Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 3.6 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Шеста управа и Франкфурт мафија љубов на прв поглед
Author Message
alexdgreat
Unregistered

 
#21

Па овој газдата ка Куба Либре праќал охриѓани во Холандија да дилаат дрога се вртат суми од 2 000 евра неделно. Никој не ја бара поврзаноста на избеганиот србин и гореспоменатиот господин, од каде му се парите итн.

А за велешанецот сите знаат дека е тој што е ама некој го штити и не лежи во затвор, и јас мислам дека е ликвидиран намерно не е за долг. Сигурно сметал на некоја мафија тука. Мора некој да го брани бидејки наследниците на Рѝкулот ке го ликвидираат и него и неговата фамилија.
19-09-2010, 11:11 AM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#22

PA KOI SE TIE MOLJAM VI SE , del se vo OPOZICIJA DEL SE U POZICIJA , sto ima VRSKA VELSKIOT PRATENIK aktuelen DIMOVSKI koj dobro kotira kaj SEFO i kaj BATE , ajde dumajte MAKEDONCI doma ste se se gleda i znae , pa da kazeme koj kolku PIKSLA e zemal da zamize , osobeno od 2006 navaka, ne sa se toa kopiljana nakotile od 2007 navaka bre.

A za izvrsitelot kade e i sto e rabotel i kade e taka arno istreniran , pa da e samo znael BRAT SLATKAR kako bi deckoto zavrsil rabota u 2001 ss KOMANDEN KADAR od UCK-ONA togasna BREEEEEEE.
19-09-2010, 05:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:Обвинетиот Денковски даде исказ за тројното убиство

23.11.2010 - 13:44 | Македонија

Тони Денковски тврди, немал опција, убиството на Ркулот бил единствениот излез. Се плашел за животот на неговите деца. Немало ништо поврзано со дрога.


Наводниот долг бил од 11,000 евра, за автомобил, кој Денковски го купил од Јорданов. Се знаеле од 2004та. Пред неколку години, Тони, тврди дека на рака му дал 10.500 евра за автомобилот, а останатите ги компензирал.

Пред да се случи убиството Јорданов, му побарал 11,000 евра. Му рекол дека го има во неговиот тефтер како должник. Иако инсистирал на средба, не ја оствариле.

Наместо тоа добивал закани, ја следеле неговата ќерка, а добивал закани и за неговиот син.

Ноќта кога се случи тројното убиство, случајно се сретнале во рибарницата Биг фиш. Тони заминал на вечера со негов пријател, а таму веќе седел Ркулот, со него биле и Влатко Андреевски и Владо Милошев.

Тони барал да ја разјаснат ситуацијата, но Јордан му рекол дека има уште половина час за да се раздолжи. Тогаш Денковски отишол во куќата во припор, ја зел пушката и се вратил.

Му рекол да ја крене главата и пукал кон Ркулот. Немал намера да ги убие останатите. Пукал во Милошев зошто помислил дека вади пиштол кога се фатил за колкот, по него стрелал и во Андреевски. Со такси заминал кон Куманово, ноќта ја поминал во полињата, а утрото сам се предал во полициска станица.

Пред судот се појави и единствениот сведок кој гледал во очите на Денковски додека го извршува убиството. Девојката остана на сведочењето кое го дала пред истражен судија.

Беше и човекот кој го видел по убиството со пушката во раце. Одбраната побара од судот да бидат испрашани и останатите сведоци.

Иван Кузмановски
23-11-2010, 03:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:AКЦИЈАТА "ФРАНКФУРТСКА МАФИЈА" ЗАВРШУВА СО "ДИРИГЕНТ"


Уапсени мозоците на меѓународниот шверц со дрога


Скршениот и Ркулот беа апсени и лани во февруари во акцијата на МВР за разбивање на таканаречената Франкфуртска мафија, а беа осомничени дека ги организирале своите сограѓани од Велес да продаваат хероин во Германија и во Австрија. Поради недостаток на докази беа осудени само за нелегално поседување оружје

[Image: 4BF11DBF1736E04DA461435FC27ADBFE.jpg]

Триесетина лица се приведени во неколку градови во Македонија вчера во рамките на полициската акција наречена Диригент за разбивање на синџир на трговија со дрога.

Приведените, според првичните сознанија, се поврзани со т.н. Франкфурт мафија и се осомничени за кривични дела извршени и надвор од земјата. Зоран Манасков- Скршениот, Спасе Димовски алијас Ајдукот и неговиот син Томе Димовски се главните организатори на трансферот и продажбата на дрога низ европските земји, дознава Вечер од извори од истрагата. Се споменува и името на Јордан Јордановски Ркулот кој на почетокот на септември годинава беше убиен во пукотницата во трговскиот центар Три Бисери во Скопје, како четвртиот од организаторите на мрежа за трговија со дрога.

Тројцата како организатори се дел од 29 лица кои во вчерашната акција во раните утринските часови, беа уапсени во четири града низ Македонија.

Од полицијата вчера соопштила дека во тек била последната фаза од акцијата Франкфуртска мафија под името "Диригент", а уапсените лица се од Скопје, Велес, Гевгелија и Свети Николе. Во акцијата учествувале 350 полицајци, кои извршиле претрес во домови и угостителски објекти. Биле пронајдени пари во странски валути, дрога и еден гасен пиштол, меѓутоа до затворање на весникот се уште траеја претресите.

Приведените лица биле пренесени во повеќе полициски станици низ Скопје бидејќи станувало збор за организиран криминал, а истите се соочуваат со кривични пријави за "Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори", како и "Перење пари и други приноси од казниво дело".

Во рамки на меѓународната акција учествувале и германската, австриската и македонската полиција.

Во изминатите неколку месеци, во Австрија и Германија во рамките на истата акција биле уапсени околу 60 лица. Поголемиот дел од уапсените биле од Македонија а останатите биле од бившите ју-простори, меѓутоа тие биле ситни препродавачи на дрога и австриската полиција ги апсела при продажа на дрога улица.

Според македонското МВР во задничката акција било откриено дека огранизаторите имале два стана во Виена и Франкфурт од каде што оделе главните инструкции за патот на дрогата.
Скршениот и Ркулот беа апсени и лани во февруари во акцијата на МВР за разбивање на таканаречената франкфуртска мафија. И тогаш двајцата беа осомничени дека ги организирале своите сограѓани од Велес да продаваат хероин во Германија и во Австрија, но поради недостаток на докази беа осудени само за нелегално поседување оружје. Манасков тогаш доби една година затвор условно на три години.

Македонка ПЕТРУШЕВА
ФОТО:Ѕ.ПЛАВЕВСКИ
23-12-2010, 02:54 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25



Quote:Денковски: Ми се закануваа дека ќе ми ги убијат децата
Миле А. Ристески
24.06.2011

[Image: toni-denkovski-sudenje.jpg]

Ми се закануваше дека ќе ми ги убијат децата, тие ми се се и затоа го направив тоа. Неможам да ги вратам луѓето на семејствата, со нив умирам секој ден.

Ова е исповедта на Тони Денковски во Апелациониот суд, осуден на доживотен затвор за тројното убиство во ресторанот „Биг Фиш“.

Тој и неговата одбрана бараат повторно судење. Сметаат дека во првостепената постапка судот направил низа пропусти. Меѓу останатото психијатри направиле вештачење на Денковски, без директен разговор со него, туку преку читање на судски записник. Не било дозволена реконструкција на настанот и сведочење на балистичар.

„Повредите на оштетените, сега покојните, се навистина чудни, особено на двајцата од нив. Влезните рани се пониско од излезните, што е навистина чудно. Во првостепената пресуда го нема пиштолот кој е најден на лице место, не се ни спомнува. Сето тоа ни дава и фрла едно сомневање на првостепената пресуда на објективноста на истата“, вели Звонко Давидовиќ, адвокат.

Апелацискиот суд наскоро ќе донесе пресуда за тројното убиство во „Биг Фиш“. Тони Денковски во септември лани во ресторанот најнапред го застрелал Јордан Јорданов - Ркулот, познат како член на Франкфурт мафијата, а потоа пукал и ги убил неговите пријатели Владо Милошев и полицаецот Влатко Андреевски.

Денковски сам се предаде. Во судот рече дека бил рекетиран од Ркулот, за непостоечки долг од 11.000 евра.
24-06-2011, 08:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26


Quote:Обвинетите во „Франкфурт мафија“ до судијата: Радникот и Мијалков ти ја напишаа пресудата!


Првообвинетиот Спасе Димовски-Ајдукот доби 13-годишна затворска казна за три кривични дела, меѓу кои за недозволено поседување дрога и перење пари. Зоран Манасков-Скршениот и Томе Димоски (синот на Спасе) добија по 10 години затвор. Со петгодишна затворска казна судењето го заврши Дејанче Андушов-Слон.


[Image: %D1%84%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%84%D1%...%D1%82.jpg]
„Она што го напишал „Радникот“ или Мијалков, вие само го прочитавте“. Со овие зборови еден од обвинетите во случајот „Франкфуртска мафија“ на денешното изрекување на пресудата ги собра аплаузите на останатите обвинети.

Сепак, на дел од обвинетите не им беше до аплаудирање. Првообвинетиот Спасе Димовски-Ајдукот доби 13-годишна затворска казна за три кривични дела, меѓу кои за недозволено поседување дрога и перење пари. Зоран Манасков-Скршениот и Томе Димоски (синот на Спасе) добија по 10 години затвор. Со петгодишна затворска казна судењето го заврши Дејанче Андушов-Слон.

Останатите 25 обвинети во случајот добија помали затворски казни, а некои од нив добија и условни казни.

Роднините и пријателите на обвинетите кои ја наполнија големата судница во Врховниот суд каде се читаше пресудата негодуваа на високите казни изречени на 29-мината осудени, од кои 16 беа во притвор повеќе од една година.

Адвокатите на обвинетите сметаат дека казните се превисоки и не соодветствуваат со делата кои им се ставаат на товар.

-Спасе Димоски доби 13 години затвор, но оваа пресуда нема да остане. Спасе го судат за дела направени во странство – рече адевокатот Саво Коцарев.

Неговиот колега, Валентин Зафиров кој ги застапуваше Зоран Манасков-Скршениот и Един Џукиќ изјави дека катастрофално е вакви казни да се изречат за презентираните докази.

Најемотивна беше изјавата на ќерката на првообвинетиот Спасе Димоски, Барбара Димоска.

-Ова не го кажа никој. Уште при апсењето во 2010 година, Горан Ангелов кој работи во организиран криминал ни кажа кој колку години ќе добие затвор. Зошто беше ова малтретирање – рече Димоска која беше осудена условно, а изјави и дека нејзината мајка добија двегодишна затворска казна.

12-06-2012, 02:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27



Quote:Обвинетиот за тројното убиство во скопски Аеродром на чекор до слобода
Во октомври поминуваат 2 години откако Денковски е во притвор по изготвено обвинеие. Доколку до крајот на месецот, Судот не изрече пресуда, што е многу веројатно, трикратниот убиец ќе биде пуштен да се брани од слобода


Тони Денковски, човекот кој пред скоро 2 години со калашников уби три лица во ресторанот Биг Фиш во скопски Аеродром е на чекор до слобода, пишува весникот Вест во утрешниот број. Според весникот и по четири месеци нема невропсихијатриско вештачење за состојбата на трикратниот убиец кој пред полн ресторан стрелаше во Јордан Јорданов - Ркулот, Влатко Андреевски и Владо Милошев. Судот според Вест вчера добил известување од медицинскиот одбор кој беше задолжен да го изотви вештачењето дека не се во можност да го направат бидејќи немаат кворум.
Денковски веќе беше осуден на доживотен затвор, а пресудата му ја повтори и Апелација, но Врховниот суд, предметот го врати на почеток, откако утврди дека биле повредени процедурите во судската постапка.
Во октомври поминуваат 2 години откако Денковски е во притвор по изготвено обвинеие. Доколку до крајот на месецот, Судот не изрече пресуда, што е многу веројатно, трикратниот убиец ќе биде пуштен да се брани од слобода
27-09-2012, 10:42 PM
Reply