Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 9 Vote(s) - 3.56 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Латас бил соработник на српската тајна служба
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,481
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:ВЕЧЕР НА ГОСТИ КАЈ СВЕТЛАНА РАЖНАТОВИЌ - ЦЕЦА


Маж како Аркан не се наоѓа!


Среќна сум што ми се случи вистинска љубов. Некој, на пример, целиот живот го минува и не доживува такво нешто. Но не го затворив срцето за повторно да сакам. Може да ми случи нешто исто така големо и би била навистина среќна. Животот оди понатаму, назад нема, но велам љубовта не се бара, таа се случува...


Ако прочитам нешто за себе што не е примерено или е грдо, не одговарам. Никогаш не одговарам. Повеќе сакам да премолчам, па нели - кучето лае, ветрот носи се


Некои се воодушевуваат на нејзината музика, а некои не сакаат ниту името да и се спомене. Сон е на многу мажи, предмет на озборување на нивните сопруги. Но едно е неспорно Цеца или Светлана Ражнатовиќ е вистински музички феномен и и во партали би изгледала совршено. Меѓу албумите прави огромни паузи и снима само кога, како што вели, ќе ги најде вистинските песни, но тоа не ја спречува да ги руши концертните рекорди и да биде постојано во центарот на вниманието.

За скопскиот концерт, новиот албум, љубовта... зборувавме на нејзин терен. Цеца ги отвори вратите на својот дом во Белград само за читателите на ВЕЧЕР, а во пресрет на големиот скопски концерт во организација на Гуливер милс закажан на 26 ноември во Борис Трајковски".
Подгответе се, следува вечер полна со многу музика и добра журка", ветува Цеца.

Во моментов го работите новиот албум. Дали и овојпат ќе се задржи традицијата истиот на пазарот да се најде некаде во јуни, односно околу Вашиот роденден?
Цеца: Мислам дека, сепак, ќе биде јуни, веројатно, нема да стигнеме да биде порано и да сакам. Дај Боже да се случи порано, но мислам дека дефинитивно ќе биде јуни. Има доста работа, долго ги биравме мелодиите, сега се прават аранжманите, а тоа всушност е најдолгиот дел од работата. Марина Туцаковиќ веќе ги работи текстовите, мене ќе ми требаат околу седум дена да отпеам се, но тоа е најмалиот дел од работата. Екипата претежно ја сочинуваат старите соработници, но има и нови. Всушност, ќе видите што подготвувам. Веќе имам изграден и препознатлив стил, фолк-поп, што значи дека албумот нема да биде далеку од она што го работам.

По подолга пауза повторно доаѓате на концерт во Скопје. Што ќе им порачате на фановите и што може да очекуваат на 26-ти?
Цеца: Подгответе се, следува вечер полна со многу музика и добра журка. Да, ќе има многу музика и ќе се обидам да направам добра атмосфера. Всушност, во тоа и воопшто не се сомневам, затоа што ја познавам македонската публика, фантастична е. Едноставно знаат да уживаат во музиката, така што можам да ветам дека атмосферата ќе биде одлична, ќе има многу музика, многу хитови. Затоа, дојдете добро да се забавувавме.

Честопати на настапите Ви се случува да отпете и по некоја македонска песна. Дали можеби сте размислувале да снимите нешто на македонски?
Цеца: Да, Зајди, зајди" е мојата омилена. А да снимам?! Уххх..., па идејата ти е добра. Зошто да не, мене воопшто и не ми е проблем да го изговарам македонскиот јазик, затоа што сум од југ и мислам дека тоа би било супер. Идејата е супер и навистина ти благодарам, ќе се потрудам да ја претворам во реалност. Можеби и не би било лошо да не обработувам некоја стара песна, туку да се направи некоја нова. Ако некој македонски композитор се досети, зошто да не, навистина.

На таблоидите сте им можеби најинтересната личност во Србија, а всушност не влечете по себе папараци, не провоцирате...
Цеца: Да, затоа што не сум некој кој им дава повод ниту ја провоцирам седмата сила. Навистина го молам Бога да ме има што помалку во медиумите, а колку јас не сакам, толку ме има затоа што ги продавам весниците. Не го прават тоа дека пукнале од љубов по мене, туку затоа што им ги продавам весниците, а тоа е битно. Оној момент кога ќе престанам да го правам тоа, нема ни да помислат на мене. Но што да се прави, тоа е цената на популарноста.

Постојано велите дека сакате да го сретнете човекот на својот живот, а јавно освен Владимир Цветковиќ, или барем со потврда по Аркан, немало ниту еден човек покрај Вас...
Цеца: Во принцип сум човек кој мисли дека е подобро да се биде сам отколку со кого било. Ако гледам дека нешто не ми одговара или не сме компатибилни за забавување или некој соживот, подобро е тоа на време да се расчисти. Подобро така отколку да се продлабочува нешто што и сам гледаш дека нема да може да заживее.

Го споменавме Аркан. Своевремено се пишуваше дека Цеца го запросила, па дека Аркан го направил првиот чекор... Кој беше, всушност, иницијаторот?
Цеца: Ха, ха, ха... Постојано се шегувам и велам дека јас го запросив. Но не, се разбира, тој традиционално ме побара за жена и имав мошне романтична просидба и венчавка. Што се однесува до Жељко, тој засекогаш ќе биде мојата најголема љубов.

Имате изјавено дека и да не ви се случи нова, голема љубов во живот нема да зажалите затоа што човекот кого најмногу го сакавте го имавте крај себе. Зарем престанавте да верувате во љубовта?
Цеца: Да, ја имав таа голема љубов и среќна сум. Некој, на пример, целиот живот го минува и не доживува такво нешто. Но, не го затворив срцето за повторно да сакам. Може да ми случи нешто исто така големо и би била навистина среќна. Животот оди понатаму, назад нема, но велам љубовта не се бара, таа се случува.

Неодамна имаше интересен напис поврзан со Вашиот син Вељко, во кој изјавивте дека ќе го следите при вечерните излегувања се додека не стане полнолетен. Зарем навистина ќе го правите тоа?
Цеца: Ха, ха, ха... Да имаше. Се шегував и го реков токму тоа. Кога ја виде рекламата на телевизија, Вељко ми рече: Леле, ова си го кажала за да ме посрамотиш пред друштвото?". Немав што да му одговорам освен: Ма, измислуваат!" Ха, ха, ха...

Дали сте строга мајка?
Цеца: Да. Мислам, авторитет сум. Кај нас се знае што треба што не. Децата се воспитуваат практично од раѓањето, од мали нозе, така што уште оттогаш знаат што може, а што не. Што дозволувам, што не. Зборуваме, речиси секоја желба која е нормална, реална, им ја исполнувам. Не ги воспитувам да бидат лоши, разгалени. Некогаш на децата им се гледа низ прсти, па и некоја палавштина им се простува. Па, сепак, се тие само деца и ние сме поминале низ тоа. Имам разбирање и за нивниот пубертет. Но, што се може се може, што не, не. За некои работи дури не смеат ни да ме прашаат, затоа што знаат дека одговорот е - Не! Ха, ха, ха...

Што со Анастасија, дали таа има благослов од мама да се занимава со музика?
Цеца: Да, мене ми е важно да заврши колеџ, да стекне образование, а музиката во тоа време нека и биде хоби. Но кога ќе заврши, тогаш нека се занимава музиката ако сака. Немам проблем, напротив, мислам дека музиката е најубавата можна работа. Ако некој веќе има талент, тогаш треба да го прави тоа. Музиката е најдобрата можна работа за прикривање на чувствата. Јас ја обожавам и ако мојата ќерка реши да се занимава со оваа професија, секако дека ќе ја поддржам.

Ако ја оставиме музиката на страна, веројатно, многумина би сакале да знаат како се негува Цеца и како ја одржува линијата, со оглед на тоа дека со години е буквално непроменета.
Цеца: Јадам се, инаку не сум некој тип кој сака теста, слатки. Тоа не го сакам. Исхраната ми се базира на месо, салати... Компирот го сакам во сите облици. Не сум некој гурман. Некогаш ми се случува и да заборавам да јадам. Ќе се досетам доцна дека ништо не сум јадела. Тоа не е здраво, но понекогаш снимам, работам по цел ден и ми се случува. Имам генетска предиспозиција да бидам витка и фала му на Бога за тоа. Не сум некој кој може да вежба и тип кој држи диети затоа што сум голем хедонист. Да ми каже некој дека морам да бидам на диета, мислам дека би го јадела и она што го сакам и она што не. А не вежбам, знам да почнам и да ме држи желбата околу 6-7 месеци. Откако ќе ми помине, престанувам и не се ни помрднувам воопшто и така ха, ха, ха...

Поранешна претседателка на фудбалски клуб, жена која постојано била опкружена со спористи, а не сака спорт...
Цеца: Ха, ха, ха,... Па не мора да значи дека морам и јас да вежбам со нив.

На што прво помислувате кога ќе ви ја споменат Македонија?
Цеца: На веселба.

Да не се договарате за одговоров, многумина го кажуваат истото?
Цеца: Ма не, така е затоа што Македонците најубаво се веселат и многу се музикални. Уште кога како дете доаѓав во Македонија, сите пееја, се веселеа. Некако таа слика ми стои во сеќавањето. И гурмани се, сакаат да јадат, имаат убава храна, сакаат да се напијат. Ние од југот сме многу слични, ма исти. И по менаталитет и по се.

Ги споменавте турнеите од младоста. Ајде малку да се вратиме низ времето и во периодот на Цветак зановетакк. Можете ли да ја споредите естрадата тогаш и сега?
Цеца: Кога во '88 година се појавив со албумот Ја сам цветак зановетак" имаше многу повеќе почитување, многу повеќе вистински талентирани луѓе. Денес секој може да сними албум, секој може да зборува што сака и секој може да навредува. Без никаков кредибилтет да зборува против некого кој оставил голема трага зад себе. Тотален хаос и малку сум разочарана поради тоа, но јас не припаѓам во таа фела луѓе. Повеќе и припаѓам на онаа постарата гарда, иако кога почнував, бев дете, а тие веќе беа вистински ѕвезди и господа.

Велите не припаѓате на хаосот кој владее, а сте имале ли некој проблем, конфликт со помладите колеги?
Цеца: Не. И ако прочитам нешто што не е примерено или е грдо, а се однесува на моето име, лик и дело, не одговарам. Никогаш не одговарам. Повеќе сакам да премолчам, па нели - кучето лае, ветрот носи се.

Каква музика слуша Цеца приватно?
Цеца: Се, се што им годи на моите уши. Навистина е така, музиката ја делам на добра и лоша, она што ми се допаѓа го слушам без разлика што можеби не е од жанрот со кој се занимавам професионално.

Многумина за Вас велат - Цеца е феномен, по три-четири години нема албум, а ги руши концертните рекорди. Ретко кому без хит такво нешто му успева.
Цеца: Траам 23 години, зад себе имам преку 100 хитови. Денес веќе и да не снимам албуми, луѓето ќе ги сакаат тие мои песни. Новите албуми не ме условуваат да правам концерти. Имам многу хитови, па кога ќе дојде време и мене да ме нема, тие ќе останат да се слушаат.

Има ли песна за која жалите што не е Ваша?
Цеца: Има, има...И тоа доста. Па не можам и јас се да имам ха, ха, ха...

А има ли песна за која се каете што сте ја снимиле?
Цеца: Секоја имала своја приказна и свое значење. Не знам, не можам да се сетам во моментов. Еве на пример, кога ја снимив Цветак зановетак" бев многу тажна мислев дека ќе се подбиваат со мене на училиште. Реков дека воопшто не ми се допаѓа, а беше хит.

За разлика од колешките кои со секој албум го менуваат имиџот, Цеца со ситни промени речиси секогаш е иста, добро, ако од ова се изземе русата нијанса. Се плашите од промени или?
Цеца: Да, бев руса, сакав да направам некој излет, некоја драстична промена, но не ме држеше долго. Не сум таков тип. А и секогаш кога ќе поминев покрај огледалото, се чудев, јас и руса коса?! Ма, не сум тоа јас. По Ушќе се вратив на старо.

Александра Тимковска
Фото: Ѓ.Личовски
http://vecer.com.mk/?ItemID=268A6AAE8369...452D342F1B
Погледни бе Цецо на некоја трибина на Маракана, во Падинска Скела и слични места.
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 16-11-2010, 02:35 PM by montehristo.)
16-11-2010, 02:34 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Еве како Србинот Драган Павловиќ-Латас го брани србскиот кич во Македонија:

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F7BA3861...B02A280D4B
18-11-2010, 11:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,236
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:

Битка за профитот од српскиот кич

На пазарот најмногу се води битката околу емитувањето на српските емисии

[Image: BD01865F2AD442409AE2C04A1BEAE0F3.jpg]

Светлана Унковска

[b]Влезот на српската медиумска групација „Пинк“ на македонскиот пазар ќе предизвика големо влијание врз гледаноста на домашните телевизии. Публиката, која досега некои од забавните емисии и реални шоуа ги гледаа на каналите на националните телевизии, во иднина ќе продолжат да ги следат на програмата на новата телевизија Пинк 15.[/b]

Се чини дека најпогодена ќе биде А1 телевизија, која го емитува реалното шоу „Фарма“, што е во директна продукција на „Пинк“.

Од друга страна, експертската јавноста реагира на се' поголемиот наплив на српска продукција и вели дека е згрозена поради несериозниот однос не само на власта туку и на самите медиуми, кои на своите програми повеќе имаат српска програма отколку македонска.

Сопственикот на оваа медиумска групација, Жељко Митровиќ, на завчерашната прес-конференција откако обзнани дека ја купил К-15 телевизија, најави дека на новата телевизија, покрај тоа што ќе продефилираат познатите ѕвезди на „Гранд“, гледачите ќе можат да го следат и реалното шоу „Фарма“.

Она што останува непознато е под кои услови матичната продукција ќе ја префрли на Пинк 15. Програмскиот директор на А1 телевизија, Анета Кочишки, не сакаше да одговори дали имаат најави дека договорот ќе биде раскинат или, пак, временски истекува.

„Жал ми е, но вашите прашања се во доменот на деловна тајна. Не можеме да ви дадеме никаков одговор“, кратко ни изјави Кочишки, која не сакаше ниту да даде оцена како во телевизијата гледаат на влегувањето на Пинк на медиумскиот пазар и дали очекуваат дека тоа ќе ја загрози нивната гледаност.

Директно загрозена не се чувствува Сител поради тоа што тие не емитуваат ниту една од емисиите што е во продукција на „Пинк“ или на „Гранд“. Но, и на оваа телевизија со национална концесија голем број од емисиите се во српска продукција.

„Моментално немаме никаква врска со Пинк. Реалното шоу ’Преживеани‘ е на „Вида медија“, а другите емисии се на ’Ендемол‘, ’Емоушн‘ и уште некои други српски продукции“, вели Игор Мурговски, од програмскиот сектор на Сител телевизија.

На пазарот на конкуренција, кој сега уште повеќе се разгорува, најмногу се води битката околу емитувањето на српските емисии, најмногу на на А1 и на Сител. Неодамна во интервју за една телевизија експремиерот Љупчо Георгиевски рече дека ваквиот наплив на српска продукција сериозно го загрозува македонскиот национален идентитет.

„На национален план актуелната влада води една чудна политика под плафонот и платформата дека тие се најголеми бранители на македонскиот национален идентитет. Она што јас постојано го зборувам е што, за жал, ние денес се соочуваме со најголемата рејугословенизација на македонскиот идентитет“, истакна Георгиевски.

И експертската јавност жестоко реагира на ваквиот тренд наместо да се негува македонскиот национален идентитет, што е основна функција на медиумите, се' повеќе на програмата да имаме српска програма.

„Тоа е србизација, враќање на југословенското и тоа е против основната функцијата на медиумите. Македонија се наоѓа во време кога се' уште не е решено македонското национално прашање, а медиумите треба да бидат двигатели и одраз на промените во општеството. Но, од она што сега се случува, јас се згрозувам и за мене претставува срам. Тоа е немање свест и професионализам на луѓето што работат во медиумските куќи и она што го гледаме е девалвација на нивното постоење“, реагира Лилјана Силјановска, професор по комуникологија на Универзитетот на Југоисточна Европа. (Св.У.)



(18-11-2010, 11:21 PM)hristo Wrote: Еве како Србинот Драган Павловиќ-Латас го брани србскиот кич во Македонија:

Утрински весник повторно со говор на омраза кон србите


Почитувани,

Ви се обраќам со реакција на вашиот текст објавен на насловната страница на Утрински весник на 18 ноември 2010 година, четврток, а под наслов: Битка за профит од српскиот кич.

Текстот е навреда на Србите, како во Македонија така и пошироко, а и поттикнување на верска, етничка и национална омраза. За истото ви најавувам и кривична пријава и тужба пред надлежен суд во Скопје. Тужбата ќе биде упатена на Утрински весник, на главниот и одговорен уредник на весникот, а и на новинарот, автор на текстот, Светлана Унковска.

Во тој текст правите основно кршење на етничките вредности, права и поттикнување етничка омраза кон Србите, пишувајќи дека јавноста е згрозена од напливот на српската продукција на македонските медиуми. Уште во самиот наслов, каде што одредена појава се врзува за етничка содржина, формулирана како српски кич, е расизам. Кич, спротивната страна на уметноста, не е српски кич туку појава сама по себе, присутна секаде. Освен ова, не постои дефиниција што е кич, а што не е. За мене е кич постоењето на вашиот весник, но за вас тоа е егзистенција. А, за вашите читатели тоа е весникот што го избрале.

Појавата на етничка нетрпеливост и расизам ја гледам и во повикот Македонија да се брани од србизација, затоа што се пуштаат, според вас, премногу српски филмови и серии. Дали кон вашиот став ќе приклучите и нечија изјава, вас тоа не ве амнестира од одговорност.

Треба ли Македонија да се брани од исламизација затоа што имаме џамии? Од католизацијата затоа што имаме католички цркви? Од туркизација поради популарноста на турските серии... или тоа со турските серии е нешто друго? За вас, поинакво. Кога би ги користел вашите критериуми, би рекол дека не ви пречат турските серии затоа што вашиот генерален директор, Срѓан Керим, е Турчин. Вашиот долгогодишен главен уредник и основач, Ерол Ризаов, е Турчин... дали затоа не ви пречат турските серии и музика, а ви пречат српските?

Во текстот како непожелна појава истакнувате дека во Македонија влегува српската, нагласено според етничка припадност во неколку ваши текстови последниве денови, српската телевизија Пинк. Зошто ви претставува тоа проблем токму вам?

Македонија има слободен медиумски пазар. Да ве потсетам, вие не сте македонски медиум, туку сте медиуми на германската компанија ВАЦ. Дали треба, затоа, да имам презир кон вас? Треба ли да злопотребуваме историски примери за односот на Германија кон Македонија, како што тоа го правите вие?! Во Германија, ова што го правите вие, е првостепено казниво дело за кое се определува ефективна, конкретна казна затвор.

Дали во иднина вие, или некои вам слични, ќе иницирате пребројување и специјални државни мерки затоа што премногу Власи има во банките или премногу муслимани на универзитетите или премногу католици во здравството... или, премногу Турци во ВАЦ...

Со овие, и низа други примери во текстот, вие извршивте навреда на моите етнички чувства, а ја поттикнувате јавноста да гради отпор кон српските фирми и уметност само затоа што се српски, со што вршите поттикнување на национална, етничка и верска омраза. Освен ова, вршите и пазарна дискриминација по етничка основа.

Фактот дека се повикувате на критериумите на Љубчо Гергивески, е дополнителен доказ за вашите мотиви, вашата сериозност и одбивност кон другите култури.

Да ве потсетам, ова не ви е прв пат. Веќе имавте прес-конференција на партијата и граѓанските асоцијации на Србите во Македонија поради ваши слични пишувања.

Ве повикувам, во наредниот број на Утрински весник, да ги објавите моето писмо и вашето извинување на Србите во Македонија и пошироко, а и на Македонците кои во Србите гледаат свои рамноправни и лојални сограѓани и пријатели. Да биде објавено на истиот простор каде што е објавен и навредливиот, криминален текст. Во спротивно, сатисфакција за стореното ќе побарам пред надлежните судови, а за оваа и другите појави од оваа тема кои во блиското минато веќе ви се случуваа, ќе ги известам српските медиуми и асоцијациите за заштита на етничките и основни граѓански права.

Без почит,
Драган Павловиќ Латас,
одговорен уредник на Сител ТВ Скопје
главен и одговорен уредник на Вечер, Скопје

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F7BA3861...B02A280D4B
19-11-2010, 12:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,236
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ЗА ВОЈВОВИТЕ, СЕРДАРИТЕ И МАКЕДОНСКИОТ ГЕБЕЛС




Имам еден пријател што има жена готвачка “пар ескеланс”. Госпоѓава готви секој ден, три оброка дневно како во ресторан од пет ѕвездички, но, од нејзините дома добива “комплимент” дека ручекот добива “минувачка оценка” ништо повеќе од еднаш неделно. Остатокот од зготвените оброци минуваат со: ”повеќе сол, помалку бибер, уште минута повеќе или помалку во фурната...”. Но, тука се крие тајната на доброто готвење на сопругата на мојот пријател - во постојаните контруктивни критики.


Тоа е принципот по кој секојдневно се стремиме да го култивираме Котле. Вадењето на пословичките “ножеви” т.е. полемиката и барањето на проблемите и решенијата преку отворена дискусија и очигледните несогласувања во ставовите на писателите според нас е најефективниот начин до наоѓањето на решенијата за проблемите на Македонија и македонскиот народ. Забележете дека водиме полемика на ставови и мислења, а не на лични квалификации и диквалификации.

Според мене, не постои подобар начин на изразување на почит кон мојот соговроник од чесната критика, особено ако тој е и пријател или човек со иста цел како мојата т.е. соборец – во случајов тоа се однесува на секој кому целта му е просперитетот на Македонија. Истовремено, за вистински добронамерен пријател го сметам само оној кој го има интегритетот (по нашки - кичма) да ме погледне во очи и да ми ја каже виситната, или неговото толкување на моите дејства и мненија. Потребна е сериозна доза на храброст еден пријател на друг да му рече “Другар, не си во право... еве зошто...”. Секако, она што мора да следи е образложение поткрепено со факти, како и предлог кој самата дебата ќе ја задвижи во исправената насока или пак, првиот ќе се здобие со прилика да ги појасни своите мненија. Затоа, како што веќе сугерирав минатиот пат, ние, уредувачите на Колте, не правиме содржински измени на текстовите кои ни ги приложуваат нашите колумнисти. Од истите причини, и покрај честите лични навреди кои доаѓаат на наша адреса од страната на задолжените плукачи ала Диневски, Даштевски и ним сличните кои по службена должност учествуваат на Форумот, остануваат не избришани, а учесниците небанирани.



ПОВТОРНО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ т.е. МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРОПАГАНДА



Наспорти ова, деновиве бев сведок, заедно со целата македонска гледачка публика на две особено гнасни емисии во македонскиот етер. Во првата, “Win-Win” на Оливера Трајковска, госпоѓицата беше задолжена да му “мести волеи” на Владо Милчин, а овој пак само да ги забива истите во празен гол. Дотаму отиде “новинарскиот интегритет” на Трјаковска - за која како ветеран од скоро дваесет години наивно ќе е да поверуваме дека беше случаен пропустот – што не ја предизвика дури ни најочигледната манипулација на Милчин. Имено, Соросоидот Број 1, во неговите очајни обиди да се претстави себе си како објективен интелекетулец ја соопшти вистината за која сите сме свесни: дека првин бил член на ЦК на СДСМ, а последователно станал првиот човек на Отвореното Општество во Македонија. Тоа му беше “доказот” за неговата “непартизираност”! Реакцијата на Трајковска? – “Аха, значи добро...” завршена дискусија!



ГЕБЕЛС И СЕРДАРОТ


Таман кога помислив дека пониско не може да падне нивото на медиумската пропаганда, на тандемот Трајковска-Милчин и’ беше одржана лекција по лигавење и манипулација од страна на “највисоко платениот новинар во Македонија”, Латас Павловиќ и неговиот домаќин Миленко Неделковски. Нивното двочасовно шоу, од народот крстено “Ти мене војводо, јас тебе сердаре”, ќе беше трагично, да не беше запрепастувачко.

Наместо Неделковски да ја употреби приликата да го предизвика на полемика неговиот колега - од како што самите се опишаа “македонската новинарска елита” – за крајно неукото, некултурното и Гебелистчко отворено писмо до “Утрински Весник”, “Утрински весник повторно со говор на омраза кон србите”, кое, е крунисано со потпис “Без почит”; или пак да го запраша од каде му е на Латас моќта да посредува помеѓу Престедателот на државата и Министерот за одбрана за време на Татковинската Војна, за што Латас лично сведочи; или пак да го замоли неговиот гост да објасни како тоа овој има “могуќност” да обезбеди уверение од МВР во рок од неколку часа, кога за секој друг обичен смтрник во државата важат правила на бесконечни чекања, патем, уверение за кое дури да се спроведат потребните проверки, логично е да се претпостави дека се потребни барем недела дена; или пак да го запраша Латаса, зошто за господинов кој изразнал во Скопје, кој има високо образование и кој работи како новинар во македонски медиуми веќе 28 години постои таков очигледен предизвик со македонскиот литературен (па и нелитературен) јазик; или пак да го запраша за неговата колумна од 2006 година “Српски служби и бугарски сервиси” во која јасно Латас трвди дека присуствувал на состанок со Бучковски и Црвенковски на кој бил кроен план за голем анти-НАТО митинг во пресрет на воената интервенција на НАТО во СР Југославија во 1999 година - митинг кој кулминираше со палењето на америкнската Амбасада во Скопје (па после Ѓаволот ни е виновен кога НАТО и ЕУ гледаат на Македонија со сомневање); или пак да го запраша како тоа Груевски - за кој Латас и Мирка Велинова, кои ВеМеРеОто го носеле во срцето сиве овие години, ама стратешки морале да се кријат од клетите душмани, а денес колат и бесат за полза на “Јуѓе Грујовиќ” како што своевремено тоа го работеа за ликот и делото на Киро Глигоров – бил “чист” од “лошата репутација” на "бугарашот" Георгиевски, кога Груевски беше прифатен од членството на ДПМНЕ бидејќи беше предлог за претседател на партијата токму од Георгивески; како е тоа “могуќе” да е Латас, “као” главен и одговорен уредник во два (2) медиуми да има толку блиски пријателски врски со Власта, кога, нели, одговорноста на новинарите е објективноста, па, нели е неговото пријателство со истите компромитирачко кон таа одговорност и т.н., напротив, Миленко како доказ за високата новинарска професионалност на Латас го посочи неговиот “кежуал” стил на облекување, напроти некои што се “ушврицуеле у” црни одела. Мислам дека е доволно јасна целта на Шоуто на Миле. Да го цитирам Латас, "јебига".


Двоецов слатко си се потсмеа и со класичната идеја за “општествена одговорност” на медиумите, поради која и постојат концесиите, а која последна ја предложи Катерина Блажевска, уредникот на “Дневник”. Демек тоа ти било чист Болшевизам, човече. “Цурава” ти живеела “у” погрешен век. “У” дваесет и првиот век новинарите ти се ценеле “према тоа као” ги “вреднуел пазарот”. Е, добро де. Каде ќе беше господин Павловиќ, доколку тој не беше одговорниот гласник на човекот кој заслужува место во “Гинисовата книга на рекордите” заради неговата способност да биде дел од Власта со најголем број на непринципиелни коалиции и истовремено најголемиот капиталист во Македонија, а претседател на Социјалистичката Партија, едниот и едниствен феномен, Кралот на Кратово - Ѕинго? Да беше вистински слободен македонскиот медиумски пазар, дали еден Теофил Блажевски ќе беше оставен да гние некаде во подрумите на некоја издавачка куќа? Да беше навистина слободен македонскиот медиумски пазар, дали Павловиќ ќе останеше главен и одговорен уредник на два (2) медуими чија цел е подигање на рејтингот на владеачката партија, и покрај неговиот катастрофален неуспех во истото, судејќи дека 75% од населението не го “купува” она што господинот го “продава”? Ова ми личи на човек кој се фали дека бил голем женскар, притоа, заборавајќи да спомне дека "ќарува" со проститутки.


ЛИЦЕМЕРИЕ

Зборуваа како тужбите против македонските новинари, од кои наводно за 50% биле одговорни Соросоидите и СДСМовците, се виновниците за нискиот рејтинг на Македонија според слободата на медиумите. Јас би рекол, нискиот рејтинг на Македонија според слободата на медуимите се должи на присуството на луѓе од калибарот на Латас, Сашко Ордановски и слични во клучните места на македонските медиуми, како и крајната партизираност на истите. Странскиве наблјудувачи, колку и да сака Црвената Ариcтокpатија да ни го измие умот, не пијат нафта. Тие наблјудуваат, контактираат со месното население, читаат, гледаат и си ја вршат нивната должност. Македонското новинарство е пред целосен колапс. Новинарите се препукуваат и се навредуваат меѓусебно, притоа не ги истражуваат темите за кои пишуваат, уредниците не ги санкционираат ваквите пропусти, не ги креваат стандардите на објективно пренесување на настаните, новинарите не ги земаат обете страни од приказната, на повиканите поедници не им се дава прилика да ги понебитат изнесувањата против нив, а сето ова бидејќи медуимите се ставени во крајно прпагандиситичка улога, де на едната, де на другата бадна – при што најголема жтрва останува народот кому му е потребна вистината и објективноста.


И така, Павловиќ и Неделковски заклучија дека проблемот бил во високиот број на тужби против македонските новинари, а ни збор за заканата на Латас од претходниот ден упатена до “Утрински Весник” заради наводниот рацизам на новинарката Светлана Унковска, автор на текстот “Битка за профитот од спрскиот кич”. Патем, како објективен читател и човек кој нема особено добро мислење ниту за “Утрински весник” ниту за “Вечер”, го прочитав спорниот текст, а секако и реакцијата на Латас. Одговорно и објективно судено, според мене во тектот на Унковска немаше ништо освен објективно пренесување на фактот дека македонските медиуми најголемиот дел од својата програма го полнат со содржина од српска продуција од низок културен калибар, при што терминот “српски кич” беше правилно искористен да се опише она што ТВ “Пинк” и сличнте продукциски куќи од Србија го нудат како производ. Ќе беше прoблем доколку наведените прoдукциски куќи нудеа класична музика, образовна програма, високо ценети и признаени уметници. Кичот односно, шундот, е феномен присатен во секое општество, а поголемиот дел од конкретниот вид “српски кич” потекнува од Велика Британија – конкретно емисиите од стилот “Голем брат” и целиот жанр на “реална телевизија”. Тогаш, можеби и Британците треба да поднесат тужба за рацизмот на г-ѓа Унковска. Шундот како нијниското ниво на култура ја има само способноста да го привлече гледачот, но не и да го исполни на душевно ниво, ниту да го зголеми интелектуалниот капацитет на поеднецот.


КАДЕ ОТИДЕ ЛОГИКАТА?


Во таа насока, Латас и Мирка Велинова објавија лути колумни со парафразирана содржина која одеше вака: “бедните шутраци кои пишуваат негативно за сознанијата дека ТВ ‘Пинк’ купува ТВ станица во Макеоднија немаат право да коментираат за бизнис одлуките на чесните македноски и спрски олигаси”. Јас би рекол, доколку ТВ “Пинк” искрено беа заинтересирани да добијат парче од македонскиот пазар од чисто комерцијано-профитабилни причини, тогаш негативната реакција на општото македонско население кон веста требаше да биде прифатено како причина де се преиспита истата одлука – бидејќи какво фадје ќе имаат да фрлат милиони евра во сигурен пропаст?


Но, судејќи од жестокоста на Латасовото писмо до “Утрински”, како и неговата “могуќност” да влијае врз наделжните органи во државата, кога "је у питање" Србија официјаниот став на нашата држава мора да е “Српскиот измет не смрди”! Патем, додека Латас тужи за анти-српски “рацизам”, самиот тој не е “у могуќност” да се задржи себе си до истите толерантни стандарди кога се “однесуе” до “Швабата од ВАЦ”. Значи, заклучокот е дека на Латас не му пречат навредите кон други, само кон Србија (патем од кога тоа вистината стана "навреда"), како што на Гебелс не му пречело да ги демонизира Евреите, од кои подоцна "Швабите" направија печење. Не му пречи и кон другите новинари да се ословува со “оној таму”, да се потсмева кога неговите колеги бараат да се кренат стандардите и општествените очекувања од нашето општество. Во тој контекст, господинов се’ повеќе личи на Јосеф Гебелс, како човек одговорен за контролирањето на мнението на македонската јавност.


Тогаш, кога ќе се зме в'предвид дека Драган Павловиќ Латас е реперот кој ги поставува стандардите за македонското новинарство, не треба да се прифаќа како гром од ведро небо оценката дека Македонските медуими паѓаат пред испитите на демократијата.

Во име на Групацијата на Ветерани Дисиденти
Шакале
22-11-2010, 06:49 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,134
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Vo ime na "VISTINATA" Makedonskiot Gebels od Srbski proizvod Latas vo Mile Nedelkovski Show izjavuva:















[/video]



































[/video]

P.S. Ova e od intervjuto od 8 Maj 2009
24-11-2010, 05:19 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,134
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Da ni zivee Makedonskiot Gebels so slednava pesna:



24-11-2010, 05:22 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Ќе дојде ли време во Македонија кога овој сончогледов ќе биде разголен пред јавноста?
08-02-2011, 01:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,236
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(08-02-2011, 01:08 AM)Nikola Wrote: Ќе дојде ли време во Македонија кога овој сончогледов ќе биде разголен пред јавноста?



Тој е разголен одамна ама е вископо зициониран човек на службите и затоа никој не го чепка.
Вчерашен негов бисер на кој никој не реагира ни го продава Милошевиќ како антикомунист и демократ:



Quote:Каиро

Големиот обединител на двете Германии, канцеларот Хелмут Кол, наместо ордени и слава доби истрага за проневера на партиски фондови, и беше фрлен во анонимност и заборав. Некогаш најславниот лик на светската политика, Михаил Горбачов, по уривањето на Советскиот Сојуз доби Нобелова награда и милион долари кеш што одат со неа... заборавен и отфрлен.
Оние кои го уриваа комунизмот во Југославија, денес се негативни, или анонимни фигури. Туѓман, Изетбеговиќ и Милошевиќ го урнаа комунизмот, и воведоа слободен пазар, повеќепартиски систем и слободен развој на медиумите и граѓанските општества. Но, дали некој денес ги памети по тоа?
Во Македонија комунизмот падна под лидерство на Петар Гошев. Таа заслуга никогаш не беше наградена со поддршка од неговите граѓани. Тој не стана политичар од голем формат. Славата му ја зема, и материјализира, Црвенковски.
Извор
08-02-2011, 01:28 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(08-02-2011, 01:28 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(08-02-2011, 01:08 AM)Nikola Wrote: Ќе дојде ли време во Македонија кога овој сончогледов ќе биде разголен пред јавноста?



Тој е разголен одамна ама е вископо зициониран човек на службите и затоа никој не го чепка.
Вчерашен негов бисер на кој никој не реагира ни го продава Милошевиќ како антикомунист и демократ:



Quote:Каиро

Големиот обединител на двете Германии, канцеларот Хелмут Кол, наместо ордени и слава доби истрага за проневера на партиски фондови, и беше фрлен во анонимност и заборав. Некогаш најславниот лик на светската политика, Михаил Горбачов, по уривањето на Советскиот Сојуз доби Нобелова награда и милион долари кеш што одат со неа... заборавен и отфрлен.
Оние кои го уриваа комунизмот во Југославија, денес се негативни, или анонимни фигури. Туѓман, Изетбеговиќ и Милошевиќ го урнаа комунизмот, и воведоа слободен пазар, повеќепартиски систем и слободен развој на медиумите и граѓанските општества. Но, дали некој денес ги памети по тоа?
Во Македонија комунизмот падна под лидерство на Петар Гошев. Таа заслуга никогаш не беше наградена со поддршка од неговите граѓани. Тој не стана политичар од голем формат. Славата му ја зема, и материјализира, Црвенковски.
Извор

Хахаха да да, и јас истото го прочитав, просто се е можно со Лаки. Штета што Слободан никој не го смета за она што заслужува, голем демократ. А и Туѓман и Алија се беа исто така едни од поголемите демократи...Какви демократи ултра-либерали беа сите тројца Icon_lolIcon_lol Гошев заслужил слава...
08-02-2011, 08:56 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=099E51DB...FE58B80BDC

Интересно во овој напис се изјавите на Митевски дека Латас бил прислушкуван по налог на американската амбасада, но и дека Латас бил соработник на странски тајни служби, поточно српската заради што и Латас го тужи Митевски за клевета. Ќе го докажуваат ли тоа пред суд против амбасадата, и против Доста и Љубе, кои го оствариле налогот на Американците, или обратно, Љубе и Доста ќе одат против Митевски да го докажат спротивното? Или се се сведува на тоа да се каже и жив да се остане во државава.
(This post was last modified: 21-02-2011, 03:27 PM by Nikola.)
21-02-2011, 03:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,236
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(21-02-2011, 03:25 PM)Nikola Wrote: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=099E51DB...FE58B80BDC

Интересно во овој напис се изјавите на Митевски дека Латас бил прислушкуван по налог на американската амбасада, но и дека Латас бил соработник на странски тајни служби, поточно српската заради што и Латас го тужи Митевски за клевета. Ќе го докажуваат ли тоа пред суд против амбасадата, и против Доста и Љубе, кои го оствариле налогот на Американците, или обратно, Љубе и Доста ќе одат против Митевски да го докажат спротивното? Или се се сведува на тоа да се каже и жив да се остане во државава.


После вакви изјави и признанија Латас е сеуште човек бр.1 на Груевски и згора на тоа судот никако да го прогласи за виновен. Независно судство 102.7%


Quote:КОЈ Е КОЈ ВО ОВАА ДРЖАВА?

СРПСКИ СЛУЖБИ И БУГАРСКИ СЕРВИСИ

[Image: novologo.gif] 05.09.2006 Бр. 13290

-Дали е негова лична одлука, или сугестија на југословенските служби, Бучковски кон крајот на мај 1999 година, на состанок со Црвенковски на кој присуствував и јас, да инсистира за свикување голем анти-НАТО митинг, со образложение дека расположението на јавноста оди на таа страна, а плус би било големо враќање на СДСМ по загубените избори. Дали, потоа, таков митинг е одржан?!


-Дали му е познато, и кој го запознал со документите, на Сојузната ДБК, според кои Фазли Велиу (чичко на Али Ахмети) во осумдесеттите соработувал со ДБК, и од нивни пари снимил пропаганден филм против Македонија, за да му обезбедат авторитет меѓу албанските емигранти.
21-02-2011, 04:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,236
Joined: Mar 2010
Reputation: 36










18-06-2011, 07:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,236
Joined: Mar 2010
Reputation: 36














18-06-2011, 07:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,236
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Пораки


Во политиката се праќаат јавни пораки. Па кој како сфати, така и ќе си разбере. Тој што порачува, и онака, на крај ќе тера како што може, а ќе објасни дека, уствари, било по негово. Како Папандреу со референдумот, деновиве.

Дал од глупоќа, или од ендемска мрзливост, не практицирам да бајам што некој мислел со своите политички пораки. Па би замолил некои актуелни пораки да ми бидат објаснети, експлицитно, за да знам како да ги разберам.

И, откако ќе ги разберам, да знам што да правам понатаму.

За почеток, би прашал до Брисел:
Кој ви е фазонот да формирате европска комисија за соработка со Македонија, која е составена од тројца Грци и двајца Бугари. Шеф на таа комисија е, замисли, Јорго Шацимаркакис.

Дали тоа европратениците Грци ќе се согласат дека разговарале со премиерот на Македонија? Или, Бугарите, ќе прифатат дека е грешка што се изоставиле придавките македонски, за нацијата и јазикот, во европскиот Извештај?! Кога знаете дека тие ќе ви донесат во Брисел извештај во кој Македонците уствари и ги нема, а кога нема Македонци тогаш, логично, нема ни македонски јазик, ниту нација... што воопшто ги праќате.

Уште сега, со оваа комисија, знам каков ќе биде Извештајот догодина.
Како израелски пратеници да решаваат за статусот на Палестина.
Грција е ваш избор во спорот, без оглед на фактите и нашите ставови. Е па, пошто Атина ви е изборот, чешајте се сега со Папандреу. И тоа откако го частевте 100 милијарди евра за кои тој, прво ве раскара и побудале за да му ги дадете, па после ладно ви ги врати назад.
Неќел да биде роб на вашите, европски пари.

Сега и вам ви е јасно колку вреди зборот на грчките политичари.

Втората порака е од Али Ахмети.

Али Ахмети, незаборавниот командант на УЧК, со историја во македонското колективно паметење... откако не успеа да подметне уште еден лажен попис, се враќа на себе.
Македонија мора да влезе во најскоро време во НАТО и Европската унија. Тоа е основен интерес на сите Албанци во регионот, изјави Ахмети. Спорот со Грција го спречува тоа, продолжува Командантот, но ако Македонија не најде решение и договор во најскоро време, тоа ќе предизвика политички тензии кај Албанците во регионот. Како и кај Албанците во Македонија. Дали тие тензии ќе ескалираат во насилства, јас не знам, но ништо не е исклучено... не може во недоглед да се чека на решението, има рокови до кога тоа може да се чека, а потоа, неминовно, ќе се случуваат тензиите.... порачува Ахмети.

Не чувме дали во Албанија и на Косово, исто така, ќе има немири, бидејќи тие се уште подалеку од Европа. И тоа држави на ултраевропските Албанци!

Машала, Команданте. Ме орасположи, жими мајка.
Кој имал дилема за трансформацијата на албанската политика, од воена кон цивилна употреба, сега дилеми веќе нема. Пораката е: или ќе ми дадеш, или ќе те ебам. Па ти, сега, бирај.
Демек, ние немаме интерес да биде Македонија во НАТО и Европа. Сме се фемкале, и пренемагале во преговорите со Грција. Арно ама, затоа се тука Албанците, кои се ексклузивно европски. Особено про-НАТО. Заради оружјето.

И затоа, Албанците во регионот (!) решиле, ако пред рокот не го прифатиме грчкиот ултиматум, ќе има тензии. А и насилствата не се исклучени.

Ахмети испушти да ни каже кој е рокот? И кој го поставува.
Веста, као случајно, беше накитена со податокот дека е дадена после средбата со американскиот амбасадор во Македонија. Јас ова го разбирам како порака дека Америка им дала пас на Албанците, повторно, да ги кројат картите и општествата на Балканот. Или, порака меѓу редови: Грција за потребите на доларот ќе го руши еврото, а решението за Македонија им е една од наградите.

Дали ние бадијала веруваме во пријателството со Вашингтон? Тоа функционира се додека Албанците не се налутат. Така јас ја разбрав пораката.

Пораките се примени. Што потоа?
Прво, најавата за тензии е катастрофална за интересите на Македонија. Грција сега може, на раат, да чека да се сјебеме одвнатре. Понатаму, кој нормален би инвестирал во државава, откако најголемата албанска партија најавува немири и тензии ако, во рок, не се прифати грчкиот ултиматум.

Каде тоа дваесет посто од населението диктира државно уредување, граници, признавање на спорни територии, како Косово, во држави... диктира дали постојат Македонци, и македонски јазик, или не... диктира име на држава?

Каква би била пораката до Албанците кога би се остварила законска обврска на Собранието да го доврши процесот од прашањето за независност: - Дали сте за самостојна Македонија, со право да се вклучи во сојуз со југословенските републики. Такво, прецизно, беше прашањето за кое ние гласавме со поддршка на референдумот, пред дваесет години.

Па сега, молам, да се оствари предлогот во целост. Да се вклучиме во сојуз со југословенските држави. Бидејќи се граничиме со една од нив, со Србија, физички и следствено е сојузот да почнува со Белград. Колку Албанците овде повеќе се закануваат, толку ми е Белград поблизок од порано. Сојуз воден од интерес против заедничка закана. Не инсистирам, ова е колку за споредба.

А, ако не го прифатиме грчкиот ултиматум во рок, што потоа?

Ќе пукаат, повторно, Албанците од регионот врз нас. Ќе не протеруваат како од Арачиново, или Матејче од каде, и по десет години, уште има протерани.

Ќе ни вадат бубрези и џигери со турски хирурзи, како на Косово?
Ќе се активираат соросоидите, лобистите од Брисел, и домашните медиуми за да падне Груевски, иако доминантно, во серија, добива на избори. Да се врати Бранко, или луѓе од него избрани, за да го спроведат планот.

После Демаќи, Ругова и Арбен Џафери, Албанците во регионот немаат политичари. Бивши шверцери, тепачи, пукачи и избацивачи не се за политика.

Што би рекла Цеца:
- Ми сагнули смо главе,
у страху да биће још горе,
И биће, јер сагли смо главе...

Ахмети ја знае песнава. Поуздано знам дека ја слуша Цеца во кола.

Пишува: Драган П. ЛАТАС
07-11-2011, 03:53 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Чудно ми е ова, не би се залетувал со коментар. Не можам ни да разберам до кога е упатена пораката, некако најмалку за верување ми е дека е насочена токму до тој на кого е адресирана.

П.С.Што би ’рекла’ Цеца и што би напишал Коњаник: пуштаат патки... Icon_razz))


07-11-2011, 05:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,236
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Ацко причината на пораката:



(07-11-2011, 03:53 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Пораки


Каква би била пораката до Албанците кога би се остварила законска обврска на Собранието да го доврши процесот од прашањето за независност: - Дали сте за самостојна Македонија, со право да се вклучи во сојуз со југословенските републики. Такво, прецизно, беше прашањето за кое ние гласавме со поддршка на референдумот, пред дваесет години.

Па сега, молам, да се оствари предлогот во целост. Да се вклучиме во сојуз со југословенските држави. Бидејќи се граничиме со една од нив, со Србија, физички и следствено е сојузот да почнува со Белград. Колку Албанците овде повеќе се закануваат, толку ми е Белград поблизок од порано. Сојуз воден од интерес против заедничка закана. Не инсистирам, ова е колку за споредба.

А, ако не го прифатиме грчкиот ултиматум во рок, што потоа?

Ќе пукаат, повторно, Албанците од регионот врз нас. Ќе не протеруваат како од Арачиново, или Матејче од каде, и по десет години, уште има протерани.


Пишува: Драган П. ЛАТАС



Што е можната причина за пораката и на кого е упатена, на МАКЕДОНЦИТЕ, ке видиш од овој текст.


Quote:Вол стрит журнал: Ќе се отвори ли Пандорината кутија на Балканот?

The Wall Street Journal
07.11.2011

Европа и САД ја отфрлаат можноста за разгледување на границите на Балканот поради стравот од нови меѓуетнички конфликти и крвопролевања, но се чини досегашните недорабирања меѓу косовските Албанци и Срби, го омекнале досегашнот став на меѓународната заедница околу ова идеа.
Ова стои во написот на американски весник Волстрит Џрнал, во кој се оценува дека на овој начин може да се избегне евентуално ескалирање на насилство но и оти реконфигурирање на границите на Косово може да ја отвори „Пандорината кутија на Балканот.
Весникот потсетува на фактот дека поранешниот координатор на Пактот за стабилност во југоисточна Европа, Ерхард Бусек, бил прв западен политичар кој го спомена концептот за промена на границите, а потоа и американскиот републикански конгресмен, Дејна Рорабејкер, уште поконкетно го разви овој концепт, предлагајќи размена на територии и население меѓу Србија и Косово.
(This post was last modified: 07-11-2011, 01:10 PM by ЈорданПетровски.)
07-11-2011, 01:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,236
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Janko Ilkovski


Латас дигна џева со последната колумна, додуша не толку за тоа што кажа, туку за тоа што праша, а прашањата се на место. Можете да го сакате или мразите, ама тезите се на место.
07-11-2011, 03:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,236
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Многу пораки !!!!! А целта, по се им е иста!!!!



Quote:ПРОГНОЗА НА СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ТАДИЌ


Балканот да се обедини, зашто нема да биде дел од ЕУ барем уште 10 години


Мала е веројатноста земјите од Западен Балкан во наредните десет години да станат дел од Европската унија, оценува српскиот претседател Борис Тадиќ. Во предавање пред студентите на Факултетот за политички науки во Белград тој истакна дека токму поради тоа потребно балканските земји повторно да се обединат и да ги отстранат нереалните и бесмислени тензии и конфликти.
08-11-2011, 12:34 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(07-11-2011, 05:11 AM)acko Wrote: Чудно ми е ова, не би се залетувал со коментар. Не можам ни да разберам до кога е упатена пораката, некако најмалку за верување ми е дека е насочена токму до тој на кого е адресирана.

П.С.Што би ’рекла’ Цеца и што би напишал Коњаник: пуштаат патки... Icon_razz))
A shto bi napishalo advokatcheto na udbashot Jordan osven ushte edna oda na mudrosta na negoviot gazda...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
08-11-2011, 08:08 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(08-11-2011, 08:08 PM)МрачниотКоњаник Wrote: A shto bi napishalo advokatcheto na udbashot Jordan osven ushte edna oda na mudrosta na negoviot gazda...

Плачко, зошто повторно провоцираш? Реши се еднаш за каква дискусија си! Се силиш, а потоа плачеш кога некој ќе ти одговори...

Со недели пишуваш само вакви мизерни провокации. Сто пати ти кажав дискутирај за темите, а не за членовите, освен во соодветни теми за тоа.

Напиши што мислиш, а не вакви глупости. Ова е исто како да напишеш дека ми смрдат нозете и дека имам лоша фризура. Немој бе да си толку мизерен, земи прочитај некоја книга, сега имаш интернет изгуглај нешто паметно, научи нешто. Ќе видиш колку е глупо вакво гнидовско однесување кое го фураш тука.

Ако продолжиш вака треба да си го смениш никот од Мрачниот Коњаник во Мрачниот Коњушар. Твоите постови смрдат на коњски измет.

Не делам совети по форум, а ни приватно, но ќе направам исклучок за тебе. Има нешто во тебе, не си безнадежен случај, на тебе е дали ќе раскрстиш со ова мизерно однесување.

08-11-2011, 08:32 PM
Reply