Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 9 Vote(s) - 4.44 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ КЕ И ГО УКИНАТ БЕЗВИЗНИОТ РЕЖИМ НА МАКЕДОНИЈА ????
Author Message
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#81

еве да се надоврзам на муабетот...особено:

Quote:...во првиот период откако им беа укинати визите на Бугарија и Романија, ја имало истата појава...

ДА,точно е тоа, АМА бугарите потоа не ги пуштаа „сомнителните„ да излегуваат надвор од државата! им беше доста тешко на потенцијалните азиланти да излезат надвор...се’ до моментот на добивање членство.

а токму пред скоро бевме сведоци за крајната разврска (Саркози односно Франција) - им ги враќаа назад. значи, со мало закаснување, сепак им ги пуштиле.

НО важното (или поучното за нас) е што бугарите кога требаше реагираа и ги стопираа. на бг-граница од автобуси ги имаат вадено...
(This post was last modified: 23-10-2010, 08:30 AM by toni_a.)
23-10-2010, 08:27 AM
Reply
realkpolitik Offline
Member
***

Posts: 125
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#82

(23-10-2010, 08:27 AM)toni_a Wrote: еве да се надоврзам на муабетот...особено:

Quote:...во првиот период откако им беа укинати визите на Бугарија и Романија, ја имало истата појава...

ДА,точно е тоа, АМА бугарите потоа не ги пуштаа „сомнителните„ да излегуваат надвор од државата! им беше доста тешко на потенцијалните азиланти да излезат надвор...се’ до моментот на добивање членство.

а токму пред скоро бевме сведоци за крајната разврска (Саркози односно Франција) - им ги враќаа назад. значи, со мало закаснување, сепак им ги пуштиле.

НО важното (или поучното за нас) е што бугарите кога требаше реагираа и ги стопираа. на бг-граница од автобуси ги имаат вадено...

Откъде имаш такива информации? А Саркози изобщо не беше "крајната разврска" и преди него имахме много случаи да ни връщат роми, а както виждаш не са ни премахнали безвизовия режим, а от догодина даже влизаме и в Шенген. Така че споко, не се секирайте дет се вика, нема да ви укинат безвизниот режим, ние сме минали по тоя път.
(This post was last modified: 23-10-2010, 09:38 AM by realkpolitik.)
23-10-2010, 09:36 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#83

овојпат ја дадов бг како позитивен пример! треба и Македонија да поднаучи нешто од поискусните ;)

мада кај нас е организирано сето тоа,
па според мене - треба прво да се мисли на педагошкиот аспект и буџетот (апсење,конфискување,казнување) ,па дури потоа да се применуваат други опции.

ок,малку несмасно се изразив, Франција не беше крајната туку последната поголема разврска.

бтв,вие сте со безвизен режим како членка на заедницата. престојот во ЕУ не е ограничен временски. шенген е друга работа...
(This post was last modified: 23-10-2010, 10:19 AM by toni_a.)
23-10-2010, 10:15 AM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#84

ЕУ испрати заканувачко писмо

Комесарот на ЕУ за внатрешни прашања, Сесилија Малмстром, и испрати писмо на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за да ја извести дека Македонија и Србија би можеле да го загубат правото нивните граѓани да патуваат во ЕУ без виза. Европската комисија, заедно со белгиското претседателство, размислува кон крајот на месецот да организира мисија на високо ниво што ќе ја потврди ситуацијата на теренот.

„Поминаа речиси 10 месеци откако е повлечена визната обврска за влез во земјите од шенгенската зона на ЕУ, за граѓаните на вашата земја“, пишува Малмстром. „Некои земји-членки уште еднаш се соочуваат со алармантен пораст на лицата кои доаѓаат од вашата земја и бараат азил. Тој тренд е крајно загрижувачки и може сериозно да го загрози целиот процес на визна либерализација на Западен Балкан“, стои во писмото на Малстром.

Писмото е предупредување дека ситуацијата би можела да доведе до обновување на визниот режим за српските и македонските граѓани, но исто така, дека би можела да ја одложи одлуката на ЕУ за укинување на визниот режим за Босна и Херцеговина и за Албанија, за која одлуката треба да се донесе на 8 и 9 ноември.

„Како што е познато, процесот на мониторинг на визната либерализација е воведен од Комисијата во јануари годинава. Сега се размислува за идно зајакнување на тој процес, што ќе овозможи ЕУ да преземе соодветни мерки доколку има потешкотии“, пишува Малмстром.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6653B...1EB79FDBCF
25-10-2010, 10:49 AM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#85

Бараат азил за да добијат 2.500 евра помош

Финансиската помош што Германија им ја исплаќа на азилантите, а која за семејство со четири деца изнесува повеќе од 2.500 евра, е причина за големиот скок на барањата за азил од Македонија и од Србија, пишува германскиот весник „Фокус“

Весникот наведува дека германското МВР очекува дека состојбата со азилантите ќе се нормализира откако Германија во средината на месецов ја укина оваа помош за барателите на азил од Македонија и од Србија. Според информациите на „Фокус“, подносителите на барањата од двете земји им рекле на властите дека дошле во Германија како патничка група со автобуси за да стигнат до парите од државната програма за помош. Во 337 докажани случаи на измама, германските власти одбиле да исплатат помош за враќање, пишува „Фокус“.

Весникот објави дека многумина сакаат азил затоа што Германија за доброволно враќање не плаќа само за трошоците за пат, туку дава и т.н. „стартна помош“ која за семејство со четири деца изнесува повеќе од 2.500 евра. Минатата година, според „Фокус“, од Германија доброволно се вратиле 3.107 странци, за кои државата морала да плати околу 3,8 милиони евра. Германските медиуми објавуваат дека последнава година има драстичен пораст на барањата за азил од Македонија и од Србија. Лани во септември имало 119 барања, а оваа година има 1.808 баратели на азил. Откако неколку земји од ЕУ се пожалија поради азилантите, деновиве еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстрем испрати писма до српскиот и до македонскиот министер за внатрешни работи со барање да сторат сé „за да не се дозволи мнозинството луѓе од двете земји кои ги почитуваат правилата да бидат казнети поради злоупотребата на ограничено малцинство“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22115
25-10-2010, 11:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#86


Quote:Македонија и Србија пред визна суспензија


[Image: 0,,6365794_10,00.jpg]

Европската комисија има предлог за суспендирање на визната либерализација за Македонија и Србија. Европскиот парламент стравува дека земјите членки на ЕУ можат да ги усвојат механизмите без консултација со нив


Ситуацијата е алармантна, бранот на имигранти и бранот на луѓе кои доаѓаат од Србија и посебно од Македонија кои бараат азил во Белгија, Шведска или Луксембург, по барање на некои земји членки на ЕУ, на прво место Белгија побараа од Комисијата да најде решение за овај проблем.

„Европската комисија подготви предлог за воведување на механизми за суспендирање на безвизниот режим. Тој предлог е ставен на маса за прв пат и поради тоа ситуацијата е алармантна“, вели во разговорот за Радио Дојче Веле, словенечката европратеничка Тања Фајон, која беше известувач за укинувањето на визниот режим за земјите од Балканот.

Во моментот кога во Европа се водат сериозни расправии за промена на шенгенските правила, бидејќи има се повеќе и повеќе имигранти од Северна Африка и од другите места во светот, непочитувањето на безвизниот режим од граѓаните на балканските земји, доведоа до алармантна ситуација.


Македонските власти треба да си ги исполнат обврските

„Поради тоа јас мислам дека би било многу значајно да властите во Македонија го спречат заминувањето на имигранти од кои најголемиот број од нив се припадници на етничките малцински заедници кои бараат азил во Европа. Имаме исто така информации дека има се повеќе организирани мрежи на луѓе кои се занимаваат со незаконска трговија на луѓе и на незаконски начин ги доведуваат луѓето во ЕУ и Шенген зоната. Тоа се многу сериозни и алармантни информации“, нагласува Фајон.

Словенечната европратеничка Тања ФајонСловенечната европратеничка Тања ФајонТаа стравува дека предлогот на Европската комисија ќе биде усвоен од земјите членки на ЕУ, без тој да биде разгледуван од Европарламентот.

„Јас стравувам од тоа. Денес ќе имам средба со комесарката за внатрешни работи Мелмстром, бидејќи механизмот кој го има подготвено Комисијата за суспендирање на механизмите на безвизниот режим не се познати во детали, ниту колку време ќе трае таа суспензија. Има и друга грижа, од што исто така стравувам е дека тоа ќе биде механизам кој ќе биде усвоен брзо од земјите членки на ЕУ, без согласност на Европскиот парламент. Тоа значи дека би можеле две или три европски земји членки на ЕУ, кои имаат проблем со баратели на азил многу брзо да го воведат тој механизам за суспендирање.

Одговорноста паѓа врз политичарите во Македонија

Мислам дека тоа не би било добро ниту за граѓаните на Македонија, ниту за тие на Србија во овај случај. Слободата на движење е темелно човеково право и европска фундаментална вредност и се надевам дека сите ние ќе си ја завршиме својата работа и ќе бидеме одговорни, но одговорноста е повеќе на страната на политичарите во Македонија.“


На прашањето што треба македонските власти да направат за да се запре бранот на азиланти, Фајон одговара:

„Имавме повеќе разговори, Македонија треба да ги исполни сите услови. Таа веќе ги исполни во 2009 година, но работата со тоа не е завршена. Таа треба да продолжи и понатаму да работи на почитувањето на тие услови. Европскиот парламент во БриселЕвропскиот парламент во БриселЛуѓето треба да знаат што значи безвизен режим, треба да се спречи криминалот, да се гарантира безбедноста на границите. Мислам дека властите добро знаат што е важно и само треба да ги исполнат овие услови.“

Бранот на азиланти од Македонија и Србија се должи пред се на многу лошата социјално-економска положба на ромското население, чии припадници се и најчестите баратели на азил.

„Луѓето кои бараат азил, го бараат бидејќи немаат можност за добар живот и сé што е можно да се подобри нивната ситуација за да останат и имаат услови за добар живот во нивните земји би било се разбира корисно. Се разбира тоа значи издвојување на повеќе пари за тоа“, заклучува словенечката европратеничка Тања Фајон.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Борис Георгиевски

11-05-2011, 02:35 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#87

Quote:Датум: 11.05.2011, 19:26
Реформа во Шенген за полесен прием на нови членки



Германскиот министер за надворешни работи Ханс-Петер Фридрих застана денеска во одбрана на проектот за времено обновување на контролата по границите во шенген-зоната.

- Ако тие реформи бидат прифатени, ќе можеме многу полесно да прифаќаме нови членки во зоната, знаејќи дека има можност да обновиме контрола во случај на сериозен проблем - изјави тој.

- Многу полесно ќе бидат примени во шенген-зоната држави кои се на пат за членство, увери тој.

ЕК ќе предложи утре на вонредна седница нови можности за времено обновување на контролата по националните граници во шенген-зоната.

#
Izvor
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
11-05-2011, 07:46 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#88

Нешто ми е сомнително. Еден бугарски медиум пишува за истото ова, но како загрозена од укинување на безвизниот режим ја споменува само Србија: http://www.dnevnik.bg/sviat/2011/05/11/1...ov_spisuk/
Што е сега, се солидаризираме со Србија и сакаме да земеме дел од нејзината мака на свој грб за да не се почувствува осамено? Или пцовисало некое магаре, па еден бугарски медиум решил да пропушти можност да ја спомене Македонија го понижувачки контекст? Првото не би било големо изненадување, но второто - да.
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 11-05-2011, 10:35 PM by Gnoj.)
11-05-2011, 10:33 PM
Reply