Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17


Quote:Прашање од слушател – за водици бев во Св Петка, и се пракирав на улицата на Пленти роад, и како што зборував со други таму, добив казна од 119 долари сигурно нашите верници , како и јас, што отидовме таму за водокрст сме казнати, дали ќе можиме да направиме поплака против општината , дали е тоа можно или не?

Владиката – Не можам да ви одговорам јас бидејќи не е во моја компетенција . добро е што го поставивте прашањето и ќе се заинтересираме и ќе разговараме со луѓето од општината и да видиме што би можело да се стори барем за тие големи празници кога е најголемата посета во црквите , за Велигден , Божик . барем во тие денови да имаат разбирање затоа што е штета да тие верници кои сакаат да бидат на тие големи празници во црквата да бидат и казнети за едно многу благородно дело да му служат на Бога.

Венчан во црквата Св Никола во 1984 година, се оставив со жената, отидов таму да барам развод брак и ми кажаа дека воопшто тие го немаат , дека било многу одамна. Како можи да го најдам тоа и од каде?

Владиката – ако не постои таму протоколот на венчани, ќе треба вие со сведоци да се јавите во епархискиот црковен суд и да посведочите, а се разбира дека ќе го прашаме и тогашниот свештеник Митрополитот Агат Ангел дали се сеќава на венчавката и можеме да направиме повторно еден вид реконструкција на она што се случило тогаш односно да се заведе дополнително вашиот брак во тоа а врз основа на тоа после ако сакате развод на брак ќе се покрене постапка за развод на брак.

Д.А Г-дине Стрезов како член на црковниот управен одбор како го замислувате работењето на МПЦ . Вие сте во управата таму и на кој начин ги гледате сиве овие работи? Се надевам ме разбирате што сакам да кажам. Зошто сте влезени да помагате во МПЦ? Која е вашата улога и кои се целите?

Проф Стрезов – на кратко да ви кажам за црквата Св Христово Воскресение во Рокдајл, во Сиднеј. За големите празници има околу 6000 верници а во обична недела помеѓу 200-400 верници . на пример лани што бев во Македонија и во соборниот храм каде што одев често во недела можев да видам дека дури и помал број на верници има соборниот храм во Скопје отколку во нашата црква во Сиднеј. Мисијата на МПЦ во овој дел од Сиднеј е огромна и многу е добро да се види еден голем број на млади дечиња кои што доаѓаат во црква.

Интересно е да видите построени 30-40 деца за причесна, и сите во таа црква сме како едно големо семејство. Се собираме после служба си помагаме еден на друг , така да нашата функција е да се грижиме за спасение на црквата. Инаку МПЦ поради својата историја, јас многу пати и на странците им велам дека има создадено најголем број на светители по глава на становник во било кој дел на светот.

Има огромна моќ која е да ги собира луѓето на едно место,така да каде и да изградите македонска црква и колкав број да има Македонци, таму тие ќе се соберат- поготово ако е надвор од Македонија. таа е моќта што МПЦ ја има создавано низ историјата со многу светители и страдале и гинеле но е една огромна духовна сопственост што ја има создадено МПЦ: еден од проблемите што денес ги имаме е тоа што таа сопственост историски духовна , се обидува некој да ја приватизира. Ако ја имате приватно таа моќ да ги соберете луѓето на едно место вие можете да се претставите како одличен менаџер но дали сте вие добар менаџе што ги собравте нив на едно место или пак историската сопственост на МПЦ е таа што практично ги собира луѓето во црква – тоа е прашање. И токму тука е суштината на проблемот со МПЦ во Австралија . тоа што поединци ја обожаваат таа моќ што МПц ја има да ги гравитизира луѓето на едно место.

Владиката – практично секоја црковна општина или парохија врши своја мисија како жива парохија, како жива црква парохиска, а пошироко со архиерејот и со верниците и сите црковни општини исто така вршат своја мисија која е соодветна на секоја друга епархија или на секоја друга православна црква и во овој контекст на нештата да знаат верниците која е мисијата на црквата. Она што рече Владимир е мисијата на црквата е да се грижат за спасението на верниците и на свештенството во смисла да ги заштитат да ги ослободат од сите грешни помисли , зборови, дела, од гревовите и да ги направат свети луѓе итн а во мисијата на црквата условите се да им се обезбеди црква со сите можности за заедничка служба.

Прашање од слушател – кога се осветуваше новата црква во Епинг, дали беше тој на осветувањето , поглаварот Стефан и свештеникот Лазаревски беа личности , јас сум сведокот на темелите кога се тураа. Зошто тогаш не се знаеше каде и што осветуваа? Зошто сега таа црква била компаниска а тогаш не беше компаниска. Тоа не ми е јасно.

Владиката - осветувањето на таа црква го извршивме јас и Стефан по одлука на Светиот архиерејски Синод,што значи не беше моја одлука.но исто така морам да кажам дека јас ниту ја имав таа смелост и храброст да одлуки на Светиот Синод ги отфрлам, или да работам против нив а изгледа дека Светиот Синод токму со тоа сакал да им удоволи на тие луѓе да ја сфатат мисијата на црквата дека еве ние, и покрај тоа вие се уште се декларирате како такви како што се декларирате ние сакаме (како што дедо Михаил често кажуваше) – Не ви ги сакаме имотите, не ги сакаме црквите туку ви ги сакаме душите ваши , ве сакаме вас верниците. И ние сме биле за верниците и сега сме исто така за верниците и денеска ние не им ги бараме (да знаат ) имотите да ги префрлат на тие компании што се и тие што инкорпорирале асоцијации – но да ги почитуваат само законите на црквата. Да не се прави понатаму пропаганда против архиерејот, против Владиката , свештенството и МПЦ дека ние сме да по секоја цена да ги земеме имотите и да ги ставиме во тој старател за МПЦ туку напротив сакаме само , дури и имаме донесено резолуција на епархиско собрание во која кажуваме дека – бараме од нив да ги почитуваат само сите други закони , устав на МПЦ, статут одобрнеи правилници а имотите и понатаму да си ги држат како што се под компании или инкорпорирани асоцијации но проблемот е само во тоа дека тие отфрлаат црковни закони и велат дека ние по компаниските закони ќе се раководиме. Тоа е проблемот.

Д.А – колку цркви се со епархијата, до каде е спорот со црквите и што се презема во иднна со овој проблем?

Владиката – 22 цркви се со епархијата над кои имаме канонска јурисдикција и парохиски свештеници , вклучувајќи и манастирите и во таа смисла сие што се со поставени свештеници од надлежниот епархиски археиреј тие се под крилото на МПЦ духовно, а за материјалното кажавме дека ние не инсистираме да им ги земеме имотите , тоа е сосема друга работа а оние што немаат од нас парохиски свештеници поставено односно што не се во заедница со МПЦ , тие не се ни цркви. Но според каноните , според уставот на македонската црква и според структурата на црквата оној што не е под јурисдикција на владиката и на црквата тој не е со таа црква, тој е нешто друго надвор од македонската црква.

Прашање до Мераковски – дали имавте закани од опозицијата дека ќе ве судат по повод пишувањето на вашата книга и историјата на измамени верници.

Д.Мераковски – Еве пред мене ја имам содржината на писмото кое ми е пратено од директорот од Сиднеј и бараше од мене седум дена да се откажам од книгата, да се повлечам од зборовите дека јас таму ги навредувам и личностите и компаниите, и така веќе закажал човекот суд во Сиднеј и јас требаше да земам адвокат и ќе ме коштало многу итн. Од тогаш поминаа 2 и пол години. Нека повели човекот и нека ме одведе на суд, јас со драга душа чекам да ме побара ама така ја остави таа работа , писмото го имам тука и уште чекам да ме повика на судот.

Од такви луѓе не ми е страв. За да на напишам таа книга јас имам извор на документација , со потврди , со весници, со радио програми, собранија,се е цитирано таму и затоа се ставени имињата на секој еден. Се е со докази. Човекот и на други му се заканува дека ќе ги суди и мисли дека ќе се исплашиме ние и ќе подведиме глава, и ќе речиме ‘извинете јас згрешив‘. Јас не згрешив тука, јас сум 100 посто во право тука и тие што го прават тоа е грешно .

Д.А главното го исцрпивме во овие три саати , се кажа вистината, она што беше важно , се надевам нашите слушатели слушнаа се и разбраа се и нека си донесат заклучок тоа беше целта на оваа емисија, секој да си има свое мислење и понатака како ќе прави , сам ќе си прави.

Биљана А. Благодарам за организирањето на оваа емисија и за поканата и можноста да се искажеме и да ја расчистиме нејасноста и конфузијата која се случи барем во изминатата година, од мој аспект во врска со законот. Мене ми е чест како што реков претходно да бидам овде и во оваа емисија и во улогата во која сум сега посветена и помагам на црквата. Во мојот професионален живот работам и соработувам со многу други цркви и ми е посебна чест да сега истото тоа го работам и за нашата црква.и мојата порака е – оние кои имаат нејаснотии , тука е епархијта, епархискиот управен одбор за било какви нејаснотии , документите се јавни и изминатата година на твојата веб страница стави линкови од многу такви изјави и транскрипти кои Г-динот Мераковски си спомена, така да оваа дебата е јавна и нема што да се крие. Единството е тоа што ќе не доведе до силина на нас како црква и како македонски народ.

Д.Мераковски – мојата порака до нашиот народ е – да бидат издржливи, вистината ќе победи , црквата македонска напредува во секој поглед, и секој чекор и тоа се гледа. За оние кои е погрешно заведени да се свестат дека не може да има никаква македонска црква надвор од македонската црква . Оние што одат и бараат преку компании и бараат Македонија надвор од Македонија тоа нема да му успее. Тие само можат да го сметаат за успех кочењето на напредокот на МПЦ а напредок ќе нема и како што вели една поговорка – ‘на лагата и се кратки нозете‘ и тоа ќе биди така. Црквата наша ќе напредува со вернците и ќе успее.на тие што тргнале по погрешен пат да се размислат добро и да видат каде ги водат кој е патот кој го покажуваат на тие луѓе и каде ќе завршат . Секогаш ги прашувам тие луѓе кои се погрешно заведени Кажете ми каде одите, која е вашата визија, каде ве водат вашите водачи , дали знаете.

А тие ми велат – Не не знајме. Точно е тоа ,тие ве водат за лични интереси , ве злоупотребуваат и време е да се свестат . ако си верник ќе си одиш во вистинската македонска црква кај вистинските свештеници а не кај распопи и оние кои си оставиле жените и децата. Ако тој не си ја почитува неговата фамилија , како ќе те почитува тебе и дали е тој човек да проповеда како да бидиш добар христијанин како да бидиш добар татко како да бидиш добар сопруг кога и тој не го прави тоа. Затоа еднаш засекогаш треба нашите луѓе да се свестат , да се отргнат или ќе одат по црковниот пат или нека гледаат некоја друга работа да не бидат излажани со разни распопи со лажни теории.

В. Стрезов – Благодарам за оваа отворена програма во која имаа можност вашите слушатели да ја слушнат вистината , да се каже дека оние кои ги нарекуваме компании , компаниски цркви или цркви со непризнаена вероисповест иако се мал број се многу агресивни и многу гласни по медиумите можете многу повеќе да слушнете од нив отколку од нас така да ова е една од ретките емисии каде што може зборот на вистината да се слушне. Јас искрено верувам во верата, јачината на Македонецот , на вистинскиот верник и верувам дека се далеку побројни верниците од неверниците и вистински го очекувам денот на обединување на македонскиот народ и на македонските верници а оние кои се неверници или под влијание на комшиски амбасади – лесно ќе се откријат. Во моментот кога ние заедно ќе се обединиме. Ќе истраеме, и овој закон ќе се донесе , ќе се донесат и други закони и МПЦ ќе биде далеку посилна и надворешното влијание ќе ослабне. Во тоа верува.

Владиката – Веќе беше кажано од моите претходници дека треба да се бара вистината и вистинскиот пат Господ Исус Христос рекол – Јас сум патот, вистината и животот . Значи пат, вистина и живот , надвор од Христа надвор нема. Кои се луѓето кои прават проблем во нашата црква и во македонската православна заедница во Австралија. кога велам така велам за оние кои се надвор од МПЦ а се именуваат како православни Македонци итн.

Тие кога ќе разберат, научат и сфатат дека мора да живееме во согласност со учењето на црквата , со светото писмо , светото предание и светото евангелие и со светите канони , тогаш ќе стане единството на нашите верници на нашиот народ тука. Се додека имаме луѓе кои работат односно не живеат според верата , не се исповедаат , не се причестуваат , не кај легитимни свештеници , Владика итн и не ја прифаќаат јурисдикцијата на МПЦ односно сакаат да бидат надвор од црквата ама да го користат нејзиното име , дотогаш ќе имаме такви недоразбирања. И уште еднаш апел до сите верници - Не бараме ничиј имот за МПЦ ниту на компаниите кои држат црковен имот ниту на инкорпорираните асоцијации кои исто така држат црковен имот , ниту на зруженија итн, бараме од нив само да ги почитуваат црковните закони што се однесува до верата и сите други работи освен до сопственоста на имотот кој знаеме дека е божја сопственост но ние не бараме да ги префрлат тие имот на МПЦ .

И за сето она што се слуша како клевета , почнувам од себе, се што имаат да докажат дека владиката направил престап и грешки за кои треба да биде земен на одговорност кај светиот Синод, јас ги повикувам и јас ги советувам преку оваа радио емисија да покренат судска постапка против мене пред светиот архиерејски Синод и да ги поучам како да поднесат пријава и ќе ги докажат вините со кои ме обвинуваат или престапите кои сум ги направил . Ако не ги докажат ќе бидат казнети со двојно поголема казна , тогаш ќе се докаже кој е виновникот и јас ако сум виновникот, нема да бидам повеќе ни владика а ако не можат тоа да го докажат тогаш ќе мора тие да добијат соодветна санкција . Уште еднаш родителски , пастирски , архипастирски упатувам до сите наши верници во оваа македонска православна црква, епархија за Австралија и Нов Зеланд , да оставиме секакви можни клевети , секакви измами , секакви противења , да се врземе сите за верата наша света православна , црквата македонска , да се здружиме, да си простиме едни со други .

Ако сме грешиле , јас сум прв што барам прошка ако некого лично сум го навредил, сум згрешил, да ми биде простено и секој нека побара така нека побара прошка. Можеме тоа уште утре да го направиме сите и да тргне работата напред ама тоа можеби нема да го направат затоа што некои тогаш ќе изгубат нешто што е личен интерес. А јас немам личен интерес, моите интереси се интересите на МПЦ, на македонскиот православен народ и на Македонците на оваа земја и на татковината Република Македонија.

Голема благодарност до нашите гости во студиото на Радио Илинден Мелбурн : Митрополитот Преспанско -пелагониски и администратор австралиско-новозеландски Г-дин Петар ,Биљана Апостолова, адвокатот за МПЦ Епархија, Диме Мераковски автор на книгата Измамени верници, професорот во Меквори универзитетот, Владимир Стрезов.

Им благодариме што несебично отстапија дел од своето време да учествуваат во оваа радио дебата преку која заедно сите успеавме да ја пласираме вистината до нашите слушатели –верници.

Благодарност и до сите наши верни слушатели кои ја следат програмата и сите оние кои учествуваат со свои прашања до соговорниците.

Уредник и водител

Дончо Ангелоски

Radio Ilinden Melbourne
13-02-2011, 05:32 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА - by ЈорданПетровски - 13-02-2011, 05:32 PM