Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 3.14 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТВ ПИНК во МАКЕДОНИЈА
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#1

Србизација на Македонија продолжува

„Пинк“ ја купува ТВ „Алфа“

Сопственикот на „Пинк“, Жељко Митровиќ, ќе биде стопроцентен сопственик на телевизијата, зад која стоеше бизнисменот Штерјо Наков
Српската телевизија „Пинк“ ја купи скопската телевизија „Алфа“ по преговорите што деновиве се водеа меѓу сопствениците на овие медиуми, а финишираа прексиноќа, неофицијално дознава „Дневник“. Една од најмладите македонски телевизии, која стартува пред околу две години со оригинален и сериозен уредувачки програмски концепт, досегашното име ќе го задржи до четврток, по што ќе има ново име - или „Пинк Алфа“ или „Пинк Македонија“. Сопственикот на „Пинк“, Жељко Митровиќ, ќе биде стопроцентен сопственик на телевизијата, зад која стоеше бизнисменот Штерјо Наков чија деловна кариера е врзана за „Фершпед“. Наков вчера беше недостапен за да ја потврди или демантира веста за продажбата.

Според сознанијата, новите сопственици најавиле дека забавниот дел ќе биде продуциран од телевизијата „Пинк“, која својот имиџ го изгради со продукција и емитување, главно, забавни содржини.

Новите газди вчера не открија дали ќе извршат кадровски промени во телевизијата. Според неофицијални информации, за местото главен и одговорен уредник во комбинација била Ивона Талевска, актуелен заменик-главен и одговорен уредник на весникот „Вечер“, блиска со актуелната владина коалиција. Талевска вчера изјави дека се' уште не може да даде конкретен одговор на тоа прашање.

- Имам отворена понуда од „Алфа“ и од уште една телевизија, но се' уште не сум донела одлука - изјави Талевска.

Меѓутоа, извори од телевизијата посочуваат дека им било пренесено оти новиот сопственик не најавил промени во уредувачкиот тим.

Бизнисменот Наков остана недостапен и да објасни кои му биле мотивите да ја продаде телевизијата, која се емитува на целата територија на земјава преку сателитска концесија. Упатените во овој бизнис истакнуваат дека причините треба да се бараат во судскиот процес што го водел државното Јавно правобранителство за да се поништи приватизацијата на „Фершпед“. Во правобранителството не можеше да се добие потврда на неофицијалната вест дека првостепениот суд донел одлука за поништување на приватизацијата.

РТВ „Пинк“ е водечка комерцијална ТВ-станица во Србија, која емитува компилација на домашни и странски филмови, драми и латински ТВ-новели, како и музички емисии во домашна продукција. (Б.Ѓ.)
08-11-2010, 10:59 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#2

Quote:Неофицијално, директорка на информативната програма ќе биде Симонида Кажиќ, водителка на повеќе реални и политички шоуа и заменик-директорка на информативната редакција на ТВ „Пинк“ во Белград. Плановите на новите сопственици, според изворите на „Дневник“, се новата шема да почне од четврток на полноќ неделава.

Си замислувам ситуација, на телевизија во Србија да постават уредник Хрват. А, што ќе се случеше во Македонија доколку на некоја телевизија уредник е некој бугарски новинар? А, се очекува телевизијата да биде провладина, е нема што, КажИЌ из Београда ќе ни продава патротизам и заштита на идентитет... :(

Читав дека бил извршен притисок врз Штерјо да ја продаде телевизијата, па најверојатно сегашниот газда добил подршка од власта.

08-11-2010, 08:35 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#3

(08-11-2010, 08:35 PM)acko Wrote:
Quote:Неофицијално, директорка на информативната програма ќе биде Симонида Кажиќ, водителка на повеќе реални и политички шоуа и заменик-директорка на информативната редакција на ТВ „Пинк“ во Белград. Плановите на новите сопственици, според изворите на „Дневник“, се новата шема да почне од четврток на полноќ неделава.

Си замислувам ситуација, на телевизија во Србија да постават уредник Хрват. А, што ќе се случеше во Македонија доколку на некоја телевизија уредник е некој бугарски новинар? А, се очекува телевизијата да биде провладина, е нема што, КажИЌ из Београда ќе ни продава патротизам и заштита на идентитет... :(

Читав дека бил извршен притисок врз Штерјо да ја продаде телевизијата, па најверојатно сегашниот газда добил подршка од власта.
Тоа што си читал се коментари на настанот извадени од интернет,и вметнати во статијата на Нова Македонија...така да не е тоа релевантен доказ за настанот!
08-11-2010, 08:51 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#4

Не е само од таму, но нема везе... Што според тебе е релевантно во ова приказна?

Најлесно ќе видиме според уредувачката политика, ќе дојдат првите вести... Icon_razz Ако прифати Ивона, не мора ни да ги чекаме првите вести... Icon_razz

08-11-2010, 09:16 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#5

(08-11-2010, 09:16 PM)acko Wrote: Не е само од таму, но нема везе... Што според тебе е релевантно во ова приказна?

Најлесно ќе видиме според уредувачката политика, ќе дојдат првите вести... Icon_razz Ако прифати Ивона, не мора ни да ги чекаме првите вести... Icon_razz
Еве ти читај
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=189D07...1D140B9E30
08-11-2010, 09:29 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#6

Е читав, и цитирав дел од текстот, но таму пишува: ’но неизвесно е каква ќе биде уредувачката политика на телевизијата, која досега беше препознатлива по критичкото опсервирање на работата на власта.’

08-11-2010, 09:31 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#7

Еве дел од коментари на веста за влез на ТВ ПИНК во МК.:

Ќе се „посељачиме“

Продажбата на ТВ „Алфа“ на „Пинк“ беше една од главните теми за дебата на интернет-форумите во изминатите денови. Еве дел од коментарите:

- Е, сега има да се „посељачиме“;

- Од сино преминавме на портокалово, сега се' ќе биде розово, за на крајот црно и бело;

- Браво, едвај чекам, барем нема да чекам некоја од нашите телевизии да дава серија две години по прикажувањето на „Пинк“;

- „Пинк“ е само маска. „Алфа“ како еден од ретките критички настроени медиуми кон „преродбеничките“ случувања мораше да се замолчи, па „Пинк“ се јави да и' направи услуга на власта. Тоа е дил на актуелната власт со „Пинк“ и Штерјо Наков, кој ќе заработи добри пари, а и неговата шпедиција ќе види фајде.

- По радиостаниците сме како „бановина“ со српските песни, па уште и ТВ ни требаше.
08-11-2010, 10:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Србија зрачи, ние без заштита

Во помали или во поголеми размери, Србија е присутна во повеќе полиња на македонското општество, почнувајќи од културно-забавниот живот со своите турбофолк-ѕвезди, потоа со религијата преку својата инсталација ПОА, во лустрацијата преку тајните врски со Белград и во делови од стопанството

[Image: nasl%5B16%5D.jpg]

Тоа што програма на телевизијата Пинк, која стана своевиден општествен, културен, па и државен симбол на Србија во изминативе две децении, ќе зрачи и од Македонија, ќе нé направи сите поголеми србомани? Ова е едно од почесто поставуваните прашања во земјава, откако се најави дека медиумскиот гигант од Белград влегува и на нашиот пазар.

Се појавија мислења дека се враќа србизацијата, како во поранешна Југославија, кога српското влијание беше најсилно, а преземањето на медиумскиот простор е само дел од тој процес. Некои се повикуваат на посебните врски меѓу двете држави поради заедничката историја, која ги спречува македонските граѓани да ја гледаат Србија како која било друга држава, туку, во зависност од афинитетите, да ја чувствуваат како патрон или како хегемон.

Северниот сосед денес нема којзнае колкаво економско влијание врз земјава. Според податоците на Народната банка на Македонија, во последниве години од таму доаѓале одвај еден отсто од странските вложувања во Македонија. Не ги следиме ниту српските политички текови, го признаваме Косово.

Но слушањето српска музика се доживува како сосема нормална работа, за разлика од слушањето бугарска, грчка или албанска.

Србија сé повеќе ја шири прегратката кон Македонија, но постојат мислења дека таа не е доволно моќна, ниту доволно заинтересирана за тоа да го прави организирано, туку сé ни се случува спонтано.


ОД ЦЕЦА ДО АВИОНИ


Преземањето на Алфа, телевизија со национална концесија во Македонија, од српскиот медиумски гигант Пинк, се оценува како уште еден чекор кон ширењето на српското влијание во земјава, на кој му претходеа многу други во последниве години.

Така, денес повторно навлегуваме во период во кој почести се големите концерти на српски естрадни уметници, отколку на македонски. Жељко Самарџиќ веќе ја собра својата публика во спортската сала „Борис Трајковски“, најголемиот простор во земјава каде што може да се одржи музички настан во зимски услови. Но тоа е само увертира во спектаклите што во истата сала ги најавуваат Јелена Карлеуша на 20 ноември и Светлана Ражњатовиќ-Цеца шест дена подоцна. Тие се најпознатите српски турбофолкерки, а втората веќе беше во Македонија летово, на прилепскиот пивофест.

Освен во забавниот живот, Србија ѕирка и во многу други области во македонското општество, на пример во повеќе значајни стопански сектори. Пред три години белградската компанија „Имлек“ ја купи најголемата млекарница во земјава, битолската, и веднаш ја ребрендира, за логото на „Бимилк“ што повеќе да потсетува на матичното.

Лани, пак, авиокомпанијата ЈАТ си формира своја фирма-ќерка во Скопје, „МАТ ервејз“, на тој начин преземајќи го името на поранешниот македонски национален авиопревозник. Тука се и „Хемофарм“, „Здравје“, „Галеника“, „Свислион“ и други компании.

Северниот сосед се замеша и во еден од политички најексплоатираните процеси во земјава, лустрацијата, откако досиеја од Белград се најдоа во дворот на тетовскиот професор Шпенд Љуши, за кои подоцна комисијата за верификација на фактите утврди дека не биле вистинити.

Политичарите во Србија не му одолеаја ниту на проблемот што Грција го има со името на Република Македонија, па претседателот Борис Тадиќ во јануари годинава, по средбата со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, самиот се понуди да биде посредник за тоа прашање да се реши. Според Тадиќ, Србија треба што поактивно да биде вклучена во решавањето на отворените прашања во Југоисточна Европа, за денес да биде дел од решенијата, а не како во минатото, од проблемите.

На сето тоа може да се додаде и однесувањето на Српската православна црква, која си ја смета Македонија за дел од своето канонско подрачје, па дури си инсталира своја верска организација во земјава, преку Јован Вранишковски.

Каде сé е присутна Србија во македонското општество?


ПОСЕБНИ ОДНОСИ


Различни се мислењата за тоа колку српското општество навистина влијае врз македонското, во сите сфери. Според едни, тоа влијание е огромно, а други тврдат дека нема од што да се плашиме.

- Македонија е под огромно влијание од Србија. Сето тоа се должи на немање добра вистинска лустрација, базирана на документи што ги има кај нас. Да се примени словенечкиот модел и да се откријат сите кодоши. Наместо тоа, гледаме дека Бора Чорба го угостуваат во Универзалната сала, и портокаловите и сините, и покрај сите негови изјави за Македонија. Сето тоа сведочи за краткото паметење или за намерната амнезија - смета режисерот Борис Дамовски.

[Image: 52.jpg]

Слободан Чашуле, поранешниот македонски министер за надворешни работи, пак, вели дека доаѓањето на телевизијата Пинк не треба да се сфати како дел од некој сериозен процес, иако со Србија имаме комплексни односи.

- Оваа територија порано беше дел од Јужна Србија, а потоа беше изложена на тивка асимилација, која сé уште постои. Кога јас бев директор на Македонското радио, непосредно пред референдумот во 1991 година, нарачавме анкета, која покажа дека дури 44 отсто граѓани сакаа да останеме во заедница со Србија. За среќа, оттогаш се отрезнуваме, па и нивното влијание е драматично опаднато. Сето тоа беше помогнато и од деинсталирањето на српските безбедносни служби, што Слободан Милошевиќ ги наследи од поранешна Југославија. Денешните млади генерации воопшто немаат некаков култ кон Србија. За нив таа е само уште една странска држава - додава Чашуле.

Српските врски се послаби од тоа што треба да бидат, истакнува Слободан Угриновски, лидерот на Сојузот на Титови леви сили.

- Процесите што се случуваат немаат никакви загрижувачки компоненти. Дури треба да има и поголема соработка во бившите југословенски простори, на културен, забавен, па и на економски план. Што се однесува до специфичноста на односите, Србија и Македонија се две независни држави, членки на Обединетите нации. Но само со Србија сме ги расчистиле односите со тапија, дека поранешната српска територија денес е македонска држава и таа ја признава како таква. Ме чуди тоа што за Алфа не се крена паника кога ја презедоа Грци, па потоа Штерјо Наков, а веднаш се вклучи алармот затоа што доаѓа српска телевизија - рече Угриновски.


СРБИЈА НЕ МОЖЕ НИТУ САМАТА ДА СЕ ОРГАНИЗИРА


Тоа што се проценува како ширење на српското влијание во регионот е дело на приватни иницијативи, мотивирани од бизнис-интереси, што се случуваат сосема спонтано, објаснува Милан Николиќ, српски социолог и политички аналитичар.

- Би сакал да сме толку моќни како држава, но Србија денес не може ниту самата да се организира, а камоли да спроведе едно такво организирано ширење на својата моќ и влијанието во поширокиот регион. Државата си има свои проблеми, економски, кои верувам ги има и во Македонија, и се концентрира на тоа како да ги реши. Повеќе ги развиваме односите со Германија, Белгија, Италија и со Холандија, значи со земји што имаат пари и што би можеле нешто да вложат кај нас. Регионот сé помалку нé интересира. Медиумите ретко се занимаваат со некоја состојба во Босна и Херцеговина или во Хрватска, Словенија и Црна Гора се уште помалку присутни, а Македонија воопшто ја нема на нивната агенда - вели Николиќ.

Сепак, тој додава дека како држава со пазар и со економски потенцијали што се поголеми од тие на соседите, Србија има влијание врз регионот, но тоа самото си доаѓа на површината, без некој да го поттурне.

Автор: Гоце Трпковски



Христо читаш ли ??? се повеке "бугаофили" како тебе во Македонија.
Почнаа луѓево да го гледата влианиева во културно-забавниот живот со своите турбофолк-ѕвезди, потоа со религијата преку својата инсталација ПОА, во лустрацијата преку тајните врски со Белград
11-11-2010, 01:48 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#9

Quote:НЕЗАВИСНОСТ? МИЖИ ДА ТЕ ЛАЖАМ! (шести дел)


ПРOПАЛИ АБОРТУС

Вистината е дека македонскиот огранок на Црвените беше, и се’ уште е, комплетно потчинет на желбите и агендите на нивните претпоставени од Белград. Тоа е главната причина зошто постојано се игнорира фактот дека во 1913 година вардаскиот дел на Македонија беше поробен и потчинет од страна Српското Кралство. Како мерка за ефикасна контрола на новоосвоената територија Србите воспоставија тврд режим на нивни службеници кои владеат со Македонија до ден денешен. Исто така се спроведе и политика на разместување на населението, па цели македонски месности беа преселени низ далечните краеви на Србија, додека српско население од сите краишта на Кралството беше донесено на нивно место. Тие колонисти и покрај смените на генерациите се’ уште се лојани на “краља и отаџбину” – како што е животното мото на Томислав Чокревски, на пример. Србите не се подготвени да се откажат од нивниот плен по никоја цена. Како пример ќе се послужам со мудроста на еден мој прадедо кој велеше: “Заработената пара троши ја без страв, таа е твоја и како што си ја заработил нејзе ќе заработиш повторно. Парата добиена на комар или украдена чувај ја како очите во главата – зашто таа не е твоја и не знаеш кога пак ќе ти се насмевне среќата.” За македонскиот народ како целина, ваквиот српски менталитет е стран и непоимлив, токму поради фактот што тие се поробувачите, а ние поробените – две дијаметрално спротивни битија.

Има причини зошто Хитлер имал Министерство за пропаганда.

ПИНК и турбофолкот се производ на "Опера", како начин на кој ќе се уништи културата во Македонија, Хрватска и БиХ.

Quote:“НЕЗАВИСНОСТ? МИЖИ ДА ТЕ ЛАЖАМ!” (седми дел)



ПРЕДГОВОР

Значи, тезата која ја претставуваме, браниме и докажуваме е дека вардарскиот дел на Македонија, исто така познат како Република Македонија и Поранешна Југословенска Република Македонија е се’ уште под заточеништво на српската држава и дека независноста која Македонија ја има од раните 1990-ти години е фиктивна и е во исклучива фукнција на потребите на српската држава и нејзините стратешки интереси. Вардарскиот дел на Македонија – кој во текстот го ословуваме како “Македонија”, но тоа не значи дека останатите делови на Македонија не ги гледаме како наши, Македонски – како сфера на интерес е постојана во српската национална доктрина, без разлика на идеологијата која во даден момент владее со државата. Затоа без разлика дали во Србија владее кралот Караѓорѓевиќ, Маршалот Тито, четниците Слободан Милошевиќ и Шешељ или денешниов Тадиќ, односот на државата кон Македонија секогаш ќе остане ист. Нормално дека не очекуваме оваа теза да биде инстантно прифатена од општото население – за тоа да се случи е потребно време и многу труд од наша стана, а секако и отворен ум од страната на читатетлите. Од наша страна во продолжение на серијалов ќе приложиме анализа на спорот со Грција околу името и зошто беа фалсификувани изборите во 1994 година; ќе се обидеме да го ставиме атентатот врз Киро Глигоров во контекст; ќе ги разгледаме студентските протести и расколот во ВМРО-ДПМНЕ од 1997 година, како и причината зошто ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите 1998 година; ќе го ставиме во контекст шверцот со цигари; ќе приложиме анализа на албанското прашање во Македонија и косовската војна, како и улогата на партијата ВМРО-ДПМНЕ во потребите на српските инсталации низ Македонија и ќе дадеме наше видување зошто Република Македонија продолжува да биде очаен и катастрофален неуспех како држава.
(This post was last modified: 11-11-2010, 02:50 PM by Solenik.)
11-11-2010, 02:47 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

Quote:
(11-11-2010, 01:48 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: [quote]



Христо читаш ли ??? се повеке "бугаофили" како тебе во Македонија.
Почнаа луѓево да го гледата влианиева во културно-забавниот живот со своите турбофолк-ѕвезди, потоа со религијата преку својата инсталација ПОА, во лустрацијата преку тајните врски со Белград

Пријателите од Куманово ми јавија дека вчера ( 10.11.2010) во твоето Куманово се одржал голем концерт во чест на Денот на ослободување на Куманово. Гостинот бил Харис Џиновиќ. Локалната самоуправа не отстапува од својата “ културна политика“ во Куманово да организира големи концерти каде гостите се пеачи од бившите југословенски простори.
11-11-2010, 07:35 PM
Reply
montehristo Offline
Неверан Тома
*****

Posts: 1,493
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#11

Quote:Но да сумираме, стигна извештајот кој ни вели, ако сакаме преговри за пристап во ЕУ, решете (сменете) го името - бре...а народот некако не му е ич по ќеф таквото нешто. Сега чекаме одбивањето на НАТО да не прими дури и под привремента референца и да почне циркузот наречен предвремени избори. Но прашање е дали ќе има публика, ај може и да има, но дали ќе се смее на штосовите и аплаудира на лошите акробации... тешко, многу тешко...

И на крај, десетта работа...Некој нека го потсети Коце на кој град е градоначалник и потсетете го на 1963... од таа перспектива, недозволиво е да не реагираме на земјотресот во Краљево кој се случи неодамна, а за кој излезе дека бил многу пострашен одошто медиумите известуваа. Сеедно, каде, сеедно кому му се случува, ние МОРАМЕ да бидеме први што ќе пратат помош, макар симболична материјална, пар иљади евра, дури е помалку и од платенете реклами на шербетвизја за омекнување, но да не солам памет, не е мое, ама овој град станал нешто благодарејќи на солидарноста, затоа ние имаме пред се морална должност, да реагираме на било кој земјотрес каде има жртви и оштетувања, а Краљево претрпе огромни штети.
http://vecer.com.mk/?ItemID=269348AC25E0...23A9FC5B62
12-11-2010, 03:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Пинк не ја презема Алфа


Српската телевизија Пинк нема да ја преземе телевизијата Алфа, која има национална концесија. Младен Дамев, извршниот директор на Алфа, вчера потврди дека Србите се откажале

- Не им одговараа комерцијалните услови што им беа поставени, па затоа донесоа таква одлука - рече Динев, додавајќи дека Алфа останува со досегашната сопственичка структура.

Информациите дека Пинк ја презема Алфа се појавија во почетокот на неделава, кога дури се тврдеше дека договорот веќе бил потпишан, а се појавија и гласини дека новата телевизија ќе ја уредуваат Драган Павловиќ-Латас и Ивона Талевска, сега уредници во Сител.

Сепак, наместо Пинк на Жељко Митровиќ, сопственик на телевизијата Алфа и натаму останува бизнисменот Штерјо Наков.
Автор: Г.Т.



Quote:Газда Штерјо ја продавал! Пошто си е негова! Ќе му ја продавал на газдата на Пинк ТВ. Оваа продажба некои ја оценија како многу штетна зделка за Македонија и му нарипаа на човекот со критика дека бил општествено неодговорен капиталист. Оти новиот сопственик ќе ја загадел чистата македонска почва со српски шунд. Ма не е можно! Сега, откако газда Штерјо мина низ процес на една снежнобела приватизација на која верификаторите на општествената исправност немаа никакви забелешки, го караат оти националидеолошки застранил на стари години. Станал општествено неодговорен. Требало нив да ги праша кому ќе му го продава свој имот, за Фрчко да му одобри или да му најде морално-политички и национално подобен купец. Кога новопечените сопственици на приватизираниот општествен имот за добар профит им ги продадоа фирмите на Грци, ни Фрчко ни неговите фрчиња не отидоа да им вршат притисок. Кога како министер за внатрешни шверцуваше со Милошевиќ од нафта до цигари, пак никој не спомна општествена одговорност. Кога државата му подари половина стопанство на Штерјота, изгледа не постоеше општествена одговорност. И баш сега, кога Штерјо си помисли дека конечно си ги намири долговите кон донаторот на Бихаќка, за да биде малку и тој вистински капиталист, во мафијашки стил го потсетија дека не е господар на својата судбина и ако многу се занесе, ќе го најде некој совесен граѓанин во својот двор и неговото бизнис-досие. И така, Пинк сепак не ја купи Алфа! Газда Штерјо очигледно не бил газда на својот бизнис, туку партиски војник „на задатку“. Така заврши оваа псевдокапиталистичка епизода во нашиот џандарско-мафијашки општествен „сустав“. А бе, знаат ли овие што е капитализам и како функционира? Или толку се изматуфиле, па мислат кампањата за трошењето „народни пари“ да ја применуваат сега и на „приватните пари“. Фали само уште да тргнат во диференцирање на капиталот на етнички и партиски подобен и неподобен, па да завршиме работа. Ова особено се однесува на Шеќеринска. Значи, госпоѓо, ниту една тешка битка не се води надвор од Македонија. Дома ни е проблемот. Во мафијата и мафијашките мрежи што загосподарија со политиката. Зашто преку вакви домашно произведени транзициски „збуњоли“ тие од надвор на наш терен војуваат со Македонија.

Автор: Мирка Велиновска

12-11-2010, 01:38 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#13

ТВ ПИНК, сепак, влегува во Македонија. Само не преку ТВ АЛФА, туку преку ТВ К-15, како што и првично беше најавувано

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=7...tegorija=1
17-11-2010, 11:14 AM
Reply
Пат Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,630
Joined: Apr 2010
Reputation: 39
#14

Абе јас и така повеќе не гледам телевизија. И така нема што да се гледа.
17-11-2010, 12:37 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#15

Quote:Прашан дали е точно дека откако пропаднале преговорите со Алфа, бил на разговори со првиот човек на ДБК, Митровиќ рече дека се само добри пријатели со Сашо Мијалков и дека имале една средба. Во првите два месеца од функционирањето на Пинк 15, Митровиќ најави дека ќе биде емитувана програма од продукцијата на „Пинк медија груп“, а потоа телевизијата ќе има и сопствена продукција. Главно, ќе бидат фокусирани на забавна програма, реални шоуа, потоа „Ѕвездите на ’Гранд продукција’“ и други популарни, но и информативни и документарни емисии. Митровиќ одби да ја обелодени сумата за која ја купил телевизија, но рече дека во првата година планира во неа да вложи од пет до осум милиони евра.

17-11-2010, 12:59 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,136
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#16

Bez razlika dali rabotime vo privatni ili drzavni pretprijatijaa,postoi nekakvi pravila na igrata,koi se vikaat zakoni i se da e vo ramkite na volja na graganite.Imeno celta na drzavata,ustavot i zakonite e da se sozdadat uslovi za ramnopravna igra t.e. site da bideme ednakvi vo ocite na zakonot i da gi imame istite uslovi za tvorba. Seto toa se vika demokratija i pravna drzava.
Bidejki ako pravilata na igrata ne se pocituvaat i ne postojat zakoni koi ke ne stitat i ke davaat zastita na site podednakvo sto ziveat vo Makedonija,togas covekot so pistol i nemoralniot del na opstestvoto ke nadvladeat.
Kako prvo gospodinot Sterjo Nakov i polnoto luge sto stanaa komunisticki kapitalisti niz "pravednata" privatizacija treba seto toa sto go poseduvaat da go vratat.
Kako vtoro pod itno da se donese zakon za avtorski prava vo koj ke se garantira Makedonska sodrzina i reciprocitet.
Kako treto site programi sto ne se na Makedonski,da se sinhroniziraat na Makedonski.
(This post was last modified: 17-11-2010, 03:59 PM by basilius_2.)
17-11-2010, 03:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Тој вчера и официјално соопшти дека во Македонија влегува преку К-15, а новата телевизија со новото име Пинк 15 од петок ќе започне да емитува своја програма. Договорот со К-15, конечно, е потпишан откако пропаднаа преговорите за купување на телевизија Алфа


Саше Мијалков има замешано прсти. Без УДБА нема ништо.....


Quote:Прашан дали е точно дека откако пропаднале преговорите со Алфа, бил на разговори со првиот човек на ДБК, Митровиќ рече дека се само добри пријатели со Сашо Мијалков и дека имале една средба

ИЗВОР
19-11-2010, 02:26 AM
Reply