале Македонија и биле за нејзино обединување“ - Значи и ден денес, по шеесет години, немате три чисти да ја изнесете вистината. За каква ли само „обединета Македонија“ зборувате? Кога тоа Македонија била ’обединета’? Вистината е дека момчињата биле стрелани, затоа што доаѓале од учени семејства, кои не можеле туку така лесно да се помират со македонизацијата на б’лгарскиот народ во Вардарска Македонија.


Quote:
jovan
Датум: 15.12.2010 14:09:35

Sepak nesakam da bidam pristrasen i da ja tolkuvam istorijata po moe, no spored najprostata logika ne mi e jasno kako moze nekoj rezim da strela MEGU OCI "nevini" studenti koj bile odlicni, ne clenuvale vo nikakvi organizacii, i bile "primer" za drugite. Toa malku me buni, pa ispaga deka nekoj onaka po "lepota" ke ti svirni kursum megu oci.Dajte malku, istoriskite fakti od vakov tip neka bidat malku podetalno obrazlozeni,a ne vaka naivno opisuvani. Nikoj nema da te strela zatoa sto si odlicen student.Moralo da ima i nekoj drugi fakti.Da vidime koj se tie fakti,pa da obvinuvame.Kakva takva taa UDBA 50-60 godini dobro si ja vrsese rabotata.Ja stitese SFRJ maksimalno.Kamo sreka i denes da imame takva bezbednosna sluzba.Toa sto na nekoj ne mu e po kejf,toa e druga rabota,no kako sluzba zasluzuva respekt deka bese sluzba so sitye nisani. I CIA i KGB, Jugoslovenskata sluzba ja imaat oceneto kako edna od najdobro organiziranite. Drugo prasanje e dali na nekogo mu se dopagalo toa ili ne.
15-12-2010, 02:58 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#10

Значи досега од фељтонот видовме дека некоку случаи на ликвидација по налог на чиновник на ОЗНа или УДБа биле обелоденети во годините 1990-91. Доколку, како што Уставниот Суд се прозинесе, од 1992 г. навака во РМ има демократски систем, зошто држвата не за почна истраги по однос на овие случаи? Многумина од оние кои се осомничени дека се убијците или пак налогодавачите беа живи до пред некоја година.

Следно,
Quote:„Вие не сте Македонци, вие сте Американци, вмровци, и сите вас, не само вашите деца и браќа, треба да ве побиеме“. Со тоа, вели Топчев, тој призна дека брат ми и другите студенти ги ликвидирала УДБ-а по наредба на локалниот и републичкиот врв.
Значи, петмината биле убиени поради нивната про-Македонска ориентација, т.е. имале различно толкување за тоа како треба да биде уредена Македонија. Поинаку речено, биле неистомисленици на власта.

(Цитираново зарем не потсетува на денешниве етикетирањана на "предавници" и "патриоти")

Околу коментарите извлечени од "Утрински": Разликата помеѓу американските и југословенските тајни служби е во тоа што американските служби го шититат народот и државата од надворешни непријатели, додека југословенските служби ја штитат ВЛАСТА од НАРОДОТ.

Власта во Југославија никогаш не беше изберена од народот на избори, туку, насилно донесена, како победник во Втората Светска Војна. Поради тоа, не може да се докаже дека власта е била народна. Врз тоа, самата Влада се држела на власт преку угнетување на населението.
Просто кажано: Владеачката гарнитура, како малцинство, насилно владеело со мнозинството.
15-12-2010, 04:27 PM
Reply
montehristo Online
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#11

(15-12-2010, 04:27 PM)Solenik Wrote: Просто кажано: Владеачката гарнитура, како малцинство, насилно владеело со мнозинството.
Зарем не било секогаш така во Македонија?
Барем до сега.
An inch today is tomorrow’s mile.
15-12-2010, 08:05 PM
Reply
montehristo Online
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#12

А за понатаму треба да се избориме, прво секој за себе, а потоа колку може да се помага и на другите.
An inch today is tomorrow’s mile.
15-12-2010, 08:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (6)



Котески го кодошеле неговите пријатели поети

[Image: F5BE862296F93B40B603E4AF43617711.jpg]

Главен обвинител во судењето на Јован Котески бил Јован Трпеновски, а другите двајца обвинители - Ѓорѓи Наумов и Михајло Маневски

Виктор Цветаноски

Јован Котески, еден од најголемите македонски поети, од чија поезија младите генерации во шеесеттите години од минатиот век учеа како треба да се пишуваат стихови и како да се сака татковината, цели 42 години бил следен од УДБ-а. Го кодошеле неговите колеги-поети, со кои другарувал и пиел кафе на иста маса.

Како „пријатели“ влегувале дури и во неговиот дом за подоцна да ги информираат тајните служби. Еден период ги прислушкувале него и неговото семејство. За вљубениците во неговата поезија страшно прозвучи веста кога дознаа дека е затворен, а оние што ја познаваа неговата интима не можеа да поверуваат. Каква опасност за државата видела власта во човекот што не згазнуваше ниту на мравка и за секого имаше убав збор, во поетот кого во тие времиња го сметаа за најголем лиричар во бившите југословенски простори?

„Во досието на татко ми дефилира ужасна смотра на живи и мртви поети, литерати, случајни луѓе и - полицајци. Светот на досието на татко ми е свет на осцена комбинација на македонски писатели и полицајци, кои често се спојуваат во ист човек. Тоа е свет во кој нема стабилни координати и пријателство. Повеќето ’пријатели‘, колеги и писатели се тука за да го стегаат обрачот околу својата мета. Секој и се' е уво“, пишува Јасна Котеска, ќерка на поетот, која, пренесувајќи ја животната драма на својот татко, на мошне илустративен начин ја прикажува страшната машинерија на УДБ-а што уништи многу луѓе заедно со нивните семејства.

Од досието на Котески, под кодното име „Интимист“, може да се види дека од УДБ-а бил следен од 1961 година, но прв пат бил притворен во далечната 1948 година кога имал само 16 години. Најверојатно, како што претпоставува неговата ќерка, поради тоа што неговиот татко Васил Котески, кој како шеќерџија работел во Братислава, бил затворен од чехословачките тајни служби и осуден на девет години робија затоа што во неговиот стан нашле слика на Тито, на истиот маршал во чие име, за иронијата да биде поголема, подоцна му се суди на неговиот син. Пред УДБ-а да почне да го следи систематски и постојано, големиот поет бил притворен уште еднаш, во 1952 година, за време на една младинска акција во Маврово.

[Image: F8A2F93CBC57134EB070F54C500EE3CF.jpg]

Јован Котески е затворен во септември 1985 година и осуден на пет години затвор под обвинение дека илегално работел на уривање на југословенската федерација и се борел за создавање независна македонска држава. Тој е последниот македонски политички затвореник. Негов главен обвинител бил Јован Трпеновски, а другите двајца обвинители - Ѓорѓи Наумов (министер во владата на Никола Кљусев) и Михајло Маневски (актуелен министер за правда). Додека го суделе никој од Друштвото на писателите, ниту неговиот претседател не се обидел, ако ништо друго, барем да се распраша што се случува со нивниот член.

Котеска вели дека во досието постојат документи од седницата на ДПМ, кога тогашниот претседател Гане Тодоровски се однесувал како затворањето на член на здружението да не е негова работа.

Не се знае точно кои писатели го кодошеле големиот поет, зашто нивните имиња во досието се пречкртани. Јасна Котеска во книгата „Комунистичка интима“ поместува документ напишан непосредно пред апсењето на нејзиниот татко, за една средба што Котески ја имал со Анте Поповски, на која сакал да разговара како со пријател за групата полицајци што биле уапсени тие денови и кои 12 години пред тоа им се заканувале нему и на неговото семејство со смрт, но наместо да го ислуша тој утредента побарал прием во службата на РСВР каде што им раскажал за таа средба. Власта го прогласила Котески за идеолог на терористичката група.

„Во досието на татко ми, на пример, еден од кодошите е универзитетски професор, кој, по случајот на нештата, додека студирав книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје беше мој професор. Во оперативната забелешка од 25.11.1985 година по иницијатива на РСВР дошло до средба на инспекторот и соработникот проф. Нада Момировска, средба што се одржала во хотелот ’Континентал‘ од 11 до 11.30 часот на 22.11.1985 година. Според документот: ’Цел на разговорот беше соработникот да презентира безбедносно интересни сознанија и податоци за коментарите на Филолошкиот факултет, по повод судењето на ПОО ’Интимист‘. Според документот, ’сознанијата се добиени во усмена форма, (а) оперативните трошоци се 300,00 динари‘“, пишува Котеска.

Ќерката на Котески вели дека кога нејзиниот татко прв пат го отворил досието бил фрапиран од кафкијанското сценарио, од степенот на сеприсутниот поглед, од долготрајноста на набљудувањето и од садизмот на оние што го набљудувале. Што се' преживувал Котески најдобро говорат следниве зборови со кои Јасна опишува еден негов обичен ден:

„Татко ми се обидуваше да спие дење. За него беше неиздржливо да биде буден кога надвор има светло. За оној што доживеал тортура, светлото е посебен проблем. Оној што цел живот е гледан, а сам не гледа, оној што е објект на информација, а никогаш субјект во комуникацијата, се плаши од светлото затоа што видливоста го гарантира функционирањето на власта. Кога беше буден, татко ми нервозно се шеташе од една соба во друга. Сега ќе влезе во некоја соба и веднаш ќе излезе. Ќе постои во ходникот за да слушне што прави мајка ми во кујната; ќе тропне во мојата соба за да види дали не ми се случило нешто ужасно, ќе најде некаков изговор, на пример, ’ја читам Цветаева‘ и, не чекајќи одговор, исто толку брзо ќе излезе. Со часови ќе трепери зад завесата гледајќи го ѓубреџијата што решил следните три часа до крајот на работното време да ги отседи токму на тротоарот под нашиот прозорец. А што ако тој не е ѓубреџија? Многу ѓубреџии во досието излегоа ’службени лица на ДБК‘. Ќе легне да спие. Спие на едно око и на секој шум рипнува и бара да му се објасни што се случило, сака да види, да се увери. Живее како во секој момент да треба да дојде некој најважен човек и да ја донесе најважната одлука од што ќе се материјализира пророштвото за неговиот живот. Човекот што минал 40-годишен политички прогон, гради стратегии за опстанок. Кога ѕвончето ѕвони, помислува: кој е следниот што ќе биде мачен? Ако ѕвони некој на врата застанува и го ослушнува дишењето на оној што ѕвони. Едвај собира храброст да ѕирне низ клучалката. Дури и кога добро го познава оној што ѕвони, долго го набљудува. Некогаш тргнувам да отворам, ама за него е прашање на живот или смрт, прв да ја отвори вратата за да не ми се случи нешто ужасно. И, конечно: ’А, Верче, повели... дома е Јасна‘“, пишува Котеска за драмата што ја преживувал нејзиниот татко.

Ако Котески го отпишале од Друштвото на писателите и не застанале во негова заштита, колегите од светот не го заборавиле. Во 1986 година Ален Гинзберг, тогаш претседател на Комисијата за заштита на правата на писателите и новинарите на светскиот ПЕН-центар, кој таа година го доби „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, поведе акција за негово ослободување. „По иницијатива на југословенскиот ПЕН-центар (со седиште во Загреб), во јули 1987 година, по околу две години робија Котески е пуштен на слобода. За неговото ослободување најмногу е заслужен тогашниот потпретседател на светскиот ПЕН–центар и хрватскиот ПЕН-клуб, Предраг Матвеевиќ, кој организира петиција со светски познати писатели за негово ослободување од затвор, а кој во текот на 90-тите години од минатиот век и самиот паѓа во немилост на националистичкиот режим на Фрањо Туѓман во Хрватска“, пишува неговата ќерка.

По ослободувањето од затвор Котески се вработува како библиотекар во библиотеката „Другарче“. Почина во 2001 година во Скопје. Котеска, инаку професорка по книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, вели дека новата македонска држава денес не смее да ги прескокнува фундаменталните прашања од нашето историско време. „Ако една нација сака да биде здрава, таа мора масовно да се психоанализира себеси. За да ги сознае подобро своите механизми. За да знае што и' се случувало и каде стои сега. Нас и тоа не' мрзи. Во име на сето ова ги повикувам децата на бившите политички затвореници да ги отворат досиејата што ги чуваат дома. Знам дека ги заобиколуваат фиоките затоа што ги боли, ама ако ги отворат, еднаш, можеби ќе почне помалку да боли“, смета таа.

Иван Бабановски, еден од функционерите што во тоа време работел во СДБ, вели дека Котески бил „колатерална штета“. Поради совесност, чесност и карактерност не сакал да ги пријави луѓето од групата. „Сите беа следени и озвучени, му покажувавме снимки од нивните разговори, му посочувавме што разговарале тие, што говорел тој. Му кажав дека ќе ги апсиме и оти е греота и срамота и него да го апсиме. Јас докрај бев категорично против да се апси Котески. Мислев дека е апсурд еден човек, кој е добитник на највисоки национални награди, да го ставаме во група на луѓе со неиздиференцирани национални чувства, со некои пробугарски елементи, кои сами не знаеја што сакаат да постигнат со бомбите што ги ставаа“, објаснува Бабановски.

Според него, уделот на Котески во целата таа акција било тоа што му лекторирал книга на недоволно писмениот Тодор Георгиев, полицаец од постарата генерација, кој бил во групата. Го замолиле да ја среди неговата книга со што се согласил поетот.


Quote: Moris

Датум: 16.12.2010 13:25:01

PA od ova sto go citam ne ni e potrebna lustracija.Kaj nas UDBA uste vladee . Pa minister bil obvinitel . Kaj go ima toa. Ovie kodosite ne mozat da bidat na funkcija, a ovie sto rakovodele so sluzbite uste se na funkcii i ideolozi na demokratijata. Toa go ima vo Makeodnija i ne se kazalo deka Kadija te sudi Kadija te tuzi.
16-12-2010, 02:02 PM
Reply
montehristo Online
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#14

Quote:Иван Бабановски, еден од функционерите што во тоа време работел во СДБ, вели дека Котески бил „колатерална штета“. Поради совесност, чесност и карактерност не сакал да ги пријави луѓето од групата. „Сите беа следени и озвучени, му покажувавме снимки од нивните разговори, му посочувавме што разговарале тие, што говорел тој. Му кажав дека ќе ги апсиме и оти е греота и срамота и него да го апсиме. Јас докрај бев категорично против да се апси Котески. Мислев дека е апсурд еден човек, кој е добитник на највисоки национални награди, да го ставаме во група на луѓе со неиздиференцирани национални чувства, со некои пробугарски елементи, кои сами не знаеја што сакаат да постигнат со бомбите што ги ставаа“, објаснува Бабановски
Ма немој молим те Бабан да имал совест.
Која конструкција, од крвник сакаат да направат светец.
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 16-12-2010, 03:43 PM by montehristo.)
16-12-2010, 03:43 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#15

Мене не ми е јасно со кое лице зборуваат од ДПМНЕ против комуњарите и удбашите, против репресија врз Македонците за време на комунизмот, кога за министер го поставија Маневски и постојано го бранат.Ѓорѓи Наумов си го користат за да докажат дека си вистински вмровци...

Ова ми е исто како Латас кога ќе почне да зборува за комуњари кои станале транзициски богаташи, а сите знаеме дека неговиот Ѕинго е токму таков.

16-12-2010, 03:53 PM
Reply
montehristo Online
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#16

Ацко се ова мене ми личи како се уште живите удбаши ударајќи сега веќе во мртвите си свои колеги како да сакаат и да го пренасочат нашето внимание од нив самите кон веќе мртвите и друго ете да се покажат дека и тие имале душа нели демек тие тајно мислеле за Македонија али не смееле да писнат и зуцнат.
Значи демек еве сега ние јавно да се покажеме дека ние тајно сме работеле за Македонија, ни објаснуваат како тоа убивајќи ги родољубите всушност тие биле за Македонија, а самите мртви, ставајќи им зборови во нивните мртви усти, да ги прикажат ете тие работеле за Бугарија.
Според она што го пишува Марјан за УДБА, се повеќе сум уверен дека синот на Венко не е убиен од Бугарите туку од УДБА.
Жанр - Класика Кројач од Панама
Аввтор Бабан Цветановски Брокули 007
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 16-12-2010, 04:06 PM by montehristo.)
16-12-2010, 04:05 PM
Reply
montehristo Online
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#17

Туку по рекламирањето се гледа дека околу Комунишевски е собрана Македонската Комуњарска Десетка Штерјо-Пивка-Костов-Костов
An inch today is tomorrow’s mile.
16-12-2010, 05:39 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#18

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (7)

Полицијата не може да функционира без народот
[Image: 00EB7F20A430934795703C5B89E57B2A.jpg]

[„Еден соработник промени неколку национални партии, стана голем функционер и сега е најгласен заговорник на лустрацијата. И тој сега вика: ’Држете го арамијата’“: Иван Бабановски]

Целата лустрација се скрши врз Трендафил Ивановски, ова што му го направија е врвен неморал и лакрдија, вели Иван Бабановски

Виктор Цветаноски

Многу досиеја се уништени или исчистени по осамостојувањето на Македонија. Останати се само на оние што во изминативе дваесетина години не биле на високи функции и не можеле да се дојдат до нив. Ова го тврди Иван Бабановски, професор на Факултетот за безбедност, кој пред тоа работел како оперативец, инспектор и началник во СДБ.

„Кога најпрво дојде експертската влада на Никола Кљусев сите си се ’илустрираа‘, ги исчистија и нивните и досиејата на децата и на пријателите. И првата коалициска влада по прогласувањето на независноста на Македонија, го направи истото. Кога власта ја освои ВМРО-ДПМНЕ, прва задача на госпоѓицата министерка и на нејзиниот претпоставен беше да ѕирне во досиејата и да ’излустрира‘ се' што е нивно. И последниве го направија истото, си ги избришаа трагите од нивната работа во комунизмот, така што во архивите остана само ’боранијата‘. Целата лустрација се скрши на Трендафил Ивановски. Ова што му го направија е врвен неморал и обична лакрдија. Не бил соработник на УДБ-а, јас тоа добро го знам и затоа му се јавив и сам побарав да сведочам за да му помогнам“, вели Бабановски.

Истовремено нагласува дека е направена голема грешка што не биле досиејата навреме отворени. На тогашниот министер за внатрешни работи, Јован Трпеноски, му предлагал да се формира меѓупартиска комисија за таа намена. „Му објаснив, ако ги отвориме, ќе добиеме највисоки оценки за нашата национална свест, бидејќи знаев што сме работеле и никој не можеше да не прави ниту Срби ниту Бугари или нешто трето. А целиот тероризам ни беше увезен од Косово и од Албанија“, нагласува Бабановски.
[Image: C15F398B6AE1584E926FAFA54684DF99.jpg]

[Трендафил Ивановски]

Тој посебно подвлекува дека во службата работеле многу чесни луѓе, но и такви што ја злоупотребувале. Најголеми злоупотреби биле направени во годините по ослободувањето, кога покрај сувото, горело и суровото. Органите на власта ги следеле тие што ги предавале скоевците, комунистите и партизаните и им се одмаздувале. Вели дека кај нас најмногу биле прогонувани лица што имале пробугарска, ванчовистичка платформа, иако многумина од нив не знаеле кој е, всушност, Ванчо Михајлов, од кого некои создале легенда. Во одредени периоди кога власта преземала радикални мерки, како што била, на пример, колективизацијата, многумина што се спротивставиле биле репресирани. Тогаш криминалот и политиката биле ставени во ист кош. Кога, на пример, на селаните ОЗН-а им го одземала опиумот од афионот никој не сакал да каже дека таа го продава во странство како што сега се продава дрогата и со парите се купуваат лекови. На тие на кои им се одземал не им плаќале ни динар и ако се побунеле ги затворале. Тогаш сите што ќе кажеле спротивно мислење ги апселе.

Бабановски вели дека кодошењето било често појава. Тој посочува пример што најдобро говори за кодошката психологија. „Додека пиев кафе во еден ресторан, доаѓа кај мене еден информатор и ми вели: ’Синоќа бев на вечера кај кумот, постојано говореше против Тито и социјализмот‘. Го гледам и си мислам: ’Види го овој скот, бил кај кумот, го пречекал како свој човек и го нагостил, а тој утредента доаѓа кај нас да го кодоши‘. И ние во полицијата често говоревме за глупостите во политиката. Ако нас не' слушаше, некој отстрана што зборуваме, според таа логика, сите требаше да завршиме в затвор. Некој таму три месеци не зел плата и револтиран го опцул социјализмот и ние сега треба да поднесеме пријава и да го затвориме. Кога еден оперативец ми донесе таква пријава, ја искинав, а нему му објаснив пред да ја напише дека треба да види што е тоа што го натерало тој човек да го пцуе социјализмот. На бирократија тогаш најлесно и' беше да ги апси работниците“, истакнува Бабановски.
[Image: 4D3A606358E66840A03C86C254A91CC3.jpg]
[Еден шеф на УДБ-а ги прогласил Коле Манев, Иван Чаповски и Ташко Георгиевски за млади националисти на Скопје]

Тој објаснува дека во првата половина на шеесеттите години на минатиот век УДБ-а од секого многу лесно правела националист и непријател на државата. Доволно било некој приватно да разговара за третманот на Македонија во рамките на Југославија или за неправдите што и' биле направени во минатото да биде третиран како националист или сепаратист што ја загрозува безбедноста и територијалниот интегритет на државата. „Јас знам за случајот на еден шеф на УДБ-а на Скопје, кој сите оние што малку ќе се пројавеа интелектуално, ги прогласуваше за националисти. Тогаш Петар и Ташко Ширилов, Паскал Гилевски, Коле Манев, Иван Чаповски, Ташко Георгиевски, Благој Лактински, Васил Икономов и други беа заведени како млади националисти“, се сеќава некогашниот инспектор и началник на СДБ.

Според него, до тоа доаѓало во годините кога во службата работеле недоволно писмени луѓе, а имале голем револуционерен и боречки капитал. Подоцна таа се ослободила од нив и тогаш започнал процесот на нејзина демократизација.

„Се' до 1964 година сите не можеле да добијат пасош и ако веќе добиеле, тоа одело преку УДБ-а. Најчесто им се давале на луѓе што работеле за неа и кога ќе дојделе од странство, морале да ги вратат. Тие години на ниво на Југославија започна акција за потпишувањето на работните места што се сметаа за безбедносно значајни, а ние како служба требаше да водиме сметка кои луѓе ќе ги заземат нив. Сите што беа обележани како информбировци и ванчомихајловсти, тие што беа против колективизацијата, не можеа да бидат назначени на такви места“, подвлекува Бабановски.

Службата како инструмент на партијата и на државата решавала дали некој како дипломат треба да замине во странство или не. Бабановски лично дал виза за тројца македонски конзули во југословенските дипломатски претставништва. Тогаш од СДБ се барало мислење и за луѓето што работеле во Министерство за надворешни работи, како и за претставниците на трговските фирми во странство. Истовремено сите тие што заминувале во странство морало да соработуваат со службата.

„Никој не можеше да замине во училиште за резервни воени старешини ако не беше проверен од УДБ-а или, пак, не можеше да служи во гардата на ЈНА и да биде воена полиција ако ние за него не дадевме поволно мислење. Издававме илјадници уверенија за подобност. Само јас потпишав документ за подобност за 9.800 лица. Меѓутоа, на сите треба да ни биде јасно, службите за државна безбедност секаде во светот се однесуваат на сличен начин. СДБ е апарат, машинерија што произведува многу суптилен производ, и власта на секоја држава го користи за водење внатрешна и надворешна политика. Не може да се води политика со врзани очи. Тоа е така во сите земји, вклучувајќи ги и најдемократските“, истакнува Бабановски.

Долгогодишниот работник во Службата за безбедност смета дека институциите на македонската држава денес не се однесуваат така. Вели дека ние денес за она што се случува во Грција, Бугарија или во некоја друга соседна земја се информираме само од нивните весници. „Ние, на пример, за Грција постојано ги пренесуваме пишувањата на ’Та неа‘, ’Елефтеротипија‘ или на ’Катимерини‘ и само грчката вистина и' ја пласираме на македонската јавноста. Ние немаме никакви други сознанија и информации за Грција затоа што таму немаме сопствена мрежа. Исто се случува и со Бугарија. Мрежата што ја имавме ни ја декласира една госпоѓица. За тоа и ја наградија и беше поставена за директорка на македонска национална институција“, реагира Бабановски.

Според него, во Македонија можеш да работиш и за црниот ѓавол, а тоа никому да не му пречи. „Ние во државава имаме најголем проблем со македонските јаничари. Сега најлошо е да се определиш за Македонија и тој грев нема никој да ти го прости. Овие мои тврдења можам да ги илустрирам со многу примери. Ќе посочам само еден. Пред да почнеме да апсиме една опасна група, врбувавме еден од нив што ги предаде сите. Мене ме чуди како на националните партии што се изнедрија од ВМРО-ДПМНЕ, не им е јасно кој на кои национални позиции стои, кој што бил и кој какви идеи имал“, повлекува Бабановски

Истовремено, тој проценува дека денес во Македонија нема никаква безбедносна култура. Вели, кога Англичаните како туристи патуваат во странство и ако таму забележат нешто значајно за безбедноста на сопствената држава, штом ќе се вратат ги информираат службите. Кај нас луѓето се' повеќе бегаат од полицијата и сметаат дека е голем ерес ако отидат кај надлежните институции и ги информираат за нешто што е поврзано со безбедноста и заштитата на македонската државата. „Со таквиот индиферентен однос и правиме голема штета на сопствената држава. Полицијата и службите не можат да функционираат без народот“, заклучува Иван Бабановски, кој долги години работеше во македонската служба за безбедност.

Quote:Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 17.12.2010 12:50:03
Vo feljtonot se dadeni voglavno primeri, kade se raboti za zloupotrebuvanje na vlasta ili lichni presmetki. No za da se razbere obimon na zlostorstvata treba isto da se zemaat vo obzir pred se tie koi se ogreshija so zakonot i zavrshuvaa na Goli Otok ili Idrizovo samo zatoa shto nivnoto mislenje ne se vlklopuvashe vo oficijalnata ideologijai na Titoviot Rezhim. Imashe duri i Zakon za zashtita na makedonskata chest, koj beshe edinstven vo svetot, pa sekoj shto se chuvstvuvashe kako bugarin zavrshuvashe isto vo zatvor.

Од: jovan
Датум: 17.12.2010 13:02:33
Odlicno opisano kako treba edna seriozna bezbednosna sluzba da se ponasa i raboti. Za zal nie nikogas ne sme imale takva sluzba, a ja nema ni sega. Kako i sto napomenal avtorot, ovde seuste najopasno e da si Makedonec,pa zatoa denas politikata ni ja krojat Latasovci i janicari od toj tip, spremen za pari i privilegii da sluguvaat na sekogo. Tokmu takvite denes ovde najdobro ziveat i proagaat.

Од: literat
Датум: 17.12.2010 13:52:44
Имав можност долги години да бидам познајник со три лица од ДБК.И тројцата ми тврдеа дека не одговараат пред никого,туку секој од нив е тој што одлучува како и што ќе работи.Едниот од нив е во осумтемина,другиот веќе не е во ДБК,ама дебело ги наплаќа досиејата кои ги зел оттаму и е успешен бизнисмен,интимен пријател на еден од најголемите директори во МК и сопственик на најголемата фабрика од црната металургија кај нас.Третиот кој уште работи е по националност Влав и секогаш кога малку ќе потпивне рони солзи за Србија,ако е со југоносталгичари или за Бугарија ако е со бугарофили,ама се е тоа во интерес на државата нели.

Од: Pirin
Датум: 17.12.2010 15:19:12
Nikoj nemoze bez UDBA da bide naznacen za nekoi funkcii ili za vo stranstvo da biede nesto nekoja sluzba ili slicnost, se gleda kolku taa UDBA bila sposobnost da proceni i za toa drzavata vi se rasturi vo trepot na okoto, vazno vi bese vasite privilegii i nisto drugo , sega pak ste istite i na isti pozicii.

Од: ?!
Датум: 17.12.2010 16:08:40
Мислам дека сум надвор од се што би било третирано и од аголот на Бабамоски и од аголот на т.н. сега актуелен асанжизам на наш начин,но морам да признам дека заклучокот на крајот на Бабановски е реалноста во тоа време и реалниот заклучок дека тоа е начин за крепење на државата.А тие кои третираат информации, треба да бидат на највисоко ниво,каде ќе одберат што е игра и забава,што е даму пукне козата,а што вистинско загрозување на државата.Значи слаби со тенки вратови а дебело напумпани умови.Обратно од ова денешново.

Од: belomorec 3
Датум: 17.12.2010 17:46:03
Gospodine Babamovski,Od celiot tekst samo posledniot pasus Vi e na mesto.Drugoto e mizi asan da ti bajam.Gore spomenatite iminja,kolku jas gi poznavam ne znam dali bile represirani ili pak cel raboten vek ne se sprecuvani da napreduvaat vo svoite profesii tuku naprotiv,so site politicki garnituri suruvaat.Malku cudno spored Vasite sozaluvanja za imenovanite,Se plasam da slucajno se zrtvi isto kako i Trendafil Ivanovski.

Од: karokan "gambit"
Датум: 17.12.2010 18:40:53
Dzabe ti e tvrdenjeto,g-dine Babamovski deka :"Celata lustracija se skrsi na Trendafil Ivanovski,ova sto mu go napravija e vrven nemoral i lakrdija",koga toa nema da go sfatat ili nema da sakaat da go sfatat,tie na koi toj nemoral se odnesuva.Odi toa kazi mu go na "prosvetleniot" Felix (koj patem e deklarativno za vladeenje na pravoto,ama samo za ednata strana).Posebno sto toa go kazuva ekspert od kalibarot na avtorot,a nasiot Felix e alergicen na eksperti!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Inaku,mislam,"Utrinski vesnik" go objavi celoto dosie,od cija sodrzina i na laik (samo ne na Adziev) mu e jasno deka se raboti za dosie na represirano lice,a ne za dosie na sorabotnik na tajnite sluzbi!!!!

Од: bodan
Датум: 17.12.2010 192315
Со бледи бои се прави обид да се наслика хорор слика. Но крајниот впечаток не е тој. Ако со примерите за проследувањето на насликаните во прилогот се верува дека се доловува сликата за наводната жестокост и свирепост на УДБА, тоа не е доказ. Болуваме од фобијата и ние да бидеме во чекор со другите светови -ете и ние сме имале убијци, мачители и џелати во лицето на полицијата, која, како што на крајот се сугерира од искажувањето на разузнавачот Бабамовски, се грижела за безбедноста на државата, што за жал дека денес не е така. Денес безбедноста ни е како швајцарско сирење - полна со дупки низ кои мешетарат разни душмани, од ситe провиниенции.
17-12-2010, 09:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (8)

[Image: A8F3C0FB38E45E44A3D2A2AA81D73181.jpg]

[Тие години беа исполнети со многу трагични судбини, но тоа не може да биде доволна аргументација за да се извлекува општ суд за тогашниот систем, особено во Македонија: Иван Катадџиев]

Тоа беа ужасни времиња


„Во системот на тотална шпионажа, сакаа да знаат и како си го добил мајчиното млеко“ вели академик Иван Катарџиев, кој повеќе години бил следен од УДБ-а

Виктор Цветаноски


„Тоа беше до крај обесчовечен систем. Тоа беа ужасни времиња, систем на тотална шпионажа. Сакаа да знаат како си го добил мајчиното млеко. Од една страна, имаше вистински напор да се изгради релативна социјална сигурност на луѓето, да се подигне ентузијазмот за изградба на новосоздадената држава и да се школуваат кадри што ќе го понесат товарот на проблемите, а од друга немилосрдна недоверба кон луѓето. Немаше човек што не беше контролиран. Секој оној што претставуваше нешто во власта, или, пак, беше познат интелектуалец, беше следен за да се знае се' за него.“ Вака ги опишува академик Иван Катарџиев состојбите при крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години од минатиот век кога главниот збор го имала УДБ-а.

И тој и неговото семејство ги почувствувале страшните притисоци на службите. И денес не може да си објасни дали таквото однесување на УДБ-а имало свои корени во идеологија на системот, во копирањето на Сталиновата доктрина или, пак, во нашиот балкански менталитет. Според него, денешната лустрација нема никаква врска со тие жестоки години, бидејќи со неа се санкционираат само тие што соработувале со службите, но не и другите што биле главни режисери на човечките драми. „Што со оние што вршеле невидена психолошка тортура врз луѓето? Дали и тие ќе бидат санкционирани?“, прашува нашиот познат историчар.

Тој оценува дека тој систем, практично, работел против себе, затоа што со начинот на кој ги контролирал луѓето, создавал атмосфера на недоверба и предизвикувал одбивност кон власта, без оглед на тоа што се преземало на социјален план. Психолошкиот притисок бил неверојатно голем. Секој човек не можел да го издржи: или ќе се разболел, ќе станел пијаница, или ќе и' служел на власта како кодош, ќе кажувал се' што било и не било за луѓето околу него, за пријателите и за роднините за да се докаже како предан поданик на власта.

Академик Катарџиев ќе биде следен од УДБ-а најмногу поради тоа што бил дојден од друга држава. „Кон крајот на декември 1946 година дојдовме 20 студенти од Пиринска Македонија, со завршена гимназија, воспитани во духот на сталинизмот. Сметавме дека се гради нов свет, свет на братство и единство, на еднаквост и рамноправни луѓе. Тоа беа нашите сфаќања што беа резултат на пропагандата, која ни сервираше се' и сешто и ние тоа го голтавме како апсолутна вистина“, раскажува нашиот историчар.
[Image: 75DEBCD1563DF14F815BFB0DDF126D67.jpg]
[Драги Тозија, тогашниот шеф на УДБ-а, имал разбирање за состојбата на македонскиот историчар, па наредил да престанат да го следат]

Меѓутоа, таквите нивни соништа набрзо ќе бидат урнати, а Југославија и Бугарија, од најдобри пријатели, ќе станат најголеми непријатели. Титовото „не“ на Сталин ќе се прекрши и врз плеќите на штотуку дојдените студенти. Ќе се бара од нив да решат дали сакаат да останат во Македонија или, пак, да се вратат во Бугарија. Тогаш ќе си заминат14 студенти, а шестмина ќе останат, меѓу кои и Катарџиев. Нешто слично ќе се случило и со стотината средношколци од Пиринска Македонија кои летото 1947 година дошле на акција во Моноспитово, Струмичко, на кои македонската влада им доделила стипендии за да завршат за учител и потоа во родните места да ги учат Македончињата. Од нив, повеќето се вратиле, а во Македонија останале 17-18. Како награда за тоа што ја одбрале Македонија за своја иднина држава подоцна ќе платат мошне висока цена и тие лично, но и нивните семејства во Пиринска Македонија, кои ќе бидат интернирани од бугарските власти.

„Татко ми и мајка ми три години толчеа камен во источна Стара Планина, во Дели Орман, затоа што јас останав во Македонија. И браќата ми ги растурија. Брат ми Владо го испратија во рудникот за ураниум крај Софија. Таму ги праќаа непријателите на државата за да немаат пород. Од зрачењето на ураниумот станувале стерилни. Тоа беше жестока одмазда на бугарската власт поради тоа што не се вратив“, се сеќава академик Катарџиев.

Подоцна дознал дека УДБ-а имала подготвено список на сите пирински студенти што останале. На него бил и Катарџиев. Сите требало да бидат протерани на Запад. Да не биде екстрадиран, се заложил инспекторот Роман Лечевски. Другите ги однеле во логорот Герово, Хрватска, и оттаму ги протерале во Италија. Неговиот пријател Ѓорѓи Ангелов стасал во САД од каде што бил испратен да војува во Кореја. Кога се вратил, Американците му дале нова задача, да прислушува на Беласица.

Катарџиев раскажува дека првите години по ИБ ги поминал релативно добро, иако УДБ-а барала од него и од другите Пиринци илегално да влегуваат во Пиринска Македонија и да ја информираат што се случува таму. Му предложиле да стане претседател на бугарската емиграција на нивно на Југославија, но не се согласил. За да се ослободи од притисоците што се вршел врз него се пријавил доброволно да служи во ЈНА.

„Кога се вратив од војска се вработив во Институтот за национална историја и токму тогаш започнаа моите најголеми проблеми. Тогаш секој ден со сопругата одев пешки на работа. Еднаш таа забележа како не' следат двајца агенти. Ги препознавме по долгите кожни палта какви тогаш носеа сите удбаши. Не' следеа речиси секој ден. Ние што бевме дојдени од Пиринска Македонија бевме под постојана присмотра, бидејќи агенти на бугарската амбасада се интересираа за нас, а некој не' накодошил дека доаѓале и кај нас дома. Така, за мене и за моето семејство започна вистински пекол, сите преживувавме тешка психолошка драма. Во тој период на тотална шпионажа се отиде дури и до такви крајности да ми уфрлат човек во моето семејство, а на мојата сопруга и' нудеа љубов за да ги информира што работам и што мислам“, со нескриен револт говори Катарџиев.

Непрекинато бил следен цели пет години. Плашејќи се да не рече нешто пред неговите колеги што нема да биде по волја на власта, се повлекол во себе и со нив контактирал само службено. Тогаш го следеле тројца агенти: Ноне Оклески, Боро Деловски и некој Ацо, велешанец.

„Еднаш, три недели, секој ден, бев сослушуван од Ноне Оклески. Со незадоволство се сеќавам на тие долги и мачни испитувања. Една слика нема никогаш да ја заборавам и ќе ја паметам додека сум жив. Оклески со двете нозе дигнати на маса, го врти пиштолот в раце и ми се дери: ’Ти си бугарски агент! Признај! Можам да те убијам без да ми трепне око и да немам никакви последици, бидејќи ти си докажан бугарски агент’“, се сеќава Катарџиев.

Во 1962 година се формирала комисија за проверка на документацијата на УДБ-а. Тоа било прво чистење на досиејата. Член на комисијата, Вељо Брезовски, му кажал дека за него имало огромно досие што содржело многу невистини. „Пишувало со кого сум зборувал, што сум кажал, која книга сум ја зел од библиотека, во колку часот сум влегол во ВЦ и кога сум излегол. Ме кодошеле колегите. Претпоставував кои се. Брезовски ми рече дека го уништиле. Дали е така, не знам“, истакнува македонскиот историчар.

Во тоа време побарал да отиде на граница за да се види со своите, но не му дозволиле. Тогаш добил француска стипендија за специјализација, но и таму не можел да отпатува. Еднаш случајно се сретнал со братот на тогашниот шеф на УДБ-а, на Драги Тозија и во доверба му раскажал за маките што ги преживува со семејството.

„Му реков дека состојбата ни е многу критична, дека повеќе не можеме да го издржиме притисокот од УДБ-а. Ми вети дека ќе разговара со брат му. Така, еден ден не' повика Драги Тозија, на кого му ја објаснив сета ситуација. Ми рече дека ќе го испита случајот. По шест месеци, повторно ме повика и ми рече: ’Во службата нема ништо што би можело да те искомпромитира како непријателски елемент. Основната недоверба кон тебе е поради тоа што не си бил контактибилен во Институтот, си бегал од сите и никој не знаел што мислиш, освен она што го пишуваш во книгите. Сметај дека проблемот со тебе е решен. Јас ти овозможувам да заминеш за Париз’“, објаснува македонскиот историчар.

Меѓутоа, тоа не значело дека дефинитивно се спасил од УДБ-а. Во 1973 година одново бил следен. Се сомневале дека со Венко Марковски, новинарот Виктор Аќимовиќ и некои други лица подготвувал државен удар.

И покрај сите тортури што ги преживеал, Катарџиев смета дека тогашниот режим со социјалната политика, со настојувањето да им обезбеди школување на сиромашните, им отворил простор да се извлечат од бедата, да создадат какви-такви услови за егзистенција. И денеска кога размислува за тие години, вели дека не може да ја сфати таа голема противречност.

„Годините кога владееше УДБ-а беа исполнети со многу трагични судбини што говорат за тоа страшно време, но, сепак, тоа не може да биде доволна аргументација за да се извлекува општ суд за тогашниот систем, особено во Македонија. Потребна е длабока и поцелосна социополитичка и историска анализа на сите фактори, и материјални, и политички и идеолошки за да се дојде до релативно објективна оценка на тој период. Притоа во никој случај не треба да се заборави политичкото окружување и, пред се', жестоката реакција по создавањето на македонска држава“, заклучува академик Катарџиев.
18-12-2010, 02:06 PM
Reply
montehristo Online
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#20

Quote:Од: literat
Датум: 17.12.2010 13:52:44
Имав можност долги години да бидам познајник со три лица од ДБК.И тројцата ми тврдеа дека не одговараат пред никого,туку секој од нив е тој што одлучува како и што ќе работи.Едниот од нив е во осумтемина,другиот веќе не е во ДБК,ама дебело ги наплаќа досиејата кои ги зел оттаму и е успешен бизнисмен,интимен пријател на еден од најголемите директори во МК и сопственик на најголемата фабрика од црната металургија кај нас.Третиот кој уште работи е по националност Влав и секогаш кога малку ќе потпивне рони солзи за Србија,ако е со југоносталгичари или за Бугарија ако е со бугарофили,ама се е тоа во интерес на државата нели
Никој пред никого не одговара!??!!! Хм... Анархизмот некој го заменувал за Патриотизам
Но всушност се покажува дека тоа било менување на сопствениците, премин од прв бран во втор бран на општествено уредување, значи ако се согласиме дека во Македонија немало капитализам пред втората светска војна, (според едни размислувања неуспехот на приватизацијата и преминот од Комунизам во Капитализам во Русија се смета дека во општественото колективно помнење не постои помнење за капитализмот/нели Русија директно прејде од Феудализам во Комунизам/значи не постоеле пред дваесет години живи сведоци за тој капитализам да превземат или прелеат нешто од своето искуство во самиот процес на таа нивна приватизација) и затоа можеби таа наша приватизација се случи како се случи.
Ние сме имале Анархија, и сега ако гледаме на нашите УДБ-аши тие и не знаат што е тоа демократија, поготово ако ова се однесува за политичарите.
Никој не сноси одговорност за ништо, никој никому не одговарал тогаш а поготово сега.
Ако ова што го наведов е некоја законитост за која е потребно одредено време ете ги нашите обесправени деца како дигаат револуции против внуците капиталисти на нивните дедовци револуционери за нели да се створи некоја колективно помнење за нешто.
Или, ќе бидеме ли ние поумни и благословени ова да го избегнеме, да бидеме свесни и чесни.
Но, чесноста како да е некое загрозено суштество на работ на исчезнување.
Ме интересира мислењето на другите учесници.
An inch today is tomorrow’s mile.
19-12-2010, 02:15 AM
Reply