Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 2.42 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РАДМИЛА ЦРВЕНА ПРИНЦЕЗА НА ЗРНО ГРАШОК
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,486
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#1

Quote:Повеќе среќа следниот пат

Ако го преживеете владиниот лавиринт „квадрат за едно евро“, ќе си го купите плацот за едно евро, ама откако ќе потрошите илјада евра, многу часа и сите свои нерви. А за следната година ќе имаме ново изненадување...

Сте чуле ли за неолитската револуција од пред десет илјади години? Сериозните научници (кои не се занимаваат со изградба на старо-нови наколни населби, кои чинат нови-најнови милиони евра) сметаат дека оваа револуција суштински го променила правецот на човечкиот напредок. До овој заклучок стигнал економистот-нобеловец Даглас Норт, кој го истражувал влијанието на институциите врз економскиот развој. Според него, „земјоделството, кое подразбира задржување на одредено парче земја, диктирало нови организациски форми бидејќи изискува систем на имотни права. Во почетокот, тоа се сведувало на припадност на заедницата (племе, група, село), но потоа еволуирало во државни и приватни имотни права, кои имале клучна улога во економските промени и светскиот прогрес“.

Затоа, „странците“ можеби ни здодеаја повторувајќи дека за економски раст на Македонија клучно е функционирањето на правна држава и особено регулирањето на имотните права. Како да функционира бизнисот ако нема правна сигурност? Како да се финансираат проектите ако хипотеките се сомнителни? Како да се поттикнува вложувањето ако постојат дилеми за сопственоста?

Се разбира, се' мора да почне во клучната институција - државниот катастар. Сторици милиони денари од буџетот и милиони евра од донаторите се слеаја на оваа адреса за да се создаде функционален и доверлив систем на имотни права. По сите фалби на овие реформи како најуспешни во државата, дали сте биле во фамозниот реформиран катастар? Колку чекавте? Да погодам - помеѓу 3 и 5 часа? И тоа само за еден документ. Ако ви требаат повеќе (во најголем број случаи е така) - тогаш неколкупати по три часа!

Иронијата да биде поголема: овие месеци катастарот е преполн со одговорни граѓани кои го послушаа советот на Владата на Груевски и решија да си ги откупат дворните места на своите куќи или згради. Си велат: „ако Груевски и Ставревски потрошија стотици илјади наши евра за да не убедат дека свое-си-е-свое, тогаш мора и ние да си го одработиме нашето“. Плус, велат дека квадрат чини едно евро: значи, ем добро за домашниот, ем за државниот буџет.

И дотука работите изгледаат разумни, логични и оправдани. Оние со подолго паметење се побунија зошто истава Влада претходно ги покачуваше истиве цени, па испадна дека најдомаќините (кои веднаш ги послушаа тогаш Груевски и Славевски) излегоа со покуси ракави бидејќи неколкукратно поскапо платија, ама ајде рекоа: битно е процесот да заврши. Другите, вооружени со договори, документи, барања, таксени марки се упатија на посочената адреса. Беа релаксирани и безгрижни бидејќи постапуваат по препораките на Илинденска, влегоа во катастар и... безгрижноста исчезна, а приказните за „најуспешниот реформатор“ се разбија како меур од сапуница.

Во морето документи што треба да се обезбедат беше и копија од катастарски план. Копија: звучи едноставно. Епа, не е! За да ја добиеш, ќе треба да се вооружиш со барање, договори, таксена марка... и многу трпение. Уште на влез забележуваш дека во салата нема воздух, дека метеж и нервоза владее на секој шалтер, дека одговор и информации се добиваат тешко и бавно. Небаре секој може од работа да излезе по неколку часа без проблем за да се поти во катастар. По 3 до 5 „убиени“ часа- излегуваш, среќен дека си завршил работа. Полека, не брзај! Не е готово. Треба да почекаш десетина дена за да го добиеш одговорот. И таман си се насмевнал дека крајот се гледа - изненадување! Си ја добил копијата, ама „топ-реформаторот“ направил техничка грешка поради која со добиената копија можеш само „да се сликаш“. Одиш пак назад и мислиш дека ќе го добиеш вистинскиот документ со извинување поради грешката? Малку морген! „Реформаторот“ греши, ама ти си тој кој пак треба да подготвиш ново барање, да платиш нова такса, да се наредиш во нов ред (уште поголем, бидејќи „превидот“ на катастарот не бил исклучок, туку правило - па сите втор пат се вратиле на шалтерите), да „убиеш“ нови три-четири часа и да чекаш нови десет дена за одговор!? Уште да ти кажат „Повеќе среќа следниот пат“ - па „бинго“ впечатокот да биде потполн.

Се тешиш со оние што треба да заверат хипотека: тие, дури откако ќе го земат имотниот лист (по неколкучасовно чекање на еден шалтер) треба да земат бројче за чекање на другиот шалтер (значи, уште неколку часа) во истата сала! Доаѓаат со вода и појадок во рака и кампуваат цел ден кај „реформаторот“.

Од друга страна, тие барем се' ќе завршат на едно место. Твојата голгота наречена „1 м2=1 евро“ само почнува. Од големата сала треба да се упатиш во малите општински сопчиња каде нема ни бројчиња, ни шалтери, ни процедура (па макар и долга). Од локалната власт бараш „извод од ДУП“, а тие се однесуваат (чест на исклучоци) како да им бараш од семејното злато: ниту даваат, ниту одговараат. Ќе ви кажам конкретен пример: од мај оваа година (значи цели 6 месеци) куќниот совет на една зграда во Центар не може да добие ваков извод. Ниту пак објаснение зошто нема одговор. Замислете, општините што нели се „поблиски до граѓаните“ 180 дена не можат да издадат копија на документ кој е јавен! Какви граѓани, каква бизнис-клима, какви бакрачи! Зошто да ви дадат извадок од ДУП, кога се зафатени (во тројки) со потпишување дозволи за прекршување на ДУП? Полесно ќе добиете три ката плус од планот отколку пристап до него! Само, се разбира парите ќе треба да ги уплатите на друга жиро-сметка. Затоа, кога се шетаме низ Дебар Маало да не се чудиме во каков хаос се претвори нашата општина.

За ова немојте да го прашувате градоначалникот Тодоровиќ: за човекот милиони евра и не се некои пари, па вашите ситни проблеми не може ни да ги забележи. Башка ќе ве праша што ќе ви е копија од ДУП - тој успеа својот „Тинекс“ да го отвори и пред да добие дозвола, па можете и вие малку да „бидете снаодливи“. Не се грижите, и за тоа изгледа има некоја трета жиро-сметка.

Ете вака изгледа дел од владиниот лавиринт „квадрат за едно евро“. Намерно го прескокнувам елаборатот од (сугерирана) приватна фирма, кој чини околу 15 илјади денари - бидејќи тоа е башка дискусија. Е, ако го преживеете сево ова, ќе си го купите плацот за едно евро, ама откако ќе потрошите илјада евра, многу часа и сите свои нерви. А за следната година ќе имаме ново изненадување - данокот што ќе треба да го платите ќе биде уште малку повисок, поради вашето ново „газдинство“. Под него, речиси невидлив ќе биде потписот: со љубов, од Груевски.
Радмила Шекеринска

A dali Crvenata Aristokratija ima tapija za site nivni имотни права?
05-11-2010, 05:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Мислам дека текстот во кој се објаснети роднинските врски на Радмила ке даде малку повеке светло и на нејзината колумна.


Quote:ТРУМАН ШОУ

Дали сте знаеле дека Радмила Шеќеринска му е внука на Киро Глигоров, односно дека дедото на Глигоров и е чукун-дедо на Радмила Шеќеринска, а самата таа - внука на несудениот носител на листата бр. 3 во штипско-велешката околија!!!


Пишува: Владимир ЈОВАНОВСКИ

Деновиве в раце ни падна еден примерок на списанието Спектар на Институтот за македонска литература од 1999 во кое, меѓу другото, е обработен старогрчкиот мит за Прометеј. Во трудот на филологот Катерина Младеновска под наслов Хесиодовиот мит за Прометеј и Пандора наидовме на фрапантни сличности на она што сега се случува во СДСМ. Како вовед на анализава за состојбите во таа партија, ќе ви пренесеме мал дел од овој елаборат, а вие само заменете ги ликовите на Пандора, Зевс и Прометеј со Радмила Шеќеринска, Бранко Црвенковски и Владо Бучковски (со молба Господ да ви прости и вам и нам).

ПОТЕНЦИЈАЛЕН СОПЕРНИК Значи, накусо: авторката го опишува Прометеј како еден од главните јунаци во хеленската митологија. Според историчарот Хесиод, сето знаење и искуство што Прометеј го научил од божицата Атена, им го пренел на луѓето. Меѓутоа, “во древната хеленска митологија тој е претставен двострано. Од една страна, се сметал за заштитник на луѓето и добротвор на човештвото. Во тие определби, дури пројавувал херојска смелост да им се спротивстави на боговите, па и на самиот Зевс. Од друга страна, самиот тој бил тиранин, начелно претставен во судир со Зевс, кому му посакувал да му ја преземе власта и самиот да владее со светот на луѓето”, се вели во приказот на Младеновска. За врховниот бог Зевс, пак, таа пишува дека “во митот за Прометеј и Пандора, тој е главно претставен како човекомразец. Тоа се забележува во повеќето негови постапки и планови, проследени со одмаздливост и казни. Силата и способностите на луѓето постојано се зголемувале, па тоа го наведувало на желбата да се искорени сиот човечки род...
Зевс, според умот, го сметал Прометеј за рамен на себе, па оттука и за потенцијален соперник. Затоа во повеќе наврати пројавувал завист и љубомора кон неговите способности”, пишува во студијата. Конечно, Пандора, која во митологијата освен по нејзината злогласна кутија, е позната и по тоа дека му била снаа на Прометеј, е анализирана на следниов начин: “Според Хесиод, за да ја реализира одмаздата против човечкиот род, Зевс ја испратил примамливо украсената Пандора со загадочен ќуп во рацете, како мамка на земјата, наменувајќи ја како подарок - за сопруга на најмладиот брат на Прометеј со задоцнето расудување - Епиметеј”.
Во препуштаме сами да изберете кој во СДСМ највеќе би ве асоцирал на Епиметеј.

ТРЕТА СТРУЈА На Вонредниот конгрес на Социјалдемократскиот сојуз заврши пресметката со демократското крило во левата партија. За ген-сек е избран продавачот на пиво Горан Минчев, чија единствена предност пред светскиот сеизмички стручњак Љупчо Јордановски е што е брат на “Зевсовата” старосватица Јулка. Новата претседателка Шеќеринска, откако се добра до посакуваната функција, изјави: “Сега треба да престанеме да зборуваме кој на која функција е и која сака да ја добие”. Таа, исто така, на конгресмените им порача: “Моја прва задача е да ви станам лидер”. Чудно прозвуче оваа нејзина реченица. Па зар не е лидер, кога веќе ја избра за претседател?! Или можеби се сомнева во тоа дека ќе има сили да се наметне како водач на побрлавената партија, во која дури и нејзините градоначалници, како луцидниот кумановец Дамјановски, јавно се откажуваат од членството поради манипулации на саботниот Конгрес (им делеле ливчиња кого да не го заокружат за член на ЦО)?
Со изборот на Шеќеринска дефинитивно е отворен капакот на Пандорината кутија на демократијата во СДС. Ако до пред некој месец беше незамисливо да се критикува кого било од т.н. Политбиро, сега најблиските соработници се прават лом преку медиумите. Жестината на нападите на Бучковски кон Црвенковски, да речеме, е толкава што ни се чини дека човекот веќе ужива да го куди својот донеодамнешен политички бог. Занемен од фактот што неговиот најблизок соработник јавно му бара оставка од функцијата шеф на државата, Црвенковски во вторникот изјави: “За нападите на Бучковски немам коментар”!? Ова е прв пат да го видиме Шефот на левите во инфериорна положба во однос на свој сопартиец. А, кога така јако мава по Црвенковски, може само да замислиме како Бучко ќе ја пердаши Шеќеринска, која и онака карактеролошки е далеку послаба од него. Луѓе мои, па тоа ќе биде газење!!! Тој тоа веќе и го прави. Анализирајќи го нејзиното однесување во случајот “отповикување на Јордановски”, Бучковски за Фокус ќе рече дека со изјавите покажала “дека нешто му должи на Црвенковски”.
Меѓутоа, раширените уверувања дека Рада е човек на Бранко се повеќе ни стануват сомнителни. Би потсетиле на една сентенца од неговото новогодишно интервју за Канал 5, кога призна оти постојат две струи во СДСМ, ама дека тука се пројавила и некаква трета струја, која посакала судирот Бучко-Бранко да го искористи за себе. Тој не ја спомна Шеќеринска, но сметаме дека мислеше токму на неа. Впрочем, Рада многупати овие денови повторува дека не верува во живи легенди, како на пример Зевс (Црвенковски!), но тоа никој не и го зема за “озбилно”.
Една реакција на Кабинетот на Киро Глигоров за нас беше сигнал дека нејзините позиции треба малку подлабоко да се разгледаат.

ОД ДЕДО НА ВНУКА Владо Бучковски деновиве остро ги напаѓа Бранко и Шеќеринска, но она што му го прави на Никола Поповски е фантастично. Тој, прво, коментирајќи ги тврдењата на ексминистерот за финансии дека бил прислушуван, го спореди со жаба (“Видела жаба дека го потковуваат коњот, па и таа ја кренала ногата”), за на ТВ Ирис во Штип да им се “извини на бирачите” од третиот изборен округ што го турил за носител на листа! На таа ТВ-станица Бучковски кажал дека му понудил на Киро Глигоров да биде носител во Третата изборна единица?!? Ова негово искажување не доби некаква гласност во Скопје, но експретседателот Глигоров реагираше како боцнат. Неговиот Кабинет пиша категоричен демант кој во провладиниот Дневник го доби почесното место: на втората страница, горе лево.
Не изненади ваквата ригорозна контра на Глигоров, којашто дојде на денот на крунисувањето на Радмила Шеќеринска за “кралица на СДСМ”. Се запрашавме чуму Бучко така “злочесто” го пецнал Кирца и зошто овој олку нервозно демантира? Да не има тука нешто скриено меѓу нив тројца?
Стапивме во контакт со наши доверливи извори во главниот град на Источна Македонија, чија специјалност е правење родослови на старите штипски фамилии, а имајќи предвид дека Радмила Шеќеринска, по татковска линија, е штипјанка. Тие наши извори, лоцирани во градскиот музеј, ни посочија мошне корисна трага: пратеничката на Социјалдемократскиот сојуз од Штип Верица Филипова е братучетка на Радмила Шеќеринска. Не бевме знаеле! Исто како што не бевме знаеле дека родот (или кланот) Шеќерински е многу стар и со векови влијателен во македонскиот Манчестер Сити. Како патер-фамилијас на овој сој во XIX век словел извесниот протојереј Ристо Шеќерински.
Е сега, каква е врската меѓу поп Шеќерински и Киро Глигоров? Директна! Во изјавата за Форум плус од Кабинетот на првиот претседател ни потврдија дека мајката на Киро Глигоров, Катарина, му била ќерка на прота Шеќерински, што значи дека тој е Киров дедо. Со други зборови, дедото на Глигоров и е чукун-дедо на Радмила Шеќеринска, а самата таа - внука на несудениот носител на листата бр. 3 во штипско-велешката околија!!!


ВИСОК НАПОН Не е баш пријатно да чепкаш по нечие приватно минато, бидејќи тоа може да биде болно за “објектот на истрагата”. Меѓутоа, Шеќеринска одбра да биде во врвот на политиката и сега не може, како што самата посакува, личниот живот да го скрие од медиумите. Во крајна линија, не е воопшто грев да си внука на Глигоров. Напротив, тоа те прави да си дел од македонската историја, па дури и аристократија, доколку во Македонија воопшто може да се зборува за постоење на таква каста. Охрабрени од ваквото гледање на работите, се обидовме да го истражиме и другиот крак на нејзиното потекло - мајчиниот. И тука наидовме на - барем за нас - неверојатни откритија. Нашиот битолски извор, кој инсистираше да остане анонимен бидејќи на времето бил директор во тамошната Шеќерана, ни соопшто дека дедото на Радмила, по мајчина линија, бил еден од најголемите стопански моќници во Градот под Пелистер. Неговото име е Никола Грашески Грашето и е познат како човек што ја изградил РЕК Битола. Во бивша Југославија тој бил сојузен министер за енергетика, што претставуваше мошне јак ресор, а наводно бил и југословенски амбасадор во Романија (во времето на Николае Чаушеску). Сепак, за негова најзначајна функција се смета позицијата главен преговарач со СЕВ. За помладите читатели, СЕВ беше нешто како Европска економска заедница на СССР. Сите припаднички за комунистичкиот Варшавски воен сојуз, од Источна Германија до НР Бугарија, истовремено беа членки на СЕВ. Југославија, секако, не беше во СЕВ, ама интензивно тргуваше со него. Тие односи, од страната на СФРЈ, едно време ги водел дедото на Шеќеринска - Грашето.
Впрочем, дел од неговата биографија неодамна објави неговата ќерка, мајката на Радмила - Јелена Грашеска-Шеќеринска. Погодена од обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за непотизам, во однос на нејзиното директорување во ЕСМ (исто и на нејзиниот сопруг), таа во писмо објавено во Утрински весник, споредувајќи го сопствениот, со случајот “Мијалкови”, напиша: “Сашо Мијалков во 1999 година, кога бил именуван директно за помошник-министер за одбрана (кога министер е Кљусев, н.з.) немал никакво искуство во одбранбените системи, како што денес, во 2006, нема релевантно искуство за безбедност. Тие примери не се исти со моето поставување за помошник-директор за развој и инвестиции во ЕСМ бидејќи во ЕСМ, во тој момент, имав работно искуство од 28 години, период во кој ги поминав сите хиерархиски скали. Не е сеедно и недозволиво е да се споредува и моето лично однесување и углед со она на Мијалков, за кого не се знае што воопшто работел во време кога не беше функционер, именуван од ДПМНЕ. Јавноста е запозната дека одеше со телохранители и вооружен, дека возеше 'мерцедес', дека најблаго речено има контакти со подземјето. Недозволиво е, според мене, него да го споредувате со мене и моето семејство (таткото на Р. Шеќеринска или дедото на Р. Шеќеринска, кој бил директор на ХЕЦ Маврово, Топлификација и РЕК Битола, во времето на градба и инвестиции) затоа што никој не може да ви посочи ниеден сомнителен детаљ од службениот или приватниот живот.”
Јелена Грашеска-Шеќеринска, 4 септември, Утрински весник.

ПАНЕ ВЕЛЕВ Да беше жив, на денешен ден 8 ноември (кога се пишува овој текст) генерал Михајло Апостолски ќе наполнеше 100 години! Легендарниот командант од Втората светска војна, генерал-полковник на ЈНА во пензија и дописен член на Српската академија на нуаките и уметностите, не ја дочека македонската независност. Умре во август 1987 во Дојран. Зошто го поменуваме тој апостол на македонското партизанско движење? Во прекранската новогодишна кавер-сторија на, тогаш, месечникот, Форум, ја третиравме темата “Власите во Македонија”. Во таа сага донесовме изјава на претседателот на Унијата на Власите, Димо Димчев, во која тој ги набројува највидните припадници на влашката заедница во Република Македонија. Еден од нив беше и генерал Михајло Апостолски (заедно со мајката на Киро Глигоров, гореспоменатата Ката Глигорова-Шеќеринска).
Овој податок е занимлив ако се доведе во врска со писмото на мајката на Радмила Шеќеринска. Таа, како што се гледа, прилично остро го напаѓа сегашниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, кого го опишува како насилник, игнорант и близок до криминалното подземје. Меѓутоа, прашање е дали такви квалификации би заработил таткото на Сашо, Јордан Мијалков, прв министер за внатрешни работи. Имено, токму Јордан Мијалков, подоцна ликвидиран од УДБА, во серијата “Најдолгиот пат” емитувана на Канал 5 минатиот месец, беше посочен од страна на Никола Кљусев како човекот кој го довел Киро Глигоров од Белград за да бидне претседател на независна Македонија. Изјавата на Кљусев гласеше вака (парафраза): “Се собравме во вилата на Михајло Апостолски, кој беше оженет за сестрата на Киро Глигоров, Цвета. Таму бевме јас, Ѓорѓи Наумов, Јордан Мијалков и Борис Змејковски. Ние одлучивме дека, преку Пане Велев, треба да го вратиме Киро во Македонија, зашто тој има доволно искуство да ја води државата”. Што е она што е посебно интересно во изјавава на Кљусев? Тоа што за враќањето на дедото на Шеќеринска во тазе осамостоена Македонија решавал не само таткото на Сашо и Владимир Мијалков, ами и “чичковците” на Никола Груевски, Кљусев и Наумов.
За крај на оваа “теорија на заговор”, а во стилот на литерарно-митскиот вовед, ќе ја цитираме дефиницијата за методот на структурализам: “Структурализмот настанал од сфаќањето дека нашето верување во историскиот развиток е само привид, дека заправо нема дијалектичко движење, туку единствено постојат структури кои управуваат со животите со луѓето, опфаќајќи се што е поврзано со нивниот живот. Еднаш откриени, овие структури може да ги провериме во разни подрачја на животот и човековата дејност” (Речник на книжевни термини).
Поентата е во следното: што кога Пандорината кутија ќе се отвори и кога ќе се разоткријат овие структури кои управуваат со македонскиот живот? Нема ли да се појави некој модерен Прометеј ала Џим Кери, кој ќе почне насилно да го руши својот лажен свет? Како, всушност, ќе заврши македонското “Труман шоу”?

ИЗВОР
05-11-2010, 06:37 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,486
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#3

Quote:Нов извештај со стари препораки



Според Радмила Шеќеринска, претседателка на Националниот совет за евроинтеграции, најголемо назадување од лани до годинава имаме во делот на јавната администрација, но во извештајот нема да остане незабележана и кампањската работа на Собранието



Што треба да очекуваме од Брисел?




Инцидентот во Собранието, кампањската работа на народните избраници, кавгата меѓу власта и Уставниот суд и третманот со учебниците ќе бидат запишани во извештајот за напредокот на Македонија што Брисел треба да го објави идната недела, прогнозираат некои од пратениците и аналитичарите.

Според нив, голем дел од она што беше наведено лани, Брисел ќе го повтори и годинава - партизираноста на администрацијата, бојкотот на Собранието од страна на ДПА, етничките смени во училиштата, очајната состојба во затворите...

Се очекуваат сериозни критики дека судството останува партизирано и неефикасно. Според експертите, забелешките на економски план што Европската комисија ќе ги нотира во годинашниот извештај веројатно ќе бидат многу подобри во однос на сите другите области. Владата очекува објективен извештај од Брисел во кој ќе биде валоризирано сработеното. Според експертите, ако извештајот биде објективен, во него ќе стојат не само забелешките што не сме ги поправиле од лани туку ќе претрпиме критика за сé што се случи годинава.


Собранието продолжува да работи кампањски


Инцидентот во Собранието, бојкотот на опозицијата на координациите кај собранискиот спикер Трајко Вељаноски, ограничената улога на Комитетот за меѓуетнички односи, како и бојкотирањето на Собранието од страна на ДПА се очекува да бидат наведени како забелешки во новиот документ.

Според Радмила Шеќеринска, претседателка на Националниот совет за евроинтеграции, во годишниот извештај за напредокот на земјава нема да остане незабележана кампањската работа на Собранието.
- Ние се договоривме за Деловникот и за координациите, но со големо задоцнување, само поради извештајот. Таквото кампањско функционирање сигурно ќе биде забележано - вели Шеќеринска.

Според неа, во извештајот ќе се забележи и тоа што анкетната комисија што го истражува собранискиот инцидент нема резултат од својата работа, како и кавгата на седницата на Националниот совет за евроинтеграции каде што пратениците од власта и од опозицијата имаа несогласувања зошто присуствувале претставници од невладините организации. Шеќеринска вели дека најголемо назадување од лани до годинава имаме во делот на јавната администрација.

Во ланскиот извештај, Европската комисија ни забележа за незаконските унапредувања на административците, партизираната администрација, како и за зголемениот број привремено вработени лица што имаат пониско звање, немаат соодветен канцелариски простор и немаат јасен опис на работните места. Според Брисел, оваа практика се јавува кај органите на државната служба и во општините и е обесхрабрувачка за редовните државни службеници. Се очекува да се повтори заклучокот од лани дека „се потребни понатамошни напори за обезбедување транспарентност, професионалност и независност на јавната администрација“. Брисел од државава бара донесените закони да се применуваат во практиката.

Во претстојниот извештај, како што објави грчкиот весник „Та неа“, се очекува да се поздрават средбите меѓу премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу. За спорот што се наметна како услов за почнување на преговорите, Брисел најверојатно ќе го повтори заклучокот од минатогодишниот извештај - дека треба да се избегнуваат изјави што може негативно да влијаат на добрососедските односи, како и дека наоѓање заемно прифатливо решение за името е од суштинско значење.


Правосудството останува црна точка


Македонскиот правосуден систем ќе претрпи сериозни критики, велат извори на „Нова Македонија“. Покрај стандардните, за политизирано и неефикасно судство годинава во извештајот ќе биде нотирано и зачестеното паѓање на судските одлуки пред повисоките судови.

На последниот состанок во Брисел надлежните најмногу се интересирале зошто пресудите за четирите поголеми и најактуелни судски случаи („Армиско оружје“, „Сопот“, „Изгрев“ и „Тајвански кредити“) паднале пред Аплеацискиот суд Скопје.

- Во речиси сите случаи утврдуваме повреда на процедурата и погрешно утврдена фактичка состојба. Судиите најчесто нееднакво ги третираат двете страни во спорот и на обвинетите не им даваат исто право да се изјаснат во своја одбрана.

Често на обвинетите им е ускратено и правото на вкрстено испрашување, што наведува на заклучок дека станува збор за тотално непознавање на кривичната постапка - вели Јордан Митриновски, претседател на Апелацискиот суд Скопје, кој ги укина пресудите за сите четири предмети.

Ништо поарни нема да бидат забелешките и на адресата на Академијата за обука на судии и јавни обвинители. Од ЕУ прашуваат која е целта на формирањето на оваа институција кога во судовите и јавните обвинителства не се избираат кадрите излезени од оваа академија.

Неодамна европретставникот во Македонија Ерван Фуере по којзнае кој пат ја предупреди власта дека кадрите што ја завршуваат академијата мора да бидат вработени во најкраток можен рок.

- Европската Унија вложува многу пари во Академијата за судии и јавни обвинители и доколку кандидатите продолжат да се однесуваат несериозно кон огласите за работа, ЕУ ќе размисли за повлекување на парите што ги дава - вели Фуере.

Европската комисија смета дека власта се меша во работата на Уставниот суд со постојаните напади на власта врз судот. Попусто Владата се обидува да го убеди Брисел дека судот со своите одлуки ги кочи реформите во земјава. Унијата смета дека одлуките на Уставниот суд мора да се почитуваат.

Во новиот извештај на комисијата ќе биде забележано и скратувањето на буџетот на антикорупциската комисија, за која Унијата искажа особена загриженост, како и за менувањето на претседателот на Агенцијата за заштита против перењето пари Ване Цветанов.


Минус за етничките смени и за учебниците


Во делот за образованието, големи се шансите да ни се повторат забелешките од минатогодишниот извештај, сметаат универзитетски професори. Тогаш ни беше забележано за воведените етнички смени во училишта со ученици-Албанци и Македонци, што, како што пишува во извештајот, може долгорочно да им наштети на меѓуетничките односи. Ако се повтори ова и во годинешниот извештај, тоа ќе биде третпат по ред да и се забележува на земјава за третманот на меѓуетничките односи.

- Учениците-Македонци и Албанци во повеќе училишта во земјава учат одделно, во различни смени. За разлика од лани, ништо не е подобрено во овој дел. Намерата на Европската Унија не е да се прави поделба по етничка основа, туку децата да се интегрираат и така да функционираат – смета Тале Герамитчиоски, поранешен заменик-министер за образование и наука.

Според него, годинава може да се очекува земјава да добие сериозни забелешки и за третманот на учебниците, откако пукна скандалот со учебникот по општество за петто одделение.

Во ланскиот извештај стои дека не функционира како што треба Центарот за образование на возрасните. Освен тоа, се забележува дека земјата нема стратегија за истражување, а треба да се работи и на подобрување на квалитетот на наставата. Во сето ова, според експертите, не е постигнат некој значителен напредок и, поради тоа, може истите забелешки повторно да се најдат во извештајот на Европската комисија.


Економијата годинава подобра од лани


Забелешките на економски план што Европската комисија ќе ги нотира веројатно ќе бидат многу поповолни во однос на сите други области, сметаат експертите. Ваквите заклучоци тие ги базираат на фактот што земјата излезе од опасната зона на негативен пораст во два квартали последователно во 2009 и сега бележи позитивен пораст на БДП, кој за 2011 година е проектиран на 3,5 проценти. Финансискиот сектор останува стабилен, а задржана е и макроекономската стабилност. Според анализите на фондацијата Херитиџ, индексот на економска слобода во 2010 година е подобрен за 4,5 поени во однос на оној во 2009 година и бил над збирниот просек за сите набљудувани земји. Овој показател со сигурност ќе го нотира и ЕК. Според професорот Томе Неновски, Европската комисија анализира дали реформите што тие ги замислиле на економски план се спроведуваат, а не како се реализира одредена владина програма.

- Веројатно ќе дадат одредени забелешки, но треба да се помисли на што ќе се однесуваат - нагласува тој.

За економските експерти позитивен исчекор во годинашниот извештај во споредба со лани е измената на Законот за данокот на добивка, со која износот од добивката што се распределува во вид на дивиденди се оданочува во моментот на нивната исплата. Таа обврска не се однесува на дивиденди што даночниот обврзник им ги исплатува на правни лица - резиденти во Македонија, за да се спречи нивно двојно оданочување.

Друга впечатлива промена годинава е порастот во регистрација на нови фирми, за разлика од лани, кога опаѓаше заради глобалната криза. Во тој правец ќе биде истакнато намалувањето на деновите и процедурите за регистрирање фирми, како и намалените трошоци за тоа. Во делот на забелешки што треба да ги очекуваме е долгата и комплицирана процедура за издавање градежни дозволи, рестриктивната монетарна политика и отежнатиот пристап до кредити за компаниите. Европската комисија и годинава, како и лани, ќе констатира дека повеќе од 90 проценти од државниот капитал се сконцентрирани во пет компании. За експертите исчекор напред е и воведувањето можност за електронска проверка на даночната картичка на економските субјекти за поедноставување на увидноста во нивните должничко-доверителски даночни односи со државата. Од друга страна, како сериозна забелешка се посочуваат неликвидноста и намалената економска активност на најголем дел од стопанските субјекти, како и одолжувањето на процесот на фискална децентрализација, сметаат експертите. Како надворешен ризик се смета и зголемувањето на цените на некои земјоделско-прехранбени производи, што може дополнително да го влоши животниот стандард на населението со можни социјални последици.



Димовски очекува подобра оценка за сработеното во аграрот

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски од претстојниот извештај на Европската комисија очекува многу подобра оценка од ланската за реформите и сработеното во аграрот.

- Очекуваме многу попозитивна оценка од Брисел во споредба со лани иако и минатата година имавме позитивни оценки за нашето работење. Така претпоставуваме дека ќе биде и оваа, зашто напредокот е евидентен. Министерството направи сериозни напори и сериозни чекори за приближување на македонското законодавство до европското. Сите мерки што ги презедовме се во тој правец. Оттука мислам дека во споредба со лани, ќе имаме уште попозитивна оценка - изјави министерот Димовски. Во минатогодишниот извештај главна забелешка во овој сектор беа слабите административни капацитети.



Од Министерството за здравство очекуваат слични заклучоци како лани

Министерството за здравство очекува дека во претстојниот извештај ќе има слични заклучоци како во минатогодишниот извештај.

- Немаше конкретни препораки во минатогодишниот извештај што би се однесувале на здравството. Може да се каже дека беа дадени само насоки од технички карактер за подобрување на нормативноправниот сегмент и беше дадена позитивна оценка за законодавството од областа на здравствените политики. Очекуваме дека слична формулација ќе биде дадена и во годинешниот извештај, што за нас нема да биде изненадување, со оглед на тоа што во тек се поголем број планови и проекти, кои, и покрај сите желби на Министерството за здравство, единствено можат да бидат реализирани само на среден, односно подолг временски рок, главно поради ограничените финансиски ресурси и со поголемо вклучување на сите партнери, односно засегнати страни - велат од Министерството.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22125

ova e zanimlivo
Quote:Aха, значи се очекува извештај во стилот “што је баби мило - то јој се и снило“. Извештајот значи треба да биде составен од Рада Шеќеркова и Тале Ќерамида (цреп - што би се рекло)
by MUSSO
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22125
(This post was last modified: 05-11-2010, 08:12 PM by montehristo.)
05-11-2010, 08:11 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,486
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#4

Quote:За нашите политичари не важи круша под круша паѓа



Ќерките и синовите на славните татковци во македонската политика не се заинтересирани да ја продолжат традицијата

Оливера Војновска


Кенеди и Буш се најпознатите политички династии во САД. Во соседна Грција веќе половина век доминираат два клана - Папандреу во левицата и Караманлис во десницата. Според пишувањето на белгиските медиуми, 10 отсто од белгиските политичари се деца на политичари. Членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, е син на поранешниот босански претседател Алија Изетбеговиќ. Политички амбиции покажа и најстариот син на поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман. Професорот на загрепскиот Филозофски факултет, Мирослав Туѓман, си ја испроба среќата на годинашниве претседателски избори како независен кандидат, но не успеа да ја добие функцијата.

Во Македонија веќе се препознаваат неколку бизнис-династии, но нема вакви примери кога станува збор за политиката. Ќерките и синовите на славните татковци во македонската политика не се заинтересирани да ја продолжат традицијата, туку се занимаваат со сосема други професии.

Поранешниот претседател Киро Глигоров има три деца, но ниту едно не се занимава со политика. Трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и експретседателот Бранко Црвенковски имаат по две деца, син и ќерка. Иако се прилично млади, сепак, не сме слушнале дека пројавиле политички амбиции. Такво нешто не е познато ниту за синот на поранешниот премиер Љупчо Георгиевски. Синот на актуелниот македонски претседател Ѓорге Иванов е повеќе заинтересиран за музика, отколку за политика.

Надвор од политичките води се и децата на доајените во македонската политика: Љубисав Иванов-Ѕинго, Стојан Андов и Тито Петковски. Тројцата политички ветерани имаат континуитет на политичко дејствување во претходниот систем и шест мандати во Собранието, но нивните синови и ќерки не се гледаат во политиката. Синот и ќерката на Иванов се вклучени во семејниот бизнис, синот на Андов е директор во осигурителната компанија „Кјуби Македонија“, а ќерката е педагог. Постарата ќерка на Петковски се занимава со бизнис и маркетинг, а помалата е магистер по право.

„Никогаш не сум ги терал ниту, пак, сум ги насочувал децата да се занимаваат со политика. Се најдоа во сосема други професии, тоа е нивни избор и јас го почитувам“, ни вели Андов.

За Петковски е разбирливо што неговите деца не се интересирале за политика. „Долги години сум во политиката и ќерките гледаа колку е сурова оваа професија, на какви се' дискредитации и омаловажувања може да биде изложена една личност. Тие имаат поинаков систем на вредности, во кој не ја гледаат политиката“, вели тој.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски неодамна кажа дека како татко би бил среќен неговиот тригодишен син Давид да биде спортист, а не политичар. „Мислам дека би било многу подобро кога син ми би бил спортист место политичар, на пример. Не само што тоа е поздрава, туку е и многу поубава работа од политиката“, рече Милошоски.

За разлика од нас, кај јужниот сосед се негуваат семејни традиции во политиката. „Најсигурен начин да станете премиер е да бидете син или внук на премиерот“, прокоментира во една пригода Јоргос Караџаферис. И додаде „време е тоа да се промени“.

Андреас Папандреу, татко на сегашниот грчки премиер Јоргос Папандреу, е основач на ПАСОК. Тој беше три пати премиер од 1981 година до смртта во 1996 година. Неговиот татко, Јоргос Папандреу (постариот), исто така, беше премиер и голема сила во грчката политика во текот на педесеттите и во шеесеттите години од минатиот век.

Поранешниот грчки премиер, Костас Караманлис, исто така, е директен потомок на уште една од грчките политички династии - внук на основачот на Нова демократија, Константин Караманлис. Тој беше грчки премиер во три мандати и претседател во два, последниот од 1990 до 1995 година.

Мицотакис е уште едно име што се повторува во грчката десница. Константинос Мицотакис, таткото на ексминистерката за надворешни работи Дора Бакојани, беше премиер. Неговиот син, Киријакос Мицотакис, е член на грчкиот парламент.


Димитров, Мијалков, Бајрам по стапките на своите татковци

Македонскиот амбасадор во Холандија, Никола Димитров, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, советник за надворешна политика на премиерот Никола Груевски, Андреј Лепавцов и градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам, засега се единствените што се „охрабрија“ да ја продолжат семејната традиција. Димитров е син на поранешната пратеничка во првиот собраниски состав, Ратка Димитрова и на ексминистерот за култура Димитар Димитров. Таткото на Мијалков, Јордан, кој загина во сообраќајна несреќа, беше министер за внатрешни работи во владата на Никола Кљусев. Андреј Лепавцов е син на поранешниот министер за градежништво, исто така, во владата на Кљусев, Алексаднар Лепавцов.

Елвис Бајрам е син на пратеникот од Сојузот на Ромите, Амди Бајрам. (О.В.)







#

Статијата е прочитана 1589 пати.

Испрати коментар



Од: vodoinstalater
Датум: 27.11.2010 12:50:55

i tebe ne ti e lesno koga pisuvas vakvi glupi temi




Од: Bit
Датум: 27.11.2010 13:32:07

Zosto da se zainteresirani. Nivnite tatkovci se nafatiraa za gospodski da ziveat 15 generacii po niv.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=09C18...92AF0B4E02

Nekoj tuka propusta da gi povrze Kiro Gligorov so Radmila Sekerinska
An inch today is tomorrow’s mile.
27-11-2010, 09:51 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,486
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#5

Quote:Радмила Шекеринска

Одбрана и последни денови

[Image: 0F817EEA43710A4F837B715B60143F6F.jpg]Со ваквата теза ВМРО-ДПМНЕ се стави на страна на сите наши негатори. Ги поддржа националистите од Бугарија кои тврдат дека македонски идентитет не постои и дека Македонците се креирани од Коминтерната. Ги поддржа Грците кои викаат дека сме биле измислена творба на Тито. Ваквите тези сега ги шират пратениците на власта!

Ова беше насловот на последниот албум на „Идоли“. Во меѓувреме, бројот на кандидати за некои идни идоли експоненцијално расте. Притоа, не мислам на девојките и на момците што се трудат да ги шармираат Калиопи, Игор и Тони. Мислам на оние момции тек-тук по некоја девојка од „Илинденска“ бб кои со туѓи пари работеле на својот „шарм“ - во опасна и тажна трка да станат живи идоли.

Овие неталентирани кандидати деновиве беа многу плашливи и многу невнимателни. Еве зошто.

Во дебатата за „Скопје 2014“ која ја почнаа со многу ентузијазам и ароганција, а ја завршија со гнасни навреди и молчење, во пуста желба да бранат нешто што не се брани - им се поткрадна фројдовска грешка. Замислете што кажа еден од пратениците (а не го демантираат колегите ниту министерката): „Со овој проект првпат го градиме македонскиот идентитет“. Замислете: не го чуваме, не го зацврстуваме - сме го граделе!

Со ваквата теза ВМРО-ДПМНЕ се стави на страна на сите наши негатори. Ги поддржа националистите од Бугарија кои тврдат дека македонски идентитет не постои и дека Македонците се креирани од Коминтерната. Ги поддржа Грците кои викаат дека сме биле измислена творба на Тито. Ваквите тези сега ги шират пратениците на власта! Целосно демаскирање на самопрогласените патриоти!

Избраа! Помеѓу одбрана на нашата историја, посебност, идентитет и одбрана на ситниот партиски интерес, тие го избраа второво - само за да го оправдаат својот лош и скап проект. Не „шитнаа“ за 5 секунди.

Сега нивните зборови ќе ги слушаме од устите на сите што го проблематизираат македонскиот идентитет. Ќе речат: „Видете, ова е нација без историја и без посебност; тие допрва си го градат својот идентитет и тоа црпејќи инспирација (читај крадејќи) од туѓи истории и архитектури“. И кога ќе им се спротивставуваме на ваквите фалш-пароли - тие мирно ќе ни одговорат: „Па ова го кажува владејачката партија во Македонија! Тие удрија печат на оваа теза!“

Со ваква „одбрана“, Македонија ги губи позициите во најважниот спор. Со вакви лесно „тропнати“ изјави, власта ги навредува Македонците.

Мојот идентитет не зависи од лавовски статуи. Нашиот идентитет не се родил со партиски музеи. Македонскиот идентитет не го создал ниту еден лидер, ниту една партија - го создале генерации вредни и умни луѓе кои не бркале бизнис со партиско покритие. И затоа, за среќа, тој македонски идентитет ќе ги преживее и овие плашливци кои не можат сами да се одбранат, па за да ја заштитат сопствената кожа го ставаат македонскиот идентитет на браникот. Опасно и глупаво, ама неуспешно!

Велам неуспешно бидејќи од вчера, „идолите“ ги бројат своите последни денови. Не им пресуди морето луѓе кои ги преплавија скопските улици минатата недела. Им пресуди нивниот страв со нив да се соочат. Старите филозофи објаснуваат дека ако го соголите владетелот кој владее со страв, стап и терор - под свечената одора и дебелата кожа ќе видите само страв. Плашливците го говорат само јазикот на терор и сила. Падна „царевото“ руво и владетелите се соголени: мириса на страв!

[Image: 61D24EAEFCE93643B20F038630B0B2F2.jpg]

Затоа, моќниците кои се фалеа со партиски анкети сега молчат. И навредуваат! Но, зад тешките зборови, зад навредите и нервозата која ја покажуваат секој ден во парламентот - се крие стравот дека дојде крај на аздисаното владеење и неограничената моќ.

Кога Македонија го скрши стравот - пукна тиквата кај власта. Кога Македонија се охрабри - власта се уплаши. И стравот ги држи еве цела недела. Собираа храброст дружејќи се со своите коалициски партнери, си го подигнуваа расположението свикувајќи пратеничка група и извршни одбори... џабе! Ги издадоа погледите кои лутаат, киселите коментари и ѓубреџиската реторика. Нервозата е голема и расте!

„Храбрите“ орли преку ноќ станаа плашливци. Јасно им е дека е лесно да контролираш народ кој ведне глава и молчи, но дека е невозможно да го мамиш кога ќе раскрсти со стравот и ќе почне да вика.

Минатата недела се собра народ. Не партиска машинерија. Не редовни навивачи. Народ. Загрижен, лут, бесен и огорчен. Но, и охрабрен и расположен. Подготвен за промени. Силен за давање отпор. Мудар за носење одлука.

Од тоа се уплаши власта. И затоа не ме нервира нивниот безобразлак. Не ме потресува нивната вулгарност. Не не чуди нивната агресивност.

Се гледа од авион: се бранат од сопствениот народ и ги пеат последните строфи.
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID...C8664A91E7

1.
Quote:Со ваквата теза ВМРО-ДПМНЕ се стави на страна на сите наши негатори. Ги поддржа националистите од Бугарија кои тврдат дека македонски идентитет не постои и дека Македонците се креирани од Коминтерната. Ги поддржа Грците кои викаат дека сме биле измислена творба на Тито. Ваквите тези сега ги шират пратениците на власта! Целосно демаскирање на самопрогласените патриоти!

2.
Quote:Не „шитнаа“ за 5 секунди

3.
Quote:Минатата недела се собра народ. Не партиска машинерија. Не редовни навивачи. Народ. Загрижен, лут, бесен и огорчен. Но, и охрабрен и расположен. Подготвен за промени. Силен за давање отпор. Мудар за носење одлука.

1.За тоа кој ја фалсификува историјата, вака, кога јавноста со мирна совест ќе се соочи со сите удбомафијашки злосторства во Македонија, тогаш ќке збориме за ова, до тогаш се друго е замајување.
2.За шиткање и како што кажува максимата една будала што ќе засере сто паметни нема да можат да исправат.
За ова дотичната Радмила треба да се обрати кај дедо и Киро Глигоров.
3.Имате среќа што тоа собирање се одржа пред изнесените работи од Викиликс.
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 11-12-2010, 02:27 AM by montehristo.)
11-12-2010, 02:24 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#6

[quote='montehristo' pid='26266' dateline='1290891062']
[quote]
За нашите политичари не важи круша под круша паѓа



Ќерките и синовите на славните татковци во македонската политика не се заинтересирани да ја продолжат традицијата

Оливера Војновска

[/quote]

Чашулевци; Треневци; Бранко е внук на четничкиот Дејан војвода, а син на виск офицер на ЈНА; Груевски, е братучед на Мијалковци, Шекеринска е внука на Киро, скоро цел СДС е сочинет од деца на видни членови на Комунистичката партија на Југославија. Текстов е намерна манипулација. Скоро целата македонска политочка сцена е "фамилијарен бизнис".
12-12-2010, 01:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Со ислужена а самобендисана "кобила" не се победува.!!!



Quote:Ексклузивно

Радмила Шекеринска кандидат за премиер на СДСМ!


[Image: rada.jpg&imgSize=300]

Радмила Шекеринска ќе биде кандидат за премиер на СДСМ на претстојните избори, дознава “Капитал“. Оваа одлука се очекува да биде официјализирана на вечерашната прослава на 20 годишнината од постоењето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Според извори на “Капитал“, пресудни биле внатрешните анкети, кои покажале дека Шекеринска има најголема поддршка меѓу потенцијалните кандидати за мандатар на идната влада, особено кај неопределените гласачи и кај тие што се уште се двоумат дали ќе гласаат.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, според информациите на “Капитал“, нема да биде носител на ниту една листа и се очекува да го официјализира своето најавено повлекување.
“Капитал“ го дозна и идниот владин тим кој би го формирале Социјалдемократите. Составот е министер за економија Зоран Заев, министер за финансии Зоран Јовановски, за надворешната политика Стево Пендаровски и за евроинтеграции Гордан Георгиев.

Носители на пратеничките листи најверојатно ќе бидат потпретседателите на партијата, Јовановски, Заев, Георгиев или Ана Павловска Данева, а во игра се и Андреј Петров, Владо Бучковски и Стефчо Јакимовски.
Засега, според информациите на “Капитал“, СДСМ на претстојните избори ќе настапи заедно со ПЕИ на Фиат Цановски. Како што дознаваме, кандидати за пратеници на страната на Партијата за европска иднина ќе бидат новинарите Сафет Бишевац и Ленче Николовска.

За сите детали околу настапот на СДСМ на претстојните парламентарни избори ќе може да читате во утрешниот број на “Капитал“.
(This post was last modified: 20-04-2011, 01:05 PM by ЈорданПетровски.)
20-04-2011, 01:03 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#8

(20-04-2011, 01:03 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Со ислужена а самобендисана "кобила" не се победува.!!!



Quote:Ексклузивно

Радмила Шекеринска кандидат за премиер на СДСМ!


[Image: rada.jpg&imgSize=300]

Радмила Шекеринска ќе биде кандидат за премиер на СДСМ на претстојните избори, дознава “Капитал“. Оваа одлука се очекува да биде официјализирана на вечерашната прослава на 20 годишнината од постоењето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Според извори на “Капитал“, пресудни биле внатрешните анкети, кои покажале дека Шекеринска има најголема поддршка меѓу потенцијалните кандидати за мандатар на идната влада, особено кај неопределените гласачи и кај тие што се уште се двоумат дали ќе гласаат.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, според информациите на “Капитал“, нема да биде носител на ниту една листа и се очекува да го официјализира своето најавено повлекување.
“Капитал“ го дозна и идниот владин тим кој би го формирале Социјалдемократите. Составот е министер за економија Зоран Заев, министер за финансии Зоран Јовановски, за надворешната политика Стево Пендаровски и за евроинтеграции Гордан Георгиев.

Носители на пратеничките листи најверојатно ќе бидат потпретседателите на партијата, Јовановски, Заев, Георгиев или Ана Павловска Данева, а во игра се и Андреј Петров, Владо Бучковски и Стефчо Јакимовски.
Засега, според информациите на “Капитал“, СДСМ на претстојните избори ќе настапи заедно со ПЕИ на Фиат Цановски. Како што дознаваме, кандидати за пратеници на страната на Партијата за европска иднина ќе бидат новинарите Сафет Бишевац и Ленче Николовска.

За сите детали околу настапот на СДСМ на претстојните парламентарни избори ќе може да читате во утрешниот број на “Капитал“.

Со кандидатот кој го доживеа најтешкиот пораз на избори досега во независна Македонија, ќе пробаат да победат...Арогантна и дрска...Мислев ќе изненадат...ама СДСМ си остана истото што било и ќе биде засекогаш.
20-04-2011, 01:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(20-04-2011, 01:38 PM)Nikola Wrote:
(20-04-2011, 01:03 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Со ислужена а самобендисана "кобила" не се победува.!!!



Quote:Ексклузивно

Радмила Шекеринска кандидат за премиер на СДСМ!


[Image: rada.jpg&imgSize=300]

Радмила Шекеринска ќе биде кандидат за премиер на СДСМ на претстојните избори, дознава “Капитал“. Оваа одлука се очекува да биде официјализирана на вечерашната прослава на 20 годишнината од постоењето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Според извори на “Капитал“, пресудни биле внатрешните анкети, кои покажале дека Шекеринска има најголема поддршка меѓу потенцијалните кандидати за мандатар на идната влада, особено кај неопределените гласачи и кај тие што се уште се двоумат дали ќе гласаат.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, според информациите на “Капитал“, нема да биде носител на ниту една листа и се очекува да го официјализира своето најавено повлекување.
“Капитал“ го дозна и идниот владин тим кој би го формирале Социјалдемократите. Составот е министер за економија Зоран Заев, министер за финансии Зоран Јовановски, за надворешната политика Стево Пендаровски и за евроинтеграции Гордан Георгиев.

Носители на пратеничките листи најверојатно ќе бидат потпретседателите на партијата, Јовановски, Заев, Георгиев или Ана Павловска Данева, а во игра се и Андреј Петров, Владо Бучковски и Стефчо Јакимовски.
Засега, според информациите на “Капитал“, СДСМ на претстојните избори ќе настапи заедно со ПЕИ на Фиат Цановски. Како што дознаваме, кандидати за пратеници на страната на Партијата за европска иднина ќе бидат новинарите Сафет Бишевац и Ленче Николовска.

За сите детали околу настапот на СДСМ на претстојните парламентарни избори ќе може да читате во утрешниот број на “Капитал“.

Со кандидатот кој го доживеа најтешкиот пораз на избори досега во независна Македонија, ќе пробаат да победат...Арогантна и дрска...Мислев ќе изненадат...ама СДСМ си остана истото што било и ќе биде засекогаш.



Ако веста е вистинита, тогаш по мое уверување, премиерствувањето на Радмила ке трае само до завршувањето на изборите. Премиерот на коалицијата која ке ја изврши промената на името треба да го бараме помеѓу Керим, Љупчо, Заев ...

"Независниот" Стево Пендаровски, советникот на Борис Трајковски, конечно ја симна маската.
(This post was last modified: 20-04-2011, 01:55 PM by ЈорданПетровски.)
20-04-2011, 01:54 PM
Reply