Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 17 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
УСТАВЕН СУД
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

(29-03-2010, 03:52 PM)NACIONALIST Wrote: Ne se raboti za poedinci, se raboti za najvisoka drzavna institucija, a koga ke padni taa institucija, togas ke padnat i poedincite so nea, a ustavniot sud nemozi ni sobranieto da go suspendira, zatoa rosaviot si donese takov zakon vo negovoto vladeenja, na dvajca sudii do godina im zavrsuva mandatot, taka avtomacki se istavaat drugi dvajca sudiii i na toj nacin udbasite go gubat mnozinstvoto, drug nacin nema da se suspendiraat sudiite.



Наци, неслушај ГАТАЛЕЦ, слушај ПАТАЛЕЦ. Во оваа рабпота Грујо е 102% виновен и одговорен. Ниту рошавиот ниту тулумбарот му се пречка. Пречка ке е неговото "минато"

СРПСКИТЕ ИНСТАЛАЦИИТЕ не ставаат ЧОВЕК КОГО ПРЕДХОДНО НЕ "ИЗВАЛКАЛЕ" да ја води МАКЕДОНИЈА.
29-03-2010, 04:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

Quote:Укинувањето одредби од Законот за лустрација удар врз македонската демократија

29.03.2010 - 22:03 | Македонија

Укинувањето на некои одредби од Законот за лустрација од страна на Уставниот суд претставува удар врз тој закон, врз македонската демократија и можност да се заштитат луѓе кои кодошеле и по 1991 година, оцени премиерот Никола Груевски.

[Image: gruuho_11430.jpg]


- Мислам дека овој удар долго ќе се памети во историјата на македонската политика. Тој дефинитивно заштитува значаен број луѓе кои од 1991 до 1998 година по инерција продолжија да работат како во минатиот систем, да вршат следење, кодошење. Дури и во времето кога демократијата настапи во Република Македонија, кога се формираа други политички партии, цели седум-осум години беа под режимот на поранешните институции создадени во комунизмот за време на Југославија, кои што требаше да вршат следење и шпионирање на оние на кои, на некој начин поинаку политички размислуваат од владеачката структура, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при денешната псоета на Кочани.

Груевски вели дека не знае зошто судот го прави тоа и од кои причини. - Не знам чија структура брани и кого се заштитува, дали заштитува некои политички партии, поединци во политички партии, дали заштитува некого од сопствените редови или нешто слично. Времето и историјата ќе покажат зошто Уставниот суд донесе ваква одлука со што се сопира еден значаен дел од луѓето кои вршеле кодошење да бидат препознаени и да бидат спречени да го прават тоа во иднина, додаде премиерот.



Значи готово Грујо ја симна одговорноста од себе. Уставниот суд бил виновен а тој не. Толку ли го смета Грујо сопствениот народ за недоветен и глупав.
Заборава дека во историјата исто ке биде запишано дека премиер на влада која ги СПАСИ КОДОШИТЕ бил Никола Груевски.
30-03-2010, 01:36 AM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#43

(30-03-2010, 01:36 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Значи готово Грујо ја симна одговорноста од себе. Уставниот суд бил виновен а тој не. Толку ли го смета Грујо сопствениот народ за недоветен и глупав.
Заборава дека во историјата исто ке биде запишано дека премиер на влада која ги СПАСИ КОДОШИТЕ бил Никола Груевски.



Jas mislam deka ova ti e otpoveke sto go kazuvas i go smetas Grujo za edinstven vinovnik, a sto mislis ti da mozese Gruevski da gi smeni ustavnite sudii ke go ostavese i ponatamu da pravat sto sakaat??? ne ne vo golema zabluda si so toa, ednas ti kazav deka sudiite se so 9 godisen mandat, i nikoj ziv nemozi da gi smeni dodeka trae nivniot mandat, sto mislis ti ovaj zakon e odneset tuku taka??? znaese rosaviot deka eden den mora da izgubi a koga ke izgubi, tuka se negovite sudii da go branat, sega sudiite ne ja izglasaat lustracijata, i toj slucaj e zatvoren za na vek i nikoj poveke nema pravo da go otvori, sega nivniot mandata uste malku zavrsuva, a KODOSITE SE SPASENI, e taka da znaes gospodine Petrevski.
30-03-2010, 03:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

(30-03-2010, 03:42 PM)NACIONALIST Wrote: Jas mislam deka ova ti e otpoveke sto go kazuvas i go smetas Grujo za edinstven vinovnik, a sto mislis ti da mozese Gruevski da gi smeni ustavnite sudii ke go ostavese i ponatamu da pravat sto sakaat??? ne ne vo golema zabluda si so toa, ednas ti kazav deka sudiite se so 9 godisen mandat, i nikoj ziv nemozi da gi smeni dodeka trae nivniot mandat, sto mislis ti ovaj zakon e odneset tuku taka??? znaese rosaviot deka eden den mora da izgubi a koga ke izgubi, tuka se negovite sudii da go branat, sega sudiite ne ja izglasaat lustracijata, i toj slucaj e zatvoren za na vek i nikoj poveke nema pravo da go otvori, sega nivniot mandata uste malku zavrsuva, a KODOSITE SE SPASENI, e taka da znaes gospodine Petrevski.

Наци, oд формирањето на комисијата за Проверка на факти па до одлуката на Уставниот Суд, Грујо имаше многу време. Трeба да размисли кој и зошто ја саботираше работата на Комисијата. Кој не им даде простории-Михајло Маневски, кој не им даде сертификати -Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков.....

Со него разговарав во во август 2008 година. Тој тогаш велеше дека воопшто не е запознаен дека постоел прогон во Македонија на политички неистомисленици, дека никогаш не слушнал за мојот случај, дека незнае дека сум добил политички азил...Премногу незанење и неинформираност за премиер на држава од 2 милиони жители...и најлошото тој е ПРЕСЕДАТЕЛ на ВМРО ДПМНЕ а порогонувани биле исклучиво членови и симпатизери на неговата партија.

Quote:Времето ќе покаже чии кодоши штити Уставниот суд

Уставниот суд му зададе силен удар на Законот за лустрација бидејќи дефинитивно заштитува одреден број луѓе од 91 до 98 што вршеле кодошење, изјави премиерот Никола Груевски при вчерашното пуштање во употреба на социјалната зграда во Кочани

Морам да изразам големо разочарување од одлуката на овој суд, кој се стави на страната на оние што во минатото работеле користејќи методи на кодошење на штета на своите сограѓани за остварување политички идеолошки цели, кои различно размислуваат од владејачката структура. Не знам од кои причини го прави тоа, не знам чија структура брани и кого сé заштитува. Дали заштитува политички партии, поединци од политички партии или некого од сопствените редови - додаде Груевски, истакнувајќи дека тоа е голем удар за македонската демократија и дека теоретски гледано може да се повторува во иднина.

Според премиерот, времето и историјата ќе покажат зошто Уставниот суд донесе ваква одлука со која се сопира еден значаен дел од кодошите да бидат препознаени и да бидат спречени да го прават тоа во иднина.




Веста е прочитана: 126 Оценка: 3,25
1 2 3 4 5


Оставете коментар

Име

Вашата е-пошта

Коментар




Правила за објавување на коментарите


jordan
ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА петок, 19 фебруари 2010 15:28 Cе наоѓам себеси во истата дилема како од пред околу единаесет-дванаесет години, за тоа дали да обзнанам некои работи. Тогаш ги објавив моите видувања и денеска гледам дека ни малку не сум погрешил. Само проблемот бил што тогаш многу малку луѓе ја разбрале пораката. Се надевам дека овој пат нема да биде така. Ги читам и слушам изјавите - ветувањата на Премиерот Никола Груевски и морам да признам дека му се восхитувам во неговата убеденост дека може да лаже до бескрај. А дека лагите не трајат вечно и како поминуваат тие што го лажат народот нека му послужи примерот со Бранко Црвенковски. Деновиве Груевски излезе во јавноста со порака дека ќе се залагал да се спроведе лустрацијата.... Во овој контекст, за време на престојот на Груевски во Канада во присуство на сведоци, односно лица од неговото опкружување јас лично разговарав со него (бидејки несакаше да одвои термин за состанок со представници Групацијата - така ни пренесоа, јас бев задолжен да зборувам во име на Групацијата, ако ми се даде можност), околу проблемот за незаживување на лустрацијата и можностите и врските на групацијата кои ги нудиме. Притоа, уште тогаш му укажав дека Групацијата ке помага само десничарски влади и партии и дека Уставниот суд ке ја укине лустрацијата од 1991 година наваму и со тоа ке фрли голема дамка врз Македонија која ќе биде прикажувана како земја што сеуште не расчистила со комунистичкото минато. Расчистувањето со комунизмот, пак, беше услов да се реализира и официјална посета на уште една земја која важи за една од светски велесили, а која начелно беше договорена за првата половина на оваа година. Целиот текст можете да го прочитате тука: http://www.kotle.ca
Нова Македонија
30-03-2010, 06:28 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#45

Quote:Уставниот суд повторно свири на лажни ноти


Втората концепција, која првпат ја слушнав на подготвителната седница на Уставниот суд, подоцна нашироко и надолго промовирана од „уставотворецот“, Љубомир Данаилов Фрчкоски, е онаа дека Уставот од 1991 година имал предвидено толку многу правни механизми и средства за заштитата на човековите слободи и права поради што немало потреба од лустрација на кодошите од времето на транзицијата. Демек демократските вредности на новиот уставен поредок им овозможуваат на погодените граѓани со тужба да се пресметаат со тие што ги кодошеле. И ваквите наводи се чиста измислица, лага на квадрат. Затоа, господа уставни судии, уважени стражари на нашата уставност и законитост, јавно ве повикувам да се огласите во јавноста и да ги посочите одредбите во Уставот од 1991 година во кои се предвидени ефикасни правни механизми за заштита на човековите слободи и права?! И не само Вас, ги повикувам сите професори по уставно право, правната мисла и сите останати „уставотворци“, да ми одговорат на прашањето: Дали постапката за заштита на слободите и правата од членот 110, алинеја три, од Уставот е уредена со Уставот од 1991 година или со фамозниот Деловник за работа од 1992 година?! Господа уставни судии, Ве молам кажете и на јавноста колку одлуки за 18-годишното постоење има донесено Уставниот суд за заштита на човековите слободи и права во согласност со членот 110, алинеја три, од Уставот, како индикатор за квалитетите на „современиот“ и „демократски“ наш Устав?!
Има една народна поговорка која гласи: „Оној што се плаши од врапци, нека не сее просо!“. Одлуката за половичната лустрација е донесена (значи просото е фрлено), инаугурираната правна иновација „делумна ретроактивност на Законот за лустрација“ ќе биде патентирана во сите уставни меридијани во светот како македонски правен феномен. Затоа, господа правни иноватори, конечно, кога ја запаливте јавноста со вашата сканадолозна одлука, ќе мора и да зуцнете, да се огласите во јавноста со ваше видување на работите. Знам дека не одите на јавни трибини и на ТВ-емисии. Знам дека и на премиерот не му дадовте одговор на прашањето како може во рок од шест месеци да се донесат две различни одлуки за ист член од закон. Аналогно на тоа, се сомневам дека ќе и одговорите и на мојата маленкост, па затоа ќе се обидам самиот телеграфски да си одговорам на поставените прашања. Позната е вистината дека адвокатите и не поставуваат прашања ако предвреме не го знаат очекуваниот одговор. Нејсе, да почнам по ред. Уставот на РМ од 1991 година има многу правни празнини, кои наместо со уставни норми, се пополнуваат со општи процедурални норми, кое нешто е невиден преседан во споредбеното уставно право. Еден од најголемите дефекти на нашиот Устав е тоа што „уставотворците“ заборавиле да ги предвидат правните механизми за заштита на човековите слободи и права, па заради тоа луцидните судии од првиот состав се досетиле (додека се донесат нови уставни амандмани) овие правни празнини привремено самите да ги регулира со Деловникот за работа на Уставниот суд од 1992 година (глава 4, член 51-57) каде што, покрај другото, е нормирана целата постапка за заштита на слободите и на правата од членот 110, алинеја три од Уставот на РМ од 1991 година. Значи, летање гулаби во празно е даденото образложение на судот дека Уставот од 1991 година имал предвидено правни механизми за заштитата на човековите слободи и права поради што „демократските кодоши“ треба да бидат изземени од лустрација. Во конкретниот случај, наместо со уставни норми, човековите слободи и права да се заштитуваат со процедурални норми - Деловник за работа на Уставниот суд, кој е третостепен акт во хиерархијата на правните акти. Неаргументирани и паушални се наводите на Уставниот суд дека Законот над законите од 1991 година преку своите „невидливи“ правни механизми обезбедувал ефикасна заштита на човековите слободи и права. Имено, Македонија е светски фенерџија во заштитата на човековите слободи и права, кое нешто претставува аршин за демократијата во една држава. Имаме податок за Гинис. ?итај народе: во текот на 18-годишното постоење Уставниот суд на РМ има донесено само една единствена одлука со која се штитат човековите слободи и права во согласност со членот 110, алинеја три, од Уставот на РМ. Уставниот суд на 10.2.2010 година ја донесе првата одлука со која утврди дека на лицето Џавид Рушими од селото Зајас му е повредено правото на политичко дејствување, со неприфаќање на неговата кандидатура за градоначалник на општина Зајас на локалните избори одржани во март 2009 година. „Сликите сами за себе зборуваат“, велат уметниците на отворањето на ликовните изложби. Коментарот го оставам на читателите. Уставниот суд, кој не ги штити човековите слободи и права и не заслужува да се нарече Уставен суд. Тој е понизок и од редовниот суд, кој, сепак, на извесен начин ги штити човековите слободи и права.
Авторот е претседател на штипската секција за Уставно право

Cel tekst VREME
31-03-2010, 12:19 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#46

Po ovaa odluka na ustavniot sud koj jasno se stavi vo odbrana na kradecot a ne na zrtvata jasno ni pokazuva deka vo Makedonija Lustracija nema da ima za periodot od 1991 pa navamu. Imeno mnogu e smesno da se kaze deka nemalo politicko dosie poradi toa sto bi sakal da gi potsetam site na slucajot na Kumanovecot Jordan Petrovski.
Imeno samoto postoenje na dosie vodeno od 1991 pa navamu ukazuva deka vrz SDB i MVR nema razvien sistem za nagleduvanje i ocenka na negovata rabota, a osobeno so faktot sto pripadnici na SDB dobija politicki funckii i ne dadoa ostavki na nivnite funkcii vo samata sluzba.
Ako postoel togas toj sistem se raspadnal, prestanal da funkcionira da ja zastiti individuata od nasilnikot. Sistemot za nadgleduvanje na drzavnite strukturi treba da gi sprecat bas vakvite raboti i da gi kaznuvaat losite pojavi.
Nikade ne postoi proces sprema covek ako toj so nisto ne prestavuva opasnost za sredinata kade zivee. Postojat samo vo avtoritarni opstestva, bidejki Makedonskiot ustav dava slobodi,nemame mehanizmi za odbrana na individuata od zloupotreba na sluzbena polozba pa i do politicko gonjenje.
Po se izgleda,mehanizmite za odbrana na individuata se izostaveni namerno, od strav da nema demokratija vo Makedonija.
Ova go govoram bidejki site moderni demokratii pocnuvajki od Anglija so Magna Carta i Bill of Rights pa do Amerika i Francija site imaat izgradeno kakov takov sistem za zastita na covekovite prava.
06-04-2010, 01:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#47

Quote:
Судот на Црвенковски против владата на Бучковски


Уставниот суд поведе постапка за оценување на правилата врз основа на кои Судскиот совет ја разреши судијката Виолета Дума и уште неколкумина други судии од тој пакет. Интересно, рамката за тие правила е одредена со уставни амандмани и со закон донесен кога Македонија ја водеше владата на Владо Бучковски, а министер за правда беше Мери Младеновска

[Image: ustavni.jpg]

Додека јавноста, зависно од сопствената политичка определба или симпатии, се забавува или беснее поради последната одлука на Уставниот суд во врска со неколку фасади на скопскиот централен плоштад и Триумфалната порта, еден друг, далеку посериозен случај, веќе ни се потиснува од свеста – одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за оцена на уставноста и законитоста на правилниците на Судскиот совет, врз основа на кои е донесена одлука за смена на неколкумина судии, меѓу кои најзвучно беше тоа на Виолета Дума.

Иако од судот не го даваат писменото образложение на одлуката за прифаќање иницијатива (за што нема некој посериозен аргумент, но од тие луѓе и не треба да се очекува нешто слично), врз основа на јавните изјави на судиите може да се заклучи дека ним им пречело тоа што начинот на одлучување на советот, односно мнозинството со кое се донесувале одлуки при разрешувањето на судии, било одредено со правилници, а не со закон. Практично, Судскиот совет е искаран зашто самиот одредил правила за игра кои не ги одредило Собранието. „Со ова, советот навлегува во законодавната власт, што е спротивно на начелото на поделба на законодавна, извршна и судска власт“, изјавија пред неколку дена од судот за „Нова Македонија“.

ДОПРВА ЌЕ СЕ СМЕЕМЕ


Но можеби тука има и нешто друго. Не е спорно дека нашата политика има квалитет еднаков приближно на лоша „смедеревка“ измешана со вода од Вардар, „наточена“ блиску до некој канализациски отвор. Така што не би било чудно од таа политика да направи и таков превид. Меѓутоа, од друга страна, главната неофицијална закана која врз судиите доаѓа од политиката е дека ако не се послушни, можат да бидат разрешени. Една таква општа закана, во стилот „ќе видите вие“, до сите во оваа држава упати и Бранко Црвенковски на митингот во неделата. Оттука, нема ништо необично и страшно што при една атмосфера, која во Македонија се гради веќе две децении, токму во време на Бучковски се остави самиот Судски совет да ги допрецизира правилата на игра за разрешување на судиите и ако со деловникот и правилниците го одреди и мнозинството гласови потребни за разрешување на судиите. Впрочем, таквиот начин на зацврстување на самостојноста на еден судски орган во Македонија е веќе испробан токму врз примерот на Уставниот суд. За неговата работа дури не постои ни закон, туку Собранието оставило самите судии со деловник да го разработат делот од Уставот што се однесува на Уставниот суд. Приближно, на сличен начин може да се разбере и оваа ситуација со разрешувањето на судиите, како дополнителна потреба утврдена од тогашната Влада, од опозицијата и од тогашниот собраниски состав, да се истакне одвоеноста на судската од законодавната и извршната власт. Таа нијанса на уставните судии очигледно не е им е јасна (што повторно оди на сметка на онаа црна дупка во Скопје која се нарекува Правен факултет), инаку не би се расфрлале со изјави дека Судскиот совет присвојува ингеренции на законодавната власт во државава. Значи, за ситуација каде што се прави дополнително одвојување на судската од законодавната власт, Уставниот суд го тврди спротивното. Што приближно нé води до приказната за лудиот и збунетиот. Како што беше и неодамнешното тврдење на судот дека Собранието, значи политичките партии, а не стручните служби на Министерството за образование, треба да одлучуваат од кое одделение ќе се изучува македонскиот јазик кај основците.

Интересно е меѓутоа што целата оваа приказна стана актуелна по разрешувањето на Виолета Дума и неколкуте други судии од тој пакет. Законот за судски совет постои веќе четврта година, нешто пократко живеат деловникот на Судскиот совет и спорните правилници и во сите овие години исто така имаше разрешување на судии, па никој не се растревожи премногу. И одеднаш, имало пропуст. Навистина?

Патем, ќе биде интересно ако Уставниот суд по повод оваа иницијатива донесе поништувачка, а не укинувачка одлука, што ќе значи дека работите ќе треба да се вратат во првобитна состојба. Дури тогаш ќе има простор за смеење.

Автор: Дарко Јаневски
Целиот текст
02-07-2010, 01:18 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#48

Quote:Неуставно изучувањето на македонскиот од прво одделение за етничките заедници.Министерот зачуден од одлуката на Уставен


Уставниот Суд утрово ја укина одлуката за изучување на македонскиот јазик за етничките заедници од прво одделение. За уставните судии спорно беше решението на министерот за образование Никола Тодоров со кое беше воведен макеоднскиот јазик како како задолжителен предмет за првачињата од сите етникуми.

Тие сметаат дека решението е неуставно затоа што министерот на овој начин се мешал во законодавтсвото и ваквите евентуални измени можат да се донесуваат само врз основа на Закони, а не врз основа на решенија или одлуки. Неуставно според судиите е да се менува Законот за основно образование врз основа на одлука донесена од самиот министер.


Како министер за образование и наука сум должен и целосно ќе ја почитувам одлуката на Уставниот суд, а како правник сум зачуден од неа. Но, ја ценам правната логика на уставните судии по која се раководеле да донесат една ваква одлука, изјави министерот Никола Тодоров, коментирајќи ја денешната одлука на Уставниот суд.

- Станува збор за решение кое е управен акт и по кое Уставниот суд не требаше да одлучува. Донесов решение кое не општ акт, туку поединечен и управен, кој не се однесува на сите (ерго омнес) туку на точно одреден број граѓани. Ваков тип решение го дефинира Законот за општо-управна постапка, рече министерот Тодоров на средбата со новинарите, изнесувајќи го ставот од правен аспект.

Одлуката на министерот Тодоров за изучување на албански јазик за првачињата од албанска националност предизвика реакции во општините со мнозинско албанско население како и кај невладините организации кои протестираа заради тоа.

Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на решението ја поднесоа ДПА и граѓансото здружение „Реалитети“. Одлуката на Уставниот суд за укинување на решението за десет дена ќе биде објавена во Службен весник.
14-07-2010, 06:28 PM
Reply
macedon
Unregistered

 
#49

Уште една глупост во низа на уставниот суд
14-07-2010, 06:30 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#50

(14-07-2010, 06:30 PM)macedon Wrote: Уште една глупост во низа на уставниот суд



Of-topic

Macedon, добредојде на форумов од екипата на Котле.
14-07-2010, 06:34 PM
Reply
Nikola Vapcarov
Unregistered

 
#51

(14-07-2010, 06:28 PM)Администратор Wrote:
Quote:Неуставно изучувањето на македонскиот од прво одделение за етничките заедници.Министерот зачуден од одлуката на Уставен



Тие сметаат дека решението е неуставно затоа што министерот на овој начин се мешал во законодавтсвото и ваквите евентуални измени можат да се донесуваат само врз основа на Закони, а не врз основа на решенија или одлуки. Неуставно според судиите е да се менува Законот за основно образование врз основа на одлука донесена од самиот министер.

Во право е Уставниот суд - ДПМНЕ го лаже народот!

Тоа им е трикот, ствараат привид дека се патриотска партија, а уствари се ебиветри, се знае дека ако сакаа сите првоодделенчињата да учат македонски требаше да се донесат соодветен закон!
Постојниот тоа го регулира од четврто одделение!

Зашто не го променат законот за територијалната организација? Кога пак ќе имаат 61 пратеник ?

Милион причини има да ги мрзиме овие од СДСМ, посебно за нивното предавничко однесување со името, но да не заборавиме дека ДПМНЕ нема врска со ВМРО!

Всушност ДПМНЕ и СДСМ имаат заеднички именител - комуњарите! И во едната и во другата партија се комуњари, само што во СДСМ реформирани криминализирани комуњари, а во ДПМНЕ болшевички криминализирани комуњари !

Заеднички им се и олигарсите, истите се и во едната и во другата партија !

Исто ѓубре се – илиозинисти, народот го доведоа до питачки стап, а државата пред растурање !
14-07-2010, 08:03 PM
Reply
macedon
Unregistered

 
#52

@Администратор благодарам

@Nikola Vapcarov како што гледаш уставниот ја турна таа одлука за јазикот
а за територијалната поделба премногу нејаснотии, сега викаат дека единствен начин да се смени таа поделба беше референдумот
да не заборавиме тие беа иницијатори за истиот, и најекспонирани за време на протестите против новата територијална поделба

Но кога се вратија на власт, за да не им расипат на нивните нови другарчиња од Швицарска се ваѓаат со тоа дека шансата да се смени нешто се пропушти.
Има уште нешто, припојувањата кои сеуште не се направени кои треба да се случат 2013та ако не се лажам можат да се случат доколку општината докаже дека може сама финансиски да се издржува.

И како што би се рекло на избори од две зла ние го бираме на што мислиме дека е помало или не сме го пробале
14-07-2010, 08:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#53

Текст кој вреди да се прочита:


Quote:Уставниот суд врши антиреформски преврати


Со завчерашното укинување на законот за домување, судиите на Уставниот суд фактички ги легализираа овие убиства од колективна негрижа, давајќи и обележје на македонската државност како на варварска, асоцијална и аморална. Триста евра глоба од денес е еквивалент за човечки живот


Минатиот месец во една од скопските згради загина тринаесетгодишно девојче, кое стапнало на стаклен под на покривот од зградата, а тој се отворил под нејзините нозе. Веста ни беше уредно соопштена со анекс дека во истата батал-зграда, во истиот батал-влез, пред неколку години, на сличен начин загинал уште еден станар. И никому ништо! Со завчерашното укинување на законот за домување, судиите на Уставниот суд фактички ги легализираа овие убиства од колективна негрижа, давајќи и обележје на македонската државност како на варварска, асоцијална и аморална. Триста евра глоба од денес е еквивалент за човечки живот. Несреќните родители на она уште понесреќно дете, кое загуби живот поради ниската свест и неодговорноста на станарите и на државата, кои баталиле одговорност за амбиентот во кој живеат, сега можат да се тешат дека Уставниот суд ги ослободил од нечистата совест.

Оваа одлука доаѓа како јавен оглас до сите крадци, убијци, силувачи, мочачи, џанаци, крадачи на пошта, политички активисти слободно да си оперираат во ходниците на колективните живеалишта зашто уставните судии сметаат дека таквиот модел на организација е најсоодветен за македонската нација. Па, да. Оваа одлука не се разликува од онаа политичка по која е спроведена приватизацијата. Темелен принцип на двете е општественото, заедничкото е сечие и ничие и затоа може неограничено да се крчми, руши, краде. После, што се чудите што децата кои ние, вакви, ги “воспитуваме“ и кои живеат во држава со вакви институции, ги поганат спомениците, ги кршат уличните светилки, ги силуваат кантите за ѓубре. Со ваков принцип, кој катаден го потврдува низ свои одлуки Уставниот суд на Македонија, ние сме на чекор до „апсолутната слобода“. Сега и Стевче Јакимовски може да отвори шампањско и да прослави уште една „гооолема победа за Македонија“ како балканска вукоебина во која е опасно да минувате под зграда оти може да ве усмрти саксија во слободен пад, да ве избањаат со вода или кеса ѓубре. Мене навистина не ми треба поконкретен доказ за визијата на „транзиционистите“ што стојат зад овој и други слични проекти. Политичари и нивни помагачи што наоѓаат душевно задоволство Скопје, Прилеп, Битола, Тетово, Охрид да изгледаат како Харлем некогаш, Брикстон и слични европски супстандардни гета во кои е опасно да зацапате, ги мразат овој народ и оваа држава. Вакви операции прават мафијаши, кои преку криминализација и хаос вршат притисок врз жителите на одреден кварт да се иселат, да си ги продадат живеалиштата по неколкукратно пониски цени, за озлогласените градски дувла да прејдат во рацете на криминалци-„инвеститори“, кои потоа ќе ги „урбанизираат“ и ќе ги продадат по стопати повисоки цени.

Сите тие се добри и „одговорни“ луѓе, кои плачат над социјалната судбина на своите сограѓани, синдикалисти што се на платен список на партија и транзициони богаташи - муватори што се подготвени со протест да го бранат правото нечии чеда слободно да загинат во мрачните ходници, нечии родители, пријатели, гости да завршат живот во дупка од лифт што не дошол. Тие и со оваа уставна одлука се погрижија да ја зголемат разликата помеѓу Македонците и другите Европејци. Со еден потпис на неколку недостојни индивидуи успешно се врати самосвеста, која себе се доживува како „Македонче“ кое за ништо не го бива, кое воздивнува од завист кога ќе види како се живее таму, во светот.

Јас немам никакви дилеми дека овој состав на Уставниот суд има конкретна политичка агенда. Тој е ефикасна антиреформска алатка на една политичка банда што работи на одржување на транзицијата како политички систем. Во изминативе четири години тој непогрешливо ги уриваше главните реформи и промените што требаше Македонија да ја направат европска држава и квалитетно да ни го променат секојдневниот живот. И после, јас сум била евроскептик, а тие се евроентузијасти. Ви велам, не ги слушајте што зборуваат - гледајте што прават и сé ќе ви биде јасно.

Почна со реформите во даночната управа. Уставниот суд реши дека правото на транзиционите апаши, кои на криминален начин стекнале имот, тој имот да го задржат и оплодуваат е посилно од правото на обесштетување на државата и нејзините испљачкани граѓани. Уставниот суд не љуби морал, етика, вредности на кои учат религиите кога веќе општеството и политиката наметнуваат аморални стандарди. Затоа денес ги береме плодовите на таквата одлука кога ни јавуваат за малолетничка проституција и за угледни бизнис-консументи. Не нé стресува ни тоа што почнаа јавно да се „фукаат“. За да се загубат и срамот и образот не треба многу - само малку експертска помош од угледни институции чии одлуки не се коментирале!!! Уставниот суд ги оцени како неуставни и одлуките што требаше да ја стимулираат Македонија да го обновува својот човечки ресурс. Оти, бездетна Македонија не може да создава ни економија ни развој - а е осудена да изумре. Уставниот суд застана во одбрана и на корупцијата и митаџиите во здравството, оти реши дека е прекршување на човековото право ако на лекар фатен како прима мито му се одземе лиценца да работи. Што е со моето човеково право само еднаш да ми ја наплаќаат услугата или мојот живот да не зависи од некој за кого Хипократ бил ординарна будала? Со тоа беше испратена недвосмислена двојна порака, која треба да виси во секоја лекарска ординација во јавното здравство наместо Хипократовата заклетва: едната до идните медицинари, дека корупцијата е озаконет етички стандард и, втората, до оние што се држат до чесноста и моралот, дека се непоправливи идиоти.

Има уште многу „проекти“ што ме наведуваат на заклучок дека нам ни е неопходна операција како во Турција. Таму ЕУ им испорача „бенчмарк“ за враќање на судството и армијата во цивилниот систем на државата, како услов за одмрзнување на закочените преговори за членство. Изгледа и ние ќе мора преку уставни промени да го ставиме Уставниот суд во рамките на еден единствен систем, оти почна да се однесува како „секуларен“ пучист. Или тоа, или да се донесе сериозен закон за лустрација, кој ќе ги истресе од гаќи и овие и идните кандидати за судии за да се расветлат сите темни ќошови на нивните професионални биографии - да се знае како ги минувале скалилата во своите кариери, кому сé и за што му должат услуги од ваков опасен вид, какви им се карактерните особини, што морал имаат, им фаќа ли црпката, свесни ли се за одговорноста што ја имаат.

Моето јавно прашање до сите во државава е до кога ќе прифаќаме да бидеме заложници на кадровските решенија на политички деструктивци што работат на упокојување на Македонија.


Автор: Мирка Велиновска

17-09-2010, 01:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#54

Quote:Во чиј интерес ќе суди Бранко Наумоски?

Бранко Наумоски за првпат откако е избран за Претседател на Уставниот суд, денес имаше средба со новинарите и со самото тоа и со македонската јавност.


Најголем инерес кај медиумите предизвикаа досегашните функци на Наумовски, кои ги извршувал додека на власт била СДСМ, како и полтичката активност на членови од неговото потесно семејство.

Бранко Наумовски од 1987 до 1995 година, бил помошник на Министерот за правда, а од 1995 година е именуван за директор на Државниот управен инспекторат, орган во состав на Министерството за правда.

Тој е избран и за Народен правобранител на Република Македонија, за периодот од 1997 до 2004 година, а Судија во Уставниот суд го избира Собранието на РМ на 6 декември 2004 година, кога мнозинството во Соранието го има СДСМ.

Неговиот син Александар Наумовски, е носител на советничката листа на СДСМ, за локалните избори во 2005 година во општината Ѓорче Петров, а во 2009 година е избран за советник во Советот на град Скопје предложен од страна на Социјалдемократскиот сојуз, истовремено неговиот син беше избран и во претседателството на младите на СДСМ на ниво на цела држава.

Сопругата на Бранко Наумовски, Мирјана Наумовска е член во поранешното претседателство на организацијата на жени при СДСМ, за Ѓорче Петров.

Наумовски истакна дека на сите овие функции дошол благодарение на неговите професионални квалитети, при што не сакаше да коментира за политичката активност на членовите од неговото семејство, бидејќи тие биле нивни лични работи.

Според него Владата ги спроведувала досегашните одлуки на Уставниот Суд, а притискот го гледал со самото тоа што некои владини функционери ги коментирале истите.

- До сега не се има случено Владата да не спроведе некое решение од Уставниот суд, всушност тоа е работа на владата да ги спроведува одлуките на судот, истакна Наумоски.

Наумоски со голема смодоверба најви дека и понатаму судот ќе работи како што работел до сега, без да потклекне на надворешните притисоци.

„Ние сме сведоци дека во последно време судот е изложен на неосновани критики и инсинуации. Дури и девалвации до степен да се навлегува во приватноста на судиите. Тоа не е добро, за оној кој го изрекува тоа е уште полошо, ако тоа е власта. Тоа му штети не само на судот туку и на државата и затоа им порачувам на тие кои се користат со таквите средства дека овој суд нема да биде со скрстени раце”, раче претседателот Наумовски.

Новиот Претседател на Уставниот суд и покрај тоа што често пати при свето обраќање спомнуваше за притисоците кои се вршени врз Уставниот Суд , немаше конкретен одговор за какви притисоци станува збор и дали има нешто незаконско во целиот тој однос на Владата кон судот.
02-11-2010, 03:44 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#55

мада се сомневам, но сепак ми е тешко да поверувам дека ВМРО-ДПМНЕ се до толку килави и некомпетентни...

жалам што на овој начин се одвиваат работите во судството....
(This post was last modified: 02-11-2010, 05:55 AM by toni_a.)
02-11-2010, 05:53 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#56

(02-11-2010, 05:53 AM)toni_a Wrote: мада се сомневам, но сепак ми е тешко да поверувам дека ВМРО-ДПМНЕ се до толку килави и некомпетентни...

жалам што на овој начин се одвиваат работите во судството....

Јас сум за длабока реформа во судството...

Сите ќе треба повторно да конкурираат за работните места, а за да останат на работното место, мораат да имаат чисто работно досие. Прво да поминат низ процесот на лустрација, а потоа да се проверат сите нивни предмети, да се види како суделе и дали штителе политичари, криминалци и др.

02-11-2010, 04:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#57



02-11-2010, 08:59 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#58

Уште уставниот суд им остана другото го заземаа, како што во минатото се беше под капа на СДС....ама јбг изглеа нема среќа за овој народ па ќе се навикнуваме на наметнување на едноумие де од едните де од другите и сите ќе имаме по две книшки и можеби ќе бидеме раат Icon_razz
03-11-2010, 12:01 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#59

Quote:Како Бранко Наумоски си ја „одработи“ фотелјата?



Корените на блискоста на Наумоски со СДСМ не се од лани, кога неговиот син беше избран за советник во градот Скопје, ниту, пак, од вклучувањето на неговата сопруга во активот на жени на социјалдемократите. Соработката датира уште пред тринаесетина години, кога СДСМ реши за прв народен правобранител да го избере токму Бранко Наумоски



Педесет и деветгодишниот правник Бранко Наумоски, новиот претседател на Уставниот суд, не е случаен играч - тој полека но сигурно шест години си се подготвуваше за претседателската фотелја. Не е тајна дека по многу политички разговори, преговори и договори, пред да биде избран Махмут Јусуфи пред пет години, Наумоски бил меѓу кандидатите за претседател на Уставниот суд. Тогаш, како релативно млад уставен судија, своето место им го оставил на поискусните колеги, со образложение дека за него има време. Со ова Наумоски си остави простор за идни маневри меѓу колегите, зашто меѓу нив има и такви што сметаат дека неговото правничко знаење не е доволно да биде уставен судија, а камоли претседател. Сепак, некои од колегите повикувајќи се на неговото шестгодишно искуство како уставен судија сметаат дека Наумоски со право застана на чело на Уставниот суд.

Почнал како приправник во скопското јавно обвинителство, потоа во 1987 година бил помошник на министерот за правда. Прв народен правобранител бил избран по предлог на СДСМ во 1997 година. По седум години влегува во Уставниот суд како судија. Наумоски во седумгодишниот мандат како народен правобранител не беше интересен за партиските пресметки. Може да се каже дека им беше по мера - извештаите за неговото работење во Собранието поминуваа без многу расправа, дури имаше и пофалби и од тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ на Љубчо Георгиевски. Сега, партијата на Груевски како прв човек на судот го етикетира „како лицемерен сдсмовец“.

- Голема лага е дека Бранко Наумоски е член на СДСМ. Надвор од разумот е уставен судија да биде член на политичка партија - вели портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ.

Власта сепак не ја менува перцепцијата за Наумоски дека е продолжена рака на Бранко Црвенкоски. Ваквата квалификација е последица на случувањата во Уставниот суд во 2006 година, кога во отсуство на тогашниот претседател на судот Махмут Јусуфи, Наумоски спротивно на Деловникот за работа ја потпиша одлуката со која беше ограничена употребата на албанското знаме во Македонија. Чинот беше неприфатлив за професионалците, зашто ако Наумоски за себе вели дека кариерата ја градел врз основа на знаење, стручност и професионалност, не смеел да си дозволи таков погрешен чекор. А тоа е дека во отсуство на претседателот на Уставниот суд одлуките ги потпишува оној судија што е следен по азбучен ред. Тоа тогаш секако не беше Бранко Наумоски.

Спротивставеноста на Наумоски со власта се гледа и по тоа што тој никогаш немал издвоено мислење „за“ одлуките на Владата, што значи дека секогаш гласал против нивните проекти.

На самиот ден на изборот за претседател на Уставниот суд Наумоски беше соочен и со фактите дека членови на неговото семејство се активисти во опозициската СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го прозва поради тоа што неговиот син е член од СДСМ во Советот на градот Скопје, а неговата сопруга во женската организација на социјалдемократите на Ѓорче Петров.

- Иако сум и сопруг и татко, не можам да се мешам во нивната приватност. Но тоа никако нема да ми биде товар во работата. Цела кариера сум ја градел компетентно и стручно - одговори Наумоски.

Сепак, корените на блискоста на Наумоски со СДСМ не се од лани, кога неговиот син беше избран за советник во градот Скопје, ниту, пак, од вклучувањето на неговата сопруга во активот на жени на социјалдемократите. Соработката датира уште пред тринаесетина години, кога СДСМ реши за прв народен правобранител да го избере токму Бранко Наумоски. Во седумгодишниот мандат тој, иако беше избор на социјалдемократите, имаше неколку обиди на спротивставување. Прво, на одлуката на ЕСМ за поскапувањето на струјата за 40 отсто. Тогаш ја обвини и власта за несоодветниот третман на раселените од Арачиново по воената криза во 2001 година, а му забележа на СДСМ како власт дека не соработува со народниот правобранител. И покрај ангажманот што тогаш го покажување застапувајќи ги граѓанските интереси, Наумоски доживеа силни напади токму од граѓаните. Во една ситуација, односно кога побара поништување на конкурсот за социјални станови поради сомневања за неправилна распределба, Наумоски беше прогласен за однароден правобранител, бидејќи не можеше да се одбрани од нападите дека ја брани власта. Дамка во кариерата на народниот правобранител Наумоски е и случајот со охридскиот загубар ЕМО. Акционерите побараа негова оставка. затоа што, како што образложија тогаш, Наумоски застанал против комисијата за хартии од вредност, а на страна на црногорската фирма „Арарат“.

- Народниот правобранител треба да застане во одбрана на 2.000 вработени во ЕМО, кои 15 месеци не примиле плата. Прашање е чии интереси брани Наумоски во оваа криминална приватизација - изјави тогаш Драган Молкоски, предводник на штрајкувачкиот одбор на вработените во ЕМО.

Тогаш никој од партиите не коментираше дали Наумоски донел политичка одлука или само ги бранел правата на сопствениците на странската фирма? Подоцна, судот го осуди сопственикот на „Арарат“ Миодраг Марковиќ на четири години затвор за перење пари, со што ја оштетил државата за девет милиони евра. По овие настани, на крајот на 2004 година, по предлог на СДСМ Наумоски беше испратен за судија во Уставниот суд.

Меѓу деветте судии, од кои најмалку четворица се врзуваат за опозициската СДСМ, Наумоски беше петтиот што по доаѓањето во судот требаше да си ја одработи судиската фотелја.

Сега има три години додека трае неговиот мандат да го оттргне партискиот плашт и да и покаже на јавноста дека без притисоци и влијанија ќе ги брани граѓанските и државните интереси.

Автор: Искра Опетческа
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22125
Ovoj Papagal E.S. mu cini meceska usluga branejki go.

Bas bi bilo zanimlivo dokolku se proverat vrskite pomedju sudiite, politicarite,bizmismenite kade bi im bil krajot.(pocnuvajki od toa koj za kogo e mazena /zenet)
A ne e tesko da se proverat, barem
(This post was last modified: 05-11-2010, 08:30 PM by montehristo.)
05-11-2010, 08:29 PM
Reply