Соросоидите фатени во незаконско единство на печатени и електронски медиуми. Плус, и во советот за радиодифузија!
Од финансирањето на А1 телевизија, како и дневниот весник Дневник, над петнаесет години фондацијата Сорос на Владе Милчин (функционер на СДСМ), и неговите соработници, вршат контрола и злоупотреба на медиумите, и најголем дел од невладиниот сектор. Секако, без исклучок во полза на една партија, на СДСМ... Поставувањето на Горан Гаврилов од Канал 77 (син на трикратен градоначалник на СДСМ во Карбинци) - за директор на Огледало - Медиа Принт (Дневник, Вест и Утрински весник), и новоименуваниот член Столе Наумов во Советот за радиодифузија, дрскоста оди дотаму што соросоидите отворено го прекршија и законот за недозволена раководна и имотна поврзаност на пишуваните и електронските медиуми
Денес се потсетуваме на проектот ФАБРИКА, со кој пред четири години, тогашниот премиер од СДСМ Владо Бучковски, во соработка со маркетинг агенција на Петар Арсовски, собра група новинари кои имаа задача, за надомест од владини пари, да создаваат и објавуваат вести и информации со кои се фали Бучковски, Владата и СДСМ. Проектот беше откриен, а учесниците во него објавени. Со тоа пукна срам дека наводно добрата слика за СДСМ не била резултат од нивната работа, како и од јавно спротивставени информации и мислења, туку порачана и платена од наши, јавни пари.
Петар Арсовски, од агенцијата ФАБРИКА, е син на актерот Перо Арсовски кој е член и активост на СДСМ.
Во проектот ФАБРИКА, помеѓу останатите, се објавија имињата на Борјан Јовановски, кој потоа од Сител замина во А1 Телевизија, Сабина Факиќ и Герман Филков уредници од А1 Телевизија, Бранко Геровски тогаш уредник од Дневник а денес во Шпиц ... накусо, имиња и медиуми кои, по задача, и ден-денес во јавноста се најостри застапници на ставовите од полза на СДСМ.
Бучковски, таа навика да создава лажна слика за себе и за СДСМ, и нарачана критика на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, веќе ја имаше пробано во пракса. Имено, беше фатен и дека негови соработници од Министерството за одбрана, од владини телефони, се јавувале на анкета во Чуму, А1 телевизија - за да ги наштимаат резултатите од анкетата во полза на СДСМ и Бучковски. Во таа анкета на А1, нормално, СДСМ и Бучковски имаа поддршка од јавноста. Но, веднаш потоа, група новинари кои не се под контрола на Сорос и СДСМ, со изводи од телефонските сметки докажаа дека гласањето во телефонската анкета било манипулирано. Формално, Бучковски го смени надлежниот началник од Министерството за одбрана, без никакави понатамошни последици по истиот.
Оттогаш, Милчин со фондацијата Сорос, како и новинарите и медиумите блиски до него, ја интензивираат активноста. Нескриено и упорно водат брутална јавна битка против своите неистомисленици. Собираат трибини против медиуми и новинари кои не се на нивна линија. Здруженито на новинари, кое се кофинансира со проекти и од парите на Сорос Фондацијата, а имаат дури и заеднички функционери, преку Судот на честа на ЗНМ, редовно јавно објавува осуди и пресуди на новинарски текстови од автори кои не се на линија на Сорос фондацијата... се до поттикнување колективни тужби против новинар кој со години бара одговорност од Милчин за узурпација, партизација, компромитација и криминализација на медиумскиот и невладиниот сектор од страна на соросоидите, а за потреби на една партија, на СДСМ.
Сорос фондацијата финансира и билтен Огледало, НВО-информатор кој, божем, следи што пишуваат медиумите за одредени прашања па прави оценка на пишувањата која ја испраќа до јавноста и дипломатите. Нормално, во тие оценки, медиумите и новинарите кои финансиски се најблиски до Милчин и Сорос - се демократски и проевропски ориентирани, а другите се тенденциозни, субјективни и евроскептични. Така, по скратен пат, дипломатите добиваат подготвена оценка за квалитетот и објективноста на медиумите, и создаваат свои ставови.
Но, сите пари потрошени за активностите на соросоидите, а тоа се пет милиони евра од Фондацијата Сорос секоја година, плус партиските пари од СДСМ, не даваат очекуван резултат. На СДСМ не му оди, медиумите кои се блиски до нив се исто така во криза, и стануваат се порадикални и поекстремни во настапите, а Фондацијата Сорос обезличена, прочитана, станува веќе предмет на јавен срам, без моќ и потенцијал да влијае, освен со финансиска интервенција.
Од тие прични, откако сите пари и инструменти во медиумите и невладиниот сектор не дадоа резултат, соросоидите преминуваат кон дрскост која е јавно кршење на законот - само да се добие дополнителна контрола врз медиумскиот простор, и да се ажурира активноста во полза на СДСМ.
Деновиве, по неколку години успешна работа, досегашниот директор на Огледало - Медиа Принт (Вест, Утрински и Дневник) Миле Јовановски ја напушти таа функција. На негово место, на општо изненадување, дојде Горан Гаврилов од Штип. Гаврилов, со Гордана Стошиќ, уредничката на Утрински Гордана Дувњак, поранешниот уредник на Дневник, а сега на Шпиц Бранко Геровски, и неколку други лица, важат за главни соработници на Владимир Милчин, извршен директор на Сорос фондацијата, и функционер во СДСМ над десет години.
Горан Гаврилов е директор и газда на приватното национално радио Канал 77, и никогаш ниту бил новинар, ниту има врска со печатени медиуми за да биде директор на Медиа принт, кој се занимава токму со тоа. Тука, освен стручен, се појавува и функционален проблем. Директор на Медиа принт е човек кој контролира продажба на рекламен простор и во Дневник, Утрински и Вест и во своето радио Канал 77. Прашање е на претпоставки колку конфликтот на интереси, можно пренасочување на огласувачи, ќе дојде до израз.
Бидејќи на Гаврилов не му се препораки ниту стручноста во пишуваните медиуми, ниту новинарското искуство, останува прашањето што го препорачало за директор на Огледало - Медиа принт. Остануваат уште двата други фактори. Моќта на Сорос со која располага делегирана од Милчин, и блискоста со СДСМ. Имено, неговиот татко е трикратен градоначалник на СДСМ во Карбинци, село блиску до Штип. Но, има и други, законски пречки за Горан Гаврилов да биде директор на Огледало - Медиа принт. Тоа е имотната и раководна поврзаност на електронски и печатени медиуми, која со закон не е дозволена.
Имено, Горанчо Гаврилов од Штип од 17.2.2010 година е новоназначен директор на ОГЛЕДАЛО ДОО Скопје, фирма регистрирана во 2000. година - на улица "11 Октомври" број 32, Скопје. (ЕМБС 5412684). Фирмата се занимава со новинско-издавачка дејност, и основана е од Дончо Мирчев, Горан Михајловски, ФЕРШПЕД Скопје и ОСТ Холдинг од Австрија.
Истиот Горанчо Гаврилов е и единствен основач, и управител, на ГБЦ Комуникации ДООЕЛ Штип, фирма основана во 1989 година. (ЕМБС 4124189). Оваа фирма од 1989. година е сопственик на националната радио станица Канал 77 од Штип (ЕМБС 5225329).
Фирмата ОГЛЕДАЛО, на која е Горан Гаврилов управител, е основач на МЕДИА ПРИНТ МАКЕДОНИЈА, издавач на Дневник, Вест и Утрински. МЕДИА ПРИНТ е основана во Скопје, во 2003 година. (ЕМБС 5807913).
Непобитно е дека постои раководна и имотна поврзаност на Горан Гаврилов, од електронските медиуми, со печатените медиуми, пред се со весникот Вест, кој е издаван од Медиа Принт Скопје.
Побаравме став за овие незаконски појави од првиот човек на Медиа Принт групацијата, Срѓан Керим. Одговорот ни е најавен за утре.
Сега треба да реагира Советот за радиодифузија. Оној Совет, во кој седеа братот на Јани Макрадули, и шефицата на кабинет на Ристо Пенов... чиј претседател е Зоран Стефановски, дојден таму по предлог на Тале Герамитчиоски, функционер - заменик-министер од СДСМ... Зоран Стефаноски, чија жена беше на листата на СДСМ на последните избори во Прилеп. Тој Совет сега треба да реагира, и да влијае: или разрешување на Горан Гаврилов од местото директор на Огледало - Медиа Принт групацијата, или повлекување на концесијата за националното радио Канал 77. Трето нема.
Или има. СДСМ и Сорос навреме мислеле на се, па и на тоа како цврсто и целосно да се задржи контролата врз невладиниот и медиумски простор. Во Советот за радиодифузија е новоименуван член - уредник од Канал 77 од Штип, Столе Наумов! Сега Столе Наумов треба да носи одлука со која се нанесува штета на неговиот газда од Канал 77, и шеф, Горан Гаврилов.
И тоа токму во време во кое Столе Наумов, Горан Гаврилов, Роберто Беличанец, Бранко Геровски, Борјан Јовановски, Милчин... организираат генерациска смена. Во тек е акција за замена на првите луѓе во Советот за радиодифузија, на кој треба да шефува токму Столе Наумов, и во Здружението на новинари, кое треба да падне под Борјан Јовановски и Бранко Геровски, странично помогнати од уредниците на ФОКУС, неделник близок до СДСМ, како и до Љубе Бошковски и Љубчо Георгиевски.
Што ќе следи?!
|