ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,656
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Пастор од Флорида ќе пали Курани
![[Image: 4997804B53B094479E5A097A5D7432E4.jpg]](http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/4997804B53B094479E5A097A5D7432E4.jpg)
Вашингтон ги осуди плановите на протестантскиот пастор од Флорида Тери Џонс јавно да запали 200 примероци на Куранот на деветгодишнината од нападите врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември.
Властите предупредија дека таквиот потег ќе биде навредлив за муслиманите и сигурно ќе предизвика насилни протести низ светот, а генерал Дејвид Питрејас, командант на силите во Авганистан, изјави дека неговите трупи се под директна закана. Во Кабул веќе имаше демонстративни палења на кукли со името на пасторот, а во шест града во Индонезија протестираа илјадници луѓе.
Но, агенциите укажуваат дека Џонс всушност има право да ја запали светата книга на муслиманите, зашто тоа се толкува како „право на изразување мислење“ и е заштитено со Првиот амандман на Уставот на САД се' додека не се користи директно за застрашување или за поттикнување насилство.
- Нема да ме спречат ни повеќе од сто смртни закони - истакна пасторот Цона од црквата во Гејнсвил, чија конгрегација има педесетина верници.
Quote:Евангелистичкиот свештеник без конечна одлука за палењето на Куранот
Евангелистичкиот свештеник, Тери Џонс, продолжува да им оди по нервите на САД и на исламскиот свет. Само неколку часа, откако вети дека ќе се откаже од палењето на Куранот утре во Флорида, сега повторно се пишмани.
-Сепак ќе ја преиспитаме одлуката дали да се откажеме од идејата, рече Џонс, кој со палењето на светата книга планираше да ги одбележи 11-септемвриските напади.
Синоќа тој прво рече дека се откажува од контроверзната намера, откако за возврат, добил уверување дека спорната џамија, која треба да се гради кај некогашниот светски трговски центар, ќе се градела на друга локација.
Но, иницијаторот на изградбата на исламскиот објект, кој наводно му го дал ваквото уверување, изјави дека свештеникот погрешно го разбрал и оти џамија сепак ќе се гради во Менхетен.
Вчера, американскиот претседател Барак Обама рече дека тоа е “деструктивен гест”. Според Обама ваквата идеја која може да предизвика насилство е спротивна на американските вредности.
“Како врховен командант на вооружените сили сакам да му кажам на свештеникот дека тој негов план ги доведува во опасност нашите млади мажи и жени во униформи во Ирак и во Авганистан и тоа ќе биде неочекуван подарок на Ал Каеда за регрутација на нови членови”, вели Обама.
Иницијативата на евангелистичкиот свештеник Тери Џоунс за палење на светата муслиманска книга предизвика бура од негодување во САД и во целиот свет.
Quote:Тројца застрелани на протестите против палењето на Куранот
Тројца се застрелани во протестот на илјадници Авганистанци, кои фрлаа со камења врз мала база на НАТО во североисточниот дел на Авганистан.Кога демонстрациите станале насилни,застрелани се тројца-јави Би Би Си.
![[Image: avganistan_kuran.jpg&imgSize=230&cropH=180]](http://www.kanal5.com.mk/getImageThumbnail.php?imgPath=upload/vesti/WESTIII/avganistan_kuran.jpg&imgSize=230&cropH=180)
Демонстрациите се организирани во знак на револт по најавите на американскиот пастор Тери Џонс дека ќе го запали Куранот на 11 септември со цел да ја одбележи годишнината од терористичките напади во САД.
По специјалните молитви со кои е завршен Рамазан, околу 10.000 верници од џамиите се упатија на улиците извикувајќи антиамерикански пароли во провинцијата Бадахшан.
Американскиот пастор Тери Џонс кој е лидер на мала евангелистичка црква во Флорида не с еоткажува од намерата да го запали Куранот,што предизвика остри критики од светските претставници и меѓународната заедница, меѓу кои и американскиот претседател Барак Обама, американскиот државен секретар Хилари Клинтон, Ватикан, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, генералниот секретар на НАТО Фог Расмусен, претставникот на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и германската канцеларка Ангела Меркел.
Џонс денеска изјави дека палењето на Куранот моментално се наоѓа „на чекање.
|
|
10-09-2010, 05:01 PM |
|
ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,656
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Синот на пасторот Џонс вели дека нема да има палење на Куранот
Автор: Редакција ФОРУМ 09:23 | 11 септември 2010
Синот на контроверзниот пастор од Флорида кој го одложи протестното палење на светата муслиманска книга на 9-годишнината од нападите на 11-ти септември 2001 г., изјавил дека во сабота нема да има палење на Куранот, јавува Associated Press
Лук Џонс, синот на пасторот Тери Џонс, изјавил за новинарите дека најавеното палење на Куранот нема да се случи во сабота. Но тој нагласил дека не може да каже дали тоа нема да се случи во иднина.
Контроверзниот пастор на пентакосталната протестантска заедница од градот Џејнсвил на Флорида Dove World Outreach centеr која брои само педесетина верници, најави дека го откажува спалувањето на Куранот, откако рече дека постигнал договор со имамот на Њујорк да се дислоцира градењето на исламскиот културен центар и џамијата само два блока подалеку од местото Ground Zero (Нулта точка).
На ова место некогаш се издигнуваа Кулите близначки од Светскиот трговски центар (World Trade Centеr) кои беа урнати во нападите со авиони кои се удрија во нив на 11-ти септември 2001 г. Одговорноста за нападот ј презема најголемата терористичка мрежа Ал Каеда, под водство на Осама бин Ладен, чии 19 оперативци на овој ден киднапираа четири американски патнички авиони со кои извршија терористички напади во кои загинаа 2.996 лица.
Утрото на 11-ти септември 2001. г. во 8.45 часот авион со 81 патници и 11 членови на екипажот од летот 11 на American Airlines од Бостон за Лос Анџелес се урна во северната кула од WTC. По кусо време, во 9.05 часот во другата кула се заби авионот од летот 175 на United Airlines исто така од Бостон за Лос Анџелес со 56 патници и девет членови на екипажот. Во 9.43 часот авионот на 77 на American Airlines се заби во Пентагон, а во 10 часот авион на летот 93 од Њу Џерси кон Сан Франциско на United Airlines се урна близу градот Сомерсет каунти во Пенсилванија.
Пасторот Џонс соопшти дека ќе отпатува во Њујорк да се сретне со имамот Фејсеал Абдул Рауф кој го води проектот за изградбата на џамијата .
Најавата на пасторот за спалување на стотина примероци од Куранот предизвика остри реакции од муслиманите низ светот. Американскиот претседател Барак Обама и другите високи американски политичари се спротиставија на акцијата на Џонс и бараа од него да се откаже од палењето,
Во спомен на жртвите ширум САД ќе се одржат повеќе комеморативни собири, со учество на повеќе видни политичари, а претседателот Барак Обама го прогласи 11. септември за Национален ден на сеќавање и служење на заедницата, па граѓаните се повикани да се вклучат во повеќе волонтерски акции.
Претседателот Обама ќе ја одбележи годишнината на меморијална служба во Пентагон, каде што во 2008. година беше подигнат споменик на жртвите.
И по девет години од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година на Њујорк и Вашингтон, САД сè уште веруваат дека Ал-Каеда е главна закана по нивната безбедност.
Според најновиот извештај за состојбата за безбедноста, изнесен на неодамна одржаната панел дискусија на која присуствувале голем број американски експерти, најголемиот дел на извештајот бил посветен на улогата на американските државјани поврзани со Ал-Каеда и со сродните терористички организации во светот.
Во извештајот стои и фактот дека во земјата се наоѓаат сe’ поголем број терористи и припадници на милитантните исламистички организации кои не припаѓаат ниту на една етничка или верска заедница и не се вклопуваат во ниту еден познат социјален или економски профил, поради што е тешко да се лоцираат и откријат.
САД како што наведуваат експертите, се соочени со раширена мрежа на потенцијални терористи способни за сите видови на напади, поставување на автомобилски бомби, симултани напади на бомбаши самоубијци, поединечни пресметки со огнено оружје или кражби на авиони, но нивните методи не се ни приближно софистицирани во споредба со нападот од 2001 г.
|
|
11-09-2010, 12:37 PM |
|