Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 4.14 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНСКИ МЕДИУМИ ?
Author Message
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Каква била дефиниција на омраза спрема Евреите поврзана со анти-семитизмот е погрешна, затоа што Семити не се само Евреите, туку и Арапите, Феникијци, Акади итн. Значи тоа треба да се ограничи на анти-јудеизам за да биде точно. Убаво си ја уловил авторката како го спомнува името Љубомир. Сигурно е по грешка.
16-02-2011, 11:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(10-02-2011, 11:24 PM)hristo Wrote:
(10-02-2011, 10:47 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Христо, дали ја гледаше емисјата на Оливера Трајковска.?? Ако не си гледал да ја гледаш репризата. Ваква фалба за Бранко Црвенковски како што стори Николче Младенов нема ни во штабот во Бихаќка.

Нешто фатив од емисијата, вториот дел. Вие ме ангажиравте на друг терен, а јас сум сам. Немам Комитет позади себе да имам играчи на разни полињаJeee. Еве што запомнив од Младенов. Кажа за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека се тимови кои носат ист дрес. Со ова ја потврдува вашата теза ( Групација на ветерани) дека тоа се играчи од еден центар.После кажа за ЛДП,и нивниот лидер Јово Манасиевски дека е тепан од двете големи партии...заедничко. Значи, тие со здружен напор елиминираат, можна, трета опција. Поточно, тој се изрази ВТОРА опција, зошто првите две ( СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ) се прва опција. После кажа дека Црвенковски нема ,парафразирам, легитимитет да стане Премиер, и дека ако сака СДСМ навистина да ја освои власта и нешто измени ке мора да даде јавна изјава дека нема да се меша во Извршната власт, ако СДСМ ја освои власта. Па, Младенов продолжи дека не очекува Црвенковски после мирниот период на претседникување да се врати на напорната програма на ,евентуален, Премиер. Каде е тука фалбата?

17-02-2011, 04:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

17-02-2011, 04:59 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Гледајте утре, интересно ќе да е.
Како само Бучко го закопа Бранче 00:07-00:15

(This post was last modified: 20-02-2011, 02:43 AM by Nikola.)
20-02-2011, 02:41 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Абе упатен ли е некој со програмава МПМ што се појави на ТВ, да не правам реклама на кабелската што ја имам, газда е по се изгледа Ќерим, нели има закон кој вика дека не смее да има и електронски и пишан медиум еден човек, додуша ова делува како некоја информативна ТВ која нема програма туку вести од сите области кои си ги одбираш да ги читаш. Зар не е незаконски?
20-02-2011, 01:49 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Реков не пишувам веќе зашто сметам дека нема потреба бидејќи нема спас. Ама не издржав. Вчера, инаку, Миленко откри дека Америка го направила земјотресот и цунамито во Јапонија. Е сега дали е тоа вистина можеби еден ден ќе дознаеме. Кај откри тоа, па и го искористи за заедно со неговиот гостин, експертот за сите области од општеството и светот, Влатко Ѓорчев, воедно претставник на владејачката демократска странка југославенског народног једињства во Собранието на РМ, да најдат дека ЕУ не е решение за Македонија и дека всушност се распаѓа, и ние нема што да бараме таму и треба да си бараме друг пат. Значи, од вчера и јавно и декларативно и по сите параметри и прописи јасно е дека политичарите кои ни се сега власт веќе најдоа друг пат-Замбија, Таџикистан, Русија, Сирија по кој треба да се движиме.
19-03-2011, 01:47 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(19-03-2011, 01:47 PM)Nikola Wrote: Реков не пишувам веќе зашто сметам дека нема потреба бидејќи нема спас. Ама не издржав. Вчера, инаку, Миленко откри дека Америка го направила земјотресот и цунамито во Јапонија. Е сега дали е тоа вистина можеби еден ден ќе дознаеме. Кај откри тоа, па и го искористи за заедно со неговиот гостин, експертот за сите области од општеството и светот, Влатко Ѓорчев, воедно претставник на владејачката демократска странка југославенског народног једињства во Собранието на РМ, да најдат дека ЕУ не е решение за Македонија и дека всушност се распаѓа, и ние нема што да бараме таму и треба да си бараме друг пат. Значи, од вчера и јавно и декларативно и по сите параметри и прописи јасно е дека политичарите кои ни се сега власт веќе најдоа друг пат-Замбија, Таџикистан, Русија, Сирија по кој треба да се движиме.

А, ние што идевме по курс по англиски, изгледа, сме направиле утка. Кажа Миленко и Влатче кој јазик стран да учиме??Razmisluva

19-03-2011, 02:38 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Никола, не се предавај:
Quote:Думи

Промени

Денеска во Македонија, барем шеесет насто од населението е незадоволно од квалитетот од своите политичари. Или пак, доколку се погледне од друг аспект: на повеќе од шеесет насто од населението им е се’ едно како живеат, како им се вика државата, како ќе им раснат децата. Политичката неактвиност на овој дел од населението ќе придонесе за одржување на статусот кво, и продолжение на исчекувањето за “подобро утре”. Промената кон поарен живот во Македонија зависи од самите нејзини жители, не од било кој друг. Додека некој од страна може да даде совет, да предложи насока или да понуди решение, состојбата нема да се промени, дури самите граѓани на Македонија не се запрашаат што можат тие самите да сторат за да си ги подобрат животите.

Во име на Групацијата на Ветерани Дисиденти при
Комитетот за демократизација на Република Македонија
Шакале

Пораката на Шакале е проста, и се однесува до сите вас разочарани во Македонија. Еве маку кураж од мене: угледај се на нас, ако ние сме комплетно посветени на состојбите во РМ - а реално немаме потреба од истото, бидејќи како иселеници живееме во држави какви што сакаме да биде РМ - тогаш вие што живеете таму и директно зависите од благосостојбата на држвата морате да ни конкурирате и да не посрамите со вашето залагање. Icon_lol
19-03-2011, 02:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ОПСЕСИЈАТА НА ПРЕМИЕРОТ ДОБИВА ОПАСНИ ДИМЕНЗИИ

Груевски пука со сето оружје по „А1“

Јасминка Догова

Ниту еден политичар, а не, пак, премиер, не смее да стигматизира медиум како што завчера повторно направи премиерот Никола Груевски, кој ги повика граѓаните со сериозна резерва да ги примаат информациите што доаѓаат од телевизијата „А1“ и од весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“, реагираат политиколозите. Повикот на премиерот дојде како одговор на нарачано прашање на конкурентските медиуми блиски до власта, кои побараа да ја коментира ситуацијата со непостојното писмо, кое еврокомесарот Штефан Филе го упатил до него. - Не треба да се верува на се што објавува „А1“. Затоа не можам да кажам ништо повеќе освен дека се работи за непрофесионален начин на водење новинарство. Ова е уште една пригода да ги повикам сите граѓани на Македонија, информациите што доаѓаат од телевизијата „А1“ и од весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“ да ги земаат со сериозна резерва и добро да ги проверат пред да почнат да им веруваат затоа што е очигледно дека пласирањето ваков вид информации станува некој вид практика во тие медиуми - изјави Груевски. Според професорот Мерсел Биљали состојбата е веќе алармантна и јасно кажува дека премиерот е длабоко вмешан во политичкиот процес што се води за „А1“ и за трите дневни весника. Тој оценува дека Груевски сатанизирајќи ги овие медиуми, сака да упати порака до фирмите да не се рекламираат во нив за што побрзо да згаснат. - Јавноста не е глупава и самата може да процени кој медиум известува погрешно и еднострано, затоа е непримерно еден премиер да се занимава со медиуми и со новинари, а Груевски цело време го прави тоа. Тоа зборува за неговиот целосен демократски дефицит со сериозни елементи на личност што има тоталитарни амбиции. Ваков пример во политиката можете да најдете само во времето на национал-социјализмот или во екстремниот комунизам. Во една зрела демократија тоа е недозволиво. Доколку во една нормална држава би се случил ваков настап на еден политичар против медиуми, неизоставно би следувала и оставка од функцијата - вели Биљали. Политикологот Владимир Божиновски реагира дека најмалку е работа на премиерот и на политичарите да кажуваат на кој медиум може да му се верува, а на кој не. - Ова е стигматизација на медиумите, а тоа не смее да се дозволи во една демократска држава. Медиумите секогаш треба да си ја вршат работата и да информираат, а доколку не успеат да ја пренесат информацијата стопроцентно точно, имаат свои новинарски форми како да го исправат тоа, било да е демант или исправка. Тоа нонстоп се случува со сите медиуми во државата. Според мене, проблем е ако медиумот не објави информација - вели Божиновски. Стручњаците се категорични дека во тој момент кога власта се дрзнува да критикува медиуми и новинари станува јасно дека на тој начин таа сака политички да се пресмета со нив. Пред неколку дена и вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, во Брисел со невидена леснотија ја посочи телевизијата „А1“ како пример за неплаќање данок, иако надлежните институции досега немаат излезено со точна сума на наводно даночно затајување, истрагата се уште трае, а документите, по правило, се даночна тајна. Наумовски пред европратениците и пресуди на „А1“, за која кажа дека должи девет милиони евра за неплатени даноци во последните пет години. Дури завчера во Македонија се потруди да се „извади“ дека информациите ги добил од медиумите, а за тоа колку данок има „А1“ платено, ќе требало да кажат надлежните органи. Уште од минатата есен Груевски почна со јавните жигосувања на серија митинзи на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кога во своите говори јавно повикуваше да не и се верува на „А1“. Тој потоа тоа неколкупати го кажа и во Собранието, на седниците кога пратениците поставуваа прашања. По упадот во телевизијата во ноември ќе биде запаметен и повикот на МВР до граѓаните да бараат санкции за „А1“, оти не известувала објективно, за што полицијата им понуди и бесплатна правна помош.

Објективно и независно информирање по теркот на А1. Фатени во лага за наводното писмо вината ја бараат на друга страна.
21-03-2011, 02:30 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Не можам да најдам проблем во изјавата на Груевски: едноставно пораува на луѓето да не земаат здраво за готово она што го кажува еден медиум, кој очигледно известува тенденциозно. Овие кои плукаат по искажаното од Грујица зарем не беа истите кои "Фокус" во деведесетите го етикетираа како "жолт печат"?
21-03-2011, 03:27 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Кој тоа тенденциозно Соленик? А1? Па тие во некоја друга земја од затвор не би излегле. Не е тоа тендециозно туку криминално. Фалсификување на писмо од дипломатски претставници не е веќе новинарство туку разузнавачка активност.
Сепак фалсификуваниот административец чисто се сомневам да потегне тужба иако глатко би ја добил во своја корист.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
(This post was last modified: 21-03-2011, 05:23 PM by МрачниотКоњаник.)
21-03-2011, 05:22 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(21-03-2011, 02:30 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:ОПСЕСИЈАТА НА ПРЕМИЕРОТ ДОБИВА ОПАСНИ ДИМЕНЗИИ

Груевски пука со сето оружје по „А1“

Јасминка Догова

Ниту еден политичар, а не, пак, премиер, не смее да стигматизира медиум како што завчера повторно направи премиерот Никола Груевски, кој ги повика граѓаните со сериозна резерва да ги примаат информациите што доаѓаат од телевизијата „А1“ и од весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“, реагираат политиколозите. Повикот на премиерот дојде како одговор на нарачано прашање на конкурентските медиуми блиски до власта, кои побараа да ја коментира ситуацијата со непостојното писмо, кое еврокомесарот Штефан Филе го упатил до него. - Не треба да се верува на се што објавува „А1“. Затоа не можам да кажам ништо повеќе освен дека се работи за непрофесионален начин на водење новинарство. Ова е уште една пригода да ги повикам сите граѓани на Македонија, информациите што доаѓаат од телевизијата „А1“ и од весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“ да ги земаат со сериозна резерва и добро да ги проверат пред да почнат да им веруваат затоа што е очигледно дека пласирањето ваков вид информации станува некој вид практика во тие медиуми - изјави Груевски. Според професорот Мерсел Биљали состојбата е веќе алармантна и јасно кажува дека премиерот е длабоко вмешан во политичкиот процес што се води за „А1“ и за трите дневни весника. Тој оценува дека Груевски сатанизирајќи ги овие медиуми, сака да упати порака до фирмите да не се рекламираат во нив за што побрзо да згаснат. - Јавноста не е глупава и самата може да процени кој медиум известува погрешно и еднострано, затоа е непримерно еден премиер да се занимава со медиуми и со новинари, а Груевски цело време го прави тоа. Тоа зборува за неговиот целосен демократски дефицит со сериозни елементи на личност што има тоталитарни амбиции. Ваков пример во политиката можете да најдете само во времето на национал-социјализмот или во екстремниот комунизам. Во една зрела демократија тоа е недозволиво. Доколку во една нормална држава би се случил ваков настап на еден политичар против медиуми, неизоставно би следувала и оставка од функцијата - вели Биљали. Политикологот Владимир Божиновски реагира дека најмалку е работа на премиерот и на политичарите да кажуваат на кој медиум може да му се верува, а на кој не. - Ова е стигматизација на медиумите, а тоа не смее да се дозволи во една демократска држава. Медиумите секогаш треба да си ја вршат работата и да информираат, а доколку не успеат да ја пренесат информацијата стопроцентно точно, имаат свои новинарски форми како да го исправат тоа, било да е демант или исправка. Тоа нонстоп се случува со сите медиуми во државата. Според мене, проблем е ако медиумот не објави информација - вели Божиновски. Стручњаците се категорични дека во тој момент кога власта се дрзнува да критикува медиуми и новинари станува јасно дека на тој начин таа сака политички да се пресмета со нив. Пред неколку дена и вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, во Брисел со невидена леснотија ја посочи телевизијата „А1“ како пример за неплаќање данок, иако надлежните институции досега немаат излезено со точна сума на наводно даночно затајување, истрагата се уште трае, а документите, по правило, се даночна тајна. Наумовски пред европратениците и пресуди на „А1“, за која кажа дека должи девет милиони евра за неплатени даноци во последните пет години. Дури завчера во Македонија се потруди да се „извади“ дека информациите ги добил од медиумите, а за тоа колку данок има „А1“ платено, ќе требало да кажат надлежните органи. Уште од минатата есен Груевски почна со јавните жигосувања на серија митинзи на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кога во своите говори јавно повикуваше да не и се верува на „А1“. Тој потоа тоа неколкупати го кажа и во Собранието, на седниците кога пратениците поставуваа прашања. По упадот во телевизијата во ноември ќе биде запаметен и повикот на МВР до граѓаните да бараат санкции за „А1“, оти не известувала објективно, за што полицијата им понуди и бесплатна правна помош.

Објективно и независно информирање по теркот на А1. Фатени во лага за наводното писмо вината ја бараат на друга страна.

Јас повеќе не верувам ниту во веста, која од А1 беше искажана повеќе пати, за пренос на 750.000 евра во шише фатени на маѓарската граница. Веројатно и обвинителството се сомнева во веродостојност на таа информација...и затоа не покрене постапка.Ех, само чекам да почнат вестите на Сител, Канал 5, МТВ да чујам објективна и проверена информација.
21-03-2011, 06:36 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(19-03-2011, 02:38 PM)hristo Wrote:
(19-03-2011, 01:47 PM)Nikola Wrote: Реков не пишувам веќе зашто сметам дека нема потреба бидејќи нема спас. Ама не издржав. Вчера, инаку, Миленко откри дека Америка го направила земјотресот и цунамито во Јапонија. Е сега дали е тоа вистина можеби еден ден ќе дознаеме. Кај откри тоа, па и го искористи за заедно со неговиот гостин, експертот за сите области од општеството и светот, Влатко Ѓорчев, воедно претставник на владејачката демократска странка југославенског народног једињства во Собранието на РМ, да најдат дека ЕУ не е решение за Македонија и дека всушност се распаѓа, и ние нема што да бараме таму и треба да си бараме друг пат. Значи, од вчера и јавно и декларативно и по сите параметри и прописи јасно е дека политичарите кои ни се сега власт веќе најдоа друг пат-Замбија, Таџикистан, Русија, Сирија по кој треба да се движиме.

А, ние што идевме по курс по англиски, изгледа, сме направиле утка. Кажа Миленко и Влатче кој јазик стран да учиме??Razmisluva

Па сме направиле изгледа џабе време на часови и пари. А и по школиве да интервенираме да се укине англиски, германски и француски, да учат децата свахили или како и да се викаше тој афричкиот и уште некој таков сличен како изборен, руски задолжителен.
21-03-2011, 06:57 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Е па решението е во Котле.
Доколку Комитетот реши да формира свој весник, јас од се срце би го подржил тој нивен потег.
Повеќето народ во Македонија нема пристап до, или нема време за интернет.
Секако весникот само ќе генерира загуба во почеток.
А целта е секако да се освести Македонецот. кој ќе биде долгорочна цел.
An inch today is tomorrow’s mile.
21-03-2011, 07:39 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(21-03-2011, 07:39 PM)montehristo Wrote: Е па решението е во Котле.
Доколку Комитетот реши да формира свој весник, јас од се срце би го подржил тој нивен потег.
Повеќето народ во Македонија нема пристап до, или нема време за интернет.
Секако весникот само ќе генерира загуба во почеток.
А целта е секако да се освести Македонецот. кој ќе биде долгорочна цел.

Е, за ова да си жив и здрав. Јас таа идеја од многу порано ја имам предложено.

21-03-2011, 07:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(21-03-2011, 06:36 PM)hristo Wrote:
(21-03-2011, 02:30 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: ОПСЕСИЈАТА НА ПРЕМИЕРОТ ДОБИВА ОПАСНИ ДИМЕНЗИИ

Груевски пука со сето оружје по „А1“

. Повикот на премиерот дојде како одговор на нарачано прашање на конкурентските медиуми блиски до власта, кои побараа да ја коментира ситуацијата со непостојното писмо, кое еврокомесарот Штефан Филе го упатил до него. - Не треба да се верува на се што објавува „А1“. Затоа не можам да кажам ништо повеќе освен дека се работи за непрофесионален начин на водење новинарство. Ова е уште една пригода да ги повикам сите граѓани на Македонија, информациите што доаѓаат од телевизијата „А1“ и од весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“ да ги земаат со сериозна резерва и добро да ги проверат пред да почнат да им веруваат затоа што е очигледно дека пласирањето ваков вид информации станува некој вид практика во тие медиуми - изјави Груевски.

Објективно и независно информирање по теркот на А1. Фатени во лага за наводното писмо вината ја бараат на друга страна.

Јас повеќе не верувам ниту во веста, која од А1 беше искажана повеќе пати, за пренос на 750.000 евра во шише фатени на маѓарската граница. Веројатно и обвинителството се сомнева во веродостојност на таа информација...и затоа не покрене постапка.Ех, само чекам да почнат вестите на Сител, Канал 5, МТВ да чујам објективна и проверена информација.

Веста за парите во шише ја пренесоа сите изданија на WAZ. А1, Време и Шпиц не ја пренесоа уште веста дека Хеди Рамковски е во бекство и деека е распишана потерница. Да се осмелиш да се повикуваШ'на непостоечко писмо од ЕУ фунционер е настан без преседан тој весник веке не би требал да има читатели.

Тоа што власта не го гони МПМ и Керима е работа која не е дел од оваа дискусија.

21-03-2011, 08:14 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Нема случај МПМ! Не го читавте интервјуот на Димитровски со Керим? МПМ викнало ревизори и што ти знам се, и тие утврдиле дека тоа не е вистина. Чекале експерти за да му погледнат на Душко во пасошот за да видат дека тој тогаш воопшто и не бил за Маѓарску... Каква унгарска полиција, царина, агенција за спречување прење на пари и сл., сите тие се неспособни и злонамерни и што би кажал Шоиќ: ’само клевеќу поштене бизнисмене’. Bag

21-03-2011, 08:43 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(21-03-2011, 08:14 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(21-03-2011, 06:36 PM)hristo Wrote: Јас повеќе не верувам ниту во веста, која од А1 беше искажана повеќе пати, за пренос на 750.000 евра во шише фатени на маѓарската граница. Веројатно и обвинителството се сомнева во веродостојност на таа информација...и затоа не покрене постапка.Ех, само чекам да почнат вестите на Сител, Канал 5, МТВ да чујам објективна и проверена информација.

Веста за парите во шише ја пренесоа сите изданија на WAZ. А1, Време и Шпиц не ја пренесоа уште веста дека Хеди Рамковски е во бекство и деека е распишана потерница. Да се осмелиш да се повикуваШ'на непостоечко писмо од ЕУ фунционер е настан без преседан тој весник веке не би требал да има читатели.

Тоа што власта не го гони МПМ и Керима е работа која не е дел од оваа дискусија.

Тие работи, борба против криминал, е апсолутна поврзана. Нели против А1 е отворена судска постапка заради прекршување на законите, а не поради уредувачката политикаSmajlito. Од кога обид за тајно пренесување на таква количина пари не е санкционирано со закон? А, за ова: “ Да се осмелиш да се повикуваШ'на непостоечко писмо од ЕУ фунционер е настан без преседан тој весник веке не би требал да има читатели“, мислам дека Груевски и дружината не го делат твоето мислење. Сигурно си е сигурно.

21-03-2011, 09:47 PM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8

Јордан еве ги твоите со граѓани Se_klanjam[/u]
Pishtoldzija
21-03-2011, 10:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(21-03-2011, 09:47 PM)hristo Wrote:
(21-03-2011, 08:14 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(21-03-2011, 06:36 PM)hristo Wrote: Јас повеќе не верувам ниту во веста, која од А1 беше искажана повеќе пати, за пренос на 750.000 евра во шише фатени на маѓарската граница. Веројатно и обвинителството се сомнева во веродостојност на таа информација...и затоа не покрене постапка.Ех, само чекам да почнат вестите на Сител, Канал 5, МТВ да чујам објективна и проверена информација.

Веста за парите во шише ја пренесоа сите изданија на WAZ. А1, Време и Шпиц не ја пренесоа уште веста дека Хеди Рамковски е во бекство и деека е распишана потерница. Да се осмелиш да се повикуваШ'на непостоечко писмо од ЕУ фунционер е настан без преседан тој весник веке не би требал да има читатели.

Тоа што власта не го гони МПМ и Керима е работа која не е дел од оваа дискусија.

Тие работи, борба против криминал, е апсолутна поврзана. Нели против А1 е отворена судска постапка заради прекршување на законите, а не поради уредувачката политикаSmajlito. Од кога обид за тајно пренесување на таква количина пари не е санкционирано со закон? А, за ова: “ Да се осмелиш да се повикуваШ'на непостоечко писмо од ЕУ фунционер е настан без преседан тој весник веке не би требал да има читатели“, мислам дека Груевски и дружината не го делат твоето мислење. Сигурно си е сигурно.

Христо, зборуваме за објективноста во информирањето не за различниот аршин на Владата во гонењето на криминалот. А1 чини катастрофални грешки со необјавување на веста дека Хеди Рамковски е во бекство на кого му прави услуга на Хеди Рамковски сигурно не. Лажното писмо ги дозакопа. За Талер да не зборуваме. Уредниците на А1 како да работат сами против себе.
21-03-2011, 11:45 PM
Reply