Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 16 Vote(s) - 4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Билатерални односи: Македонија-Србија
Author Message
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#61

(20-01-2011, 04:35 PM)basilius_2 Wrote: Никој,на службата и е проблем Котле и ставовите кои се искажуваат на овој форум.
Сепак досега во Македонија,процентот на незадоволни не бил толку голем.Проблемот лежи за кого ќе гласаат,тие што се незадоволни.Да не гласаат за некој кој не е контролиран од службата.
Имам впечаток дека има повеќе такви служби на различни нивоа, и не се сите во Македонија. Ова е секако од следење вести, информации, “информации“ итн., а не проверено “од на терен и на свој грб“. Едни се отворено против државата Македонија, други се потполно за ама да биде со нивни пиончиња на чело, трети се индиферентни и гледаат како да направат/исперат пари низ државата Македонија. Не мислам на организиран криминал етикетиран како служба, туку на вистинска организирана служба со досијеа, хиерархија, стратегија, шефови и теренци, со сите нишани на агенција за организирано прибирање податоци која може но и не мора да биде во владина служба (македонска влада или странска).
Македонец, секако дека сите што се против ДПМНЕ не се откај СДСМ, ама кој му е крив на Бранко што е користен како страшило. Било кој што ќе се најде во улога да води кампања контра Црвенковски ќе го употреби неговиот Curriculum Vitae како најголемо оружје против самиот Бранко. Никој не му е крив нему што народ неќе да го види на чело на било што државно.
Србија никако да се одвикне од стариот modus operandi дека Белград е главен град на СФРЈ а не само на Србија. Da_ne_si_lud Па си играат инсталирање пиончиња, подривање режими, одржување на сојузнички оски итн, се разбира тие игри не се бесплатни (не само во финансиска смисла) и наместо да се свртат кон своите проблеми, тие си играат Балкански Шпион. Трагедијата да биде поголема, тие не се сами на Балканот што си играат, сите околу нас имаат свои играчи на наш терен...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
20-01-2011, 06:10 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#62

И уште нешто,иако во Македонија сега моментално е "добро" економски е поради фактот што има полно луѓе што работат по Ирак и Авганистан.Парите што тие ги донесуваат во Македонија и се трошат,ја одржуваат Македонија во живот.
Затоа пак пропагадната машинерија на Груевски,таа благосостојба ја препишува на самиот себе.
Се ќе биде добро до моментот кога нема да има потреба на Американците да донесува работници од Балканот.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 20-01-2011, 08:08 PM by basilius_2.)
20-01-2011, 08:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#63

Quote:„Стара Србија, дел од сегашната територија на БРЈМ"



[Image: 20EF143CA3DAAB419C9AFDD505F7EC05.JPG]
Катерина Богоева

Во книга за народни носии од Србија се поместени и носии од Македонија

„Народни носии на Србија" е насловот на книгата издадена во 2008 година во Белград во која под меѓунаслов "Стара Србија, дел од сегашната територија на БРЈМ" се презентирани носии и од Македонија. Книгата се наоѓа во приватниот Етнолошки музеј на Јоне Ефтимовски во с. Подмочани во Преспа, а Ефтимовски ја добил на подарок.

Автор на ова шокантно, добро илустрирано приватно издание е етнологот Иван Терзиќ, фотограф е Слободан Бугариќ, а каталогизацијата е извршена во Народната библиотека на Србија. Во книгата се презентирани македонски носии во сопственост на ансамблот "Македонка" од Охрид и на Благородна Јосифовска од истиот град.

Во неа се поместени и карти, а добриот квалитет на изработка говори дека истата скапо и чини.

Пораката што оваа книга ја пренесува во јавноста и во научните кругови во двете земји што работат на градење добра културна соработка по распадот на СФРЈ, е анахрона и исполитизирана. Сеуште не ни е познато дали сопствениците на носиите знаеле во кој контекст и за какви цели ќе бидат злоупотребени, но начинот на кој книгата е конципирана, нејзиниот изглед говори за осмислен пристап при презентацијата. Музеологот Крсте Богоевски, член на Националниот комитет на меѓународната организација ИКОМ кој имал прилика да ја види книгата при посета на малиот музеј во Подмочани, потенцира:

"Овој начин на толкување на нашето минато во 21 век е нешто што од одамна е надминато. Оној кој сега зборува за Стара Србија мора да има или проблеми со умот или пак се во прашање нечии политички ставови што вака се презентираат, преку етнолошкото богатство. Стручните лица кои се занимаваат со таа проблематика треба да ја рецензираат оваа книга за да се види дали и воопшто содржи научни вредности. Секој би сакал да го присвои културното наследство на Македонија бидејќи е богато и примамливо", вели Богоевски.

Наизглед убавата книга, во рацете на оние кои и денеска се оптоварени со грдата страна на минатото, може да се користи и како оружје. Убавите носии од двете земји се доживуваат како искористено богатство за нечии интереси, а тие сепак и припаѓаат на светлата страна на историјата.

ИЗВОР
(This post was last modified: 23-09-2011, 10:30 PM by ЈорданПетровски.)
23-09-2011, 10:28 PM
Reply