ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,656
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:НАМЕТНАТО ЦРКОВНО-ПАРТИСКО РЕШЕНИЕ ЗА ДВЕ ЕПАРХИИ ВО АВСТРАЛИЈА
Во услови на силни притисоци, уцени и мешање на политички партии, Здружението на македонски заедници од Австралија вели дека е принудено да ја прифати одлуката на Синодот на МПЦ за подделба на Австралиската епархија на два дела. Едната под администраторство на владиката Петар, за втората ќе се чека Синодот да назначи владика.
Претседателот на Здружението Игор Александров повтори дека договорите со Синодот на МПЦ оделе во добра насока, се` додека не се вмеша политиката, односно ВМРО ДПМНЕ во црковните работи. Оваа партија на денот на преговорите излезе со соопштение дека поддржува поделба на епархијата на два дела, со што само го продолжи расколот, изјави Александров.
Реагирале и кај пратеникот на оваа партија избран од дијаспората од Австралија, но добиле одговор дека тој не е запознаен со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое партијата на денот на преговорите објави дека поддржува поделба на Епархијата. Здружението на македонски заедници не е задоволно од ова решение но го прифаќа со надеж дека владиката кој ќе раководи со втората епаргија набргу ќе види како владиката Петар раководи со неговата епархија и дека во иднина МПЦ сепак ќесе реши за обединување на двете епархии.
|
|
15-12-2012, 01:24 AM |
|