Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 2.8 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТАТКОТО YAAN СО ФАШИСТИТЕ СИНОТ ERWAN СО КОМУНИСТИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21



Quote:Без Фуере Македонија е успешна држава


Креирање слика за стварноста, која нема многу врска со реалните состојби, злонамерност во интерес на некого, приближно така функционираше Европската канцеларија во Скопје под раководство на симпатичниот Фуере. Тој пазареше на Буњаковец. И токму деновиве слушам пазарџиски муабети (пазарот и тезгаџиите се доста информиран и многу интелигентен свет, кој одлично ги конта работите од големата политика), дека човеков овде си имал дечко


Добро. Го добивме и четвртиот по ред европски извештај. Положивме. Не ја знам оценката, ама сигурно е повеќе од „двојка“, со колку прелиминарно во Собранието ја оцени работата на македонските институции Радмила Шеќеринска. Додека одеше централната вест којзнае зошто се сетив на Ерван Фуере. Море, многу добро знам зошто уште не можам да го истерам од памет! Да беше уште амбасадор овде, извештајот ќе имаше радикално поинаква содржина. Онаква по која неутешно плачат некои партии, Лидија Димова и разни „забравам ги“ персоналитети. Ќе фрчеа тешки заушки и прес-конференции на докажани ЕУ-преторијанци, кои со екстатични фаци ќе ни ја објавуваа националната катастрофа. Креирање слика за стварноста, која нема многу врска со реалните состојби, злонамерност во интерес на некого, приближно така функционираше Европската канцеларија во Скопје под раководство на симпатичниот Фуере. Тој пазареше на Буњаковец. И токму деновиве слушам пазарџиски муабети (пазарот и тезгаџиите се доста информиран и многу интелигентен свет, кој одлично ги конта работите од големата политика), дека човеков овде си имал дечко. Дечко му бил „случајно“ од некое село во Дебарца, а ги сврзал во партнерај некој политичар-опозиционер од тој крај. Браво за опозиционерот. Нашол начин како ефектно да го врзе за својата „политика“ европскиот претставник. Е да, мора тоа да била врската поради која од 2006 година до моментот кога тој си замина, човеков во Брисел немаше испратено еден убав збор и затоа земјава јадеше само шлаканици од Брисел. Штом од видното поле ги снема Фуере, Талер, Кацин и Шацимаркакис и нивната медиумска тајфа, се смени и европската перцепција за Македонија. Молам! Колку да се знае што може пропаганда да ти направи ако ја организира некој моќен центар, а ти си дремеш.
13-10-2012, 11:45 AM
Reply