ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Директорот на Институтот за национална историЈа одговара на тврдењата на Андов
Тито требаше да им се извини на Македонија и Македонците!
![[Image: 50B038ED44938C4B82CE2DB94CC3ED26.jpg]](http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/50B038ED44938C4B82CE2DB94CC3ED26.jpg)
Ако се говори за некакво извинување, тогаш не треба Република МакедониЈа да им се извини на егеЈските Македонци и на сите жртви во ГраЃанската воЈна во ГрциЈа, туку Јосип Броз Тито требаше да им се извини на МакедониЈа и на Македонците, затоа што ги натера да бидат жртвено Јагне во ГрциЈа, вели Тодор Чепреганов
Апсурдно е жртвата да му се извинува на џелатот! А, ако веќе се говори за некакво извинување, тогаш не треба Република Македонија да им се извини на егејските Македонци и на сите жртви во Граѓанската војна во Грција, туку Јосип Броз Тито требаше да им се извини на Македонија и на Македонците, затоа што ги натера да бидат жртвено јагне во Грција, смета директорот на Институтот за национална историја, Тодор Чепреганов.
Поранешниот пратеник и претседател на Собранието, Стојан Андов, во интервју за минатонеделниот број на „Публика“ ја промовира идејата, државата Република Македонија да им се извини на егејските Македонци и сите жртви на Граѓанската војна во Грција, бидејќи, според него, до војната не би ни дошло ако не се вмешало тогашното југословенско раководство на чело со Тито. Според Андов, Јосип Броз се водел со погрешната идеја за формирање уште една голема социјалистичка држава во Европа, наспроти постоењето на тогашниот Советски Сојуз. Заради ефикасност на актуелните средби меѓу македонскиот и грчкиот премиер, Андов му порача на премиерот Никола Груевски да го информира Јоргос Папандреу дека Република Македонија, како држава која има европски амбиции и се владее според сегашните принципи на ОН, на ОБСЕ, и сака да стане член и сојузник со земјите-членки на НАТО и ЕУ, ја осудува политиката што Тито и југословенскиот режим ја воделе кон Грција во периодот од 1945 до крајот на Граѓанската војна во 1949 година. Своите ставови и размислувања за улогата на Тито, тогашното југословенско, па и македонско партиско раководство, Андов ги темели врз книгата „Петте судбоносни години од 1945 до 1949 година“ од историчарот Ристо Кирјазовски.
За волја на вистината, ова не е ниту прва, ниту единствена книга која врз основа на аргументи и факти фрла нова светлина врз улогата на егејските Македонци и настаните поврзани со грчката Граѓанска војна. Во прв ред, книгата на Лилјана Пановска под наслов „Крајот на една илузија-Граѓанската војна во Грција и Македонците 1946-1949“. Но, факт е дека секое споменување на овој сегмент од македонската национална историја на површина ја изнесува неговата чувствителност, комплексност, тежина и значење, како и клучното прашање: „Дали и по 65 години постои стравување, од чисто идеолошки причини, тоа да ја добие вистинската слика?“.
Македонците изложени на терор
Осврнувајќи се на историските околности во Грција кон крајот и по завршувањето на Втората светска војна, Чепреганов потсетува на демонстрациите во Атина од 4 декември 1944 година, жртвите во нив и интервенцијата на британските сили, како и на повлекувањето и разоружувањето на силите на ЕЛАС (Грчка народноослободителна армија).
Во тој момент, во Грција има 10.000 Британци, а силите на ЕЛАС броеле 120.000 припадници. Но, веќе кон крајот на јануари 1945 година, бројот на Британците се зголемува на 60.000.
- Во периодот по ослободувањето на Грција, по доаѓањето на Британците и по првите парламентарни избори на кои Грците се изјаснуваат за монархија, голема улога играат британските сили. Во ЕЛАС доаѓа до раслојување каде што голем број од членовите на КП на Грција, околу 420.000 луѓе, се повлекуваат од членство во партијата како и од вооружените сили. Но, почнува терор. Непосредно по изборите, во март 1945 година, во Грција почнува терор од страна на Националната гарда на Грција, жандармеријата, полицијата, на сите оние сили кои биле против комунистите. Теророт е особено голем во делот на Македонија во рамките на Грција. И сега, како да се спротивставите на тоа? - прашува Чепреганов, кој се согласува дека неспорен историски факт е оти Народноослободителниот фронт (НОФ) на егејските Македонци е формиран во Скопје и дека тука се одвивале сите активности. Но, реагира на идејата на Андов дека Македонија треба да им се извини на егејските Македонци.
- Андов вели дека во неколку наврати го слушал Јосип Броз-Тито како говори за овие работи. Но, зошто токму тогаш не реагирал и не го поставил прашањето, Тито да се извини на Македонија и Македонците, затоа што ги натера да бидат жртвено јагне во Грција?! Зашто целата работа ја водеше прво Сталин, кој набрзо, во 1947 година, се откажа, а потоа Тито ја презема и ја водеше целата работа. Кој од македонските функционери тогаш можеше да рече тоа да не се прави!? Мора да се има предвид дека се работи за идеја. Нашите во делот на Македонија во рамки на Грција уште во периодот на Втората светска војна формираа самостојни единици, беа дел од силите на ЕЛАС, се бореа заедно со нив од страната на антифашизмот. И во тој период грчката КП им ветуваа признавање на нивните национални права - додава историчарот.
Во книгата „Крајот на една илузија“, авторот Лилјана Пановска забележува:
- Во услови на комплетна поделеност меѓу ККЕ (КПГ) и Македонците, грчкото комунистичко раководство решило, во иднина, да манипулира со македонското национално прашање. Кога и да се јавела потребата од политичка и од воена поткрепа од македонскиот фактор, ККЕ ги задоволувала неговите упорни барања и правела одредени половични отстапки, притоа не откажувајќи се од контролата врз него и врз неговото движење. Во моментот кога потребата од неговата поддршка исчезнала, ККЕ ги повлекувала отстапките и целосно ги игнорирала барањата на Македонците.
|
|