Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14



Quote:Лепење лажни етикети и манипулирање со народот



Д.А од она што може да се заклучи од сиве овие пропаганди и лажни етикети што се лепеја , тоа значи налепи му на некого лажна етикета за да можеш да придобиеш барем дел од тие граѓани или верници за да може да се манипулира. Значи главната цел е тоа. Од ова што објаснавте и што објасна Биљана дека законот е чист како солза.


Биљана А. – Г-динот Мераковски начна едно многу важно прашање,- гаранцијата што беше дадена во овој закон, дека нема да се земат ничии имоти, и на почетокот кажав колку е различен овој закон и колку огромни отстапки направи епархискиот управен одбор и владиката,а во пишувањето на овој закон во секоја друга црква законот предвидува да сите оние имоти кои што се чувани од најразлични правни лица, или неинкорпорирани асоцијации и луѓе во старателство , под траст на одредената црква за која и да станува збор, автоматски со тој закон (тоа е и целта на овие закони) стануват дел од старателството.

По поминувањето на законото треба да се потпишат сите трансфери за да вистински се пренесат оние имоти кои што се црковни имоти и ги чувале најразлични асоцијации кои што се основале овде а пред доаѓањето на црквата како структура. Овој закон, особено последниот во НЈВ , отстапките кои беа огромни беа да се измени законот до таа форма да се гарантираше да ниту еден имот, па дури ни епархиските имоти кои што во моментот се четири , два во Викторија, Јужна Австралија и во НЈВ, немаше автоматизам ни процес на влегување, под старателството кое што е обично процес под овие закони туку едноставно основање на тоа правно лице – старател, и да тоа правно лице старател може да работи со имот, да си купува имот,бидејќи тоа е целта да ја изградиме црквата. И кога ќе седиме овде за 10 или 20 години, да црквата има значителен имот како и сите други цркви овде во Австралија.

Со тоа ќе се основаше да се гарантира на сите оние кои што се загрижени, дека одеднаш нема да бидат управувачи на имот којшто некогаш е со прашалници дали е само за црковни цели или како што назначи дедо Петар, и за многу други активности на таа асоцијација. Овој закон само ќе основаше старател. Тој старател ќе можеше со одлуката на епархиските собранија да ги превземеше четирите епархиски имоти кои се купени со согласност да тие бидат епархиски а сите оние асоцијации во иднина кои што сакаат да се приклучат кон старателството тоа беше доброволен процес, и имаше пет такви црковни општини од Викторија кои веќе потпишаа и имат донесено резолуции да нивните имоти влезат бидејќи тие и онака се раководат под старателството на црквата. Значи , гаранциите беа дадени, немаше присилно земање на имот,нема присилно преземање на имот и префрлање на имот.

ПРАШАЊА ОД СЛУШАТЕЛИТЕ

1.Не ми е јасно ова – опозицијата вели дека владиката чува црковен имот во сопствено име и двајца свештеници. Сум видел копии на интернет од тапиите,и тројца луѓе, дали можете да го појасните тоа.

2.Дали ако се усвои законот за имотите што е поднесен во НЈВ ќе се загрози постоењето на Македонија , дека некој од страна ќе ја присвои, како што кажаа противниците на МПЦ.



Б.А Благодарам на слушателот што го постави ова прашање затоа што е многу важно. Јас лично имам гледано копии на овие тапии на интернет, низ многу весници и е многу важно да се објасни. Да точно е дека тројца личности се јавуваат како сопственици на црковен имот а тоа се всушност оние четири епархиски имоти кои што ги споменав предмалку . тие три лица се Владиката, заменкот археереј Јовица Симоновски и Отец Тони Гулев. Тие се јавуваат како сопственици на четири црковни имоти , значи 2 во Викторија една во НЈВ и една во Јужна Австралија, бидејќи во моментот црквата нема правно лице кое што може да чува имот.

Тоа го кажав во моето излагање на почетокот и тоа е најголемиот проблем. Без правно лице не може да се купува, и управува со имот. За да се реши овој недостаток иако цркват се обидува веќе долго време да се основа таква структура во меѓувреме донесена е одлука да физички лица бидат привремени чувари на црковни имоти се додека не се основа тоа правно лице, поточно додека не се донесе закон. Владиката Петар е еден од нив кој е назначен од Светито Синод, а епархискиот управен одбор кој што е телото на црквата одговорно за управуање со имот, има донесено одлука да владиката заедно со уште двајца свештеници, да чуваат имот.

Проблемот и недоразбирањето се јавува со тоа што тапиите се јавни документи и секој може да ги побара на интернет и по адреса да се најде имот и кои се сопствениците. По австралиските закони, тапиите, не можат да ја назначат или содржат старателската улога, значи едно лице или компанија да ја чува да речеме викендичката на една фамилија во траст, во старателство не може на тој имот да пишува ‘таа и таа компанија како старател за одредено старателство‘ значи катастарот нема да дозволи такво регистрирање на тапијата и во тапиите мора да постојат само лицата на оние што се регистрирани како сопственици.

Старателството е заведено во посебен документ, којшто повторно нема можност да биде закачен на тапијата или да биде јавно изложен,. Еве јас имам пред мене еден кој што е за црквата во Ј. Австралија и е документ кој што ги назначува овие тројца личности како старатели и многу јасно им ги назначува нивните улоги , и што е важно и интересно за слушателите е дека функциите се лимитирани, значи да купат одреден имот а кој што одлуката ја прави епархискиот одбор на нивното заседавање . значи се назначуваат личности кои одат и го купуваат и потоа директива да се освети тоа место, и да се прави се што треба, дали да се земи одреден кредит од банка,да се гради, да се дотера итн ако веќе има имот и да ништо друго не прават,без назначување или директива на епархискиот управен одбор.најважно од се е немаат моќ да можат да го продадат тој имот. Значи тоа е причината што се појавуваат тие тројца како регистрирани сопственици меѓутоа вистинската слика е дека тие се чувари на тој имот и всушност со овој закон и тие тројца индивидуалци едвај чекаат да ги префрлат тие епархиски имоти, во правно лице кое што ќе биде законски старател на црквата.

Владиката – во тој документ е посочено од наша страна дека ние ќе го чуваме тој имот како старатели до донесување на законски старател за имотите на МПЦ. Целта е времена со ограничени права исклучиво да допридонесеме тој имот да се збогати и биде од полза и за мисијата на црквата, а дури потоа кога ќе се донесе тој закон, ние да го предадеме. Ние сакаме што побргу да го предадеме овој имот под законскиот старател за да нема манипулации како што сега има впрочем од страна на опозицијата наша – оние што манипулираат со тоа. Затоа што после ќе немаат лесномислените луѓе и некои што не се добро упатени , аргументи за пропаганда , не ќе можат да велат дека владиката има имот. Значи ние сега бараме да се ослободиме од имотот за да не постои на наше име, а тие сакаат да остане за да имаат материјал за пропаганда против нас за да се рече дека владиката и двајца свештеници имаат црковен имот,дека тие се сопственици на имот, што значи не е чесна намерата , туку нечесна, затоа и се против тоа да се донесе овој закон за овие четири имоти. Ние не бараме ниедна друга црква во конкретниот случај како што беше речено да го предаде имотот. Само за овие четири имоти освен ако некој доброволно сака.

Д.А доста се поставуваше прашањето А зошто само четири имоти?


Биљана А. Овие четири имоти се единствените имоти кои се купени со одлука на епархискиот управен одбор со согласност на одредените цркви, односно црковни општини да тој епархиски имот биде чуван во согласност на статутот на црквата. Значи сите претходно купени имоти се купени пред многу долги години кога статутот не бил донесен и се купувале во оние структури во кои што биле во тоа време основани.по основањето на статутот епархискиот управен одбор ја управува и регулира црквата согласно со тој статут, кој што вели – Одлуките за купување и продавање на имот,ги донесува епархискиот управен одбор, значи кога треба да се купи имот,тие одлучуваат .

Владиката – прва е купена соборната црква,после е Донибрук, Ливерпул и во јужна АВстралија 2003 година.

Биљана.А значи откако е донесена таа структура и статутот , напорот е сите понатамошни имоти да се купуваат во оваа структура. И овие се три назначени старатели . Статутот на епархијата има цел еден одреден дел кој што се однесува на ова прашање кое вели Старатели се епархискиот управен одбор, кои што се во исто време и одбор на старатели бидејќи тие немаат правна форма,мора да назначат индивидуалци кои ќе го чуваат имотот.

Професорот Стрезов – Опозицијата не го постави овој проблем на ваков начин дека ако се донесе законот дека некој од страна може да ја присвои МПЦ . практично што беше кажано тогаш во парламентот е дека доколку овој закон се донесе, и доколку Македонија некогаш понатаму биде нападната од некои од соседните земји, и МПЦ биде присвоена од некои од соседните земји на Р. Македонија, дека тогаш таа промена ќе се рефлектира тука во Австралија. тоа е исто како да речете, што ќе се случи ако јапонија ја нападне Австралија дали МПЦ ќе биде јапонска црква, значи тие аргументи се апсолутно неосновани. Треба да се знае дека МПЦ во Австралија е призната вероисповед,призната деноминација.призната е од attorney general, во Камбера,таа е практично призната според уставот на МПЦ. Значи што и да се случи, донесен нов владика или неколку владици во Австралија, значи што и да се случи во Синодот на МПЦ тоа attorney general во Австралија го прифаќа, и признава. Значи тој закон е признат и практично законот што се носи во парламентот на нов јужен велс,не признава деноминација и со тоа го поедноставува раководењето на МПЦ во Австралија. практично го централизира. Ако се донесе овој закон не значи дека некој од страна да ја присвои , напротив тоа ќе ја зајакне положбата на МПЦ во Австралија, и ќе ја зајакне мисијата на МПЦ во Австралија што е практично проблем за опозицијата .

Владиката – во оваа смисла јас би дообјаснил, не треба кај верниците на МПЦ за свештенството и архереите не се сомневам воопшто дека тоа го знаат да се сомневаат или плашат дека имотот што го создала една црковна општина , манастир или било која црковна организација овде дека ќе пропадне односно дека ќе го земе МПЦ па ќе го однесе во Македонија. во никој случај тоа нема да се случи се додека има и последен верник во Австралија ќе биде тој имот за верниците во МПЦ во Австралија.

А кога ќе нема такво верник овде во Австралија тој имот ќе се префрли во дијаспората во најблиската црковна општина или епархија. Имотите што се создавани во дијаспората се за потребите на верниците во дијаспората, а не дека ние тие ќе ги префрлиме, во Македонија. за оваа епархија и за сите други во дијаспората , МПЦ, многу инвестирала. Инвестира во создавање на кадар на свештеници кое чини огромни пари,, втората работа е дека најдобрите свештеници доаѓаат да вршат мисија овдека и во другите епархии, што значи оние епархии што ги школувале таму и што ги создавале како свој кадар, се лишуваат да го имаат најдобриот кадар , најдобрите свештеници им ги праќаат овде во Австралија, и како возврат, иако со закон е предвидено да се плаќа разрез на МПЦ епархијата во Скопје и на факултетот и богославијата , никаде тоа не се практикува освен доброволно ако некои црковни општини сакаат да дадат некоја повремена помош.така , возврат нема МПЦ со седиште во Македонија за инвестициите што ги дава македонската црква било во оваа епархија било во кои други епархии.
13-02-2011, 05:22 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА - by ЈорданПетровски - 13-02-2011, 05:22 PM