Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 13 Vote(s) - 1.77 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Совети за здравјето
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#81

Одморете се од сармите, јадете супа

[Image: AA2ECA324EBB704A9A0EF9F47F8FD447.jpg]

По секој празник се прашуваме како да го надминеме проблемот со прејадувањето и со препивањето

Валентина Тодоровска

Дочекот на Новата година мина, а ние се' уште сме во празнична еуфорија, зашто јануари е познат по богата трпеза, по слави и празници. Нашата традиција и адетите се врзуваат за печено месо, сарми, кифли, руски салати и друго. Се јаде, се пие, во име на тоа дека еднаш годишно е Нова година, се заборава на здравјето, кондицијата. Во овој период сите се чувствуваме тешко, мамурно и ненаспано. Со нутриционистката Тања Турунџиева- Станкоска разговаравме за тоа како по неколкудневното прејадување побезболно да се вратиме во форма, како да го исчистиме организмот од маснотиите и испиениот алкохол.

„По напорните празници симптомите се добро познати. Главоболка, мачнина во желудникот, чувство како да ве прегазил воз... Но, за тоа има лек, само треба правилно да ги почитувате советите“, вели Турунџиева. „Утрото треба да го почнете со две чаши вода (минерална, негазирана). Чувството на дехидрираност ќе исчезне за кратко време. Внимавајте! Не смеете да пиете кафе на празен желудник! Тоа уште повеќе ќе ја зголеми вашата хиперсензибилност! По испиената вода, треба да се консумира природно цеден сок од грејфрут, портокал или од домат. Сокот мора да го разредите со вода. Овошниот сок содржи прост шеќер, фруктоза, што го забрзува метаболизмот и побрзо го елиминира алкохолот. Ако пиете кафе, не претерувајте. Сосема се доволни едно-две кафиња. Кафето е вазоконстриктор, па ги стеснува проширените крвни садови во главата. Доколку премногу испиете кафе тоа уште повеќе ќе ве дехидрира, поради неговото диуретичко дејство“, појаснува нутриционистката.

Турунџиева вели дека откако ќе престанат мачнините, најдобро е да направите чорба од зеленчук или пилешка супа, но без тестенини. И едната и другата помагаат да ги надоместите солта и калиумот, што организмот ги губи при консумирањето алкохол.

Исто така, нашата соговорничка предлага да направите милкшејк од банана, одличен за надоместување на калиумот и на другите хранливи состојки, што се изгубени за време на прекумерното консумирање алкохол.

Во блендер измиксирајте половина чаша млеко, банана и две мали лажички мед. Пијалакот пијте го полека. Бананата е одличен извор на калиум, а медот изобилува со фруктоза. Ако се чувствувате подобро, јадете овошје, препечен леб и мед. Овошјето и медот се добри извори на фруктоза. Во состојба на мамурлак никогаш не треба да јадете обилен појадок со јајца, сланина и сирење, советува Турунџиева.

Следниот чекор за враќање во топ-форма, што го предлага Тутунџиева, е движењето. Пешачете, полека, континуирано, без напор. Тоа ќе го зголеми производството на ендорфин, природно средство за намалување болки во организмот. Колку за потсетување, прекумерната доза на алкохол го намалува нивото на ендорфин. Наредните оброци не треба да бидат обилни и масни. Чувајте ги сармите за наредниот ден, а пожелно е менито да биде составено од чорба од зеленчук и свежа салата. Салатата треба да биде од коренов зеленчук (цвекло, морков, дајкон, целер), што ќе придонесе да се стабилизира хиперсензибилноста на дигестивниот систем. А, со зеленчукот ќе се вратат силата и енергијата.

„Не' очекуваат уште прославувања, па внимавајте пред да почнете да пиете, односно јадете. Би било пожелно тоа да е калорична храна, месо или риба. Масната храна помага да се обложат цревата и да се забави апсорпцијата на алкохолот. А, бавната апсорпција значи помала можност за пијанство и за мамурлак наредното утро. Доколку пиете жестоки пијалаци, подобро изберете вотка или џин, отколку виски, рум, бренди. Белите пијалаци не содржат деривати-соединенија што придонесуваат за мамурлакот и уште поголема главоболка“.

Турунџиева советува алкохолот да се консумира полека затоа што организмот приближно согорува 30 мл алкохолот на час. Пијте полека и не му овозможувајте на алкохолот бргу да стигне до мозокот. Секогаш кога пиете алкохол задолжително треба да консумирате вода и безалкохолни пијалаци. Избегнувајте пенлив алкохол, бидејќи тој најбрзо оди во крвотокот.

Откако ќе престанат мачнините, најдобро е да јадете чорба со која ќе ги надоместите изгубените сол и калиум
Тања Турунџиева-Станкоска
03-01-2011, 02:13 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#82

И водичка да не заборавите, дехидрацијата е непријател што не би сакале да го имате...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
08-01-2011, 06:17 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#83

Како да се надмудрат вирусите

[Image: 06F1508C30332747965AD34D09AA8BA2.jpg]


За разлика од бактериите, кои можат сами да се размножуваат, вирусите се паразити и ги користат клетките. Нивната градба е неразвиена: за да можат да преживеат и да се размножуваат, мора да ја искористат ДНК на клетката во која ќе влезат. Така настануваат т.н. вирусни болести, од најобични, како што се настинка или грип, до оние застрашувачките, како што се вирусни воспаленија на белите дробови или сидата.

Начин на зараза

Воздух и крв: Таканаречените аеробни вируси се пренесуваат преку воздух, во капките од плунката што ги исфрламе додека зборуваме, кашламе или киваме, како што е случај со вирусите што предизвикуваат настинка, грип, или бронхитис. Другите анаеробни вируси користат поподмолни начини и се пренесуваат преку крвта, полови излачувања (како што е случај со сидата или хепатит Б), или го избираат оралниот или дигестивниот пат: се кријат во вода или во храна (случај со хепатит А или полиомиелитис).

Животни: Вирусот на беснилото, на пример, влегува во организмот преку гризнување на некои животни (како што се кучиња), вирусот на жолтата грозница преку убод на одредени видови комарци што живеат во тропските краишта.

10 начини да ги избегнеме вирусите

1. Кога е можно тоа, вакцинирајте се!

2. Добро мијте ги рацете!

3. Секој во семејството нека се служи во своја крпа и често менувајте ги.

4. Немојте да користите туѓи четки за заби, ножички или жилети.

5. Држете се подалеку од лица што имаат грип или настинка.

6. Често проветрувајте го домот.

7. Кога сте настинати, користете марамчиња за еднократна употреба.

8. Не бакнувајте никој што има грозница на усните.

9. Користете презерватив ако имате сексуални односи со маж што не го познавате.

10. Внимателно мијте ги овошјето и зеленчукот.

Кој не штити?

Најпрвин зголемената температура, која е прва делотворна пречка против вирусите, кои не можат да преживеат на повеќе од 39 степени. А потоа во игра влегува и сложениот и префинет имунолошки систем. Под водство на мозокот се произведуваат илјадници одбранбени ќелии и состојки (лимфоцити Б и Т, макрофаги, антитела) од кои секоја има своја високоспецијализирана задача: да го препознае непријателот, да го зачува во меморијата, да ги извести другите клетки за нападот, да го спречи, да повика засилување и на некој начин да го убие.

Потрага по лек

Модерната медицина се' уште не успеала да пронајде лек со кој би ги уништила вирусите, за разлика од бактериите, кои ги победува со антибиотици. Но, истражувачите не се предаваат и се обидуваат да откријат нови вакцини, кои досега се покажале како неопходно оружје: вакцинирањето ги избриша големите сипаници и веќе ги победува дури и дифтеријата, полиомијелитисот и сипаниците. Во истражувачките лаборатории се продолжува со опитите, чија цел е да се победат најопасните заразни болести, како што се сида, хепатитис, маларија и некои облици на инфекција на нервниот систем.

Грип

Го менува ликот речиси секоја година, но симптомите што ги предизвикува се исти веќе стотици години. Последниве две години страв и трепет низ светот е т.н. свински грип А1Х1. Но, во стравот од свинскиот грип не треба да се пренебрегне ниту опасноста од „обичниот“ грип. Грипот е многу заразна инфекција, а ги напаѓа дишните патишта. Виновници се вирусите од грипот А, Б и Ц.

Како се пренесува? Вирусите на грипот се пренесуваат преку воздухот во капките. Продираат во ќелиите на организмот за 48 часа и се размножуваат. Тука започнува инфекцијата.

Што предизвикува? Висока температура, болка во главата и во зглобовите, кашлање, настинка, болка во грлото и општа слабост.

Заштита?Вакцинирање (вакцината е различна секоја година), да се избегнуваат заразените места кога сте слаби и уморни, чувајте се подалеку од лица заболени од грип. Ако се разболите, мирувајте и пијте многу течности.



Гастроентеритис

Го предизвикуваат многу вируси: ротавирус, аденовируси, вируси од семејството норвок и калцивирус. Станува збор за инфекција на слузницата на желудникот и на тенкото црево (каде што се одвива асимилацијата на храната).

Како се пренесува? Преку човечкиот измет со кој може да се загадат рацете, храната, водата, предметите...

Што предизвикува? Мачнина, грчеви во стомакот, повраќање, пролив, зголемена температура два-три дена.

Заштита? Не постои вакцина. Избегнувајте морски плодови, недоволно варена храна, лошо измиени овошје и зеленчук. Откако сте фаќале некое животно, измијте ги рацете. Ако се разболите, пијте многу вода за да ја надоместите изгубената течност и одете на лекар.



Херпес

Вирусите Симплекс 1 и 2, со години се кријат во нашето тело и го напаѓаат тогаш кога ќе ослабе. Станува збор за инфекција што може да се јави на усните, лицето (Симплекс 1) и на половите органи (Симплекс 2), а вирусите може да се активираат и по многу години.

Како се пренесува? Со контакт: бакнеж во уста, заеднички чаши и прибор за јадење, интимни односи.

Што предизвикува? На кожата се јавуваат дамки, на кои се создаваат густи меурчиња. Предизвикуваат непријатно печење. По 4-5 дена пукаат, создавајќи крастички. Не оставаат никакви белези.

Заштита? Не постои вакцина. Избегнувајте бакнување, а ако се разболете, користете антивирусен лек што ќе ги исуши меурчињата.

Обично се открива случајно, со анализа на крвта поради некоја друга причина. Го напаѓа црниот дроб, а предизвикувач е вирусот ХЦВ.

Како се пренесува? Преку крвта, а поретко со незаштитен полов однос.

Што предизвикува? Инфекцијата често е многу тивка. Симптомите постојат, но се многу слаби, како чувство на замор. Но, често преминува во хроничен облик, а во ретки случаи може да доведе и до хронично воспаление на црниот дроб.

Заштита? Вакцина не постои. Немојте да користите туѓи четкички за заби, ножички и жилети, како и нестерилизирани игли. Заштитете се при половите односи. Ако не го направите тоа и се разболете, веднаш јавете се на лекар.


СИДА

Предизвикувач е вирусот ХИВ. Во случај на какво било сомневање, тестирајте се. Вирусот продира во клетките одговорни за имунитет и ги разорува. На тој начин го прави организмот ранлив.

Како се пренесува? Преку крвта и со незаштитени полови односи.

Што предизвикува? Слабеење на целиот имунолошки систем. Лицата заразени со вирусот на сида чувствителни се на секаква инфекција и често не успеваат да ја пребродат: нивното тело е осудено на постепено пропаѓање.

Заштита? Не постои вакцина. Избегнувајте незаштитени полови односи, нестерилизирани игли, не користете туѓи ножички или жилети. Во случај на сомневање, тестирајте се: ако сте серопозитивни, денес се' може да се лечи.



Воспаление на белите дробови

Најчесто е бактериското воспаление на белите дробови, настанато како компликација од грип. Против него постои вакцина, наречена aнтипнеуматико. Вирусното воспаление на белите дробови е многу поретко, а ги погодува децата, старците и слабите лица.

Како се пренесува? Како и грипот, преку воздух.

Што предизвикува? Висока температура, отежнато дишење, забрзана работа на срцето, кашлање и општа слабост. Бара болничко лекување.

Заштита? Против вирусното воспалување на белите дробови нема вакцина. Ако сте исклучително слаби и имате чувствителни дишни патишта, тогаш сте во поголема опасност.



Хепатит Б

ХВБ е многу отпорен, може долго да живее во организмот без да предизвика каква било тегоба. Во 90 од 100 случаи болеста минува сама од себе, но во останатите 10 отсто може неповратно да го оштети црниот дроб.

Како се пренесува? Преку крвта, незаштитени полови односи. Може да се пренесе и од мајка на дете.

Што предизвикува? Се манифестира, главно, со општи симптоми: слабост, умор, мачнина. Понекогаш се јавува жолтица: кожата и белките од очите стануваат жолтеникави.

Заштита? Вакцинирање. Ако не сте вакцинирани, избегнувајте незаштитени полови односи, не користете туѓи четкички за заби, ножички и жилети. Се лечи со интерферон
08-02-2011, 01:58 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#84

Надитрете ги вирусите со чаеви

[Image: 2F61B19EEFD0034BA7991419CDB66C25.jpg]

Во време на вируси и грипови, првата работа со која дејствуваме превентивно, а потоа се лекуваме е врзана за чај и за пилешка супа. Марија Партикова, доктор по традиционална медицина, советува чаевите да се консумираат постојано, но многу е важно да се внимава на храната што се внесува во периодот кога е почувствителен организмот. Да потсетиме - приказната за чаевите започнува во Кина уште пред пет илјади години. Од почетокот на откривањето на нивното благотворно дејство до денес, тие се користат во алтернативната медицина и најчесто се направени од природни исушени билки или, пак, од нивните делови (лисја, цветови, плодови).

„Чајот во овој период од годината се пие топол, збогатен со мед, сок од лимон или друг вид агруми, но мора да се внимава, бидејќи на многу хранливи состојки што ги содржат овие производи им штети високата температура, затоа додајте ги кога ќе биде млак чајот. Според старите Кинези, ѓумбир не е само мирудија, туку и лек за разни нарушувања. Го користам поради тоа што е многу корисен и има повеќе намени“, вели Партикова. „Коренот е одличен за варење на храната и против мачнина, предизвикува потење и е одличен во чистењето од токсини. Сувиот ѓумбир (во прав) има поинакви особини. Се нарекува топол лек, ја зголемува температурата и се користи за забавен метаболизам и за болестите на белите дробови. Овој мал корен своите особини им ги должи на есенцијалните масла, смола, ензими и антиоксиданси“. Ѓумбирот е одличен и против стрес, дава чувство на сила и здравје. Свежиот корен треба да се исече на парченца или да се изренда. Може да се меша и со варен зеленчук, но и за приготвување благи работи, но е фантастична превентива во борбата со вируси кога е во комбинација со лукот. „Оваа напивка не е многу вкусна, ама е здрава - во ладна вода се става исечкан млад лук и четири парчиња ѓумбир. Се вари десетина минути и се пие секогаш кога ќе се почувствуваат првите симптоми на грип. Дејствува слично како аспирин“. Партикова во подготвување чаеви, сирупи и мелеми им помага на луѓето веќе дваесетина години. Теоријата ја има совладано во Русија, а практиката - секојдневно, долги години во Македонија. Најважното во традиционалната медицина е вербата. Во медицината тоа се нарекува плацебо-ефект, да веруваш во оздравувањето, а таа желба може да направи чудо - ја раздвижува животната енергија, заздравува. Според Партикова, билките ја имаат најголемата моќ во природата, а со правилно користење тие само му носат добро на организмот. Можат да помогнат дури и кај неможните случаи, ако не друго, барем во верувањето што донесува спокој. Кога пациентот има верба дека одредена билка за него е лек, ќе биде поштеден од многу трауматски последици. Инаку, растенијата се вистинско богатство за Марија и таа вели дека во традиционалната медицина од 560 проучени или потврдени лековити билки, секоја носи свој препарат и од нив се користат бесконечни миксови и тинктури. Тие се собираат според растот и според годишното време. Секоја има своја фамилија и вистинска и правилна комбинација. Како што постои таблицата на Менделеев за елементите или за металите, така и билките имаат своја табела, која е основа на се'.

Од домашната аптека

Нане - за подобро варење


Се употребува како пријатен благ лек за смирување, против гасови и грчеви, за тешко варење, влегува во состав на чаевите за лекување жолчка. Маслото од нане има слаби анестетички својства и пријатна миризба што освежува, па поради тоа е добро против повраќање и гадење. Нането не смее да се вари, туку да се прелие со зовриена вода за да не изветреат лековитите состојки.



Чај од боровинки - олеснува тегоби во нозете

Исушените топчиња и ливчиња од боровинки се омилен народен лек. Благодарение на високиот процент на танин и останатите лековити состојки, чајот ја поттикнува работата на крвните садови и го намалува отокот на нозете.Подготовка: за една шолја чај во 2 дл врела вода ставете една лажица од исушените листови. Поклопен оставете го да стои 10 минути. За да имате добри резултати, пијте по 3 шолји дневно.



Чај од црна рибизла - одличен диуретик

Овој чај дејствува диуретички и го чисти организмот од штетни материи. Покрај тоа, ја намалува и непријатната надуеност на стомакот. Подготовка: за оваа топла напивка се употребуваат искушени или свежи листови. Една лажица од нив потопете ја во ладна вода. Оставете да врие 2-3 минути, потоа нека отстои десетина минути. Пијте по 2-3 шолји на ден.



Чај од цвет на грејпфрут - помага при несоница

Овој чај се препорачува за нервозни лица, бидејќи олабавува и смирува.

Подготовка: неколку свежи цветови од грејпфрут ставете ги во врела вода. Поклопете и оставете 5 минути и чајот испијте го 30 минути пред да си легнете.

Течности против анемија

Анемијата создава замор, се јавува кај бремени жени, но може да се појави и поради обилно крвавење. Доколку имате ваков проблем, треба да избегнувате индиски чај и кафе. Пијте сокови од јужно овошје, особено од киви и банана, зашто содржат витамин Ц, а тој ја подобрува апсорпцијата на жлездите. Во ваквите сокови можете да додадете сок од зелен лист од зеленчук.



Зајакнување на мускулите

За да ви биде поцврсто телото, треба да пиете минерална вода. Калиумот, натриумот, калциумот и магнезиумот се минерали што ја подобруваат циркулацијата на крвта, бидејќи кога е слаба циркулацијата, телото не ги троши маснотиите. Поголемиот дел од витамините ќе ги најдете во соковите од овошје и зеленчук, кои се на база на гинко-билоба и кинин. Но, треба да внимавате на клориите.



Намалување на заморот

Премногу сте заморени? Веднаш почнете да консумирате производи со кофеин, теофилин и теобромин. Сите може да ги најдете во кафето, индискиот чај и топлата чоколада. Доволно ви се по три лажички на ден од овие производи за да ви се покачи адреналинот во крвта. За посебно тешките денови, потребни ви се производи што содржат гуарана и се богати со витамини и минерали.



Забрзување на варењето

Ако сте претерале со месото, сокот од ананас ќе направи чудо, бидејќи содржи ензим што помага при разградувањето на белковините. Но, доколку го немате при рака, тогаш земете сок од лимон. Доколку имате проблем со спиењето поради желудникот, тогаш пробајте со нане, мајчина душичка или кантарион.

#
16-02-2011, 01:49 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#85

Вистини и заблуди за правилната исхрана



Замрзнатиот или конзервиран зеленчук е помалку корисен од свежиот?
ЗАБЛУДА - Длабоко замрзнатиот зеленчук има исто толку витамини како и оној што е во свежа состојба. Во текот на конзервирањето во тегли се губат некои хранливи материи, но не во голема мера.

Рибата од конзерва е здрава како и свежата?
ЗАБЛУДА - Хранливата вредност не зависи од тоа дали рибата е свежа или е во конзерва. Кога се јаде туна од конзерва, важно е таа да биде маринирана во растително масло. Пред да ја јадете, најдобро е добро да го исцедите маслото. Тоа може да го направите и пред целосно да ја отворите конзервата - доволно е да го дупнете капакот на две-три места и да ја превртите конзервата надолу за да може маслото полека само да се исцеди.

Не треба често да се комбинира риба со спанаќ?
ВИСТИНА - Подобро е зеленчукот богат со нитрати (спанаќ, целер) да не се комбинира со риба. Нитратите се претвораат во организмот во нитрити, кои може да создадат канцерогени материи, па оваа комбинација на храна треба да се избегнува и да не се јаде почесто од еднаш неделно.

Поцрниот леб е поздрав?
ЗАБЛУДА - Црниот леб без влакна се добива со додавање боја во белото брашно. Некои видови црн леб содржат помалку влакна отколку белиот. Затоа добро прочитајте што пишува на етикетата на пакувањето, ако постои, или прашајте го продавачот за да бидете сигурни кој вид леб да го купите.
(КРАЈ)
24-02-2011, 11:40 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#86

Совети за тенка половина

[Image: CB0EF9C4FBB3A444BEB797549DCC8222.jpg]


Најпроблематичниот дел од женското тело дефинитивно е стомакот. И се чини дека речиси секој залак се лепи на половината. Според истражувањата, повеќето мажи сметаат дека обемот на половината е пресуден за фаталниот изглед на една жена, без оглед на килограмите.
Како до убава половина?

Чај од магдонос

Потрудете се три пати дневно да испиете чај од сув магдонос. Во него ставете и кафена лажичка ким во прав. Магдоносот содржи силикатна киселина, која е добра за затегнување на телото.

Многу вода

За забрзување на метаболизмот и за олеснување на работата на цревата и желудникот, пијте многу вода. Осум чаши вода на ден, без разлика дали ви се пие или не.

Одете исправено

Кога одите исправено, стомакот природно се вовлекува и неговите мускули се затегнуваат и се опуштаат при вдишувањето и издишувањето. Дополнителното намерно затегнување на стомачните мускули при седење или, пак, извршување на која било дневна активност дополнително влијае.

Не за овошјето по оброк

Овошјето е одлично, но не и да го јадете по оброк. Особено не по вечера, затоа што доаѓа до појава на надуеност и замор, а со тоа и потреба од благо. Наместо овошје, пиете јогурт.

Не заборавајте и дека треба да им кажете "стоп" на газираните сокови, гумите за џвакање и пиењето од сламки. Сето ова ве тера да голтате воздух, а тоа предизвикува надуеност. Вежбајте, пешачете, трчајте и возете велосипед. Сето ова позитивно влијае на организмот. Според стручњаците, целта е дневно да поминете 10.000 чекори.
29-03-2011, 02:00 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#87

Слабејте природно

Почнете го денот со јајце


Цимет, лимони, чили пиперчиња... - се само дел од т.н. идеална природна храна за намалување на апетитот и на телесната тежина

Истражувачите неодамна открија дека зачинувањето на оброците со црвено луто пиперче (чили) може на природен начин да го потисне вашиот апетит и на тој начин да ви помогне да загубите дел од вишокот килограми. Како да стигнете до посакуваната тежина? Еве дел од идеалните продукти за слабеење...

ЈАБОЛКА

Зеленчукот и овошјето спаѓаат во високозаситувачка храна, која содржи доста вода, воздух и влакна што испраќаат сигнали на „исполнетост“ до дебелото црево. Сепак, истражувањата покажуваат дека јаболката се особено ефикасни за оние што внимаваат на линијата. Тие влијаат врз производство на хормонот ГЛП-1, кој испраќа сигнали до мозокот за да го убеди дека сте „полни“.

Едно американско истражување покажало дека оние луѓе што пред оброкот изеле едно јаболко, во организмот внесле 10% помалку калории. Очигледно, трикот е во тоа во почетокот на оброкот да се јаде храна што заситува, која подоцна ќе ви помогне да не се прејадете.

СОВЕТ: Изедете едно јаболко со средна големина 15 мин. пред оброкот за да го регулирате апетитот.



ЛУТИ ЦРВЕНИ ПИПЕРЧИЊА (ЧИЛИ)

Напорното вежбање можеби е најбрзиот начин да влезете експресно во бикини, но тоа не значи дека треба да минувате часови и часови потејќи се во теретаната. Неодамнешното истражување покажа дека додавањето половина лажичка исечкани лути црвени пиперчиња - чили во јадењето може да го намали вашиот апетит.

Научниците го открија капсаицинот – елемент одговорен за јачината на чили-пиперчињата, кој го намалува гладот, а го зголемува нивото на енергија.

„Нема да го постигнете истиот ефект ако ги земете во форма на додаток“, тврдат истражувачите од Универзитетот ’Пердју’ во Индијана. „Мора да ги вкусите пиперчињата“.

СОВЕТ: Повеќето исушени и свежи пиперчиња чили содржат капсаицин. Ставете половина лажичка во главните јадења.



ЗЕЛЕН ЧАЈ

Американското списание за Клиничка нутриционистичка исхрана објави дека зелениот чај содржи катехин, супстанција што го стимулира телото да согорува повеќе калории. Со пиењето на три до шест чаши зелен чај дневно се забрзува стапката со која вашето тело ги согорува мастите.

Истражувачите дојдоа до заклучок дека овој ефект е предизвикан од комбинацијата на кофеин и флавоноиди, кои се наоѓаат во чајот, без разлика на тоа дали се пие топол или ладен. Зелениот чај, исто така, содржи и одредени антиоксиданси за кои се верува дека имаат влијание врз хормонот лептин, кој е одговорен за контрола на апетитот.

СОВЕТ: Заменети ги другите топли пијалаци со зелен чај и консумирајте го редовно.



ЈАЈЦА

Квалитетот на протеинот во јајцето е највисок од кој било друг прехранбен продукт - второстепен е само во однос на мајчиното млеко. Имајќи ги предвид резултатите од неодамнешното истражување, овој протеин игра голема улога во справувањето со тежината.

Студијата на „Journal Of the American College of Nutrition“ покажала дека консумирањето две пржени јајца за појадок резултира со внесување помалку калории во остатокот од денот - или поконкретно, во наредните 36 часа.

СОВЕТ: Започнете го денот со јајце за да го одложите нападот на глад до ручекот.



ЛИМОНИ

Лимоните содржат пектин, кој го забавува дигестивниот процес, па прави да се чувствувате посито со помалку храна. Американските истражувачи откриле дека лимонските киселини и пектинот можат да ја забават апсорпцијата на шеќер по јадењето.

Витаминот Ц во лимоните, исто така, ни помага да произведуваме карнитин - аминокиселина што го поттикнува телото да ги согорува мастите. Студијата на Државниот универзитет во Аризона покажа дека волонтерите со адекватно ниво на витамин Ц согориле 30% повеќе масти за време на вежбањето отколку оние што имале ниско ниво на витамин Ц.

СОВЕТ: Обидете се да ги вметнете сокот од лимон и ренданата кора во вашата дневна исхрана, додавајте го во салати, сосови или едноставно во топла вода.



ВОДА

Сите знаеме дека пиењето вода пред оброците прави да се чувствуваме посито, но колку водата е навистина корисна? Во студијата објавена во 2010 година се заклучува дека пиењето вода пред јадење може да им помогне на луѓето да ослабат. Истражувачите поделиле две групи од 48 дебели луѓе на возраст од 55 до 75 год. Првата група практикувале нискокалорична диета, но не пиеле вода пред оброците, додека втората јаделе нормално, но пиеле по две чаши вода (500 мл) пред секој главен оброк.

По 12 недели, членовите на групата што пиеле вода, во просек изгубиле по 2 кг повеќе од оние што не пиеле вода - едноставно зашто се чувствувале посито и затоа јаделе помалку.

СОВЕТ: Испијте голема чаша вода пред јадење. Запомнете дека количината може да биде опасна, па така не преминувајте ја границата од препорачани 500 мл.



ЛУК

Истражувачите во Израел неодамна откриле дека лукот не само што може да спречи зголемување на телесната тежина, туку може и да влијае врз нејзиното губење.

Клучот до здравите својства на лукот е компонентата наречена алицин, одговорна и за силниот мирис. Но, токму тој мирис го стимулира центарот за ситост во мозокот, редуцирајќи го чувството на глад.

Исто така, го стимулира и нервниот систем за да ослободи хормони, како што е адреналинот, кој за возврат, го забрзува метаболизмот и придонесува за согорување на повеќе калории.

СОВЕТ: Додајете лук во сите јадења. Додатоците во прав се исто така ефикасни и помагаат во одбегнување на луковиот здив!



СОН

Ако сакате да останете слаби, легнувајте рано. Лептинот и другиот хормон грелин се познати по тоа што директно влијаат врз нашиот апетит. Американските научници открија дека оние што спијат помалку од осум часа, не само што имаат пониско ниво на лептин, туку и поголемо ниво на масти во телото.

СОВЕТ: Спијте најмалку осум часа како превенција од прејадување.



ЦИМЕТ

Едно скандинавско истражување покажало дека волонтерите што јаделе сутлијаш со три грама цимет произведувале помалку инсулин по јадењето.

Инсулинот е хормон што го претвора вишокот шеќер во масти. Циметот може да го забави и празнењето на желудникот и со тоа да ви овозможи чувство на ситост подолго време.

СОВЕТ: Турете мала лажичка цимет врз жита, јогурт или овошје, пудинг или во кафе. Особено е ефикасен ако се консумира веднаш по јадењето.
02-06-2011, 01:12 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#88

ДИЊИ

Го јакнат и го чистат организмот



http://www.vest.com.mk/WBStorage/Article...57C7C8.jpg
Дињите содржат многу вода, потоа околу 7 отсто шеќер, 1 отсто белковини, нешто помалку влакна. Од витамините, во нив има многу каротин и витамин Ц, а од минералите главно калиум.
И дињите имаат благотворно дејство врз бубрезите и жолчната ќеса, зашто ги олеснуваат тегобите кај акутното воспаление. Исто така, го јакнат и го чистат организмот. Бета-каротенот има превентивна улога кај некои видови рак.
Додека лубениците освојуваат со сласта, дињите тоа го прават со вкусот и аромата. Не е случајна поговорката: "Да знае свињата што е диња, не би јадела тиква".
Има зелени и портокалови дињи, но и едните и другите се подеднакво сочни, слатки и нискокалорични - во 100 грама има само 29 ккa.

Против камен во бубрезите и бешиката

За овој лек ви се потребни еден килограм семки од диња кои се ставаат во пет литри вода и се варат додека течноста не спадне на три литри. Откако ќе се излади, се прецедува и се сипа во шишиња. Од течноста се пие три пати дневно по 100 мл. Лекувањето трае додека не исчезнат тешкотиите. Овој лек може да се подготвува и секој ден и да се консумира свеж. Тогаш се земаат една лажица семки, се толчат и се варат 2-3 минути во 200 мл вода. Се пие три
пати дневно.

Против каснувања и изгореници

Дињата ги смирува и ги ублажува болките кај надворешните повреди на кожата при каснување и изгореници. Болното место се мачка или со сок од диња или на него се ставаат облоги од рендана диња.
07-07-2011, 12:50 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#89

Доматите во секоја диета


[Image: D2AB3D7E714C7F46AEC8CA09E5D58580.jpg]


Исклучиво плодот има лековита примена, пред сè, од домашните сорти на домати. Најдобро е да се употребува како сок или како салата. Овој зеленчук спаѓа во групата билки идеални за борба против вишокот килограми. Составот на јаглени хидрати го прави соодветен за исхрана на дијабетичарите, а особено е важен зашто го поттикнува панкреасот подобро да работи. Присуството на целулоза помага за побрзо празнење на цревата, па доматот е извонредно средство против запек. Тој е мошне корисен и при лекувањето на хемороиди, зашто има својство да ја омекнува столицата. Плодот содржи и до пет отсто киселини и тоа јаболкова, лимонска, винска и килибарна. Големата содржина на киселини овозможува доматот како ретко која друга билка да ги поттикнува соковите за варење. Половина од изобилството минерални материи е драгоцениот калиум, во поголемо количество присутни се и фосфорот, магнезиумот, калциумот. Доматот се смета за најдобар природен извор на бакар, а манганот, сулфурот, кобалтот, јодот и радиумот се наоѓаат во траги.
03-08-2011, 01:15 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#90

СЛИВАТА - ПРИРОДЕН ЛАКСАТИВ

Лековита примена на плодот

[Image: A4261E4A2CEDD44DBE35C2C173170315.jpg]


Сливите се корисно дополнување на диетите кои се препишуваат при заболувањата на бубрезите, гихт, ревматизам, како и кај сите заболувања на црниот дроб.
Калиумот (со минимално количество на натриум) го забрзува мочањето и исфрлувањето на вишокот вода од организмот. Консумирањето на свежи сливи или на разни преработки (пекмез, компот, суви сливи) поволно влијае врз намалувањето на високиот крвен притисок и ја зголемува заштитата од артериосклероза и инфаркт.
Пектинот и на него сличните материи (имаат особина да набабрат во организмот) ја прават столицата мека и го олеснуваат празнењето на цревата. Ова својство на сливите го знаеле и го користеле уште Старите Римјани, подготвувајќи едноставен и ефикасен лек против запек: навечер пет суви сливи се ставаат во вода и наутро на празен желудник се јадат, а водата се пие во која биле потпени. Сличен ефект имаат и свежите сливи потпечени во рерна, како и компотот од суви сливи. При нередовна и мошне тврда столица, дејството на сливите може да се зголеми така што наутро, на празен желудник, ќе се изеде една лажица мошне густ пекмез.

Сок

Свежо исцедениот сок од сливи содржи високо ниво на шеќери (до 17 отсто), органски киселини, пектин, средства за штавење и обоени материи, витамините Ц, П, Б1, Б2, каротин. Овој сок го поттикнува мочањето, предизвикува апетит, го подобрува варењето, ги прочистува цревата, корисен е во случај на нарушување на кисело-алкалниот баланс во организмот, при болки во желудникот и во цревата и при болести на бубрезите.
04-08-2011, 12:46 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#91

Го чисти организмот и чува од болести

[Image: 8D2AB1E7A18E6C40A2F452FF93920873.jpg]


Грозјето е извор на многу минерали и витамини, совршен диуретик, содржи 80% вода, преполно е со антиоксиданси што ја продолжуваат младоста

Едно зрно грозд за бубрези, едно за кожа, едно за крв... за нозе, за срце, за сила... Секое му дава на организмот минерали, витамини и многу вода. Грозјето на трпезата пристигнува свежо, полно со хранливи материи, најнапред оксиданси но и минерали. Бидејќи има диуретско и лаксативно дејство, грозјето е идеално за вита линија. Освен тоа, храната што изобилува со грозје го намалува стресот.

За повеќето антиоксиданси се познати дека се добри во борбата против слободните радикали. Антоцијани, типични за црното грозје, се полифеноли што им ја даваат бојата на плодовите. Тие се наоѓаат во мала количина и во лушпата од доматот, сливите и боровинките. Тоа се силни антиоксиданси што се заслужни за добро функционирање на срцето. Ги има и во црното вино особено во она што има појака црвена боја. Другиот антиоксиданс се вика ресвератрол и него го има во мали количини во белото вино. Тој дејствува на притисокот и на циркулацијата на крвта. Третиот антиоксиданс е витаминот Ц, кој е важна состојка во секојдневната исхрана.

Грозјето внесува во организмот многу вода, околу 80%, па затоа е препорачливо да се јаде на празен желудник.

Не џабе грозјето го нарекуваат волшебно овошје - тоа ги чисти бубрезите и крвта, го спречува задржувањето на течностите во организмот и добро е против целулитот. Но, не е добро само поради течностите. Грозјето содржи калиум што го регулира количеството натриум во организмот. Ја поттикнува работата на цревата, па затоа кога ќе почувствувате надуеност во стомакот, пожелно би било да каснете барем една лажичка мармалад од грозје и цревата веднаш ќе проработат.

Богато е и со многу шеќер, што значи дека за кратко време ја враќа потребната енергија. Затоа кога ќе почувствувате замор, земете барем неколку зрна грозје или лажичка мармалад. Ако сакате да ги искористите сите негови благодати, ви се препорачува да го јадете сега кога е вистинско време за него и, се разбира, кога е свежо набрано. Во спротивно, ги губи витамините.

Грозјето е совршена состојка и на могу козметички производи. Виното и неговата комина ја зацврстуваат кожата и и' даваат необичен сјај. Како маска за убава кожа ви предлагаме добро измиксно грозје што ќе ферментира потоа на собна температура околу осум часа. Таа смеса ставете ја на кожата и оставете ја да дејствува половина час. Шеќерот од грозјето дејствува како пилинг, а комината ја апсорбира прекумерната маснотија, додека, пак, антиоксидансите ги ублажуваат брчките.



Лековита диета со грозје

Стар обичај е дека кога се бере грозјето, неколку дена да се јаде само грозје, Во сите стари грчки совети се препорачува терапија само со ова чудесно овошје. Бидејќи тоа е навистина богато со корисни состојки, препорачливо е да се спроведе една лековита диета, поточно неколку дена да се јаде само грозје и ништо друго. Оваа диета може да трае два дена или најмногу до две недели. Најдобро е грозјето да се користи свежо и притоа добро да се измие.

За појадок треба да се изеде половина килограм грозје. Ако ви е многу тоа, оставете и за ужина. За ручек и вечера се јаде лесна храна, некоја тестенина, месо или риба варени на пареа. Постепено треба да се намалува внесувањето друго овошје за да не се создаде непријатна ферментација и надуеност. Ручекот и вечерата постепено се заменуваат со грозје, па првата недела се јаде килограм на ден, а втората- два килограма. Кога ќе се достигне максималната доза (2 кг), два дена се јаде само грозје, а потоа се заменува со друга храна. На почетокот се внесува тестенина, месо, риба и, на крај, овошјето и зеленчукот. Грозјето треба добро да се изџвака за да не предизвика подуеност во стомакот. Како замена можете да се одлучите и за сок од грозје, па на ден се препорачува само еден и пол литар.



Кој не смее на диета

Во мали количини грозјето не предизвикува некакви посериозни проблеми, но доколку се претера со негово консумирање, тогаш се можни некои тешкотии и проблеми, особено кога се работи за диетата со грозје. Лушпата од грозјето е богата со влакна, па сето тоа претставува тешкотија за оние што страдаат од колитис. Во тој случај, пожелно е добро да се изџвака.

Дијабетичарите не треба да го консумираат, бидејќи содржи многу шеќер.

КОРИСНО

Незрелото грозје - опасно

Недоволно созреаното грозје содржи одредена количина оксални киселини, па сето тоа е причина за создавање камен и намалување на калциумот во крвта.



Семки

Семките од грозјето се добри во лекувањето холестерол. Уште од времето на нашите баби, но и славните лекари од античкиот период, познато е дека семките од грозјето содржат полузаситени масни киселини што го подобруваат холестеролот и ги штитат крвните жили. Они што имаат проблеми со циркулацијата треба да јадат грозје со семки.



Комбинации

Нема да претставува никаков проблем ако грозјето го консумираме и со некоја друга храна.



Боја

Црното грозје дава темна боја, па затоа се користи за темни јадења (месо и дивеч), а белото оди со светла храна (риба или сирење).



Арома

Грозјето кое има арома е најдобро за подготвување слатки. Разни колачи, овошни торти, додека, пак, киселкаво е многу подобро за солени јадења.
02-09-2011, 03:56 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#92

Cупата го зајакнува имунитетот


[Image: preventus%20supa.jpg]

Зимата е идеално време за супа - го загрева телото и го зајакнува имунитетот, во овие ладни денови преставува вистински имунолошки еликсир...

Консумирајќи супа внесуваме течност во организмот што е особено важно во зима кога најчесто забораваме на течностите.

Супите со бел лук и печурки содржат селен и микроелементи кои го активираат имунолошкиот систем.

Супите од брокули, семки од тиква и овес се богати со цинк, кој исто така го зајакнува имунолошкиот систем, но и ја прави кожата поздрава и го добрува расположението.

Цинкот врзан за аминокиселината хистидин првенствено се содржи во пилешкото месо. Поради тоа пилешката супа со парчиња месо е позната како домашен лек за заштита од настинка.

Доколку супата е подготвена од житарки преку неа се обезбедува железо кое е важно за виталноста и за јакнење на одбранбениот механизам на организмот.

Посебно препорачуваме супа со житни снегулки кои се добри покрај за имунитетот и за подмладување на кожата.

Покрај наведеното, со редовното консумирање на супа може да се намали високиот крвен притисок и да се нормализира покаченото ниво на холестерол.
29-02-2012, 08:43 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#93

Спречете го зимското дебелеење

Kостимите за капење одамна отидоа во плакарот, а со нив и секоја помисла за диета. Во текот на зимата во просек се дебелееме помеѓу 2 и 4 килограми, ама дали е тоа навистина неизбежно? Превентус.мк ви ги открива вистините и заблудите кои се кријат зад вишокот на килограми...

Дали ќе ни биде потопло ако повеќе јадеме?

Масните наслаги на ниеден начин не ја задржуваат топлината во организмот.

Во времето на нашите предци, зимските месеци со себе носеле глад. Една од теориите би можела да биде дека сме генетски програмирани да ја зголемуваме телесната маса за да прежувуваме до пролетта. Како во денешно време во текот на зимата да нема доволно намирници, па тие резерви не успеваме да ги потрошиме.

Дури и таа теорија да е точна, не е оправдано неконтролираното дебелеење. .

Секогаш сте гладни

Ако добро се облечеме кога излегуваме надвор и одржиме адекватна температура во својот дом, нема причина зимата да да ни влијае на апетитот. Мелантонин е хормон чие производство го поттикнува темнината. Зголеменото излачување предизвикува поспаност, но има улога и во чувството на глад.

Во текот на пролетта и летото нивото на мелантонинот опаѓа, за разлика од есента и зимата, што влијае на апетитот кај луѓето.

Зошто ни се јаде мрсна храна?

Можеби ќе ве изненади реченицата дека луѓето повеќе јадат во текот на пролетта и летото, ама видовите на намирниците се менуваат со доаѓањето на есента. Тогаш се јавува склоност кон мрсна храна.
Причината за тоа би можела да биде желбата да се расположиме.

„Во текот на зимата, кога е студено и мрачно, луѓето се помалку задоволни и среќни. Кога сме несреќни, се фокусираме на внесување храна двапати повеќе од вообичаено“, тврди професор Крег Џексон, психолог на Универзитетот во Бирмингем.

Во зима ни се потребни енергетски бомби – масти и шеќери. Меѓутоа, таа храна доведува до нагло опаѓање на шеќерот во организмот, заради што мислиме дека ни е потребна повеќе енергија.

Се дебелеете иако не јадете повеќе од претходно.

Ниското ниво на витаминот Д кој ни го обезбедува сонцето може да влијае на телесната тежина. Зимските денови се темни, па со недостатокот на витаминот Д организамот складира повеќе масти. За тоа да не би се случувало, неопходно е секојдневно изложување на сонце со времетраење од најмалку 20 минути.

Крив е телевизорот.

Студеното време не тера повеќе време да поминуваме во својот дом, а тоа подразбира активности поврзани со храна. Најпопуларно е секако грицкањето пред телевизор.

Превентус.мк ви препорачува да водите дневник за храната што ја внесувате, каде ќе запишувате се што ќе изедете во текот на денот. Запрашајте се дали сите тие работи ви се навистина потребни, со оглед на тоа дека тие калории што сте ги внеле нема каде да ги трошите.
02-03-2012, 02:53 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#94

Прекумерното потење може да биде симптом на сериозна болест

[Image: potenje.jpg]

Прекумерното потење создава непријатности кај сите. Тоа најчесто се јавува во летниот период, додека вежбаме, а кај некои луѓе дури и додека е ладно...

Потењето е природна појава, преку која ги исфрламе токсините од нашето тело, но може да сигнализира и на одредени здравствени пореметувања.

Пример за ова се симптомите:

- Хорнично потење и влажост, особено на дланките, под пазувите и на стапалата е симптом на болеста хронично потење или хиперхидроза. Отидете на лекарски преглед. Најчесто доволна е локална употреба на раствор од алуминиум – хлорид. Во потешки случаи со едноставна операција се прекинуваат нервите што го предизвикуваат потењето. Непријатните придружни дејства на операцијата вклучуваат компензационално потење на другите делови на телото и постојано потење под пазувите.

- Прекумерно потење придружено со болки во градите, што обично не исчезнуваат по одморот и траат половина час или подолго, а можна е и мачнина, вртоглавица или несвестица се симптоми на срцев удар. Веднаш повикајте брза помош или лекар.

- Тешки болести - ноќно потење, губење на тежината, трајна кашлица, температура, замор и искашлување крв се симптоми за разни болести на белите дробови, туберкулоза, СИДА или рак. Веднаш отидете на лекарски преглед. Рак на белите дробови и туберкулоза мора веднаш да се лекуваат. Заболените од СИДА кои рано почнуваат да се лекуваат можат да живеат долго. Потењето може да биде единствен почетен симптом на хоџкинсовата болест или другите лимфоми. При почетниот стадиум на ХИВ инфекцијата вообичаено е зголемено потење, мала температура, замор, пролив и мало губење на тежината.

- Потење, настапи на топлина, сувост на вагината или промени во располозенито укажуваат на менопауза. Отидете на лекарски преглед. Понекогаш антихипертензивот клонидин може да ја држи под контрола температурата во менопаузата. До потење може да дојде кога ќе падне нивното на естрогенот по породувањето или на почетокот на менстурацијата.

- Чуството на напрегнатост или стрес може да предизвикаат обилно потење и истите се симптоми на анксиозност. Ако поради потењето се чуствувате непријатно, отидете на лекар. Тој ќе се обиде да открие што ја предизвикува анксиозноста и може да ви препише лек.

- Прекумерно потење придружено со два или повеќе од наведените симптоми: слабеење, зголемен апетит, анксиозност, несоница, забрзано чукање на срцето, мускулна слабост и топла кожа наведуваат на хипертиреоза (преголема активност на штипната жлезда). Отидете на лекарски преглед. Ако се лачат премногу тироидни хормони можеби, ќе ви биде потребно зрачење, операција или лек што ја регулира работата на штитната жлезда. Преактивната штитна жлезда предизвикува непријатни симптоми, забрзувајќи ги хемиските реакции во организмот, и телесните и психичките.

- Потењето кога употребувате лекови на рецепт, без рецепт или не легални лекови како и во текот на одвикнувањето од лековите – дрогите или кај прекумерното пиење алкохол, е несакана реакција на лековите. Тоа е типично дејство на одвикнување од дроги и алкохол. Поразговарајте со својот лекар за симптомите. Може да ви го смени лекот што го добивате на рецепт.

- Слабото поднесување жештина, засилено потење на горниот дел на телото и намалено или никакво потење на долниот дел на телото укажува на дијабетес. Одете на лекарски преглед. Оваа копликација на шеќерната болест укажува на недоволна регулација на температурата и може да доведе до хипертермија и сончев удар
08-03-2012, 02:58 PM
Reply