Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Екслузивно интервју на Митрополитот Преспанско -пелагониски и администратор австралиско-новозеландски Г-дин Петар

Напишано од Radio Ilinden

Недела, 15 Август 2010 09:34
За радио Илинден, Мелбурн

Оваа земја не прави дискриминација во однос на законите без разлика дали се работи за православна, католичка , англиканска. Овде кога би организирале богословски факултет ќе може да ни го организира државата. Значи кога ќе станеме канонско – правно лице веднаш можеме да добиеме повеќе бенефиции, организираме старски домови, училишта, детски градинки, поволности финансирани од самата држава. Даваме огромни средства за купување на една сала, црква, но не ги користиме. Кога ќе го имаме овој законски старател на имотот на МПЦ и кога ќе треба кредити да креваме, погодностите се одлични, затоа што тогаш знаат дека тој старател на имотот на МПЦ има можност да одговори на секоја една побарувачка да се организира како црква и да се осигураат објектите. Ќе бидеме максимално заштитени со тој Закон, да не може никој да се суди. Ќе престанат сите судски спорови со сите оние имоти кои ќе влезат под старателство на тој имот. Поголема добивка од тоа нема. Луѓето не ќе можат да ги злоупотребуваат имотите црковни, не ќе се шетаат со црковни пари низ Македонија, Европа, и нема да се караат.

‘Нашата цел е да се создаде еднаш засекогаш старател на имотот на македонската црква во Австралија по примерот на првите верници во црквата како што бил случајот со верниците запишани во делата на светите апостоли‘.

Главна тема – Регистрацијата на епархијата за Австралија и Нов Зеланд и случувањата околу МПЦ, проблемите во изминатите години и денес .

Д.Ангелоски – Разгледување на Предлог законот за МПЦ, за основање на старател на имотите на православната црква во Австралија што во моментот е пред Парламентот во НЈ Велс кој спрема вас е од витално значење за иднината на нашата црква во Австралија и ние ќе сториме се што е во нашите сили и можности на демократски начин да се овозможи усвојување на овој Закон – дали можете да ни објасните за што се работи и до каде се работите?

Владиката За да биде на нашите слушатели добро познато, сметам дека е пожелно да се објасни, Постојат две врсти на имот, Едната врста е имот заради сопственост, тоа значи дека тој имот е сопственост на одредено лице, човек која сопственост сопственикот односно имотот на имот за сопственост го користи според своето наоѓање. Тука не може никој да му се меша нему, како ќе го употребува имотот. Пример, ако вие сте сопственик на некој имот, имате имот заради сопственост и дали вие вашиот имот ќе го употребите да купите куќа, возило, да помагате сираци, вдовици, да го дадете во црквата или да го потрошите на нечесни работи, тоа е лична ваша одговорност и слобода како ќе постапувате со тој имот. Кога станува збор за имот за сопственост, сопственикот употребува според своето мислење, наоѓање и според својата желба со својот имот. Кога иматеимот, за одредена цел намена или мисија, тогаш веќе тој имот не смеете да го користите за други цели освен за оние за кои е создаден, или за која мисија е создаден. Имено, ако е хуманитарна организација, ќе го користи исклучиво за хумамотарни цели, не може таа да го користи за други намени, за други цели. Пример: Имот за хуманитрани цели да го употребите за фудбал, или имот за хуманитарни цели да го употребите за некоја институција да и помогнете да си гради куќи, туку во конкретниот случај тој мора исклучиво за таа хумантирна цел да се употреба . Има Закон според кој – имот кој едаден под старателство треба да биде користен за таа цел. Пример:ако имате старател на имот за деца сираци, вие не смеете да го користите тој имот за свои цели, за свои потреби, вие не смеете од тој имот ниту еден долар да земете, или неодговорно да се однесувате кон тој имот. На пример, наводно за тие сираци се гради некаква куќа па без да побарате понуда од повеќе мина што ќе градат за да не чини прескапо градбата, и да го употребите имотот најгрижливо што може да биде за онаа цел , намена за која е тој имот даден. Може да биде имот за стари лица кои не се способни сами да раководат со тој имот и државата назначува старател на тој имот. Тој старател исклучиво мора да се грижи за да ги догледа старите за да им пружи нормални услови за живот, да им даде можност за лекарства , операции итн. Значи во никој случај тој имот не смее да се употребува за друга намена. Затоа сакавме да направиме една споредба - Имот за сопственост со Имот за цел и намена. Во конкретниот случај, имотите за добротворни организации и за религиозни организации (црквите) тоа се имоти за цели или мисии или одредена намена а никако имот за сопственост кои соодветната организација или кој и да е тој старател, ќе го употреби за друга намена која нема никаква врска со целта и намената на соодветната организација. Мислам дека сме донекаде јасни околу оваа работа кога станува збор за имотот за старателство.

Д.А - Што ќе се случи ако старателот го злоупотеби имотот за лични цели?

Владиката Овде во Австралија ни е познато, ако некој старател свесно го злоупотреби имотот кој е за старателство , најригорозни се казните за таков човек, дури може да отиде и в затвор. Тој мора да го оттаму кога станува збор за т.н кршење на законот за имоти на одредена цел и намена која нема никаква врска со тоа. Оттаму кога станува збор за т.н кршење на Законот за имоти за одредена цел или намена, (според она што го слушаме од правните лица овде , адвокати и други) велат дека е најстрогите казни се определуваат за оние кои таков имот злоупотребувале.

Д.А - Ако е така, Законот мора да се почитува, секој верник гледа колку е црковниот имот злоупотребен овде во Австралија, зошто немаме никој видено да е в затвор. Што е проблемот, во начинот на регистрирањето , на старателот.

Владиката Токму тука е и проблемот, па и судовите што досега ги водевме и ги водиме, токму во тоа е проблемот.Да се вратиме малку наназад со нашите сознанија како одделни цркви или религиозни деноминации успеале да го заштитат имотот од злоупотреба на тој имот кој е за определена цел,во конкретниот случај за религизона цел. Имено, меѓу првите цркви кои овде успеале да го направат тоа се Римо-католичката и Англиканската. Тие уште веднаш нашле начини и патишта, со донесување на Закон за старател на имотот. Тој Закон бил донесен во Парламент, или парламентите на одделни држави во Австралија и на тој начин тој имот бил заштитен бидејќи штом е ставен старетел на тој имот, тогаш нема никаква правна можност некој да го упропастува тој имот од следниве причини – ако јас како индивидуа, направам било што за да бидам во некоја ситуација да се води судски спор , со мене, автоматски судскиот спор ќе се води со мене како личност кој воопшто не ѓиба во имотот каде што сум јас старател. Тоа значи со личниот имот можам да одговарам ако биде покрената било каква судска постапка против мене, или ако бидам казнет. Имотот си е настрана од старателот како личност и на тој начин е целосно заштитен. Во другиот случај, ако имаме лица кои се во инкорпорирани асоцијации или во компании тогаш тие лица се заштитени како ченови на таа инкорпорирана асоцијација или компанија и кога ќе го тужите него тогаш тој вели Не мене,ја тужеа затоа што сум јас член на таа инкорпорирана асоцијација или компанија и јас сум заштитен и таа асоцијација или компанија ќе се тужи со оној што кон мене направил тужба и во тој случај инкорпорираната асоцијација или компанијата плаќаат за се што овој лично направил престап. И овде во Мелбурн имаше луќе кои беа дадени на суд од одделна компанија која држи црковен имот итн. ама луѓето што беа надвор од компанијата си плаќаат од џепот а оние што беа раководители на компанијата беа заштитени и тогаш плаќаше компанијата за тоа, што значи, наместо да биде обратното, да одговара личноста која е старател на соодветен имот со свои средства, од своите пари од својот личен имот, одговара компанијата, односно црковниот имот во конретниот случај на инкорпориранта асоцијација или на компанијата се троши за сметка на личноста која е член на асоцијацијата или компанијата. Токму тие судови што ги имавме ние, тоа го расправаат, коментираат, и се додека некој е член на една инкорпорирана асоцијација или компанија, самата асоцијација и компанија ги сноси трошоците поточно имотот што таа го држи а во конкретниот случај станува збор за црковни имоти И обратно кога ќе биде со овој Закон за кој сега станува збор донесен, со тој Закон практично , црковните имоти што влегуваат во тој Закон а старател се јавува на тој имот, автоматски е заштитен тој имот од било какво ненаменско трошење на пари, заради било какво злоупотреби на било каквалличност во врска со било кој и да е член како старател на тој имот. Не само ние во МПЦ туку и останатите православни цркви овде во Австралија како и некои други религиозни деноминации кои постојат кои имаат најверојатно преку 40 религиозни деноминации, цркви што се регистрирани со Закон како старател на советен имот

Д.А – Како ќе работи законскиот старател , која ќе биде врската со епархиските собранија и епархискиот Управен одбор, кои имоти ќе ги опфаќа?

Владиката Во конкретниот случај тој Закон што се носи за старател на имотот на МПЦ се однесува исклучиво само за четири имоти. Имено, имаме ние со одлука на епархискиот управен одбор на МПЦ за Австралија и Нов Зелан, купено четири имоти (Соборната Црква во Сиднем, Св. Прохор Пчински во Донибрук, црквата Св. Богородица во Аделаид, и Црквата Св. Богородица Пречиста во Ливерпул , Сиднеј ) ове 4 имоти купени се за МПЦ со одлука на епархискиот управен одбор и бидејќи било каква друга регистрација , односно регистрирање како инкорпорирана асоцијација веќе станува имот за сопственост а не имот за цел. Од тие причини не смеевме тој имот никако да го регистрираме како инкорпорирана асоцијација. Не смеевме да го регистрираме ни како компанија, зашто некој ако го регистрирате како компанија не како компанија за сопственост а не за цел, тогаш пак го ставате во голема опасност имотот и ако некој го злоупотреби тој имот, одговорноста на оние што злоупотребиле црковен имот кои се чува од компанија односно не се чува туку е сопственост на компанијата и според компаниските закони тоа можам да ви го покажам и во нивни правилници се вели – одговорноста на секој член на компанијата за еден имот (црковни имот кои станале сопственост на инкорпорирана асоцијација или компанија ) е толку колку што е членарината за таа година на соодветниот член. Ако пропадне комплетно црковниот имот тогаш секој член на таа компанија ќе плати толку , колку што дал за чланарината. Но ако е имот со старател тогаш тој не смее да го злоупотреби имотот. Ако пропадни имотот а имотот банкротира или употреби за цели кои не се во согласност со мисијата на црквата тој автоматски ќе мора да одговара со лични средства или да заврши во затвор се додека не ги плати трошоците за штетата што ја направил. Во таа смисла, не е така едноставно и лесно, луѓето се честопати во заблуда. Тврдам дека и високодостојници во нашата црква не го знаат овој случај добро и погрешно пренесуваат. Се вели дека најдобрите регистрации овде биле регистрации на компании и регистрации на инк асоцијации на црковните имоти, а всушност тоа е најголемата опасност ако луѓето од инк асоцијации и компании го злоупотребат имотот. Законот се однесува само на оние имоти кои се епархиски и кои моментно гласат на мое име, на Отец Јовица Симоновски, на Отец Тоне. Ние имаме поднесено изјава, декларација пред адвокати , дека тој имот не е наш туку со одлука на епархиски Управен одбор е купен за овие цели за црквата и кога ќе се донесе овој Закон за старател на црквата, ние го предаваме, што значи, секој што досега сакал и можел да ја види нашата декларација дека во самата декларација сме декларирале дека не станува збор за наш личен имот туку за имот кој е на МПЦ но бидејќи регистрацијата како инк асоцијација или компанија тој станува не имот за цел туку имот за сопственост и тогаш ние го губиме имотот и може некој да го продаде, потроши како што се продадоа некои имоти на цркви. Ние го покренавме ова прашање, тројцата, Отец Тоне, отец Јовица и јас за да се ослободиме од имот кој не припаѓа на нас а за сметка на тоа непријателите на МПЦ правеа огромна пропаганда дека тоа бил наш имот. На истите такви луѓе кои прават такви пропаганди ќе им пропаднат пропагандите ако овој Закон се донесе бидејќи не ќе можат да им велат на луѓето дека имаме цркви на наш имот. Со ова нема да стојат имотите на наше име туку името на старателот е МПЦ. Владиката Петар е денес, утре и до кога ќе биде само Господ знае. И после нас, старател ќе биде МПЦ преку личности кои ќе ги избере Епархиското собрание на МПЦ за Австралија и Нов Зеланд од сите делегати на епархиското собрание кое го сочинуваат по две мирски цивилни лица и по едно свештено лице, што значи секогаш во овој случај по однос на изборот на тие старатели на МПЦ го имаат мирјаните, верниците, со мнозинство два према еден.

Д.А - Кои се членови на законскиот старател, претпоставувам дека улогата на епархиското собрание и епархискиот Управен одбор нема да биде намалена и гласот на народот нема да биде намален.

Владиката Не само што нема да биде намален, епархискиот одбор на старатели оној што се грижи за имотот МПЦ, тој одбор го избираат членовите на епархиското собрание а тоа се две мирски и едно свештено лице, Ако имате 20 цркви во Австралија, тогаш ќе има по две мирски лица (40) и по едно свештено (тоа се 20) значи вкупно 60. Мирски лица ќе бидат 40 а свештените 20. Значи одлучуваат мирските лица. Нема да се прават пропаганди дека ги бира Владиката и ги поставува. Спрема уставните норми јас ги потврдувам како претседател на одборот, потпишувам одлуките но никогаш нема да ја потишам одлуката што сам сум ја донел или сум ја донел со други двајца други свештеници. Такви одлуки немаат важност се додека не се донесат од Управниот одбор во полн состав. Значи таквите одлуки се привремени одлуки без важност ако не ги потврди целото тело.

Д.А – Како може други имоти на црковни општини да влезат во Законот?

Владиката – прво треба нивните црковни собранија да расправааат за тие имоти. Ако се согласат со мнозинство гласови да го предадат имотот на соодветната црква во старателство на црковниот старател .тогаш прават молба до епархискиот одбор на старател за МПЦ и велат ние одлучивме на нашето црковно општинско собрание да го предадеме нашиот имот на старателот МПЦ а тогаш МПЦ ќе го разгледа молбеното барање и ќе размисли дали секој понуден имот ќе го прими. Ако на пример, за неодговорно работење на одредена црква ни вели дека ни го предава имотот, таков имот не смееме да примиме затоа што примаме во ваков случај долгови и тој сака да избегне од долговите. Или ако не провериме дека некоја црква била во некој судски спор со друг сопственик или ко-сопственик, тогаш ние го преземаме судскиот спор и ќе треба тој имот да го заложуваме имотот за да го спасуваме овој кој е на работ на пропаст. Мора да се знае дека имотите што ние ќе ги примаме по донесување на Законот ќе бидат само имоти кои ќе бидат ослободени од било какви должнички обврски односно ако не надминуваат должничките обврски повеќе од самата вредност на самиот имот.

Д.А –Дали други цркви кои не се под МПЦ нема да бидат насилно приморувани да влезат под овој старател на МПЦ?

Владиката Овие четири имоти се основа на старателот на МПЦ со закон на парламентот на Австралија. Со ова се докажува кој колку си ја сака мајката Црква. Откако ќе се расчистат сите овие работи и кога не секој да се претставува како МПЦ и кога ќе престанат пропагандите, ние ќе обрнеме внимание повќе на отворање на старски домови,детски градинки, и други објекти за згрижување на лица – зависници од дрога, од алкохол и за тие посебно ќе се грижиме. Во врска со злоупотреби на имотите порано не се преземани пострги мерки за заштита на црковниот имот. За имот што е на МПЦ и оние кои сакаат да го дадат за МПЦ (но не под принуда), ќе се види кои се љубители на МПЦ и кој сака да го вложи имотот што е создаден за македонската црква кој ќе биде имот на МПЦ. И обратно, ќе се види кој понатаму ќе го користи имотот како сопственост на соодветна организација, компанија, инк асоцијација и тн..Уште еднаш да посочиме дека нашата цел е да се создаде еднаш засекогаш старател на имотот на македонската црква во Австралија по примерот на првите верници во црквата како што бил случајот со верниците запишани во делата на светите апостоли .Тогаш верниците ги продавале своите куќи и ниви и парите од личните имоти ги ставале парите пред нозете на апостолите, а овие денес ги ставале во касата црковна и од неа им давале на верниците според нивните потреби. И тој начин бил замислен ‘совршено заедништво на имотите‘. Она што е црковно е божјо и секој што ќе посегне по црковното, ќе мора еден ден да ја плати таа казна. Црквата е онаа што се грижи за имотот.

Д.А – Регистрирањето на црквите е како сопственици и со цел, што значи со цел или со намена?

Владиката Цел или намена, значи за што тој имот треба да се употребува, која е употребата на тој имот. Имено, кога станува збор за црковниот имот, се наменува за мисија на црквата. А мисија на црквата е да се направат храмови, да се направат икони, иконостас, олтар, фрески и се што е потребно да се врши богослужби. А за тоа треба да има свештеник. Тој работи се што ќе му рече Владиката во врска со црковните работи. Свештеникот е главата на парохиското собрание. Црквата се грижи за сиромасите, за оние кои немаат услови за живот. Верниците што пеат на литургијата, се жива врска со Бога преку својот Владика. Каде што има владика таму е и црквата. Ако нема владика во некоја епархија, таму нема црква. Има примери каде од црковните пари се давани за фудбал, тоа не е мисија на црквата. Тие цели не се воопшто цел и мисија на имотите на црквата. Ние не сме регистрирани како МПЦ во Австралија. Овие регистрации за кои станува збор, овој Закон за старател значи рег на МПЦ. Ако МПЦ не биде регистрирана со свој имот не може ни да постои како правно лице. Мораме да разграничиме, Регистрација на црквата како религиозна институција и регистрација на црквата како правно лице, ние како правно лице овде во Австралија не сме регистрирани. И мора нашите верници да сфатат сериозноста на проблемот на МПЦ во Австралија. Регистрацијата на нашата црква настанува тогаш кога овој Закон за старател ќе профункционира, дотогаш немаме регистрирана МПЦ во Австралија. Нашите верници треба тоа да го разберат. Оваа пропаганда против регистрацијата на црквата како правно лице во Австралија е во таа насока, практично работи некој на тоа да не се регистрира никогаш како правно лице. Регистрација на компании, приватни компании, како со имот за сопственост, а не со имот за цел. Мислам дека има една црква која држи за цел, тоа е Св Климент Охридски во Порткембла, таму има трасисти кои го држат имотот за црквата Св Клименво Порткембла, но не за МПЦ како институција. Тоа значи за една црквичка ,но не ја претставува МПЦ во Австралија. Во Австралија МПЦ треба да ја претставува епархијата за Австралија и Нов Зеланд, сите други се како месни заедници. МПЦ ја преставува Епархијата со Владиката. Ако немате регистрирана црква, епархија како правно лице со Законот за старател на тој имот, немате ни црква. Ако сакаме што поскоро да бидеме овде присутни овде во Австралија, како институција како правно лице треба да се грижиме да профункционира овој Закон. Ничиј имот нема да биде принуден да влезе во стараелот на имотот за МПЦ каде што се овие четири имоти предвидени без нивна желба и наша согласност за да може да влезе под старателство на имотот на МПЦ

Д.А – Да ни кажете нешто за МПЦ во Македонија, како одат работите?

Владиката Се бориме да биде се подобро. Имаме млади луѓе кои доаѓаат в црквите и ја имаат верата во Бога како свој посебен интерес. На многу поедноставен начин можат да дојдат до разна црковна литература преку интернетот. Присуство на млада популација во нашата црква е се поизразено и постојано. Учествуваат и во хоровите. Сакам да нагласам дека ние како црква треба се да сториме, ние прво да се признаеме.

Д.А- Зошто МПЦ мора да преговара за признавање? Зошто да молиме да бидеме признаени?

Владиката Ние не преговараме, ние разговараме. Разговорите со другите цркви се за да можеме ние и да бидеме ние во целиот православен свет заедно. Православната црква ако сака да го задобие приоритетното место во светот, треба порано или подоцна треба да се ослободи од национализмот кој навлегол во црквите преку државитево одредени периоди на комунистички период, кралствата итн. Државите во свое време, водејќи националистичка политика, за жал,ги подјавнувале другите народи дури и преку црквите. И се додека некои високодостојници во одделни помесни православни цркви, ги сметаат другите од другата помесна православна црква, и другите народи како да биле и остануваат и понатаму дел од нив или ги присвојуваат, не може да има единство. Целта на црквата е секогаш да има единство а тоа се постигнува преку заеднички богослужби, заедничкото служење,исповедање на верата, заедничката причесна. Од тие причини сме должни да ја шириме верата за заедништво , за соборност со другите православни цркви , но по цена на верата не по цена да жртвуваме,нација, име, идентитет итн. Мора да се разбере нашиот проблем кој не е црковен, туку политички. Треба секогаш да се разговара и да се убеди оној што мисли поинаку за да ја сфати вистината. Разговорите треба да бидат за да се запознаеме, да пикажеме дека за нас се врши пропаганда како народ и како црква од одделни , не народни елементи.и на тој начин треба поинаку да се гледа на нештата. Без разговори, многумина од оние што имале лошо мислење за нас, денеска се застапуваат на одредени места, за да докажат дека не е таква ситуацијата со нас. Значи се менува мислењето за една цква, и за еден народ. Секогаш треба да има комуникација со луѓето. Секогаш треба да имаме амбасадори во светот од други народи, цркви, институции кои ќе ја толкуваат вистината за нас.

Д.А – Дали треба концентрацијата да се насочи повеќе кон единството? Како може да се има единство кога има изроди во сопствените редови како што беше Вранишковски и на пример да го земеме митрополитот од МПЦ кој излегува со став, се меша во другата епархија, тоа е чин за осуда. Кога не се почитува институција тогаш таквите луѓе треба да се осудат. Случајот од Тимотеј е чин за осуда и предавство.. не е добра работа за единството во МПЦ!

Владиката Каноните велат дека ниеден владика не смее да служи и проповеда во туѓа епархија. За служба во туѓа епархија на некој владика, и особено за верници во таа епархија, или цркви според каноните таквата личност треба да се расчини. Во туѓа епархија не би си дозволил да отидам во туѓа епархија и таму без благослов на надлежниот Владика да вршам било каква служба или најмал чин без одобрение на тамошниот Владика. Многу се манипулира и во Македонија и тука, дека јас сум ја зел епархијата од митрополитот Тимотеј, што не е вистина. Имено, 1994 година, со согласност на самиот митрополит Тимотеј, ја отстапи епархијата на Синодот на МПЦ кој ја презеде и управуваше со неа една година. После на една синодска седница јас бев молен од сите членови на Синодот, освен од Тимотеј дека треба да ја преземам епархијата заради поделбите што настанаа тука пред да дојдам јас од 90-тите години. Тогаш 8 црковни општини во НЈВелс и Квинсланд му откажале послушност и на намесникот Двојаковски и митрополитот Тимотеј. , И овде во Викторија му откажале 2 црковни општини. После таквата состојба нормално ја предаде епархијата на светиот синод кој ме молеше мене да ја преземам за да ставиме некој ред но Тимотеј уште на првата седница рече дека ќе се мешал во Епархијата и дека ќе работел да ја растури. Еве и ја растура. Јас апелирам јавно и го молам да не ја растура. И тврдам дека овие луѓе надвор од епархијата се негова жртва. Тој ги манипулира и им ветува дека ќе го отсрани владиката Петар и ќе му ја даде на некој друг.

Д.А – Во 1992 година имаше интервју со наслов ‘Чекори на раскол‘ објавено во Матица на иселеници, и весникот Македонија. Во ова интервју Тимотеј тврди дека ова е квази регистрација, зад која се кријат задкулисни игри за да внесат немири меѓу македонското иселеништво во Австралија. Се повикува на заедништво. Тогаш порачува едно а денес прави сосема спротивно.

Владиката Се работи за исклучиво искрен пристап кон прашањето на МПЦ каде и да е а во конкретниот случај за овде во Австралија. Јас сакам да му пратам порака на Дедото Тимотеј да не се меша во мојата Епархија за Австралија и Нов Зеланд со која администрирам да не создава вакви забуни, , да не преќа на луѓето пораки. И да не праќа поштари овде да читаат негови писма. Тоа не е добро за македонската црква кога така постапуваме. Не треба другите да прават зло, но не треба ни ние да правиме зло на другите. Секое вакво јавно мешање преку гласилата, отворени писма, изнесување на вакви интервјуа (тогаш имаше право да го каже тоа, но денес не), не е добро и му порачувам да се воздржува во неговите однесувања, да не се меша со Епархијата со која јас управувам.

Д.А. – Дали против оваа постапка на дедото Тимотеј ќе се покрене дисциплинска мерка или ќе сноси некоја одговорност?

Владиката Jа мина границата на вакво некоректно однесување кон оваа епархија и кон мене, и е сигнал што ќе треба да конечно го поставиме пред светиот Синод за неговото мешање во надлежности на друг Архереј.

Д.А – После сите убави работи и позитивна насока на МПЦ, ова негово инволвирање е како ‘нож во грб‘

Владиката Ако продолжи да се меша, тогаш ќе се преземаат црковни правни мерки за негово понатамошно девалвирање.

Д.А – Вранишковски, до каде е работата и дали ќе прави уште проблеми?

Владиката Неговата пресуда, на граѓнскиот суд е обжалена, Апелациониот суд ја потврдил дека треба да плати 1000 евра и дека треба да лежи уште две и пол години затвор. Истиот овој човек не се воздржуваше да клевети и да остава лоши впечатоци во јавноста за моето работење со изјави дека сум ја продал епархиската куќа во Мелбурн и сум ги ставил парите в џеб. Дека сум им купил на моите внуци, станови и возила. Па затоа бев принуден да го дадам на граѓански суд. Ако е вистина да бидам осуден или расчинет, а ако е обратно, тогаш тој да сноси одговорност. Тој не е обична личност, него го поддржуваат во злото што го прави во МПЦ од соседните цркви. Мислев дека е потребно тоа со него да се расчисти. Судот во Битола донесе првична пресуда дека треба да плати одредена глоба и да лежи 20 дена затвор на што имаше жалби и повторно го врати делото на суд со укажување дека судијата не донесол соодветна одлука. Некои работи не биле опфатени од страна на судијата. При втората пресуда, тој требаше да плати еден милион денари на сметка на фондот за трето дете. Тие пари јас не сакав да ги земам и немав намера да се богатам со тие пари , туку сакав да се помогнат оние луѓе кои сакаат да имаат трето дете.

Д.А – Да заклучиме дека овој разговор ќе стави крај на пропагандите што го држеа народот во заблуда. Резултатите се гледаат на виделина.

Владиката Градење на една црква или манастир зависи од ангажираноста на тој терен. Позицијата на манастирот во Роклин е далеку и непристапно и нема луѓе кои постојано работаат. Верувам дека во Роклин за неколку месеци ќе биде изградена црквата и со надеж дека во февруар некаде ќе ја осветиме црквата. Во врска со изјавувањето во медиумите дека Македонците во Австралија се коцкари – во контекст на доброто се трудиме да им помогнеме на луѓето кои страдаат од болести како што е алкохолизмот, но не беше кажано дека сите се алкохоличари и коцкари и кажав дека дел од пензионерите со тоа се занимаваат. Се однесува само на оние кои тоа го прават. Желбата ми е да не гледаме на нив како на луѓе кои треба да се отфрлат туку да им помогнеме да се вратат на правиот пат.Верниците, пензионерите ако сметаат дека се навредени, јавно им се извинувам, барам прошка од нив. И понатаму сум упорен да опоменувам за сите лоши пороци и наши однесување кои се на штета наша и нашите семејства. Моја желба е секогаш да да се почиме сите за сложно да живееме и работиме. Мој е благословот и желбата да ве обединувам и да постигнуваме резултати пред се на духовен начин. Треба помасовно учество на верниците на богослужбите, верата, литургијата. Тоа говори за сосема друг начин на живот на верниците во оваа епархија. Молам за разбирање дека треба да се работи заеднички, да ги одвратиме луѓето од сите пороци што тука постојат.Во Нов Зеланд до ’97 година, МПЦ немаше контакт со нашите верници. Ниту еден од епископите не пошол таму. Јас кога дојдов , отидов и направив првите контакти. Така започна еден интерес за организирање на црковна општина таму. Но немаат црква и свештеник. И малку се постојани наши луѓе кои се задржуваат таму. Нашите верници таму се верници кои не се оптоварени со црквите да мислат дека тоа е наша, не ја даваме итн. Сега има таму регистрирано епархија и се што се случува таму ќе биде под Управа на МПЦ , Епархија за Австралија и Нов Зеланд . Свештеникот отец Горан од скопската епархија ќе биде свештеник таму и со тоа ќе профункционира нашата македонска православна црква.

Д.А – Главната порака од нас до сите верници, слушатели е да се почитува зборот институција. МПЦ си има свои гранки, секој треба тоа да го почитува. Нашите слушатели ја слушнаа вистината и треба да одиме на обединвуање. Кои се бенефициите од овој закон Дали ќе ги имаме сите погодности што ги уживаат другите христијански цркви.

Владиката Оваа земја не прави дискриминација во однос на законите без разлика дали се работи за православна, католичка , англиканска. Овде кога би организирале богословски факултет ќе може да ни го организира државата. Значи кога ќе станеме канонско – правно лице веднаш можеме да добиеме повеќе бенефиции, организираме старски домови, училишта, детски градинки, поволности финансирани од самата држава. Даваме огромни средства за купување на една сала, црква, но не ги користиме. Кога ќе го имаме овој законски старател на имотот на МПЦ и кога ќе треба кредити да креваме, погодностите се одлични, затоа што тогаш знаат дека тој старател на имотот на МПЦ има можност да одговори на секоја една побарувачка да се организира како црква и да се осигураат објектите. Ќе бидеме максимално заштитени со тој Закон, да не може никој да се суди. Ќе престанат сите судски спорови со сите оние имоти кои ќе влезат под старателство на тој имот. Поголема добивка од тоа нема. Луѓето не ќе можат да ги злоупотребуваат имотите црковни, не ќе се шетаат со црковни пари низ Македонија, Европа, и нема да се караат.

Д.А – Ваша завршна порака до нашите верници и слушатели ?

Владиката Треба да ја гледаат МПЦ како мајка црква која низ вековите се трудела да го одржи нашиот народ како верен на Бога народ за да можеме да го наследиме Царството небесно. Да се клониме од сите пороци, лоши работи, да се измириме едни со други и да мислиме за доброто. Никој одстрана нема да не натера да се мириме, туку ние самите треба да го сториме тоа со извесни попуштања, добри совети , поуки. Секој треба да се труди што повеќе да направи за МПЦ а не кој повеќе да растури. Да станеме што поблиски, како браќа и сестри да живееме. Господ нека ни е на помош, нека ни е честит овој богородичен пост. Порака до верниците - да се воздржуваат во постот, од кавги, клевети, омраза како големи пороци, да се воздржуваат од мрсни јадења. Со радост да си го дочекаме големиот и спасоносен празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица. Нека Господ даде мир и благослов во сите семејства. Нека ми простат сите на кои сум им згрешил во овој пост, и јас давам прошка на сите кои згрешиле и така измирени едни со други да си го дочекаме големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Голема благодарност на неговото Високо преосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски, Г-дин Петар за гостувањето на брановите на Радио Илинден и за искрените, исцрпни објаснувања околу новиот Закон за регистрирање, како и состојбите на МПЦ во Австралија.Благодарност до сите слушатели на Радио Илинден Мелбурн за нивното учество во емисијата, кои навистина допринесоа многу со поставувањето на нивните прашања.Интервјуто траеше 3 часа.

Уредник и водител

Дончо Ангелоски
15-08-2010, 02:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Една манипулација во интервјуто на владиката Петар имено дека МПЦ со СПЦ само разговара. Потпишувањето на Нишката декларација е далеку од разговор.



Quote:МПЦ - И НИЕ КОЊИ (ТРОЈАНСКИ) ЗА ТРКА ИМАМЕ

Љубе Христовски

Помина повеќе од една година од потпишувањето на Нишкатаспогодба, а случувањата во и околку МПЦ не престануваат да бидат топ тема во медиумите. Се уште не стивнуваат реакциите по Одлуката на СПЦ за формирање Автономна Охридска Архиепископија, а веќе пристигнуваат нови шокови. Се обелодени ставот на некој или некои од врвот на МПЦ за откажување од кривично гонење против владиката Јован, доколку тој ги врати присвоените 57.000 евра. Се огласи владиката Наум со молитви и пост за просветување на новинарите, се јави и Архиепископот Стефан кој по обичај ништо суштествено не кажа. Најшокантно од се е сепак интервјуто на владиката Петар за неделникот "ЗУМ". Од друга страна и натаму продолжува молкот на Светиот синод по прашањето за утврдување одговорност на владиката Јован, што дополнително ги иритира верниците и целокупната македонска јавност.

Македонскиот народ со право е загрижен за опстанокот на својата црква. Одбраната на црквата ја чувствува како пресудна битка во одбраната на државата и нацијата, бидејќи губењето на црквата обично иде во пакет со губењето на државата и обратно. Таков пример имаме во блиското минато и во блиското соседство, како што е случајот со Црногорската црква. Сличностите се очигледни, истоветни се барањата за самостојност, а истоветен е и центарот кој го врши оспорувањето. Познато е како Црна Гора ја изгуби својата држава и црква во 1918 година. Пресудна улога во тоа одигра пратеникот во црногорското Собрание Гаврило Дожиќ, играјќи ја улогата на тројански коњ. Под негово влијание црногорското Собрание донесе одлука за самоукинување на независната црногорска држава и нејзино припојување кон Кралството на СХС, што доведе до губење на Црногорската црква. Подоцна овој човек стана Патријарх на СПЦ.

Идентичен е случајот и кај нас, но со обратен редослед. Улогата на тројанскиот коњ ја одигра владиката Јован (иако се чини тоа требаше да биде некој друг), донесен е актот за самоукинување на автокефалноста со потпишувањето на Нишката спогодба, а владиката Јован веќе е прогласен за српски егзарх на Автономната Охридска Архиепископија.

Нишката спогодба е составена во 17 точки. Со неа се укинува автокефалноста на МПЦ, се врши промена на името, при што се исфрлени сите македонски предзнаци, па МПЦ се нарекува "Православна црква за која станува збор", "Споменатата црква" и слично, а Архиепископот Охридски и Македонски се преименува во Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски. Терминологијата е усогласена во секој поглед со онаа на нашите белосветски "пријатели", кои при многубројните посети не нарекуваа секако, само не со нашето уставно име. Според оваа спогодба не е можен избор на Поглавар без согласност на Српскиот Патријарх, кој го потврдува изборот. Македонскиот народ не е загрижен поради дејствувањето на расколникот Јован, туку го загрижува нешто многу посериозно, а тоа е севкупното дејствување на Синодот, односно неговото недејствување во одбрана на Уставот на МПЦ, што недвосмислено упатува на заклучокот дека во Синодот седат повеќе коњи – тројански, се разбира. Голем број на несоборливи аргументи упатуваат на овој заклучок.

Првиот аргумент е самиот чин на упорно инсистирање на преговори со СПЦ. Синодот мора пред јавноста да ја образложи целта на понатамошните преговори. Признавањето сигурно не е цел, туку зад тоа се крие нешто сосем друго. Овој заклучок се наметнува од проста причина што СПЦ еднаш веќе ја призна самостојноста на МПЦ со свој Одлука бр. 44 од 24/11 мај 1959 година, која добро & е позната на јавноста. Оваа одлука не значи ништо друго, туку канонски отпуст. Врз база на овластување дадено во истата одлука, Српскиот Патриајрх Герман веќе во јули 1959 година доаѓа во Скопје и во црквата "Света Мина" држи света архиерејска литургија во сослужение на Архиепископот Охридски Доситеј. Во 1962 година Македонија ја посетува Рускиот Патријарх Алексеј, каде во Охрид во црквата "Свети Климент" сослужува со поглаварите на СПЦ и МПЦ. Ваквите сослуженија помеѓу двајца или повеќе поглавари не значат ништо друго, туку де факто признавање на Црквата. Такви сослуженија подоцна имаше и со поглаварите на Бугарската и Грчката црква.

Одлуката на СПЦ со која се признава самостојноста на МЦП објавена е во службено гласило на СПЦ, објавена е во 1964 година во Трст во книгата "Обезглавената Српска црква" од Драгољуб Вурдулија, а е цитирана и во Уставот на МПЦ, во неговата Преамбула. Сето ова значи дека одлуката е општо позната и сите релевантни фактори во регионот и пошироко се запознати со истата. Уште колку пати треба да не признаат па одлуката да биде валидна?

Очигледно, натамошните преговори кои ги најавува Синодот кријат некоја друга скриена цел која ја разоткрива токму Нишката спогодба во која се бришат македонските предзнаци во називот на црквата и во титулата на Поглаварот, се укинува самостојноста, а во т. 17 се презема обврска за измена на Уставот во согласност со спогодбата, што не значи ништо друго, туку од Уставот да се избришат сите македонски предзнаци. Очигледно на некои "наши" архијереи им пречи македонското име, односно им пречи историската вистина констатирана во Уставот на МПЦ, дека Македонија и Македонците се овековечени во Светото писмо - Библијата, како еден од најстарите народи во Европа. Со спогодбата наместо признавање се афирмира токму спротивното - непризнавање на македонското име и нација.

Сакам да ги прашам нешто нашите архијереи. Зарем е можно да се надеваат на признавање од оние кои за пари купуваат епархии или од оние кои за пари продаваат томоси? Веќе и на малите деца им е јасно дека по осамостојувањето Македонија повторно стана јаболко на раздорот на Балканот. Повторно оживеаја злите духови од 1913 година и се обединија да го докусурат пленот. Едни ни го негираат името, други нацијата, а трети црквата. Затоа, бидете сигурни, никогаш и под никакви услови нема да не признаат под уставното име. Тие отворено нудат признавање самостојност на црквата, но под одредени услови кои значат губење на националниот идентитет. Нишката спогодба само го потврдува тоа. Но, македонскиот народ веќе се изјасни, такво нешто не прифаќа.

Вториот аргумент е фактот што досега не е покрената црковно-судска постапка против расколникот Јован. Наводните финансиски малверзации за кои на големо се зборува во јавноста, се најмалиот грев што може да му се припише. Тој стори многу потешки дела, буквално го згази достоинството на македонскиот народ, ја погази сопствената заклетва во сите нејзини делови, го згази Уставот на МПЦ (чл.3, 4 и 5), на тој начин што го смени грбот и знамето на МПЦ и го смени јазикот на кој се богослужи во црквата, го смени името на Повардарската епархија и истата ја припои кон туѓа црква. Тој веќе седи до Српскиот Патријарх Павле при литургии и свечености во СПЦ. Сите овие работи беа обелоденети во јавноста.

Фактот што Синодот (преку изјавите на Тимотеј и Петар) го застапува ставот на расколникот ќе биде расчинет кога редовните судови ќе го потврдат криминалот и откако ќе се види до каде може да оди СПЦ, не е ништо друго, туку само обид да се замагли и одолговлекува случајот, со што се става во директна заштита на расколникот. Овој заклучок се наметнува од проста причина што редовните судови воопшто не се надлежни за овие повреди на каноните и Уставот, туку се во надлежност на црковните судови. Треба ли да се потсети Синодот дека со Уставот на МПЦ е предвидено постоење на Црковен суд и црковен обвинител (чл. 142 и 155), а кога станува збор за архијереји во прв ред и последен степен суди токму Синодот (чл. 24, т. 44). Една од основните должности на Синодот е токму да се грижи за доследно почитување на уставноста и законитоста во МПЦ (чл. 24, т. 23).

Светиот синод ќе мора да објасни кој го кочи функционирањето на овие органи.

Владиката Јован во своите намери да ја разнебити МПЦ отишол дотаму што отпечатил бланко фактури, меморандуми и рекламен материјал со туѓи симболи. Неверојатно, но со нив тој комуницирал дури и со самиот врв на Црквата и тоа никому да не му пречи.

Синодот треба да се потсети уште за нешто. Во согласност со чл. 73 од Уставот на МПЦ, за да може некој да ја носи титулата епархиски или викарен архијереј, покрај другото, треба да се одликува со морален живот и да се здобил со добар глас во својата средина, во спротивно согласно чл.74 истиот треба да биде расчинет. Дали е возможно се уште некој во Синодот да смета дека овој човек се одликува со морален живот и добар глас во својата средина. Зарем заборави Синодот какви се скандали направи во Брегалничката и Повардарската епархија, од каде буквално беше протеран.

Третиот аргумент е фактот што Синодот не поведува црковносудска постапка против владиката Петар. Овој човек е поопасен и од самиот Јован. Да не заборавиме - тој е негов ментор, по негов предлог е внесен во Синодот, тој е претседател на Комисијата за односи со другите цркви, ја води Комисијата за уставни прашања, а се чини дека има главен збор и во материјалното работење. Лично мислам дека негова заслуга ќе биде минимизирањето на финансиските малверзации за кои беше најавено брзо обелоденување, а што и до ден денес не се случи. Се ми се чини дека од најавените 300 страници доказен материјал се ќе се заврши само со една кривична пријава која веќе е отфрлена од судот. Но, најголем грев на владиката Петар е токму Нишката спогодба.

Со кое право отишол владиката Петар да преговара и потпишува спогодби кои значат уставни промени, кога тоа носи понижувачки статус и кога за тие прашања не само што не е надлежна Комисијата ниту Синодот, туку се во исклучива надлежност на Архијерејскиот Црковнонароден Собор, како највисоко црковноуправно и законодавно тело на МПЦ (чл. 38 и чл. 49 од Уставот на МПЦ).

По огромните реакции во јавноста првично изјави дека никој од Синодот, па ни тој, не се откажал од името на Црквата, но само декларативно. Во практика тој грчевито го брани Нишкиот документ, тој се гордее со него, сметајќи дека во него има многу позитивни работи. Во своето интервју во неделникот "ЗУМ" тој се обидува целиот македонски народ да го направи недоветен, поради што ќе мора јавно да се извини. Тој вели: "Не очекуваме такви одлуки од СПЦ со кои се задава најголем удар на МПЦ и на македонскиот народ – вели - откако еднаш не признаа сега не тераа да го потпишеме Нишкиот документ, кој ние го сметавме само како нацрт и како основа за понатамошни преговори".

Факт е дека СПЦ еднаш со своја одлука не призна, но исто така е факт дека со Нишката спогодба се укинува таа одлука, не ни зададоа тие најголем удар, туку самите ние, односно лично Петар со неговите пулени, не не натераа тие да го потпишеме договорот, туку самите го сторивме тоа со своите своеволни потписи. Впрочем, самиот Петар признава дека работената верзија - нацртот на Спогодбата ја подготвиле во Водоча и во Нови Сад. Во Ниш отишле само на потпис, како и да го залијат дебелото мрсно со дебело црно вино, да наздрават за успешно извршената зделка и како свештеници на иста црква братски да се разделат.

Што се однесува до формата на Спогодбата, таа воопшто не е битна. Во правото е битна содржината, а содржината Петар воопшто не ја оспорува. Дали ќе го крстите документот како работна верзија, нацрт или како било поинаку, оној момент кога е постигната согласност на волјите на двете страни, договорот - спогодбата се смета за заклучена. Во овој случај тоа е сторено уште во Водоча и Нови Сад, поради што во најмала рака е чудно да се очекува нов повик за продолжување на преговорите, освен ако не е во прашање скриената цел.

Владиката Петар се гордее со она што е постигнато во Ниш. Тој смета дека таа спогодба има многу позитивни работи. Како своја заслуга си го припишува наводниот факт дека во тој документ се изборил во Преамбулата да се вметне одлуката на СПЦ за признавање на нашата црква. Верувале или не, човекот не го прочитал ни сопствениот Устав. Доколку го стореше, тоа ќе забележеше дека наведената одлука на СПЦ е внесена во Преамбулата на Уставот од многу поодамна и без негова заслуга.

Како голем успех го смета тоа што со Нишката спогодба во меѓусебната комуникација со СПЦ и на локално ниво ќе сме можеле да го користиме досегашното уставно име. Верувале ил не, тој се гордее со тоа што во комуникацијата со кумановската и драчевската црква, па и со врањанската, на пример, ќе може да го користи досегашното уставно име. Голем успех, нема што!

Но, под кое име господинот Петар ќе ја застапува нашата црква во односите со трети цркви? Ќе смее ли тогаш да го спомне македонското име, тоа да & го објасни на македонската јавност.

Како позитивна работа од Нишката спогодба ја истакнува подготвеноста сите да не признаат како самостојна црква доколку го смениме името во Охридска Архиепископија, иако во минатото сите соседи ни ја присвојувале оваа црква, се разбира доколку од називот на црквата го исфрлиме македонското име. Верувале или не, тој се гордее со ова, но не објаснува чија ли црква ќе бидеме во тој случај, ако самите од називот го исфрлиме македонското име и чиј Поглавар ќе биде Неговото Блаженство, г.г. Стефан, ако неговата титула Архиепископ Охридски и Македонски се преименува во Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски. Убеден сум дека ќе се постигне токму спротивниот ефект. Тогаш уште пожестоко ќе не присвојуваат и тоа не само црквата, туку и народот и државата.

Вистински шок за мене како човек претставуваат неговите зборови: "Не очекуваме Нишкиот документ да се појави во јавноста". Си работеле луѓето тајно, веројатно требало до крај да ја завршат работата и да не стават пред свршен чин, па дури тогаш да ја информираат јавноста, но работата им ја расипал владиката Пахомие кој ја обелоденил. Затоа Петар многу му е лут, што е многу разбирливо, затоа што најверојатно тој сега ќе беше нашиот Гаврило Дожиќ, односно Српски Егзарх на Автономната Охридска Архиепископија, наместо владиката Јован.

Вистински бисери содржи малата исповед на владиката Петар пред јавноста, кога отворено признава дека како Комисија не знаеле дека Нишкиот документ ќе биде од толкаво значење, немале чувство што ќе произлезе од нивните парафи, го потпишале бидејќи го сметале како основа за понатамошни разговори, отворено признавајќи дека воопшто не размислувале за тежината која ќе се наметне со парафите, затоа што во секој случај над нив постои Синодот. Коментар на оваа изјава не е потребен, но не можам, а да не го изразам своето чудење како е можен толку неодговорен однос од луѓе на така високи позиции во црквата, за толку значајни работи кои се од вителен интерес за опстанокот на црквата. Владиката Петар во овој дел зборува во името на сите потписници. Чудно, но досега никој од преостанатите потписници не се јави со своја реакција за да се огради од ваквите изјави на Петар, бидејќи во нив се изречени квалификативи кои дефинираат деловно неспосбни лица.

Лично не верувам дека Нишката мисија им била доверена на деловно неспосбни лица, но верувам дека го потцениле македонскиот народ во намерата да го изманипулираат и да си ја завршат зделката што ја испланирале или задачата што ја добиле.

Со оглед на тоа дека нашите архијереи не се свесни за тежината на нивните потписи и последиците од нив, ќе им ги соопштиме јавно:

- Со Нишкиот документ вратени се вековните стремежи на македонскиот народ за самостојна црква на позиции од 19 век, широко отворајќи ги портите за туѓи влијаниа, како за културна, духовна и национална асимилација на македонскиот народ;

- Создадени се услови за раскол во Синодот;

- Создадени се услови за раздор со пријателските соседни православни народи.

Заради сето досега сторено, доколку имаат барем малку човечко достоинство и чувство на одговорност, расколникот Јован и неговиот ментор владиката Петар, заедно со нивните истомисленици, доколку се уште ги има и доколку се уште не се покајале, веднаш да ги фрлат архијерејските мантии и да ги отстапат на други кои ќе имаат барем малку македонско национално чувство. Во спротивно, веднаш и без одлагање Светиот синод да покрене црковно-судска постапка и да ги расчини овие ненародни владици. Да не се плаши од никакви закани и уцени, без оглед од каква природа да се. Народот ќе застане зад својот Синод, ќе знае и да му прости по некој грев, но предавство никако.

Светиот синод да престане да коленичи пред оние кои не сакаат ни името да ни го спомнат, да застане цврсто во одбрана на Уставот на МПЦ како негова најсвета должност, како и да застане во одбрана на честа на своите верници и македонскиот народ воопшто. Во спротивно, во согласност со старите македонски обичаи, сите од Синодот ќе мора да завршат бричени и истрижени, качени на магариња со лицето свртени кон опашката.
15-08-2010, 08:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ИНТЕРВЈУ

Игор Аврамовски, претседател на Здружението на македонските општини од Австралија и на Советот на Македонската заедница од Сиднеј

МПЦ Е ВО РАЦЕТЕ НА ИСКОМПЛЕКСИРАНИ ЛИЦА

Разговарала: Жаклина МИТЕВСКА

Моќта на Синодот на МПЦ моментално е узурпирана од страна на застапници на заложбата за разнебитување на МПЦ како независна православна Црква на македонскиот народ. Таквите застапници Македонската заедница во Австралија ја гледаат како пречка на нивната несвета мисија, па затоа и најмалку седум години работат на опустошување на нашата заедница.
За жал, демократската волја и интересите на мнозинството во Република Македонија се најниски приоритети на повеќето пратеници во Парламентот. Највисоки приоритети се исполнувањето на кусовидните лични интереси и лечењето комплекси, што претпоставува постојано потклекнување пред уцените на албанските екстремисти и ниско додворување на безброј странски тутори, авантуристи и неоимперијалисти.
МС: Господине Аврамовски, минатиот месец се одржа состанок на македонските црковни организации во Сиднеј на кој расправавте за односите со МПЦ, односно со владиката Петар. Што е договорено на тој состанок?

АВРАМОВСКИ: На 23 ноември 2002 година се одржа годишно собрание на Македонската православна црква за австралија (МПЦА). Утредента, на 24 ноември, се одржа годишното собрание на Здружението на македонските општини од Австралија (ЗМОА). За подобра информираност на јавноста, ќе појаснам дека Здружението е основач на МПЦА, а негови членки се македонските општини (заедници) кои ги основале и управуваат со храмовите кои ја сочинуваат МПЦА.

Поголемиот дел од двете собранија беше посветен на прашања од економско-административен карактер. Општ правец на расправите и одлуките беше зајакнување на организационата поставеност на МПЦА и ЗМОА како основа за долгорочен развој на Македонската заедница во Австралија. Нашиот развој претпоставува и надминување на сите напади против правата и достоинството на македонскиот народ, вклучувајќи ги нападите кои ги предводи Јован Каревски (наречен владика Петар).

За жал, во овој момент не постојат значајни прилики за соработка со органите на МПЦ во Македонија, па затоа и не се посветивме на тоа прашање. Таквата соработка не зависи од нас, туку од членовите на тие органи.

Моќта на Синодот на МПЦ моментално е узурпирана од страна на застапници на заложбата за разнебитување на МПЦ како независна православна Црква на македонскиот народ. Таквите застапници Македонската заедница во Австралија ја гледаат како пречка на нивната несвета мисија, па затоа и најмалку седум години работат на опустошување на нашата заедница.

Единствените владици кои имаат покажано волја за заштита на националното достоинство на МПЦ, г. Кирил и г. Агатангел, немаат покажано решителност за соработка со Македонската заедница во Австралија во таа насока. Највисокиот законодавен орган на МПЦ, Архиепископскиот Црковно-народен собор, се уште не е основан според Уставот на МПЦ, туку со разни манипулации е узурпиран од страна на претставници на моќниците кои владеат со Синодот. Имајќи ги предвид таквите околности, сите разговори и предложени решенија за подобрување на односите со органите на МПЦ во Македонија ќе претставуваат промашена енергија се додека не се направат радикални промени во составот на тие органи. Таквите промени најмногу зависат од свеста и организираните напори на Македонците во Република Македонија.

Како илустрација на фактот дека во Синодот не постои соодветна волја за плодна соработка со овдешната заедница, би потсетил дека Поглаварот Стефан ја посети Австралија на два пати во изминатата година, а ниту еднаш не се потруди да оствари средби со пошироката македонска заедница или со нејзините претставници.

Протоколот на првата посета на Стефан ја контролираше Петар кој не дозволи Стефан да се сретне со никој друг освен со неговиот ситен круг на приврзаници. Стефан одби да ги посети македонските цркви во Сиднеј, Њукастел и Аделајд, како и најстарата македонска православна црква надвор од Македонија, "Св. Ѓорѓи" од Мелбурн, кои ги посетуваат околу 40.000 верници. Наместо во нив, тој служеше пред педесетина следбеници на Петар во една нововерска зграда која & припаѓа на таканаречената Обединителна Црква (Uniting Church).

При неговата втора посета на Австралија, во октомври оваа година, Стефан воопшто не се појави во македонската јавност и не оствари ниту една средба со претставници на македонската заедница, под изговор дека неговата посета била "приватна". Се прашувам каква приватна работа може да има еден Архиепископ кој како монах се откажал од семејството и сите овоземски добра за целосно да се посвети на Црквата?

ТУЖБИ

МС: Долго време се води судски процес меѓу вас како посебна македонска црква во Австралија од една страна и владиката Петар како Митрополит Австралиско-новозеландски од друга страна. Во која фаза е моментно овој судски процес и ако може уште еднаш да се потсетиме колку пари вкупно се потрошени за него?

АВРАМОВСКИ: Досегашните тужби на Петар не се против МПЦ за Австралија, туку против одделни македонски православни општини во чии устави и други основачки акти неговите адвокати најдоа технички слабости. Станува збор за општини чии основачки водачи прифатиле канонска јурисдикција на МПЦ од Македонија без да обезбедат соодветен совет околу вкупните законски импликации и компликации кои произлегуваат од таквата јурисдикција, односно без да дефинираат практични ограничувања на канонската јурисдикција. Ваквите слабости беа доволни за Петар да ги одземе имотите на МПЦО "Св. Никола" и МПЦО "Св. Илија" од Мелбурн; да ја оштети МПЦО "Св. Петка" од Сиднеј со над половина милион долари во адвокатски трошоци; а Македонската обединета општина за Западна Австралија да ја доведе до степен да го загуби својот Клуб од неможност да ги исплаќа кредитните трошоци заради обземеност со актуелен судски спор.

Претресот при постапката против МПЦО "Св. Петка" од Сиднеј пред Врховниот Суд на Нов Јужен Велс е веќе завршен, а одлуката на судијата се очекува некаде во почетокот на идната година, иако може да пристигне порано или подоцна.

По повеќе измени во содржината на тужбата, суштината на постапката се сведе на обид Петар и неговиот намесник Митко Митрев да докажат дека имотите на "Св. Петка" се купени или изградени во име и во интерес на МПЦ во Македонија, според што треба да бидат управувани од страна на надлежниот Архиереј на МПЦ, согласно Правилник наметнат од Синодот. Во своја одбрана МПЦО "Св. Петка" тврди дека сите нејзини имоти се купени или изградени во име и во интерес на локалната македонска православна заедница која треба демократски и доброволно да управува со истите, во согласност со уставот регистриран пред австралиските органи при основањето на општините, кој го донесуваат и менуваат нејзините членови.

Неколкумина од основачите на МПЦО "Св. Петка" сведочеа во поддршка на општината, а ниту еден не сведочеше во поддршка на Петар. Некои од нашите сведоци потврдија дека при основањето на црквата прифатиле канонска јурисдикција на МПЦ, односно прифатиле да се управуваат според Уставот на МПЦ од Македонија и според решенијата на Синодот, бидејќи тоа им било наметнато како услов за да добијат свештеник. Тие се обидоа да појаснат дека под канонска јурисдикција на МПЦ подразбирале јурисдикција врз верската содржина на црквата, но не и врз имотите и финансиската администрација на општината, кои отсекогаш биле под јурисдикција на Уставот на општината. За жал, таквото разграничување на ингеренциите не е јасно дефинирано во основачките акти, што значи дека судијата е соочен со една крајно сложена фактичка состојба, каде што изгледа дека општината била основана со противречни намери и противречни акти.

Изгледа дека статус квото на општото право (Common Law) на Австралија не содржи законски преседан кој е соодветен за сложената фактичка состојба при спорот околу имотите на МПЦО "Св. Петка". Според тоа, можно е актуелниот судија да донесе неизвесно решение кое нема да задоволи ниту една страна и според тоа ќе биде неспроведливо. Ако тоа се случи, може да се очекува префрлување на спорот во Апелациониот Суд на Нов Јужен Велс, кој има јурисдикција да воведе нов, соодветен преседан.

За точните трошоци на МПЦО "Св. Петка" ќе треба да ја прашате управата на таа општина, но како што сум јас известен досега станува збор за околу половина милион долари. Претпоставувам дека адвокатските трошоци на Петар и Митко Митрев се слични и најверојатно се или ќе бидат платени со приходи, продажби и заложувања на македонски народни имоти врз кои досега успеале да наметнат контрола, како што се поранешната епархиска куќа и храмовите "Св Никола" и "Св. Илија" во Мелбурн.

Како што сум информиран, претресот по суштинските прашања во спорот со Македонската обединета општина од Западна Австралија се уште не е започнат, иако финансискиот товар веќе доведе до губење на Клубот на општината. За точните трошоци ќе треба да ја прашате управата на таа општина, но претпоставувам дека доколку процесот продолжи докрај, вкупните трошоци ќе бидат слични на оние во спорот со Св. Петка. Претпоставувам дека натамошниот терк на судската постапка во Западна Австралија ќе зависи од исходот на постапката против "Св. Петка".

САМОУНИШТУВАЊЕ


МС: Како ја оценувате сегашната состојба во Македонската православна црква? Кој е Вашиот коментар за премолчувањето на проблемот со разрешениот владика Јован и со нерасчистените односи со СПЦ?

АВРАМОВСКИ: Состојбата во МПЦ во Македонија во суштина не се разликува од општата политичка состојба во државата.

Очигледно е дека моќта во сите клучни институции во Република Македонија, вклучувајќи ги и најбројните македонски политички партии и МПЦ, е во рацете на крајно искомплексирани лица со недостиг на морални вредности, национална свест и чувство за заедничкото добро на македонскиот народ. Ваквите "моќници" очигледно не го почитуваат домородното македонско наследство и не веруваат во можноста и правото на македонскиот народ да постои самостојно, па затоа градат кариери како вазали на разни странски интереси. Тие не покажуваат никаква храброст или решителност во одбрана на правата и достоинството на македонскиот народ, дури и кога нападите доаѓаат од екстремистичката клика на едно малцинство кое нема силна матична држава. Наместо тоа, нашите "моќници" ја чуваат својата енергија и суровост за самоуништувачки меѓусебни пресметки на македонскиот народ.

Во други зборови, македонските "моќници" потполно ја задоволуваат рецептата за ропски менталитет, а добар дел од нив може да се опишат и како модерни јаничари. Како такви, тие се активно влезени во служба на странски сили кои Македонија ја третираат како поле за своја националистичка експанзија, криминални дејности, сурова комерцијална експлоатација и/или експериментирање со разни меѓуетнички решенија. За возврат, таквите странски сили вложуваат значајни финансиски, пропагандни, логистички и разузнувачки напори да им помогнат на новопечените македонски вазали да ги освојат и задржат сите влијателни позиции во македонските институции.

Ние подолго време бевме уверени дека со Синодот на МПЦ владеат луѓе кои работат за задушување на самостојниот домороден македонски идентитет, што се покажа со нивната хајка за разнебитување на Македонската заедница во Австралија. Неспорен доказ дека нашиот заклучок бил правилен е таканаречената "нишка спогодба," при која тројца официјални претставници на САС со свој потпис потврдија дека ја оспоруваат легитимноста на МПЦ како независна православна црква на македонскиот народ и дека сакаат нашите верници и храмови да ги стават под српска јурисдикција.

Уверен сум дека не постојат значајни разлики во намерите на Зоран Вранишковски (наречен владика Јован) и преостанатите членови на Синодот, со исклучок на г. Агатангел и г. Кирил, а можеби и г. Горазд. Во овој поглед се повикувам на прашањето кое во еден свој памфлет самиот Јован го постави до потписниците на "нишката спогодба", Петар, Јован и Тимотеј:

"Тие што ме обвинуваат ќе мора еднаш да ми одговорат на прашањето: Зошто во Ниш потпишаа согласност за она што јас го претворив во реалност, а потоа ги повлекоа своите потписи? Небаре мали деца кога играат криенка, па велат, пу, пу не важи”.

Дека и Поглаварот Стефан стои зад "нишката спогодба" докажува фактот што тој воопшто нема изјавено дека таа претставува поткопување на МПЦ или дека е потпишана спротивно на неговата волја. Тоа што Стефан и тројцата потписници цел месец го мереа револтот на јавноста пред да одлучат дека не ја прифаќаат спогодбата само значи дека нејзиното спроведување го одложиле за поповолни политички околности, а не дека се откажале од своите антимакедонски намери.

Сметам дека македонската јавност треба да посвети далеку поголемо внимание и на додворувачкото обраќање на Синодот на МПЦ до Синодот на Српската патријаршија по "нишката спогодба", во кое употребата на името Македонска православна црква се оправдува како опис на територијата на која дејствува Црквата, наместо како идентитет на народот којшто ја сочинува. Ова пред се се коси со Уставот на МПЦ, според чија преамбула МПЦ го носи името на македонскиот народ како нејзин основач. А најзначајно е тоа што со ваквиот став Синодот ја потврдува индоктринацијата дека Македонија е само географски поим, односно име на територија без свој домороден (афтохтон) македонски народ.

Понатаму би спомнал дека Петар продолжува упорно да ги убедува неговите следбеници во Австралија дека "нишката спогодба" била добра за МПЦ и дека негативното јавно мислење за спогодбата е резултат на дезинформации од страна на новинари и други лица кои недоволно ги познаваат неговите канони.

За крај би заклучил дека суштинската разлика меѓу Јован од една страна и Петар, Наум, Тимотеј и Поглаварот Стефан од друга, е во тоа што Јован применува поризични конфронтациски методи во спроведувањето на своите уверувања, додека преостанатите дејствуваат потактично за да не ги загубат лагодните позиции. Нешто како разликата меѓу волк и волци во овча кожа.
15-08-2010, 09:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Ќе се обединат ли македонските цркви во Австралија?

Автор: Редакција ФОРУМ 18:01 | 16 август 2010

Владиката Петар одржа прес конференција

[Image: lookup]

Проблемите во Австралија околу црквите што ги имаат Македонците, ги создаваат лица кои сакаат со години да опстојат во црквите, вели Стефан Ѓорѓиевски од австралиско-македонскиот неделник

од Емилија Јовчевска, од Битола

Иако во јавноста прикажуваат дека зборуваат во името на народот, тие зборуваат само од името на мал број Македонци.
„По смената на владиката Тимотеј, бидејќи не го сакаа истите тие луѓе, дојде владиката Петар кој сакаше да ги обедини македонците“, ни изјави Стефан Ѓорѓиевски од австралиско-македонскиот неделник.
Македонците во Австралија несомнено се големи патриоти, но едноставно не сакаат Владиката да доминира со црквата, туку сакаат тие да раководат со нив, вели нашиот соговорник. Истите тие луѓе поставуваат свештеници во црквите кои се протерани од Македонија, со криминално досие, а тоа не се толерира од страна на МПЦ и на владиката Петар.
„Кога дојде владиката Петар, тој сакаше да ги обедини сите цркви и да бидеме сите под капата на МПЦ, што е логично“, вели Ѓорѓиевски.
Според Ѓорѓиевски, владиката Петар се обидува да ги сплоти македонците и да регистрира првпат македонска црква со печат и тапија.
„Изјавата на дедо Петар дека пензионерите одат и се коцкаат во казина е точна, а доста од нив велат дека тоа не е вистина и дека Петар лаже. Петар не лаже“, вели Ѓорѓиевски.
Околу овој проблем во последната година по судските спорови се потрошениу милиони долари. Дел од македонците излезот го гледаат во директно вклучување на поглаварот на МПЦ во преговорите, или можеби и Владата на Македонија. Разрешницата на проблемот сепак треба да ја донесат судските власти во Австралија.
17-08-2010, 03:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Австралија ги скара владиците Петар и Тимотеј


[Image: 926175BE6824E8419065337EE5D7BFF2.jpg]


Коj се меша во ингеренциите НА ДРУГИОТ во управувањето со црковниот имот за коj со години се води судска битка во судовите?

Гордана Дувњак

Австралискиот црковен вирус зафати и двајца владици на МПЦ и се заканува да внесе раздор во Светиот синод. Владиката Петар, кој е во децениски судски спор со 12 црковни општини од Австралија, кои не се под ингеренција на матичната црква, јавно го обвини владиката Тимотеј дека се меша во туѓа епархија.

Митрополитот преспанско-пелагониски Петар, кој воедно е и администратор австралиско-новозеландски, се заканува дека за однесувањето на колегата, кој раководи со дебарско-кичевската епархија, ќе го извести црковниот врв и ќе бара дисциплинска мерка. Прозваниот владика Тимотеј не сака да ги коментира изјавите на владиката Петар, но додава дека ќе има што да каже пред членовите на Синодот, доколку дотаму дојде работата.

Владиката Петар во интервјуто за австралиското радио Илинден од Мелбурн, викендов опширно зборувал за законот за МПЦ. Во новата законска рамка тој се залага за решение, кое ќе предвиди создавање законски старател на имотот на МПЦ во Австралија. На тој начин, смета тој, конечно, ќе се надмине спорот со црковните општини, со кои се суди во австралиските судови уште од 1996 година и им се дадени големи пари на адвокати.

Во интервјуто значаен дел му е посветен и на актуелниот портпарол на МПЦ, владиката Тимотеј. Нивниот личен анимозитет одамна е јавна тајна во црковните кругови, но со последните случувања само излезе на виделина.

„Каноните велат дека ниеден владика не смее да служи и да проповеда во туѓа епархија. За служба во туѓа епархија на некој владика, и особено за верници во таа епархија, или цркви, според каноните, таквата личност треба да се расчини. Во туѓа епархија не би си дозволил да отидам и без благослов на надлежниот владика да вршам каква било служба или најмал чин без одобрение од тамошниот владика“, изјавува владиката Петар. Тој објаснува дека многу се манипулирало оти тој ја зел епархијата од митрополитот Тимотеј, но, како што додава, тоа не е вистина. Од членовите на Синодот бил замолен да ја преземе поради поделбите што настанале таму пред да дојде.

„Уште на првата седница Тимотеј рече дека ќе се меша во епархијата и оти ќе работел да ја растури. Еве, ја растура. Јас јавно апелирам и го молам да не ја растура. И тврдам дека овие луѓе надвор од епархијата се негова жртва. Тој ги манипулира и им ветува дека ќе го отстрани владиката Петар и епархијата ќе му ја даде на некој друг“, нагласува владиката Петар. Тој му испратил порака на Тимотеј да не се меша во неговата епархија за Австралија и за Нов Зеланд, и, како што вели, да не „испраќа поштари да читаат негови писма“. Вели дека владиката ја минал границата на некоректно однесување и тоа било сигнал дека ова прашање треба, конечно, се постави пред Светиот синод. Неговото инволвирање го доживува како нож в грб и најавува дека ќе се преземаат црковни правни мерки.

Владиката Тимотеј вчера во телефонскиот разговор не сакаше да ги коментира обвинувањата на Петар, но, сепак, нагласи дека е „срамота тоа што го изјавува во Австралија“.

За причините на гневот на владиката што го обвини, рече само дека се банални и неаргументирани.

„Јас само испратив писмо до нашите верници, со кои им го честитам 50-годишниот јубилеј на најстарата македонска црква ’Св. Ѓорѓија‘, која е прва основана црква надвор од Македонија, а во време кога МПЦ се' уште немаше добиено автокефалност“, истакнува владиката Тимотеј.

Тој вели дека не е никакво мешање доколку им се честита еден таков важен датум на нашите луѓе таму.

„Не сум направил ништо лошо. А, доколку владиката Тимотеј сака да го отвори ова прашање пред Светиот синод и реши да бара некаква одговорност, навистина би сакал да слушнам што има да каже. За многу работи и јас ќе имам што да го прашам“, додава на крај Тимотеј. (Г.Д.)
18-08-2010, 12:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Владиката Петар не успеа да воведе старателство врз црквите во Австралија

[Image: 4BC62BE669C8C64490E46F2CCF2F1C3E.jpg]

Парламентот на државата Нов Јужен Велс вчера одби да го разгледува барањето на владиката Петар за донесување закон за старателство на МПЦОА во Австралија. Со законот се бара целосна контрола над имотите на општините и финансиските средства, која би се вршела преку посебен старателски совет.

На вчерашната сесија во Парламентот, присуствуваа митрополитот Петар заедно со останатите свештеници од Австралија, како и претставниците на црковните имоти, кои се против донесување таков закон. Во барањето, митрополитот Петар поднесел тапии на четири општини кои се на негово мирско име.

Барањето на митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско- новозеландски е одбиено затоа што нема поткрепа од општините кои се под негова духовна јурисдикција. Сослушани беа двете страни, кои се за и против донесување ваков закон. Парламентот го одби барањето на митрополитот Петар, а слично барање беше одбиено и во Парламентот на Викторија пред една година.

Митрополитот Петар неодамна во интервју за македонското радио Илинден во Австралија појасни дека законот се однесува за старателство на четири имоти (Соборната црква во Сиднеј, „Св. Прохор Пчињски“ во Донибрук, „Св. Богородица“ во Аделаид и црквата „Св. Богородица Пречиста“ во Ливерпул, Сиднеј ). (П.Р.)
23-08-2010, 11:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:24 August 2010

BY EMAIL: contact@utrinski.com.mk


Г-н Љупчо Поповски

Главен и одговорен уредник
Утрински Весник

Почитуван Г-не Поповски

Ние сме правни застапници на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Петар Каревски и Македонската Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд.

Ви се обраќаме во врска со написот насловен “Владиката Петар не успеа да воведе старателство врз црквите во Австралија”, објавен во денешното интернет издание (24 август 2010) на Утрински Весник, за да ве известиме дека информациите кои се објавени во тој напис се неточни.

Ние ја застапуваме Епархијата во сите правни работи во врска со предлог законот за старателство (насловен Macedonian Orthodox Church Property Trust Bill 2010). Предлог законот беше воведен во Парламентот на Нов Јужен Велс на 10 јуни 2010, а на 24 јуни 2010 беше предаден на Парламентарна комисија (General Purpose Standing Committee No.3) за да се разгледа неговиот ефект и делување. Во текот на минатиот месец, оваа комисија прими писмени изјави од заинтересирани лица и организации. Јавно сослушување на сведоци кои поднесоа писмени изјави и од кои комисијата сакаше да чуе подетално беше закажано за 23 август 2010.

Ве известуваме дека Парламентот на Нов Јужен Велс не заседава во моментов, зимската пауза започна на 25 јуни 2010 и ќе трае до крајот на месецов, а првиот ден на заседавање по оваа пауза е 31 август 2010. Вашиот напис дека на вчерашната сесија на Парламентот се разгледувал горенаведениот закон е неточна.

Вчера, на 23 Август 2010, се одржа јавното сослушување од страна на Парламентарната комисија. Транскриптот од вчерашното сослушување и изјавите на оние кои се појавија како сведоци во целост е објавен на следнава веб-страница:

http://www.parliament.nsw.gov.au/Prod/pa...4D001B0FC4

На истата веб-страница исто така има линкови до сите писмени изјави поднесени до Парламентарната комисија како и до текстот на предлог законот.

Г-нот Пол Хој, Висок Советник (Senior Counsel), и Билјана Апостолова-Антуновиќ, партнер, во нашата адвокатска куќа, сведочеа пред комисијата во името на Епархијата и 20-тина црковни општини кои се во заедништво со Македонската Православна Црква. Митрополитот Петар беше присутен придружуван од 21 свештеник во Епархијата. Сведочеа исто така и оние кои не го подржуваат предлог законот.

Парламентарната комисија ќе ги разгледа сите изјави, и ќе подготви извештај до Парламентот на Нов Јужен Велс. По разгледувањето на овој извештај, Парламентот ќе одлучува дали предог законот ке биде усвоен.

Поради горенаведеното, вашиот напис дека Парламентот на Нов Јужен Велс одби да го разгледува барањето на владиката Петар за донесување закон за старателсто е неточен. Неточен е исто така и вашиот напис дека сличен закон беше одбиен и од Парламентот на Викторија. Предлог законот на Викторија беше повлечен по барање на владиката Петар.

Важно е, со цел да се заштитат интересите на Македонската заедница во Австралија, да го објавите ова писмо и да ги корегирате многубројните грешки во гореспоменатиот напис.

Со почит,


Biljana Apostolova-Antunovic Paul Hoy
25-08-2010, 03:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Страм до страм-Кога се распаѓа династијата веќе почнува да се губи и разумот

Напишано од Radio Ilinden

Петок, 27 Август 2010 16:52

Македонија ке биде под бугарска или српска окупација,МПЦ е странска црква,МПЦ ке биде под Бугарска или Српска црква,ние несме религиска организација ама сакаме да изиграваме црква само поради профитот и имотот,МПЦ несмее да се регистрира во Австралија бидеќи ќе биде многу моќна - овие се само дел од неколку зборови што се вртеја деновиве низ Австралија на кој Македонската заедница остана во шок одкако разбра дека слични вакви зборови се искажани од Македонци на сослушување во парламентот во Нов Јузен Велс за регистрирање на старател за МПЦ на кој Македонци сведочеја рамо до рамо заедно со грчки организации против регистрирањето на старател за МПЦ.


Во понеделникот во парламентот во Нов Јужен Велс имаше излагање на подржувачите и наравно и за оние што беа против регистрирањето на старател за МПЦ. Но нажалост против овај закон се јавија неколку македонски организации и поединци заедно со некоја грчка организација. Македонската заедница во Австралија се вчудоневиди одкако разбра за ова што се случи во парламентот,неверуваќи дека до толку можат да отидат некои Македонци. Во парламентот место да се расправа за законите и амадманите противниците почнале да им држат предавање по историја на членовите од комисијата и да сеат невидена омраза против МПЦ. Еден од тие противници на МПЦ кој одржа говор беше и Господинот Игор Аврамовски Александров на кој ќе ви пренесеме два цитати од неговото излагање.

На прасањето на комисијата- Доколку одредени клаузи од законот со кои неговата асоциација не се согласува бидат избришани од законот,дали тоа ќе го промени нивниот став?

Игор А. Александров одговара-


На крајот на денот, и доколку овие клаузи се избришат, Синодот се уште ќе може да ги стави црквите под друга црква. Доколку политичката ситуација во Македонија се промени, што нема да биде зачудувачки бидејќи контролата врз земјата се има променето незнам колку пати во овој век; доколку политичката ситуација таму се смени, да речеме на пример доколку има повторна граѓанска војна и дел од Македонија и делот каде што оваа црква е лоцирана влезе во алијанса со Бугарија или Србија, тогаш црквите овде кои и да се што се вклучени под овој закон ке паднат под Бугарската или Српската црква без согласност со месната заедница бидејќи нема заштита во овој закон за намерите на заедниците кои придонеле средства и труд во овие цркви, било кои од нив...

Ви пренесуваме уште еден цитат на кој Господинот Игор А. Александров го вели следново цитираме-

Само сакам да објаснам дека Асоцијацијата на Македонски Заедници во Австралија не е религиозна организација според своите намени; туку е етничка, месна организација и е афилијација на независни инкорпорирани Македонски заедници низ Австралија. Слична е на Советот на Етнички Заедници во Нов Јужен Велс во смисла дека не се меша во имотното управување на секоја асоцијација но поставува правила кои се заеднички за овие организации и ги спроведува овие правила.

Почитувани читатели на ова признавање на Александров дека неговата асоцијација нее религиозна асоцијација тогаш зошто толку побуна за закон кој што е само за црквата и никој друг. Можат и многу други прашања и подпрашања да се поставуваат на сево ова на пример ако несе религиозна организација тогаш зошто до сега крштаваа и венчаваа и зошто од една страна изиграваат цркви а од друга страна нешто друго вака коментираа после сево ова неколку наши слушатели на радио Илинден,Мелбурн. Пред два дена јас лично Дончо Ангелоски како уредник на програмите на радио Илинден,Мелбурн после сиве овие излагања во парламентот а по барање на нашите слушатели организирав да земам изјави од Игор А. Александров како излагач и противник на овај закон,исто така зедов изјава од Дедото Петар од некои верници на МПЦ од Господинот Јане Мавчев и некои интелектулци кои го следеја сослушувањето на законот изјава побарав од Господинот Владимир Стрезов професор на Маквори универзитетот во Сиднеј. Но нажалост иако Господинот Александров 45 минути ми одговараше на поставените прашања на крајот од разговорот незнам од кои причини не ми дозвили да го објавам 45 минутното интервју,радио Илинден е почитува одлуката на Александров и интервјуто не го објави. Жалиме што македонската јавност не ги слушна одговорите на следниве прашања поставени до Александров-

1.КАКО СЕ ЧУСТВУВА КАКО МАКЕДОНЕЦ КОГА Е ПРОТИВ РЕГИСТРИРАЊЕТО НА СТАРАТЕЛ ЗА МПЦ И КОКО Е ЧУСТВОТО ДА СИ ЗАЕДНО СО НЕКОИ ГРЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ ПРОТИВ ЗАКОНОТ?

2.ЗОШТО МУ СМЕТА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА КОГА ВЛАДИКАТА ГИ РЕГИСТРИРА ЦРКВИТЕ ШТО СЕ ПОД НЕГОВА ЕПАРХИЈА И НЕМА ВРСКА СО НЕГОВИТЕ.

3.ЗОШТО СИ ПРОТИВ ОВАЈ ЗАКОН И ВЕЛИТЕ ДЕКА Е ШТЕТЕН КОГА СО ОВАЈ ИСТИ ЗАКОН СЕ ИМААТ РЕГИСТРИРАНО ПОВЕЌЕ ОД 30 ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ КАКО ШТО СЕ ГРЧКАТА,РУСКАТА ПРАВОСЛАВН ЦРКВА И МНОГУ ДРУГИ? 4.ИМАВНЕ УШТЕ МНОГУ ПРАШАЊА КАКО И ТОА ПОБАРАВНЕ КОЛКУ МУ Е ГОДИШНАТА ПЛАТА ШТО МУ Е ИСПЛАЧААТ НЕГОВИТЕ ЦРКВИ И ТНТ.

Подолу ви ги пренесуваме од одговорените прашања на нашите погоре најавени соговорници од специјалната емисија на радио Илинден,Мелбурн кој е емитувавне во четвртокот специјално за црковните слочувања во врска со регистрацијата на старател на МПЦ.

Дончо Ангелоски- Дедо Петар дали сте изненадени од вакви изјави и од противењето на некои македонски поединци и организаци заедно рамо до рамо со некои грчки организации против регистрирањето за старател на МПЦ?

Не! воопшто не сум изненаден,ние знаеме дека со нив соработуваат и иста политика спроведуваат.нивната цел им е заедничка како онаа германска поговорка: ,,Тие различно,оделно маршираат ама кон иста цел нишанат,бијат,,. Што значи иста им е стратегијата иста им е целта и војната само што различно маршираат.

Дончо Ангелоски- Господине Мавчев вие како голем верник и голем поборник за Македонската кауза кое е вашиот коментар за изјавите од типот дека Македонија можеби ке биде под Бугарска или Српска окупација и тогаш МПЦ ќе биде под Бугарска или Српска црква?

Видете го прочитав тоа,и тоа сведочење веќе се наоѓа во австралиските институции на тој таканаречениот верник на таканарецената македонска организација,јас сум така тотално згрозен и одвај чекам да го стретнам и да му кажам дека тој повеќе не заслужува да биде верник на МПЦ и дека не припаѓа на Македоската Нација. Кој мозе Македонија да е нападне и освои поминале многу ропства но опстанала Македонија и Македонската Нација исклучиво благодарение на МПЦ и Вера и несмееме сега да е даваме на такви одроди.

Дончо Ангелоски- Професоре Владимир Стрезов кое е вашето мислење за законот за старателство на МПЦ за Австралија?

Постои еден закон кој што моментално се разгледува во Нов Јужен Велс а тоа е законот за старателство на МПЦ кој што сметам е од исклучително значење за секој Македонец,затоа што овај закон практично постои за сите регистрирани цркви односно црковни заедници во Австралија. Од прилика во Австралија со овај закон се регистрирани околу 30 црковни заедници,единствено само 3 го немаат овај закон,МПЦ е една од нив,така да со овај закон и МПЦ ќе се изедначи со сите верски заедници во Австралија. Овај закон практично е формулиран да не наметнува сила над ниту една црква што во моментов функционираат во Австралија,дури ни ниту на тие кои не се во моментов во единство со МПЦ. Единствено што е важно со овај закон е тоа што се формира едно тело,правно тело во Австралија да речам МПЦ која мозе сама себеси да си се регулира а тоа е од голема важност но очигледно еве на некому му пречи.

Дончо Ангелоски- Професоре кој е вашиот коментар што македонски организации и поединци рамо до рамо заедно со грчки организации се против регистрирањето на старател за МПЦ?

Вака како стандардна процедура што е за донесување на закони во Австралија,значи како дел од тој стандард парламентот распиша практично секој кој има мислење за тој закон да си даде коментар,дали позитивен дали негативен. Јас ги погледнав речиси сите коментари. Например позитивни коментари дојдоја од Антеохиската православна црква,Копската,Демохристијанската партија и од МПЦ. Меѓутоа,исто како опозиција како обжалување се појавија исто така одреден број на жалби,првата број еден дојде од Хеленскиот совет,после него имаше обжалување поготово од некој менаѓерски тимови од Нов Јужен Велс. Кога ќе погледнете како главни аргументи замислете заведени им се дека МПЦ е странска добротворна организација и бидеќи била организација од странство МПЦ несмеела да поседува имоти во Австралија. Ете тоа беше еден од најголемите нивен аргумент. А од Нукастел интересно беше едно нивно писмо во кое се наведува дека МПЦ несмее да се регистрира во Австралија дека ќе стане многу моќна. Исто така во понеделникот додека се разговараше повеќе пати се споменуваше она дека МПЦ е странска црква и тоа можеби повеке од 10 пати,практично еден од најголемите проблеми е тоа што МПЦ не е сметаат за своја.

Дончо Ангелоски- Професоре Стрезов дали очекувавте вакво противење и вакви изјави од Македонци?. Вие како Професор и Македонец како се чуствувате после сево ова?

Искрено очекував противење но противењето мислев ќе биде од менаѓерска природа,например кој како ќе менаѓира кој правилници ќе бидат во црквите и тнт. Но искрено да кажам никогаш не би можел да предпоставам дека наши македонски луге дојдени во Австралија со своето крштевање е носат МПЦ во Австралија да изјават дека МПЦ е странска црква,тоа емногу долен удар и мислам со овие изјави самите себе си даваат удар,навистина уште еднаш велам дека тоа за мене како Македонец беше навистина големо изненадување рече со овие завршни зборови Професор Владимир Стрезов од Маквори унивирзитетот во Сиднеј во интервју за радио Илинден,Мелбурн

ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ВИСТИНАТА

Дончо Ангелоски
27-08-2010, 06:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9



Quote:Екслузивно - Дебата на Радио Илинден Мелбурн

Уредник и водител

Дончо Ангелоски

Тема – Црковните случувања во Австралија, црковните закони,регистрирањето на старател

Соговорници:Митрополитот Преспанско -пелагониски и администратор австралиско-новозеландски Г-дин Петар ,Биљана Апостолова, адвокатот за МПЦ Епархија, Диме Мераковски автор на книгата Измамени верници, професорот во Меквори универзитетот, Владимир Стрезов.

Долго очекувана дебата од страна на слушателите, видни претставници од Македонската заедница и политичкиот живот на Македонија, како и пошироката македонска јавност во Мелбурн Викторија. Целта на оваа отворена програма е преку разговор со најкомпетентните лица во врска со црковниот спор да се дадат детални објаснувања за можносите за надминуњае на проблемите околу прифаќање на законот за старателство. Исто така да се нагласат последиците од негово неприфаќање, да се насочи народот кон вистинскиот пат и разбирање на оваа проблематика. За прв пат јавноста директно е запозната со сите детали и од разни аспекти е дадено појаснување и образложување за ситуацијата со МПЦ во Австралија. Со самото пристуство на најкометентните личности се даваат објаснувања како да се надминат сите недоразбирања во интерес на македонската православна црква и македонското единство. Со оваа радио дебата на големо се допринесе да се расчистат сите заблуди и погрешни размислувања за МПЦ од страна на опозицијата која упорно врши раздор и шири пропаганди меѓу македонското население во Австралија.

Според адвокатот на Епархијата Биљана Апостолова ‘Имотната сопственост на црквата по црковните закони е многу јасна, имотите се ничија сопственост, тие се за целите на светата црква и се божји имот. Австралиските закони имаат најразлични форми на правни лица и она што е важно во областа на црквите е дека – поставен е преседан во законите на австралиското право да црквите бидат основани под закон на парламент на одредена држава во Австралија каде што таа црква функционира и има епархија или епархии и да биде основана како законски старател .

За значењето на законот за старателство професорот Владимир Стрезовски вели : ‘ Практично овој закон важи за оние имоти во кои што владее уставот на МПЦ. А додека оние легални ентитети во кои владее приватен правилник , дали се уплашија или ја сметаат за конкурентна МПЦ не знам меѓутоа во нивните интернет објавени писма се вели дека МПЦ е странска институција и тоа можете да го најдете на многу места во тие објави. И второто е тоа дека законот ќе ја засили МПЦ во Австралија. значи проблемот е што МПЦ ќе стане силна. И практично, опозицијата е од страна на тие легални ентитети во кои што не владее уставот на МПЦ‘.

Диме Мераковски дава детално објаснување за вистинските почетоци на проблемите, за опозицијата на црквата и вели : ‘Така проблемот настана од 1974 година наваму а не откако дошол дедо Петар во Австралија 1996(како што тие велат). Овие луѓе од една страна се кажуваат македонски цркви а од друга страна не сакаат да прифатат ништо црковно и тука е проблемот кој постои денес и тие само злоупотребуваат со името црковно. Најголемата штета на македонскиот народ, на македонската црква е не во парите него во единството на македонскиот народ. Кога тие луѓе ги нарекоа Македонците од републиката ‘тие‘ и ‘ние‘ веќе ставија граница дека тие се други луѓе а ние други.

Владиката Петар дава детални објаснувања за важноста од донесвуање на законот за старател и апелира до сите кои се спротивставуваа на донесувањето на законот за старателство имаат погрешно толкување за самиот чин и по се изгледа се водат по своја ‘визијаЌ за тоа како да се раководи МПЦ и нејзините имоти со игнорирање на каноните на МПЦ. Неговото преосвештенство, Митрополитот Петар меѓу другото нагласи: ‘Мисијата на црквата е да се грижат за спасението на верниците и на свештенството во смисла да ги заштитат да ги ослободат од сите грешни помисли , зборови, дела, од гревовите и да ги направат свети луѓе. А во мисијата на црквата условите се да им се обезбеди црква со сите можности за заедничка служба– Веќе беше кажано од моите претходници дека треба да се бара вистината и вистинскиот пат Господ Исус Христос рекол – Јас сум патот, вистината и животот . Значи пат, вистина и живот , надвор од Христа надвор нема. Уште еднаш родителски , пастирски , архипастирски упатувам до сите наши верници во оваа македонска православна црква, епархија за Австралија и Нов Зеланд , да оставиме секакви можни клевети , секакви измами , секакви противења , да се врземе сите за верата наша света православна , црквата македонска , да се здружиме, да си простиме едни со други .‘


13-02-2011, 04:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10


Quote:Дебата на Радио Илинден Мелбурн



Д.А Почитувани слушатели Македонки и Македонци, како што најавувме вечерва ќе ја проследите првата дебата на Радио Илинден Мелбурн. Во оваа дебата треба да се разјаснат многу дилеми, да се открие вистината. Теми на вечерашнава отворена програма ќе бидат:Црковните случувања во Австралија, црковните закони,регистрирањето на старател и многу други значајни теми преку кои македонската јавност ќе има прилика да дознае нешто повеќе. Гости во студиото; Неговото високо преосвештенство Митрополитот Петар, правниот застапник на Епархијата и на Владиката, Биљана Апостолова и на телефон ќе биде со нас, Професор Владимир Стрезов од Универзитетот Меквори во Сиднеј, и Диме Мераковски, автор на книгата Измамени верници.

Дедо Петар добро ни дојдовте во студиото и чест ни е што сте со нас и што ќе не информирате од прва рака за се околу црковниот живот.

Владиката- Добро ве најдов,Ви благодарам на поканата да учествувам во оваа емисија, и се надевам ќе биде многу интересна дебата како што и вие најавувавте.

Д.А Дедо Петар, дали ќе дозволите заради времето на емисијата да ви се обраќаме со Дедо Петар наместо со Ваше високо преосвештенство.

Владиката – Секако, така е подобро и заради времетраењето и заради поради блискост во комуникацијата. Кога се обраќаме така и према своите блиски се чувствуваме пријатно.

Д.А чест ни е што се со нас и адвокатката Биљана Апостолова, Диме Мераковски и Проф. Владимир Стрезов.

Б.Апостолова - Добро ве најдов Дончо, поздрав до вас и благодарам за поканата.

Д.М Добро ве најдов Дончо и поздрав до сите слушатели.

В.С Да се слушаме, поздрав до вас , и до гостите, до Дедо Петар и до сите ваши слушатели.

Дончо А. Се надевам дека во оваа радио-дебата ќе се разјаснат многу шпекулации кои се вртат во последните 20 години, и време е народот да ја дознае вистината, и време е да се спречат сите злоупотреби и на црквата и на народот и на верниците на сите полиња. Ги повикувам сите слушатели да се јават со прашања за се што ги интересира. Овие личности во нашето студио се најкомпетентните во нашата Заедница и во МПЦ, кои можат од прва рака да ве информираат и од кои треба да се чуе вистината.
13-02-2011, 05:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Д.А нашиот гостин Диме Мераковски автор на книгата Измамени верници, кажете ми нешто повеќе за вас

Претставување на Диме Мераковски

Мене ми е името Диме Мераковски но во Австралија сум познат како Џим Мераковски поради тоа што тука живееме. Роден во Егејска Македонија, во село Кладорабе,Леринско 1938 година. Дојдов во Австралија во Австралија овде, во 1955 година како седумнаесет годишен и уште со самото доаѓање овде, нешто ме привлекуваше да го барам она своето за кое мојата душа копнееше. И уште тогаш јас се вклопив во оние македонски здруженија што постоеја, како онаа во Фитцрој Македонски народен сојуз, чија зграда беше на Јанг стрит, позната како Далматинска зграда, тука се збиравме и тука излегуваше весникот кој се викаше Македонска искра. Тука доаѓаа и весниците од Македонија, Нова Македонија. уште од почетокот се интересирав да научам Македонски да читам,и се вклопив во движењето уште тогаш.

По пет години појдов во Македонија да ја запознаам подобро, појдов во Пиринскиот дел. Мојот интерес беше за целокупна Македонија, за јазикот , народот , црквата, и по моето враќање по 18 месеци, во 1962 година јас се приклучив одма во групацијата која во 1959 година се формира во фитцрој, и се изгради првата црква која се викаше Св.Ѓорѓи. оттогаш наваму јас секогаш бев со нив заедно и работев и до ден денес мојот интерес е поврзан со црковниот живот, црковните верувања и до ден денес уште постојам во тие редови.

Но од тие години од 1955 година до сега, станаа големи промени, многу големи недоразбирања, а тие недоразбирања нема човек денес што ги знае подобро, отколку јас што ги познавам бидејќи од млад човек бев со нив заедно, пораснав и остарев со нив и ги познавам многу убаво бидејќи бев во тие редови. Ако некој сака да знај, треба да праша некој што бил во редовите,па да му кажи што е како е. Многу неточни работи овде се кажуваат, дека народот и црквата е расцепена,. Вистината е инаква, црквата не е расцепена туку се расцепени луѓето кои одат да злоупотребат со црковното име, да се стекнат со материјални придобивки со името на црквата злоупотребувајќи ја црквата , верниците, свештениците, и тоа најповеќе го цепи нашиот народ. а го цепи затоа што не ја знаат вистината.

После затворање на македонскиот народен сојуз , се претвори компанијата во македонска православна општина за Викторија и создавањето на една гранка и се изгради црквата Св Ѓорѓи која денес на жалост не постои. Во таа групација бев до 1978 г и после тоа настанаа некои недоразбирања. Од таа групација јас се повлеков или ме потурнаја настрана заради моите верувања во црквата. Во мојата книга што ја објавив се опишуваат сите настани од 48-ма година до 2007 година . некои луѓе не сакаат да ја сфатат вистината, но таа е вистината.

Претставување на проф.Владимир Стрезовски

Јас сум роден во Скопје а дојден во Австралија 1996 година,како студент на постдипломски студии запишан на универзитето во Њукасл, завршив докторат по хемиско инжинерство. Бев со истражувачкиот тим БХП 6 години а после добив позиција како менаџер на лабараторија во универзитето во Њукасл па од таму добив професорско место во Меквори универзитетот- оддел за постдипломски студии по екологија . јас сум директор на програмот за еколошка наука, и се уште сум во Меквори универзитетот инаку сум активен член на македонската православна црковна заедница, во Сиднеј како секретар на Христово воскресение . исто така сум член на првиот македонски иселенички совет на одделот за бизнис.


Претставување на правниот застапник Биљана Апостолова

Јас се дојдов во Австралија како студент во 1998 година. Родум сум од Скопје и израсната сум во Скопје. Студиите по економија ги започнав во Скопје и по две години се префрлив на Ла Троб универзитетот во Мелбурн и оттогаш завршив студии на економскиот и правниот факултет. По завршувањето на факултетот започнав да работам за Гарденс лојарс. Значи еве веќе деветта година работам во истата адвокатска куќа и сум партнер во таа фирма. Инаку специјализирана во комерцијално, советодавно право и даночно со посебен фокус на непрофитни организации и црковни организации. Од скоро време сум правен советник и застапник на епархијата и Дедо Петар.
13-02-2011, 05:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12


Quote:Значењето од донесувањето на законот за старателство

Д.А за законот за старателство многу се зборуваше особено изминатата година . Противниците на МПЦ, остро се спротивставија. Објаснете ни на кратко, што ќе значи донесувањето на овој закон за старателство на МПЦ, епархија за Австралија и Нов Зеланд, и дали воопшто значи признавање на МПЦ во Австралија?

Владиката Петар – Бидејќи законот не е од сега (мислам од минатата година), туку од моментот кога сум јас поставен за наделжен епархиски архиереј, од кога дојдов како водач на делегацијата во 95-година , на епархиското собрание во црквата Св. Илија беше донесена одлука на епархиското собрание дека треба да се донесе тој закон, односно дека треба да се регистрираме со правен застапник односно старател (за кое подоцна ќе говори Биљана) и оттогаш почна таа работа. Првата година потоа отако бев поставен за надлежен епартхиски архиереј, во Џилонг каде што се донесе и статутот на МПЦ, епархијата за Австралија и Нов Зеланд, кои претходно 20 години едноподруго бил доставуван, донесуван на епархиските собранија и откако ќе се објаснеле делегатите на епрархиските собранија дека го прифаќаат предлог статутот што им бил тогаш понуден, ќе се разотиделе по своите цркви или црковни општини или македонски општини-заедници и го негирале донесувањето на статутот.првпат статут се донесе на 15, 16 февруари 1996 година на собранието во Џилонг, и тој закон беше предмет на судски спор во судот во Викторија, и од страна на Џастс Берн – пресудата во врска со спорот на оние кои ја пререгистрираа црквата во инкорпороидна асоцијација беше докажано во пресудата дека законот е правилно донесен и законот има важнст овде во Австралија.

Истиот овој закон или суд што го водевме и во Сиднеј што е пред разврска, последната пресуда што се донесе преше предмет на дискусија итн. Сакам да кажам дека законот за старателство на имотите беше предмет на сите собранија од 1995 година наваму и на сите собранија беше донесен заеднички став на делегатите , на црковните општини по примерот како што епо примерот на другите помесни православни цркви во Австралија, претежно донесен во Сиднеј, Нов Јужен Велс, како што е руската црква православна црква, грчката, и други, за кои нешто подоцна ќе стане збор и добро ќе го објасни Биљана. Сакам да нагласам дека тој закон на сите собранија бил донесен и ланската година веќе беше предмет на парламентот на НЈВ.

Биљана А. – Оваа позадина што ја објасни дедо Петар е важна и верувам дека ќе има прашања во емисијата за да се објасни од каде дојде идејата и оваа инцијатива за да се донесе законот за старателство на имотите на МПЦ, и како што дедо Петар назначи, почетоците за вакви обиди се почнати од многу одамна со првиот нацрт закон во 1998 год значи две години по доаѓањето на дедо Петар или неговото назначување во НЈВ.

Имаше обиди во Викторија пред неколку години и минатата година обид во НЈВ . Работата продолжува и во текот на емисијата секако ќе биде објаснето како се одвиваше сиот тој процес, но да го одговориме твоето прашање, дали всушност ќе значи признавање на МПЦ! Треба да почнеме од самиот наслов, името на законот,значи старателство на имотите на МПЦ , самото име кажува дека законот има многу јасна цел и намена. И тоа е да се регулира имотната сопственост на нашата црква под граѓанските закони . Дедо Петар ни објасни и зборуваше за црковните закони и за нивната корелација со граѓанските закони а понекогаш и конфликт. Имотната сопственост на црквата по црковните закони е многу јасна и повторно како што вели дедо Петар ни објасна дека имотите се ничија сопственост, тие се за целите на светата црква и се божји имот. Не е имот на индивидуалци на физички лица. Ќе се навратам на ова правило подоцна биејќи е многу важно за управувањето со црковен имот и се надевам дека професорот Стрезов ќе има свое видување на тоа, како член на управа на црковна општина. Имотната сопственост на црквата мора да се регулира под граѓанските правила каде и да сме во светот.

Црквата , како што рече и дедо Петар е збир на луѓе, верниците и свештениците околу својот владика значи тоа е жива црква и правно – црквата во таква форма се води како неинкорпорирана асоцијација , значи неинкорпориран збир на луѓе. Проблемот е што неинкорпорирана асоцијација нема статус на правно лице и како таква не е во можност да биде сопственик на имот . Австралиските закони имаат најразлични форми на правни лица и она што е важно во областа на црквите е дека – поставен е преседан во законите на австралиското право да црквите бидат основани под закон на парламент на одредена држава во Австралија каде што таа црква функционира и има епархија или епархии и да биде основана како законски старател . првата таква основана корпорација – старател, во Викторија е на англиканската црква во 1884 . скоро пред неколку години, египетската црква православна, значи од Египет основаше своја старател во Викторија.

Има преку 40 вакви старатели за најразлични цркви низ цела Австралија во зависност од тоа каде тие цркви имаат свои епархии, некои се на ниво на одредена држава, некои се на ниво на цела Австралија како што е случајот со нашата црква. Значи значењето на законот на старателство е тоа што ќе се вброиме во редот на огромен број на други цркви кои по преседанот на австралиското право, се основани како законски старатели кои што закони се структурирани на таков начин да се почитуваат и прифаќаат структурите на одредената црква. Во нашиот случај, хиреархијата на нашата црква и управувањето на нашата црква според уставот, и статутот што е важечки за нашата епархија.

На прашањето - Дали тоа ќе значи признавање

Тоа доаѓа од еден цитат на дедо Петар во едно негово претходно интервју земено надвор од контекст каде целта беше токму тоа, да се потенцира значењето што кога основани цркви како нашата имале свои закони уште од крајот на 1800 година , кога ќе се појави и нашата црква во редот на сите тие , ќе биде огромно постигнување од историско значење за нашата црква.

Признавање од Австралија или од австралиските влади не ни е потребно. Нашата црква е признаа како деноминација и прифатена. Федералниот закон за бракови, нашата македонска црква е излистана како прифатена религиозна деноминација а со тоа и свештениците на МПЦ се се овластени да можат да склучуваат бракови по граѓанските а воедно и црковните закони. Значи признавање од тој аспект не и е потребно.

Тој збор беше земен надвор од контекст и е повеќе достигнувањето што ќе биде остварено. Во емисијата ќе има и прашања во кои ќе објасниме детално што се предвидува со овој закон, што значи овој закон и да повеќе се објасни она што дедо Петар во воведот на одговорот на ова прашање го најави како одлуки кои што се донесени на епархиски собранија уште пред повеќе од 15 години, дека потребно е црквата да се структурира, дека е потребно да имаме правно лице и дека е изгласано да ова биде патот и ова биде правното лице кога веќе се нуди од австралиските закони.
13-02-2011, 05:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13



Quote:Која е целта на противниците кои го оспоруваат овој закон за старателство

Д.А дали можете да ни кажете зошто противниците на МПЦ остро се спротивставуваат на овој закон кога еве го имаат веќе повеќе од 40 земји, православни и католички цркви (црковни заедници) . Што мислите која им е целта за ова спротивставување?

Биљана А. Јас можам да зборувам за спротивставувањето во однос со последниот обид на закон во НЈВ , тоа беше многу јавен процес во кој што поради острото спротивставување Парламентот на НЈВ назначи комисија која ќе ги сослуша двете страни. Сите транскрипти од тие сослушувања , сите извештаи кои беа направени од страна на црквата и од останати заинтересирани лица се наоѓаат на веб страницата на парламентот на НЈВ значи тоа се јавни документи. Од тоа сослушување на тие документи ние можеме да го исцрпиме поттикот на тие што се против така да важното е тоа што поради историјата на донесувањето на закон за старателство кој што дедо Петар го спомна кој што почна од 1998 година, значи постојат три обиди.

Сакам да ги споменам претходните во кои што јас не бев инволвирана , многу е важно да се објасни пристапот на црквата и дедо Петар , структурата на тој закон и стапките што ги направи црквата се со цел да се задоволат сите оние кои што имаа нешто да кажат во врска со овој закон. Мислам дека имаше многу коментари и противниците беа јавни . зборувајќи со Џими, дедо Петар и со многу други луѓе кои се многу подолго време во Австралија од мене, разбирам дека секогаш најголемиот проблем и грижа е ‘чиј имот ќе биде тој‘. Стравот дека со било каква нова структура на она што се знае како основана структура ќе доведат до тоа да тие цркви им бидат одземени а и имам слушнато коментари дека тие можат да се продадат дека парите можат да се испратат во Македонија и да се изгуби. (Луѓе кои се овде дојдени и вложиле многу средства во таа црква)

Тоа е една основа да биде загриженоста дека со основањето на правно лице ќе се изгуви контролата врз тој имот. Се одеше до таму дека тој имот ќе стане личен на владиката и дека владиката ќе биде тој што ќе одлучува како ќе се работи со тој имот а не во согласност на статутите и на уставот на таа црква која што дедо Петар ги спомна претходно. Кои што многу јасно ги поставуваат правилата на работење со тој имот и никаде не го назначуваат Владиката како единствен управувач на тој имот. Мислам дека во оваа област е најдобро да дедо Петар го образложи затоа што влегува во црковните закони.

Владиката – Мора за слушателите за верниците и пошироката јавност да се даде точно образложение што е црковен имот , како што рече Биљана, имот за цел за соодветна цел и соодветна намена и имот кој е за сопственост, во конкретниот случај ние немаме според овдешните закони за регистрирање на имоти ниту еден црковен имот кој е регистриран како компанија , инкорпорирана асоцијација или здружение да е имот за цел.

Сите тие имот кои се регистрирани како компании како инкорпорирани асоцијации или како здруженија се имоти за сопственост. А што се подразбира под сопственост. Сопственоста е најсоодветната компанија, инкорпорирана асоцијација или здруженија и на членовите и директорите кои членуваат и управуваат со таа организација , инкорпорирана асоцијација или тоа здружение.

И тие можат да го употребат имотот односно го употребуваат не за целите на црквата туку го употребуваат за потребите на компанијата бидејќи тоа е имот на соодветната компанија, асоцијација или здружение. Во врска со тоа ќе видите каква е разликата . во оделни компании, во нивните статути или устави како што стои таму вели- ‘ако се случи да пропадне црковниот имот, односно имотот во конкретниот случај на компанијата (а тој е всушност црковен имот), или на инкорпорираната асоцијација или здружение, одговорноста на членовите на таа организација како компанија, инкорпорирана асоцијација или здружение, е да платат само онолку штета колку што изнесува членарината на тој член во таа соодветна компанија, асоцијација или здружение.Имено, ако е десет долари членството, тој најмногу десет долари најмногу ќе биде оштетен да плати , ништо повеќе.

Но во црковните закони не е така. За секој злоупотребен црковен имот морате да го надоместите толку колку што сте го злоупотребиле. Од таму сакам да појасниме дека во конкретниот случај кога станува збор за имот кој што ќе биде старател на имотите за одделна црква или во конкретниот случај за МПЦ, имотот не е за сопственост, оти ако имате вие имот за сопственост вие со тој имот ако сакате ќе располагате особено ако сте приватно лице. Јас ако имам приватен имот или било кој, може да го продаде имотот , да ги потроши парите и пред никого не одговара.

Може и да ги запали парите од продадениот имот и пак пред никого да одговара.но, за имот кој не е ваш туку припаѓа за одредена цел, односно за мисијата на црквата во конкретниот случај тогаш одговорноста, особено во земјите на комонвелтот е огромна. Таквите луѓе можат да завршат во затвор без дискусија ако до крај се бара правичноста да одговорат за тоа и исто така по однос на прашањето за старател на имот може да биде исто некој од државата назначен ако деца останале без родители , сираци, тогаш државата поставува старател кој ќе се грижи за нивниот имот што тие сега не се способни да го раководат. Должноста на старателот е да им обезбеди храна, дом за живеење , да ги изучи децата, облека и се што е потребно. Кога ќе станат полнолетни да им се предаде имотот. Што значи дека тој не смее ниту една цента од имотот што е назначен за старателство да земе лично за себе.

Тоа е она прашање што се однесува за имотот. Во конкретниот случај доаѓа до тој судир кој доаѓа токму заради тоа што ако се донесе овој закон за старателство на имот на МПЦ ќе им се отворат очите на сите православни верници и на сите луѓе дека тој имот не можете да го користите за компанијата, за компаниски потреби ниту за инкорпорираната асоцијација , ниту за здружението ниту лично за себе, и дека имате целосна одговорност за тој имот ако го злоупотребите. Во тоа е суштината на судирот ако се донесе законот, луѓето ќе сфатат дека , практично владиката , свештениците или било кој се ослободени од било каква одговорност лична, туку имаат одговорност и верниците и свештениците, и владиката како старател. Ако се членови на телото кој е старател во конкретниот случај кај нас е епархискиот управен одбор или епархискиот одбор за доверители односно за чувари на имотот.

Во тој случај да биде појасно на верниците и слушателите дека овде не е владиката сопственик. Како што кажа Биљана дека нападите се сврзани со владиката дека ќе стане сопственик. Никако , тој одбор на доверители или епархискиот управен одбор кој ја вршел таа функција итн го избира епархиското собрание. А на епархиското собрание членови се претставници на сите црковни општини од оваа епархија по две мирски и едно свештено лице . тоа значи дека мнозинството гласови – 2 према еден се на верниците. Значи верниците ги избираат членовите на епархискиот управен одбор и ако има нешто што не е во ред во однос на тоа, вината не е на владиката или свештениците, туку вината ќе биде повеќе на верниците кои со два према еден вршат избор на телата и органите во епархиското собрание односно за епархискиот управен одбор.

Биљана А – во таа насока само да појаснам како што рековте дедо Петар дека епархискиот управен одбор е избран од епархиските собранија , значи гласовите се во мнозинство на мирските лица и важно е да се напомене дека тој епархиски одбор кој што ги донесува одлуките и одлучува за имотната сопственост на епархијата, на црквата во оваа епархија, беше предложен со овој закон да биде старателот поточно членовите на управниот одбор на тој старател. Значи напорите на црквата беа да се рефлектира она со што верниците веќе се согласиле, се раководат и управуваат под истиот статут.

Значи кога гледаме на најадекватна структура која ќе ја рефлектира веќе постоечката црковна структура овој начин на основање под закон на парламентот на кој што функционираат многу други цркви а особено православните , се рефлектира на потполно истиот начин. Значи членовите кои што се членови на епархискиот управен одбор со донесување на законот стануваат членови на старателот или trustee на англиски и доколку има измена на ова епархиско собрание и гласање ќе се изменат автоматски тие членови и под законот. Значи никаде нема унилатерална одлука на владиаката и се рефлектира црковната структура . сакам да појаснам за да нема недоразбирања, дедо Петар спомена компании, инк асоцијации, здруженија , одговорност за злоупотребување на имот. Значи под австралиските закони секој што злоупотребува имот или нешто друго ќе одговара. Значи постојат закони за се. Нејасноста, недоразбирањето во ова доста комплициран дел од правото е која е одговорноста на управувачите во зависност од различната структура.

Оној што е старател има одговорност да управува со тој имот во старателство за добротворни цели , мора да го управува само за тие добротворни цели, и доколку е злоупотребено и направена е грешка со намера , тие ќе одговараат.

Истата одговорност ја имаат и членови на компании и инкорпорирани асоцијации доколку намерно се правата недозволени или незаконски , нелегални потези. Од овој аспект сакам да појаснам дека еден од аргументите на опозицијата ако тие и многу други можат да функционираат како компании или инкорпорирани асоцијации и тоа е еден вид на правно лице,зошто и црквата не се инкорпорира како јавна компанија со ограничена одговорност.

Во мојот вовед јас разјаснив, дека тие се видови на правни лица , меѓутоа постои еден тип на правни лица кое што е исклучителна привилегија за основани постоечки религиозни деноминации. А ние сме едни од тие. Значи таа привилегија, закон донесен од страна на парламентот не им е дозволена и можност на било кој . Мора да е основана религиозна деноминација и ако тоа го имаме како една опција , зошто да не го избереме најдобриот начин да ја организираме нашата црква и да епархискиот управен одбор а со тоа и Владиката застане пред верниците и каже – ова е начинот на оваа структура , рефлектира она што го вели статутот на епархијата кој што е јавен и сите верници знаат како се почитува. Било која друга структура ќе има отстапки и нема да може да се рефлектира структурата на црквата.

И тука ќе треба да постојат дополнителни појаснувања. И не само тоа, една компанија кога е основана, многу наши сонароднци кои што слушаат вечерва имаат свои бизниси или компании, верувам имаат и свои старателства, трастови, фамилијарни и со нивните сметководители сигурно во разговорите сигурно им е јасно како тоа функционира и ги водат тие бизниси преку компанија. И сопственоста на било кој имот кој го има таа компанија на компанијата. Доколку одеднаш таа компанија станува старател, и треба да чува имот не за себе туку за некој друг,или пак за некоја цел, тогаш треба да се декларира тоа старателство. Всушност тоа е овој закон, во исто време и инкорпорација и декларирање на старателство . Додека другите опции на правни лица . се потребни многу други чекори , и е невозможно во целост да се рефлектираат црковните закони.

Професор С. Јас не сум правник но имам силно менаџерско искуство така да од менаџерска гледна точка можам да пренесам свои видувања. Многу е битно да се знае дека МПЦ, се води според уставот на МПЦ, или уставот на православието или православните канони. Тоа е нашата црква . постојат легални ентитети или оне што вие ги нарекувате копмании или корпорации кои се водат како религиозни организации меѓутоа уставот на МПЦ во нив е отфрлен., значи тие не се водат според уставот на МПЦ туку се водат спрема сопствен правилник , бизнис ориентиран правилник на работа, практично, типичен бизнис правилник кој што се наметнува врз црковните канони.

Тој правилник опфаќа не само религиозност се обидува да опфати религиозен фубалски тим, играорни организации и практично излегува од православието. Го велам тоа затоа што имам прочитано во некои од тие легални ентитети во кои се вели како да се стане член на МПЦ и вели дека треба да платите годишна чланарина, а тоа е сосема спротивно со каноните на МПЦ . да се стане член треба да бидете крстен, не да платите чланарина на клубот . е сега каде е проблемот и зошто имаше толку опозиција за овој закон. Практично овој закон важи за оние имоти во кои што владее уставот на МПЦ. А додека оние легални ентитети во кои владее приватен правилник , дали се уплашија или ја сметаат за конкурентна МПЦ не знам меѓутоа во нивните интернет објавени писма се вели дека МПЦ е странска институција и тоа можете да го најдете на многу места во тие објави. И второто е тоа дека законот ќе ја засили МПЦ во Австралија. значи проблемот е што МПЦ ќе стане силна. И практично, опозицијата е од страна на тие легални ентитети во кои што не владее уставот на МПЦ.

Диме М. Тука стана збор за цркви и копмании кои апсолутно не го негуваат црковниот живот . да зборуваме тука со доаѓањето или појавата на МПЦ во Австралија со уставот на МПЦ со црковни канони тоа придонесе таков отпор од постоечка компанија која беше во Мелбурн а имаше свештеник, што веќе почнаа да ‘тапаникуваат‘ па дури ги собраа сите од Австралија што имаше во тоа време заедно и да викаат дека времето е дојдено да сега се готови да се впрегнат во борба до крај да ја уништат така наречените расцепници и нивните поддржувачи. Значи се уплашија од група луѓе на верници кои се приврзани кон уставот на МПЦ кон правилникот на епархијата (макар што не беше регистриран тогаш) и заводија таква борба што не сакаа да му дадат никаков простор на македонската црква каде вистинските верници имаа право да се збираат, да решаваат, кажуваат него само оние што се со 5 долари членарина кои што никогаш не ошле црква, никогаш не верувале во црквата никогаш не направиле помодерна црква, тие решаваа како црквата да се управува. Што значи целта нивна не била црковна , религиозна туку била бизнис ориентирана и штом е така тоа беше заплашување,на нивниот бизнис со појавата , да ја споменеме црквата св Илија во Футскрај и св Никола во Престон. Е зошто да е така, ако се тие црковни луѓе со појавата на една црква која сака да биди приврзаник или послушник на уставот на МПЦ на духовните чеда, зошто толку многу се спротивставуваат да нема простор за тие луѓе или тој устав да работи со другите луѓе. Значи се плашеја дека тие не се црковни туку само ја злоупотребуваат црквата,.

Да кажам еден пример – во 1974 година имаше црковно народен собир во Калишта , Струга, и на овој собир кој беше прв од таков вид да се обнови уставот на МПЦ после осамостојувањето на македонската црква во МПЦ . Од Мелбурн имаше два и од Перт два делегати. Појдоа таму и доколку е кажано во медиумите, имаме тука никој не се спротистави на гласувањето на тие канони, на тие црковни закони , го изгласаа уставот . Но на враќање во Австралија , рекоа ‘не тоа е за нив, не за нас‘ Значи одат на собрание и гласаат други да го употребуваат уставот а за нив не важи. Е од тука доаѓа и произлегува проблемот, и кога зборуваме за црква и за компании тоа се две посебни групи на луѓе. Едната е црковна, другата е бизнис.

И затоа тука тие не сакаа ништо да прават со уставот на мајката црква со македонската црква, ни со владиката ни со никој. И со ова што се прави, со тој отпор што го гледаме ние на два пати, еднаш пред мелбурнскиот парламент, и во Сиднеј. Од транскрипцијата што беше во Сиднеј , таму отворено кажуваат кој им е стравот,макар што им се гарантираше од законот дека никој не може да им ги земе црквите на тие луѓе пак нека дадат сда се озакони парламентарскиот закон, да се прифати македонската црква, дека тогаш владиката ќе може да каже Ние сме вистинската црква а вие сте лажовна црква и ќе му бегаат верниците. Значи тие не сакаат да ја кажат вистината. А вистината е таа што тие не се црковни луѓе , тоа е проблемот што го имаме денес, а луѓето не можат тоа да го сфатат.

Владиката - дури и денес добивме, да не именувам од која македонска општина, именувана и регистрирана од парохискиот свештеник, кои известуваат дека ние во нашата македонска општина имаме комитет, односно одбор на директори во тие инкорпорирани асоцијации или компании и вели , треба да знаете дека црквата во нашата општина е гранка, секција. Што значи во сите тие компании и инкорпорирани асоцијации кои како што кажа Мераковски дека не се регистрирани за религиозни цели тие ентитети односно тие организации, компании туку се регистрирани за сосема други цели,за други намени,за бизнис како што беше спомнато,тие никаде црквите не ги имаат регистрирано лично како цркви туку имотот на црквите го третираат како имот на компанијата или инкорпорираната асоцијација или здружението, тоа е нивни имот, а црквата ако веќе се појавува да се говори во нивните правилници за црква тоа е само како една секција , активност како што е играорната група итн.

А од друга страна исклучиво под името на МПЦ го оствариле сиот тој имот зашто што народот дава заради МПЦ кога не би имале тие натписи на нивните храмови МПЦ , кога не би им велеле на верниците давајте пари за црквата,туку за компанијата , ви гарантирам дека никогаш нема ни приближно да го имаат ни половина од тој приход што го остваруваат таму затоа што верниците се секогаш измамени во смисла да брендот, името го користат на МПЦ ама за сметка на тоа никаде не фигурира дека таа е сопственост на црквите и манастирите.
13-02-2011, 05:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14



Quote:Лепење лажни етикети и манипулирање со народот



Д.А од она што може да се заклучи од сиве овие пропаганди и лажни етикети што се лепеја , тоа значи налепи му на некого лажна етикета за да можеш да придобиеш барем дел од тие граѓани или верници за да може да се манипулира. Значи главната цел е тоа. Од ова што објаснавте и што објасна Биљана дека законот е чист како солза.


Биљана А. – Г-динот Мераковски начна едно многу важно прашање,- гаранцијата што беше дадена во овој закон, дека нема да се земат ничии имоти, и на почетокот кажав колку е различен овој закон и колку огромни отстапки направи епархискиот управен одбор и владиката,а во пишувањето на овој закон во секоја друга црква законот предвидува да сите оние имоти кои што се чувани од најразлични правни лица, или неинкорпорирани асоцијации и луѓе во старателство , под траст на одредената црква за која и да станува збор, автоматски со тој закон (тоа е и целта на овие закони) стануват дел од старателството.

По поминувањето на законото треба да се потпишат сите трансфери за да вистински се пренесат оние имоти кои што се црковни имоти и ги чувале најразлични асоцијации кои што се основале овде а пред доаѓањето на црквата како структура. Овој закон, особено последниот во НЈВ , отстапките кои беа огромни беа да се измени законот до таа форма да се гарантираше да ниту еден имот, па дури ни епархиските имоти кои што во моментот се четири , два во Викторија, Јужна Австралија и во НЈВ, немаше автоматизам ни процес на влегување, под старателството кое што е обично процес под овие закони туку едноставно основање на тоа правно лице – старател, и да тоа правно лице старател може да работи со имот, да си купува имот,бидејќи тоа е целта да ја изградиме црквата. И кога ќе седиме овде за 10 или 20 години, да црквата има значителен имот како и сите други цркви овде во Австралија.

Со тоа ќе се основаше да се гарантира на сите оние кои што се загрижени, дека одеднаш нема да бидат управувачи на имот којшто некогаш е со прашалници дали е само за црковни цели или како што назначи дедо Петар, и за многу други активности на таа асоцијација. Овој закон само ќе основаше старател. Тој старател ќе можеше со одлуката на епархиските собранија да ги превземеше четирите епархиски имоти кои се купени со согласност да тие бидат епархиски а сите оние асоцијации во иднина кои што сакаат да се приклучат кон старателството тоа беше доброволен процес, и имаше пет такви црковни општини од Викторија кои веќе потпишаа и имат донесено резолуции да нивните имоти влезат бидејќи тие и онака се раководат под старателството на црквата. Значи , гаранциите беа дадени, немаше присилно земање на имот,нема присилно преземање на имот и префрлање на имот.

ПРАШАЊА ОД СЛУШАТЕЛИТЕ

1.Не ми е јасно ова – опозицијата вели дека владиката чува црковен имот во сопствено име и двајца свештеници. Сум видел копии на интернет од тапиите,и тројца луѓе, дали можете да го појасните тоа.

2.Дали ако се усвои законот за имотите што е поднесен во НЈВ ќе се загрози постоењето на Македонија , дека некој од страна ќе ја присвои, како што кажаа противниците на МПЦ.



Б.А Благодарам на слушателот што го постави ова прашање затоа што е многу важно. Јас лично имам гледано копии на овие тапии на интернет, низ многу весници и е многу важно да се објасни. Да точно е дека тројца личности се јавуваат како сопственици на црковен имот а тоа се всушност оние четири епархиски имоти кои што ги споменав предмалку . тие три лица се Владиката, заменкот археереј Јовица Симоновски и Отец Тони Гулев. Тие се јавуваат како сопственици на четири црковни имоти , значи 2 во Викторија една во НЈВ и една во Јужна Австралија, бидејќи во моментот црквата нема правно лице кое што може да чува имот.

Тоа го кажав во моето излагање на почетокот и тоа е најголемиот проблем. Без правно лице не може да се купува, и управува со имот. За да се реши овој недостаток иако цркват се обидува веќе долго време да се основа таква структура во меѓувреме донесена е одлука да физички лица бидат привремени чувари на црковни имоти се додека не се основа тоа правно лице, поточно додека не се донесе закон. Владиката Петар е еден од нив кој е назначен од Светито Синод, а епархискиот управен одбор кој што е телото на црквата одговорно за управуање со имот, има донесено одлука да владиката заедно со уште двајца свештеници, да чуваат имот.

Проблемот и недоразбирањето се јавува со тоа што тапиите се јавни документи и секој може да ги побара на интернет и по адреса да се најде имот и кои се сопствениците. По австралиските закони, тапиите, не можат да ја назначат или содржат старателската улога, значи едно лице или компанија да ја чува да речеме викендичката на една фамилија во траст, во старателство не може на тој имот да пишува ‘таа и таа компанија како старател за одредено старателство‘ значи катастарот нема да дозволи такво регистрирање на тапијата и во тапиите мора да постојат само лицата на оние што се регистрирани како сопственици.

Старателството е заведено во посебен документ, којшто повторно нема можност да биде закачен на тапијата или да биде јавно изложен,. Еве јас имам пред мене еден кој што е за црквата во Ј. Австралија и е документ кој што ги назначува овие тројца личности како старатели и многу јасно им ги назначува нивните улоги , и што е важно и интересно за слушателите е дека функциите се лимитирани, значи да купат одреден имот а кој што одлуката ја прави епархискиот одбор на нивното заседавање . значи се назначуваат личности кои одат и го купуваат и потоа директива да се освети тоа место, и да се прави се што треба, дали да се земи одреден кредит од банка,да се гради, да се дотера итн ако веќе има имот и да ништо друго не прават,без назначување или директива на епархискиот управен одбор.најважно од се е немаат моќ да можат да го продадат тој имот. Значи тоа е причината што се појавуваат тие тројца како регистрирани сопственици меѓутоа вистинската слика е дека тие се чувари на тој имот и всушност со овој закон и тие тројца индивидуалци едвај чекаат да ги префрлат тие епархиски имоти, во правно лице кое што ќе биде законски старател на црквата.

Владиката – во тој документ е посочено од наша страна дека ние ќе го чуваме тој имот како старатели до донесување на законски старател за имотите на МПЦ. Целта е времена со ограничени права исклучиво да допридонесеме тој имот да се збогати и биде од полза и за мисијата на црквата, а дури потоа кога ќе се донесе тој закон, ние да го предадеме. Ние сакаме што побргу да го предадеме овој имот под законскиот старател за да нема манипулации како што сега има впрочем од страна на опозицијата наша – оние што манипулираат со тоа. Затоа што после ќе немаат лесномислените луѓе и некои што не се добро упатени , аргументи за пропаганда , не ќе можат да велат дека владиката има имот. Значи ние сега бараме да се ослободиме од имотот за да не постои на наше име, а тие сакаат да остане за да имаат материјал за пропаганда против нас за да се рече дека владиката и двајца свештеници имаат црковен имот,дека тие се сопственици на имот, што значи не е чесна намерата , туку нечесна, затоа и се против тоа да се донесе овој закон за овие четири имоти. Ние не бараме ниедна друга црква во конкретниот случај како што беше речено да го предаде имотот. Само за овие четири имоти освен ако некој доброволно сака.

Д.А доста се поставуваше прашањето А зошто само четири имоти?


Биљана А. Овие четири имоти се единствените имоти кои се купени со одлука на епархискиот управен одбор со согласност на одредените цркви, односно црковни општини да тој епархиски имот биде чуван во согласност на статутот на црквата. Значи сите претходно купени имоти се купени пред многу долги години кога статутот не бил донесен и се купувале во оние структури во кои што биле во тоа време основани.по основањето на статутот епархискиот управен одбор ја управува и регулира црквата согласно со тој статут, кој што вели – Одлуките за купување и продавање на имот,ги донесува епархискиот управен одбор, значи кога треба да се купи имот,тие одлучуваат .

Владиката – прва е купена соборната црква,после е Донибрук, Ливерпул и во јужна АВстралија 2003 година.

Биљана.А значи откако е донесена таа структура и статутот , напорот е сите понатамошни имоти да се купуваат во оваа структура. И овие се три назначени старатели . Статутот на епархијата има цел еден одреден дел кој што се однесува на ова прашање кое вели Старатели се епархискиот управен одбор, кои што се во исто време и одбор на старатели бидејќи тие немаат правна форма,мора да назначат индивидуалци кои ќе го чуваат имотот.

Професорот Стрезов – Опозицијата не го постави овој проблем на ваков начин дека ако се донесе законот дека некој од страна може да ја присвои МПЦ . практично што беше кажано тогаш во парламентот е дека доколку овој закон се донесе, и доколку Македонија некогаш понатаму биде нападната од некои од соседните земји, и МПЦ биде присвоена од некои од соседните земји на Р. Македонија, дека тогаш таа промена ќе се рефлектира тука во Австралија. тоа е исто како да речете, што ќе се случи ако јапонија ја нападне Австралија дали МПЦ ќе биде јапонска црква, значи тие аргументи се апсолутно неосновани. Треба да се знае дека МПЦ во Австралија е призната вероисповед,призната деноминација.призната е од attorney general, во Камбера,таа е практично призната според уставот на МПЦ. Значи што и да се случи, донесен нов владика или неколку владици во Австралија, значи што и да се случи во Синодот на МПЦ тоа attorney general во Австралија го прифаќа, и признава. Значи тој закон е признат и практично законот што се носи во парламентот на нов јужен велс,не признава деноминација и со тоа го поедноставува раководењето на МПЦ во Австралија. практично го централизира. Ако се донесе овој закон не значи дека некој од страна да ја присвои , напротив тоа ќе ја зајакне положбата на МПЦ во Австралија, и ќе ја зајакне мисијата на МПЦ во Австралија што е практично проблем за опозицијата .

Владиката – во оваа смисла јас би дообјаснил, не треба кај верниците на МПЦ за свештенството и архереите не се сомневам воопшто дека тоа го знаат да се сомневаат или плашат дека имотот што го создала една црковна општина , манастир или било која црковна организација овде дека ќе пропадне односно дека ќе го земе МПЦ па ќе го однесе во Македонија. во никој случај тоа нема да се случи се додека има и последен верник во Австралија ќе биде тој имот за верниците во МПЦ во Австралија.

А кога ќе нема такво верник овде во Австралија тој имот ќе се префрли во дијаспората во најблиската црковна општина или епархија. Имотите што се создавани во дијаспората се за потребите на верниците во дијаспората, а не дека ние тие ќе ги префрлиме, во Македонија. за оваа епархија и за сите други во дијаспората , МПЦ, многу инвестирала. Инвестира во создавање на кадар на свештеници кое чини огромни пари,, втората работа е дека најдобрите свештеници доаѓаат да вршат мисија овдека и во другите епархии, што значи оние епархии што ги школувале таму и што ги создавале како свој кадар, се лишуваат да го имаат најдобриот кадар , најдобрите свештеници им ги праќаат овде во Австралија, и како возврат, иако со закон е предвидено да се плаќа разрез на МПЦ епархијата во Скопје и на факултетот и богославијата , никаде тоа не се практикува освен доброволно ако некои црковни општини сакаат да дадат некоја повремена помош.така , возврат нема МПЦ со седиште во Македонија за инвестициите што ги дава македонската црква било во оваа епархија било во кои други епархии.
13-02-2011, 05:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15


Quote:Прашање од слушател- Дали се моите човекови права се обесправени бидејќи Австралија не ми дозволува да ги реализирам моите верски чувства, што досега не ми дозволи регистрација на МПЦ а останатите цркви тоа право го имаат повеќе години како што и самата го кажа тоа.

Од страната на парламентот на НЈВ каде што се расправа за старателство , опозицијата се искажа дека нивните компании не се верски заедници. Дали тие во нивните регистрации се наведени како православни општини дали е тоа спротивно од нивната регистрација?


Биљана А- прашањето околу загрозувањето на човековие права беше многу често кое го слушав особено при сослушувањето на законот за Сиднеј, каде присуствуваа голем број на наши верници кои дојдода да ни изразат поддршка. Тука е многу важно да појасниме дека секоја држава во Австралија има закони против дискриминација . Викторија, во 2006 година донесе чартер на човековите права и и сите тие закони се базирани на интернационалните конвенции на човековите права коишто , за оние што се малку поупатени , основните човекови права сите ја наоѓаат својата позадина и основа во христијанските принципи и правила.

Тие закони не заштитуваат сите нас,да можеме слободно да се изразуваме на нашиот јазик и да не бидеме дискриминирани поради нашиот изглед или она што сме или нашите избори во животот,. Во случајот тоа се однесува на религијата и тоа да можеме слободно да ги искажуваме нашите чувства и верувања. Тоа важи не само за индивидуалци , физички лица туку и институции . значи црквата да може слободно да си функционира . повредата која се чувствува кај верниците пред да одиме подалеку и да заклучиме дали нашите права се прекршени, треба да се погледнеме самите себеси.

Да си ја погледнеме заедницата и да видиме како функционираме, и тука има луѓе кои се многу подолго од мене во Австралија, кои можат со примери да докажуваат како да функционираме како заедница. Меѓутоа она што ни се случува со законот, е типичен пример дека ние не можеме да се договориме дома меѓу нас,за она што треба да се случува. Проблемот е во тоа што доколку некој сака да си основа компанија, многу луѓе знаат дека компанија се основа за еден ден, а кога се основа законски старател процесот е комплициран бидејќи тоа е закон што ќе се основа и ќе постои со векови.

И е закон во кој државата треба да биде сигурна дека е закон на официјалната црква на одредена држава во нашиот случај, а со тоа и дека начино со кој е предложено да функционира тој старател,нема да створи никаков конфликт не само во македонската заедница туку и пошироко во австралиската заедница. И пред донесување на таков закон, било која влада во Австралија, во случајот имавме соработка со Викторија и НЈВ,сакаат да чујат дека нема расправии, дека нема некој што е загрижен, дека нешто ќе се случи кога ќе се донесе овој закон, на пример – насилно одземање на имотот. Токму тоа е ова што се случува и оние кои не се упатени ќе речат еве нас не не поддржува онаа или оваа држава . Зошто владата неќе нас да не слуша и им помага на сите овие цркви, има 40 вакви закони, зошто не и ние? И владата во НЈВ и владата во Викторија, со кои што јас соработував лично потполно ни излегоа во пресрет, не сослушаа, работеа, значи тие имаа луѓе кои ги пишуваа т овие закони , проблемот што останува е да тие видат обединета заедница. Тоа е нашиот проблем, тоа не постои. И токму поради тоа да не одиме предалеку и да кажеме дека постои дискриминација и нас не гледаат поинаку,факт е дека не признаваат и дека не почитуваат како прифатена деноминација како што рече проф Стрезов предмалку.

Ние мораме да покажеме единство, и во овој случај мислам да се расчистат нејаснотиите и во мојата соработка со парламентите е многу тешко за луѓето од австралиската заедница да разберат што се случува и да разберат како може да има официјална црква и луѓе кои велат не сме дел од официјалната црква и го имаат тоа во официјалните статути а во исто време велат дека сме македонска црква и привлекуваат верници . На еден начин постојат во паралела и да речат дека ‘ние сме сепак некоја црква‘ и настанува потполна конфузија кај верниците и кај луѓето кои не можеме да ги кривиме нели? А за луѓето од парламентот и австралиската заедница тоа го разберат, е скоро невозможна мисија, меѓутоа ие не се откажуваме и тоа ќе го докажеме која е структурата на црквата, а сите останати кои не се во црквата, не се афектирани и не можат да не спречат да го оствариме ова што сакаме да го оствариме.

Проф. Стрезов – тоа што беше кажано во парламентот практично се спомна дека нивните активности не се целосно религиозно поврзани дека имаат религиозни активности како еден од нивните работи меѓутоа дека имаат и одредени други цивилни активности а дали е тоа спротивно со нивната регистрација не можам да речам, дали е тоа во склоп или спротивно , нивната регистрација за религиозни активности им дава за право да бидат ослободени од данок.

Тоа е голема поволност што австрачослата влада ја нуди, и морам да признам дека тие се регистрирани како верска заедница, многу мудро избрано име, кое што асоцира на МПЦ но не е МПЦ . луѓето се збунети, влегуваат во македонска православна црква, и сметаат дека влегуваат во МПЦ, меѓутоа не е тоа МПЦ. МПЦ е призната деноминација , активностите во овие бизнис асоцијации и компании не се од призната деноминација тоа треба да биде отворено кажано. Ниту МПЦ ги признава тие активности, ниту австралиската федерална влада ги признава тие активности како признаена деноминација. На attorney general, интернет странцата http://www.ag.gov.au, можете да најдете листа на сите свештеници кои се од призната деноминација во Австралија, значи секој еден свештеник е таму на таа листа и тие смеат да венчаваат да склучуваат бракови и до нивното име стои дека тие се од призната деноминација.

Тие се водени и регистрирани од федералната влада . оние свештеници кои се од непризнаена деноминација или приватно цивилно лице одлучило да регистрира и склучува бракови . Тие се водени не од федералната влада туку од државите НЈВ, и Викторија, значи голем степен подолу и до нивното име не стои дека се тие од призната деноминација . јас би ги советувал сите оние кои што планираат да се венчаваат , крштеваат дечиња, да отидат на интернет страницата на attorney general, да погледнат точно кои свештеници ги одбираат и со нивно претходно знаење дека го сакаат тој свештеник ваков или таков, да направат одлука а не да прават одлука според неточна информација или збунетост.

Владиката – за да биде добро познато и јасно на слушателите, во конкретниот случај , членови или составен дел на МПЦ се сите верници од сите епархии (десетте епархии, седум во републиката и три во дијаспората , Америка и Канада, Австралија со Нов Зеланд и Европа). Тие сите имаат примено јурисдикција што значи дека ја прифаќаат управата на МПЦ со седиште во Скопје. Тоа значи сите оние што не ја примиле јурисдикцијата на МПЦ односно не сакаат да бидат управувани од МПЦ тие не се дел на МПЦ тие се надвор од МПЦ, и како доказ за тоа дека не се во состав на МПЦ го прекинале единството со МПЦ бидејќи не се под управа на надлежниот владика во соодветната епархија, оние што вршата т.н свештеничка дејност не се во единство со владиката односно тие не се во свештенички чин бидејќи со санкционирање на епархиските црковни судови им е одземен свештеничкиот чин, и тука нема свети тајни веќе, исто како на некој офицер да му е одзмен чинот , може пак да се претставува но тоа е лажно претставување.

Дури ни attorney general не ги води како свештеници во смисла дека им припаѓаат на МПЦ . во таа смисла треба да се знае дека ниту причесната која е основната света тајна од која извираат сите свети тајни не е легитимна, бидејќи тие немаат право тоа да го вршат, нив им е извршена забрана за вршење на свештеничка дејност и сега се поставува тоа прашање , колку народот кој не е упатен после сите дискусии што ги водиме овдека,ќе остане доследен да си биде со со оние кои ја сочинуваат и се дел од МПЦ , кои примиле јурисдикција на МПЦ зашто ни во Америка ни Канада епархијата нема случај да има некоја црковна општина што не примила јурисдикција , ниту пак во Европа. Тоа е само во Австралија. и така е уште од почетокот, или сега битката ја биеме токму околу тоа. Сакаат ли да бидат тие дел од македонската црква , примени во јурисдикцијата на МПЦ или сакаат да не бидат дел од МПЦ односно да не бидат црква во состав на македонската православна црква. Тоа е нивна лична одлука и сите кои така одлучиле, ние нема за нив да жалиме.

На поставеното прашање од слушател, во врска со имотите , дали исти се правилата овде и стари крај, да се водат на име според епархии , дали тј истиот принцип сака да го спроведе и овде а спротивната страна не го прифаќа тоа. Дали има прилика во иднина да дојде до некоја согласност околу тоа прашање .

Владиката дава појаснување дека со уставот на МПЦ од последниот црковен собор се укинаа во цела МПЦ правните лица кои беа порано,црква или црковна општина, манастир или епархија. Повеќе не се ниту епархиите правни лица ниту црквите ниту црковните општини туку едно единствено правно лице е МПЦ. Со ова се разрешени дилемите некој да се претставува дека е некој МПЦ . значи ниту ние како епархија не можеме да кажеме дека сме МПЦ надвор од МПЦ туку само составен дел на МПЦ, уште помалку било која друга црковна општина во која било епархија или манастир, не смее повеќе да се претставува како македонски манастир , црква или црковна општина надвор од МПЦ како составен дел. Значи сето тоа мора да се исчисти бидејќи нема повеќе други правни лица. Она што досега се појавуваа како правни лица беше за жал и со уставот на МПЦ дозволено . Нема повеќе правни лица, една е МПЦ, и кој сака да се претставува како било што , тој може да се претстави само како составен дел на МПЦ а никако како самостојно правно лице надвор од МПЦ како тие што сакаат да се претставуваат.

На коментар од Слушател дека црквата во Македонија не е во добра состојба и потребни биле донации за нејзино поправање. Испратени се околу 5000 долари во Македонија и го замолува Владиката Петар да помогне во правилна намена на тие средства за поправка на црквата. Во преспанско-пелагониската епархија под раководство на Владиката Петар решени се таквите прашања на црквите и манастирите по градовите и селата. Тоа е сторено со законот на денационализација на имотите, со кои се враќаат имотите или ако не можат да се вратат се дава надоместок.. донесена е одлука да се отворат жиро-сметки за секоја црква на која и е одземен имотот.

Должноста да можат тие да си ги зачуваат тие пари како надоместок за одземенот имот е да од централниот регистар да се испратат директно на жиро сметка на соодветната црква . од таа жиро сметка не може никој да ги вади парите освен тројца кои се со врзани потписи, а тоа се архиерејскиот намесник, старешината на црквата и мирското лице –благајник на црквата. Вернците кои праќаат пари во Македонија, да не праќаат во епархијата –преспанско-пелагониска туку преку парохискиот свештеник да ги испратат на жиро сметката на соодветната црква а не на одделни лица или било кој друг, со посочување за која цел ги праќаат парите. Може слушателот и да испрати писмо до епархијата преспанско-пелагониска со образложување на тоа колку пари се пратени за да се покрене постапка за тоа каде се наоѓаат средствата , дали се употребени за целта и ќе се советуваат како понатаму да постапуваат.

За случаи каде се бара директна средба со Владиката од претседатели на месни заедници во Австралија.

Во вакви случаи мора да се запазува редот во црквата , преку парохискиот свештеник и архиерејскиот намесник да дојдат во епархијата на прием со владиката. Ако прашањето може да го реши свештеникот или архиерејскиот заменик тогаш нема потреба од средба со Владиката. Ако не се компетентни да го решат тоа прашање тогаш се оди дирекнто кај Владиката. Најчесто прашањата не се во компетенција на Владиката па поради тоа најдобро е да се запази редот и да се побара помош од парохискиот свештеник прво или архиерејскиот намесник.
13-02-2011, 05:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16


Quote:За колку време ќе се донесе тој закон?

Биљана А– би сакале што побрзо но објаснивме кои се предизвиците и кои се препреките. Меѓутоа овој момент и најмногу што можам да кажам во оваа емисија е дека продолжуваме со работата и нема да се застане се додека не се донесе таков закон и тоа се моите инструкции од епархијата.

Луѓето кои се венчани и крстено во црквата Св Ѓорѓи во Фитцрој дали се сега невенчани и некрстени?

Кога се осветуваше манастирот во Бучин, дали Дедото Владика му побара на селаните повеќе пари отколку што тие имале претходно најдено човек за 3000 марки наместо 9000 марки побарани од Владиката.

Владиката – таму имало легитимни свештеници поставени од надлежниот архиереј (говорам за претходните архиереји, митрополитот Кирил и митрополитот Тимотеј), како и јас кога дојдов за кус период. Тие се легитимно крстени , венчани и погребани и тука нема никаков спор со нив. Но спорно е тоа ако тие крстени и венчани таму се одделиле од МПЦ и одат кај некои расчинети свештеници да им вршат служби и тн тогаш тие не можат понатаму да бидат во состав на МПЦ и ако сакаат да се приклучат кон МПЦ тогаш ќе мора тоа да го направат со посебна изјава а оние пак што биле крстени или венчани , така речено од расчинети свештеници тие бесплатно ќе бидат крстени од легитимните свештеници во епархијата од црквите што се под јурисдикција на МПЦ .

Во врска со манастирот во Бучин – тоа се клевети дека јас сум барал такви пари . јас од ниеден манастир не сум зел ниту еден денар ниту било што , ниту пак ние сме земале од тој манастир до денеска еден денар за епархиски разрез или архиепископски . спорот во тој манастир беше во следното без наша согласност, спротивно на нашето барање , несоодветно лице да прави таму икони и фрески и тоа беше стопирано . тие ги направија, дадоја големи пари за неквалификувано лице кое направи дар-мар таму во самата црква и додека не се исчисти таа црква, не се премачка тој зид и не се повикаат на нас од црковните тела за уметност и археологија да се одобри квалификувано лице тоа да го направи – тоа беше спорот таму а не некои пари.

Д.А Г динот Мераковски и до Стрезов- беше од почеток во управи и гледаше се што се прави, сакам од негов аспект да објасни што значи црквата и на кој начин функционира црквата .

Д. Мераковски – треба да е јасно што е црква, што е компанија. Бев во копманијата од самиот почеток на формирањето од 1959 година , во 1960 се освети и во Македонија однесов 10 албуми од осветувањето на таа црква и сите се надеваме и велиме дека е наша црква . имаше наш свештеник, дедо Наум владиката дојде да ја освети, со Нестор Поповски . сето тоа одеше убаво се до 1971 година до кога верувавме дека е наша црква . во 1971 година во јануари се формира епархискиот управен одбор и со самото формирање на епархискиот одбор дојде до проблеми со овие на компаниите и црквата Св Ѓорѓи.

А зошто дојде до тоа , затоа што свештениците тука , создавањето на епархискиот управен одбор ја зеде работата да работи по правилните канони , по уставот на мајката црква . додека тие бараа тоа, компаниите не сакаа да чујат за такви канони, таков устав . првата појава на луѓе кои сакаа да работаат со тој устав беше црквата св Илија во Фуцкрај и тука јасно се виде работата кои се овие луѓе , што сакаат и зошт ја основале таа компанија и црквата. Кога тие не најдоа начин да прифатат браќа нивни по крв, дух и во се свои , кои веруваа во црквата, да најдат заеднички јазик и отидоа да ги шпиунат да ги нарекуваат предавници , расцепници итн. Во 1974 година се прати писмо до сите постоечки општини во тоа време дека се приготвени од Мелбурн од оваа општина тука , да земат мерки за уништување на оваа појава на овие луѓе што сакаат да бидат со македонската црква.

И тука се бараше единство од другите така наречени црковни општини или компании. Некои од нив не се нарекуваа ниту црковни нити православни и одеа да ја спречат работат , духот , мисијата на МПЦ . Така проблемот настана од 1974 година наваму а не откако дошол дедо Петар во Австралија 1996(како што тие велат). Кој сака да ја научи точно вистината, нека види во мојата книга Измамени верници, . Мора да се види дека проблемите не дојдоа вчера туку се од почетокот кога ги ставија темелите на бизнис компании со црковно име. Во 1994 година имаше цкровно народен собир во Македонија околу уставот на мајката црква така да овие луѓе од една страна се кажуваат македонски цркви а од друга страна не сакаат да прифатат ништо црковно и тука е проблемот кој постои денес и тие само злоупотребуваат со името црковно. Така до 1978 година јас бев во управа со нив таму, но кога рековме дека треба да се работи по каноните, по уставот на мајката црква, тие рекоа дека не сакаат да имаат никаква расправија. Па дури и покојниот водач сега, си дозволи да речи кога српската, грчката и бугарската не ја признаваат македонската црква па зошто ние да ја признајме.

Значи сами себе не се признаваат. Да ви кажам за еден случај во 1972 година, во кое време надлежен владика беше Кирил, и во мое присуство пред црквата Св Ѓорѓи еден човек таму му рече на Владиката – ‘КОлку цркви не имаат нас признато во светот откако се прогласивме независна црква‘ а одговорот на владиката беше ‘не прашува така, туку дали ние сами се признаваме‘ не е битно дали други не признаваат, еве тоа пости и денес. Најголемата штета на македонскиот народ, на македонската црква е не во парите него во единството на македонскиот народ. Кога тие луѓе ги нарекоа Македонците од републиката ‘тие‘ и ‘ние‘ веќе ставија граница дека тие се други луѓе а ние други. И тие се оние кои велат дека Владиката дојде да ни ги земе имотите. Чии имоти и каде ќе ги носи Владиката имотите. Онаа злоупотребата на такви пропаганди , тие се причината на цел спор и ништо друго. А како ќе го најдеме ние единството сега? Гледам дека луѓето што одат во тие другите цркви ,‘тие‘, ‘ние‘. Ако ние не се чувствуваме Македонци дали сме од Лерин, Солун, Скопје или Битола, е тогаш каква Македонија бараме, каква македонска црква бараме. Значи сето е лажовно, таа е вистината на проблемот.

Владиката – Мора да се потсетиме дека прва црковна општина која примила канонска јурисдикција на МПЦ е црквата Св Илија, во 70-тите години. Значи дотогаш ниту една црква што постоела не работела по уставот на македонската црква по каноните на светата православна црква ниту по правилници што ги одобрила МПЦ за црквите во дијаспората. Значи овде првпат е донесен правилник одобрен од светитот Синод за црква во Св ИЛија во 70-тите години и тогаш почнува тој судир,нагласен на едните кои велат,ние не сме , тие се другите односно оние што се со македонската црква што сакаат да ја признаат македонската црква со својата јурисдикција со својата управа и под нејзина управа да влезат и другите кои сакаат да бидат самостојни тие да кажат дека биле тие црква независна од МПЦ . Не знам кого го претставуваа тие тогаш, без Владика.
13-02-2011, 05:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17


Quote:Прашање од слушател – за водици бев во Св Петка, и се пракирав на улицата на Пленти роад, и како што зборував со други таму, добив казна од 119 долари сигурно нашите верници , како и јас, што отидовме таму за водокрст сме казнати, дали ќе можиме да направиме поплака против општината , дали е тоа можно или не?

Владиката – Не можам да ви одговорам јас бидејќи не е во моја компетенција . добро е што го поставивте прашањето и ќе се заинтересираме и ќе разговараме со луѓето од општината и да видиме што би можело да се стори барем за тие големи празници кога е најголемата посета во црквите , за Велигден , Божик . барем во тие денови да имаат разбирање затоа што е штета да тие верници кои сакаат да бидат на тие големи празници во црквата да бидат и казнети за едно многу благородно дело да му служат на Бога.

Венчан во црквата Св Никола во 1984 година, се оставив со жената, отидов таму да барам развод брак и ми кажаа дека воопшто тие го немаат , дека било многу одамна. Како можи да го најдам тоа и од каде?

Владиката – ако не постои таму протоколот на венчани, ќе треба вие со сведоци да се јавите во епархискиот црковен суд и да посведочите, а се разбира дека ќе го прашаме и тогашниот свештеник Митрополитот Агат Ангел дали се сеќава на венчавката и можеме да направиме повторно еден вид реконструкција на она што се случило тогаш односно да се заведе дополнително вашиот брак во тоа а врз основа на тоа после ако сакате развод на брак ќе се покрене постапка за развод на брак.

Д.А Г-дине Стрезов како член на црковниот управен одбор како го замислувате работењето на МПЦ . Вие сте во управата таму и на кој начин ги гледате сиве овие работи? Се надевам ме разбирате што сакам да кажам. Зошто сте влезени да помагате во МПЦ? Која е вашата улога и кои се целите?

Проф Стрезов – на кратко да ви кажам за црквата Св Христово Воскресение во Рокдајл, во Сиднеј. За големите празници има околу 6000 верници а во обична недела помеѓу 200-400 верници . на пример лани што бев во Македонија и во соборниот храм каде што одев често во недела можев да видам дека дури и помал број на верници има соборниот храм во Скопје отколку во нашата црква во Сиднеј. Мисијата на МПЦ во овој дел од Сиднеј е огромна и многу е добро да се види еден голем број на млади дечиња кои што доаѓаат во црква.

Интересно е да видите построени 30-40 деца за причесна, и сите во таа црква сме како едно големо семејство. Се собираме после служба си помагаме еден на друг , така да нашата функција е да се грижиме за спасение на црквата. Инаку МПЦ поради својата историја, јас многу пати и на странците им велам дека има создадено најголем број на светители по глава на становник во било кој дел на светот.

Има огромна моќ која е да ги собира луѓето на едно место,така да каде и да изградите македонска црква и колкав број да има Македонци, таму тие ќе се соберат- поготово ако е надвор од Македонија. таа е моќта што МПЦ ја има создавано низ историјата со многу светители и страдале и гинеле но е една огромна духовна сопственост што ја има создадено МПЦ: еден од проблемите што денес ги имаме е тоа што таа сопственост историски духовна , се обидува некој да ја приватизира. Ако ја имате приватно таа моќ да ги соберете луѓето на едно место вие можете да се претставите како одличен менаџер но дали сте вие добар менаџе што ги собравте нив на едно место или пак историската сопственост на МПЦ е таа што практично ги собира луѓето во црква – тоа е прашање. И токму тука е суштината на проблемот со МПЦ во Австралија . тоа што поединци ја обожаваат таа моќ што МПц ја има да ги гравитизира луѓето на едно место.

Владиката – практично секоја црковна општина или парохија врши своја мисија како жива парохија, како жива црква парохиска, а пошироко со архиерејот и со верниците и сите црковни општини исто така вршат своја мисија која е соодветна на секоја друга епархија или на секоја друга православна црква и во овој контекст на нештата да знаат верниците која е мисијата на црквата. Она што рече Владимир е мисијата на црквата е да се грижат за спасението на верниците и на свештенството во смисла да ги заштитат да ги ослободат од сите грешни помисли , зборови, дела, од гревовите и да ги направат свети луѓе итн а во мисијата на црквата условите се да им се обезбеди црква со сите можности за заедничка служба.

Прашање од слушател – кога се осветуваше новата црква во Епинг, дали беше тој на осветувањето , поглаварот Стефан и свештеникот Лазаревски беа личности , јас сум сведокот на темелите кога се тураа. Зошто тогаш не се знаеше каде и што осветуваа? Зошто сега таа црква била компаниска а тогаш не беше компаниска. Тоа не ми е јасно.

Владиката - осветувањето на таа црква го извршивме јас и Стефан по одлука на Светиот архиерејски Синод,што значи не беше моја одлука.но исто така морам да кажам дека јас ниту ја имав таа смелост и храброст да одлуки на Светиот Синод ги отфрлам, или да работам против нив а изгледа дека Светиот Синод токму со тоа сакал да им удоволи на тие луѓе да ја сфатат мисијата на црквата дека еве ние, и покрај тоа вие се уште се декларирате како такви како што се декларирате ние сакаме (како што дедо Михаил често кажуваше) – Не ви ги сакаме имотите, не ги сакаме црквите туку ви ги сакаме душите ваши , ве сакаме вас верниците. И ние сме биле за верниците и сега сме исто така за верниците и денеска ние не им ги бараме (да знаат ) имотите да ги префрлат на тие компании што се и тие што инкорпорирале асоцијации – но да ги почитуваат само законите на црквата. Да не се прави понатаму пропаганда против архиерејот, против Владиката , свештенството и МПЦ дека ние сме да по секоја цена да ги земеме имотите и да ги ставиме во тој старател за МПЦ туку напротив сакаме само , дури и имаме донесено резолуција на епархиско собрание во која кажуваме дека – бараме од нив да ги почитуваат само сите други закони , устав на МПЦ, статут одобрнеи правилници а имотите и понатаму да си ги држат како што се под компании или инкорпорирани асоцијации но проблемот е само во тоа дека тие отфрлаат црковни закони и велат дека ние по компаниските закони ќе се раководиме. Тоа е проблемот.

Д.А – колку цркви се со епархијата, до каде е спорот со црквите и што се презема во иднна со овој проблем?

Владиката – 22 цркви се со епархијата над кои имаме канонска јурисдикција и парохиски свештеници , вклучувајќи и манастирите и во таа смисла сие што се со поставени свештеници од надлежниот епархиски археиреј тие се под крилото на МПЦ духовно, а за материјалното кажавме дека ние не инсистираме да им ги земеме имотите , тоа е сосема друга работа а оние што немаат од нас парохиски свештеници поставено односно што не се во заедница со МПЦ , тие не се ни цркви. Но според каноните , според уставот на македонската црква и според структурата на црквата оној што не е под јурисдикција на владиката и на црквата тој не е со таа црква, тој е нешто друго надвор од македонската црква.

Прашање до Мераковски – дали имавте закани од опозицијата дека ќе ве судат по повод пишувањето на вашата книга и историјата на измамени верници.

Д.Мераковски – Еве пред мене ја имам содржината на писмото кое ми е пратено од директорот од Сиднеј и бараше од мене седум дена да се откажам од книгата, да се повлечам од зборовите дека јас таму ги навредувам и личностите и компаниите, и така веќе закажал човекот суд во Сиднеј и јас требаше да земам адвокат и ќе ме коштало многу итн. Од тогаш поминаа 2 и пол години. Нека повели човекот и нека ме одведе на суд, јас со драга душа чекам да ме побара ама така ја остави таа работа , писмото го имам тука и уште чекам да ме повика на судот.

Од такви луѓе не ми е страв. За да на напишам таа книга јас имам извор на документација , со потврди , со весници, со радио програми, собранија,се е цитирано таму и затоа се ставени имињата на секој еден. Се е со докази. Човекот и на други му се заканува дека ќе ги суди и мисли дека ќе се исплашиме ние и ќе подведиме глава, и ќе речиме ‘извинете јас згрешив‘. Јас не згрешив тука, јас сум 100 посто во право тука и тие што го прават тоа е грешно .

Д.А главното го исцрпивме во овие три саати , се кажа вистината, она што беше важно , се надевам нашите слушатели слушнаа се и разбраа се и нека си донесат заклучок тоа беше целта на оваа емисија, секој да си има свое мислење и понатака како ќе прави , сам ќе си прави.

Биљана А. Благодарам за организирањето на оваа емисија и за поканата и можноста да се искажеме и да ја расчистиме нејасноста и конфузијата која се случи барем во изминатата година, од мој аспект во врска со законот. Мене ми е чест како што реков претходно да бидам овде и во оваа емисија и во улогата во која сум сега посветена и помагам на црквата. Во мојот професионален живот работам и соработувам со многу други цркви и ми е посебна чест да сега истото тоа го работам и за нашата црква.и мојата порака е – оние кои имаат нејаснотии , тука е епархијта, епархискиот управен одбор за било какви нејаснотии , документите се јавни и изминатата година на твојата веб страница стави линкови од многу такви изјави и транскрипти кои Г-динот Мераковски си спомена, така да оваа дебата е јавна и нема што да се крие. Единството е тоа што ќе не доведе до силина на нас како црква и како македонски народ.

Д.Мераковски – мојата порака до нашиот народ е – да бидат издржливи, вистината ќе победи , црквата македонска напредува во секој поглед, и секој чекор и тоа се гледа. За оние кои е погрешно заведени да се свестат дека не може да има никаква македонска црква надвор од македонската црква . Оние што одат и бараат преку компании и бараат Македонија надвор од Македонија тоа нема да му успее. Тие само можат да го сметаат за успех кочењето на напредокот на МПЦ а напредок ќе нема и како што вели една поговорка – ‘на лагата и се кратки нозете‘ и тоа ќе биди така. Црквата наша ќе напредува со вернците и ќе успее.на тие што тргнале по погрешен пат да се размислат добро и да видат каде ги водат кој е патот кој го покажуваат на тие луѓе и каде ќе завршат . Секогаш ги прашувам тие луѓе кои се погрешно заведени Кажете ми каде одите, која е вашата визија, каде ве водат вашите водачи , дали знаете.

А тие ми велат – Не не знајме. Точно е тоа ,тие ве водат за лични интереси , ве злоупотребуваат и време е да се свестат . ако си верник ќе си одиш во вистинската македонска црква кај вистинските свештеници а не кај распопи и оние кои си оставиле жените и децата. Ако тој не си ја почитува неговата фамилија , како ќе те почитува тебе и дали е тој човек да проповеда како да бидиш добар христијанин како да бидиш добар татко како да бидиш добар сопруг кога и тој не го прави тоа. Затоа еднаш засекогаш треба нашите луѓе да се свестат , да се отргнат или ќе одат по црковниот пат или нека гледаат некоја друга работа да не бидат излажани со разни распопи со лажни теории.

В. Стрезов – Благодарам за оваа отворена програма во која имаа можност вашите слушатели да ја слушнат вистината , да се каже дека оние кои ги нарекуваме компании , компаниски цркви или цркви со непризнаена вероисповест иако се мал број се многу агресивни и многу гласни по медиумите можете многу повеќе да слушнете од нив отколку од нас така да ова е една од ретките емисии каде што може зборот на вистината да се слушне. Јас искрено верувам во верата, јачината на Македонецот , на вистинскиот верник и верувам дека се далеку побројни верниците од неверниците и вистински го очекувам денот на обединување на македонскиот народ и на македонските верници а оние кои се неверници или под влијание на комшиски амбасади – лесно ќе се откријат. Во моментот кога ние заедно ќе се обединиме. Ќе истраеме, и овој закон ќе се донесе , ќе се донесат и други закони и МПЦ ќе биде далеку посилна и надворешното влијание ќе ослабне. Во тоа верува.

Владиката – Веќе беше кажано од моите претходници дека треба да се бара вистината и вистинскиот пат Господ Исус Христос рекол – Јас сум патот, вистината и животот . Значи пат, вистина и живот , надвор од Христа надвор нема. Кои се луѓето кои прават проблем во нашата црква и во македонската православна заедница во Австралија. кога велам така велам за оние кои се надвор од МПЦ а се именуваат како православни Македонци итн.

Тие кога ќе разберат, научат и сфатат дека мора да живееме во согласност со учењето на црквата , со светото писмо , светото предание и светото евангелие и со светите канони , тогаш ќе стане единството на нашите верници на нашиот народ тука. Се додека имаме луѓе кои работат односно не живеат според верата , не се исповедаат , не се причестуваат , не кај легитимни свештеници , Владика итн и не ја прифаќаат јурисдикцијата на МПЦ односно сакаат да бидат надвор од црквата ама да го користат нејзиното име , дотогаш ќе имаме такви недоразбирања. И уште еднаш апел до сите верници - Не бараме ничиј имот за МПЦ ниту на компаниите кои држат црковен имот ниту на инкорпорираните асоцијации кои исто така држат црковен имот , ниту на зруженија итн, бараме од нив само да ги почитуваат црковните закони што се однесува до верата и сите други работи освен до сопственоста на имотот кој знаеме дека е божја сопственост но ние не бараме да ги префрлат тие имот на МПЦ .

И за сето она што се слуша како клевета , почнувам од себе, се што имаат да докажат дека владиката направил престап и грешки за кои треба да биде земен на одговорност кај светиот Синод, јас ги повикувам и јас ги советувам преку оваа радио емисија да покренат судска постапка против мене пред светиот архиерејски Синод и да ги поучам како да поднесат пријава и ќе ги докажат вините со кои ме обвинуваат или престапите кои сум ги направил . Ако не ги докажат ќе бидат казнети со двојно поголема казна , тогаш ќе се докаже кој е виновникот и јас ако сум виновникот, нема да бидам повеќе ни владика а ако не можат тоа да го докажат тогаш ќе мора тие да добијат соодветна санкција . Уште еднаш родителски , пастирски , архипастирски упатувам до сите наши верници во оваа македонска православна црква, епархија за Австралија и Нов Зеланд , да оставиме секакви можни клевети , секакви измами , секакви противења , да се врземе сите за верата наша света православна , црквата македонска , да се здружиме, да си простиме едни со други .

Ако сме грешиле , јас сум прв што барам прошка ако некого лично сум го навредил, сум згрешил, да ми биде простено и секој нека побара така нека побара прошка. Можеме тоа уште утре да го направиме сите и да тргне работата напред ама тоа можеби нема да го направат затоа што некои тогаш ќе изгубат нешто што е личен интерес. А јас немам личен интерес, моите интереси се интересите на МПЦ, на македонскиот православен народ и на Македонците на оваа земја и на татковината Република Македонија.

Голема благодарност до нашите гости во студиото на Радио Илинден Мелбурн : Митрополитот Преспанско -пелагониски и администратор австралиско-новозеландски Г-дин Петар ,Биљана Апостолова, адвокатот за МПЦ Епархија, Диме Мераковски автор на книгата Измамени верници, професорот во Меквори универзитетот, Владимир Стрезов.

Им благодариме што несебично отстапија дел од своето време да учествуваат во оваа радио дебата преку која заедно сите успеавме да ја пласираме вистината до нашите слушатели –верници.

Благодарност и до сите наши верни слушатели кои ја следат програмата и сите оние кои учествуваат со свои прашања до соговорниците.

Уредник и водител

Дончо Ангелоски

Radio Ilinden Melbourne
13-02-2011, 05:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18


Quote:Црковни општини во Австралија повторно бараат смена на владиката Петар

четврток, 14 април 2011

Раководствата на пет црковни општини во Австралија кои се дел од Епархијата, бараат МПЦ- ОА да го смени надлежниот владика Петар. Според документите на кои стои потписот на посочените општини, заедно со 9-те црковни општини кои веќе се надвор од Епархијата, иницијаторите тврдат дека над 60% од македонските православни цркви сега го бараат истото. Причината, тврдат потписниците, е повторниот обид Владиката да ги приграби имотите, кои според австралиските закони се во сопственост на компании - основани и финансирани од македонските верници.

- „За да бидеш член на црковна управа треба одобрение од Владиката. Да се одржи генерално собрание на нашите црковни друштва треба одобрение и благослов од Владиката. Ако не одиме на црква секоја недела, три пати да отсуствуваме тогаш се дисквалификуваме да бидеме членови во црковните управи“- изјави меѓу другото Крис Ангелков од Македонска православна црква Св. Никола.

Владиката Петар со став дека обвинувањата не биле вистина. Неговите напори биле во насока да се зацврсти духовната јурисдикција. Имотите не биле во прашање, се додека верниците не одлучат самите да и го предадат на Црвката.

„Бидејќи некои не сакаа од нив односно не положија заклетва и не беа потврдени не ги поканивме на епархиско собрание. Ова е реакција затоа што не ги поканивме на епарихиско собрание. Но ние остануваме и понатаму на ставот дека секој што примил правилник од Светиот Архиерејски Синод треба да се раководи по тој правилник. Ако не се раководат, додедека не ги потврдиме, додена не положат заклетва, не можат да бидат легитимни претставници на црквите“ - изјави меѓу другото Владиката Петар.

Официјално МПЦ- ОА не ја коментираше иницијативата. Само на кратко, портпаролот владиката Тимотеј рече дека иницијативата не била на седница на Синодот.

Александар Димитриевски
15-04-2011, 01:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Нашинци во Австралија по два пати ке се венчаваат и крштеваат, а богами и погребуваат?!


Четири храмови во Австралија се лична сопственост на владиката Петар, а уште четири други за сопственици имаат приватни свештени лица, блиски до владиката. Без оглед на тоа како ќе завршат преговорите, кои денеска започнуваат, претставниците на делегацијата од Австралија ќе бидат задоволни ако се повлече владиката Петар од надлежност во црквата "Св. Петка" во Рокдеил за да се стави крај на, како што велат, безумното финансиско исцрпување на таа општина


Нашите во Австралија ќе треба одново да се венчаваат и крштеваат, но и по втор пат да прават погребни ритуали ако безуспешно завршат преговорите меѓу претставниците на црковните општини со Синодот на МПЦ и дојде до формирање на нова епархија во Австралија. Четири храмови во Австралија се лична сопственост на владиката Петар, а како сосопственици се јавуваат поповите Тоне Гулев и Јовица Симоновски. Од вкупно 20 храмови на нашите во Австралија, 15 бараат итна промена на владиката Петар, а моментално се во сопственост на црковни општини. Редовен архиереј за Австралиската епархија на местото на привремениот вршител владиката Петар, да се усвои нов статут за таа епархија во согласност со Уставот на МПЦ, но и на македонските црковни општини. Воедно бараат на македонските црковни општини регистрирани како правни лица во Австралија да им се препишат оние црковните имоти на четирите храмови кои владиката Петар ги ставил на свое име, како и на другите четири храмови чии сопственици се приватни лица, велат пред започнувањето на преговорите од Здружението на македонски општини.

Ќе се стави ли крај на 16-годишниот раскол меѓу австралиските црковни општини или ќе се создава нова епархија за нашите верници во Австралија? Преговорите меѓу Комисијата од претставниците на црковните општини во Австралија од една страна, и Синодот на МПЦ од друга страна започнуваат денеска и ни оддалеку не може да се предвиди каков епилог ќе дадат. Се поставува прашањето кои цркви ќе влезат доколку дојде создавање на нова епархија и дали верниците во Австралија ќе мора одново да се крштеваат, венчаваат и да се прават нови погребни обреди на веќепочинатите.

Без оглед на тоа како ќе завршат преговорите, претставниците на делегацијата од Австралија ќе бидат задоволни ако се повлече владиката Петар од надлежност во црквата "Св. Петка" во Рокдеил за да се стави крај на, како што велат, безумното финансиско исцрпување на таа општина.

Ние веќе 16 години бараме преговори. За жал, заради притисоци од страна на владиката Петар, Синодот одбиваше вакви средби и тоа што конечно прифати директно да разговара со нас е еден голем чекор кон конечно надминување на проблемотт, вели Игор Александров, претседател на Здружението на македонските општини.

Од Здружението ќе бараат Синодот да назначи и свештеник за "Св. Петка" и сметаат дека архимандритот Никодин Царкњас заслужува да биде завладичен.

Ако Синодот не најде начин за да се спречи судскиот спор против црковната општина "Св. Петка", односно ако не го повлече владиката Петар од надлежност во таа црква, тогаш најверојатно ќе се случи и тоа архимандритот Царкњас ако биде завладичен да биде надлежен владика и за Австралија, независно од волјата на Синодот", рече Александров.

Судскиот спор кој се води за црквата "Св. Петка" сега е пред Апелацискиот суд и е пред самата завршница. Ако не прекине во скоро време, ќе треба да се потрошат уште милион долари, а за адвокатски трошоци досега биле потрошени безмалку 7 милиони долари од двете страни. (Ј.Ц.)
05-12-2012, 02:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20






13-12-2012, 07:19 PM
Reply