Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 3.2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Дали во македонските медиуми треба да има и бугарски содржини
Author Message
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

(16-10-2010, 06:52 PM)Dojkar Wrote: Сиромаштијата го прави своето. Колку посиромашни - толку поочајни, поирационални, попрости итн. Факти.

Станувам сенилен, сум заборавил да ја довршам реченицата:
...и потурбофолкести. Icon_razz
Let me hear you make decisions without your television.
16-10-2010, 07:53 PM
Reply
IvoPaunov Offline
Senior Member
****

Posts: 344
Joined: Oct 2010
Reputation: 9

(16-10-2010, 06:01 PM)Път Wrote: Глејте бе Б’лгари това момиче к’ва красавица е:






А вие сте се стрчале по бабите Цеца и Брена. Бог да чува и да брани, со која рака да се крстам. не знам...Icon_razz

-Даа, и аз я забелязах преди известно време по ТВ"Родина" и се впечатлих, голяма хубавица...
16-10-2010, 07:56 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8

Така е от как и в българскитре медий се делим на тракийци,мизийци,щопи,добруджанци и македонци скоро може да се пиявят и мизийска,тракийска или добруджанска нация Icon_wink

http://www.dnes.bg/akoshtete-vqrvaite/20...rad.101371
"Който ми каже дека не съм македонец ке му го скинам езикот, който ми каже дека не съм българин ке му секам главата"
Тодор Александров

"Македония без Българи огин ке я гори "
Иван Михайлов

16-10-2010, 08:08 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

06-08-2011, 06:35 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(06-08-2011, 06:35 PM)Valkanizater Wrote: http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI..._surprised:


СМЕНИ ГО КАНАЛОТ

Бугарска сиеста

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=10935...43F7D1DB9B

Ете, бидна и тоа... Icon_razz

06-08-2011, 07:09 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8

neka ima ako se tehnicki dobro snimeni i ako imaat dobra tematika... ne gledam nikakva politika tuka no nemozam mnogu da zboram jas ne gledam sapunici i ne sum nekoj dobar kriticar no zatoa eve jas mnogu cesto gi slusam "Upsurt" strasno dobra grupa

ovie mi se naj omileni

















I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
07-08-2011, 06:34 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Да наистина няма политика; прави се продукт, който да се пласира на повече пазари.....Icon_surprised


- Продуцент сте на двата хитови сериала "Стъклен дом" и "Под прикритие". Какво е усещането да се конкурираш сам със себе си?
- Не съм мислил за това. Но ние заложихме на много сериозна технология и през цялото време, докато снимаме, не правим компромиси с качеството. От тук нататък драматургията е плаваща, всяка държава има собствена драматургия.

Със следващите проекти ще излезем извън България. "Стъклен дом" се купува навън, на "Под прикритие" тепърва му предстои такъв живот извън България, но сме си поставили за цел всичко, което правим, да се продава, да не живее само на нашия пазар.

http://www.24chasa.bg/Article.asp?ArticleId=991617
07-08-2011, 09:48 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(06-08-2011, 07:09 PM)acko Wrote:
(06-08-2011, 06:35 PM)Valkanizater Wrote: http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI..._surprised:


СМЕНИ ГО КАНАЛОТ

Бугарска сиеста

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=10935...43F7D1DB9B

Ете, бидна и тоа... Icon_razz

Ја гледам бугарската серија и се допирам по телото. Дали тоа сонувам или јаве е. Допирите ги чувствувам. Значи, сепак, јаве е. Застанувам пред огледалото и си го поставувам најфилозофското евергрин прашање: кој сум и зошто сум! Сеуште не можам да го дадам вистинскиот одговор, но знам едно. Ист човек сум, како и пред гледање бугарската серија. Сем што научив некоја бугарска дума. Или тоа беше проблемот за неемитување бугарска културна продукцијаRazmisluva
07-08-2011, 10:03 AM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

(07-08-2011, 10:03 AM)hristo Wrote: Ист човек сум, како и пред гледање бугарската серија.
Така си мислиш ти!Процесът е бавен,но сигурен-първо ще ти се изопнат очите,кожата ти ще почне да пожълтява след шеста серия,а косата ти ще стане черна и мазна,след десета ще станеш по-нисък,а към дваесета серия ще ти се изкривят краката се едно да си се родил на конь,а към втори сезон ще говориш монголски като матерен... За страх си е! Razmisluva

Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
07-08-2011, 10:39 AM
Website Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(07-08-2011, 10:39 AM)TATAP Wrote:
(07-08-2011, 10:03 AM)hristo Wrote: Ист човек сум, како и пред гледање бугарската серија.
Така си мислиш ти!Процесът е бавен,но сигурен-първо ще ти се изопнат очите,кожата ти ще почне да пожълтява след шеста серия,а косата ти ще стане черна и мазна,след десета ще станеш по-нисък,а към дваесета серия ще ти се изкривят краката се едно да си се родил на конь,а към втори сезон ще говориш монголски като матерен... За страх си е! Razmisluva

Леле, значи ке почнам да личам на вас, Бугарите. Е, па тогаш да престанам со гледање на бугарскаа серија и да продолжам со гледање на серијалот од “ Застава фил“. Сигурно си е сигурно.Icon_frown

07-08-2011, 08:30 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

(07-08-2011, 08:30 PM)hristo Wrote: Леле, значи ке почнам да личам на вас, Бугарите. Е, па тогаш да престанам со гледање на бугарскаа серија и да продолжам со гледање на серијалот од “ Застава фил“. Сигурно си е сигурно.Icon_frown
Гледал ли си вече една серия?!Ако си гледал вече си обречен-дори и да спреш да гледаш само ще забавиш процеса...той е необратим,съжелявам!Купи си конь! Icon_mrgreen

Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
07-08-2011, 09:29 PM
Website Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(07-08-2011, 08:30 PM)hristo Wrote:
(07-08-2011, 10:39 AM)TATAP Wrote:
(07-08-2011, 10:03 AM)hristo Wrote: Ист човек сум, како и пред гледање бугарската серија.
Така си мислиш ти!Процесът е бавен,но сигурен-първо ще ти се изопнат очите,кожата ти ще почне да пожълтява след шеста серия,а косата ти ще стане черна и мазна,след десета ще станеш по-нисък,а към дваесета серия ще ти се изкривят краката се едно да си се родил на конь,а към втори сезон ще говориш монголски като матерен... За страх си е! Razmisluva

Леле, значи ке почнам да личам на вас, Бугарите. Е, па тогаш да престанам со гледање на бугарскаа серија и да продолжам со гледање на серијалот од “ Застава фил“. Сигурно си е сигурно.Icon_frown

PosPosPosPosPosPosPos
07-08-2011, 09:43 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

И нещо позитивно....

Зоран Петровски
Македонец режисер во бугарската серија „Стаклен дом“
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=54305...F3974188D4

Какви се одѕивите во Бугарија за ефектот што го предизвика „Стаклен дом“ во Македонија?

Се' уште е рано да се зборува за вистинскиот ефект на „Стаклен дом“ во Македонија и одѕивите што ќе пристигнат во Бугарија. Но, секако, ме радува тоа што позитивно и со поздравување се прифаќа целиот проект, а за мене како дел од режисерите и екипата кој го подготвуваме „Стаклен дом“, навистина е голема сатисфакција дека во делот од државите каде што се емитува серијата - е и Македонија.



13-08-2011, 09:49 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

ЗОРАН ПЕТРОВСКИ, РЕЖИСЕР НА БУГАРСКАТА СЕРИЈА „СТАКЛЕН ДОМ“
Ќе ~ донесам „Оскар“ на Македонија

Македонецот Зоран Петровски е еден од тројцата режисери што застанаа зад камерата на бугарската серија „Стаклен дом“. Има триесет години, роден е во Скопје, завршил филмска режија на Академијата во Софија и таму веќе 10 години извонредно успешно работи. Етаблиран е во софиските уметнички кругови и го познаваат како вонсериски талентиран за филмска режија, но и како автор на спотови, реклами и кампањи. Досега не работел во својата татковина и голема желба му е да направи филм или серија која ќе биде македонски извозен продукт.

„Стаклен дом“ потврда за квалитет

Серијата „Стаклен дом“ доживува балканска слава. Во Македонија станува вистински хит. Како се најде во тимот што ја создава?

- Ме радува фактот дека серијата ја живее славата која ја достигна во Бугарија, насекаде по Балканот, а особено во Македонија. Убаво е кога квалитетен продукт, како што е „Стаклен дом“, ќе добие потврда за квалитетот и од самите гледачи, што е доказ дека има вистинска вредност. Како се најдов во тимот на оваа хит-серија е навистина склоп на околности во кој судбината има замешано прсти. Тоа е кога многу работи во еден момент треба да се случат точно како што се случија и јас да бидам дел од тимот. Завршувајќи ги студиите и работата на многубројните проекти, првенствено рекламните кампањи ме задржаа во Софија и ми овозможија да сум во тие продуцентски, режисерски и актерски кругови. Секако, движејќи се во тие кругови, секогаш има некој што ќе те забележи и што ќе го заинтригира работата која ја правиш, особено ако ја правиш квалитетно и креативно. Сепак, да незвучи премногу сериозно како станав дел од тимот во целата случка имаше и еден интересен момент кој беше можеби искрата што ме направи дел од тимот.

Помалку филмски, но навистина финалниот договор за работата во серијата ми почна малку чудно, пред околу една година во еден од софиските клубови јас средно трезен со девојка на прв состанок малку нервозен се сретнав со еден мој пријател, кој пак е близок познајник на главниот продуцент Димитар Гочев. Таму се запознавме и тој ми кажа дека слушнал за мене. Ме покани на состанок на кој се запознав и со другите двајца продуценти - Митовски и Цанков. И по една недела почнав да ја подготвувам мојата прва серија. Ете тоа биле моите 5 минути. Седма серија од првата сезона беше мојот прв ангажман во „Стаклен дом“, така што тоа е моментот кога јас станав дел од овој интересен и успешен тим.

Серијата, познавачите ја оценуваат како сериозно направена како од актерски така и од режисерски аспект. Каде го научи занаетот?

- Занаетот започнав да го учам сам и желбата, како и креативноста која ја имав ме мотивираа да работам с` повеќе и да навлегувам с` подлабоко во оваа уметност. Сепак, тоа е доволно да се започне, само професионалното образование кое го стекнав студирајќи на Академијата за филмска и театарска уметност во Софија беше моментот кога ги усовршив моите знаења. Сега по поминати речиси 10 години од моето живеење во Софија и работа на многубројни проекти за бугарски и странски компании, меѓу кои банки, мобилни оператори, државни институции и што ли уште не, можам да кажам дека сум веќе мајстор на занаетот.

Но како и со секој занает, иако си мајстор, не треба да застанеш со усовршувањето. И еден ден кога ќе направам филм кој ќе биде оценет добро на светско ниво и ќе го донесе првиот „Оскар“ со кој Македонија ќе се гордее, ќе раскажам како интересно и филмски сум започнал.

Се има впечаток дека снимањето на серијата е забавно.

- Целата екипа која работи на серијата, а која се снима веќе трета сезона, сме како многу блиско и неразделно семејство. Се расонуваме со гафови и скечеви. Откако снимивме една тешка сцена, за да се разведри целиот тим главните ликови Камен и Ставрев ја играат истата сцена, но како да се геј-двојка. Секако има и понекој гаф кој се случува за време на снимањето на сложени сцени или каскади, кој ги повторуваме и тие остануваат само за нас, за интерна употреба. Тоа е убавината да си зад кадарот нели, секогаш гледаш повеќе од гледачите пред телевизорот.

Со која од актерите беше најлесно да се работи?

- Со повозрасните актери кои имаат големо филмско и театарско искуство е полесно да се работи, но убавината на „Стаклен дом“ е тоа што има и млади актери кои потешко се справуваа со поставените задачи, но со текот на снимањето созреаја во врвни професионалци. Но има и еден трет вид, а тоа се преубавите актерки и топ-модели кои допрва ќе се појавуваат во серијата. Со нив е најтешко затоа што камерманот тешко успева да се фокусира на кадарот што е потребно да го сними, расеан од свилената ноќница на преубавиот топ-модел. Тон-мајсторот исто така нема каде да го закачи микрофонот, затоа што с` е проѕирно, а режисерот седи и гледа ладнокрвно, не забележувајќи што има пред него. Ете тоа е и дел од тежината на професијата која мораме секојдневно да ја носиме, нели!

Сепак, шегата настрана, за недисциплинирани актери не може да има на проект од оваа величина, а ексцентричноста можеби помалку се забележува кај големите ѕвезди.


Ценети во странство

Си завршил студии на Академијата за филм во Софија, но по завршувањето си останал да работиш во Бугарија. Зошто (подобри услови за работа, контакти...)?

- Навистина несвесно останав, никогаш не сум имал план да останам или да емигрирам некаде. Но веќе минаа многу години како работам тука и можам да кажам дека постојано сум затрупан со проекти, и таа динамика те понесува и не ти остава време да мислиш каде си, туку мислиш што правиш таму каде што си. Започнуваш едно, додека си го завршил дошло друго, па трето и додека си се завртил поминале 10 години. Изминатиот период имав можност да работам за сите познати продукции во Бугарија. Единственото нешто што го правам во Македонија, а го правам затоа што тоа е бизнисот на иднината кој не е врзан со локација, тоа е интернет-бизнисот. Мој проект, кој ми претставува задоволство да го работам и е на некој начин поврзан со тоа што работам професионално е единствениот македонски видеопортал http://www.mesto.com.mk. Идејата е да се направи видеопортал на македонски на кој секој што има видео или сака да сподели интересно видео може да го направи на локален сајт и тоа да биде видено првенствено од локална публика. Отсекогаш ми се допаѓала кампањата за купување македонски производи, дури и во моментов на мојот телефон ја имам лепенката за македонски производи со сонцето.

Би се радувал моите успеси да стигнат и до Македонија и да започнам да работам на некој интересен проект во Македонија, и сето тоа што го правам тука да започнам да го правам таму за истите работи што ме врзаа тука 10 години да ме врзат во мојата родна држава.

Колку од македонските студенти во Софија се решаваат да останат таму да работат?

- Многумина од македонските студенти останаа, многумина заминаа на различни страни од светот, но голем дел се вратени и имаат успешни кариери во Македонија. Во Софија има многу Македонци кои работат во различни сфери и можам слободно да кажам дека сите се успешни во тоа што го работат. Ценет кадар сме тука, а и насекаде, според мене, затоа што сме работници и не се жалиме од работата, а тоа ни помага да успееме да дојдеме до највисоките позиции и да работиме за високи хонорари.

Пред петнаесетина години балканската телевизија беше преокупирана со латино-американски серии, па потоа со турски и понекоја хрватска, за првпат македонската публика има можност да види бугарска серија. Колку ваквите, таканаречени семејни серии, се тренд во Бугарија?

- Точно така, како на Балканот, така и во Бугарија последниве неколку години е преплавено со серии од различни држави и се вистински тренд гледајќи го рејтингот и популарноста. Семејните серии насекаде го имаат главниот телевизиски термин. Во Бугарија нова мода се домашните серии и интересно е тоа што „Стаклен дом“ ги потисна сите останати со самото појавување. Многу бргу стана хит-серија и придонесе снимањето серии да биде нова мода во телевизиската продукција во Бугарија. Пред „Стаклен дом“ беа направени неколку серии, но со слаб квалитет. Публиката научи да го цени квалитетот на продукцијата и проекти направени со малку пари и слаб професионализам се осудени на пропаст. Не случајно, според мене, токму „Стаклен дом“ е првата серија од Бугарија која е купена и се емитува и во Македонија. Во моментов со истата екипа работиме и на втората серија од која е снимена една сезона, тоа е серијата „Под превезот“, во која исто така сум режисер.

Ќе направам македонска серија

Би работел ли во Македонија и под кои услови?

- Со задоволство би работел, секако на секого му е желба да работи во сопствената држава доколку има реална можност. Би работел секаков вид продукција како што споменав, филмска, сериска, рекламна и единствен услов се професионалноста и коректноста, на што настојувам. Не би работел доколку не видам дека проектот има издржаност од аспект на тим кој го работи и финансиска конструкција реална без добро познатите во Македонија - компензации.

Колку си запознаен со македонската кинематографија?

- Со голем интерес следам како се развива македонската кинематографија. Причина повеќе да сум во тек со некој од работите е и тоа што многу мои пријатели, актери што студирале во Софија учествуваат во македонски продукции. Следам и какви се состојбите со телевизиската продукција и морам да признаам дека некако посакувам наскоро да се отвори можноста да се направи нешто големо и интересно во Македонија, нешто по моделот на „Стаклен дом“ што би било успешно и би било популарно надвор од државата.

Имаш ли можеби идеја да конкурираш во македонскиот Филмскиот фонд за поддршка на филм?

- Секако, амбицијата за филмската продукција е кај секој режисер. Очекувам да го препознаам вистинскиот момент и да започнам со реализацијата на нешто што во моментов го подготвувам, а тоа е долгометражен игран филм за кој имам идеја да го направам во македонска копродукција. Тоа би било интересно и убеден сум дека би било успешно како финален продукт, но затоа да не ги откриваме сите тајни, да оставиме нешто и за пријатните изненадувања кои допрва следуваат да бидат видени.
Скопје е дел од мене
Ти недостига ли Скопје?

- Ми недостига постојано. Иако е град со многу недостатоци, има некоја магија што не ти дозволува лесно да го заборавиш и постојано помислуваш на него. Тоа е мојот роден град и ја носам неговата енергија како дел од мене. Но кога конкретно би ги кажал работите што ми недостигаат најмногу, би започнал од највкусните кифлички со руска салата подготвени од мајка ми, релаксирачкиот и секогаш забавен риболов со татко ми, конструктивните мали кавги со брат ми, планинарењето со тетин ми, како и безбројните и бескрајните кафиња со пријателите. Последното е како заштитна марка за градот Скопје и тие дневни кафенца се нешто што му недостига на секој скопјанец што живее надвор од државата. Нема такво нешто никаде, и ако знаеш да уживаш во тоа толку едноставно пиење кафе, знаеш да уживаш во животот.
Софија има пазар на можности
Што е тоа што Софија ја прави подобро место за твоја професионална афирмација?

- Софија е мошне интересен град за живеење, и лесно човек ја засакува. Самата големина на градот, спојот на современото и топ-модерното донесено од светот со традиционалното и старото останато од векови наназад ја прави навистина убаво место за живеење. Секако, можностите кои ги нуди како пазар на кој работат многу продукции, многу рекламни агенции, пазар кој е конкурентен на европско ниво и каде што има постојано проекти на кои може да работиш и да се развиваш професионално. Не знам колку е познато во Македонија, но голем број холивудски продукции ја избираат Бугарија како место за снимање на нивните блокбастери. Би го споменал продолжението на легендарниот филм кој го лансира Арнолд Шварценегер, филмот „Конан“ кој ќе има премиера, а е снимен на падините на Витоша, крај Софија. Сето тоа беа мотивите да ја препознаам како интересно место со можности за работа, каде што е важно да се има желба за работа и работата си доаѓа. Процесот на развивање во оваа сфера никако не е лесен, но тука продуцентите постојано ја следат нашата работа и знаат да ја оценат вистински. Според мене, нема роден талент, талентот е мал процент кај секого, напорната работа и големата љубов кон професијата ги носат успехот и славата.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...5E4FAE7120

Нещо извън злободневните теми...Колко малко всъщност е нужно за да има комуникация, бизнес, развитие между две съседни страни.
Истина е, че в доста сфери наистина започва да се усеща присъствието на млади, амбициозни македонци.
И да - в момента в София са се "струпали" Шварценегер, Брус Уилис, Силвестър Стелоун...




13-10-2011, 07:24 AM
Reply
KRAZISTA
Unregistered

 

Ајде ..доста со тие Про-бугарофилски глупости...колку само прави Бугари избегаа овдево Скопје да живеат..през 1945...а сега вие лелекате за некаква Татартска култура...Срамота...Просто и не постои Бугарски народ...дали има 1 милион..се друго е Турци и Цигани и Ѓоревци...а тоа е мешавина от Бугар- циганка...и тај јордан -Црни е изгледа тежок Бугарофил....а изиграва жртва от УДБА..која ИЛУЗИЈА...90 % од РАДКОВЦИТЕ се УДБАШИ...
19-10-2011, 02:58 PM
Reply
KRAZISTA
Unregistered

 

Зошто иван михајлов избега от тааТАТАРИЈА....во 1934..и несе врнааа аа?? Бугарите се најголеми лузери....се изгубија...Ако толку несакаат..Што несе спротистават наСРбите..туку се кријат....и доста од Овие Про=татарски Романтики....90% од Удбашите во македонијавозат бугарски коли..и имаат..пасоши...КаковАПСУРД....вие немате ни К...од КАУЗАА
19-10-2011, 03:08 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6

(19-10-2011, 02:58 PM)KRAZISTA Wrote: Ајде ..доста со тие Про-бугарофилски глупости...колку само прави Бугари избегаа овдево Скопје да живеат..през 1945...а сега вие лелекате за некаква Татартска култура...Срамота...Просто и не постои Бугарски народ...дали има 1 милион..се друго е Турци и Цигани и Ѓоревци...а тоа е мешавина от Бугар- циганка...и тај јордан -Црни е изгледа тежок Бугарофил....а изиграва жртва от УДБА..која ИЛУЗИЈА...90 % од РАДКОВЦИТЕ се УДБАШИ...




Of-topic
KRAZISTA , од името на екипата на КОТЛЕ ти пожелувам добредојде. Но сакам да ти укажам дека со ваков тон на дискусии тешко ке останеш на форумот.
19-10-2011, 05:44 PM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6

Те още един прав македонац ...

"KRAZISTA" - уствари и аз ти викам добро дойде, али немой да причаш цинизми без везе ...

П.С. Дано съм го уцелил ... Pos23Pos23Pos23

19-10-2011, 06:36 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Ve provali dechkoto za dve minutki koja vi e prikaznata. Djabe mu se zakanuvate...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
19-10-2011, 06:40 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

(19-10-2011, 06:40 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Ve provali dechkoto za dve minutki koja vi e prikaznata. Djabe mu se zakanuvate...

Би ли ми обяснил какво имаш предвид

С почит...
19-10-2011, 07:04 PM
Reply