ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,656
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Прашање од слушател- Дали се моите човекови права се обесправени бидејќи Австралија не ми дозволува да ги реализирам моите верски чувства, што досега не ми дозволи регистрација на МПЦ а останатите цркви тоа право го имаат повеќе години како што и самата го кажа тоа.
Од страната на парламентот на НЈВ каде што се расправа за старателство , опозицијата се искажа дека нивните компании не се верски заедници. Дали тие во нивните регистрации се наведени како православни општини дали е тоа спротивно од нивната регистрација?
Биљана А- прашањето околу загрозувањето на човековие права беше многу често кое го слушав особено при сослушувањето на законот за Сиднеј, каде присуствуваа голем број на наши верници кои дојдода да ни изразат поддршка. Тука е многу важно да појасниме дека секоја држава во Австралија има закони против дискриминација . Викторија, во 2006 година донесе чартер на човековите права и и сите тие закони се базирани на интернационалните конвенции на човековите права коишто , за оние што се малку поупатени , основните човекови права сите ја наоѓаат својата позадина и основа во христијанските принципи и правила.
Тие закони не заштитуваат сите нас,да можеме слободно да се изразуваме на нашиот јазик и да не бидеме дискриминирани поради нашиот изглед или она што сме или нашите избори во животот,. Во случајот тоа се однесува на религијата и тоа да можеме слободно да ги искажуваме нашите чувства и верувања. Тоа важи не само за индивидуалци , физички лица туку и институции . значи црквата да може слободно да си функционира . повредата која се чувствува кај верниците пред да одиме подалеку и да заклучиме дали нашите права се прекршени, треба да се погледнеме самите себеси.
Да си ја погледнеме заедницата и да видиме како функционираме, и тука има луѓе кои се многу подолго од мене во Австралија, кои можат со примери да докажуваат како да функционираме како заедница. Меѓутоа она што ни се случува со законот, е типичен пример дека ние не можеме да се договориме дома меѓу нас,за она што треба да се случува. Проблемот е во тоа што доколку некој сака да си основа компанија, многу луѓе знаат дека компанија се основа за еден ден, а кога се основа законски старател процесот е комплициран бидејќи тоа е закон што ќе се основа и ќе постои со векови.
И е закон во кој државата треба да биде сигурна дека е закон на официјалната црква на одредена држава во нашиот случај, а со тоа и дека начино со кој е предложено да функционира тој старател,нема да створи никаков конфликт не само во македонската заедница туку и пошироко во австралиската заедница. И пред донесување на таков закон, било која влада во Австралија, во случајот имавме соработка со Викторија и НЈВ,сакаат да чујат дека нема расправии, дека нема некој што е загрижен, дека нешто ќе се случи кога ќе се донесе овој закон, на пример – насилно одземање на имотот. Токму тоа е ова што се случува и оние кои не се упатени ќе речат еве нас не не поддржува онаа или оваа држава . Зошто владата неќе нас да не слуша и им помага на сите овие цркви, има 40 вакви закони, зошто не и ние? И владата во НЈВ и владата во Викторија, со кои што јас соработував лично потполно ни излегоа во пресрет, не сослушаа, работеа, значи тие имаа луѓе кои ги пишуваа т овие закони , проблемот што останува е да тие видат обединета заедница. Тоа е нашиот проблем, тоа не постои. И токму поради тоа да не одиме предалеку и да кажеме дека постои дискриминација и нас не гледаат поинаку,факт е дека не признаваат и дека не почитуваат како прифатена деноминација како што рече проф Стрезов предмалку.
Ние мораме да покажеме единство, и во овој случај мислам да се расчистат нејаснотиите и во мојата соработка со парламентите е многу тешко за луѓето од австралиската заедница да разберат што се случува и да разберат како може да има официјална црква и луѓе кои велат не сме дел од официјалната црква и го имаат тоа во официјалните статути а во исто време велат дека сме македонска црква и привлекуваат верници . На еден начин постојат во паралела и да речат дека ‘ние сме сепак некоја црква‘ и настанува потполна конфузија кај верниците и кај луѓето кои не можеме да ги кривиме нели? А за луѓето од парламентот и австралиската заедница тоа го разберат, е скоро невозможна мисија, меѓутоа ие не се откажуваме и тоа ќе го докажеме која е структурата на црквата, а сите останати кои не се во црквата, не се афектирани и не можат да не спречат да го оствариме ова што сакаме да го оствариме.
Проф. Стрезов – тоа што беше кажано во парламентот практично се спомна дека нивните активности не се целосно религиозно поврзани дека имаат религиозни активности како еден од нивните работи меѓутоа дека имаат и одредени други цивилни активности а дали е тоа спротивно со нивната регистрација не можам да речам, дали е тоа во склоп или спротивно , нивната регистрација за религиозни активности им дава за право да бидат ослободени од данок.
Тоа е голема поволност што австрачослата влада ја нуди, и морам да признам дека тие се регистрирани како верска заедница, многу мудро избрано име, кое што асоцира на МПЦ но не е МПЦ . луѓето се збунети, влегуваат во македонска православна црква, и сметаат дека влегуваат во МПЦ, меѓутоа не е тоа МПЦ. МПЦ е призната деноминација , активностите во овие бизнис асоцијации и компании не се од призната деноминација тоа треба да биде отворено кажано. Ниту МПЦ ги признава тие активности, ниту австралиската федерална влада ги признава тие активности како признаена деноминација. На attorney general, интернет странцата http://www.ag.gov.au, можете да најдете листа на сите свештеници кои се од призната деноминација во Австралија, значи секој еден свештеник е таму на таа листа и тие смеат да венчаваат да склучуваат бракови и до нивното име стои дека тие се од призната деноминација.
Тие се водени и регистрирани од федералната влада . оние свештеници кои се од непризнаена деноминација или приватно цивилно лице одлучило да регистрира и склучува бракови . Тие се водени не од федералната влада туку од државите НЈВ, и Викторија, значи голем степен подолу и до нивното име не стои дека се тие од призната деноминација . јас би ги советувал сите оние кои што планираат да се венчаваат , крштеваат дечиња, да отидат на интернет страницата на attorney general, да погледнат точно кои свештеници ги одбираат и со нивно претходно знаење дека го сакаат тој свештеник ваков или таков, да направат одлука а не да прават одлука според неточна информација или збунетост.
Владиката – за да биде добро познато и јасно на слушателите, во конкретниот случај , членови или составен дел на МПЦ се сите верници од сите епархии (десетте епархии, седум во републиката и три во дијаспората , Америка и Канада, Австралија со Нов Зеланд и Европа). Тие сите имаат примено јурисдикција што значи дека ја прифаќаат управата на МПЦ со седиште во Скопје. Тоа значи сите оние што не ја примиле јурисдикцијата на МПЦ односно не сакаат да бидат управувани од МПЦ тие не се дел на МПЦ тие се надвор од МПЦ, и како доказ за тоа дека не се во состав на МПЦ го прекинале единството со МПЦ бидејќи не се под управа на надлежниот владика во соодветната епархија, оние што вршата т.н свештеничка дејност не се во единство со владиката односно тие не се во свештенички чин бидејќи со санкционирање на епархиските црковни судови им е одземен свештеничкиот чин, и тука нема свети тајни веќе, исто како на некој офицер да му е одзмен чинот , може пак да се претставува но тоа е лажно претставување.
Дури ни attorney general не ги води како свештеници во смисла дека им припаѓаат на МПЦ . во таа смисла треба да се знае дека ниту причесната која е основната света тајна од која извираат сите свети тајни не е легитимна, бидејќи тие немаат право тоа да го вршат, нив им е извршена забрана за вршење на свештеничка дејност и сега се поставува тоа прашање , колку народот кој не е упатен после сите дискусии што ги водиме овдека,ќе остане доследен да си биде со со оние кои ја сочинуваат и се дел од МПЦ , кои примиле јурисдикција на МПЦ зашто ни во Америка ни Канада епархијата нема случај да има некоја црковна општина што не примила јурисдикција , ниту пак во Европа. Тоа е само во Австралија. и така е уште од почетокот, или сега битката ја биеме токму околу тоа. Сакаат ли да бидат тие дел од македонската црква , примени во јурисдикцијата на МПЦ или сакаат да не бидат дел од МПЦ односно да не бидат црква во состав на македонската православна црква. Тоа е нивна лична одлука и сите кои така одлучиле, ние нема за нив да жалиме.
На поставеното прашање од слушател, во врска со имотите , дали исти се правилата овде и стари крај, да се водат на име според епархии , дали тј истиот принцип сака да го спроведе и овде а спротивната страна не го прифаќа тоа. Дали има прилика во иднина да дојде до некоја согласност околу тоа прашање .
Владиката дава појаснување дека со уставот на МПЦ од последниот црковен собор се укинаа во цела МПЦ правните лица кои беа порано,црква или црковна општина, манастир или епархија. Повеќе не се ниту епархиите правни лица ниту црквите ниту црковните општини туку едно единствено правно лице е МПЦ. Со ова се разрешени дилемите некој да се претставува дека е некој МПЦ . значи ниту ние како епархија не можеме да кажеме дека сме МПЦ надвор од МПЦ туку само составен дел на МПЦ, уште помалку било која друга црковна општина во која било епархија или манастир, не смее повеќе да се претставува како македонски манастир , црква или црковна општина надвор од МПЦ како составен дел. Значи сето тоа мора да се исчисти бидејќи нема повеќе други правни лица. Она што досега се појавуваа како правни лица беше за жал и со уставот на МПЦ дозволено . Нема повеќе правни лица, една е МПЦ, и кој сака да се претставува како било што , тој може да се претстави само како составен дел на МПЦ а никако како самостојно правно лице надвор од МПЦ како тие што сакаат да се претставуваат.
На коментар од Слушател дека црквата во Македонија не е во добра состојба и потребни биле донации за нејзино поправање. Испратени се околу 5000 долари во Македонија и го замолува Владиката Петар да помогне во правилна намена на тие средства за поправка на црквата. Во преспанско-пелагониската епархија под раководство на Владиката Петар решени се таквите прашања на црквите и манастирите по градовите и селата. Тоа е сторено со законот на денационализација на имотите, со кои се враќаат имотите или ако не можат да се вратат се дава надоместок.. донесена е одлука да се отворат жиро-сметки за секоја црква на која и е одземен имотот.
Должноста да можат тие да си ги зачуваат тие пари како надоместок за одземенот имот е да од централниот регистар да се испратат директно на жиро сметка на соодветната црква . од таа жиро сметка не може никој да ги вади парите освен тројца кои се со врзани потписи, а тоа се архиерејскиот намесник, старешината на црквата и мирското лице –благајник на црквата. Вернците кои праќаат пари во Македонија, да не праќаат во епархијата –преспанско-пелагониска туку преку парохискиот свештеник да ги испратат на жиро сметката на соодветната црква а не на одделни лица или било кој друг, со посочување за која цел ги праќаат парите. Може слушателот и да испрати писмо до епархијата преспанско-пелагониска со образложување на тоа колку пари се пратени за да се покрене постапка за тоа каде се наоѓаат средствата , дали се употребени за целта и ќе се советуваат како понатаму да постапуваат.
За случаи каде се бара директна средба со Владиката од претседатели на месни заедници во Австралија.
Во вакви случаи мора да се запазува редот во црквата , преку парохискиот свештеник и архиерејскиот намесник да дојдат во епархијата на прием со владиката. Ако прашањето може да го реши свештеникот или архиерејскиот заменик тогаш нема потреба од средба со Владиката. Ако не се компетентни да го решат тоа прашање тогаш се оди дирекнто кај Владиката. Најчесто прашањата не се во компетенција на Владиката па поради тоа најдобро е да се запази редот и да се побара помош од парохискиот свештеник прво или архиерејскиот намесник.
|
|