ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Реакција на текстот "Сто македонски невистини" од Зоран Тодоровски, "Утрински весник", 18 мај
Имавме мадиња!
Јован Павловски
Штом енциклопедискиот лексикон ?Сто македонски години 1903-2003" (редактор Јован Павловски) излезе од печат, тој, впрочем, како и секоја друга книга, стана општо добро. Лош или добар - општо добро! Сакам да кажам дека лексиконот (или енциклопедијата, или просто и едноставно: книгата), стана подложен на оценка, добронамерна или недобронамерна, од страна на читателот или читателите, сеедно. Авторот(ите) нема(ат) повеќе контрола над него. Немаат контрола, како што не може(ат) да објаснат работи што се случуваат денес, или, пак, што ќе се случат утре, со него или околу него. На пример: Кога во 2000-та излезе лексиконот ?Личности од Македонија", чиј редактор, исто така, бев јас, ?Утрински", покрај другите материјали за него (информација за неговото објавување, интервју со мене, рецензија во суперлативи за него), во рубриката ?Писма" објави писмо на својот читател К. Г. во кое тој изнесе негативен суд за тој, прв кај нас, лексикон на личности. Сега, по повод печатењето на енциклопедијата ?Стоте години", ?Утрински", пак, покрај другите материјали за неа (извештај за нејзиното објавување, интервју со мене, рецензија во суперлативи, се разбира, пак за него) објавува писмо на свој читател, меѓутоа, тоа добива простор на целата прва страница од додатокот ?Култура", со нагласен наслов протегнат на четири колони ?Сто македонски невистини" и поместен под рубрика ?Полемики". Пет децении сум новинар, повеќе од четириесет години сум уредник и издавач, бев прв професор по теорија и практика на новинарството на првите шест генерации кои дипломираа на Интердисциплинарните студии по новинарство, па, сепак, еве, прашувам: Каква е разликата меѓу обраќањето до јавноста на К.Г. и обраќањето на Зоран Тодоровски (понатаму поради штедење простор - З.Т.), исто така до таа (македонска) јавност на ден 18 маЈ 2004 година? И, воопшто, каква е разликата меѓу обраќањето до јавноста на З.Т. и стотината други обраќања на други читатели на ?Утрински", што весникот во текот на месецот ги објавува, главно таму каде што им е и местото - во ?Писма"? Редакциски став за изданието или, просто, обид на изнасилен начин да се поведе ?полемика", што е под нивото на ?Утрински", сериозен весник, во кој со задоволство сум соработувал и ќе соработувам, кога ќе најдам малку слободно време или кога ќе има повод за тоа. Или, не дај боже, Редакцијата се согласува со ставовите што писмото на Вашиот читател ги имплицира? За нив подоцна.
Најпрвин: З.Т. во своето писмо прави забелешка за десетина ?невистини", речиси апсолутно сите, поврзани со името на Тодор Александров. Каде се тука стоте македонски невистини, најавени во погубниот наслов за издание, прво и за долго време единствено такво издание кај нас, кое обработува материја за стоте изминати македонски години на повеќе од 2.500 отчукани страници со новинарски проред? За З.Т. ми е јасно, и тоа ќе се види во редовите што следуваат. Со кои аргументи З.Т. го оправдува насловот за стоте невистини за Македонија?
Согласен сум: Кога се читаат и редактираат повеќе од пет илјади страници понуден текст, кој треба да се изредактира и да се подготви за печат, што значи треба и да се скрати, ќе се провлечат и такви неточности како онаа дека Тодор Паница (одредницата за него на 202 стр.) бил еден од авторите на Мајскиот манифест, а Павел шатев потписник токму на тој Манифест (одредницата за него на 442 стр.), макар што во материјалот за документот наречен Мајски манифест и сў она што е врзано со него му е посветен забележителен простор (194-195, плус страниците во кои се регистрира она што следувало по неговото обЈавување), овие две тврдења воопшто не се споменуваат, значи станува збор за типично ?шаховско слепило", мое, се разбира, макар што не ми е Јасно зошто З.Т. секаде зборува за ?пишувањето на редакторот", а никаде не влегува во директно обвинување на авторите на одредниците, за кои тврди дека не се точни, автори - негови колеги, потпишани под секоја одредница!
Сега, зошто Тодор Александров? Имено, токму затоа и учествувам во оваа наметната ?полемика", за која немам ниту време, ниту пак желба, со губење на времето, да ја продолжам. Меѓутоа, читателот треба да биде информиран зошто З. Т. го актуелизира прашањето за учеството на Т.А. во македонската историја. И зошто се обидува да остане ?прв меѓу рамноправните" нејзини препрочитувачи, како што беше најавен во едно ТВ интервју за време на онаа негова власт и онаа негова Македонска телевизија: Непосредно пред ?Деветтиот конгрес" на ВМРО-ДПМНЕ, таму некаде во мај 1995 год. весникот ?Македонија" од Софија, гласило на ВМРО-Сојуз на македонските дружества, давајќи им инструкции на своите истомисленици од Скопје околу ?препрочитувањето" на македонскта историја, пишуваше: ?...Веројатно, тоа е добро разбрано од претседателот Љупчо Георгиевски. Имено, затоа на конгресот ќе се претресат некои нови потпорни точки во историјата - целосна рехабилитациЈа на Тодор Александров, приопштување на целата историја на ВМРО, а не само до 1912 година, разобличување на ?првоборците" како борци за Југославија, а не за слободна Македонија". И - почна: Неполн месец потоа (7 и 14 јуни) претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски ги објави своите размислувања за корените на македонскиот народ, откако, според негово признание, две години работел на проучуваше на историските факти, па сега му е јасно дека корените на македонскиот народ се - бугарски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време констатираше: ?И најмалку упатениот граѓанин на Македонија во минатите 45 години многу добро знаеше дека во тоа време олицетворение на борбата за самостојност на Македонија беше токму борбата на Тодор Александров и Ванчо МихаЈлов, само што таа идеја за самостојна Македонија беше најкритикуваната и за неа, колку што се сеќавам, се одеше во затвор". Така Љ.Г. и - нормално: кога веќе се прогласи за нивни директен наследник, нормално беше да констатира дека тој, тогаш, го работи она што не успеаја да го реализираат бај Тодорче и бај Ванчо. И почна кампањта: Доста Димовска побрза да изјави дека Тодор Александров е најзначајна личност во македонската историја по Гоце Делчев, во Штип брегалничкиот митрополит Стефан ја благослови панихидата по повод годишнината од убиството на Т.А., најверојатно, тие денови или нешто подоцна, Стојан Киселиновски почнал да го подготвува својот ?Македонски историски речник" во кој ја претумба современата македонска историја и се обиде да ја насочи кон исток, веројатно тогаш почнал да размислува за ?макси Македонци" (Шарло и Ченто) и ?мини Македонци" (Кузман Јосифовски и Лазо Колишевски), ликовниот уметник Родољуб Анастасов почнал да работи на дванаесетте портерти на македонските апостоли, меѓу кои портертите на Тодорчета и на Ванчо (Радко) Михајлов зазедоа истакнато место, напоредно со жртвите на Т.А. - Ѓорче Петров и Јане Сандански, а некогашниот миленик на комунистичката власт Димитар Димитров, заедно со трабантите на необугарштината во Македонија, најверојатно уште тогаш ги зацртувал издавачките програми на ?Култура", во кои, без критички забелешки и без нужни пошироки обЈаснувања, ќе бидат објавени Зборникот на Браќата Миладиновци, Извештајот на Карнегиевата комисија од 1913 година и ?За македонцките работи" на Мисирков, ама со негов, Димитаров, предговор. Се појавија (во Скопје) две тазе биографии на Тодор Александров, пејачот Зоран Ванев отпеа песна за ?вториот македонски револуцонер". Младиот доктор по историја З.Т, кој докторираше на тема на ВМРО, значи, на тема за Т.А. и В.М.-Радко, ја презеде најодговорната улога - да биде гласноговорник на ?препрочитувачите" на ?фалсификуваната" (од Белград) историја на македонскиот народ. Како превосходна домашна задача го имаше вклучувањето на овие две опскурни личности во чистата историја на револуционерното движење на Македонците, како дел од широката акција (Иницијатива: Љупчо Георгиевски) за помирување на Македонците. Почнуваше, всушност, големата подготовка за менување на националната свест на Македонецот и на акцијата тој да се убеди дека по происхождение тоЈ, Македонецот, е - Бугарин! З.Т. пишуваше и изјавуваше тогаш (1995), обидувајќи се ?научно" да ги потврди тезите на својот лидер, тврдејќи дека новите сознанија за В.М. (значи, и на Т.А.) се иницирани од фактот дека по Седмиот конгрес на ВМРО (онаа ВМРО на бај Радко), коренито биле изменети на почетокот на триесетте години од минатиот век и дека бај Радко во екот на својата моќ почнал да размислува за независна Македонија! Бесмислица, зашто во истиот број на неделникот, каде што беа објавени овие нон-сенс гледишта, еден настинат Бугарин од македонско потекло, инаку, личен пријател на бај Радко и долги децении негов финансиер, пишуваше: ?Прашањето дали Македонија треба да биде самостојна држава или не, не е за јавна расправа (му рекол Ванчо МихаЈлов-заб. моја). Најважно е да се зачува бугарштината. Се направи грешка, зашто македонското движење најпрвин беше за обединета Бугарија, а потоа за независна Македонија". Јас го прашав што да им соопштам на луѓево? ?Можеш да им кажеш, ми рече тој, дека го менуваме курсот: ние не сме за самостојна и независна Македонија, зашто тоа е само една тактика во нашата политика!", се сеќаваше подоцна тој, Ѓорѓи Младенов. Тие години М.С. во ?Фокус" пишуваше дека ќе дојде време кога Македонците ќе дојдат пред МАНУ, таа, односно, македонската наука, поточно: македонската историографија, еднаш за секогаш да им ја каже вистината на кој јазик зборувале нивните татковци и дедовци!
Навистина, почнуваше планираната акција за менување на свеста на Македонецот за сопствената национална посебост.
Академикот Манол Пандевски, гледајќи дека ѓаволот ја однел шегата, во октомври 1996 година во ?Македонско време", во малата студија ?Тодор Александров во фокусот на 'новата' македонска митоманија", пишуваше, меѓу другото: ?...Зошто токму Тодор Александров е избран за повторно афирмиран мит, а не, да речеме, Ѓорче Петров, Даме Груев, Сандански, Пере Тошев, Петар Поп Арсов или некој друг вистински корифеј? Изборот не е случаен. Тодор Александров не е продукт на полетот, туку, напротив, тој е чедо на распадот на класичнта ВМРО. А распадот, сам по себе, е болен, конвулзивен. Тоа е матно време, кога на површина испливуваат секакви скудоумни, недораснати, но и бескруполозно амбициозни типови, што водат во пропаст ослободителни движења, па и цели народи". Па ќе додаде, убедливо: ?Србофобијата на Тодор Александров му служеше како параван зад кој требаше да го затскрива длабокото антимакедонство".
Се навраќам на ова болно време од пред десетина години не само за да ги потсетам на него читателите (се чини, тоа треба катаден да се прави, зашто основна наша, македонска, мана е брзозаборавот), туку и за да го поврзам токму тоа време и тие длабоко антимакедонски појави што го одбележаа, со накострешеноста на З.Т. кон ?Стоте македонски години". Зашто оваа наша прва енциклопедија, во најшироката смисла на зборот, е прирачник што упатува на злата што ја нападнаа Македонија и нејзиниот намачен народ во текот на изминатите стотина години, и е категорично, апсолутно против тие зла. А Тодор и Ванчо се само дел од нив.
Констатацијата и произволностите на З.Т. дека во македонската историја не постои поделба на ?врховисти" и ?централисти", односно, ?македонисти", и неговиот нападен обид во иста торба да ги смести џелатот и неговата жртва (Александров и Сандански), е несреќен и анахрон обид да се актуелизира напорот на онаа ВМРО-ДПМНЕ на голема врата во историјата на Македонија да ги протне и оние, кои толку ангажирано, и преку реки крв, се обидоа да нў приклучат кон туѓа историја. Демек, и тие се Македонци, само ?десни", за разлика од ?левите", значи, разликата меѓу нив е само идеолошка!
Во ?полемиката" З.Т. констатира дека ?од содржината на ова енциклопедиско издание се добива впечаток дека (тоа) е работено за други намери и цели". Па, точно: тоа, на некој начин, е работено и издадено и за други намери и цели. И е финансирано исклучиво со средства на МИ-АН, што може крајно лесно да се констатира од Миановта задолженост кај ИК банка од Скопје со седумцифрен кредит со кој се платени првичните трошоци. Ниту со нечии партиски пари, ниту со средства на некој финансиски моќник, ниту со средства на некоја и нечија власт. А ?другите намери и цели" можат да се видат и со голо око: Соработниците на енциклопедијата имаа мадиња да работат и да изработат ваков издавачки проект, кој ќе ја потврдува историјата на Македонија во ЏЏ век, бранејќи ја од оние кои ја присвојуваат или, уште полошо: кои аматерски и неподготвено ја препрочитуваат. Значи оние кои го немаат симболот на машкост и храброст. За жал, ни најсовремената медицина тука не може да помогне: сў уште, ни со најсовремен хируршки зафат, не може да им се вгради овој машки анатомски додаток, ако природата не ги обележала со него. Да го имаа, барем ќе се соочеа со ризикот да седнат да направат, да изработат, да објават нешто слично. Со ова, за мене, завршува оваа наметната ?полемика".
ИЗВОР
|
|