ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:За колку време ќе се донесе тој закон?
Биљана А– би сакале што побрзо но објаснивме кои се предизвиците и кои се препреките. Меѓутоа овој момент и најмногу што можам да кажам во оваа емисија е дека продолжуваме со работата и нема да се застане се додека не се донесе таков закон и тоа се моите инструкции од епархијата.
Луѓето кои се венчани и крстено во црквата Св Ѓорѓи во Фитцрој дали се сега невенчани и некрстени?
Кога се осветуваше манастирот во Бучин, дали Дедото Владика му побара на селаните повеќе пари отколку што тие имале претходно најдено човек за 3000 марки наместо 9000 марки побарани од Владиката.
Владиката – таму имало легитимни свештеници поставени од надлежниот архиереј (говорам за претходните архиереји, митрополитот Кирил и митрополитот Тимотеј), како и јас кога дојдов за кус период. Тие се легитимно крстени , венчани и погребани и тука нема никаков спор со нив. Но спорно е тоа ако тие крстени и венчани таму се одделиле од МПЦ и одат кај некои расчинети свештеници да им вршат служби и тн тогаш тие не можат понатаму да бидат во состав на МПЦ и ако сакаат да се приклучат кон МПЦ тогаш ќе мора тоа да го направат со посебна изјава а оние пак што биле крстени или венчани , така речено од расчинети свештеници тие бесплатно ќе бидат крстени од легитимните свештеници во епархијата од црквите што се под јурисдикција на МПЦ .
Во врска со манастирот во Бучин – тоа се клевети дека јас сум барал такви пари . јас од ниеден манастир не сум зел ниту еден денар ниту било што , ниту пак ние сме земале од тој манастир до денеска еден денар за епархиски разрез или архиепископски . спорот во тој манастир беше во следното без наша согласност, спротивно на нашето барање , несоодветно лице да прави таму икони и фрески и тоа беше стопирано . тие ги направија, дадоја големи пари за неквалификувано лице кое направи дар-мар таму во самата црква и додека не се исчисти таа црква, не се премачка тој зид и не се повикаат на нас од црковните тела за уметност и археологија да се одобри квалификувано лице тоа да го направи – тоа беше спорот таму а не некои пари.
Д.А Г динот Мераковски и до Стрезов- беше од почеток во управи и гледаше се што се прави, сакам од негов аспект да објасни што значи црквата и на кој начин функционира црквата .
Д. Мераковски – треба да е јасно што е црква, што е компанија. Бев во копманијата од самиот почеток на формирањето од 1959 година , во 1960 се освети и во Македонија однесов 10 албуми од осветувањето на таа црква и сите се надеваме и велиме дека е наша црква . имаше наш свештеник, дедо Наум владиката дојде да ја освети, со Нестор Поповски . сето тоа одеше убаво се до 1971 година до кога верувавме дека е наша црква . во 1971 година во јануари се формира епархискиот управен одбор и со самото формирање на епархискиот одбор дојде до проблеми со овие на компаниите и црквата Св Ѓорѓи.
А зошто дојде до тоа , затоа што свештениците тука , создавањето на епархискиот управен одбор ја зеде работата да работи по правилните канони , по уставот на мајката црква . додека тие бараа тоа, компаниите не сакаа да чујат за такви канони, таков устав . првата појава на луѓе кои сакаа да работаат со тој устав беше црквата св Илија во Фуцкрај и тука јасно се виде работата кои се овие луѓе , што сакаат и зошт ја основале таа компанија и црквата. Кога тие не најдоа начин да прифатат браќа нивни по крв, дух и во се свои , кои веруваа во црквата, да најдат заеднички јазик и отидоа да ги шпиунат да ги нарекуваат предавници , расцепници итн. Во 1974 година се прати писмо до сите постоечки општини во тоа време дека се приготвени од Мелбурн од оваа општина тука , да земат мерки за уништување на оваа појава на овие луѓе што сакаат да бидат со македонската црква.
И тука се бараше единство од другите така наречени црковни општини или компании. Некои од нив не се нарекуваа ниту црковни нити православни и одеа да ја спречат работат , духот , мисијата на МПЦ . Така проблемот настана од 1974 година наваму а не откако дошол дедо Петар во Австралија 1996(како што тие велат). Кој сака да ја научи точно вистината, нека види во мојата книга Измамени верници, . Мора да се види дека проблемите не дојдоа вчера туку се од почетокот кога ги ставија темелите на бизнис компании со црковно име. Во 1994 година имаше цкровно народен собир во Македонија околу уставот на мајката црква така да овие луѓе од една страна се кажуваат македонски цркви а од друга страна не сакаат да прифатат ништо црковно и тука е проблемот кој постои денес и тие само злоупотребуваат со името црковно. Така до 1978 година јас бев во управа со нив таму, но кога рековме дека треба да се работи по каноните, по уставот на мајката црква, тие рекоа дека не сакаат да имаат никаква расправија. Па дури и покојниот водач сега, си дозволи да речи кога српската, грчката и бугарската не ја признаваат македонската црква па зошто ние да ја признајме.
Значи сами себе не се признаваат. Да ви кажам за еден случај во 1972 година, во кое време надлежен владика беше Кирил, и во мое присуство пред црквата Св Ѓорѓи еден човек таму му рече на Владиката – ‘КОлку цркви не имаат нас признато во светот откако се прогласивме независна црква‘ а одговорот на владиката беше ‘не прашува така, туку дали ние сами се признаваме‘ не е битно дали други не признаваат, еве тоа пости и денес. Најголемата штета на македонскиот народ, на македонската црква е не во парите него во единството на македонскиот народ. Кога тие луѓе ги нарекоа Македонците од републиката ‘тие‘ и ‘ние‘ веќе ставија граница дека тие се други луѓе а ние други. И тие се оние кои велат дека Владиката дојде да ни ги земе имотите. Чии имоти и каде ќе ги носи Владиката имотите. Онаа злоупотребата на такви пропаганди , тие се причината на цел спор и ништо друго. А како ќе го најдеме ние единството сега? Гледам дека луѓето што одат во тие другите цркви ,‘тие‘, ‘ние‘. Ако ние не се чувствуваме Македонци дали сме од Лерин, Солун, Скопје или Битола, е тогаш каква Македонија бараме, каква македонска црква бараме. Значи сето е лажовно, таа е вистината на проблемот.
Владиката – Мора да се потсетиме дека прва црковна општина која примила канонска јурисдикција на МПЦ е црквата Св Илија, во 70-тите години. Значи дотогаш ниту една црква што постоела не работела по уставот на македонската црква по каноните на светата православна црква ниту по правилници што ги одобрила МПЦ за црквите во дијаспората. Значи овде првпат е донесен правилник одобрен од светитот Синод за црква во Св ИЛија во 70-тите години и тогаш почнува тој судир,нагласен на едните кои велат,ние не сме , тие се другите односно оние што се со македонската црква што сакаат да ја признаат македонската црква со својата јурисдикција со својата управа и под нејзина управа да влезат и другите кои сакаат да бидат самостојни тие да кажат дека биле тие црква независна од МПЦ . Не знам кого го претставуваа тие тогаш, без Владика.
|
|