Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 14 Vote(s) - 2.64 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МПЦ и Владиците кои не си ја знаат историјата!
Author Message
exlexmk
Unregistered

 
#1

[Image: sabac01.jpg]
Македонските владици водејќи се со мислата дека народот не си ја знае својата историја и историјата од борбата на своите свештени лица и верници за својата Македонска Православна Црква ,газејќи на гордоста на Македонецот примаат поклони и склучуваат договори со најголемите негатори на Македонецот и Македонска Православна Црква.

Борбата за независна црквабила долга, имено во 1944 г. во селото Врановци е создаден Иницијативен Одбор за организирање на Македонската Православна Црква. Во месец март 1945 година во Скопје е одржан првиот црковно-народен собор, на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија, како Македонска Православна Црква. Оваа одлука е доставена и до Архиерејскиот собор на СПЦ, бидејќи пред војната епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата Православна Црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна - Српска Православна Црква.

Оваа одлука не е одобрена од српските владици и тие и понатаму не третирале како дел од нивната црква за дури на 17 јули 1967 година во Охрид кога е свикан Третиот црковно-народен собор, на свечената седница во охридската црква Свети Климент Охридски,се прогласува Македонската Православна Црква за АВТОКЕФАЛНА. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква е совршен на Светата Архиерејска Литургија, отслужена во црквата Свети Климент Охридски на 19 јули 1967 година, од страна на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ.

Точно 200 години по нејзиното укинувањето од страна на Турција.

Но негирањето на СПЦ продолжува и денес ,но тоа негирање најверојатно има и поткрепа од дел од “македонските“ владици.

Имено на Симпозиум “Охридската евангелска дејност на Николај Велимировиќ” во Шабац, Србија кој се одржа во 2008 година во кој на Преспанско-пелагониската епархија, на која своевремено надлежен архиереј бил владиката св. Николај Охридски и Битолски, од страна на Епископот Шабачки г. Лаврентиј ѝ беше доделен орден кој му беше предаден на сегашниот надлежен архиереј Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.
По тој повод, исто така и на Општина Битола ѝ беше доделен орден, кој го прими претседателката на Советот на општина Битола, г-ѓа Лилјана Кузмановска.

Исто така „симпозиумот се одвиваше во пријатна пријателска и братска атмосфера“.

Сето оваа би било добро ако не постои историјата и она што овој Николај Велимировиќ заедно со српскиот епископ во Америка епископот Дионисие преку писма го имаат порачано за македонскиот народ.

Имено првото писмо заведено под Д.Прот.бр.6 со дата 16 јануари 1952 година епископот Дионисие му се обраќа до патријархот Викентие :

„...да се задолжува Синодот на СПЦ да не ги признава МПЦ и Иницијативниот одбор,бидејќи тие се измислени- македонската народност, македонска азбука, македонската книжевност за дефинитивно да се запечати одвојувањето од СПЦ и создавање на независна МПЦ која би била дел од тие измислени творби..“

Второто писмо е од Николај Велимировиќ од 5 јануари 1952 година во кое се вели :

Уште потежок е случајот со признавањето на македонската народност што може да го направи само некој поматен мозок,или некој српски одрод или политички манипулант,продадена душа предавник на српскиот народ. А кога не постои македонска нација, не постои македонска азбука, ни македонска книжевност, ни македонски јазик кој всушност е само србски текст на светосавскиот дијалект на српскиот народ

Цитатите се од книгата на Д.Илиевски „Македонскот православно свештенство во борбата за национална и црковна слобода“ и на Миодраг Периќ „Историско-правните аспекти на односите меѓу Српската православна црква и Македонската православна црква“.

Историјата е сведок дека д-р Периќ од професор на факултет, бил игнориран од сите и „испратен“ да предава во основно училиште, а потоа неподвижен завршува во инвалидска количка.Таква е судбината на сите кој се бореле за правдина и слобода.

А која е човечноста во македонските владици и политичари кои примаат награди кои го носат името на „човекот“ кој ги негира Македонците? Каква е нивната историја и нивната судбина?

Извор
28-10-2010, 09:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,577
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Дали проблемите во Австралија се случачајни:



(13-07-2010, 01:56 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: На покана на Шабачкиот владика г. Лаврентиј, на овој Симпозиум беше поканета делегација од Македонската Православна Црква предводена од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.

На Симпозиумот свои реферати прочитаа Јеромонах д-р Григориј Настески и јеромонах м-р Јосиф Пејовски (Охридската книжевна школа како основа за македонската и останатите словенски култури) од Дебарско-кичевската епархија и г. Александар Гулевски (Непознати фотографии на Николај Велимировиќ од фондот на Милтон Манаки) од Преспанско-пелагониската епархија.


[Image: sabac090520087.jpg] [Image: sabac090520089.jpg] [Image: sabac090520088.jpg]

На Преспанско-пелагониската епархија, на која своевремено надлежен архиереј бил владиката св. Николај Охридски и Битолски, од страна на Епископот Шабачки г.Лаврентиј ѝ беше доделен орден кој му беше предаден на сегашниот надлежен архиереј Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.
29-10-2010, 03:44 AM
Reply
exlexmk
Unregistered

 
#3

Уште еднаш го претставуваме факсимилот од "Нишкиот договор" меѓу Македонската и Српската православна црква, потпишан во 2002 година кој беше објавен во српското списание НИН во 2005 година.

На овој скандалозен документ потпишани се митрополитот австралиски Петар, кому му беше врачен и орденот на Николај Велимировиќ, човекот кој што отворено ги негираше Македонците и остро се спротивставуваше на обновувањето на Охридската Архиепископија како афтокефална Македонска Православна Црква, потоа митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј и митрополитот струмички Наум.
Од страна на Српската Православна Црква потписи на договорот ставиле митрополит Црногорско -приморски Амфилохије, епископот нишки Иринеј, епископот бачки Иринеј и епископот врањски Пахомије.

Како што може да се прочита од договорот, СПЦ признава широка црковна автономија на постојните епархии во Македонија, но изборот на македонскиот поглавар треба да го потврди српскиот патријарх. Поглаварот при литургиите во Македонија најпрвин мора да го спомнува името на српскиот патријарх. Со договорот, дозволено е во внатрешните меѓусебни службени комуникации да се користи името Македонска православна црква и старата титула на поглаварот.
Имајќи го на увид овој предавнички договор, легитимно се поставува прашањето, зошто МПЦ и понатаму дозволува во своите редови да бидат владиците кои му даваат поткрепа на српското негирањето на Македонската Црква?

Извор
19-11-2010, 10:48 PM
Reply
Guest
Unregistered

 
#4

http://pravoslavieto.com/life/svetci_Mak.../index.htm

Тук в тоя бугарски сайт може да се види кратък преглед на православни водачи от Македония
07-08-2011, 09:23 AM
Reply
Радко Offline
Junior Member
**

Posts: 30
Joined: Sep 2011
Reputation: 0
#5

Докато в Македония Юго-македонците твърдят, че има етнос "македонец", НЯМА ДА СЪЩЕСТВУВА АВТОКЕФАЛНА ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЯ!
И всичко македонци, които в момента са в лапита на УДБ-а ще продължават да живеят в бедност, в безизходица и липса на всякакво перспектита!
Как не могат поне учените македонци да разберат, че веке 20 години са в безизходица, в задънена улуца без изход и ако се продължава слугинажа към шумадийските цигане - ще продължава Македония да живее в бедност!
Забележете, че Сърбия веке има статут на преговарящ за Европската Уния!!!
А Вие Братя и Сестри Македонци, за голяма жалост ке продължувата да живевете в Мизерия и Бедност...
Ще Прудължувате ...
Ще продължувате ...
Продължувате ...
И продължувате ...
Докато проумеете, че:
- етнос македонец няма и
- Македония трябва да е САМОСТОЯТЕЛНА И НЕЗАВИСИМА ДЪРЖАВА,
- КОЯТО НЕ ТРЯБВА ДА СЕ УПРАВЛЯВА ОТ АГЕНБТИТЕ НА УДБ-а И ТЕХНИТЕ НАСЛЕДНИЦИ
- И В МАКЕДОНИЯ ЖИВЕЯТ ЕТНИЧЕСКИ БЪЛГАРИ!

04-04-2012, 06:08 PM
Reply